@blessed.an среќен роденден девојче Ако не купи ќе фарбаш со куркума, љушпи од кромид, виолетова зелкс, цвекло. Нема оправдување @simona_baby честитки за двете цртки. Добро вечер. Конечно седната. Цел ден на нога, мислам ќе се онесвестам. Станати од 6:30. Спремав доручек за синко, јадеше па го пратив надвор со мајка, а јас го пакував, чистев купатило, спремав ручек за него. После се удрив и јас на шетање, па на ручек кај моите. На враќање синко заспа, па си останавме уште надвор. Затоа сега незнам што ме боли, а допрва да допакувам и да смислам како да станам јајца да вапцам. Туку кога е изгрејсонце, да знам кога да станам. Имајте убава вечер.
И да знаеш дека не нашол ама затоа 3 кила кромид ми довлечка, а некако баш и немав желба за такви ама тоа е. Ќе правам пудинг ајде повелете сакате карамела, ванила или чоколада тоа е моментално изборот. Гуте нахт.
Дојдов на кратко да ве поздравам. Времево милина па така му и личи за април шетавме користивме. Дојде 9 јас капната сум веќе, си велам кај ми е младоста за дотеранки и излаганки. Се осекам како да го преминав тој период па исклучувам батерии и легнувам. @danichap мојов се пушташе пред месец дена, почна по малку по малку .. в недела кога месевме постапалки реши да почне за оди толку многу подобро и веќе еве го неколку дена шета цврст е, знае да падне ама не колку порано и најнов мајмунџалк му е да гура стол количка трицикл а да влезе тоа потешко да се вози. Сега сме во фазон лулашка па од денешниве плачки за лулашки решив да одам да купам бушам и закачам на тераса и утре ќе се луламе дома таман одишка ќе имаме. Се спремаме за драги гости периодов и убав празник.. Чекам тлеам и се надевам за убава и нова етапа од мојот живот. До тогаш си молчам и колку толку уживам и одмарам мозок од се.. ми требаше. Убав ноќ. Поздрав мајки..
@Ano малово претежно пред изгрејсонце ме скорнува да кака, па околу 5ч некаде веќе треба да си станата и да вариш Јас купив обична црвена фарба и една ,,чудна,, не знам што техника е, зедов и некои циркони и пеперутки, па ќе се позанимавам малку дур се олеснува бебе А ако утне, ќе фарбам кога ќе станам, што дека, саат да навивам само за јајца ми стои како луксуз оваа година Јас стандард фарбам 5 или 7. Туку убаво ми текна да ги одберам кои ќе бидат, да ги измијам, средам, сабајле само да го уклучам апаратчето
Како да ме слушнал Фала на инфо. Ова да знам на кое цицање да станам да варам јајца зошто се сомневам дека ќе ме почасти со долг сон, а и да се успие максимум му е 5, па тогаш ќе си станам. Јас со желатинот ќе се забавувам во раните утрински часови. @vitamina лесни чекорчиња на баткото. Сега дефинитивно се одјавувам и одам да легнувам.
@blessed.an среќен роденден девојче, ил ќерко да те наречам , јас за некој ден 41 машала ќе си правам па за малку дупло постара од тебе комотно мајка можам да сум ти @vitamina лесни чекорчиња на дечкото убав Јас не сум фарбала никогаш пред изгрејсонце во четврток обично оставам за сабота, му викам на мм ионака се будиш у ниедно време и ровариш по дома земи офарбај едно 2,3 . Не знаел како хм Децава не прибрани дома ми се деновиве, не можат да се изнаиграат надвор ама фала богу бар побргу заспива звере. Ја фаќа лудило пред спиење и бара причина за плачење. Зошто плачеш?-не знам, ај исплачи се и викам и ја чекам да се смири ако и текне ако не почнувам со глупости да ја заплашувам колку и да не чини не иде ќе ти ја пукне главата. Денес ја фатив на препад, си ленгнуваме, се мува и се шуња гледа што рчка да најде па почна да се буни перницата и била многу горе, па била многу доле и тамам да почне да се треска од земја и викам е аман веќе не туку ми наоѓај причина да плачеш досадна си веќе. Не верувам дека ме разбра ама вајда ја збунив со реакцијата и заќуте. Ноќеска нешто се караше со некого у сон (вајда со брат и) почна да ржи да мафта лево десно и кога ми се сврти и ме загриза за цицка господ го видов . Значи после 8, 9 ко ѓаволот да влага во неа колку збеснува, преку ден е златна (освен кога се закачаат со брат и) Се распишував а време е за спиење. Гуд најт
@simona_baby со лесно бременоста И јас сакам многу дечиња со мала разлика, ама не ми држи уште, некој страв имам во мене. Јас си седам така во тишина и се мислам дали сега да ги фарбам јајцата или мора пред изгрејсонце кажувајте? Некако ми се приспа, чудно. И така прекрши полноќ. Уф што да правам Џабе ќе правам аларм, знам дека нема да можам да станам. Ќе поседам уште малку може некоја ќе ми одговори Инаку бебе си нана од 9 ч. Јас средувам некој документи па правев домашна урда за бебуш и така. Добра ноќ мајки
Домаќинки офарбавте ли јајцата?!?! Мене ме разбуди беба оти у тоа време станува за цицање, ама и ми се расони и сега си седи будна. Дури се занимавав јас со јајцата она си се подразбудила и ете ја сега свежа чиниш 9 сабајле е а не 5. Ништо, ќе си дремиме до кога не се заспие.
Јас вапцав 3 утрово. Ги извадив на тараса во саксиите за да фатат утринско сонце, и таман да влезам внатре огромен бумбар ми се пикна во косата. Влегов со викање, со трчање ко на филмовите, мм стана мислеше си ја запалив косата. Среќа избега бумбарот во лустерот тавански и се испече. Нема шанси да презаспијам до на работа.
Да се пофалам и јас завршив. Сите ги исфарбав за да можеме да се дадеме на шетање. Може само да прошарам некпе после Ај да пробам да дремнам дур не станал синко.
Утро! Убав ден денес.На вакви денови многу ми е убаво.Незнам некоја позитивна енергија имам.Порано не сум станувала,сум ставала јајца во средата вечер,сабајле да ги извадам (ова адет од мајка ми а нејзе од мајка и баба).Може па ги мрзело да станат.Другите во сабота. Лани решив да станам пред изгрејсонце и си ги вапцав.Исто и годинава,до кај 4 ипол беа готови.Па си прилегнав,па пак станав да испратам дете на школо.Па бебе презаспивав. Не фарбам многу,но уживам во адетот.Сега бебе дур спие да си украсам масата.(ако не ми стане).Па после ќе одам кај моите да подлегнам троа .Имаме и на школо некој велигденски настан попладне и ќе летне денот. Вчера на мм му текна да одиме на кафе.Не памтам колку време не сме биле сите (освен на пазарење и кај баби).Што убаво ми дојде.А и нему.Камо да имаше повеќе време.Морам да најдам работа,мислам повеќе ќе балансираме така.Ама прво да се одбиеме од цице. Инаку бебе конечно прооде.Не е многу сигурен,но веќе оди сам.Ми се врати она исто чувство,од кога прооде и првото.Прв чекор кога ни се одвојуваат од раце.Нека се живи и здрави само. Убав ден!
Добро утро, јас ненаспана. Ни јајца ни бутур, да не е свеки ќе останевме без јајца. Беба ја вакциниравме вчера цела ноќ со тт беше. Не висока 37,5 до 37,9 ама ме остави без спиење. Големава ја однесов во градинка сега шмркам кафе и чекам да се разбуди бебче па да се дружиме. Колку време обично трае тт од вакцина? Поздрав девојки
Добро утро. Нека ни е за многу години и за убаво празников. Кај мене свекрва ми станува ги вапцува првите јајца,јас шарените. Еве го синко цртан гледа,јас кафе пијам па да се фатиме за работа да шараме јајца.Па да направам нешто благо,за празников најверојатно ке одиме неколку дена да одморам и јас.Засега толку од мене.Ве поздравувам. Побрзо оздравување на болните,лесни чекорчиња на од @vitamina лепотанот,гордо да чекори во животот.
@kristina.k ме изнасмеа вака посабајлечки за бумбарот Добро утро. Јас вапцав 3 јајца уште во 1ч што има врска секако веќе е четврток а е пред изгрејсонце. Си легнав синоќа во 12 и не бев заспала уште кога малава се разбуди, и дадов да цица па си реков сега ќе ги фарбам, да не се успие малата и стане покасно , а аларм за јајцата не планирав да местам, малава ми е аларм. Црвени се, убаво се бојадисаа со оглед дека беа бели,домашни. И таман си легнав малата почна да прета, да се врте, да пиште. Станав, видов малку какала и ја пресоблеков. Се разбуди, ја ставив во креветче иста приказна, ја ставив до мене на спална, м'мкаше, пиштеше, вртеше се, почна да плаче, не сака да спие. Ај ја однесов во дневна, и дадов да цица и заспа, само што станав да ја носам во креветче ги ококори очите. Плаче дете не сака да спие, си гука,претка, сака да си игра, расположена и наспана е. Маж ми ја држеше, си пеевме песнички, шлакаше со рачињата на тапшин тапшин танана. Штом ја легнам плаче, се дере. Едвај ја успав некај 5. И така јас се на се спиев 3 часа оваа ноќ. И онака имам проблеми со спиењето. Да станам да правам едно кафе, мала не ми се верува дека ќе се разбуди, па да можам да пијам топло кафе во мир. Ајде кој е за.
Добро утро . Убав ден денес.Станав како што е редот пред да се раздени и си фарбав јајца . Мислев дека малото ке спие ама и тоа стана уште во 6. Им се израдува на јајцата дури чудно ми беше мислев нема да ги примети . Скрши 2-3 , го скрши украсот кај што стои првото јајце Си редеше мандарини во корпата со јајца многу ни беше забавно .Палавко е станат скроз . Денес ке шетаме , па ке се бањаме со јајце .Се да испоштуваме по ред Јас уште се мачам со увото , уште затнато . Се надевам наскоро ке пројде . За празников сме дома,не се организиравме да отидеме негде. Ке сетаме парк-водно Одам да пијам кафе и да поработам . убав ден
Добро утро. Пишувам само да ве пофалам млади мамички и вредни За многу години празникот. Кај мене мајка ќе вапца во сабота или ќе купиме вапцани. За тукашниот извапца 4 оти едно и се скрши со бојата што ја купив , за проба. Не испаднаа баш нај. Демек ќе купував украси ама не стигнав .Сега само корпа и некоја трева со пеперутки имам Многу сакам во сабота на црква да одиме ама многу е далеку и мм не сака едни познаници да сретне оти го прашуваат одма колку заработуваш, Ава колку , кирија колку А он не знае да трае и да каже тоа е лично се си кажува и после со мене се кара Туку денес на дожд се спрема Убав ден мајки
Додека не ги покажете, не верувам дека сте станале пред изгрејсонце да вапцате јаја И јас станав пред изгрејсонце, во 8ч па што сонце нема денес, се рачуна нели дека е пред изгрејсонце Те ги, толку од мене и мојата креативност за овој Велигден
Мислиш на витамините кои ги пиеше додека беше бремена? Јас да. Си пијам и сега. И за време на доење се пијат.
Добар ден лепотици. Денес се радувам толку многу, споен викенд, празник, лепота, не сум најдомакинка не вапцав јајца пред изгрејсонце ама тоа е, мислев свеки ќе вапца хихи не се разбравме, ама и да ми кажеше дека нема да стане неззз дали ќе станев, малата ме бара цело време ако станам од кревет од спиење. Туку еве сега да го завршам постов и одам да си купам некоја боичка за јајца од оние желатинова, брилијантна, бисерна некоја таква. Се мислев дали да фарбам ама како нема, морам да фарбам јајца, нели детево ќе ми се радува на јајцата - коко според неа. Еве додека го пишувам постот ме фати некоја еуфорија, празнична. Надвор сонце нема, па што ако нема, мене некако ми е топ,плус веќер сум на некоја си презентација.... мм ме намести али тоа е. инаку за фалење сум, цуца има две нови запчиња две тројки!!!!!!! Едната е повеќе излезена од другата. Срце мајкино, ја прашувам каде те боли и покажува на запчињата. Да можам би и ја земала болката ама ете не се може. Не можете да замислите колку се радува на братучедите, пресреќна е, вчера сабајле кога го виде бато, дека дада спиеше нели, го допираше какоо вистина е или сон, душа ме топи со се што прави, па дури и со крокодилските солзи кои ги лее при обидот нешто да направи а јас ја бојкотирам. Немате појма колку плаче, галена една, ако не е по нејзино, ааа душиче мамино така нема да се може,, не е се на тацна во животот иако посакувам и да ти е, што па мора да се измачиш за да добиеш нешто. Не дозволувам нешта со кои може да се повреди, а другото што е за играње нека игра дете е. Најнов ни е нешто како мобилен телефон од рамстор и го купивме со Маша и Медо и свети си свире нешто па мн си го игра. Се надевам нема и оваа играчка да и ја кренат, оти нели баба и дедо сите играчки од татко и итеткаи ги чуваат. Па дете е оставете го и да скрши нешто, ама ај кренав раце од нив, само нерви си трошам на нив а залудно е. инаку за продолжениот викенд сме дома, мм не може да излегува надвор од градот, заради работа па ќе си бидеме во околината, ама нека ќе дојде и сестра ми, па со најблиските и најмилите најубаво е!!! Поздрав драги мајки!!!