Добро утро мајки Деца испратени во градинка и кафе испиено. Први им ги однесе мм денес на врата. Имаше термин за визи, па да го искористам и така ќе испаѓа во нормален термин а деца станати... ги спремив и пут под ноге. Паметот во лидл ми е, имаше еден базент со лизгалки прскалки и други чуда на акција од денес. Ако завршат порано работа со работниците да го терам да ме носи . Малото спие до мене во колевката. Ручек турлитава. Едно гајле помалку, тоа да н мислам барем. Сонцето свети. Ќе биде убав ден, ќе шетнеме. Искористето го и вие
Добар ден, колку сум нервозна од вчера не можам да ви опишам. Вчера сабајле станавме се ок... Јадеше убаво и ја оставив во игрална да одмори па на спиење..кога што ќе видам млазови повраќа, срце ми застана...ја истуширав и заспа. Кратко спиеше се разбуди со вриштење па ај викам да ја прошетам на воздух. Пред врата пак исто, па место на шетање тргнавме на дежурен. Од тоа проклетиот маратон се блокирано никаде не можеш да се пробиеш. Дете повраќа во кола, омалаксана гужва невидена. Него ај нема сеа за тоа да зборам. Највеќе ме изнервира што свекрва ми во петокот вечерта повраќала и имала пролив, викале брза помош...а во саботата ние на ручек. А реков да не одиме ама ај. И јас прашувам како што симптоми...и и викам вирус е!!!! Она мене еј викаш може? Викам 100 % и пак ми шлапа дете бацува гушка. И ете толку требаше. Мм се расплака, он бил крив требал поинаку да постапи. Му реков не можеш ти да имаш совест за други, ама од сега само мојот глас има да се слуша за детево и ќе биде јас што ќе кажам. Она не би ја гледала ако јас не дозволам бацување и држење по раце. Може само ако ја гњави. Епа не може.. Од сега друга песна па што сака нека биде. Секад ме рачунаат мене за глупа, јас ништо не знам, а 1000 сум била во право. Ноќеска не спиени. Свекор ми уште во 8 врти, кога ќе ја однел мм колата, а знае од колку е на работа. Значи луѓе без осет се. Ептен сум лута и нервозна ептен. Неам памет веќе... Сеа само се молам кога ќе биде крштевката какви скандали ќе прави. Нема за неа друг, друг не сака да го види и држи детево само она.... Уште вика у саботата идете спијте идете легнете, викам зошто? Па ви се спие, викам не ни ае спие, вика на мт му се спие...викам он спиеше со ќерка му денес...абре само да не нема да е сама со детево и да го замара. Епа тој филм не го гледа. Иначе тулумба ќе и даваше прошла недела, шо има врска нека лизне. 7 месеци дете и тулумба, ако нека лизне од се...вријам жени вријам...ич неќам да ја гледам веќе...
Добро утро убави женчиња! Ептен се изгубив...нит да пишам а морам да признаам дека и ретко ве читам. Едноставно НЕМАМ ВРЕМЕ На работа гужва до бесвест, дома пак исто... Што да ви кажам, детево 27 месеци направи, се улоши, се заинати, рика - вика ...едно нешто нема да се направи од прва без залажување и убедување...сакам бањам - нејќам бањам, гладна сууууум - нејќам јадам... се арно се преселивме во нов стан, убаво ни е ама секој ден мислам дека комшиите ќе ми дојдат на врата со 100% потпишана петиција за иселување... веќе две жени на скали ми прокоментираа дека „убав глас имало детето“!!! А која прича е пак кога ќе тргнеме низ продавници, САКАААААММММ, КУПИИИИИ...буквално знае и за прашок или паста за заби да се дере ако и се погоди интересно кутивчето! Свеки ти е друга прича, ама за тоа во друг пост...и она квалитетно нервите ми ги кине... Немам живци бре еј, дали веќе сум и стара за вакви заебанции, ама папсав! Големата срцка ми е супер, си тера пубертет, стварно ми помага многу по дома ама малото и неа знае да ја извади од такт! Убав ден ви посакувам...од денес одам 4 дена службено на саем во Турција а потоа ви ветувам поредовна дружба и повесели постови Love you all
За ова со лизнувањето исто. Вчера се видовме со свекрва на кратко и ми вика дај и од се нека проба. Греота е. И и викам пушам цигара, да и дадам еден дим ли? Проста. Не ја можам. Среќа што ја гледам ретко.
Добро утро Пијам кафе во мир и тишина. Синко е кај мајка ми дека денес сум втора и нема кој да го чува. Па да исперам што имам и да се спремам сакам порано да искочам да завршам некои обврски. Иначе синко поткашлува од време на време и му тече носот. Се мислам дали да го носиме на лекар ама страв ми е па таму да не закачи некој вирус. Ќе видиме денес како ќе биде. Поздеав мајки
Здраво мајкички , Денес се разбудив со мисла за на море.Уште месец дена до нашиот одмор . И несчево како си го направив за мерак . Уште море и плажа ми фали Ние по дома добри . Малово поминува низ фаза "лепенка со мама".Се влечеме по сабајле за блузи додека одам на работа. Никогаш не бил ваков, башка што секогаш сме го оставале со баби и дедовци. И кај моите кога бевме во саботата исто правеше само што повеке му бев на видик па немаше плачки . Ама ај ке помине . Вчера сабајле добив и се осекам како издишан балон Ми олесна многу . Читам погоре се муабетело за пагање на деца. Моево викендов се исчука за мерак . Кај моите скокаше на кревет и додека го фати мајка ми падна. Урлаше . Вчера после бањање поспан, пред мене падна ,го гледав кај оди и се удри на масата . ММ ке го убијм, како реагира Повеке он ме плаши отколку ударот. Само се молев да не е нешто страшно , да не тече крв.Како пукна.... Се е ок, мала модрица има фала богу . Не е некогаш до нас , ете се случува . Го гледав и пак се удри . Зар не го пазев ама ете ... Денес сакам да одам да му земам сандали за на плажа и за шетање а да и старки се во план . Имаме свадба нареден месец па да го дотерам фраерски Ке видам што ке најдам низ моловиве И така мајкички . Постов како по обичај го почнав пред 1 саат и сега го завршувам. Имајте убав ден
@danichap ме натера да пребарувам по картоните за да видам шо базен има и не најдов Јас пак и видов вака нешто на ибеј и скоро решена сум да го купам солидна цена а има и она за скокање Само ме зеза просторот,многу е големо а сакам внатре да го ставам Да го наполнам со топчиња и да си играат и двајцата Добар ден Деца спијат Го спремив ручекот и седнав да пијам кафе Излеговме до маркет само и доста е за денес Ќерка настината и не ја пратив во градинка Сигурно има некое детенце болно и дури оди никогаш да оздрави Вака дома подобро е Синко и тој подкашлува ама не се за на доктор Уморна сум, се зареков со спиењето мали на секој час се будеше сношти Така се надевам дека наредната ноќ ќе ја преспијам цела....потребно ми е Стана мали,ќе ве поздравам сега
zdarvo majki! denes se javuvam od doma,nekoj den odmor zemav.Ama mestonodmorena se osekam use poumorna.Vazno detencevo mi e 100na saat I jas treba sandalki za leto dq.mu zemam ama nekako pa uste rano mi e...Planiram nareden mesec...a naredniot sto poprvo so trosoci.Aj zdravje prvo..Koa sme kaj zdravjeto ja utre imam zakazno pregled...brrr strav mi e.Ne od doktorot ,nego od rezultatite.
Здраво на ситее штотуку си дојдовме од кај баба и дедо од село јас кафе дете мое нештоо неможам да и погодам овие 2 дена незнам што и е со спиење нема ред исто одбива да јаде играње не сака надвор исто немам веќе сила имајте убав остаток од денот
Здраво Црп 20, тромбоцити дупло покачени, леукоцити 18,4, хмб паѓа константно и покрај сите чуда што ги давам... Не знам што чудо е ова... Матичната ни е утре попладне. Утеха некаква дека не е страшно има ли? Детето не си го познавам од март па навака. Нема температура, ама стање е влошено од вчера попладне. Кашла многу многу... Уф веќе
Значи планиравме со мм да се селиме за германија. цело време пратам и читам и пред некој ден Дани кога пиша како лежеле на инфективна и муабетот со докторката реков јас таму не одам. Значи малиот беше блед. Се јавувам и велам спреми ми упат за крв ќе поминам за пола час. Добро се гледаме е одговорот. А не ама зашто ама како па не треба ок изгледа... Јас таму би требала да се кољам човече...
Каков упат, тука на клиника одиш само кога имаш потреба од брза помош, значи најитно мора да е. Ќе мора да чекаме до 13ч па ќе видиме што ќе каже. Утре ќе биде јас или она, трето нема... Без брисеви да земе не напуштам ординација, иако знам дека ќе биде мн напорна и ќе ме убедува дека вирусите годинава се мн упорни и не поминуваат така лесно. Овде како да е забранет зборот бактерија да се користи, само вируси на запад постојат. Давам фора уште малку, ако не ми се опорави детето за скоро, ете ме во систина. Уште сега ми е сликата во глава како ни збори: "Свеж воздух, инхалации немојте да правите залудно е, поглед попреку како никогаш храна домашно приготвена да не сум дала и едно тивко: дуушиче мало, ај ќе му помине... " Како да не полуди човек еве не знам... П. С. Кашла, носот пак е преполн, таман се потсмири и однесување како на почеток на вирус, како млитав, очиња пропаднати, изменето фациче има душа. Пак го повторува што и да е дали вирус дали бактерија, пак зема замав опасен...
А ептен ќе се усреќиш во систина. Ме убедуваа дека вирус има велам знам дека има ама ова се нови симптоми. АМА ОВА БИЛО ДРУГ ВИРУС. А првиот кај е? пошо не се излечи од него. или у рок од 15 мин му помина дур гледаше цртани дома и нов фати од цртаните. пошо немаше контакт никаков со никој. .. ама вие внесувате. .. Јас внесувам 19 месеци и ова не се дешавало. И знаев дека не се во право. И не беа на крај. Нешто многу поголемо е.
Како пример ја дадов пошто во мк нит јас нит малиот имаме матичен ни па здравствено осигурување. Сеедно ќе ми е каде само да биде со што помалку мафтање. До душа молам Бога да не дојде до тоа, туку да се среди се овде...
Ако не дај боже дојде до тоа пиши ми. Знам каде да те упатам . Се надевам утре ќе завршите се работа... со помин нека е.
Душиче. Се изнамачивте и вие. Знам како ти е... Се надевам ќе успееш утре да се разбереш со лекарите и ќе се даде некој лек или ќе се открие причината. Со помин нека е и пиши ни утре како сте поминале.
@Mari-Ja во Словенија си нели? Изгледа матичниот не ви го бива зошто на сестра ми децата никој таму не ги лечат со свеж воздух. Напротив. И крвна слика им прават и брисеви. Ако дете има т, веднаш го прегледуваат.