@Belabelinakinder среќен да ти е роденденот. @danichap на моја познаничка малата не даваше косата да и се мие. Тоа траеше некое време. Во меѓувреме измислија игра, дека е на фризер, па она седната на стол со навалена глава и така миеа коса. Да пробате да и смислите некоја игра. @gjoker4e баш пред една недела пишував за бабата со внукот во џамбо, му викаше да не трча зошто имал температура, а го донеле таму каде што има најмногу деца. Очигледно некои луѓе немаат во главата, затоа друг пат ич не се мисли и стани си. Убаво го искористивме денов. Се надевам ќе трае вакво време, па и во недела ќе може и на плоштад да се отиде малку. Имајте убаво попладне.
На фризер сум,чекам да "фане" фарбата и едно кратење да и удрам на косава па да ви пишам Си имаме внуче во фамилија, од мој прв братучед, синко стана батко па е многу важен сега Повелете по две , три мекици Синко секој ден е со нешто ново, леле колку брзо ми расте... само го гњавам , он се нервира исти како мене е, кога сака тогаш се гали и не дава на секој Се спремаме за роденден на тато па и каква торта му нарачав, ептен ќе биде surprise Од џамбо му земав глупости за роденденот знам дека мрази такви работи ама мене ми е мерак па нема да се буни.... И јубилеј му е 35 -ка и прв роденден со синко (лани во меше ) Поклон немам купено знам што ќе земам ама не начекав тоа што барам.... Имајте убава вечер со најсаканите
Хај. Напорен беше денот цел ден надвор излезени што и не е нешто ново за нас ..... и да врне ние пак сме надвор и мислам само ние во малава наша сме излезени надвор иако има плус др дечиња врсници со синко јас велам тие дека ги чуваат дома во карантин. Значи секој ден сме излезени обавезно и мора да ги видиме коњите. Денес демек ќе одиме до малското продавниче со се тренерки паткки така по домашна шема си отидовме во маркет во центарот на градот. Денес си трошев пари за себе и свои луксузи а коа маж ќе дојде има добра математика да ми направи. Искрено потрошив премногу за краток период.. Али си велам па еднаш се живее, инаку за синко маска не сум ви план да му купувам имаме од лани мињони плус една перика во разни бои иаме тоа е се на се кај нас точно на денот на први април ќе ае организира маскенбалот во градот. Друго што да ви кажам се нервирам оти моево бебе е толку многу немирно и неуморно со 100 на саат што трча јас неможам се да постигнам околу него да завршам како што тој може да направи глупости. Туку ми се спие а 21 часот њ неколки ноќи се разбудам и неможам да продолжам да спијам по 2-3часа си дремам така. Ајде добра ноќ отидов јас..
Вечер мајки! Бубале побрзо опоравување! Од сега ниедна мака да не видиш, само убавини! @danichap мислам дека често се случува тоа со малите и не сакањето да се бањаат. Го имавме ние со брат ми. Го надмина сам од себе, едноставно му беше период. @Belabelinakinder Среќен нека е! @Mari-Ja нека мине! Аман од болештиниве! И ние си чекаме едно бебче во блиска фамилија и само на тоа мислам. Ќе ни биде врсниче. Утрово беше баба ми на помош па имав време да се тинтрам со маски и чудби. А нормално додека маската стоеше, искористив прилика да средам купатило. Будала глава, место да уживам со маска на лице и две краставици на очи. Пречекав маж предадов бебе и се пуштив на шетање. Се излуфтирав, купив по нешто и кафе успеав да се напијам. Малиша бил добар со тато. Умен на мајка. Ме пречекаа спремни за бања , го средивме и во кревет. Малку време за мама и тато. Нарачав за јадење оти капната сум. Што од шетање , што од дете. Ќе се вечера и гледа нешто, се надевам мали ќе не удостои. Убава вечер!
Znaes li deka maska na lice koga stavas treba da lezis, nikako vo pokret ili da odis i sekogas navecer pred spienje da ja stavas? Togas e najefikasna.
@Mariangel нека му е среќен роденденот на лепотанот, само радости да ви носи hug:, а ти мајка топ средена за поводот @danichap мојава нема гајле за бањање ама коса миење е траума, не знам за кого поголема. Нема шанси повеќе од еднаш на недела до десет дена некогаш тера, ама летоска нема да можам волку да ја држам па ќе бидат плачки често. Некои глупи мисли ми се увртеле не можам да спијам. Ионака имам константно грижа на совест дека немам доволно време на децава да им посветам уште големион ме уби пред спиење, се расплака зошто не сме се договориле маска да му направам. А го прашував пред извесно време дали сака нешто посебно и не беше заинтересиран ич, демек ланската ќе ја носи. Сега нешто му се увртело во глава што реално не е тешко за реализација ама пак треба да седне човек да направи. Среќа што во школо немаат ништо по повод маскенбалов, дека недела нели паѓа, башка ќе одиме навор од ск викендов па му викам ионака не одиш на маскенбал не ти треба, ако сакам да ми ја направиш може ќе сакам во понеделник надвор да ја носам. Е ај сега . Ме утепа, се осеќам некако како ептен да го имам запоставено посебно него, не знам стварно како да се организирам да постигнам се со 3-4 саати во денов што ги имам за нив
Ќерка спие а синко се грчи цело време се мислев да не е од таблетите за лошење што ги пијам Маже утре ни е слободен,баш ме израдува Одам да спијам сега
Добра вечер мамички и слатко сонче на тие што веќе спијат! Јас си дојдов од работа па седнав во тишина и испружив нозе. Секој ден си планирам кога ќе се вратам од работа дека еден куп работи ќе завршам, ама штом го видам креветот одеднаш снемувам сила и сите планови паѓаат во вода. Затоа сабајле наместо да си поспиеме повеќе со синко, мора да навијам аларм во 08ч за да стигнам да сработам нешто, да направам ручек и да поминам некое време со него, па на крај да се истуширам и спремам за работа. Зборувајте ми за активни деца... 1 секунда не застанува, ако до вчера со задоволство читавме книги и редевме сложувалки, сега не ги ни погледнува. Од сабајле ровари од соба во соба, а најмногу сака во неговата детска да влегува, а таа уште не е средена, мм моментално работи на неа, полна е прашина и алат, ама ете таму е најинтересно Сабајлево ме тераше и на таван да се качуваме и за прв пат нешто не му дозволив туку го оставив да се исплаче... луѓе тоа беше пола саат липтање, крокодилски солзи, кога ќе му се приближев да го гушнам уште повеќе засилуваше. Жал ми беше многу, ама ако попуштев ќе го поминевме цело сабајле на таван. Можно ли е толку мал да го фаќаат тантруми, 15+ е, пред некој ден велев мал е за тантруми, ама после денешната епизода, не мислам веќе така.... Многу испуштив за честитање: Среќен роденден на Матеј @muchacha_a да е жив и здрав и многу, многу среќен. Исто и на шефот на @Mariangel , среќен роденден, јунак наш е тој, само убавини да го пратат во животот! @Mari* супер што е подобар малиот, нека останат зад вас болештиите! И на малиот од @Mari-Ja побрзо опоравување. @Belabelinakinder среќен роденден, а исто и на @Ano со задоцнување! @Annath не ти изразив сочувство за мајка ти, но цело време ми е на мисла. Бог нека ја прости, нека почива во мир! Вие да сте живи и здрави!
Добро утро Ве читав цело време ама нешто не беше во ред и неможев да пишам. Пијам кафенце и си јадам благо, бебе спие уште. Ноќеска се будеше многу често па веројатно сега надохнадува. Иначе ново нема ништо. Од голем јадач детево ми стана нејадач. Обично насабајле и навечер јаде, ручекот не го сака. Незнам дали е период или што е ама ќе чекаме да помине. Срекни да ви се родендените на сите и побрзо оздравување на сите болни дечиња и мајки.
Здраво од нас! Беба гуга во лулашка, јас кафе пијам! Ама убав дееен, ова е тоа што го чекаме цел март и ете на крајот дојде, ведар сончев ден . Нема седење дома секако. Беба кивка и малку и рчи носетео, ама чистам со аспиратор и нема мака после тоа. Аман, само да не се разболи сега! Јас искрено се надевам дека ќе имам малку порелаксиран ден, оти цела измината недела сум страшно оптеретена и напната, па доста ми е! Убав ви ден на сите!
Добро утро и од мене Јас денес бетер од вчера, а капак на се и маж се разболе За него антибиотик, за мене само витамин ц и парацетамол Вечер ќе се инхалирам, не можам да дишам. Докторка вика да одмарам и лежам и спијам додека бебе спие, ама не можам. Времево плаче за шетање, можеби ќе излеземе и денес малку, иако не ми е до шетање. Барем бебка да ја фати сонце и воздух. За утре имаме испланирано фамилијарна собиранка, ручек во природа, а јас за никаде Ама ќе одиме, сите сакаат беба да ја видат, а богами и ќе ме ослободат малку од обврски, они ќе ја занимаваат Тоа е, баш се надевав на убав сончев викенд полн со уживање, ама нема да уживам. Ќе смогнам сили заради беба. Мислев и плакари да прередувам, ама тоа друг пат. Да видам нешто онлајн да си купам, одамна на Асос не сум видела што има, чисто да ми се поправи расположење де Убав ден мами, искористете го сонцето максимално
@Annath душо сочувство, голема е загубата на родителот, но радувај се и врти се околу сопственото чедо, тоа најмногу ќе те утеши! Од денес неззз до кга своеволно останувам на раб плус уште еден час, се плашам да не не стигнам на време, па морам вака. Денес во нашиот град имаше априлијада, мојата девојка носеше крилја на буба мара, па каква беше, па уште и кумовите ги сретнале со баба и и дедо и па и купиле и балон со хелиум, посреќна немаше Јас ја гледам таму, верувајте ми се плаче од среќа, колку што сопственет дете може да донесе радост и среќа како и тага друго ништо не може. Ајде чао, помина паузата за ручек ве оставам. Чаос!
Здраво мајки. Ноќта ја поминавме копија на предходната,дете се дави од шлајм.вадење на мрсули,менување постелнина во 4 сат сабајле.Чекавме да отвори матичната и право кај неа.Нема на гради,а кашла ненормално леукоцити мирни и побарав упат за на болница.Таксиот под нас и заминавме.Таму друга прича....Почнато да слегува на гради,еден урбазон ни дадоа и инхалации со вентолин.Барам појак антибиот не даваат,останува на истиот и в недела на контрола. Синко уста не отвора се тешев тоа што пија течности,но денеска и тоа не сака со сила му давам. Честит именден на тие што го слават,на мм му е именден но не го чекаме куќа отворена за сите,но не и денеска не можам немам сили да го продолжам денов. Мм од работа ќе оди на пазари нешто за работа,со душа го чекам да си дојди да одам да се релаксирам малку во када. Тоа е мајки се се надевам дека ќе имаме мирна ноќ и ќе спиеме. Позз..
Да ве поздравам на кратко. Добри сме, подобри! Ќе бидеме одлични кога ќе си одиме дома. Не задржаа инфузија да прими малото. Гради чисти, нос, синуси преполни. Чистиме со физиолошки и аспиратор, тоа е се. Само нека поминува кај сите дечиња. Немало потешко од ова! Убав ден друшки, фала ви што не мислите
Примате нови мајки? Да искористам да пишам додека малава спие. Цела ноќ око не склопи, изгледа грчеви ја мачат. Сабајлево пак исто. А штом ја извадам надвор ужива и се смирува. Едвај чекам повеќе да се затопли, да можеме подолго да шетаме. Веќе трета недела како сум породена и тек деновиве почнав да се враќам во нормала, иако сеуште не потполно. Некогаш едвај имам време до вц да појдам или да јадам, а не за нешто повеќе. Ајде ќе фатиме ред па ќе се средиме малку по малку. Ништо не ми е напорно кога ќе ги видам најмилите очиња на свет. Имајте убав ден.
Здраво! Еве ме да пишам, читам цело време ама немам што да кажам. Прво да честитам родендени на @Ano, @Belabelinakinder и дечкото на @Mariangel и незнам дали заборавив некој. @Skorpija25 добредојде. Тука празници па уживаме мм слободен па шетање почна денес и во најава следниве денови. Јајца купив шарени за првиот Велигден, а и за следниот ке купам не иде да двојам. Некој нервози мали деновиве од свеки и блиска фамилија на мм што се тука. Ке речеш далеку раат сум ама си има моменти од такт ме вади. Бебе подобар со грчевите уште да почне да спие како треба. Луге многу немирно спие и се буди. Кога беше помал имав кебенце да го затворам слично како повиен да е само малце полабаво па ок спиеше во тоа. Тоа го порасна греота ми е ново да купам да го ограничувам со рацете ама нема шанси човек да го спушти, а да не се разбуди па се мислам сепак ново да купам. Убава вечер
@gjoker4e лелеее те прочитав и се изнервирав јас!аман какви луѓе има.уфф! @bubale само храбро мајка,поминало најтешкото.Сега на ред доаѓаат убави момемти и многу гушкање со сонцињата твои Среќен роденден на мајките кои славеа и на дечињата! Кај нас...карај да врви,што се вика.Синко ми е љубовта,мојата умна глава,мојата карамела! Све разбира.Кога ќе речам донеси ова,седни,па ајде крева нозе ќе се качувапо кауч.Смешки! На работа мн се изнервирав,а и се разочарав.Луѓето се спремни на забивање нож во грб,лицемерие и себичност за покачување од една иљадарка.Па зар толку вредат некои..оффф
Здраво мајки. Си велам да пишам да не не мислите . Мали е подобар каде каде . Апетитот конечно се врати и се надевам за недела дена и килажата. Брисевите покажаа стрептокока пнеумоне и мораксела. Антибиотик не примаме по совет дури од 3ца доктори. Се опорави застана на нозе и оди во градинка веќе 2 дена по 4 часа. Мама и татко исто со стрептокока. Мама не ја осеќа а татко е крш. Очигледно он и на антибиотик ќе заврши ако наскоро не се подобри. Друго што да кажам ... преска шетавме надвор користиме убаво време колку можеме и така. Ве читам ве пратам цело време. Родендени со задоцнување честитам, сите да сте живо Здрави и да ви се исполни се што ќе посакате .. Убава ноќ мајки . Гушкајте деца. Јас баш во моментов гушкам ноџе од бебе...