Јас не се сметам за супер убава ниту најсредена мајка ама наоѓам време да ставам еднаш неделно некоја маска на лице, да се налакирам исто барем еднаш неделно и искрено шлакање тело со креми и чуда откако е роден малиот е еднаш најмногу два пати неделно. Друго косата најчесто и мене ми е врзана. Пред се бидејќи ме скубе малото, ако сакам да ја носам пуштена а знам не можам да се потпрам на мм се случува да ја сррдам со часови пред излегување додека малото спие или кога е во добрите да се занимава само. Честоо облека и шминкање исто е во такво време како косата а некогаш облека и од вечер спремам... исто од вечер или од порано и работи за малото што требаат ставам во ранчето. што знам не па дека којзнае како сум средена вака :/ Наколку средена мислиш? )) Ако мм е тука за спремање пак слично ми доаѓа да изгледам нема разлика само се е направено во последен момент хахаха Е сега моево е скоро 8 месеци, засега два оброци другото е млеко и почесто дремнува. Веројатно има разлика... Едит: И немам помош освен што ручек за нас не правам секој ден друго околу домаќинство потполно сама, мм во последно време многу слабо бидејќи работи дополнително сама му викам да не ми помага. Станот е најчесто хаос и е средно како лисицата со опашката. Забришано заметено набрзинка ама ич не ми е гајле. Колку дете да не диши прашина чистам и перам колку можам. И мислам најмногу време одзема пуштање машини, сушење средување облека скоро секој ден имам машина или две...
Добра вечер мајки. Читам многу дечиња се болни. @TutiFuti @Mari-Ja @LiliBoz @ma4e1311 @muchacha_a (се извинувам доколку пропуштив некого) што побргу да ви закрепнат најмилите. @Annath сочуство. @Mari* бесплатно е, да, затоа и ништо не даваат. Јас не паметам освен свеж воздух друга терапија да сме добиле. Знам дека даваат и на рецепта инхалатори, ама првен требало детето да спушти на гради. Само да буфта кашла и да не може да диши не беше критериум, па си купувме сами. Деновиве ние во бољи живот. Маж нема многу работа поради велигденот, па секој ден шеткаме. Наутро појадуваме, давам сирупи и спрејче, инхалирам, се спремаме... и Деца не се најфит, кашлаат, на големата и нос и тече... ама се додека немаат тт а маж има време немам намера дома да седиме. Сеуште дете ми е небањато. Кукли бањавме, сестрите ги бањавме, песнички пеевме, јутуб клипови гледавме, водени топки за бањање купив па пенеа...и ништо и ништо . Ама затоа нозе светат. Во моменти на очај ми текна дека имам масажер за нозе на вода. Па дека немам друга попаметна работа, се распослав среде соба, нозе масирав. Дете да стимулирам малку . За чудо успешно беше. Дојде до мене, се соблече, пикна и она нозете во масажерот. Пред спиење успеав барем да ја избришм со влажни крпи. Утешително ми влијаат споделените искуства кои ги прочитав, дека многу дечиња и имаат таква фаза. Се надевам што побргу ќе заврши. Плачки за бањање, плачки за миење заби, плачки за лекови, плачки додека испаднеме од дома . Ај, биче боље.
Добро вечер. Чистење рафтови?! Среќна сум ако успеам да раскренам чисти садови од машина и да ги наредам нечистите. Се останато во подобри денови. Усисава мм кога е дома, прашина како мачката со опашката да поминала забришувам. Машини со алишта се собираат купишта, освен на бебе редовно што пуштам. Купатилото ми плаче за чистење. Утре на дневен ред, како знам и умеам, а може и ќе излезам со бебе и ќе оставам маж да го среди . Јадење спремам за синко, и викенди. Останатите денови, да е жива и здрава мајка ме покрива. Среќа близу живееме. Еве и утре планирам да зготвам, рибља чорба од дукат , за да може да се искористи денот. Е ако заврне како што најавуваат тогаш планирам да правам ќифли. Само во такви денови добивам инспирација. Со патики и тренерки, без грам шминка шетав до минатата недела. Како се затопли ми се врати желбата да подоблечам и нешто друго, а и коректор на подочњаци и маскара за шетање . Коса фала богу кратка, па само фен ја средува. Што вика Лили веројатно како проаѓа време се навикнуваме и подобро се организираме. Денес денот искористен за прошетка во парк. Иако дуваше, не се откажавме. Утре сакаме до плоштад да го прошетаме, па се надевам ќе не служи време. Отидов да се испружам во спална. Имајте убава вечер.
Добра вечер мамички Како бебе почна да спие во креветче така мене ми станува досадно навечер, онака го чував нели и си го гледав, галкав, гушкав Од денес почнав и денски да го спуштам, така решив, ако приметам дека цврсто спие, па успешна мисија бидна, речиси 2ч си нанаше сам Јас за тоа време што попрво, дал да јадам, вода да пијам, да се испомочам или да зачистам Последнава идеа не доаѓа во обзир, па да разбудам бебе Дома и мене ми беше како џунгла, сега е како појма немам, чистено - недочистено, потфатено колку да не биде без ич, нели Велигден иде Мм вика што се замараш и така никој не ни иде, нас арно ни е вска Денес многу ми се шеташе, ама баш ми се шеташе, иницирав да излеземе сабајлечки, ама што дека мм не врати за помалку од 2ч, морал да работи се договарав демек со сестра за дружба, ама не бидна ни тоа Втора тура.. која втора тура!? Бебе спиеше од 12.30ч до 17ч па додека спиеше торнадо се појави надвор Ама утре ќе се шета, на отворено тешко, ама некој Мол ќе се шпарта. На роденден сме, прв роденден на кој ќе иде бебе, па треба поклон да се купи. Уз пат и на мали да докупам гардероба, се му е мало тоа што имаше, ама баш се. Веќе се изгубив и кој број и големина да му купам, па најчесто барам и мислење од продавачки нај јака беше една прошла недела, зимам јас тренерчиња и ми вика зеди поголеми, ги редам јас на бебо и и викам, види ОК е должината, ми се обраќа, остај ти должина види му газе и меше се ќе испуни Туку вашите бебчиња имаат стрии?? Моево има, цел газ му е со стрии А плус имаме и муШкули И така значи ќе го дотерувам бебо, а сакам и од Тач да му купам нешто, видов дека има попуст па да го искористам, а нема баш такво нели Сакам и постелнина и еден прекривач за нас што го меркам, ама да идев сама ќе приберев, а вака со мм тешко, одма ќе ми извади на видело колку имаме Сакам и за мене една кошула, ама се мислам дека време за тоа ќе се нема А на мм морам чорапи да купам, глувче во фиока ни е верен посетител И јас гледам на фб тип топ средени мајки, па и во позадина дневен простор/кујна кои сијаат, море и од слика се приметува чисто Јас како постигнувам да се дотерам, исчистам, исперам, испеглам, зготвам. 1. Речиси и не се дотерувам, најчесто фармерки и некое блузиче, ама штикла на нога има косата ми е виткана, па ако сум тазе бањата може да ја пуштам, ако не репче. Шминка, ББ крема или обична крема, лабело и тоа е тоа, уствари 3пати до сега успеав да ставам римел, руж и кармин Чистам еднаш во 2-3недели како лиска со опашка, пример рамките за слики што се на ѕид не се избришани од лани, прозори исто, шкафот во ходник и тој.. Перам често, имам и сушара па и тоа е вади/стави само. Ама за крстење уффф едвај, знаат и корпите со денови да си седат полни, па да ги пикнам пак во сушара да се подисправат само на бебо веднаш ги средувам. Пеглање паааа за бебо пред носење, за нас баш и ако мора се пегла, некои ствари едноставно се пеглаат на нас За готвење мм ако причува бебе ќе јадеме нешто домашно, инаку тешко, најчесто купуваме од месо, до риба и пици. Може супа само да се свари и компри спржат/испече. Денес пример си доручкувавме во 7мица ручек јас макарони од вчера, мм пржени јајца, вечеравме банани И така живуркаме некако Животот ни е сменет за 360 степени, ама приоритети, за ова ѓаволче се боревме толку време, па за ништо не ми криво и гајле Туку си отиде Март (фала богу) веќе дури пишувам Април дојде Ајде доста редам, да си затворам очи, каде и да е ќе почне да бара цице доенчево Убава и мирна ноќ на сите! Побрзо оздравување на сите болни дечиња
Си викам ај на работа кога ќе почнам да одам ќе биде поинаку, ама како изминува време чисто сумњам. Кратам од себе, од сон, од јадење и пак ни дома обврските не се завршени ко што треба а не да остане време за некој луксуз (лакирање, фенирање). Кога подобро ќе размислам, мајките што ги спомнав не готват, можат да си дозволат секој ден надвор да јадат. Еве и јас не готвам за мене кога мм не е дома, ама пак за дете мораш да спремиш. Сакам да кажам обврзан си да си во кујна. Игле рече од вечер, па сите мислам од вечер спремаме to do листа за утредента, јас дури и оброците на малиот од вечер ги смислувам... Доручек завршил до 10, таман раскренеш, ставај месото за ручек. До 15ч не ни осеќам како лета времето, после па бетер... Заспиј дете и ајмо трета смена, кујна, купатило, играчки, туш 30 сек, 1ч стигнало и комирање. Си викам па најбитно е што ни е облеката секогаш чиста и уредна и што знам детето што јадело денес.
Добро утро мајки! Прво да честитам именден на оние кои го слават на овој убав денешен празнк! Цветници. Мораше ли денес да се расипе времето. Ама ај,да се надеваме дека за Велигден ќе се оправи. Инаку и ние деновиве максимално користевме сонце,бебе станува,јаде и надвор,мафта со рачето и ми вели брм брм да се возиме. Конечно почна да се пушта сам,но по малку,уште не е стабилно,но имам уште малку трпение. Што деца ќе ми беа мрзи двајцата до 16 м во раце. Вчера бевме на роденден кај дете на другарка со која премногу се дружевме а сега немаме ама ич време.Славеше дома.Какво освежување ни дојде од игротекиве.Си помуабетивме на раат деца(не беа многу па затоа веројатно) си се изнаиграа.Денес пак,утре,секој ден само нека растат дечиња. Ве читам за средување,па најмногу време секако одзема тоа.Вчера и завчера пробав со само за бебе ручек,за нас пица и јајца и имав толку многу време што не знаев што да правам.За чистење,гледам секој ден да пофатам по нешто за да не се таложи многу. Инаку мајки,се плашам,овој месец не добив,иако гинеколот ми рече дека дур дојам така ќе биде,сепак откако добив прв пат ми идеше редовно.Мм вели дека не направил ништо,иако само еднаш беше односот. Страв ми е да купам тест.КАко не си зедов апчиња.Од друга страна па си викам што ќе ми фали со уште едно бебе . Сепак се надевам ќе добијам.Еднава града ми се стврднува на сат сат и пол,како кога беше мало бебе и ако не исцица ме боли.Дали нешто со хормоните,пролактин беше мислам,па и за добивањево е проблем. Што сака нека биде, Убав ден!
Апри ли ли лииии Ајде нов месец нови надежи нови сили повеќе убаво време и шетање со малите и да ни се оправат што побрзо. Ние тројцата сме настинати.Големиот од малиот јас од нив фатив. Овие 2 ноќи спијат подобро е.Толку сум преморена што едвај мине денот некако.Па и очи ми солзат кивам добро што не кашлам. Вчера перев кебиња нови алишта.Теписите уште се во пералната овие денови ќе ги земеме. Денес брат ми има именден.Не сум во план да одам.Ќе има многу гости и плус се живо да влечкам со над и инхалатор и сирупи и свашта..Дома ќе си седеме. Во петокот кај нас беше априлијада во март..глупости.Имаше деца возрасни песнички.ги однесов малку големиот имаше од лани супермен облека а малото ништо.Ама големиов почна да плаче и да се влече да бега по тие тезгите со играчки јас како улава викав а со малото во рака да трчам ли да го оставам ли.лудница ми се идеше да плачам да викам од немоќ...и така го фатив за рака стиснав и правец дома. Сега сме на тераса има сонце ама има и ладен ветер. Убав ден мајки....
Добро утро накај добар ден стана. Дете здраво ,бело црвено , не кашла , спие преку ноќ, нема мрсули , никогаш не плака , се си јаде, овошје поготво, чаеви , супи сеУште да не ви пишев априлилил Кашламе без престан.Ова ни е веќе скоро 8 месеци Капки, инхалации, аспиратор за мрсули ништо.Нема спиење ни за неа ни за нас До кога вака? Имам намера на пулмолог да одам да видам да не е астма.Не се издржува повеќе. За прашањето на @Mari-Ja за средувањето.Вообичаено сум ненаспана и смачкана во фаца.Некогаш кога имам вечер како вчерашната добро е што успеам заби и лице да си измијам и крем за лице против брчки да си ставам А брчки кога се гледам на тие сликите толку изнемоштена изгледам Ама кога шетаме тројцата или одиме на гости обавезно пудро ,руж , римел чат пат креон си ставам и сјај за уста.Тоа е за 3 мин.За дотерување не само фармерки и блуза.Коса само начешлана ретко пеглана Секогаш ми е пуштена ,а дома фанатаНокти немам лакирано од кога бев бремена Не сум се депилирала од летото, само бричот набрзина игра. Ручек овие 20 месеци колку е малата дали 5-6 пати не сум правела поради термини.Не ги броам патите кога намерно одиме на ручек или мм прави скара. За чисто чистам кога малата е во градинка.Перални имам секој ден по една .Недела не перам оти пазам куќен ред . Одам капки да ставам.Постот 1час го пишувам. Убав ден.
^ смачкана во фацата е правиот збор Цица и ќе дремне, првата рунда која иако треба да ја укинеме, ние не можеме без неа па си ја поштуваме и понатака. Не можам да го мачам да не спие, после до 14ч нема да ми заспие. Преморен, кенкав и неќе да јаде кога не е наспан, а сега тоа најмалку ми треба. Машини вртат, маж на работа, нас нели не ни е празник па мења колеги. Ручек уште немам испланирано, нит идеја нит желба за нешто посебно имам. За бебе веќе се вари телешко мевце. Сонце надвор ѕирка по малку, па покасно ќе свртиме низ маало еден круг сигурно. Против кашлица и ублажување болки во грло, лек пак ќе прашам да не знаете? Срце ми се кине колку плаче малиов, грлото му е партали, го боли толку што спие и цвили. И додека пишував стана почна да се дави и отиде доручекот... Чистев пресоблекував и пак јово на ново Само нека поминува. Инаку ми се откорна тел од пораки, сите ѕвонат пишуваат да прашаат како е малиот, дури и тетката на мм нашла мој бр и моментално ми прати порака на вибер, зошто не ми одговараш на пораките, ама онака навредено Дал је могуче Инаку мене ми пишуваат знаат мм на раб е, нема тел и може тек после 3 дена да им врати на порака. Станата од 8 уште во огледало не сум стигнала да се видам, а не порака нејзина Отидов да потфатам уште нешто по дома, мали заспа Убав ден имајте!!!
@Ava.84 8 месеци? Тоа е премногу. Во врска со средувањето сакав да пишам дека немам ниту една слика од првите 3-4 месеци со бебе. Си велам кога ќе порасне сигурно ќе му падне сомнително ќе се запраша дали јас сум му мајка. Бев толку ужасна и грда, неизмиено лице, коса, страшило е вистинскиот збор за да ви доловам. Кога станува збор за помош сите ми се нудеа а кога решив да побарам никој не можеше. Ниту за обична прошетка немам никој а камоли за нешто друго. @emkaemka Од синоќа те читам едвај те дочитав. Кај најде толку време за постот хехехехе А многу позитивно ми делуваш во сите постови. За чистење и мене на прво место ми се алиштата и храната на бебе. Мојата исхрана е катастрофална. А здравјето набрзо ќе покаже резултати. Навистина не знам како да се постигне еве не мора се, не мора да е чисто чисто. За генералка не станува збор кај мене. Се плашам од умор да не заспијам цврсто па да згмечам бебе затоа и не се форсирам многу. Желба ми е да се бањам барем секлј втор ден, да имам три нормални оброка секој ден, бебе да јаде три оброка, да мијам лице и заби секој ден и да изгледам средено, бебе да бањам секој ден... Вака не барам многу ама изгледа премногу е. Убав ден мами! Јас многу се нервирам кога некој вика колку е топло, колку е ладно, лошо време. И денес иако вакво времето си е супер. Може да се отиде во мол не е морално секој ден на отворено. Еве на пример денес времето е преубаво за сушење облека со јаки штипки. Значи секој ден и секое време е убаво и идеално за нешто. (Една две членки погоре спомнаа дека е лошо времето но не се однесува стриктно на вас, онака секој ден го слушам тоа па затоа). Останете позитивни и од се извлечете го најпозитивното и најдоброто! Животот е еден!
Добар ден мајки! Времето ич не ми прави ќејф. Сакав да шетнеме малку со беба. Еден ден арно, два дена дома затворени. Аман од ова променливо време. Како е дома чисто? Веројатно со помош или добра организација. Јас од првите сум. Пред некој ден, додека уштр не станати со мали, мајка ми била се беше тип топ. Пресмукано,избришано,наредено. Искрено не ја ни сетивме. Станавме на исчистено. Па на сликите нормално свети. Ручек дали пет пати имам направено од кога сме дома. Бабите носат или купуваме готово. Па така сите намирени. Искрено ама ич не ми е битно колку е чисто дома, се додека беби ми е среќен и задоволен. Он е сега на прво место. Нормално, да не е запустено. Се во граници на нормала. Подобро вака отколку да нема кој да ми растура. Викендов успеавме да шетнеме со маже сами. Беби се чуваа со бабите. Умен бил многу. Немаат поплаки. Денес имав испланирано кај да шетнеме ама изгледа ништо. Никако да се разведри времето. Иако уште имам надеж. Имајте убава недела!
Вчера го видов овој лек во групата за доење.Во еден литар вода ставаш еден кромид сечкан на мали парчиња,1 јаболко на резниња и 4 оревчиња со се лушпа и вареш на тивко додека се преполови цадеш и даваш од сирупот.Јас вчера го правев и им давам на моите со шприц онака не сакаат.
Fala ti Istiot go vidov i jas ama orevi celi nemam sretnato do sega da se prodavaat. Vo sekoj sl do vtornik i nemam kaj da kupam. Go najdov isto so jabolko kromid i limon, pa eve go varam momentalno. Ke probam so malku med da go dadam, povkusno pisuvase bilo. Vkusno ili ne nemaat izbor samo neka pomaga. Tek sega doruckuvam, zdrveni przeni jajca, 40 min me cekaa. Zivotov mi e "daj pobrzaj" vi teknuva na emisijata so marce?
Здраво мајки.Ме немаше на форумов скоро две недели сакав да ве исчитам се што сум пропуштила ама многу ми се виде така да простете. Малата спие јас успеав да испијам и второ кафе за денеска читајќи на форумов.Беа тука мајками и татко ми и малата ја заспа мајками па спие од 12 часот,ама кај да е ќе стани.Времето малце грдо за шетање ама ми беше мерак и си ја маскирав за дома,а таа како да знаеше па целата радосна само преташе се вртеше.И ставив крила и ја маскирав во пчелка,многу беше слатка.Денес беше памета си ја изеде цела каша и дадов морков и тиквица ама испасирани,и приметив дека повеќе сака пасирано да јади отколку блендирано. Изминатава недела ни се погоди временцето па шеткавме цело време.Да се надоврзам на муабетот од пред неколку денови за годините,пред неколку дена направив 25 ама се чуствувам како 20,неможам да си поверувам дека имам толку.А мажми како што кажавте и вие постар е само 4 години има 29 а се понаша како пензионер,Да не сум јас ќе си станува рано и ќе си легнува рано во 10-11 часот на вечер е легнат. Ве читав последниот муабет за чистењето дома.Кај мене секогаш е чисто но морам да признам имам помош од свекрвата,И да ми ја почува малата и да ми зачисти,ма да што првата опција повеќе ја сакам оти од досада и плус без работа некако убаво ми е кога ќе зачистувам барем паметот го пуштам на пасење се релаксирам.Повеќе ми смета кога некој друг ми чисти,од огормна помош ми е некој да ми ја чува малата.Наоѓам и време да се средам пред излегување,и нешто што многу ме нервира ќе се дотерам и на штикли и на шминкана а маж ми во тренерки и патики и ајде не си пукни,секогаш пред излагање се расправаме за тоа. Едино што неможам да најдам време за депилирање ама бричот врши работа се додека не се стопли.Доколку би живееле скорз сами не верувам дека би можела сетоа тоа да го постигнам али за сега вака е. Сакав да ве прашам нешто,можеби не е за овде но ќе го поставам и во соодветна тема прашањево.Сакам на малата да почнам барем пред спиење на вечер да и давам адаптирано млеко со цел побрзо и полесно да заспие и барем да можи некој друг да ја заспие а и полека полека да ја одвикнувам од цице оти има 6+ месеци за некој месец ќе почнам и работа да барам.Има многу лоша навика што се успиваме по 2 сати негде и цело време на цице,Цуцла не фаќа и тоа и е замена за цуцла.Не дека има толку млеко,но мора посотојано да сум околу неа додека не се успие убаво оти со друго не се залажува,ни со нишање ни со ништи ако не е цицето до неа.Совет некој? Поздрав од мене,имајте убав остаток од денов
Да ве почестам и вас другачките, радост преголема ни прооде малово од доста мирно бебе денес имаме инатче мало со моторче во газот. На зборот "не" упорно и упорно тера по свое тоВа е Најмил на мајка
Istiot lek kje ti go pisuvav ama sega vidov ti go pisale vekje. Mnogu pomaga, probaj nisto ne gubis se e prirodno. Kromidot e naj popularen za negovite lekoviti sposobnosti taja da, samo napred.
Здраво друшки!!! Денот не ми минува нормално без вас! Да ми кажеше некој дека до толку ќе се навлечам на форумот и темата немаше да верувам! Ама важно убаво ми е да ве читам и да ви го раскажувам моето секојдневие! Имање бебе, одржување дом, готвење, убав изглед... ова се заедно без помош ми нема смисла! Јас не можам да постигнам, џабе се трудам! Готвам секој ден, ете таков некој страски ред имам фатено дома да има секогаш ручек. ММ бараше и навечер де пита, де пржи ми нешто ама го одучив од ова оти стварно не можам да постигнам се. Затоа навечер или порачуваме или јадеме што има во фрижидер. Средувањето на домот со тешки маки го обавувам, и знам дека не можам да постигнам да биде онака како што реално сакам да биде. Правосмукалка двапати неделано благодарени на тоа што беба ја обожава, прашина бришам двапати неделно (во спална еднаш неделно а венге ми е па можете да замислите како изгледа) . Немам низ дома украси баш од тие причини што ќе ме мрзи да ги тргам за да бришам, затоа полесна варијанта ми е голи комоди и полици па бришам за 5 минути. Детската на ќере е поплавена од играчки и се почесто немам време да ја средувам па и да ја бришам. ММ навечер нешто ако потфати таму и толку. Купатилото се почесто ми е нечисто, фајќам подфајќам кога можам и колку можам ама генерално да го испразнам и да го исчистам убаво не сум во можност. Плакарите, фиоките кујната внатрешно ... ова уште многу време нема да можам да го средам. Не ни почнувам. Најтешко ми е и најдолго време ми треба облеката да ја средам. Секој ден пуштам една до две машини, па да ги пружам, па да соберам други, да здиплам, да пеглам, да наместам.. нема крај. Ова го правам цел ден оти наеднаш не можам да завршам, па де малку облека средувам де бебе нишкам, де пеглам па де во лулката ја лулам... Да се умориш од трчеање низ три соби. За мојот изглед... кхм кхм... ужас сум. Неиздепилирена, грмушка во косата, бледа... катастрофа. Лице и заби во 12 мијам, коса не чешлам туку пунџа ја собирам. Никогаш не сум била до толку запуштена. Треба некој дете да чува за јас на фризер и на козметичар да одам. Ама кој? Стигнав ред и јас да кажам дека баш немам помош. Кога ќе тргнам на работа ќе ми го чуваат детето па тогаш повеќе ќе можам да си посветам внимание. Сега сум патки, тренерки и коса во пунџа. Кога големата дада беше бебе и ручек не правев, ми спремаше свеки... ама сега нема веќе...
Хелоу Дали сум единствена која повеќе сака дома да и е средено отколку самата да биде средена и дотерана? Значи јас не сум јас ако минимум 2 пати неделно не усисувам и не бришам прашина. Не можам да гледам расфрлано дома, нервирам се кога е така. И успевам фала Богу да ми биде средено и чисто. А тоа што ако не ми каже мм да се истуширам ќе одам небањата не е битно . Не дека смрдам, ама кога влезам во купатило, некогаш косата ја мијам некогаш не оти ме мрзе да ја сушам, па само телото го бањам. Со креми не се мачкам, ноктите не ми се налакирани, бркови и веѓи не сум средила не памтам од кога. Кога треба да се излезе само облечам фармерка, блуза,палто и патики, ако се зачешлам арно ако не косата во реп и низ врата. Пред некој ден ги шетавме со другарка децата, таа нашминкана, косата средена, а јас само зачешлана малку од малку Дефинитивно треба повеќе внимание да си обратам. За бебе готвам, за нас само вечера правам, ручаме кај свекрвата. Ама кога готвам не се жалам, тоа на некој начин ме релаксира. Оваа цела недела ми помина во чистење, пред поголеми празници обавезно на велико се чисте кај мене. На малата собата ја средив, не спие таму ама како бомба да паднало. Сега е приспособена за да си игра преку ден. Купатило чистев преска, дневната трет пат неделава ја усисував, под петоседот еден прст прашина имаше . Треба алишта да собирам и диплам. Ги пеглам кога морам не унапред. Сега се мислам дали да поспијам додека малата спие или да се средам и заличам на жена Туку малата се врте од грб на меше, како рингишпил е. Цел ден е на под и само тоа праве , многу е интересна. А почна и да јаде Да одам да си варам какао и да се улепшам малку. Вечер ќе спијам.
Ова на маж ми му го прочитав, и искоментира дека тој не бил во ред тогаш. Влегува дома и собира играчки, се нервира ако не е средено се, единствена кавга ни е дома за тоа. од мене на сите. Времето ужас, ама излезе малку сонце за да прошетаме со маската. Со плачки ја облековме, а после пресреќен беше ко виде дека сите се со маски. После на ручек кај свекрва ми, па во Џамбо и сега кај моите на кафе. Да се искористи максимално слободниот ден. @vitamina лесни чекорчиња, да е здрав и жив. Извинете што не ставам лајкови, ве читам сите ама ми одзема време од телефон, и гледам дури можам да напишам пост, ми го зема малото и го фрла. Поздрав до сите.