Христос воскресна ,за многу години празникот мајкички Навратив само да ве поздрацам и да ви посакувам на сите убав празничен ден на сите
Христос Воскресе ! Кај нас помина 7-8 деца.Па моите ги одведов тука до нас блиску едни роднини на мм таа жената многу ги сака и однесовме јајца малку поседовме и си дојдовме.Поиграа во двор ставив ручек и малото сега заспа.После ќе ги носам до кај баба ми.А вчера цел ден бевме кај мајка ми.Татко ми имаше именден дојдоа братучедите со нивните дечиња и се изнаиграа и после заспаа за 2 минутки. Ви посакувам убави велигденски празници со најблиските. И времево се погоди.Топло и сончево. Поз мајки....
Христос Воскресна! Срекни празници Ние денес станавме и керка право праша каде е тортата Денес од мене и торта и пијачка повелете само Пресрекна за роденденот и само прашува кога ке одиме Денес мојата прва срека полни 3години Како лета само времето Кога подразмислувам малку подлабоко солзи ми течат сакам секогаш да се деца ама нема Малиот заспаа керка игра во двор а јас ке испијам едно кафе во тишината ке налакирам нокти после незнам колку месеци и ке почнам на рати полека полека да се спремам Иначе кај нас не шетаат децава јас кога бев мала обавезно другарчиња и шетавме ама сега и децата не се веке како порано Имајте убав ден мајки
Христос Воскресе! Навистина воскресе! Наминав само да ве поздравам дур спие бебе, ручекот негов е готов, да стане па ќе одиме кај баба на гости. Убав ден, сончев ден, мене душата ми е уште празна, ама се смеам и се радувам за моето сонце. Животот продолжува! Ве гушкам!
Христос Воскресе!Навистина Воскресе!Среќен Велигден ! Среќа ,здравје и љубов во секој дом. Убав празничен ден на сите
Здраво мајки, среќен празник на сите што празнувате, Христос Воскресна, за многу години да ни е. Многу здравје кај сите, мир и среќа во домовите.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Убав сончев ден се погоди за овој убав празник! Станавме касно, одморени и расположени... ММ спреми брзински појадок тостови, се дотеравме и излеговме од дома. На ваков убав ден и на овој празник не се седи дома. Бевме во парк, дадичката се изнаигра , изнатрча и се виде со другарчиња од градинка па заедно се лулеа на лулашки. Беба уживаше во количка, си глецкаше со сините очиња и остана будна 2 саати колку што шетавме. Она обично на секој час ипол сака да спие ама овојпат реши да не пропушти ни дел од прошерката и не заспа. Затоа сега 3 часа ми спие кај мајка ми. Дојдовме овде на ручек, како што е ред за празникот голем. Мајка се спремила со мерак, па убаво се нагостивме. Сега се повлеков во спална да одмарам па кога ќе стане беба си одиме дома. Одамна не сум се осеќала толку убаво, се надевам ќе потрае. Убав ден на сите!!!
Христос воскресе Долг и исполнет ден, се надевам ноќта ќе биде мирна, да се наспиеме. Да се пофалам дека денес ја запознав и нашата @Seline со нејзината фамилија. @blessed.an среќен роденден на малата кукла. Пријатна вечер на сите
Здраво мајки. Ѕбав ден бевме кај моите. Ѕверче се изнаигра со татко ми и брат ми. Утре кај свекрва ќе одиме. Наполнив фрижидер домашна храна. Мајка цела недела спремала. Малава со тантруми кога и се спие и кога се буди. Одлепивме со маж ми. Ај ќе поминат. Иам желба за генералка ми иде сега да рибам веце и кујна и подови. Пмс на чистење ме тера. Многу се здебелив. Ај лето пред мене Дете бацува гушка паѓа зборува трча... 1000 на саат е. Деновиве ми пребира и храна што за неа е чудно. И така... убава вечер.
Добро вечер мајки.Христос воскресе.За многу години.Денеска празничен ден па и временцето супер.Мераци.Бевме на кафе и во црква прво ,малата си заспа цело време спиеше вколичка.Потоа се вративме да ручаме и заминавме всело моите беа собрани со тетки те на скара.Супер си пминавме одамна не сме се виделе.Мислев дека беба ќе ја фати воздух и ќе заспие рано ништо од тоа заспа дури сега во 11ипол.Вчера бевме излезени со мм во кафана а беба ја остајвме на свекрвами не заспана и ич не бев мирна во душава.Паметот само во нејзи и некако ми беше криво што ја остајвме така,и си мислев како ли ќе биде кога ќе дојде време да ја одбијам толку мајки од мене,имав повеќе да пишувам ама некако се чуствувам изморена и легнувам сега.Добра ноќ
Добро утро! Среќни празници! Вчерашниот ден максимално искористен, празник, прошетка така да освен што саботата фарбавме јајца со ќерката ништо друго не спремав за празникот. Кафе испиено а очи ми се затвараат, цела ноќ лошо спиев, уше сака да ме боли, всушност ме боли. Деца добри, се изнатрчаа , нема застанување па и јас со нив. Малото и тоа почнува многу да изведува, да прави трикови, да се срди , гледам што повеќе да останам рамнодушна. Сакав да прашам мајките во Германија што се од кај можам са купам елече за малото дете да му држи топло на градите,( имавме проблеми со бронхит) мислам на такво под блуза што се носи еднаш гледав некаде слика но не ми текнува како и каде да барам (може и во аптеките да има). Боже како од Марс да сум слезена, некаде имам такво чуство. Инаку честитки до сите кои имаа родендени и други поводи за славење. Поздрав!
Добро утро! Прво со задоцнување да честитам родендени на @orhideea и на @blessed.an, се најубаво ви посакувам. @AngelOfArh прими сочувство. Вчера убав ден, веќе пишала ама и јас ќе се пофалам, ја имав таа чест да се запознаам и дел од убавиот празник да го поминам со @danichap, нејзиниот сопруг и една од убавиците. Едвај чекам да ги запознаам и другите две Како се стопли времево и расположението се подобри, само гледаме да сме надвор па дома слабо се седи. Тоа автоматски значи дека дома е хаос и дека во најскоро време ќе треба една добра генералка да се прави. Ручек за денес не правам ќе се јаде надвор така е договорот, на детево му готвам веќе, знам рано е, ама нема време оти после ќе сака да шета. Ме врти веќе како сака, оди ми ги става патиките на сред ходник и вика ајде шета Дали ти се оди или не кој те прашува. Неделава два важни термини за мене еден денес еден во четврток, на повидок други планови за сега нема. Убав ден.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Во саботата вечерта бебе оставивме дома со баба а ние излеговме на вечера,но ништо од вечерата.Во ресторанот каде што бевме немаше ништо посна и така да направивме по три пијачки со мезе печурки.Пред 12 појдовме во црква,многу имаше гужва мене ми се слоши од мирисот на восокот.Накај дома купивме една пица,но поубаво да не јадев.Оттогаш почна желудникот да не боли со мм.Го расипавме од нередовни јадење,болки неиздржливи,два вечери ненаспано од тоа. Вчера шетаме по гости кај 3 се вративме бебе да заспијам зш нервозен беше дека на време не беше заспал.Се разбуди и пак заминавме,па сношти ние имавме гости и така. Синко уста не отвора за јадење незнам шо дете ќе беше ова два дена јаде два не.Направен е шајче овие два ден тотално од воздух живее.... Имајте убав празничен ден.
Добар ден мајки. За многу години нека е празникот. Се мислев дали да пишам и кога да пишам зошто ова нема да звучи баш убаво. Вчера наместо во црква отидовме на лекар. Малиот мој има вироза со морбилен осип. Се води како така а не како морбили зошто симптомите се поблаги. Осип има, блага температура, лош апетит.. но битно расположен е. Додека ние лечевме бактерија со Алмацин фактички сме стопирале да избие. Последниот ден како испи антибиотик изби. Прво само грб стомаче а потоа цел. Среќа во несреќа еве денес грбот се исчисти а екстремитетите се бетер исипани. Ќе го прескокнам делот како ја примив веста дека детето ми има морбили и како едвај ме задржаа на нозе. Утре и задутре сме повторно на лекар. Во склоп на ова ќе кажам само дека сум апсолутно разочарана од една наша проватна болница . Докторка од клиника вели мора антибиотик а во ваму велат не. Истото беше и за бактерија кога имаше малиот. Прво велат да мора антибиотик за бактерија а потоа ама не е тоа така. Исто ко со морбиливе. Велам дали тоа значи дека сеуште може да фати бидејки нели е вироза со м. осип и добивам одговор -не може да фати фатено е. Ама не е морбили. Фактички сега на нив гледам како на пропаганда за геноцид. Ако детето се избори природно без антибиотик заслужува да живее. Се друго не заслужува. И патем во дијагноза нигде не пишува дека е тоа. Зашто само тие знаат..
Не ве задржаа на инфективно? У карантин сте сега? Јас колку што знам ако се потврдат морбили сите треба да ги испитаат. . А у градинка оди? Нека мине само со лесно. И ти мајка да се опоравиш од шокот. Нас минатата недела не вратија од диспанзер без вакцина за мрп ради црвено грло . Мн ми е страв
Дома во карантин. Премногу е весел за по болници. Не е залегнат нема шанси мирен да го додржиш. Одеше во градинка од таму и донесе. 3 недели се чудев што вирус ќе е ова...