@LiliBoz како е малиот? Се сеќавам порано имаше морбили во градинката каде што оди, имаа ли за сега регистрирано некој случај? Што побрзо и лесно да поминува, се измачи душиче. Среќен роденден на сите што имам пропуштено, да сте здрави и живи! @Kaetana те гушкам, ќе биде подобро!
Добро утро женички. Еве јас утрово частам кафе . Да ви честитам Велигден со закаснување,за многу години да сте живи и здрави сите. Ние празниците ги поминавме кај свекрва ми и моите надвор од Ск,па така цело време со луѓе и ми беше и убаво ама и заморно,јас и се настинав ,па сега сум цела затната и глава ми пука.Ќере ја оставивме кај баба и на гости,мајка ми била на одмор па сакаше да и биде гостинка па сега таму е,нека поужива со баба и дедо. Среќен роденден на сите што славевте,богами многу овни не имало овде,мене ми беше роденден на 1 ви април ама не стигнав да ве почастам. @LiliBoz со помин да ви е мила,ама се изнамачивте,ама не се секирај ,ќе видиш после ова ќе биде јак како пушка ,само поработи малку на имунитетот после тоа ако треба и хемија дур закрепне убаво. Поздрав,да се фатам со работа оти ќе биде напорно
Добро утро мајки НАјпрво да ви честитам празници, ме немаше деновиве. За празникот бевме надвор од Скопје, и како што кажа некој погоре, цело време со луѓе наваму/натаму, дури заморно ми беше. Се прибравме дома и најмногу што мнразам кога ќе се прибериме од некаде ајде машини, ајде сушење, пеглање, ексик. Пред Велигден не напраив генералка дома како што е редот за домаќинка Реков после денот зашто теписоните ќе тrгнат уште малку од излепени чоколади и смоки. Малиша како што оди и јаде, тоа паѓа на земја тој го гази Друго не знам шо да ви кажам, на ортопед сме деновиве, онај преглед после неколку месеци од проодување и едвај чекам да прашам зошто едното ноџе кога оди го врти нанадвор. Ми викаат не е ништо страшно, на комшиите девојчето исто така праеше па ортопед им препорача по неколку саати во денот да ги обуваат однопаку топлинки/патики. ЌЕ видиме, срце не ме држи додека појдам. Ве поздравувам девојки, до следно пишување
Здраво. Убав ден денес. Јас кафе пијам и да ве читнам додека не сум почнала со работа. Денес до 12 на работа после одам на лекар , увото не може да ми оздраве . Се уште не слушам веке и се навикнав да слушам само со едно Малото добро , од сабајле трча . Ја виде баба му и почна да се тресе мисли ке оди надвор, покажува накај патиките Попладне ке одиме на роденден , и едвај чекам . Кај детето на најдобра другарка . Ке прават дома , во двор супер ке биде . @kikin и син ми на почетокот десното ноџе го вртеше ама навнатре . И се нервирам. Ама еве сега како поминува време не го врти така . Мислам дека е тоа е така на почетокот кога проодуваат . Имајте убав ден Сега да поработиме малку
Добро утро! Додека бројам минути големи како денови, уз нес кафе црно, топло, да пишам, после денов брз ќе е. Оставив детуле во градинка, само што се завртев кога писна... Стоев пред врата и бев на два ума, да влезам и да го гушнам најсилно или да заминам. Ми се наполнија очите со солзи и заминав. Секое сабајле влегува радосен, насмеан, штом сфати дека ме нема тогаш се расплакува, џабе викаат воспитувачките пред земање дека почнува. Се надевам некој ќе го заигра и нема да го најдам денес со солзи на обравчињата. Ненаспани има освен нас? Два саати кенкаше, не може да заспие, поткашлува, зарипнат глас има и увцето пак го чешка. Завршивме вчера со антибиотикот, се мислам отол х имам да му капнам после во увцето или да го носам на контрола, па да дозакачиме уште некој вирус... Лудница било со градинкиве... Размислувам од септември да почнеме, до тогаш дома да си биде, ама страв ми е полошо да не направам. Милион и една мисла во главава, мајка. Место не ме држи. Една машина алишта собрав, друга пружив, трета пуштив. Одам да диплам и да разредам по плакари па да фаќам патот да си го земам бебушко. Веда со помин нека е! Убав ден мајки!
Марија дали можеш таму да најдеш спреј отикон за уши. На природна база е. Јас сум многу задоволна од него.
Добро утро. Еве на кратко и јас да се пријавам. Дете намирено и пратено со баба да шета, а јас се муслам од кај да почнам по дома, па додека се муслам да одморам малку си седнав со телефонот Туку рамово мислам ќе ми падне. Дали од лош душек за спиење, дали ветер ме фати многу. Ми се плаче колку ме боли Отидов сепак да се фатам за средување на алиштата на малиша, а за друго ако има време зошто и јас сакам да прошетам малку. Имајте убав ден.
Добар ден. Бебе спие, мама се дружи со фемина. Ставив ручек за неа, малце зачистив и еве седам. Некако слабо ми иде со комбинирање на зеленчуков. Денес: карфиол, батат, цвекло(прв пат) и кромид. Ама еве утре не знам со што да комбинирам. Тешко ми е ова со по 3 дена 1 намирница. Треба овес, к. млеко, урда, кајмак...а јас појма немам како да и ги дадам. Кајмак јаде со лепче, џвака мајкина срцка е... Урдата со палента ќе ја дадам к. млеко со спанаќ...ама други комбинации не ми текнуваат. Читам рецепти, од готвачи нови стари....какви не и повеќе има за овошје него ли за зеленчук. И така...уште не сум распакувана. Вчера гости, попладне излеговме баба да ја видела...дојдовме неа среди ја успи ја ова она и кома сум. Уште си легнувам со неа во 9. Се радувам на времето, надвор раздвижено, деца шетаат играат. Лелее доста ми беше јакни чизми триста чуда....
Може да, ако ти каже лекар. Моето синче имаше запаление на уво без никаков друг пропратен симптом. Од нигде никаде страшно вриштење од болка. Капкиве ни ги препишаа кога има таков напад на болка по едно во увце и секако антибиотик. Помагаат моментално. Тогаш имаше 2 и пол годинки.
Нема, вртев во аптека, нема ништо на прир база па ми препорачаа топли облоги. Веда јас од зегин ги земав од ск, реков дека се за дете, ми рекоа само претпазливо и да ги користиме само кога е навистина потребно. Содржат кортико ми напоменаа, веројатно заради тоа. Ќе го носам попладне на контрола, зарипнат е ептен, едвај глас пушта. Во градинка кога отидов по него среќа па не плачеше, ми олесна малку. Ме храбрат ќе биде супер. Дај Боже. Ете го спие, одам јас ручек да му ставам, додека мајка ми ми средува плакари. Пролет не стигна, време е да замениме гардероба зимска со сезонска.
Отол Х не лечат, само моментално смируваат болка. За лекување на воспалено уво треба соодветна терапија, најчесто антибиотик, серапептазе или химорал форте, со капки за нос за да се одржува проодност на каналот што го поврзува увото со носот.
Колку месеци сте? Јас на мојот му давав се шо би го јадела и јас нр сум.му правела чудни и модерни комбинации. Кога веќе пишав да ви посакам убав ден. Се прошетавме со малиша ногите ме здоболеа се гледа дека не пешачам многу а треба. Му земав на малиша очила за сонце ама едвај 15мин издржа едвај џабе парите отиде една паковка памперси . Ново нема освен што 89% е сигурно на лето дека заминуваме за Немачка уф и ми се оди и не. Освен нешто ако не се искомплицира па да пропадне како вообичаено. Маж бара стан сеуште и неможе да најде соодветен како што сака. И тоа е убав ден .
Мене тапанчето ми е дупнато.Кога ми ги дадоа капкиве немав болка само црвенило и затнато . Ајде ке видам денес што ке кажат .Се надевам дека за брзо пак ке слушам. Фала ви за информациите .
@TutiFuti 6+ сме. И јас се водам по тоа што би комбинирала јас, ама јас многу работи работи не јадам за жал.
Ќе се регенерира, без гајле. Само треба време, ама верувам и знам дека е тешко кога имаш ваков проблем.
Добар ден. Денеска убав ден , јас среќна. Сега го успивам бебе па викам да пишам. Вчера ни испадна долго очекуваното прво забче. Вчера поручекта го видов и многуу се израдував. Денеска бевме излезени со бебе да му купам нешто белко , нели таков бил адетот. Инаку поручеква сме на гости кај кумовите наши па да смениме малку. Одам да учам , оти наредна недела полагам испити. Имајте убав ден.
Добар ден, дами. Јас на работа турбо со обврски, време за губење се потешко, сега си реков една паузичка да направам, па да продолжам, документите само што не тргнале по мене кога си одам од работа. Среќен Велигден на сите, здравје, среќа, мир, љубов и спокој. Сите што имавте поводи за славењечеститки, само убавини да ве следат. Тие што имавте за тажење, сочувство и поддршка до сите, тагата не минува едноставно човек се учи какода живее со неа и празнината. За болните дечиња побрзо оздравување, и мојата е настината и мрсули еден тон. Се пријавувам во ненаспаните, цуца цела ноќ плачеше, цела ноќ лулавме со мм, па и сабајле не спиеше...пред мене се разбуди, срам не срам мн пати таа ме буди мене наместо јас неа. По видеата што ги гледам од изминатиот период бебенцето сосем ми пораснало, се трансформирала во девојченце, најубава на мајка, мн ми е паметна и интересна. Секој ден се нешто ново и посмело смислува и прави. Таа е мојот рецепт за среќа, иако знае да е совршен рецепт за нервоза, ама моја си е ќе си трпам каква е таква е. Туку некако неззз зошто ми се појавува некое чувство како да можам повеќе а не преземам, ме мрзи, памет ли немам неззз што е. Со ова пропратно ми следи како да сопругот не е задоволен од мене и моите успеси и неуспеси, некогаш си велам со право како да чекам се на него, а од др страна кога сакам нешто да направам се има некои забелешки не вака онака, имам чувство дека се правам погрешно. Периоди ли се, јас ли сум глупава и не доволно координирана незз. За факултетот, втор ми е да напоменам некако како да немам мотивација, уствари имам мотивација ама како слабо да памтам, се сремам дури, ама па еден завршив,што знам што да кажам. Доста кукав, да се фатам за работа, доста безделничење. Адиос.
Добро вечер. Денес сонце ама 5 степини поладно од вчера.После цел месец гости ги испративме моите за Мк.Брзу помина времето, малата плакаше многу кога отидоа моите накај гејто.Убаво беше.Татко ми малку го губи помнењето на моменти и многу сум тажна. Многу се радуваше на малата и сакал пак да дојде во август. А многу е тежок за одење. Вчера бевме на жичара со моите, мм и ќерче. Ќере многу плакаше не беше ич погодена .Само во раци сакаше и морав јас да ја носам оти кај никој несакаше Скоро две недели не беше на градинка и сега кога ја оставам ми плакаСе надевам брзу да се пренавикне Незнам што друго да пишам.Одам да спијам.Среќен роденден на сите што ги заборавив , а имаа деновиве Добра ноќ и убави соништа