Добро утро! Денес од мене кафето. Само без слика . Не можам да спијам ноќе,што од возбуда,што од страв, Ви благодарам на сите на убавите зборови.Јас уште не можам да се свестам што се случува. На моменти дури и заборавам. Незнам што и како ќе биде зашто со малото уште се доиме.А и незнам ни како да се одбиеме.Толку сака да цица.Плус мора во раце да се крева.А сега е така мило,се гушка,се гали.Таман прооде. Се мислам како ќе седи без мене два дена (кога би се породила).Но,после се тешам дека се двајца,ќе си играат со брат му.Ми се чини помалку ќе осети,зашто е помало.Се мислам на големиот потешко му дојде промената,сепак по 6 години само за него,дојде бебе.Иако немаше некоја изразена љубомора,сепак осети малку.Се ми е помешано,чувства,радост,тага.Но,тоа е.Мора напред. Што биде нека биде.Дење немам време да седннам,па навечер легнувам капната.Вчера и болки некои имав во стомакот,Од замор сигурно.Кон крајот на неделава сум пак на преглед за анализи,и ехо.Па ќе видиме дали е се во ред. Сакав да ви кажам вие што сте првпат бремени да се изнауживате во бременоста.НЕма повеќе такво чувство.Па и вториот.Третиот веќе немаш време да мислиш на тоа.
Добро утро женски! Ме немаше деновиве. Имав некои обврски, па немав многу време за пишување. За празников добро поминавме. На гости и со гости. Синко и денес во школо. Па после тоа ќе ги носам двајцата надвор, да си поиграат. Убаво е времето. А работа дома еден куп. Вчера се шишав. Сега косата ми е долга над раменици. На маж ми не му се бендисува. А знам и зошто. Нема да може да ме скубе кога ќе ја прави онаа работа. Пред празникот се подновив со фустанче.Тоа што го меркав одамна. Поздрав женски. Имајте убав ден.
Добар ден. Да ве поздравам саботно додека синко и мм лежат и играат. Добро некој игра, некој дреме, ама битно гушнати се заедно. Љубов невидена Ме нема неколку дена, ама се е исто. Шетаме, јадеме, спиеме. Го користиме секој момент да сме надвор додека не фатиле горештините и додека сме заедно домче. Знам дека ќе ми фали многу, ама на моменти ми прифалува и работата за да се активирам малку интелектуално и да се промешам помеѓу луѓе повеќе. Вака чекам викенд, па ако се договориме да се видиме со некој. Преку недела сме јас и синко, мм после работа, мајка понекогаш и мајките со бебиња што шетаат низ маалово. Многу интересно како после некое време и здраво почнуваш да си викаш со непознати на улица, само затоа што секој ден ги гледаш. Се жалите свекрвите едвај чекале да превземеле деца за чување. Мојава па не ни помислува ниту се понудила. Фати џенем од градов. Сега сигурно повеќе од месец нема ни да го види. Веќе некое време сме со два оброка, па се мислам дали да воведувам трет или да причекам уште малку. Многу нагло ми намали со цицање, само заради тоа се мислам за трет оброк. @supergirlmb честитки за бременоста и со лесно. @Naturel не чекав ни 5, а камо ли 40 дена. Времево е совршено за прошетки, искористи го максимално. Толку од мене. Уживајте во прекрасното време со најмилите и игнорирајте луѓе кои ви шират негативна енергија. Имајте убав викенд.
@Naturel не, излегувавме прво по 2-3 мин на тераса првата недела. После почнавме по 10 мин во двор да ја вадиме, а после 2 недели веќе и во количка шетавме. Родена е среде зима, 27 јануари, така да слободно изнеси бебе на убавово временце
Јас од првата недела го изнесувам во двор и така спие по два три часа. А денеска сакам и количката да ја вклучам малку во населбава да прошетаме. Така и ќе биде ужива надвор
Штом ти си спремна за шетање излагајте. Не пикај бебе само во маркети и молови, користете убав воздух надвор да шетате. И убаво да си поминете.
Денови наназад правам неуспешни обиди да пишам на темата и на крај се откажувам. Па и немам нешто посебно да пишам, освен што малце е разбиена монотонија со тоа што секојдневно шетаме со бебе и по 2 часа, се возиме во количка во парк или низ маало, убаво го користиме сончевото временце. Поголемата ќерка не е секогаш со нас, а за тоа душа ме боли. Ама нејзе поинтересно и е на село па ја шетаат баба и деде до таму секогаш кога можат, или пак сака кај другите баба и деде да игра на двор со другарчињата. Се ова убаво, ама ме загрижува што малку време минува со мене. ММ ми вели да не драмам и да ја прифатам помошта од сите страни, а мене ме мачи дека таа помош ќе ме одалечи од детето. За да и посветам внимание најчесто навечер во 21 одиме на кратка прошетка сами двете, пред спиење читаме приказни, ја вклучувам и во спремањето вечера... Ама доволно ли е?!?! Се надевам ова ќе биде минлив период па барем бебо малку да потпорасне некако ќе се организираме. Бебо за некој ден 3 месеци ќе полни, се смее, гуга, си ги шмука прстињата... срце најубаво. Деновиве ми преспива со кратки дремки од по пола саат, а баш убаво знаеше да се заспие и по 3 саати па имав време и за обврски низ дома и за внимание на поголемата ќеркичка. Ама ете овие неколку денови само се заспиваме и за брзо се буди. @Sexybaby86 ме потсети дека може да е скок во развој, па ми се врати надежта дека пак ќе си нанка убаво и спокојно. Планови за денес - спремање ручек , пеглање, раскревање низ дома и прошетка со бебо до парк. Се разбира ако успејам да постигнам се. Поздрав друшки!
Во никој случај. Шетај го рано сабајле и понавечер. Кој што мисли дека треба да седи дома 40 дена тој нека седи а не мало бебе. Ова го пишува кротка мајка која своето го чуваше и сега секој ден се јадам поради тоа и ми доаѓа да ја убијам свекрвата. Јас сум вистинскиот виновник што не се изборив но немав подршка од мм за тоа.
Ќе пробам да ви пишувам почесто. Еве, пробувам. Саботно, седам на компјутер, откраднувам некое ситно време, додека маж ми и ќерката слушаат музика и се занимаваат. Се радувам што последно време станата е толку разбрана... толку другарка... душата ми се топи. Друго дете имам... после 3 години и 2-3 месеци еве друго дете е. Комуникативна, сака да се гушкаме цело време... тантрумите поминаа преку ноќ... пред да наполни 3 години не верував дека постои ваква фаза воопшто, или дека е на прагот да дојде кај нас.. ама ете. Се случи. И е прекрасно. @MissDior ја прочитав погоре, и се согласувам ненормално многу со сѐ што пишала. Имам кажано и си признавам дека сум била со предрасуди према одредени родители пред да имам дете. И сум си кажала многу работи, кои после ме удриле по глава. Мислам никогаш не сум била безобразна према луѓе, но сум му рекла на сопругот нашето дете вака не... но, имам пишувано тука за тантруми, и тоа колку биле интензивни... на почетокот се плашев дека нешто не е во ред со моето дете.. после по сѐ што читав, си велев дека било нормално... За сите кои се борите со таква фаза со децата... поминува како што дошла. Преку ноќ. Само треба да навлезат во онаа следна „љубопитна“ фаза, во која омилен збор им е „зошто“. А зошто ова вака... Заради тоа и тоа. А зошто заради тоа и тоа... и така до бесконечност. Пишав уште еден голем дел, ама не е за овде. Не е фер да ве замарам со сите ѓаоли со кои се расправам периодов. Ве поздравувам, уживајте со децата во убавиот викенд. И тука има сонце, иако пред некој ден небото и земјата се споија. @LiliBoz прочитав за морбилите, добро е што поминало. И да, не се секогаш толку страшни, иако може да бидат... пострашни се кога ќе ги добие возрасен човек. Многу страшни.
Дел од тие мајки со бебиња што ги среќаваш ќе ги запознаеш за некоја година во градинка па школо. Јас сите ги памтам кога бев на породилно од низ маало а не ги знаев со многу од нив се погодија во група во градинка после децата Бевме на шеткање се спурив од топлово. Сфатив дека ми треба нова гардероба, сакам фармерки потенки ама онака широчки никако уз нога (со такви сега бев надвор и пукнав), ми треба некое пантолонче за на работа и обавезно некој пар балеѕанкк. Нема лето да не купам бар 1 пар, слабост ми се . А го кувам мм точак да ми купи само му праќам линкчиња на пораки Желби еден куп
@Naturel јас чекав затоа што беше ладно. Иако беше есен, надвор беше голем студ. @supergirlmb честитки за бременоста. @Ano не ти ни треба свекрва ти. Само ќе се нервираш. И мојата не доаѓа и супер ми е. Раат ми е главата.
Само да ве поздравам! Пред една година, на овој ден, станав мајка на моето првенче, моето момченце, моето галениче. Лани ова време се случи нашата првa средба, прва гушка и прва солза радосница за него. Откако ќе ни заминат гостите ќе ви пишам детали, а сега одам да се спремам, журката почнува наскоро. Убав викенд на сите!
Добри ден. Две перални на малата испеглани ќебиња тенки извадени, дебели ќебиња и јоргани извакумирани, сега уште место да им најдам Не знам немаме ич место ни треба поголем станАма нема.Ниту ми се бара ниту ми се сели Цел ден врнеше па сега сонце. Сега ќе одеме малку на шетна.Со мм на нож само се караме мојте твојте аман веќеА пак да живеевме во заедница ќе си испоколевме очи А животот краток е , во кавги ли да го минеме?Пред една недела една познаничка починала од рак на 30 години , а мали деца останаа сираци. Животот поминал , кавгите и зеле драгоцено време . Јас дознав колку животот е вреден кога ми кажаа автоимуна болест лупус.Фала богу по грешка. Тогаш животот ми помина низ глава и си велам што направив утре ако умрам што? Сватив дека цел живот се лутам за џабе и од тогаш не се лутам . Инаку се како балон си бевДури и пред некој ден си доаѓа од пиво со братучед му и ништо не ми збори мислел лута сум.Не бе работа си тражам едвај чекам да чујам детали за нашиот "спасител"Те до толку се лутев порано. И му кажав на мм ние само за моите твоите се караме .Не сакам веќе они си го поминале нивниот живот нашиот е сега тука и треба да му се радуваме.Се надевам ќе разбере @Mari-Ja среќен роденден на мали да биде жив и здрав @Mari* ние од менингококната вакцина немавме никаква реакција, малку плачлива беше и тоа беше се Ајде мајки гушкајте деца ,сакајте се и без кавги.Животот е краток.
@Ava.84 те читам за карањето како јас да сум го пишала ова. Исти случај сме и ние мојте и твојте! Толку ми е криво што пред нова година имав толку тежок период со мм поради оваа причина. Осеќам сега пак кога ќе дојде ќе имаме напнен период. Живееме со мојте родители помагаат колку можат пд др страна одмагаат за некои работи. Неговите се први за некои бцки да направат во се се мешаат се знаат а со ништо не не помагаат! Но тоа е што е. Ние добри цел ден излезени нозете ме болат аман малиот њ со моторчњ во газот. Бевме во комшии на кафе и му здосади на човекот и вели току папа. И с појдовме. Убава вечер.
Ај бе не бидете будали! За старите ли ќе се карате?!?! ак ве пунат негативна енергија ич не ги спомувајте... не дозволивајте да ви бидат тема на разговор. Јас и ММ често се смееме за глупостите од нашите стари, без разлика дали негови или мои. Знаме да ги искоментираме, за арно или лошо, ама да се кареме заради нив досега не било. Бидете итри, не си го трујте бракот со излишни муабети ,,твоите лоши, моите арни'' Во еден брак има многу поинтересни работи да се прават од муабети за родителите! Ви текнува ли @Mari-Ja Среќен роденден на малото!
@Mari-Ja Sreken rodenden na sinceto,golem da raste i nie se karame,sega vekje i pocesto.Jas emotivec golem ,se stavam pri srce .Ama kako da ne se nerviram.Svekrva mi 2 dena vika da ja zemela malata za spienje,denes cel den i ke si odat sega i malata vika "ajde odime" i ispadna strav im bilo da ne place,sto ke pravele : "razvozuvanje nataka navaka",a ziveeme na ista ulica Pocna da mi se stemnuva od nervoza.Prvo,nikogas ne baram da ja zemat za spienje ,duri pa budalata se mislev kolku ke mi e maka sto ke ideAma ne sum IDIOT da me zafrkavas.Niti sum im rekla niti sum gi terala.Zatoa sega i ako reshat "da ne se plasat" deka ke place i da ja zemat za spienje-ne dozvoluvam !!!! I ete gi kavgite i nervozite
Добра вечер мајки @Mari-Ja среќен роденден на мажето. Секогаш среќни и спокојни. @LiliBoz мило ми е што малиот закрепнува. Што побргу да останат зад вас овие мигови. @Kaetana секој твој пост тука е задоволство да се прочита. Уште кога добивам лајкови од тебе, за постари постови, започнувам трпеливо да чекам, сите да не исчиташ, и да шкртнеш некој збор. Кај нас малата е стабилна, мислам дури и подобра од вчера. Се “осиливме” со другите две деца да испаднеме до соседното гратче додека најмалово беше со мајка ми. Се задрживме околу два часа вкупно а срце во пети ми беше. Нoн стоп со телефонот во рака и не знам колку пати се јавив да прашам дали е се ок. На мајка ми и имав кажано ако се закашла или заплаче одма да звони и за 10 минути ќе стасаме. Среќа супер било, спиела цело време. Се двоумев дали да испаднеме, ама и другиве две деца сакаат да прошетаат, се радуваат. Да ги пофалам дека последниве недели се многу кротки кога испаѓаме(само тогаш и се ). Успеваме и кафе да испиеме со двете во пакет и ручек да изедеме. Секако никако вадење од количка, бељата не си ја бараме, и седење надвор само, на отворено. Мм денес вика што убаво ни било, и со три ќе немало проблем. А мене ми се слошува од самата помисла. Отворивме сезоната за хранење на јагнињата, галење на коњите и кокодакање со кокошките. Се си имаме во село наше. Секој ден се мотаме околу куќа со кредите за боење или точак, топка. Деца пресреќни. Во однос на карањето не паметам да сме имале некоја вистинска караница. Може не сме доволно долго заедно, назад ни е . Свекрва ми е ок. Свекор малку потерсене ама што имам да им кажам ќе им кажам. Што мислам дека мм треба да каже ќе каже. Моја куќа, мои правила и мој ред. За кај нив не ме ни интересира. Апсолутно секогаш “е на моја страна” бидејќи мојата е наша и на нашите деца. Тука немало никогаш дискусија ниту недоразбирање. Моментално мм и татко му не зборуваат. Свекор ми му се лути оти ни го одбија планот за куќа за две фамилии. Не дека се штрекнав најискрено. Имаме и некои други планови, се надевам ќе успееме да реализираме. Држете ни среќа. И тоа. Сите три спијат. Уживам во тишината. Добра ноќ на сите и мирна вечер за најмалите.
Еве ме и мене у тишина И двете деца заспани...до кога незнам Мм е трета смена па ќерка по 100 пати се буди и го бара низ куќа Спие со него па и недостига навечер Јас скоро и да не спијам и синко почна да се буди по 3-4 пати во текот на ноќта Не му е доволно цицање,станувам да правам млеко и кога ќе видиш половина час сум будна на секое негово будење На штрек и со момата,да не фати магла барајќи го тата Битно сабајле пред 7 и двајцата се ококорени Мм ме прашува секоја вечер уште колку ќе е вака напорно Уште кога се роди дадата одговорот ми е дури направат 2 години сега и со синко ќе чекаме уште 2 Се надевам нема другата година да го подолжиме чекањето Денес и гости ни дојдоа, ненајавени а куќа хаос Играчки на секој ќош,да неможе да помине човек Дали се имате најдено во таква ситуација? Како се чувствувате? Мене многу ми беше непријатно,од друга страна пак и си реков имам деца, неможе секогаш да ми е се на место Се разбуди момето,одам дури не се има расонето Добра ноќ Едит: @Mari-Ja голем да расте