Добро утро. Двете деца во градинка. Конечно. Седнавме да појадуваме и слушаме како тивко врне надвор. Аиии, до толку тишина и во наша куќа. Вчера едната со термини, па со нејзе дремев таму, другата беше полна шлајм па дома... и 5 дена се фатија како не одат градинка. Добив вртоглавица од викање и плачење . Здравје да имаат тие кои ја измислиле градинкава. Сабајле татко им сам ги однесе во градинка. Мене ми збеснуваат и знаат да се жалат или плачат ако ги оставам. Дали он оти ладнокрвен него никогаш не му плачат. А и двете сакаат во раце, плус ранците... па малата количка на расклопување ја зема, малото да седи во неа, а големата во раце додека влезат и ги спреми. Му викам како ќе ти даде гаспод така, важно мир да е да нема плачки. Сега, од 10.00, па со мм имаме термин. Да испијам едно брзинско кафе и да се спремам. До после
Добро утро. Сабајлево откако ја заспав малава не продолжив со спиење, иако очи ми паѓаа, и подобро така зошто после многу спиење потешко ми е. Имав време и за појадок, и за чистење, дури и исправ нешто на рака. Некои работи не сакам да ги перам во машина. Сега кафе и малку читам тука, малку серии гледам на фокс. Сите репризи ги изгледав од серииве од ко сум дома. Ќе чекам бебе да стане и да излеземе малку надвор. Времево е милина. Убав ден.
Добромутро и од мене Денес јас частам Денес полнам 22години Деца уште спијат а јас мака мачам со болка во долниот дел од стомакот незнам што е работава ама боли страшно..Вечерва сме на роденден како ли ке одам незнам или роденден или доктор ке е ке видиме..Времево вчера а како што гледам и денес топло па по цел ден надвор..Керка уште затната а и малиот пак долги ноки си имаме Тоа е имајте убав ден мајки
@blessed.an Среќен Тууу ама си млада Здраво мами... Прославивме роденден на тато, му спремивме изненадување , го израдувавме уште го збори Па и до соседот прошетавме потрошивме некој денар повеќе ама штом маж ми вика ок е, немам гајле И крштевка на повидок се спремно, уште кафана фали . Уште нешто на повидок, ќе се почнува со работа Ем ми се оди ем не. Цела година во изолација, штикли необлечени ми фали да се средам и излезам... ама за бејбито ме фаќа носталгија уште на самата помисла Ад млеко нејќе и тоа го мислам... ма се мислам ќе спие ли, ќе јаде ли, ќе плаче ли Да го искористиме денов убав. Ми се оди да купам цвеќиња до битпазар ама ќе одложам за викендов. Купив саксии во весели бои вчера од меркур ама не планирам многу . Неколку колку да се ишара терасата, да биде весело.... и гарнитура измеркав во жолта боја за тераса, маж да премерел па ќе ја купел ( т.е јас ќе си ја купам ) Заклучив дека немам воопшто велигденски украси, некако ми падна криво, прв Велигден со синко, а имам само корпа и 2 тањирчиња и еден држач за салфетки... @LiliBoz како е јуначето? Ние одиме да нана бебе на тераса, а мама кафе да пие во новите шољи
И ние немаме велигденски украси. Досега воопшто не украсував, освен велигденската трева и јајца, ама денес планирам да излеземе да и купам нешто облека, па ќе земеме и некој украс.
Добар ден другарки За ноќта што помина не би да коментирам Станав во 6, дури испратив маж и дете 8 ме фати и пак продолжив до 11 скоро сега сум наспана Време воопшто немам за себе...за ништо Мали почна да ме дрибла поштено,не сака ни секунда сам да седи,не сака ни друг да го држи Ќерка само нешто ново ни приредува,на нејзините лудории им нема крај @danichap и ние веќе две недели се бориме со капењето Успеваме само со она што се прават балончиња (забораив како се вика ) До тогаш уживаше да се бања,преку ноќ се смена.Период е ќе помине За средување... Кога бев со едно дете секој ден си чистев,повеќе од 2 часа не ми одземаше тоа.Секогаш ми беше чисто Сега уште црви да фатиме...кога едвај еднаш неделно успевам да направам нешто А што мразам нечисто За себе од како се породив со ќерка се запоставив многу Неисчешлана второ име ми беше Сега гледам макар за излегување да сум средена,за дома никој не ме гледа (да ме видите сега каква сум магла ќе фатите ) Мм ми вели дека јас немам проблем со непоканети гости,само што ќе им ја отворам вратата џенем ќе фатат Него официјално на 27ми се селиме,а на 1ви ќерка роденден слави Како ли ќе успеам до 1ви се да наместам и роденден да спремам мм се запнал таму да го славиме роденденот Ќе ми донел двајца црнци за да ни помогнат (ова озбилно ) Ајде доста од мене,да правам кафе и да се паркирам во детска, лом е Довиџења Едит: @kallias и јас знам дека се фарбаат во четврток пред изгрејсонце ама нека кажат и другите
Dobar den. Sakam da ve prasam utre nautro se vapcaat prvite tri jajca taka li bese? Znam cetvrtok pred da izgree sonceto bese li? Sekoja godina vo sabota gi vapcam ama sega sakam i jas da stanam porano vo cetvrtok, t.e. utre i prvite tri da gi vapcam.
Здраво мајки @blessed.an среќен роденден, јас петок 23 правам @kallias четврток рано сабајле пред изгрејсонце колку за адет се вапцуваат 3 јајца или колку сакаш а останатите можеш четврток дента или во сабота, во петок не. Да пишам дури бебе спија и шпорет работи 300 јадења се прават Месев од сабајле три козињаци 2 се печат другиот стасува и ручек за бебе се вари. Понеделник прекрасно поминат ден на планина, ги наполнив батериите до следен викенд. Вчера бевме малку до град по документи малку шетнавме и дома. Вчера маж ме изнервира си дојде дури вечерта во 9 а бебе беше заспани и го разбуди да го видел па после бебе заспа дури во 11 а јас по полноќ. Сабајле станати од 8 и 30 па појадок за бебе, малку му пуштив цртани дури месев па игравме и В кревет во 12. Си велам ќе спија до кај 3, да до правам јадењава. Уште кифли ќе месам утре и доста е, а и торта една ќе направам таман ми е роденден па и за Велигден ќе има десерт. Се мислам што за ручек за Велигден. Мм за малку ќе ја продадеше колата вчера ќе го убијав, не се живее без кола. Сабајлето се премислил. Само ги сменува оваја ни е 3 та од како сме овде. На бебе мислам дека ќе му излези двојка долу, гледам ептен е бело немцето ама не грепка. Утре сме на контрола и вакцина ќе прима па сум загрижена од сега . Тоа е мајки да одам да си ја до завршам работата Имајте убав ден @Mari* каде се селиш друшке У град ли?
Не,во поголемо село одам Ама градинката ми е тука,два маркети,доктор,аптека и банки (чак две ) додека овде немаме ништо
Dobar den majki, Samo da ve pozdravam,da cestitam rodendeni na site so zakaznuvanje,na Bubale da i posakam pobrzo ozdravuvanje
Здраво! Дете заспа, ручек му направив уште сабајле, за нас малку подоцна, веќе е време да почне да јаде од нашите јадења ама уште не ги сака. Завчера правев полнети пиперки и се надевав дека ќе јаде, ама таа само ги плукаше, среќа што претпоставував дека така ќе биде па имав резерва ручек за нејзе од тие нејзините бебе манџи. Туку многу сака да јаде леб ова мое дете, само си вика епче, епче и да е најадена ако види леб пак бара. И не само леб туку се што е месено, пример пред два дена правев кифлички и посотојано ги бара кифи, кифи и си јаде со сласт Јас сум со болка некоја во вратот изгледа лошо сум спиела кога станав целата здрвена бев и еве не поминува. Вчера еден саат вртев со количката по населба и еден час игравме во песокот, ама времето беше преубаво, денес секо на ј дваесет минути се менува, де сонце, де дожд. Кога бевме сами со сопругот не фарбав јајца, а од лани почнав, но сега заборавив да купам боја па му се јавив да купи ако останало нешто по маркетите. Ако не ќе си купиме фарбани За средувањето не се изјаснив, по дома сум хаос откако имам дете во споредба со порано кога секој момент бев средена и да требаше некаде да се оди немаше проблем, но сепак се трудам да изгледам пристојно во чисти хеланки или тренерки и маичка, коса најчесто соберена. Кога излегувам по населба или до маркет се пресоблекувам посвесно и чешлам коса, некогаш и пудра имам и лабело ама ретко, а за излегувања од типот прошетка во град, по шеталиште или во друг град или по бутици мора да сум тип топ инаку не идам никаде. Во глобала многу заштедив на шминка откако сум тука оти во Мк еден корак од дома бев со комплет шминка а тука не, едноставно друг стил на живот се води. Убав ден.
Епа супер, и ти како мене од село В село Кога ќе ми текни на селење коса ми се крева, страв ме фаќа А ти па и со две деца тешко ќе ти биди многу, издржи. Јас имам чувство дека уште не сме до средени а ова ќе ни биди трет месец овде. Да си бевме по блиску ќе ти помогнев
Најдов време и ја да пишам на брзинка. Ја и бебе подобри сме . Сега конечно го пијам првото кафе конечно. Сета среќа свекор ми се зажалил за внукот и дојде да не види. Му го дадов внукот количката и списоче мини за у маркет и заминаа да се шетаат , за тоа време ја кујната цакум пакум. Поседовме после со свкорми , се помуабетивме и си отиде човекот. Сега го ранев бебе и го остаив во дубак за кафе на раат да испијам , вечер ќе шетаме со мм и со бебе , така се договоривме. Каснам малку ама гледам сте зборувале за средување . Јас и дома да сум цел ден насабајле наоѓам време да се нашминкам , пудро креон и маскара , а два пати во неделата се пеглам , пошо два пати неделно мијам глава. Многу ретко ако сме болни тогаш може да не се нашминкам. Инаку за шетање фармерки маица и палто , коа шетаме со бебе. Со помин на сите дечиња и мајки што се болнички. Имајте убав ден.
Добар ден Со малово се гушкаме а може и ќе заспие. Овие 2 3 дена како воз да ме прегазил.вчера чистев долу кај свекор ми и се му исправ и кебиња и алишта тепих се...и му кажав не пуши цигари дома туку надвор па и децава да доаѓаат долу да си играат.Од сабајле го носев големиот да му вадат конците па се вративме земав малото ставив во точакот на буткање и плус големиот и правец кај докторката.Блиску ни е пола саат со влечкање одење стоење....Ок се децата здрави прави ама буфтат кашлат носови течат мрсули до земја ама битно се здрави така вика таа И си дојдовме заспаа и двајцата па додека измив и ставив ручек станаа и 2та.Ајде по надвор во двор кај кокошките зајчињата ги раневме си играа сега тревата да окосиме... Утре да докупам што треба И да ви кажам јас немам време ни очи да измијам а се чешлам 3 пати неделно може и 1 е се бањам на рати еднш тело па коса или обратно. Бреј колку ми се спие... Ајде да се фаќам нешто за работа мене ме чека нема кој друг Убав ден мајки...
Ајде и јас да пишам кога сум веќе слободна, поточно заигрена со дадичката. Лежам у детска на подот и изигравам повреден пациент а ќерето е докторка па ме лечи. Си играме , дете пресреќно а и мама со неа. Беба си спие, вторпат од сабајле. Стана во 11, заспа во 13 и спиеше до 15 и ете сега пак заспа. Супер, оваа дремка нејзина ќе ја искористам за занимавање на дадичката, првата дремка ја искористив за ручек и раскревање. Велат спиј кога бебе спие, е спиј де кога имаш обврски низ дома па и друго дете. Затоа сум среќна што бебката знае да се заспие и дење за јас да завршам нешто низ дома. Имавме време и на воздух да излеземе малку, ни годеше и мене и беба. Беба има занимација - рацете во уста и си ги смука малите нежни прстиња. Многу ми е слатка! Ајде, време е за инекција па докторката моја ми рече да оставам телефонот
@snegulkata ова важи само за тие кои имаат едно дете Ајде добар ден и од мене.Решивме се додека е убаво времето секој ден да го вадиме мали надвор и секој ден различна локација.Тука каде што живееме има многу зеленило зимоска не видовме магла дури не знаеме ни како изгледа.На секој чекор рекички трева и чист воздух.Омилена игра ни е фрлање камчиња во вода дете прерадосно. Има и новитет денес требаше да добијам ама уште вчера направив тест и оп бледа црта.Стварно неочекувано мене измешани чувства претежно страв.И сакав да се мала разлика дури и помала него сега ама незнаев како ќе биде скроз сама со две башка и јас невработена.И си рековме не го правиме со намера него тук там па ако биде ок.Ете бидна и тоа лесно.Мм ме теши вика знаеш ли луѓето колку се мачат да створат дете.И така е со Господ напред па биде што биде.Рано е за на гинеколог ќе почекам две недели.Разлика ќе бидат отприлика 2 ипол години. Сега се одјавувам маже ме чека за средување.
@blessed.an sreken rodenden,samo ubavini @simona_baby cestitki,so lesno .Ubava razlika vo godinki ke si bidat
Добро вечер. Ден турбо ама во шетањеВременцето 21 степен.Жешко.Малата дури 2пати ја прошетаѕме по 2 часа. Со новиот тротинет/точак само го бутка и вика мама ти , демек јас да ја буткам. Инаку фала Богу е подобра.Тт немаше , ама не плака како што плакаше.Весела се смее и само не гушка и бакнува и вика тао @blessed.an среќен роденден да си жива и здрава Стварно млада @Mari* со лесно селењето да ви е Јас кога ќе слушнам селење коса ми се дига, а поминато е 2 и пол години. Бев 3 ти накај 4 месец трудна и уште повраќав. Цела недела пакувавме, а немавме многу ствари ништо не купувавме оти сакавме да се селеме . Вечерта пред селидбата до 2 часот собиравме , а мене кога ми се подигна трчам до веце ама не додржав и ѕидот во претсобјето лом го направив А бев боровинка нешто јадена , мм го мораше во 3часот да го бели оти сакавме одма да ги предадеме клучевите Имавме фирма ангажирано ама пак е се на нас. Ова ни беше 4 пат да се селиме од кога сме дојдени @simona_baby честитки со лесно да ти биде бременоста Добра ноќ на сите
Здраво и од нас...конечно продолжен викенд па одиме за Берово утре. Искрено да ви кажам едвај чекам да се тргнам од тука, нема да ми се враќа знам. Ама тоа е, мора и дома да де дојде. Некои работи не одат по план се пролонгираат а јас се нервирам. Мислам никогаш нема да се среди. Вака добри сме. Бебе кога 1 кога 2 пати за цицање се буди, преку ден исто мака мачиме како и до сега. Ми треба издувен вентил. Ни психијатар не ми помага. Се спакувавме..уште ситници некои што се од фрижидер, четки паста, и утре чаоо едвај чекам. А ме фати паника искрено, ама и не било толку страшно да спакуваш дете. И така...тоа. Убаво да си поминете за празникот.