@blessed.an Среќен роденден. @simona_baby Честитки,со лесно бременоста Напишав пост ама ми се избришал па еве нов да пишам. Никогаш мајка ми и свеки не ги вапцувале јајцата пред да изгреј сонцето.Мајка ми ми има кажано дека на гладно не се вапцувало секогаш ми даваше нешто да каснам демек не чинело. Сношти ги избришав јајцата и ги накиснав во вода.На мм му реков ќе станам рано да ги вапцам пред изгреј сонце кога Матеј ќе се разбуди за сок и сируп Но тој ме зарече,ми рече "не ми се верува дека ќе станеш". Станав да,и си прилеггнав ама ич да ми тегне дека треба да вапцувам јајца.Сабајлево рипнав од кревет гледам сатот 7 и право во кујна гледам свеки ги ставила јајцата да се варат.Јас направив кафе пијавме и се фативме за работа.Свеки една табла со лушпи од кромид и црвен вапца,а јас друга шарени.Во меѓу време синко се разбуди го пресоблекував,вадевме мрсули,инхалации,сируп и му дадов едно јајце да го шкрта и сол го направи Вчера ја перев завеста ден и ноќ и мм ми ја намести ама како не прашувајте,однопаку синџирчето наместо лево тој од десната страна. После ручек мм да си дојде од работа ќе одиме на контрола кај матичната за синко да го наслуша.Уште мрсули има до колена,свири целиот,шлајм пол е, кашла бувта,сируп испијан.Кога ќе оздрави 12 дена дете под антибиотик...уф маки наши... Одам да исцедам сок и да го заспијам ѕверов. Имајте убав ден
Малку да ви се смешам. Многу интересна емисија на телма во 0m+. Кој може нек врати наназад и нека го слуша докторот
Ние бевме со цефаклор и уште имаше зелени мрсули и земав денес на лекар пак носам и му реков дај појак сируп и ни даде зинат мислам беше кашшла многу многуу и полн носот му е.
Добар ден Уште една напорна ноќ, малиот ми се настина и ќерка подкашлува ама тој со носе затнато аман веќе Таман ќе здивне човек Сабајле едвај станав за да ја спремам големата за во градинка,ни јајца ни ништо не ми се гледаа Ќе се купува и годинава готови Сакав да продолжам со спиење ама мм сакаше да одиме на доручек и ништо од спиењето Да продолжам... Шетнавме со маже и синко,колку е лесно со бебе Кога сме со Могли пазарењето ни е хорор Сега почна нејзиниот омилен цртан Синко спие, како би дремнала и јас ама тоа ако заспие таа и не се разбуди синко Сакав да пишам повеќе ама едвај гледам Имајте убав ден
Добар ден мајки! Малиша синоќа не држеше будни од 01 до 04 часот т.е татко му повеќе. Па нормално и јајцата беа вапцани на време. Знаеше дете дека мама има работа. Прв пат му се случува ова. Знаеше саат два да остане буден и после ќе заспие. Ама синоќа енергија полн. Среќа не плаче ама си глецка и сака внимание. Го превзема татко му па јас сум успеала малку да дремнам. Сабајлево едвај се разбудивме двајцата во 10. Среќа заѕвони мајка ми. Денес мама си пееше молитва. Па може дете возбудено беше. Стапнавме на фамозните 40дена. Деновиве кога шетавме, па на сите прво прашање беше направи 40денови. Кога ќе им кажев не добивавме по некој чуден поглед. Ама нас гајље ни е. На топло време не се седи дома. Времето тмурно ама не е ладно. Прошетавме тројцата со маж ми, а дете топ не го буди. Испративме тато на работа и се стациониравме кај моите. Па мама може и да одмори малку. Убави празници да си имате женски!!
@simona_baby cestitki na vtorata crtka i so lesno neka e! @Saraa kolkava e malata?Moevo ima14m i mn mu e nabubreno kaj trojkata...mozno li e zapce da vadi.Im nogu e nervozen... Ah majki sto ste vredni,ste izvapcale jajca,BRAVO! I mene ovoj Veligden merak me fati(lani epten bese mal i nemozev da se snajdam) pa ajde ovoj vikam ke si vapcam sama. Odbrav tehnika so zelatinskite boi,mislam najednostavno ke bide. I ke isfarbam desetina,ne mi treba premnogu.Si kupiv cokoladni zajcinja=jajca,i taka nekoja dekoracija sama ke si napravam Milo mi e sto e prodolzen vikend.Ostanuvam vo gradov,ama planiram da se setkame poveke.
@TarantulaA горе долу возраста не е некое мерило во поглед на забите, секое дете си е индивидуално. Мојата за некој ден полни 19месеци. Пред неколку дена кога ја ѕиркав за да видам до кај е ситуацијава, дека не дава, таму кај што сега се подизлезени тројките и беше мн набабрено и црвено, така да Може и запче да излегува.
Добар ден мајки..Малиот спие а керка гледа цртани..Конечно стигнав до кафето..Мајки јас навистина незнам како чистите а сте сами јас денес се нафатив да чистам ама никогаш повеке..И пак не бев сама баба ми ги вртеше децата ама се знае колку може таа..Мислам умрев..Јас џогирам тие со влечки и двајцата внатре ги вадам пак додека се свртам едниот пак влегува го факам го вадам па деугиот и се така додека не ми дојде преку глава заклучив и ги оставив надвор секако баба ми беше почнаа да цикат да плачат ама неможе..Едно време се стишија викам баба ми ги залажа и си работам завршив излегувам надвор што да видам..Имаме на тераса за обувки што ги носиме секојдневно сите извадени и низ двор преку тераса мават ли маваат..Ми се стемни ги земав на малиот млеко и заспа таа е мирна и гледа цртани..Ама никогаш повеке не чистам кога нема никој дома..Керка уште со растечено носе се спремаме за роденденот во недела..Јас утре сум на фризер малку ме предомислуват од дома дека утре ништо не се правело а јас ке сум се правела .Ама нема ништо слободно кај мојата фризерка пред велигден а сакав да роденденот да сум средена па кога рече дека работи си закажав..Што мислите вие..? Да одам или не..? Синока роденденот супер го поминавме цел роденден во игротека си го преседев Тоа е мајки се распишав имајте убав ден
@kallias. @flower30 Пијаше амоксиклав,бев и на педијатар не дава а полн е шлајм,мрсулите зелени се.Матичната ни даде најак што можи да даде сумамед.Пијаше три дена и денес на контрола сме и крв.сл. ќе правим, па ќе видиме предходно се беше во нормака.
Поздрав женски, уф што сакам кога ви упатувам предвикендашки поздрав а не е петок Јас привршувам работа и брзам накај дете, неизмерно им се радувам на деновиве дома. Денот ќе го завршам со заслужена масажа, не знам која членка беше скоро ама се сложувам дека ептен е ефективна. Јас на сите мајки би им дала бесплатна масажа еднаш неделно, платена од државата Откако почнав со масаживе се препородив. Периодов почнав некако пак на себе да си удоволувам, пошто се заборавив скроз. Инстинктот те води прво за дете, па за дома и кога ќе дојдеш до себе веќе си исцрпен. Така бар мене ми беше. За шопинг воља немам сеуште (диета во тек) ама ете за масажи, карти за театар, концерт да. Го воскреснувам социјалниов живот На домаќинска тема- јајца ќе се фарбаат во сабота. Се надевам на "помош" од ѕверчево. Договорени неколку дружби, во сабота и на именден кај братучед ќе се оди па се на се времето исполнето уште од сега. Ах да, спремање дома оваа година- ич. Купување се што може готово и спремно, фаќање ручеци по баби Немам намера да заглавам 4 дена во кујна. Денес ќе се подзачисти нешто и толку ќе биде. Имајте среќни празници и поминете ги со луѓето кои ги сакате во добро здравје. Олабавете се и гушкајте се силно, малку време има
Ај да напишам и јас два три збора предпразнично. Одамана не сум пишала зашто заглавив ептен со работа то ест сама си се натоварив со работа ама не се жалам. Интересно ми се виде. Само што сум ептен исцрпена. Инаку сабајле станав по изгрејсноце: ако станам пред немаше да доспијам. Вака станав накај 6 и пол и за адет вапцав 3 црвени јајца. Другите здравје во Сабота зашто треба прилично да вапцам. Една табла бели, една шарени. Ќе чекаме гости па ќе требаат повеќе. Од лани се откажав од желатински бои и слично па си ги фарбам со пена за бричење. Така ми се допаѓаат повеќе. Уште малку па да одам дома на продолжен викенд (од Сабота до Понеделник) утре имам работа што ќе ја земам со мене дома.
Да пишам уште нешто, креветче сум и изгледа ќе потрае Синче како се роди не се освести, ама денес го спопадна ептен спавачка болест Стана во 8 до 9.30ч едвај издржа буден и нетрпеливо, да не речам нервозно ме чекаше да го успијам. Спиеше до 13.30ч кога го разбудив и таман тато дојде, направи кафе, временце убаво, па се наредивме на тераса. Супер викам да пиеме кафето, ќе ставам кенгур на грб и ќе мерам улици еден час, ќе тежи ама нека, секој ден во најубавиот период од денот тој спие. Епа супер план, ама не бидна Уште бев на втората голтка од кафето кога рече дете го фаќа револуција, прди/сере/се стиска и кога оп што да видам отишле каки до грб Ајде соблакање, па демек ќе го забришувам, аха го грабнав и под туш, па тоа што сакав да му облечам не беше пеглано, па пеглав, дури се наместиме, па да истљам алиштата и оп минало 1.5ч на бебе пак му се спие И еве пак спие Денес немаше баш сонце, уствари едвај некој зрак продре, ама сега се стужи, се наоблачи, каде и да е ќе спљуска А јас моментално си седам во тушина, затемнето и си го пијам конечно кафето (Не ќе да моево вака испарува ). Сабајле кога вапцав јајца ми текна дека се бањаат деца со црвено јајце, па во план сум да пикнам едно на крај во кадичката дури се бањаме не за друго, една слик да направам Пред некој ден спремив надвор да правиме Велигденска сесија, наместив зелено ќебенце, јајца, велигденски играчиња, зедовме и едно зајче (вистинско од тие за јадење на малово ) и цела среќна, весела убави слики ќе биднат.. Ама не бре, кога рече бебе вришти, плаче, сонцето му смета, па ај го тргнавме под сенка, патиките поинтересни излегоа, се витка, се тегне, се кифли по нив, па по борба од 30мин баталив, слика ниедна како што треба А зеко мирен, питом, каде го оставиш таму останува. Па решив денес, утре да го качи мм горе, па ќе ги сликам во соба каде нема сонце @blessed.an не се работи домашна работа утре, а фризер не е една од нив, иди и ич шубе да не ти е Отидов и јас да прилегнам.. Почна да врне..
Добро вечер. Купи му на дечкото наочари и нема да плаче. Јас го подновив мојот пред некој ден. И за чудо сака да ги носи Ние киднавме од дома. Се пријавувам од крај езерото, иако не го видовме зошто доцна стигнавме. А и утре како што се прогнозите за дожд тешко дека ќе го видиме. Ај може ја згрешиле прогнозата или барем утрото ќе може да се искористи. Имајте убав празничен викенд каде и да сте и гушкајте се со најмилите. Јас отидов во кревет зошто од 4 сум станата.
Да ве поздравам пред да си легнам ,станата сум од 7 денов вечност ми се виде некако .И јас како емка јајцата во 8 ги офарбав и мене тогаш не ми беше разденето уште додуша само три офарбав другите во сабота .Некако уморна сум деновиве бебе ме уморува мислам дека е хиперактивно ,а и несака веќе ни 5 мин само да поседи неможам ништо да сработам од него ,среќа што деновиве сонце па цел ден шетаме со количката .Денес не ни се погоди денот баш за шетање ама сабајле колку толку искористивме пола саат да излеземе .После тоа бев до кај педијатарот ни го смени антибиотикот ,пошто бебе ми повраќаше многу од сирупот зинат.од утре треба да почнеме со амоксиклав па ќе видиме како ќе ни оди .За празников ништо немам спремено ,ама утре здравје во план ми е да направам едни кифлички и тортата на Лилибоз . @blessed.an среќен роденден се најубаво @simona_baby честитки со лесно да си ја износиш бременоста . Добра ноќ