Какво трајно решение? Мене па сега мм ме замара дека сакал второ,а јас не сакам ни да помислам (што и вистина не ни размислува воопшто дека би имала уште едно дете). Уште месец и пол се враќаме во Мк,сакав да зборнам со гинекологот мој за некоја превентива,да не му текни на мојов да си земи на право дете да направи (демек по грешка) . Се мислам за контрацепција,иако и нешто друго би зела во предвид. Да не звучам грубо,се извинувам ама ко ќе ми спомни некој за второ бебе,искрено ми се повраќа од самата помисла...
Добар ден Секој ден се канам да пишам и никогаш време да пишам Синко од ден во ден е се по активен,следи напорен период и искрено почнав да се плашам Кога е буден се држиме враце,строго шетање таман работа да се седнело Веќе два дена и не се цицаме,дете преку ноќ престана да цица, не сакаше и се гадеше Пробав и да се измолзувам,немав време за редовно да се молзам па ми отекоа градите,болки и тт Страшно беше. На крај добив таблети за да ми секне млекото Тоа е што е. Само што многу полесно ми беше дури цицаше,сега навечер станувам и правам млеко Со Могли на моменти полесно, не бара многу држење враце,сама јаде (после секое јадење како 5 прасиња да прошле) сама су облекува патики,сама се бања Јас и ставам шампон а таа се трља најсмешна е кога си го мие газето,уствари неможе да го дофати добро Лом ми е таа Само се бориме со тантрумите с3уште,се по изразени се На моменти знае да е толку неподнослива Сакам да помине што побрзо Напорно ми е многу периодов Се затопли овде па повеќе сме надвор Добро за децата лошо за мене Ќерка ми кога е надвор се понаша буквално како Могли во џунглата Се качува по огради,по оние дрвени степеници,и по пониски дрвца Срцето во пети ми оди, колку е брза и итра не можам да ви опишам,дури се свртиш таа веќе вика како Тарзан од високо Јас со бебе враце трчам ко луда Уште 6 дена до селидбата Се пакувам по малку и никогаш крај Многу играчки,едно големо комбе да се наполни со играчки Алишта еден тон,мебел... Ме чека чистење таму, чистење и кречење овде Роденденот на ќерка,а во план сум и торта да правам Овдешниве се на изглед убави а вкусни не ми се Незнам како ќе излезам на крај со се ова Толку од мене,да спакувам уште нешто дури ќерка и мм не се вратени @danichap @Mariangel би можела и на повеќе јазици да напишеш (српски, македонски, германски )пораки со имиња,интересно би било и рамките да се со мотив, украсни. ..
Добро вечер мајки. Денеска денов летна во еден здив, малку средуваме со синко дома, малку надвор игравме се прибравме и заспа. Спиеше два часа а јас за тоа време ручек и ужинка правев за синко,една машина спремив друга пуштив и таман седнав со кафето во раце се разбуди бебе....Ручкаше и пак излеговме, во населбата имаме еден парк се лулаше и се смееше на цел глас. Да кажам и јас за мајка ми и свеки. Кога си дојдовме дома од болница(5 тиот ден)Синко не сакаше да фати цице се гадеше, се тргаше. Едната(свеки) вели досега чим не фатил нема да цица. Другата(мајка ми) Над мене висеше и само кукаше вака бебе така бебе . Се изнервирам ги избркав од соба. Бев упорна ама не сакаше и не да фати,се молзев и му давав два месеци потоа продолжив ад да давам до година. Но од свекор ми секогаш имам па и тогаш на три месеци каша од брашно да му давам, кравјо млеко со бисквити голем бил и многу други работи но не ми текнува сега. Синко во патики скоро цел ден нозете испотени и свекор вели му потат и му мириса патиките не биле квалитетни.... Со мм се немаме видено асолно три дена, работи од утро до мрак се надевам вечерва ќе го дочекам да си дојде. Имајте убава и мирна вечер со вашите најмили.
Здраво на сите! Отворив форум и ми се појави прва тема најактивна што сте купиле за децата, значи само јас не отидов во Лидл денеска не е фер. И не ми е толку далеку ама на жешково немаше шанси никакви. Мора и јас да почнам да сликам да сум во тренд со вас Имам и јас на малата такви џегинс со пеперутки ги зедов пред некоја недела, а обувки до сега не сум купувала од таму. Често и онлајн си порачувам па немора да брзам за да фанам ред на каса Дете заспа рано, ја изморив максимално по парковите попладнево па едвај чекаше да нана. Ова времево е лудо во април лето мислиш август е. Па кога ми удри сонцето во глава во паркот мислам ќе се онесвестев и тоа во 18 часот. Мора капа да купувам некоја инаку ми нема спас. Туку сега како почна сезоната во песок играње смрт ми е, само песок насекаде и пред да влеземе дома колку што може се чистиме и едно влагање на балкон соблекување и пак џабе кога таа и во косата ставила песок и тоа се сее насекаде. Па и патиките со правосмукалка ги усисавам Детево почна на големо муабет да ми прави, ги повторува песничките, денеска ја слушам вели но мо џапин бед, се чудам и после ми текна дека е од онаа фајв литл манкис, на комшивките им кажува чус, на татко и на скајп прееска вели тато бои и тој брои еден, таа вели даааа, тој вели триии, таа четии, пет, шесссс и се смее. Одам да си легнам оти ќе има сабајле уште во 6 џапин бед Лека ноќ.
Dobro utro ubavici Moze po' edno Bebuska i cerka sueste nankat srcijna moi se i dvete Jas srediv malce niz doma i pipremam pojadok za moite mm otide da gi ceka,konecno posle tolku vreme se odlucija da ne posetat mene i sestra Na tato ne mi è prv Pat kako ide vo Italia ama i od odamno ne bil,mama radosna sto ke gi vidi vnucite i bebuska Nedela dena ke bidat tuka malce kaj mene malce kaj sestra,edvaj 10ddna na tato mi dadoa odmor...malce mi sa vidoa meneama podobro od nisto... Eve si spodeliv so vas ubavi momentikako i tiè teski koga gi imamotidov jas... Imajte ubav den
Добро утро. Ја нема Лили одамна кафе да дели па ајде јас Туку се возам со воз за термин имама дури два денес и во воз ми влегоа 6 мажи во костуми елегантни и кој од кој поубав како манекениСамо си реков пу зш сум мажена бе Ама гледањето и сонувањето не е забрането Поздрав мајки треба да се симнам и да ги оставам лепотаните на некои други лавициМоже ќе пишам подоцна пак.
Одамна не сум пишала ама ја прочитав сега @Mari* и буквално истото ми беше во глава да го пишам. Малава, бебе како бебе си тера свој филм, големава посабајле не може да се одлучи што да облече јас не знам како ќе се спремаме кога ќе тргнам на работа. Ќе треба од 5 да станам за двете да ги средам и јас и мм да се спремиме. Паника ме фаќа ама ај има време до тогаш. Сум пишувала и претходно, нас второво дете ни беше ептен изненадување, мене шок невиден. Долго време после породувањето ја гледав и се чудев дали јас некогаш ќе имам за неа толку силна љубов како за големава. Па еве се си дојде на свое место. Ама сега да останам со трето, се стресувам од самата помисла, не знам што ќе правам навистина. Убав ден девојки
Добар ден женски! Да шкртнам некое зборче. Ме немаше,ама за тоа не пишувам. Само од болештини подалеку. Мама ќе почне да јаде повеќе и нема повеќе да дехидрира. Прцулот ми спие на гради. Го гледам како расте. Се менува дете од ден на ден. Беше ко мало глувче а, а сега е цел распослан на мене. Кога ги шири рачињата како да ме гушка. За вакви моменти човек вреди да живее и да се радува. За овие две рачиња и очиња кои растат додека трепнеме. Сонцето го користиме максимално и секој ден сме ,надвор бар по саат време. Мама пие какао на сонце, бебка ужива. Од кога се роди бебка тато помалку патува. А мама најсреќна. Шетња е договорена и за денес. Аутфит смислен и за бебе и за мене. Да стане буце па ќе почнеме полека со спремање. Мајка и сестра кога се слободни секогаш излегуваат во пресрет за да се спремам на раат. Дома ми плаче за генералка. Ама да затворам дете дома на ова време за јас да чистам не доаѓа во предвид. Какво е такво е . Дете да е среќно. Секогаш има опција- повикај жена за чистење. Денес може да пуштам машини да вртат додека не сме дома и тоа ќе биде мојот домаќинлук.
Добро утро. Се пријавувам петочки од спална со кафе, додека синко е заигран до мене. Сонце на мајка, колку е мирен кога сум до него. Вчера ме изненадил. Се разбуди околу 7 поигравме и го фати криза, па повторно го успав и зошто очекував пола часовна дремка се испружив и јас до него. Е арно ама дете се успа, а и мама со него. Кога отворив очи 10:30, а он уште спиеше. Станав да му спремам доручек и по 5бминути ете го мајкин син се разбудил. Без мама не се спиело толку убаво. Деновиве максимално бевме удрени на шетање. И денес таков беше планот, само што надвор гледам некаков ветер. Има некој што излегол утрово да пријави дали е страшен? Скоро секое шетање мама си купува сладолед додека бутка количка. Е арно ама синко мој почнал да шмата кога гледа дека јадам, жал ми падна последниот пат па ќе мора да одморам од сладолед . Па и вода кога пијам ме гледа. Ама тука не ми е жал зошто и онака пие и он вода. А ако се дограби до чаша ја влече кон уста да пие. Умен тој на мајка. Бевме на ортопед и се е во ред. Малку касниме, ама ништо страшно. Само интензивно вежбање на подлога или игрална за да се крева и се ќе биде во ред. Добивме и зелено светло да го носиме синко во ранец на планина, па ќе има качување на водно викендов или наредниот. Неколку години по ред со мм одевме на комбиниран одмор планина, па море, ама оваа година ми е жал толку да го шетаме синко, па ќе се стационираме само на море. Ова за главниот одмор, а за пред-по тоа сигурно ќе искомбинираме нешто. Битно, аранжман уплатен. Уште купаќи и реквизити за синко. Во џамбо веќе ги извадиле базените. Купив пред два дена за роденден за еден батко, а за мојов не можев да се одлучам. Планирам утре сабајле со мм на отворање во 10 да одиме да купиме додека ги има, да не останеме без базен. Инаку го молев мм да го расчисти балконот, за да си седиме со синко кога не сме по улици. И после месец дена замислете, вчера расчистен, фрлени стари столици и маса и сите други глупости. Сега уште да се избања балконот и да си ги извадам моите омилени столици надвор, па ќе биде максимално користење. Во меѓувреме бирам цвеќе, да ги разубавиме малку. @emkaemka направи си мерак со перничиња. Јас последниве два месеци и теписи и прекривки за гарнитура и перничиња, се изнакупив. Што ако не се гледаат од играчки и реквизити, битно мене мерак на душа да ги погледам макар и кратко кога ќе успеам да подрасчистам @blessed.an како сте, те мислиме. @karibian само силно мајка. Ќе се навикнат прцуливе. Јас имам уште повеќе од месец до поаѓање на работа, а веќе се спремам психички. Знам дека ќе е тешко да се остави сончко, ама тоа е реалноста. Мораме да се прилагодуваме. Ме немаше неколку дена и изгледа се занесов. Одам да подзапеглам додека синко е на кратка прошетка со мајка. @Igle ние сме нон стоп на улица, а немам со кого кафе да седнам да пијам. Друг пат пријави се ќе пиеме некаде заедно Имајте убав ден и викенд
Здраво мајки , Како сме денес? Денес како ме фатило мрза за работа, едвај доседувам . Паметов ми лета . Ми се иде негде на викенд . Периодов ептен дома заседнавме. Имав причина до душа. Уплативме за кола, и едвај чекам наредна недела да стигне . Конечноооо ке возиме нова кола И се радувам најмногу на цел свет. Уште сега планирам секој викенд каде ке одиме Со оваа кола што ја имаме не е баш сигурно патување на подолги дестинации . Денес купив и авионски карти , јуни идем неколку дена на еден остров па уште неколку на друг остров . Ке менуваме кола па авион па брод . Со дете ке биде забавно како што е скитарче мислам дека ке му одговара тоа што ке е надвор поголем дел од времето Башка ке има друштво Многу сакам кога патувам со него ,минатата година ептен убаво си поминавме . Беше бебе ама кај и да отидевме не се осекаше дека има бебе со нас. Ептен мирен . Ееееее оваа година оди ,трча ке биде интересно . Ама се радувам Сабајле во 6 и 45 стана и одма на тераса гулаби гледа . До 7 30 си седевме , ги викавме, им фрлавме трошки за доручек да се најадат и они Па опседнат е и со Бус , вика по автобусите ,се радува ,се тресе дури кога ке види бус Денес со баба му ке се возат ,дека нели петок пензионери без пари Погоре гледам муабет за 2 бебе . Многууу сакам . Сакам да сум трудна , најубавиот период во мојот живот. Кога се породив ,им љубоморев на жените кои беа трудни Не знам како откако ке родам второ ке се помирам со фактот дека нема веке да сум трудна . Но, некако периодов сум срекна , убаво ми е вака како што е , и второ бебе ке почека .Сакам разлика некоја мин 3 години . Но не се знае . Може ке ме понесат љубовни емоции на одмор И така мајки се распишував мнг денес . Да остаам нешто и за утре Имајте убав ден
Јас сум надвор @Ano Дувка чат пат, ама ништо страшно. Мајка ми крена притисок уште савајле. Прашав вчера дали може да дојде да провртка бебе да зачистам оти гости имам у најава за утре, рече ќе дојде. Вртам на тел кафенише со гости. И се јавиле сабајле, не можела да откачи. А мене може и реков ич да не доаѓа. Убаво си почнав се сама, не знам што ми требаше помош да барам. Мирна глава сам. Друго ништо ново. Арно се опраи времево да шетнеме малку. Додуша тргаме со количка, се враќаме со кенгур. Ако видите некоја таква плус купишта ќеси во количката, таа сум Убав ден мамички!
Здраво! Земав да пишувам пред некој ден и остана така пола пост, п избришав сега стари информации. Синко беше добар, а и времето па се изнашетавме. Прошетките навечер ни се фамилијарни и ми е толку убаво да се измуабетиме со мм, зошто дома обично едниот чува бебе другиот нешто работи. Е арно мислев грчевите поминаа синоќа пак и цела ноќ се будеше со плачки, а таман почна да си ја спие ноќта со две будења 12 и 5 и во 8 сме будни. Се надевам ќе остане така. Беа пред некој ден од општина да ми кажат што активности има за мајки и деца па планирам една таква собиранка да посетам. Незнам како ќе бидам прифатена обично све германци одат на тие ама да пробам па ке видиме. Инаку има и една група каде што можеш да го оставиш бебе два саати само да се навикнува без тебе тоа од година ипол па едвај чекам, а од две веќе градинка е во план. Може лошо звучи ама имам потреба некој да го причува два саати да одморам од него, а иисе плашам да не се приврзе премногу со мене. За сега не прави проблем битно да го држи некој во раце, а кој не е битно седи и со луге што прв пат ги гледа. Тоа еве го спие во раце јас сабајлечки сменив постелнина и пуштив машина, сега чекам бебе да стане па да ги барам моите на скајп. Поздрав
@Ano решив ќе ги купам готово, само породилно да пуштат туку хммм прекривачи нови викаш Терасата ми е тип топ мене наредена, уште плочки да се изрибаат со киселина, ама тоа мм кога ќе може, битно чисто, средено, со мерак да седиш веќе и дел сардели ми расцветаа, а во саксиите што немав цвеќе ставив љубичици кои се расцветани @kukla21 јас веќе не ни ја барам мајка да почува бебе да зачистам, имаше еден инцидент од кој коса ми се крена и кажав амин. Ама деновиве си мислев да ја викнам женичката што ми замачкува, што да правам, не можам да постасам ама мајка се јави баш непосредно пред и кажа ќе дошла сабота или недела генералка да прави, да сум и кажела кој ден ќе шетаме па тој, бебе да не е дома нели аууу повели, куќа е отворена Инаку јас количка не ни вадам за шетање, во кенгур се носиме само, по Молови пак топ ми е со него, ќеси во раце или ако се многу и мм ќе го натоварам
Еве ме мајки..Да ве поздравам не сме баш најдобри...Дадата е супер ама малиот уште ми качува тт нос затнат по цели вечери мислам пола нок на инхалатор ја поминуваме..Тешко многу кога се болни + дадата незнам што и се случува навистина по цел ден го тепа го бутка го штипа и што ли уште не..Да не раскажувам што му прави целиот е рани го дере по лицето го апна модар е целиот..Пробав со убаво устата пена ми фати зборувајки но не сака да разбере и повишен тон пак исто бидејки на моменти се исклучувам нервите ми попуштаат и неможам..И ја плеснав и по газе па и по раце бидејки навистина претерува оваа трае веке скоро месец и некој ден..Се обидувам колку можам внимание да и посветам ама малиот ми е многу лош никој не се согласува бар два три часа да го поигра а и не сака тој..Мм си доага во 17-18часот од работа додека кафе испие джсе истушира па јас по него и отишло 20часот и таа бара веке да спие..Мајка ми се понуди на одмор била па вели донеси или едно или двете ама не одат без мене а знам дека нема да седат ке ги донесат..Чуствувам дека е запоставена сакам да поминувам многу повеке време со неа ама никако да успеам..И игри пробав и двајцата да се вклучени но малиот ништо не го интересира па мава или ако редиме коцки ке ги бутка па таа плаче и ке почне тепачка таа удри тој удри и едниот ке заврши плачејки...Тоа е мајки додека спијат искористив да ви пишам..Имајте убав викенд
добар ден убав ден на сите конечно да најдам време се ми се собра наеднаш подготовки за велигденот па слава ни беше па сега за крштевката се ми се смачи од се .Битно јас се спремав бебушот го дотерав а и маже тој за 15 минути се купи ,ми остана уште декораците за на маса нокти да напрам и да се исфарбам коренот пораснал сега сум плавуша како порано . Др се е исто малку нервози да им погодиш на сите а за тебе им е гајле што имам една сестра премногу ми е љубоморна што кажала дека и е побитна работата од крштевката од мене само пари и се вртат и требале цел живот на се ми била љубоморна и никогаш не ме сакала како сестра . Тоа е ама секој нека си тера како мисли . Бебушот ми е супер уште малку 8 месеци ќе полниме се јадиме овошје и зеленчук денес месо ќе му дадам забче уште немаме цело плачки немам супер е и тоа женски ќе пишам кога ќе завши се другата недела е крштевката
@kukla21 се приметува дека во етапи сум го пишувала постот. Јас прашав, доручкуваше, дојде баба го превзема за прошетка, па јас допишав пост
Штом мајка ти се понудила да чува едно мачку однеси ја поголемата.ќе си играат ќе смени малку. И моето поголемото само сака да оди кај баба.Си играат по цел ден и 1 месец да го оставам ќе седи.Едвај го враќам дома. И на тебе ќе ти биде малку полесно со помалиот.Љубоморни се и затоа ги буткаат и апат и се... Тешко е те разбирам....