После некој период се враќам на темата очекувајќи некоја ведрина и расположение овде... ама јок... баш не е убав период за многумина. @danichap @LiliBoz побрзо нека оздрават малите. @Mari-Ja и вие долго се мачите со секретот... одамна сте болни, ама штом сте се вратиле во градинка се надевам сте подобри. А што е маката со Витаминчето?!?! @vitamina ако е за споделување чекаме да пишеш... Ма што и да е нека мине брзо, да ни се вратиш позитивна и расположена на темата. Изминатиов период имав проблеми со здравјето, за среќа брзо се повратив и застанав на нозе. Беше во прашање и дали ќе дојам, па бебо ми беше на адаптирано а јас со одмолзување одржував лактација. Сега сум пак добра и пак цицкаме. Од топлите денови само денешниот го искорситивме за прошетка со дечките. Ама напорно со двете... дадичката сака долги прошетки а со беба не мј се шета подолго од 2 часа. Причина - не сака баш да цица во гужва а плаче за млеко. Морам да објаснувам многу на дадата, да сфати дека не може цел ден во парк да минеме. Денес заедно правевме вечера со дадата. Неред направивме, утре ќе имам од сабајле што да правам Потоа читавме приказни пљ така и заспа дадето мое најубаво. Потоа бебо го заспав, а и ММ рчи... кај и да е и јас ќе спијам. Лека ноќче на сите.
Добро утро Послушетесе на кој што му душа сака. Викендов максимално го искорисивме. Бевме в село,синко се изнаужива со деца,играј трчај. И јас се изнауживав скапав од чистење. Имаме свадба за 2 недели па,да е се средено исчистено. Еве го тој јаде банана,јас пијам кафе. Да појадуваме и ќе одиме в парк. Побрзо оздравување на сите болни. Засега толку од нас,се читкаме.
Добро утро Нема поубаво кога цело семејство е на куп.Мм си дојде.Деца среќни радосни само трчаат по него се гушкаат се галат се поткачкаат и гледам колку разбираат кога го гледат само на камера и сега во живо како се однесуваат. Големиот цело време е со него.Мисле ќе го остави и ќе оде.И едвај задпа вчера а кога стана тата нема и кога викна да плаче ништо не го смирува пола саат липаше надвор додека си дојде мм,колата ни е на поправка па таму беше. Деца за сега се ок.Иако кај малово не ми е јасно еден ден зелени мрсоли густи друг ништо. Ново друго ништо. Нова занимација на децата им е трамбулината.Рипаат скокаат. Се чуствувам убаво,среќно исполнето мирно спокојно. Ви посакувам убав ден....
Здраво женчиња Најпрво, брзо оздравување на малите @danichap и @LiliBoz Што и да и се случува на @vitamina брзо да мине КАј нас стандард шема, мали - градинка, тато и мама на работа; Викендов се дружевме сите тројца. МАли пресреќен, посебно со тато зашто мама веќе му е досадна, секој ден јас го носам по нишалки, во песка и чуда, па со татко му кога се нишкаат и лизгаат е пресреќен. Ептен ме мрзи да фатам да работам, се го одолговлекувам ова кафе. Ме фатила ептен еуфорија за плажа, одмор, па само си гледам вили и дестинации за одмор, па кога ќе ги изгледам толку сум полна со енергија како да сум била таму МЕ нервираат луѓе шо се праат као многу опасни и ептен „на висока нога“ во цел колектив. КАо они се најмодерни, во шема, другите се „прости“...Ги има многиу такви кај мене на работа. Порано со нив се дружев, сега ги одбегнувам (или можда тие ме одбегнуваат зашто не сум веќе „ин“ со дете и обврски, не знам како е комбинацијата)...Како и да е, сега ги увидов тие карактеристики и си викам „Боооже, како не ве мрзи со такви работи да се замарате“...Тоа имав да кажам. Ај да работиме малку, па после пак ќе читнам
Stanuvas majka I toa e najubavo cuvstvo I edvaj cekaa da mu sw poraduvaa na deteto I nemozes.. pocnaa grcevite... se.davas sto.postoi.I pak nema.polza, se.pravia nema.podobryvanje,.nisto.ne.jades pak.nema.. samo stois vo.mesto I lulas.. I nema drugo.. zatvorena vo.nekoj kug, gledas site si go zivrat zivotot, si gi vrsat.ibvrskite a ti samo.lulas I slusas.kakp.place
Кога ќе порасне ќе ти недостига да држиш бебе во раце,ма и грчевите ќе ти недостигаат Се поминува толку брзо... Уживај во овие моменти Добар ден Тинче ја со ред ќе почнам од понуденото Мм зеде вчера две комоди па сега да ги склопам треба да ги избришам за да можам таму дирекно да ги наместам и наредам Утре спална и детска на дневен ред,тоа ќе расклопиме Ми фалат соодветни драпери ама тоа од како ќе се вселиме Сакам и нов кревет да земам ќе банкротираме Тој ја зеде ќерка и заминаа на доручек за да можам нешто да припремам Со неа скоро и невозможно е,вчера 3 пакети 3пати ги пакував Јас стави таа извади пак и од ко ќе заврши со распакување одма бега Каде смешно каде косата ми се крева Го шмркнав кафето и да почнам со работа Довиџења
Добро утро мајки Уште малку ќе си собирам парталите и домче. Докторката помина на визита и рече може да си одиме Ги слушна градите, сеуште полни шлајм, ама природното лечење било така, па можело уште некоја недела да потрае додека се исчисти. Ја слушна кашлицата(не знаев дека едно толку мало, 3.5 кг човече, толку страшно може да кашла), ама била продуктивна и не била страшна рече. И тоа со недели можело да трае. Да не се плашиме. Важно можела да диши и нема тт. Што би рекла мајка, се насладивме. Ако тука се променело нешто да одиме на педијатар или да се вратиме тука. Мм ме прогласи за најголемо мрчало и рече дека оти не можеле да ме трпат не праќале дома . Првен учтиво прашав, за стерилизатор. Немале. Ок, никому ништо. Не знам како миже болница, детско идделение да немаат, ама збор не пререков. После прашав дали имаат фолија за термометарот пред да го стават во газето. Не ставале веќе, шприцале со дезинфекционо. Ок, така треба, така за сите, и не реков ништо друго. После прашав дали имаат од фластерите кои се лепат и неутрализираат болка пред да ја боцкаат. Не биле за толку мали бебиња. Ок и тоа. Сигурно така треба. После прашав за инхалаторот, зошто толку малку пареа испаѓа. Така требало. Е не треба. Пак никому ништо, си го зедов мојот и готово, не им пререков. Ама ако имам прашање ќе прашам, мајка сум на тоа дете, за него сум таму, не им ќутам. Е синоќа, на полноќ, влева едната сестра и ме прашува оти не спиеме со отворена врата или прозор. Прво што ми помина низ глава беше дали е точна, а секако знам дека не се, па ај преќутев и само реков дека студи. Не студело. Не знам во кој свет они живеат, ама во мојов е мразарница навечер. Оти не сум подотварала. Викам врата на балкон е без клуч а е заедничка тераса за цел блок. Многу сум била параноична, никогаш не се десило нешто да снема. Викам ни врата ни прозорци имаат опција кип, а малку ако пододтворам од ветерот се доотвара и студи. Никој ни за кипот не се пожалил до сега. Викам не се жалам, само образлижувам зошто со затворен прозорец и врата спијам со толкацко бебе. Оти студи. На крај ми рече не сакала да се кара, свежиот воздух било за моето дете. Е тука се и нададов. Во 02.00 малово кога поврати и ми требаше нова постелнина зазвонив за да ми донесат. Изгледа се преслуша, или пак страв и дојде да не се жалам, па ме прашуваше како ми е фамилијата и другите две ангелчиња дома. Ова јас дали ангел, па затоа и децата ангелчиња . Пред три месеци лежев со големата два спрата погоре, плус одевме на редовни прегледи во друг оддел, презадоволна од нив. Што им е на обие тука бог знае . Зборев со маж. Издејствувал крвна слика и за другото, во четврток. Горда сум на него бидејќи и он салам промрчел а не само да се жали дека јас мрчам и во вис кренал ординацијата(за крвна слика бре, да не е трагично би било комично). Бебе ми спие на гради. Едвај чекам и другите две да ги бакнам и гушнам. А сега кафе ќе си зедам. Убав ден мајки
Добар ден. Многу убаво поминат викенд. Не поканија да бидеме кумови на едно драго детенце и многу се радувам . Уште да знам што се треба да спремам за крштевка, а ќе биде за многу брзо. Туку сега треба и да се дотерам, а и синко да го дотерам. Мм сам нека му ја мисли. Двата дена од викендот искористени максимално за дружби. Родендени, прошетки во парк, гисти... И нормално после ваков викенд нешто ќе ти го утепа расположението. Покрај стан во Охрид, ќе треба да плаќам смештај затоа што сите си прават планови без да прашаат. Немаше да ми биде толку криво барем да прашаа или барем да кажеа. А ние увиџајни, чекај да кажеме, кога тие веќе планот го направиле и трај, прај. А што ако и ние не кажевме, ќе се тепавме на два ден пред тргање, кој ќе оди Ќе си пукнам од мака. И јас бев трудна, и јас имам дете. И моето сакам да ги однесам на чист воздух. Фала богу финансиите ми дозволуваат па можам да си го приуштам тоа задоволство, ама па зошто да си ги дадам парите. Некако после операцијата на синко, сфатив дека човек треба да има црн фонд за не дај боже. Туку се повеќе сфаќам дека луѓето се се посебични и очигледно мора и јас да станам посебична. Куќава е на раб да ми прооди. Ама ај од први, ќе предадам дете на привикнување кај мајка, па ќе си фатам ред да прусредам. Кујната плаче за генералка и преуредување со сите нови реквизити за спремање јадење за синко. И плакарите плачат за средување, ама и онака е ред за зимско/летно преуредување. И балконит веќе е испланирано како ќе биде украсен со цвеќиња, ама нека дојдат платите па ќе се фрлам и на средување на него. За останатото се мислам да викнам жена, ама уште да најдам некоја. Последен пат преку агенција земав, па може пак ќе ги барам. Сакам и до молот на шопингнда отидам. Се мислам кој деннда биде тоа да го тестирам синко дали можам да го извозам сама. Ако можам одиме во поход. Ваикики и котон во капитол веќе здосадени се. Секое парче знам каде стои, и се што беше интересно е веќе купено. Плус имам и некој ваучер за искористување, па таман, да не пропадне де . Денес на повидок уште еден убав ден. Спремив доручек за синко, да се најаде и одиме во шетња. Чекам и драго друштво да пристигне, па ќе јадеме сладолед и ќе пиеме кафе. @danichap @LiliBoz побрзо нека поминува. @Mari* со лесно селидбата. Имајте убаввден
Пред да тргнам по малиот да пишам. Вчера го испофалија, ми рекоа друго дете денес си ни донела. Не плачел, си играл со другите деца, пак им ја избришал терасата од полен па имаше жолти коленици и најбитно отварал уста да јаде! Луѓе колку бев среќна! Може и малку подлажнуваат пошто сфатија дека предолго трае адаптацијата, ама се надевам дека не. Прво што направив откако дојдов дома се бањав 40 минути, мислам дека пред пораѓај дента ми беше претпоследното капење со приближна минутажа. Сега кафе уште пијам од Тинче и чепкам на нет додека чекам машината да заврши, да пружам алиштата и одам во градинка да дежурам. Ми рекоа ако е се ок и на ручек ќе седи, па да го земам, ама сепак да сум таму во 11.15ч. Смислив што ќе доручкуваме јас и синко, за ручек немам поима се уште. Мм е дома, ама исто ко да не е, спие. На работа ќе оди попладне, па ќе се видиме утре ова време. Демек ми обеќаше на доручек ќе ме носел сабајлево и еве уште гладна си седам Ќе јаде и он, од каталозите од лидл и меркатор што ни стигнаа денес, нека си избере што си сака, гледај и јади ќе му речам. Временцево денес средно жалосно, те ќе врне, те сонце огрева, дома ќе си преседиме денес. Не знам за вас, ама јас откако ќе земам дете од градинка, следно гледање на саат е 20ч. Толку брзо ми минува времето,што сум се позагрижена како ќе постигнувам се кога ќе почнам со работа. Одам женски да доработам па да си го гушнам синко, веќе ми фали. @elcezelce пиши како поминавте вие. @vitamina после дождот сонце, крени глава подобри денови доаѓаат! @danichap само нека поминува што побрзо, оваа кашлица западњачка само чист воздух ја победува.. @LiliBoz пиши како сте. Поздрав до сите и имајте убав ден!
Добар ден мајки. @danichap , @LiliBoz побрзо да оздравите.. лили што испадна дијагноза кај вас , сипаници ли,може си пишала,но јас почнав со работа па сум малку во хаотичен период нешто читам, нешто не. и малово веке трети ден е со висока температура, изгоре дете до 40 се качува, со сируп или чепче успеваме да ја симнеме до 38,5 пониско јок, полудечу. башка кај го големото во градинка се појавило шарлах, неговиот брис е негативен, сега го чекам брисот на малово. така вака бато секој месец си го части некое вирушче или бактерија донесени од градинка. крвна слика и црп мирни, грло не е црвени, а температура до небо. Моментално спие на мене, што кашува дека не му добро. така си седиме гушнати и си чепкам на телефонот, а за овие два саати можев куќата да ја светнам, која патем е хаос, ама ич не ми е гајле. уф колку негативен пост испадна, а со денови се токмев да пишам колку добро ми дојде промената што се вратив на работа, уште сме хаотични, но добро е. бебе супер се сложува со баба. Господ здравје да и даде на жената, убаво ми ги чува, баш како што сакам. со многу прошетки, ред за јадење и секој ден нешто ново го има научено, па го земаат постарото од градинка, кој патем си ја засака градинката. е сега колку месеци ке сака да го чува дрга тема е ама дур се наканам да пишам се разболевме, па на боловање со температури се бориме.
Синко заспа јас си направив едно кафе и еден цеден портокал и кренав нозете на кревет демек уживам Се изморив од сабајле некако се растрчав ,оставив дете во градинка во 8ипол ми рекоа да се вратам во 10ипол ,од таму отидов до работа да земам униформи нови (старите за жал не ме збираат ) после до кај моите да оставам нешто требаше ,и трк назад во градинка . @Mari-Ja добро поминал и вчера и денес доручкувал таму вчера му дале млеко со бисквити ,денес палента со кисело млеко и урда учителката рече дека убаво е најаден ,дури и спиел пола саат како заспал не кажуваат моја претпоставка е дека плачел плачел и заспал Ми рекоа дека едното окце му солзело ,го следам дома па ќе видам минатиот пат така почна настинката со солзење на окото ,дај боже овој пат да не е ништо само се молам . Сега ставив ручек за синко да се вари ,замесив тесто за пици за ручек денес после да дојде свекрва ми од работа нека прават пици нека чува дете јас ќе излезам со кумашинката да купиме се за крштевка што треба облека за малата. Куќава ќе ми прооди и мене плаче вришти за генералка се надевам дека деновиве ќе најдам време да подзачистам .После кога ќе излезам во план ми е да тркнам до агенција да земам понуда за одмор последната недела од мај еве маже вика дека 99% одиме ќе му дале слободни денови ,се надевам дека нема да излезе нешто да не отидеме Убав ден
Колку и да е тешко еден ден ке ти фалат овие моменти.Да знаеш секоја нервоза и негативна енергија на мајката бебето ја осека . Гушкај се со бебе и уживајте Здраво мајки , Читам пак со болни дечиња. Да се крене глава од настинки и трчање по доктори . Мачно за дете уште помачно за родители ...Само да е со помин . Изминативе денови и ние се изнашетавме.Еден ден во парк ,друг ден на ручек кај пријатели во дворче од сабајле до вечер. Детево мое веке не ни ги погледнува играчките по дома . Ако не е надвор ,тогаш на тераса виси. Срека сонце ја грее терасата од сабајле па е пријатно да се седи . Сега периодов му е тоа интересно Секое попладне околу 5 ,мм го зима малиот и се шетаат низ населба . А јас дома или средувам нешто или си одмарам. И убаво ми доага да ви кажам. Денес ке одам тој период на фризер, па после сите заедно ке одиме на сладолед и да прошетаме да видиме некои потенки панталончиња да најдам за малото . Вчера се што е дебело тргнав на страна . @gjoker4e зал ми е за финансиската ситуација во која се наогате . Ако е од помош ке купам Ло бело или било што ке ти пратам , само детето да ти е срекно . Тоа е мајкички , одам да си направам лимунада . Диета тоа е Имајте убав ден
Сепак било бронхиолитис.Тогаш носи ја секој ден кај педијатар на контрола,нека ги слушаат плуќата,и ич гајле да не ти биде ако си досадна,за твое бебе се работи ,нека вриштат ако сакаат. Внимавај со другите две, пробај да не ги мешаш со бебево,да не потфати уште некој вирус додека не се излекува целосно.Внимание на свиркање и шиштење во градите и сина обоеност на усните. Незнам каде сте ,ама кога ке дојдете кај нас носете ги кај некој педијатар приватно ,објаснете ја ситуацијата и нека ви пише некој антибиотик сируп пр.амоксиклав и нека ви каже кога да го давате,точно дека се претерува со антибиотици кај нас но ова што го пишуваш ти е чисто измачување на децата.Не поминува секогаш се само од себе потребна е потпора од антибиотик.
Добра вечер мамички! Бебе спие јас со телефонот одмарам и ве читам. @danichap се измачивте, читајки те тебе и другите членки тука уште сега правам список што све да набавам летово кога ке одиме во мк. Викендов бевме на плажа луѓе се сончаат и бањаат, времето супер за уживање. Добив желба да прекинам да се одмолзувам, синко не цица а мое имам ама не доволно па пие одмолзено плус ад. Сакам да престанам зошто нигде неможам да мрднам ако закаснам со измплзување одма грутки. Сега и синко врзува ноќе спие подолго, а јас морам да станувам. Може звучи себично ама и до сега незнам како издржав со тие грчеви што ги имаше, а јас сама тука со мм, а он на работа. Си поплачив за одлуката, а уште незнам како и кога да почнам да намалувам. Ново е дека синко почна да се плаши од други луѓе, т. Е. два дена по ред вриснува да плаче од комшиите, а ги знае сум го оставала и сам со комшиката на кратко ама изгледа сега почна да распознава 3+ е. Добра ноќ
Здраво мајки! Најпрво ќе посакам побрзо оздравување на сите болни дечиња, нема потешко од болно дете. И ние сме во таа категорија. Претходната ноќ ја минавме во болница. Малото од петокот со повраќање, пролив, поткашлување , температура..дете се исцеди. Ќе се стабилизира малку па пак ќе го спопала. Не можев веќе и реков идеме во брза помош, не дека бев оптимист дека многу ќе се офајдам ама што седам дома и што сум во неизвесност ќе чекам таму. Почекавме прилично , околу два часа и кусур. Најпрво ми беше страв да не е фатило пак бронхит. Кукав , се жалев докторката некако се смилува па рече ќе провереме крв . И ова е нешто си реков, бидејќи боже мили тешко е човек да издејствува крвна слика , сме биле во повеќе наврати. Сакаше дома да не прати, даваше некои совети што , како, но резултат не беше добар, па рече подобро да останете, ќе земеме крв и од вена, јас останав со подотворена уста просто не ми се веруваше. Зедоа крв, урина, бриз од каката, дадоа инфузија. Дете дехидрирано. Тоа ни стои и во отпусниот лист. Фала богу добри резултатите па освен физиолошки за покренување друго и не добивме. А да и капки за нос, нив не дмеам никако да ги изоставам, кога и да одиш во итна ли, лај матичен капките се загарантирани за друго мало морген. Утредента преглед, ноќта било добро, немало пролив, не побарало можело да си идеме. Што се однесуваше до мене ја би да останете ме уште една ноќ. Детето пак имаше пролив, пак малаксаност ама ајде. Цело време најмногу ме загрижуваше кашлањето и посебно напоменав дека лесно спушта на гради ама добро било, нормално било да кашла , ден, два па и три и ќе се опорави, малку диета, повеќе свеж воздух и се ќе биде во ред. Дете кашла, нос како река, заматен поглед , единствено пролив што нема ќе треба правец па кај матичниот, веќе душа немам. Она па душичке цело време умно, од што му мака не дава отпор, соработува, малку ќе пушти глас и тоа е. Големото и тоа малку уплашено па умно инаку човек со тешки маки да ги скроти. Не знам и јас што чаре да се бара, штом си идеме ќе одиме и кај нас на лекар. Ај доста беше и на мене и на вам од вируси, настинки, од се, ќе има, мора да има подобри денови. Поздрав!
Што вируси? Да сме у тек, 38.3 пред половина час и се качува нагоре. Дете плаче, два часа веќе во раце ми спие. Гладна сум и мене ми се плаче. Мерам и следам и едно кафе тегнам од 7ч направено. Не сака да пие ни да цица. Едвај диши. Кашла, буфта ич не му е арно. Да беше поголемко еден цеден портокал да испиеше ќе му беше полесно ама ова мало па пишти сега и од пумпицата за нос. Среќа па пумпица за усисивач купивме, инаку до сега без грло и плуќа ќе бев. Лудница. Мирна ноќ на сите!