Добар ден Ние пак и немаме проблем со спремање и оставање во градинка, ма едвај чека да излезе од дома Единствено будењето ни е стресно,сака да спие подолго Мм на доктор,има воспаление на ушите па само по доктори оди...и кука Ќерка во градинка втор ден и одма зелени мрсули само да не се разболи повеќе Во последно време само по татко и оди, до него спие и само него го бара Многу ја мази тој Кога немавме деца уште мм се беше запнал за машко,јас пак и сакав девојче Кај нас сите девојчиња сме во фамилија,едвај по едно машко и од страна на мајка ми и од страна на татко ми Искрено и никогаш не се имам гледано како мајка на машко Кај мм сите се машки,кај нив девојчиња и нема Од како се роди ќерка го смени мислењето,сеа сака девојчиња Таа е омилена во фамилијата,толку многу што спрема синко некогаш ми делуваат дискриминирачки Ама затоа сега мајка не го мења ни за 100 моми,ко што вели кикин Тој уште болен кашлицата му е се поинтензивна,посебно навечер Ни зголемија на 5пати дневно инхалација со салбутамол Едвај издржуваме, мрда, плаче... Макар да имаше некој ефект Ајде ќе почекам уште 6 дена да видиме дали ќе има подобрување Незнам што друго би можела да правам Некој совет мајки? Дали е во ред да ставам топла крпа со ракија на градите Или да го мачкам? Аман ќе пукнам од мака, колку е мало а така болно Греови Вие се радувате на снегот а мене ми се смачи Таман ќе се стопи ете натрупало Цела зима така... А и со дрва сме при крај,му велам на мм што ќе земаме дрва подобро да и платиме на жената да ни го ослободи побрзо станот и да не се малтретираме повеќе Колку ми е жал за овде толку и ми се смачи Се распишав јас,ми дојде добро со кафето Него каде е @Mariangel да ни пише?Како е јунакот? Оздравува? Многу гушки за вас @Lolipop23 лесни чекорчиња мајка Се одјавувам сега
@Mari* koristev lani zatopluvacki gel/balsam na Mustela,za macka je na gradi i grb.Mnooogu i pomagase na malava.Sega go snema ovde vo Mk. Tamu pretpostavuvam go ima(e sega mojava ne bese tolku bolna koga ja mackavme ama mnogu smiruvase) i mislam bese za bebinja nad 2ili 3 meseci. Ako najdam slika odma ke ti pustam
Добар ден. Во врска со годините ве читнав колку толку, јас во декември наполнив 24, а мм пред некој ден 26год. Година и 9 месеци сме разлика, 5 и пол години сме заедно, а 2 и пол во брак. Мали се зедовме . И јас и ќерка сме болни. Всушност прво мм се жалеше, па малата настина и одма и јас. Неќни качи тт 38,5 и уште повеќе ќе покажеше топлометарот да не го тргнав оти многу плачеше. Еве ја сега спие, од сабајле само пола саат беше будна, многу е поспана, среќа што нема тт. И јас сум за никаде. А како да не бидеме кога сега снег вее а пред точно 1 недела беш 20 степени. Никакво време и после ќе сакаме здрави да сме, е нема да бидеме. Туку сакав да ви кажам неќни беа на гости на мм баба му и дедо му и кажуваа дека пред многу години во Бугарија имало градинки или домови не знам како да ги кажам за деца на самохрани родители, во кои што родители своите деца ги оставале таму до 3годишна возраст за тие да можат да работат и ги посетувале 3,4 пати месечно. Таму во тие домови имало сѐ за децата. Имале тие некоја роднина која намерно со договор се разведела од маж ѝ и го остават таму детето на чување, го гледала 3 пати месечно, а таа си работила и така се до 3годишна возраст на детето. Ова што ми го кажаа ми е ужас. Никогаш ама баш никогаш по никоја цена не би го оставила таму детето, да си го гледам 3 пати месечно сега кога има најмногу потреба од мене. Се прашувам какви луѓе постојат. За мене такво нешто ми е несфатливо.
Добар ден! Дете заспа, ставив ручек за нејзе да се крчка, за нас извадив месо да се одмрзнува па ако стасам ќе го правам некако ако не кога ќе дојде сопругот едниот ќе готви другиот ќе чува дете. А тој другиот ќе бидам сигурно јас оти малава не се дели во последно време од мене, ме следи во чекор, не сака многу ни со татко и, не можам на раат ни пет минути за себе во денот да имам. Под тие пет минути подразбирам одење во тоалет, туширање и слично, оти и кога се туширам таа стои до вратата тропа и плаче на сет глас. Ми се чини дека откако ја одбив од цицање еве цел месец нема таа повеќе се залепи за мене. Едвај чекам да се заигра кога е сопругот дома и да се пикнам во кујна ми се чини едно кафе да сварам на раат е луксуз деновиве. Инаку и ние сме уште со кашлица и растечено носе, малку во поблага варијанта од минатите денови ама целосно не е поминато. Вчера имав многу важен термин, сопругот пола ден слободен зема, отидов и ми велат немаш никаков термин денеска, епа ќе пукнев, како може така да се подиграваат незнам навистина, им го покажав и термин календарот со запишан датум и саат и кај кој доктор ама ме немало во систем и крај. Ми се споија жичките ако верувате, ама што можев да направам освен да ми закажат друг термин и да си свиткам опашката накај дома. Ова втор пат ми се случува на различни места и веќе помислувам дека кога видат странско презиме имаат различен третман како што ми кажуваше една пријателка а јас не верував. Тука веќе и на сопругот му пукна филмот па се скаравме секако, оти кога некој друг овде не изнервира и кога човек не може да се расправа оти јазикот не го владее на тоа ниво па и да се расправа се е залудно и како резултат на тоа избива меѓусебна караница. Вечерта се смиривме секако ама цело попладне бев потресена ми пропадна и шетање по продавници и се оти си дојдовме дирекно дома налутени. Заборавив да кажам дека на гинеколог заработив вагиналети значи кога тргне наопаку тргнато е. Кај мене снег како да сакаше да вее па се предомисли и заврна дожд, глупаво време за ништо не ти дава мотивација. Викендот читам ќе било убаво па се надевам и на подобро расположение. Сакав за католичкиот Велигден да одиме во Холандија ама искрено ако е вакво времето и малата ако не заздрави целосно нема поента да се оди. Убав ден.
Не сум пишала одамна тука, ама да ти пишам може ке ти помогнам... Ние освен Салбутамол (Вентолин ние користевме но мислам исто е), ни дадоа и Дексаметазон да ставаме во инхалациите, освен тоа ја тапкав на грбче и тој период гледав да не е легната ептен на рамно, зашто така полесно се наталожува на гради. Навечер повеќе кашла дека повеќе лежи... Дали од тапкањето и инхалациите, но убаво ги повраќаше шлајмовите.. Незнам колку време ти е болен и кашла, ама ние 10 дена се помачивме..
12 дена се инхалира а подолго е болен Ни продолжија уште 7 дена инхалација А што е тоа дексаметазон? Ако содржи антибиотик сигурно нема да ми дадат во аптека
Не е антибиотик туку е кортикостероид. Без рецепт не може да се купи. Пробај покрај креветчето (јас ставав под) да му ставаш исецкан кромид. Мириса многу ама помага при дишење. Ракија и слични работи не се за мали бебиња. Можеш ако сакаш да му направиш палачинка од брашно водаи и мед и млака да му ја ставиш на гради. Ќе го стопли малку. Имаш и масти што се за бебиња. Пример кај нас го има ова: Јас му ставав и од ова. ама не сум сигурна дали е за под годинка:
Кортикостероиди се, капки во стаклени ампули, јас снемував и ми купуваше мм без рецепта. Но мора да прашаш доктор сепак...И обавезно неколку пати во ден влечи мрсули со аспираторче, мора да ги вадиш за да не одат на плуќа. Ете после секоја инхалација вади му... И легни го на колена твои на меше, тапкај со раката како школка свиткана, да има вакум.. мојава обавезно повраќаше по тапкањето и тоа шјамови да не ти се верува колку многу, се чудев...
@Mari* многу е мало, најдобро прашајте си доктор . Не знам мене ми е многу страв на своја рака да земам нешто, нас не мачкале со ракија, маст некои бабински мелеми, можеби има ефект од нешто но пак ќе кажам се плашам, посебно кога е мало дете во прашање. Барав и јас некоја крема за омекнување на градите да може полесно да искара секрет, имам мукоплант но на малото не ми се става на неа пишува од 4 години нагоре. Го праќав мм до аптека да бара нешто за мало дете му дале една маст Спојлер: маст Кога бев на преглед пак прашав да го масирам ли, добив потврден одговор. Неколку пати го масирав и со свинска маст ама да нема температура.
Добар ден. Значи бусот за бардовци го наполнивме Ноќта ја поминавме исто како и предходните други,лудница до бескрај... Сте зборувале за приврзаноста на децата.Мислам дека сите деца повеќе се приврзани со мајките,бидејќи повеќе време поминуваат со нас. Синко до сега седеше со свеки,но последно време не седи ни еве минури во вц да појдам,ме бара.Ако вратата од собата е отворена иди по мене и само за хеланки ме држи,а ако е затворена стои покрај врата вика мама и плака.Свеки вика ова дете ако оди во градинка ќе ви го избркаат.Дека ич не е мирен,кога ќе го оставиме да го чуваат(а тоа многу ретко,си го носиме секаде)се му дозволуваат и на глава му се качува. @Lolipop23 Лесни чекорчиња @Mari* свинска маст матена со вода 9пати,ќе биде како шлаг и мачкај. Истото то кркавме 3 пати во овие 18месеци,од кои два пати не задржаа на детско и еднаш во дневна.Нас ни даваа инхала. со вентолин и венска урвазон и тој е кортикостероид но кашлањето му се смируваше.Однеси го и пред време ако не му се смирува кашлицата.
Ви благодарам Го побаравме и педијатарот и ми рече не за тој декстаметазон инхалации само по 5 пати Ќе си пукнам,не дај боже само да му се влоши ќе го убијам @mariz и тапкам и со пумпа вадам мрсулчиња Полн е со шлајмови гледам по каката,како пудинг му е од шлајмовите
Он да дојде да слуша како пишти бебе 5 пати на ден, па после тоа вознемирено е цел ден... Ние по 2 пати само правевме, вриштеше на цел глас и зарипната беше со денови А тек 5 пати... Нема таму дежурен лекар некој, навечер да го однесеш да го види некој друг? Многу време ти е болничко Ајде дај боже да се опорави за брзо, незнам што друг совет да ти дадам, си тераш се како што треба...
Без упат не ме прима никој И баш ми реков да прекинеме дека потешко е со инхалирање и да ни даде нешто да може да пие или што знам јас ама какви Ако ми веруваш и бесна сум, уплашена...
Заборавив и на тоа, мојава пиеше и антибиотик, Алмацин... Ајде ке биде добро, ако сама приметиш дека и полошо е, досаѓај без срам на докторот. Гушки од нас 3ца до вас, побрзо да оздравите
Ви благодарам женски Секој совет ми е добредојден Еве го пратив мм во аптека да бара нешто да го мачкам барем
@Mari* носи бебе под туш и со потопла вода по грбче, главче и нека тече, да се направи и пареа, ќе се слеваат мрсулите, што нема да истече, со пумпата ти ќе извлечеш, ама подолго нека тече..
Жал ми е Мари. Примарното здравство е ужас... си знаеме. Сум кукала и јас сто пати тука. Како во зачаран криг е човек и нема излез, во рацете сме им. Спомна ќе дојдат свекор и свекрва. Нека ти донесат лекови од кај нас. Не сакам да изигравам поголем доктор од тие што учеле школо за тоа, но баш поради истиве работи мајка ми се ми изнакупи од Зегин и ми донесе. Кај нас драми повторно. Капак на се и на бабите им одржав лекција . Дете бесно бесно а они де една де друга ќе тешеле, да не се нервирало. На крај спискав да не претнале ни една ни друга, дете оставив под маса да рика а двете хранилки и расфрланото јадење останаа на подот. Они раскреваат а дете осилено пак фела позади нив. А нели живецот ги фаќа ако останеле на под. Е нема раскревање реков. Целосно на игнор само. Рикаше рикаше не знам колку долго, нив им беше кажано не смеат да и се доближат. Па дали сум била сигурна дека тоа е најправилно. Се им нададов. Да не им текне да препрашаат. На крај и они како карани дремеа и слушаа рикањето. Виде дете нема грб за да ја поддржат во глупостите, стана, крена хранилката, седна, импочна да реди лего. Бивало и така значи
Дексаметазонот мора да го препише доктор. Секогаш кога матичниот им препишува капки на децава, обавезно кажува да бидат со дексаметазон. Подобар ефект имале. Ручек се пече. После на дневен ред е земање дете од школо. Па да расчистам. Добро е што денес сум подобра. Надвор врне ли врне. Бидејќи не пишувам во другата тема, ќе пишам овде. @Annath прими сочувство за мајка ти. Знам како е да изгубиш мајка.