Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Hello. :hai:

    Да пишам пред да потонам во сон. :yawn: Неделава беше ред на мм да го чува малиот, а малку настинат. И него не го одмина, вчера очиња и носе како чешма цел ден, синоќа еден час спиев само, постојано се будеше, сабајле едвај на работа заминав. Сега заспа, му ставив лепенка спиранто на пижама за затнато носе, многу ефикасни ми се покажаа. Се молам само на толку да останеме со вирусчево, да можеме да одиме на маскембал в недела.
    Планот е да биде спајдермен, сам си побара ама како да се исплаши од облеката и маската денес ко ја пробавме. :D Се надевам не ја купив за в година да ја чувам. :D

    Среќен роденден и на малечките и на големите што славевте, само добро здравје кај сите, друго се ќе се нареди. :hug:

    @Mari-Ja со помин да е, се изнамачи кутрото, ќе се накрене со инфузијата.
    @LiliBoz со помин и кај вас, нека ве одминуваат бактериите и вирусите во иднина.

    Добра ноќ на сите!
     
    На muchacha_a, eli25, gjoker4e и 21 други им се допаѓа ова.
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам пред да легнам :) Денес денов низ нос ми излезе да ви кажам искрено, подолго време пишувам дека бебе ми е настинато и сега последно во средата на контрола му викам на докторот дека детето веќе еден месец никако да се оправи по малку поткашлува од што има шлајм и повремено нос му тече,докторот вика ништо не му е дури нема потреба ни инсталации да му правам ама бидејќи од понеделник требаше да почнеме во градинка направивме брисеви и денес ги зимам што да видам хемофилус инфлуенце во нос(facepalm)
    Шок ме удри прво дека нели сите три вакцини ги има примено на 2,4,6 месеци а нели во нив е вакциниран и за хем.инфлуенце.Ајде трчав со резултатите назад кај докторот и му препиша зинат 7дена да пие, ништо од нашето тргнување во градинка од понеделник. Дојдов дома и прв пат да му дадам сируп пробав со лажичка ми поврати сирупот и кашата што ја изеде, по некое време пробав пак со шприц овој пат пак ми поврати :( незнаев што да правам земавме со маж ми едно парче банана го испасиравме и внатре сирупот му го ставивме и си ја изеде без проблем сега се секирам да не згрешивме да не нема ефект така :( Ви се испожалив ама стварно ми беше стресен денов некако. Бебе спие пикнато во мене веќе пола саат и повеќе љубов мајкина , одам да го ставам во креветче и да легнам мајки. Добра ноќ|-)
     
    На *Лорена*, muchacha_a, tarantula и 18 други им се допаѓа ова.
  3. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    @Ano со закаснување среќен роденден да сте живи и здрави. :f:
    @muchacha_a @Mari-Ja Со помин на дечињата :hug:
    Бубале побрзо оздравување и гушкање со дечињата
    @Mariangel среќен роденден на дечкото голем, да е здрав и жив :hug:
    @Belabelinakinder среќен роденден се најубаво
    @Skorpija25 добре дојде (fingers)

    Немам пишано 4-5 дена и сега седнав ве исчитав. Инаку ми се спија а имам и една машина алишта да спружам. Денес цел ден дома :envy: мм требаше до пладне да работи ама како и секогаш му излегла работа и си дојде во 18 ч и си останавме дома. Сега 3 дена ќе биде дома па ќе надокнадиме. Инаку вчера му беше роденден, му направив торта и сами си го прославивме:party: му купив и поклон фармерки :lol: му ги погодив, сакав да му купам патики ама го чекав тој да си одбери и не одбра па ќе му купам некои по моја желба.
    Бебе секој ден нешто ново изведува :inlove: никогаш не ни е досадно.
    Ми се спија и плус батерија 5% добра ноќ мајки и убаво да си поминете за Велигден тие што славите викендов. Ние за другиот ќе се спремаме.
     
    На tarantula, eli25, Belabelinakinder и 19 други им се допаѓа ова.
  4. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    добро утро мами
    одамна не сум пишала само ве читав во последно време :bandit: и ја да се пријавам во болните прво ќере па сега синко ,неможе ни еднаш да го одмине веднаш следниот ден и тој почна да кашла а греота е само кенка ми го нема да се смее,на гради нема од грлото било цела недела не сум спиена како што треба. многу теми сте почнале пред некој ден наполнив 29 а мм е 33 ,ми р страв што ќе ја раситнам тројката но како велат тие години за жената биле најубави :inlove:
    @LiliBoz те прочитав за бактеријата и ќере ја имаше сега пред две недели и ме советуваа веднаш со антибиотик ,она була причината за качување температура и спуштање на гради.
    убав ден и кафето од мене ова утро :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::hug:
     
    На *Лорена*, eli25, gjoker4e и 13 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Мајка мојот имаше температура една ноќ само. Гради чисти. Не даваат антибиотик поради тоа. И јас бев скептик ама зборев со тројца доктори од различна бранша од педијатрија до микробиологија и истото ми го кажаа. Бактеријата е од тврдокорните може и по антибиотик да остане во него па затоа е битно имунитетот да е јак за да не прави проблеми. Еве јас ја имам и неа и стафилокок и не знам ни како ни кога сум ги добила. Дали од дете дали од работа. Проблем не ни прават зашто имам имунитет и не ја лечам зашто е залудно.
     
    На eli25, gjoker4e, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz да не бидам оф на темава мојава често фаќаше бронхит и висока температура од нигде никаде три дена изгоре детето од тт без кашлање без нос да и тече имунитет на нула,а само колку каде овошје,посебно боровинки,малини ама од градинка како почна така и често се разболува што мие најкриво и бебе веднаш по неа од 4 месец и он е со пумпица,али така раснат деца така велат сите, нема потешко од билни деца.
    На повидок топол ден може и че шетнеме до продавница малку и дома ќе одмараме. Ме нема а сега два поста ова утро.
     
    На muchacha_a, eli25, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  7. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    28.356
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Бујрум кој е за кафе:coffee::coffee::coffee:
    Силно светнал ден :sun:
    Но за кого како.
    Пијам кафе,синко гледа цртан,ќе одам на работа а синко и мм ќе се вардат.Утре ако е исто убаво времево ќе го искористиме ќе шеткаме заедно,ќе се дружиме.
    Немам нешто посебно да пишам само да ве поздравам да знаете дека сум тука,а не само да читам:bandit:
    Среќни родендени на тие што не сум честитала,побрзо оздравување на болните и добредојде на новите мамички.
    Бубале која не можам да ја тагирам и посакувам побрзо оздравување и побрзо да се гушка со трите лепотанчиња.
     
    На muchacha_a, eli25, gjoker4e и 17 други им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.292
    Пол:
    Женски
    Ние завршивме денес кај матичниот.
    Со опструкциии..
    Доза инхалации со вентолин и физиолошки, плус антибиотик ацерола плус исомарче спрејче за носе.(facepalm)(facepalm)(facepalm) И СЕ ТИА НА СЛОБОДНО ОТИ ТАКВА НИ Е ДРЖАВАТА ОД УТРЕ НА РЕЦЕПТА.! +++++:envy::envy::envy::envy:
    Цела ноќ не сум спиена дете се гушеше од шлајмови!
    Како бе тоа на нас ни се случува не знам една недела супер беше си јадеше се и толку одма со опструкции.(facepalm).
     
    На *Лорена*, muchacha_a, eli25 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Добро утро!
    Се надевам денес нема да важи по утрото денот се познава! Бебка не ме остави да си поспијам а баш сакав, и за да не ми биде релаксирано утрово ми претече и кафето па чистев шпор кој вчера го бев убаво исчистила.

    Денот го почнавме рано! За нас е рано 8 часот оти вообичаено бебката си спие до 12 па и покасно. Реално ме зафркна, она сега пак си заспа а јас кафе пијам.

    Нема сонце, нема шетање. Ќе ми доаѓаат гости на повојница па секако денот ќе биде исполнет. Искрено беба ми е терсене во друштво на непознати. Нит цице нит спие кога слуша непознати гласови па дури се плашам како ќе биде кога ќе ни идат гости, а периодов баш очекувам да сме често во гужва.

    Планови за денес, освен најавените гости , други немам ама денот секако нема да биде празен со оглед на ситуацијата- јас сама со бебо и дадичката.
    Убав ви ден и убав викенд!
     
    На muchacha_a, eli25, gjoker4e и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.637
    Пол:
    Женски
    Ко ќе дојш во Германијава за дете лековите не се наплаќаат (оние што ќе ти ги препише докторот)
    Чак и инхалаторот не ми го наплатија во аптека :party:

    Да ве поздравам :hai:
    Полна куќа со гости |( девер ми останува а стрико му со цела делегација (читај 5 луѓе не најавени) ќе ги попратам,минути се во прашање (waiting)

    Деца збеснаа,им се поремети редот
    Покасно легнаа,порано станаа а вчера цел ден урлаа :x

    Мм мора на работа денес,дежурен е па не може никако да се ослободи :envy:
    Јас со деца и девер ќе шетаме некаде а време ужасно

    Еве ги ќе си оделе :$ :sun::f: одам да им посакам среќен пат :nod:

    Довиџења

    Едит: побрзо оздравување на дечињата :hug: нема ништо потешко од болно дете :(
     
    На M&M, kukla21, Lolipop23 и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене. Некако во последно време ич не сум слободна, како расте бебе, така и желбите и растат. Заби, почнува да седи, се посега по се. Нервозна е, неќе да спие. А јас еве 6 ти ден сама до 5. Нит коса сум измила нит ручек направено, нит усисано. Кога ќе си дојде мм не знам што попрво, дал да јадам, дал кафе раат да испијам. Дал дете да де шета. А неќе да спие поручек. Па така од 7:00 денес05:30 до 23:00 навечер денот историја ми е. Да си до неа да ја играш, да и збориш. А само саат-два ми треба одмор, да знам раат на гз да седнам. Без да мислам на каши, пелени цицање и се пропратно. Повише сум психички заморна.
    Ќере е супер иначе. 6780гр, 68цм. Јаде, почна и чај да пие. Ама активно бебе е доста па нон стоп бара анимација. Од 14:00 кога ше ја фатат не знам што и станува мислам дека се окозувам. Ништо не ја смирува. Никако ред асален да фатиме за да иам план кога што. Ама тоа е викам ај уше ова, ај уше она. Се тешам аха заби се, ќе израднат и супер ќе сме....а само 1ците, кај се другите.
    Во четврток одиме за Берово. Да видам дал одмор ил замор ќе видам. Ако, бар дете на чист воздух ќе однесам.
    Многу се нервирам, мм толку пати знае да углави на раб, а кога нема работа никогаш нр го пуштиле порано. Дури и за нова година они углавија со работа, па у кафана, а демек се завршувме оирано ќе одиме. Ама не, кога чекаш некој така е, да си испазари, да си прошета... Јас не сум излегла така раат 2 години. Бар друштво да имав а да не се бабите.
    Е така се ижалив. Ама тешко ми е.
    Башка тука немам па ни доволно простор за движење па само местам тргам за да ставам хранилка, дубак, да ја ставам доле да си игра. И така...
     
    На Paka, muchacha_a, Seline и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    23.773
    Пол:
    Женски
    Добар ден. :coffee:

    Бебе спие, јас пијам кафе и одмарам. Сношти беше помирна, си спиеше добро, ама сабајлево од 5:30 до 8 се будеше и штом ја земев во раце веднаш се смируваше и заспиваше. Душа мајкина. :inlove:
    Денес поладно, ама тоа не не спречи да излеземе уште рано сабајле на воздух. 5-10 минути се доволни.

    Маж на работа по цел ден, јас збеснувам сама, досада ме фаќа. На моменти сум толку нервозна што не можам да се контролирам. Хормони се ваљда во прашање. Не дека претходно не бев ваква, ама сега имам оправдување :D

    Имајте убав ден и побрзо оздравување на малите. :hug:
     
    На Lolipop23, orhideea, muchacha_a и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Добар ден .

    Еве ме и мене , редовно ве читав ама немав време да пишам. Јас болна , бебе префати од мене . Цела ноќ не сме спиени , нос затнат неможе да дише , полн шлајмови. Сабајле уште во 6 и пол инхалација со физиплошки , планирам 3 пати денеска.
    Денеска само за бебе спремав појадок и ручек , за нас ќе купиме нешто немам сила и да готвам.
    Вчера си купивме многу украси за велигден , избришав прашина и си украсив.
    Денеска толку , кујната си плаче за чистење ама здравје утре или неделава . Треба и пак се да се пречистува ни идат доста гости.
    Толку од мене денеска , сите што имаат роденден среќен нека е , а сите што се болни побрзо оздравување.
     
    На orhideea, muchacha_a, azelea и 14 други им се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.292
    Пол:
    Женски
    @Mari* е арно е тоа кај нас рецепти ако фанеш нешто до 15 ти т.е планирај до тогаш да се разболиш.:devil:
    Едвај за еден сируп ја убедив да ми го даде на рецепта!!!! :sweat::sweat::sweat:

    Здравје ќе биде и доаѓањето но само да не ми требаат доктори и леларства! Овде барем му верувам на матичниот во се што ќе каже и ниту еднаш ми нема згрешено дијагноза за малиот а и за мене исто . Цар човек е од збор.
     
    На duffi, muchacha_a, Marmarin и 13 други им се допаѓа ова.
  15. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Еве не и нас...
    Синко подобар денеска кашла но не толку многу,почна и да каснува по малку и ноќеска не беше срашно имало и полоши ноќи..Инхалаците со вентолин му помогнаа а и урбазонот,ведаш дете подобро.Утре после 10 сме на контрола...

    Ѕверов мој секогаш се разболува после 15ти кога нема ништо преку фонд.И од аптека до апкета има разлика Земав АЦЦ во една 230ден. во Зегин 180ден ами не се малку излезе антибиотикот ( го најдов на рецепт).

    Видов синко дека е подобар и зедов да чистам кај нас в соба и ходник,па понеделник ќе продолжам кујна и во дневна кај свеки (кога ќе немам публика)Ама регали и висачи не прередувам тек после празник,не се чувствувам добро работам како лисицата со опашката.


    Имајте убав викенд
     
    На duffi, Lolipop23, orhideea и 15 други им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Да е поздравам и јас. Не пишувам редовно,ама нон стоп ве читам,ме има со лајкови.
    Периодов топло надвор, синко не можам дома да го приберам. Чичковците на мм реновираат куќи(лепенки сме сите) па не се седи дома. Ги препокриваат куќите,тропаат,чукаат, викаат ако излеземе надвор со синко,и оправдано,може несакајќи да се направи штета.
    Мајстори има може 20,цел ден се моткаат горе доле, а тоа и ми е пречка да сработам нешто поасално за Велигден,ни прозори можам да избришам,ни да измијам,паѓа луѓе прашина, од тресењето мислиш земјотрес има.
    Кога сме кај Велигден,не знам кога ќе стасам да средам,да погодам, па и кифли да направам. Спремам и за на гробишта,одиме на гроб од бабата на мм.
    утре сме на роденден кај детенцето од најблиските пријатели. Верувам дека ќе бидат изненадени од поклонот, купив дрес и шорцеви, го испечатив името на детето,чоколатца со среќен роденден и честитки од синко,и една фудбалска топка.Го спаковавме најоригинално,мене многу ми се допадна.
    Од денес и официјално почна да ме тресе пмс,не знам јас кога ќе се слабее,душава јадна само благо ми бара :D а вагата само натежнува.
    Ете така, на сите дечки им посакувам Среќни родендени,здравје и радост само да ви носат,Бубалке, што да ти кажам тебе,напатена женичке,нека Бог стави рака на тебе и нека ти осветли пат полн со убавини од сега само.
    Ве поздравувам!
     
    На Mari*, duffi, orhideea и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Конечно и јас да пишам, некако слабо време наоѓам иако ве читам набрзина и се трудам да сум во тек.

    Прво @Annath прими искрено сочувство, мене минатата недела почина дедо ми и ми беше мака камо ли за родител можам само да замислам како е. За жал не можев да отидам не само што сум далеку ама најмногу што имам обврска со детето а и него да го малтретирав па и таму нема многу многу на кого да ја оставам на чување.

    Сите други што имавте за честитање нека е со среќа и со убаво се, намерно не тагирам за да не изоставам некој случајно.

    На новите мајки во темата добредојде и од мене.

    Денес преубав ден, конечно права пролет да осетиме, спонтано околу 11 тргнавме накај еден поголем трговски што е на отворено во најголемиот близок град и дури во 18 се прибравме, на тројцата не ни се поаѓаше.

    Може на некој чудно ќе му падне што сме правеле толку време ама со дете кое сака се да види и да оди, плус имаше украсено за празникот па се радуваше и доста време поминавме покрај тие занимации па јас шетав татко и ја ранеше, пиевме кафе па заспа, на раат ручек и шетање па кога стана во потрага по патичиња и денот помина.

    Навистина @Mari* тука ништо не се плаќа за дете, ама си плаќаме здравствено секој месец. Сепак е далеку од кај нас, еве пример ми најдоа дека имам алерегија на едни невидливи гостинчиња во домаќинството не им го знам македонското име, кои највеќе ги има во душеците, во теписи, завеси итн. Осиграњето ми покрива специјални прекривачи за душек, навлака за јорган и за перници кои се ставаат прво па после постелина и ја ублажуваат алергијата. И тоа во димензии кои јас ги сакам и два сета затоа што имам партнер.

    Има и други примери ама тоа е добрата страна на здравството тука, а за негативната друг пат.

    Така мајки ајде одам да правам пудинг големото дете посакало тоа

    Убава вечер.
     
    На karibian, Mari*, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Hello :hai:

    Дома си е дома.

    Не ја сфаќам логиката, одиш во болница, те задржуваат на инфузија, дете се дави од шлајмови, епа тоа е, мора да помине одговор. Ок, инхалација, капки, спреј за грло, нешто? А не не, не даваме тоа ништо. Тоа е се за бактерија. За вирус освен течности, друго нема што. Антибиотик за вирус уште не измислиле ми рекоа|( Си викам да им вратам, не сте биле во Македонија затоа такви небулози :lol: Јас на своја рака бев во стање да дадам, само немав ништо дома. Не можев да го гледам веќе како цвеќенце овенато. Го поткрена инфузијата, разлика е голема од претходно.
    Едвај чекав дома да дојдеме. Дете ни јадено ни спиено. Ослабе, обравчињата се клизнаа на душичето.

    Здравство во странство, секој месец плаќаме додатно осигурување 30 евра по особа, покрај основното. Не пошто ние сакаме, туку основното ништо не покрива. Пр. Исечеш прст, одиш да ти го шијат, без дополнително осиг плаќаш 50%, со него ништо. Забар плаќаш 70% без, а со него само бели пломби плаќаш, гинеколог речиси се плаќаш со или без него, освен во бременост итн. За деца до 18 год е се бесплатно. Барем тоа! Ни д3 не плаќам, сирупи против тт исто не, се што ми препишат не плаќам, не битно што е тоа. Дури тука знам ад млеко исто педијатар може да препише неколку кутии за џабе да земеш.
    Ама! За општ матичен лекар да најдеш, на листа на чекање мин година ипоч, забар на листа сум тек во 2019 ке ме земел, гинеколог кај добар гин по 3-4 год се чека. Не ги занимаш :)

    Се распишав, се гледа дека сум дома, пијам кафе испружена на кревет, а бебе спие.
    Се канам да станам и почнам од негде да средувам. За перење уште мин 5 машини имам, ама немам каде да пружам веќе, 2 некако настискав на сушарата.
    Таман влажен ќе е воздухот, нема да палам апаратот.

    Малиот многу кашла, не знам како да му помогнам... Инхалирав над тенџере со чај, чистев со аспиратор купивме што се става на усисивач па поефикасен ми се гледа, капки ставав и поок беше, ама пак го слушам едвај дише.
    Поискусните ако знаете лек, пишувајте.

    Одам сега да видам прво што има во фриз да се раскрене, па да почнам после низ куќа :D

    Убава и мирна вечер на сите а и Честит Велигден на тие што слават! :inlove:

    И еве ме пак.

    Случајно вртејќи по социјалните мрежи, гледам мои врснички, со едно две деца, средени, скоцкани, нашминкани секој ден шетаат.
    Јас слики во тел кога ќе гледам, ретко на која сум си убава и според приликата дотерана.
    Тренерки, патики, коса во реп, грам шминка на мене, лак на ноктите скраја било тоа...
    Не знам каде грешам што не стигнувам јас да изгледам убаво.
    Не стигам дома се да средам, заборавам да јадам додека не почне снага да ми се тресе не ми текнува. Ослабев околу 6 кг последниов месец ипол.
    Мислам дека почнувам да се губам себеси, физички.
    Доказ за тоа е што пријател кој одамна го немавме видено, ми рече мт да не го видев немаше да те препознаам.
    Како да стареам од секој стрес дополнително.
    Некогаш си мислам ти си луда, ручек кога е мм дома за нас правам, за дете обавезно 3 оброка готвени, ужинки исто смислувај прави да не е било што, а можеш барем еден од 4 негови готов да му дадеш. Ама пак не сметам дека со тоа ќе добијам многу, а можеби и грешам...

    Вие како стигате да сте супер убави мајки?
    #прашањакоимемачат
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2018
    На karibian, tarantula, Mari* и 24 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Не стигаме. Ако средам коса нема да средам нокти. Ако удрам туш нема да јадам. Стомакот го расипав од нередовно одење во тоалет кога имам потреба. Но растат и некако се ствара време. Најчесто тие што ги гледаш по слики средени имаат помош. Еве ја ќе ти кажам се сликам само коа ставам во модни критики слика, иначе немам слики од себе... и ми е криво. Немам слики со дете. Од нг се немам сликано со него зашто на ништо не личам по дома...А најчесто и надвор. Ама ок е, ќе помине и ова.
     
    На karibian, Paka, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.770
    Допаѓања:
    141.836
    Мене психијатар ми има речено дека ако до 3 години дете мене дома ми е совршено чисто тогаш или мајката или детето не се у ред.
    Се средувам само за на работа почнувајќи од 6 сабајле. Чистам дома од 10 до 12 ноќе. И пак е хаос. Ноктите ми се крш од рибање се по дома, подочеаци и лоша кожа од премор, целулит од лоша храна и јадење брзо.

    Ако видам некоја средена и дома чисто си викам или некој и чисти или дете бајче има.
     
    На mal.ecka, victoria, irena.1 и 23 други им се допаѓа ова.