Добра вечер Бебе бањато денес заспа малце порано, јас го избањав рано зошто не шетавме ветер имаше многу па само кратко низ двор прошетавме. Се надевам нема да се разбуди. ( се разбуди чим пишав па пак ни се фати нормално време за спиење). Во меѓувреме си направив пуканки. @karibian секако немам доволно млеко дали 60% од оброците му се мое. Се измплзувам со медела симфони, со рачна сигурно не би успеала ни пола од ова. Најголем проблем е да бидам дома на секој 4 саати. Инаку не дека не сакам и незнам што е добро за него. Секоја чест што си издржала толку, јас неможам да намалам растојание а да не се намали млекото. Следниов месец се најави свеки па се спремам психички. И на мм му кажав дека мора да и објасн дека нема кекс за синко и слични глупости. Секое јавување не пропушта да ни каже дека детето е гладно малце му е само млеко, а синко буце мало. Добро не е страшно не се јавува често Ништо ново кај нас, да беше пасошот на синко готов ќе појдев до мк вака август ќе чекам. Добра ноќ
Добро вечер женски, да пишам збор-два и да легнам. Станати сме од 7. Пред то во 4 се разбуди за млеко па не сакаше да спие. Цивкаше цело време, јас на игнор демек ќе заспие сам и не сакаше, па мм виде-не виде стана тој. Цел ден не застанав. Од сабајле 3 машини со јакни пуштив, последната еве ја чекам да заврши и да ги спакувам конечно. Па плакарот го средував, собрав зимски, местев летни и пак не средив сѐ. Дел ги тупнав како било, друг ден за нив, веќе ми се смачи. Па излеговме, 3 сати поминаа неосетно, ко дојдовме одма спремав за капење, мм легна да одмори за трета смена, остана пак сѐ на мене. Веќе не можам да го додржам бебе, скоро 9 кила е, половината ме уби, ми се чини секој момент ќе се скршам, до толку ме боли. Инаку крштевката супер помина, бебе весело без плачки, сѐ во најдобар ред. И пак не се сликавме сами ние тројца Аман, ниедна немаме саглам за во рамка од ко е роден бебо. Друго се е стандард, ништо паметно да кажам. Посакувам побрзо оздравување на сите дечиња, веќе се изнамачија кутрите, доста е стварно. Ми е жал кај шо ве читам Добра ноќ од мене
Добро утро рано рано. Децава дремат уште ми е жал да не ги разбудам па си лежам до нив ама за 15м ќе мора. Дечки побргу да оздравете гледам сите болни , ние го поминавме истово неделата после велигден. Туширајте кога не спушта т после парацетамол на малава тоа и помагаше, ама со потопла вода без глава нормално. @Lonely1604 ме се секирај ќе помине, може и да е постпородилна депресија. Користи убаво време и шетајте, со првото да не излагав нонстоп од дома ќе се мрднев. Да не те плаши и тоа што викаат допрва потешкото иде, ќе се навикнеш после на 1 саат да ти го земе некој нема да знаеш што со себе . Гледај ги само убавите моменти. Ќе порасне да ти кажува колку те сака и да те гушка кога ќе се прибереш од работа како да не те видело 1година. Малава е во фаза некоја гушкачка само иде по мене ќе ме фати за лице и ми вика *ногу те шакам, јас сум твое сонце* да ја изеде човек @mariz се надевам не е нешто сериозно, да помине побргу
Бебе нана, а јас се расонив. Да не бев во хотел ќе се пиеше мерачко кафе пред тв, ама вака ќе ја чекам да стане, па на појадок тоа задоволство ме чека Бебе е ептрн умна во количката дур не се вози На раат и кафе сум пиена, ручана... Време и е да скита по кафиќи А може и се прчи со новата летна количка па се оптегнува во неа, крева нозе, човече мало Ми порасна дунде @Skorpija25 кога ве читам дека ви ги земаат бебињата без да ве прашаат јас се нервирам Кај мене во раце не смеат да ја земат без да прашаат, камоло без дозвола надвор да ја носат. Очи ќе им извадам ако се случи такво нешто. За хрчкањето, на дунде мое му хрчкаше сигурно до кај 4,5 месеци. Јас нон стоп ставав физиолошки. Ваљда и помагаше, хрчењето не ја будеше и се јавуваше само ако подлабоко дише. За ред, тешко ред на мало бебуле, ама ко што вика M&M ти се навикнуваш со време Друго ништо ново
Добро утро. Деновиве само ве читам и не ми се пишува дека многу болни дечиња има душички ај побрзо да им мине. И ние удривме на шетање скоро секој ден сме на различно место. Во мај сме на свадба на блиски па бевме на шопинг во друг град и за сите си купивме алишта ама највеке синко се радува и лептир машна си зема. Малата во последно време сака само во раце неможам по дома ништо да завршам а почнам нешто она дојде и одма да ја земам. Вчера терасата ја чистев тоа во нозе ми се пика , дига рачињата и плаче се додека не ја земам. Јас од работа ви пишувам уствари само и тука мога да ве читам и пишувам оти од дома немам време. После сме на роденден со синко на дете од градинка и малата ке треба да ја носам мм ке си дојдел поксно. Толку од мене мајки одам да ги земам децата за градинка. Имајте убав ден и на сите дечиња побрзо оздравување.
Добро утро мамички Јас само да ве поздравам и да посакам болните дечиња што побрзо да оздрават, аман веќе од температури, вируси, настинки, мрсули нека минува Кај нас тоа па тоа и денови си минуваат.. Убав ден, мене убав ме чека се изнаспав
Добро утро! Кафе испиено,дете испратено на школо,немиркото спие,се надевам ќе поспие.Вчера беше разбуден од 12 на пладне до 11 вечер.Незнам како издржува,свеж како да спиел цел ден. Сакав да пишам за таа сликата на Кејт. Од секогаш ми била убава и баш погодна за принцеза.И баш пред некој ден читав статија колку била прибрана и колку ги воспитувала децата како обични луѓе. И онака,си се замислувам јас со третото дете, после неколку саати од раѓање,дотерана,коса средена,нашминкана се сликам пред болница. И после,ми иде филм,дека во нашата болница,едвај има топла вода,дека нема со што да исушиш коса.Дека си сечена и ред други работи.Ова пошто не можам приватна да си дозволам. И,пак правам филм,бебето дур спие,со надеж дека ко за со трето лесно ќе поминам,јас мијам коса со топла вода во шише, се туширам.Па си се шминкам,и си одам насмеана со најубав фустан. И си велам,се се може,само треба да имаш силна,силна волја,и секако помошници околу тебе. Онака да ве насмеам од сабајле.
Добро утро мајки И јад кафето до мене а две моми спијат. Средното го стокмив иго пратив со татко и на лекар, крвна слика да и прават, па потоа во градинка. Најголемава ко за беља си потера, убаво си спие, па не ја зеде и нејзе. Во таа варијанта ќе требаше и јас да испаѓам за да ја внесам во градинка пред посетата на лекар он додека е во кола со средното. Ај, не ми направи лошо. Кога ќе заврши со другово ќе дојде да ја зеде. Ноќта мина средно трагично, ама ок. Да не се жалам. Средново пак вриштеше посленполноќ, едвај лрезаспа. Забиве ја измачија. Најмалово се ококори во 04, па гугаше до 05.30. Ама важно стабилни се. Неспиењето ќе се издржи. За Кејт муабетов. Природно, посебно со второ трето, изводливо е мислам. Ќе ја средат, ако треба и нешто против болка ќе и дадат, и колку до кола...се може на штикла. Јас после недела две штикла облеков Само јас сум малер трето дете, па и најмалецко, после два спонтани пораѓаи, да биде царски . Поим немам што ќе се прави денес или што за ручек. Да допијам кафево и да се фаќам за работа. Убав ден мајки.
Само да ве поздравам на кратко дури пијам кафе Чекам да дојде мм со работниците и да почниме Мене секое ковче ме боли,се настинав,и стомакот како за добивање ме боли Денес ќе се потрудиме се да однесиме Од утре ќе ве замарам како имам за средување и чистење Како ли ќе ме биде незнам,само да не ги префати дечињата Толку од мене,побрзо оздрсвување на дечињата Довиџења
Добро утро. Побрзо оздравување на сите болни дечиња. Шо вирус ќе беше ова со висока тт толку дена... Со душа чекавме да се стопли за рајот да сме од вируси и настинки. Но стари како викаат немавме ладна зима за вирусите да изумрат. И ние да не останеме покусо,... Синко преку ден е супер наутро и навечер кашла и поврајча исфрла малку шлајм. Секој вечер квичи незнам што е ова веќе подолг период е ваков. Заедно нели настинавме со синко пред еден месец и кусур. Еве и јас наутро уште имам шлајм и тоа кафен мене од цигарите ми е. Во понеделникот ми дојде тетката со црвениот мерцедес.Болки во стомак ненормални, вакви немав кога се пораѓав. Свеки се понуди да го однесе во парк, го пресоблеков, ранчето го спремив и заминаа. Се вратија дете жива вода се натерал со сок. Немала каде да го преселечи, цел парк на располагање барем сега е топло... Во вторникот и средата мм зеде слободни денови од работа за да сработи приватно. Барем првото кафенце заедно го пиевме. Тој замина да работи, а јас количката пред мене и право кај баба ми да ја видам како е. 5 месеци врзана за кревет што толку згрешила што Господ ја казни да се мачи и таа и тие околу неа. Цел ден го отепав таму, колку полесно е се кога има некој... Да ти го преслечи, да ти го нарани детето,..... Излеговме со мајка и мм се јави ќе идел и тој... седнавме по две-три пијачки и накај дома синко пак ни заспа во кога. Денеска во план пак шетање со синко по паркови и треба да сменам една блуза. Мм си ја купил тесна му е таму не ја пробал и јас да му ја сменам. Синко уште спие да одам една цигара да дувнам набрзина Имајте убав ден.
Добро утро мајки..... Синоќа маж резервирал за во Грција за продолжениот викенд, ама некако не се радувам баш зошто прошлиот пат и пари ни пропаднаа и не отидовме , јас болна, малото болно- хорор, се надевам сега ќе отидеме конечно некаде заедно.... Јас навивам и мајка ми да дојде , најверојатно ќе дојде, зошто другарката со која си одеа на одмор и откажа за годинава, па немало да може , зошто ја чувала мајка и, ја зема од старски дом а мајка ми па со неа се најпогодени и не сака со други... оно и така е, барем на време и кажа па да не остане без шетња годинава, а знам дека со малото и со нас ќе и биде најубаво... Она се буни сега засега, не сакала да смета, ама ќе убедиме.... Потоа летото ќе ја мажиме систер, па може и некоја хаљина ќе успеам да најдам од Солун.... За бањање нема да се бањаме сигурно,ама ќе се шета тоа дефинитивно На работа ми е ок, искрено ми фалеше, динамично доста, ама не ми е проблем... Еве да ве поздравам дури пијам кафенце.... Синоќа не спиев баш, малото стана и седеше едно два саати....Ајде утре петок, вторник неработен....
Здраво мајки! Кафе испиено а јас уште поспана . Навечер не ми се спие, туку нешто и во текот на денот ме фаќаат некои дремки едвај држам глава. Малото уште не ми е како што треба. Вчера цел ден се расцепи ми се чини од кашлање. Нос тече, како вода и постојано, некое иритантно кашлање , па дури и на повраќање го тераше. Ајде правец на доктор, нема температура, нема спуштено на гради, му дадоа АСС детски сируп. Утрово нема да кашла а целото е задното, башја и густи, светло зелени мрсули. Човек да не знае подобро ли е полошо ли е и веќе низ колку фази минува тоа негово кашлање. И јас не знам веќе што да правам, дали премногу паничнам ама ако не преземам нешто само од себе не минува. Тоа со сигурност го знам. И време никакво, ладно, ветер, дожд.. веќе се ми е преку глава. Да барам ли нешто за зајакнување на имунетит, што да правам и сама не знам. Леле додека па чекав преглед, боже мили колку пати се препотив и сама не знам. Прво беше не мирно, секаде фати, со се проба да игра, ништо внимание не му задржа, па и него го фати саклет, почна да пишти, цело време со кашлање , па поврати, па конечно по час и кусур влеговме а ми се стори како цел ден да чекаме. Ќе видам до утре како ќе е ако не пак ќе идеме. Досадна сум си веќе самата на себе . Поздрав!
Добро утро и од мене. Одмана ме нема ама деновите без малку хаос што работа што приватно па нема време за пишување само за читкање. @LiliBoz и @danichap се надевам брзо ќе се средите и ова ви е последна тура разболувања. Се намачивте. Ние стандард по дома. Мали почнува се повеќе да се бори за совите права, ние се трудиме да најдеме баланс на исполнување и неисполнување желби. Едвај го ќекам викендов продолжен да се одморам малку. Уплативме хотел во Грција па ќе уживкаме покрај море. Ќе видиме како ќе биде за играње/бањање на плажа. Ќе биде проблем зашто детево се научи на бањање во базен па ако сака да влегува во море ќе биде леле мајко. Не знам дали е хотелскиот базен загреан па ако не е и тоа ќе биде проблематично. Се надевам само дека песокот ќе му задржи внимание зашто тука во парк ептен сака со песок да се матка. Денес сме и ние на контрола многу кашла како шлајм и не знам од каде. Ни дадоа Проспан ама денес да се провериме пред одење, да не ни преседне одењето. Од друга страна морски воздух може само да му годи на носето и градите. Деновиве нешто ме има фатенпо пролетно расположение, па и покрај сите „маки“ убаво си се чувствувам. Некако убавите мириси на расцветани дрвја ме опиваат. Многу си го сакам и небото во пролет со интензивна плава боја. Морам да приознаам додуше ниту една година не сум си ја сакала земјава како сега. Не знам што ми дојде, ама патував периодов па секогаш кога ќе си дојдев пред зграда ме фаќаше некоја милина. Иако сите тука само мрчат како не чини од ова што читам по форуми и од искуство по странство, мислам дека сме големи мрчатори, а не сме свесни што може да направиме и колку природата била дарежлива кон нас. Ете толку од мене.
Добар ден. Ние спиеме едвај во количка со нишање. Трља очи плаче уште од 9:30 едвај кај 10:35 заспа и за 25 мин стана. Сеа нишам у количка. Толку значи ми се изремети детево. Ноќе наместо да намали со станување таа зголеми. 3 пати станува и цица по 40 мин. А 3 оброци има плус цицање кога сака. А си стануваше само 1. И у 06:30 преку сила е будна, а кај 23:00 успевам едвај да ја успијам. Пробувам од 21:00 не и не. Ич не спие. Дал се е од забиве, леле ваква ли ќе остане? И така. Сега нишам, па низ дома. Доручек ручек за неа, ручек за нас, крени раскрени. Садови, алишта,попладне ја шетаме и толку време да седнам на гз само вака, дур нишам. Што ќе правам јас не знам....
Здраво мајки, Јас да се пријавам во помалкун аспаните мајки.Му извиванеоја 4ка на детево,цела нок се будеше и цице бараше. А мене грло ме боли..знам,од ненаспаност ми е. И сепак,ради убавово сончево време,ме држи добро расположење Викендов ќе се оди на продолжен викенд.Малку паника ме фаќа за ручекот за бебево како ќе го изведам по пат(тој дел од денот по пат ќе бидеме). А и само надвор сака,како ќе го спастрам или па и ја ко избркана од дома ќе киснам надвор ) А куќава што да ви кажувам?! Сакам килимите да ги дадам на перење ,и цела стакларија да преперам(а немам машина за садови,па биб ило забавно). Само прозорите ги избришав викендот што измина,а каде се вратите?! Ахххх Важно карамелата моја најадена и нашетана Посакувам брзо оздравување на малечките кои се прехладени
Воспалено уво, антибиотик, пробиотик, плачки и поздрав до учителката во градинка од докторката со фин муабет дека е казниво да прима болни деца. Се јавив и пренесов, да не виси во воздух поздравот. Ама знаете... Да знам! Втор пат во месец дена сме на антибиотик, вие знаете? Пошто сите сме свесни дека тука за да добиеш антибиотик треба да е нешто навистина сериозно. Ок фала што не известивте. Море следен пат управата ќе ја известам писмено... Дете заспа, му дадов прва доза, ваљда нема да качи тт. Ноќеска во 12 беше последен пат како му дадов парацетамол. Кафе едно да седнам да се напијам, пошто мислам дека ќе полудам. Толку сум нервозна, ми иде пред градинка да седам и муабет со родителите да си направам, на другарчињата од група на син ми. Ама си викам не се они криви, него учителкиве што ги примаат децата со температура наредниот ден. Нив им кажав така да нека му ја мислат. До крај на мај ќе сме дома, ни препорачаа баба да ни чува дете додека потпорасне синко, покасно да го пуштиме во градинка. Ќе пробам уште еднаш, ако не оди, ќе си имаме баба дома, ќе мора да дојде една. Извинете, стварно немам што позитивно да пишам. Жал ми е само што има несовесни родители па еве вака се мачиме. Убав ден на сите!
@Mari-Ja за градинките се сложувам, моето како тргна нема нешто што не го закачи. Вируси, бронхит, воспаление на уво..буквално се. Месец дена и повеќе беше дома го пратив 2-3 дена и еве пак болен. Нека ме фатија нервите на мм викам ќе го отпишам, вика полека смири се. А баш убаво се навикна, толку време не беше абе со мерак отрчка. Ќе прави пак пауза, не може ни вакцина да прими од што е се болен. Човек се вика ајде подобро за детето да учи, да биде со други деца, јас да потсетам некоја работа, не бива и не. Ајде побрзо закрепнување , поздрав!
Добар ден.. Не дека ќе кажам убав муабет ама одишка земам со една цигара и магнезиум витамини шумачи и уште што не само да се одржам ок и при свест. Би благодарам на сите за помислата.. демек поарни па кој знае.. откако дојдовме овде нон стоп сме со инфекции и бактерии сите.. Тоа е. Работава тражили сте добили сте или не знам уште што како.. Со помин нека е на сите Животот хаос. Посакувам само едно, да заминам и да си го живееме животот ... амин. Здравје.. посакувам од се срце и душа да ви се пофалам со нешто убаво после не знам колку време, да се освежам малку и да помирисам радост.. Поздрав до сите
Што среќни си бевме во Труднички муабети... Се соживувам со сите. Потешко од болно дете нема. Еве и јас се трудам да најдам врски за во градинка за да се вработам не стигаат пари и што дека? Пак ќе седам дома со болно бебе и ќе давам пари за такси, болници, лекови... Немам ум што да правам. Бабите не можат да го чуваат. Работа од дома но и тоа не може со бебе што плаче за се и сешто, за во раце... Затоа се викало безгрижна младост. Се чувствувам како да нема решение. Се тешам ќе помине ќе пораснат. Но што кога додека се мали беспарица владее. Кој ќе плаќа сметки? И онака за храна и сметки оди платата но и за тоа не стига веќе. Животе, животе... Имајте убав остаток од денот каде и да сте па наскоро да ја откриеме финтата за среќен живот хаха Ако има мајка и татко што живеат сами и двајцата работат и дете оди во градинка да ми пишете лп ве молам за помош за организација како се успева. Мислам @irena.1 беше од тие. Како успевате да зготвите, исчистите, избањате, исперете... Просветлете ме.