@kristii абе со кој да се расправаш. Џабе е... Инаку на доктор бевме, едно запче грепка, друго на повидок... Да сум праела сутлиаш
Добро утроо го пијам првото кафето цуца си игра и си збори нешто на нејзин јазик среќа поспива повеќе обавезно до 10 11 ама затоа ноќе легнува во 12 како ли го фати тој ред .... некако гледам кај нас нема многу сонце ама ќе направиме секако една прошетка до паркот .Имјате убав ден
@Цвет88 до 38.5 тт не се дава сируп и тт не се крева од заби. @zuto и кај нас е така кога не е мм цел ден одмарам мислам кога е дома цел ден активна и пак несредено. Сакав уште некој да означам заборавив... Ново нема ништо. Се исто. Убав ден!
Lele kolku odamna ne sum pisala. Se vo brzanje, rabota,obvrski uf mi se nasobra periodov. Denovive pravevme postapalki na kerkami veke stabilno odi sama. Inaku nemirka prava ohh ne zastanuva. Jas po rabota odmaram koga baba ja pricuva. Setame privecer oti sum na rabota. Pozdrav do site zal mi e sto nemozam da ve iscitkam ubavo.
Здраво мајки , Го почнувам постов ама не знам кога ке го завршам. Денес мислев лабаво ке биде на работа ама ептен бизи испадна . Денес работно ,а утре пак ке уживаме.Еден ден ама многу вреден . Ние сакаме да одиме на некоја полјана дете да се истрча ама мислам еве веке 2 дена не знам каде е таа полјана ... Без вртење скари . Да смениме малку од градскиот парк . Викендов малку средување по дома, малку шетање. Имаме голема тераса, на нејзе имав нешто мебел ама не ми беше по кеиф. Се извадив тргнав и ставив обична маса пластична и столчиња. Идејата да ја направам терасата како мини двор е ок , ама реализацијата не испадна добра. Таман се отвори простор и детето да си игра. Сега ке пијам кафе и ке ми биде пред очи без страв да не се качи и да падне. Малово ми е многу гушкалче Само се гушка и мази .Па од сабајле кога ке се разбуди со тоа бушавото косиче цело поспано, доага и одма ме гушка и бацува.Да го изедеш од љубов Секој ден ми е се поинтересен @kristii знам многу родители кои го имат истиот проблем со баби и дедовци . Не знам од каде толкава храброст на мало дете да се даде храна. Зошто толку брзање ? Не разбираат дека од мала работа може голема беља да излезе. И после они ке се повлечат и вие ке тргате мака. Во таков случај мора отворено да им кажуваш нема играње со тие работи . @Ano кај нас во маало е како во старите добри времиња .Попладне па се до вечер е полно со деца, играат трчаат а бе мерак да ти биде да ги гледаш.Позади зграда имаме и лулашки, парк . Секое лето е полно до детски смее и галама. И безбедно е да пуштиш поголемо дете само, нема улици нема коли. Единствено тоа ми е свига во ова маало . Убав ден женчиња
Eden pozdrav od nase more Imajte ubav den. Za nas denesniov e praznik, bidejki mm utre i zadutre normalno raboti. Bebe uziva na kebence na treva so kup igracki dodeka nie se soncame. Tolku od nasi kraista
Добар ден. Направив ручек па чекам да се испече па да легнам ама што да легнувам малата кашла на 5мин и станува.Бевме сабајле на дежурен бидејќи нејзиниот доктор сите празници ги спојува и кажа др акутен бронхит. Ни даде капки салбутамол.Не инхалат туку сируп. Цела недела поткашлуваше и мислев во сабота помина кашлицата веќе не и ставам капки пауза па кога и се растече носот мрсули до колена.Не дај Боже да не и ги избришиш легнува на тепих и се брише Вчера кога почна да кашла цел ден без престан само кашла и плака денес исто и отидовме на др. Ни се слушнавме ни се разбравме од врескањето на ќерка со докторот, па кога мм ја изнесе др и сестрата рекоа фала Богу тишина Оваква плачка ќе била до дека била болна А јас живци немам да ја трпам и си викам заслужувам ли да и сум мајка Нели треба да и бидам утеха? Мојот шеќер над 6 .Вчера трчав со малата божемски ја влечев на тротинетот и кога мерам дома 5,3 за частење ама тоа е една вредност. Во саботата бевме во јура парк ќере не сакаше да си оди , ама газето и многу смрткаше а мама пелена не беше зела и моравме за 1час дома да се вратиме.После си спиеше многу убаво. Во недела требаше на циркуз да одиме ама штом почне малата да кашла јас сум во депресија ништо не сакам од кревет не станувам и само Тоа е мајки имајте убав ден и утре убав помин на празникот
Здраво друштво убаво, ме немаше ама нема време за пед компјутер, нешто телефонот ми се шекна и не можам да се најав кој знае што е. Кај нас три тројки излезени и четвртата гребе. Некни имавме тешка вечер, дете се тресеше од плачење во сонот, цел саат неможевме да ја смириме.... па ајде цела куќа ја прошетавме и конечно заспа, и одма сум завлекла кога ете ја пак мислев дека сум спиела 5 саати а тоа само 5 минути, ама среќа овој пат брзо заспа. Почнува да се треска од земја ако не и нешто по ќеиф, овој момент баш ме нервира, од никогаш не сум сакала да имам вакво искуство ама тоа ти е марфи си е марфи. Се гушкаме, се галиме се учиме како така не е убаво, како треба, како така ќе и се смеат другите и кој знае што ќе излезе. Бев службено отсутна три дена од дома кога се вратив она почнала многу повеќе зборови да испушта, душа ми е ептен, дали оти моја Постојано сме надвор, и она е посреќна и јас порелаксирано ја забавувам, надвор се и ново и интересно па не и досадно. Денес на работа, а немаше да е лошо да ми споеја ама тоа е, утре демек ќе одмарам, никаде не одиме, дома ќе си ручаме и успат нешто ќе завршиме. Да се пофалам на крај на недела треба да ни пристигне дел од мебелот, пресреќна сум. @AngelOfArh може ли да ми пишеш лп,јас не можам нешто ти е блокирано. Тоа е за сега друшки поззз, П.С. ајде кој е за кафе, јас одам да направам.
Здраво мајки Варам второ кафе во кујна на работа иако рекоа порано ќе не пуштат очи ми паѓаат Синоќа седев до 12 зошто дремнав попладнето и не ми доаѓаше дремка ... Малото стана во 4ипол за цицање и си продолжи а јас неможев и сум заспала 15 мин пред алармот За утре изгледа дома ќе се седи или шопинг ако се тера...вчера ни текна да вртиме телефони и никаде место ... а и искрено ми одговара, никаде не ми се оди , малово како црвчиња да има во газето само мртка и се сака да види и фати... Вчера со маж ми вртевме кругови низ градот за да го успиеме и да седнеме раат на ручек ... викам леле колку лоши родители сме , имав после грижа на совест Е така бидна второво кафе,ќе ди отворам едно тоблероне имам во фиока и цело ќе го изедам ве поздравувам сите имајте убав пола понеделник а и вторник
Здраво мајкички Кој е за кафе ајде нека повели, денес ептен се изморив на работа, одвај чекав само да си дојдам дома и да си го изгушкам синко. Кога дојдов дома што да видам синко една огромна модрица под окото и една помала на челото се удрил во градинка По кажувањата на учителката седел на тепих и се превртел на страна и се удрил во мала гумена играчка, не ми е јасно само како може толку големи модрици од гумена играчка Кога го виде маж ми спобудале рече ќе им оди он во среда сабајле. Јас колку и да сум нервозна пробувам малку да ја смирам работата па ќе видиме. За празникот утре уште немаме некој план вечер со друштвото ќе се договориме. Толку од мене синко вика. Убава вечер
Од заби е, крвна слика подобра од било кога, црп мирно. Ноќеска тт и одма врвче има. Нема мрсули, кашлање, ништо. Сега нема тт ќе видиме ноќеска.
Добра вечер мајки. Добивам некое претчуство дека хоророт кај нас нема крај. Иста болница, иста соба, ист кревет... друго дете. Позитивна сум секогаш и се трудам да го искористиме максимумот, независно на кое поле. Ама болестиве како упорно и упорно да се трудат да не повлечат на дното. Деновиве ми звучат како на некоја биполарна личност. Игри со децата, фамилијарни прошетки и по некој украден миг за со мене и мм, или термини по лекари, неарноќи и вечерни посети по брза помош. Кај 20.30 легнав со големата во спална да ја успивам и да разгледуваме книги. Наеднаш дете пична да вришти и да се држи за стомак. Не ми даваше да ја допрам, седеше клекната на колена врз спалната, во најјаки грчни вриштеше. Од памет се извадив. Едвај едвај ја облековме и пут под ноге во болница. Додека ја прегледаа да ненспомнувам кои хорори беа. Како може толку мало дете да се бори и вришти не знам. Траума ќе и остане. Ехото покажа отечени лимфни јазли стомакот и гледаа нешто дебелото црево. Бевме испаднати со мм и средното денес да разгледуваме една куќа за свекор и свекра, а во меѓу време они дошле и свекрва ми донела готови варени јајца. Големава изела две жолчки. Тоа е единствено што само она јадеше а ние не. Побарав рок на опаковката но немаше. Претпоставувам дека е од нив, но црно на бело немам, точно не ни можеа да кажат докторите. Среќа средното беше со нас. Обично големата ги јаде жолчките а она белката. За време на ултрашалот преморена од вриштење и грчеви заспа. Срце ми се кинеше. Ако нешто ми го распарчува срцето повторно и повторно е мојата немоќ кога ја мкнам по лекари. Ми рекоа да не и давам вода и храна. Утра сабајле ќе набјудуваат, доколку е потребно да оди под наркоза да и извршат некој зафат. Сеуште спие. Еднаш се разбуди со вриштење од сон и некако ја презаспав. Чекам мм да пише дека стасал дома, да не го мислам и него, па да легнувам. Од утре повторно ист протокол. Затворени во соба, смеам само со маска и облека за заштита на мене да испаднам до ходник. Како ќе ги биде со другиве две дома, посебно со најмалото не знам... Белким ќе речат не е опасно, ќе не пуштат.
@danichap само нека мине. Душиче мало. Ќе помине и овој период. Со мали деца ништо не се знае. Ама ко ќе пораснат трите наеднаш ти и Тозо све читири у вис.
@danichap дури те прочитам срце во петици ми отиде, сенадевам дека Мадам е добро и во текот на денот домче ќе ве пуштат. Нека минува
Добро утро! Денес празник, повеќето сигурно сте организирале излет. Ние дома, еден ветер што има дува, корне. Убаво ќе беше да се прошетаат децата но ќе надоместиме друг ден, нека се постопли уште малку. Дома благ хаос владее , не знам од кај да почнам , да фатам крпа и метла додека децата се занимаваат со татко и, инаку јас како собирам тие по мене растураат. @danichap побрзо опоравување и гушкање дома. Мајки ви посакувам убав празничен ден!
@Arendelle денес нема работа одмарај си Излет нема, а маж ми е испекан по тоа. Јас не. Си сакам класика во кафана Е оваа година касна организација и нигде место. Да не знаете вие негде? Ако не, мајка ми ќе пече ребра па таму ќе се скокне. Низ парк ќе шетаме прво битно. Туку , сити мол работи ли денес? Синоќа си пробав мн.убави работи во спорт вижн ама не си ги купив и сега ги мислам цела вечер Имајте убав ден мајкички
Добар ден! Цела недела не најдов време да пишам збор два, еве сега конечно. Не дека имам посебно што да кажам, тоа од што животот ептен динамичен и интересен ми е @danichap држ те се, верувам дека утрото донело подобри вести и дека малата е веќе подобро и дека нема да има потреба од натамошни третмани. Кај нас се по старо, се чуваме пак сами, тато ни отиде далеку, веќе сме навикнати, ама жал ми е за малата, постојано го бара, а мене колку и да ми е напорно мора да издржам заради неа. Викендот убаво го поминавме, не се прибравме буквално, рај за дете е кога оди чао. Толку е насмеана кога е надвор, посебно кога ја носиме во игротека, сега веќе сама ги совладува сите потешки играчки а ние се дуваме како пауни мислиш детево дипломирало а не само се качило и спуштило на лизгалка Времево ме убива, облачно, роси, ладно, па се досадуваме по дома по цели денови. Да кажам и јас во врска со младоста, дефинитивно не ми недостига, мислам дека имав убава и забавна младост, ми фали само безгрижноста од тој период која знам дека никогаш веќе нема да ја имам, а една од причините е што сега едно мало човече зависи од мене, кога ме погледне со очињата сваќам дека јас сум неговиот спасител и негово се на овој свет. Убава обврска и грижа е сето тоа, меѓутоа има денови кога длабоко во себе сум исплашена дали јас ја имам способноста навистина да го изведам на прав пат ова дете и да му пружам се, да бидам доволно добар родител и да го научам на вистинските вредности во животот. За крај да и посакам на @Mari* честито вселување и убави моменти да си креирате во новото катче. Убав ден на сите.