Доцни ноќни часови... Бебе спие мм спие а богами и гостинкава (свеки) спие. Само јас домаќинка. Чистење, генералки. И по некоја Од сабота почнувам на работа. Срцето ми се стега. Душа ме боли. Како ќе се снајде моето бебуле додека сум на работа. Затоа е и свеки тука ќе ја чува. Ќе се менуваат со мајка ми. Се надевам ќе биде се во ред. Најмногу се плашам за спиењето. Заслива со нишкање сака тишина. Ако тоа не помине како треба моево душиче ќе биде ненаспано а со тоа следат и други проблеми Ве читам редовно ама немам време многу за пишување. Честитки за родендени, стан купување... Друго ништо нема. По дома, шетање на убаво време и поминуваат деновите. Така брзо ми помина и породилното. Како вода низ дланка. Толку. Негативен пост од мене. Држете ми среќа бебушкава да се адаптира лесно на новата ситуација.
Добро утро лавици Земајте на кој што му треба,јас частам сабајлево. Ние стандард шема тераме. Синко тв,јас кафе пијам па,да каснеме нешто и ќе се фрлиме на шетање. Вчера ги оставив со мм се вардеа 3 сати заминав на фризер бев,ше шатирав и ја шишав некои 20 цм косата Мм ко ме виде А свекрва ми солза што не пушти,ама зошто,како? Јас @girl-miri мило ми е што пиша,живи и здрави да сте со двете принцези. @karibian верувај малото побрзо од тебе ќе се привикне на новонастанатата ситуација. Засега толку,синко вика време било за надвор
Vennera.aa Нема потреба од паника сигурна сум дека ќе се снајдеш добро и во оваа ситуација ти пишувам од искуство и јас бев во слична ситуација. Моите деца се разлика година и два месеци.Првата до година не спиеше ни дење ни ноќе.Спиеше само по пола час, а и плачка невидена беше па како се снајдов јас ќе може секој. Господ сам си ги реди работите како треба да бидат. На почетокот ќе ти биде тешко нема да лажам ама подоцна се полесно и полесно. Само со едната неможев ништо да стигнам да завршам сега со две се постигнувам сама.Само треба да знаеш да се организираш.А за сакање и двете си ги сакам исто, и двете ми се исто.И јас кога останав втор пат бремена напочетокот незнаев како да реагирам, незнаев дали ќе се снајдам со двете како ќе биде,тоа е нормално,абортус не ми пагаше на памет затоа што отсекогаш сум сакала повеќе деца. Се надевам дека со ова малку ќе ти олесни и ќе знаеш дека не си само ти така, има и други случаеви исти како твоите.
@Мамичка се дивам на мајки како тебе кои успеваат да се справат со две или повеќе деца покрај сите обврски и тоа уште повеќе со мала разлика толку слични потреби а толку различни, само нека дава господ сила. Нека биде сега најпрво се во ред на толку негативни мисли ќе ми биде криво дека сама сум го предизвикала лошото, потоа ќе му ја мислиме. Нема спиење уште две три години сигурно, синко го доев досега кога ги видов двете црти прекинав, на 10 минути ми се будеше да цица сега се надевам ќе почне да поспива зошто толку сум поспана. Сега сакам и памперсот летово да го тргнеме и тоа незнам како ќе биде нокширче зедовме не сака да го види во тоалет да го носам вреска, си има свој места по дома се крие таму ќе искака и доаѓа и ми вика ауууу и покажува на газето демек смрди. Пробав да му ставам таму нокширче не сака ни облечен да седне а не па голо.
Добро утро мајкички Тина ќе се послужам со едно кафе турско без шеќер фала ти Јас пред градинка седам чекам сега з сега не се слушаат плачки добро е, може и заспал многу му се спиеше станат е од пред 7 и кажав на учителката рече ќе проба да го заспие. Полека полека почнувам да се спремам за на работа летнаа 9месеци. Таман времето се разубави, а јас тргам на работа ај ќе надохнадиме попладне со шетање Разгледувам понуди за одмор ќе се оди од 12 август ама грциве некако забегале со цените годинава гледам некој понуди за Тасос па ќе видиме.,чекам да му одобрат на маже за крај на мај пошто и тогаш ние во план една недела на море да истераме Одвај чекам да префрлат трудничко да изнакупам цвеќиња сакам да садам сурфинии на двете тераси, голем обожавател сум на цвеќе инаку имам премногу саксиски цвеќиња најомилени ми се орхидеите Ќе имам бајаги трошоци на почеток на мај крштевка и прв роденден ќе има една кукла, а ние сме кумови ако јас викам само за убаво да е Толку од мене убав ден на сите
Добро утро мамички, иако мене ден ми е Ич да не пишувам 2-3 кога на крај 5 ќе е сигурно па кој има живци нека го фати редот да ме чита, кој не здравје ама лајк нека стави де, јас морам се да си кажам Бебе ме растопи уште во рани часови го зедов да го надојам и го спуштам во креветче кенка, ајде викам ќе го зедам до мене нека поспие уште малки. Го ставам и се превртува да дојде до мене, буквално се тегнеше, клоцаше, буткаше да ми се приближи. Го зедов и го наместив на рака да ми спие и зеде со рачето ме галкаше, па ме гушна и така се намири, не мрдна во следните 2часа. Се растопив, го гледав цело време и му се воодушевував Е сега кога се разбуди добив клоци во меше, буткање, павтање со раце и вриштење во фаца.. ај ќе го скокнам тој топечки моменат И стандард утро, триумфално будење, па редење во кењаторот (релаксаторот), па газ миење, лице, раце, пресоблакање и еве пак нана бебе, во раце е ова утро. Ама прашајте како!? Со лигавче преку лице таква финта ми текна, мм вика дај не му реди лигавки, купи му онакво за преку очи што е ^^не и дека нема да му купам Во друга рака кафе шмрчкам, јас би и јадела, ама мм ова сабајле не ме удостои со ништо, ништо не ми принесе, само торбата на рамо и низ врата, многу итна работа имал битно му напоменав без ручек да не се враќа, он што ќе остане гладен гајле ми е, него се грижам за мене и мојот мев Вчера шетавме, му текнало на мм дека сакал работен стол, не го бивало веќе директор без своја маса, а и принтерот/скенерот му стојат на повисока комода во ходник, па сакал биро да може асално да седнел плус документи сакал во фиоки, а не во шкаф, поуредно така личело И му викам кај ќе го ставиме бирото, во ходник ли па кога ми се пушти, таму ни прозор има, како избркан ќе бил, па дај викам во кујна во ќошон, таман додека мешкаш запршката ќе си работиш, па и на малово тука до тебе хранилката топ Ајде бутнавме комодата во спална до едниот крај, па тука да иде бирото, ама огледалото треба да се извади. ОК ионака планирав во ходник да го префрлам. Ама тоа дека ќе е каша попара столчето, од многу уредност на мм нема да коментирам, може и подобро онака во ходник правеше русвај па често збирав тоа хартиите на куп и во шкаф и тука после идеше а јас вака Е добро де не купивме само биро, не ќе да ме натера никој за едно биро од дома да искачам Си наполнив кесите за во мојот ормар, па и за бебе нешто ситно мм рече пред одмор за него ќе се пазарело, пред одмор бе, па тоа е за 1.5м Туку гледав купаќи, па кај еден, па таму и два пара, за пресоблакање нели ми требаат ама со една града помала, друга поголема што ли да се одбере една продавачка ми вика ќе си ставиш потпунка во едната и ОК ќе е, викам ама ти не разбираш дека едната е даска и ниту потпунка, ниту било што ја спасува, а другава балонче Уф знам ќе се напнам дури бирам Сакам и за бебе купаќи да зедам, ќе има и шарен памперс, ама за мода ќе облечеме и купаќи Леле да не почнувам колку ствари треба да се купат од базент, кофички, термос.. како ли ќе не збере во кола кујзнае. Можеби е време и туле да се купи Инаку јас уште од сега тргам на страна некој динар за шопинг во Солун, ова таен сеф Дома уште ми е бомба ко да паднало, па после ќе дојде мајка да донесе патичиња за бебе што ги купила, па се ми иде да и потспомнам да повртка бебе барем 1час, мм и кафе ќе и направи, а ние да потсредиме колку толку. Вчера сакав да купам нови чаршавчиња за масите и навлаки за перници, ама мм рече ај бе какво ни е, нема ни да ги приметиш, по масиве нема што нема па ни Ч од чаршав не се гледа, а како е нафрлано по гарнитурава од реквизити да не ти дојдат до израс јастуците И ме демотивираше, море ме тресна од ѕид а што убави си пофаќав, па и се мислев дали со пеперутки или со цвеќиња, пролет да внесам во нашиот дом демек Сама ко ќе идам ќе си ги купам, чим сум ги бендисала, дури не ми се дома, паметот се таму ќе ми иде Викендов ако е убаво времето стандард на планина ќе шетаме, секоја недела идеме и се поразеленето е јас со кенгурот и мали шетам, а мм печурки бара Му викам дај набери да јадеме, вика ќе наполнам ќесето, ама се мислам ќе ги погодам оние што само еднаш се јадат па ај не фала! Сакав бебе да го носам и на едно високо, високо место, високо на планина што ако подадеш раце и облаците ќе ги дофатиш, ама немаме зелено светло за бебе, мал е за таа висина А какво е убаво со куп крави, ливади, цвеќиња, бобинки, чисто/чисто, рај за душа, па и пат за буткање на количка има Па подолу има и едно кафанче каде има кози и коњи, храна превкусна, месени пити, козји млечни продукти, пинџурчиња, мх мх мх се излигавив.. ама ќе почекаме до средина на лето, па таман и потопло ќе биде Сега чекам бебе да стане па да се наредиме на тераса А и не сум кажала дека терасата односно цела куќа ни е на височинка, па кога ќе врисне бебе кое ехо се прави си немате претстава, па срам ме фаќа, а тоа така почесто си вриснува од нигде никаде за било што Се надевам ќе даде и да каснам нешто и да се измочам на раат Убав ден А и изгледа само јас ја изругав @Mariangel или пак вие и малку дволични сте, а Мариангел чекам јас нови рад
Мене вчера свекрвата ми одреди до кога ќе сум ја доила малата. Уште малце ќе цицала, оти веќе ме исцедила, не сум можела да ја доам, па затоа и кравјо ќе почне да пие.
Тетрапак или домашно кравјо Мајка рече до година се доело бебе, така било у нивно време, потоа формула да сум давала Став на свеки не знам, ако и видиме очи може и ќе го произнесе
Здраво здраво...бебе спие. Единствена раат дремка дење. После се е по 15-30 мин во раце. Ноќе почна да станува многу. Еве ноќеска од 2 до 6 стана 3 пати. Среќа поспа до 8, иначе кај 6:30 е будна. Ееее уште коа ќе слушнам у 10 саат еве сега станавме, живи ненаспани сме, ноќеска од 2-4 не сме спиеле. Мојава во 11 се успива, од 2-6 кенка и у 6:30 е кукурек, спремна за играње, тие у 10 не биле наспани. За гревови. Со мм ноќеска пола саат не можевме да се разбереме од што сме неспани, и уште не знам што ми кажа, нешо да ти ја дадам, ама што, три пати го препрашав и не бе, не знам не разбрав. Ај батали викам, не те разбирам, ни се спие и тебе и мене, џабе верглаш. Оваа мојава ќе вади ли заби, скок ли е, или и едно и друго. Абе неподносливо. Вришти, зајдува. Се лути ако не и е по кеиф. Незз више што да и правам. Не вино, не гелче, глодалки, се е џабе. Заспива и вришти. Плаче без глас, страшно. Мене вчера не ми беше арно. Ми ае вртеше 15мин. Дете хранев, устата едвај и ја погодив. Замор, веројатно. Многу се секирам кога плаче, па се напнувам плачам и уште толку не можам да ја смирам. И така. Ја чекам да стане, да цица и да се акнеме некаде. Не се седи дома.
Не потенцира. Среќна си ти што имаш свекрва што не ти се меша за бебе и не му ја полни главата на мажот ти.
@emkaemka омилена си ми за читање. Со внес со занес со се напишано си е Едно време тоа место и припаѓаше на @danichap, сакав постовите да и траат и траат ама после третава ќеркичка ни пишува во кратки црти а ја така ненавикната Ме мрзи да пишувам инаку и ја би некој реферат да напишам....денес немам друштво за шетање, треба сами со бебе, тоа значи ќе отидат повеќе пари на шопинг место да се седи на кафе ако има расположена феминка за кафе нека се пријави да пиеме
Може да ве прашам ако некој знае кој патува често со авион Ke moze li nekoj da mi pomogne imame povratni bileti za germanija,koga odevme od germanija za makedonija cekiranje mozese 48saati pred letot da se napravi preku net,a sega na povratniot bilet nedava opcija cekiranje a denes letame od skopje za germanija,plus jas dojdov da ja go obnovam pasosot pod itna postapka a mojot bilet e rezerviran pod stariot pasos dali ke mi pravat problemi jas ke go zemam stariot pasos i noviot ama neznam dali moze taka ili ima druga postapka
Добар ден. Малата се шетка со татко и, јас кафе пијам на раат. Мене малку почнаа да ме нервираат коментари од луѓе, од било кои луѓе за мојот начин на воспитување и раснење на детето. Јас никогаш не коментирам за туѓите одлуки, не ни прашувам дали спиело, со кого спиело, дали е доено, дали јаде и што јаде. Ни со мајки на лулашки онака што се знаеме, ни со блиски, ни на други луѓе им кажувам како треба да прават, што е погрешно, а што не е. Затоа ме чуди што секогаш си земаат за право да ми кажат дека тоа што спиела со нас било многу лошо и ќе станела многу зависна или не знам што. Или што ја доев после година, не било тоа млеко, било вода, она требало да јаде. Или пелени уште носела. Или... А особено пак луѓе што немаат деца, ама знаат како да бидат најдобар родител. Нивното бебе ќе спие само, нема да носи пелени на година и све има да јаде. И ќе спие дење во галама, немало они да го учат во тишина да спие. А пак да спие на нив? Ауууу тоа е некст левел размазеност. Хех. We've all been there. Туку, малава гледа Пепа прасе најчесто и морам да кажам дека ми е најкултурен цртан филм. Колку се сите љубезни, тато и мама прасе секогаш фини и насмеани и имаат решение за се. Го гледа и Максим, го вика Максимед, веројатно така и се слуша Максиме кога му викаат. Моите па секогаш кога ќе им речам гледа цртани, еееххх децава, само цртани гледаат. Она цел ден надвор е, цел ден колку можам ја занимавам, приквечер гледа кога сакам да средам малку по дома и вечера да и направам. Заборавиле како не оставаа по цел ден да гледаме само да сме мирни. Колку времето ги менува сеќавањата. Како ни одговара најдобро нели. Ми вика мајка ми ништо не сум ја слушала и никаков совет од неа не сум прифаќала. А како да прифатам кога сум целосна спротивност на неа како мајка? Ја сакам, мајка ми е, ама сега како мајка сфатив дека не сакам да бидам како неа и готово. Честито на сите трудници, нека ви е со лесно. Мене свекрва ми добронамерно ме подбуцнува, ама јас не сакам ни да слушнам. Се уште со кондом се обавува "онаа" работа. Се мислам за некое потрајно решение, ама ќе видиме. Имајте убав ден сите.
Ако сте со македонски пасоши ќе треба на шалтер, немате опција за он лајн. И јас со сменето презиме сум летала, носев стар пасош и ауфенталот кој ми е со тој пасош, плус новиот. Мене не ми направија проблем. Добар ден. Тука скоро 30 степени. Убавини. Малото и средното жугнаа малку, па ние со мм синоќа и во бољи живот . Од сабајле прва на каса во лидл, едни патики кои светат за големава да купам, а сега ќе чекам пакетчињата од амазон. Ручек се крчка а богами и кафе ќе си направам. Убав ден мајки. Ќе се шетне по ливадите и кај јагнињата и коњите и денес.
Дана прва на каса а маж вечер после работа ќе оди обавезно за мали да докупи што останало. Топло време надвор но и ветер има со мали шетаме цело сабајле дојде кусна манџа малку од преку ноќ ми пројаде месо и само месце ми бара . Ново нема ме фаќа некоја носталгија за бебуш во мешко па се надевам овој пат ќе се фати и синко да стане поголем батко. Поздрав.
Ja zaspav sinoka malata i za prv pat si ja legnav vo krevetce koe ne mi e blisku do krevet kade spijam.Se vrtev 15min.stanavv si ja zedov i se ja legnav do mene i mirno zaspav. Denes ke se odi po cvekima za rasaduvanje ako mi stoi malTa mirna. Ubav den majki.
@Vennera.aa мислам дека ти енормална рекацијаат.Јас сеуште немам второ, но кога размислувам на таа тема,секогаш се запрашувам дали биможела да го сакам исто ко ова.Меѓутоа,по мајките од форумов утврдив дека се тоа нормални стравови, а колку и да ги имаш,сите подеднакво се сакаат.Со второто мислам само поголема самодоверба има мајката Ете,тоа не е нешто лошо Значи ќе уживаш повеќе во мајчинствотот Ајде само полека,сите коцки ке се наредат,само живо здраво и со лесно да поминува бременоста. @karibian не се потресувај мајка,ќе се снајде бебето.Кога му се спие,ќе си заспие.А па замисли со непозната жена која би ја плаќала,дете да оставаш?! супер опција ти е ова! Со лесно на работа!Слушај и гледај како другите колеги работат,за побрзо да се адаптираш/И запамти,среќна мајка,среќно бебе @mal.ecka хехе иста и јас бев.Пред некој месец божем ќе се учиме пак во креветче да спие.Како да не! Он си спие а јас се врткав во спалната.После некоја мин. станав и си го земав до мене. Син на мајка,љубов моја најголема,карамела мајкина. Денес некако мрзоволна сум.Ќе чекам маже да ме собере од работа...У меѓувреме ќе искористам да свртам крукче низ дуќани Se mislam dali letovo e dobar moment da po;namd a go odviknuvam sinko od peleni?? Ќе има 17-18 месеци...А од септември градинка,па така некако по спремни да сме.... Треба едно фино читање да удрам во соодветната тема... Расположена сум за некоја торта да направам..Собирам идеа за роденденот на маже,љубилеен ке биде, па уште сега се спремам
Добар ден девојки Малата уште спие , а јас претепана.40 мин се враќавме од градинка. Малата мислам боја фати од што е прежешко. А што правевме 40мин? Одевме и седевме кај стигнеме.Ама не само малата мора и јас до неа.Само ќе викне мами да, и покажува каде да седна до дека не седнам повторуваПа после и текна да шлапка со рацете и да вика гуш мами и почнува да трча накај мене А мене дамла ме удри Жешко ама нели гуш не се исшушта.Јас од термин не баш расположена малата ми го разубави денот.Па кога си дојдовме кога виде што се и изнакупувава од лидл (јас бев прва Дани) кога почна да се прчи.Уште на 1 година беше прчла.Имаше еден куп роби поклон од тетка и од Австралија и само си ги ставаше на себе и се прчеше .Па ги облече патиките со светки и трчаше низ станот и викаше па демак пак да и светеле Едвај ја разубедив да ги соблечам за да спие.А колку не сака да спие Туку за тие што кажуваат како што и мојте и свеќи се такви. Ја доев малата легната, зш легнатадетето од тоа повраќа. Па градите ти се меки немаш млеко.Па зш ја држиш во раце, па зш сок не пие , зш млеко не пие...Дојдоа моите и од тоа се што ми зборуваа им кажав да пробат и ништп не успеаа да направат.Се надевам дека ќе траат.А најмногу ме нервира мајка ми кога ќе ме праша , а малата сака ли да шета или да се вози во количка и сл.Одма дете ќе ми го пререче и не сака после. А дете ко дете еднаш сака еднаш не. Туку од кога си отидоа дете ми се врати во нормала инаку само плакаше и се лигавеше нерви изгубив цел месец ем со стари ем со бебе.А за кога сме кај бебе кога го видам бебето на золва ми многу е слатко и мало дури сум заборавила колку беше мала и мојата. Слатки се ама многу е стресно дури еден ден кога видов едно бебе му реков мојта е голема сега не е бебе веке разбира што и зборам, фала богу.Уште сум за небебе @mal.ecka не си единствена и мене мм кога ќе ме прати во др соба да се "отспијам", јас повеќе се будам отколку кога малата е до мене.Дури и не спијам и се враќам назад. @emkaemka и мене си ми многу смешна и интересна обожавам да те читам Стана пилето мајкино .Време е за срама.Убав ден