@zalosna побрзо оздравување на цуцата И јас сум стално на штрек со Могли Само паѓа, цела е модрички и гребнатини Станов ни е на два спрата и има некои опасни скали па нон стоп трчам по неа Се качува на поткровје и виси на ограда Истото го прави и на балкон Стално ми идат некои црни сценарија Ние не спиеме деца кашлаат,се гушат Могли исто а кај мали се влоши кашлицата Сигурно и го боли грлото дека вришти после кашлање Кај ќерка ублажуваме со чајчиња, супи, овошје Што да му дадам нему? Оние чаевите бебешки и немаат некој ефект Одбива кашички и само со млеко е Аман веќе со овие вируси, аман! Денес само еднаш излеговме на кратко,време ужасно Грмење, дождови само за спиење Искрено се надевам на мирна ноќ Губам сила... Потребен ми е одмор и да се смирам,ги губам нервите полека Заспа мали, одам да дувнам едно цигарче и да легнам Добра ноќ
@Mari* на малото можеш да дадеш бел слез , да го искашлува секретот и ќе го кака. Може за бебиња над 2+месеци. Побрзо оздравување на сите болни малишани. Нека минува само!
пикај ги у купатилото пушти вода жешка нека тече и прави парна бања истурете играчки и нека дишат пареа,навечер кромидот над глава сецкан
@zalosna лајковите се за поддршка и гушни ја малата лепотица од тетка Бубе Секунда е доволна за незгода, најлошото е зад вас, битно прстињата се на број. Побрзо опоравување ! Јас иако без деца неделава, во тек сум со се. Со големата се слушаме на телефон, си пишуваме на вибер. Машките нешто се раскашлале па татко им одма на лекар ги носел, организирал да ги чуваат да не одат во градинка, иако ништо немале. Најмалото цела година оди со кејф во градинка, насмеан, весел. Арно ама, се смена власт се сменаа и воспитачките последниов месец нон стоп го земаме потурен, воден, изгребан и дава отпор кога го предаваме. Којзнае што се случува зад затворени врати. Детево вришти урла нејќе да оди И вечито чим го земеме бара вода и ненаситно пие.
Леле Жалосна, не да ме разжалости ептен, до срце ме заболе кога видов и прочитав. Нозе ми се пресекуваат од вакви работи. Слаба сум на туѓа болка. Нека мине што побрзо, што друго да речам. Господ да не' чува од полошо.
@zalosna душа мила,па како е седната со рачето . Побрзо опоравување . Некогаш колку и да ги гледаме и да ги пазиме се случуваат вакви работи. Мајче ,само храбро поминало лошото .Срека во несрека сте имале што еве вака се завршило .. Гушки до милото девојченце @Seduction ајде на ладно нес и палачинки за добро утро Убав ден мајки .
@VedaG10 за добро утро ги испуштив, ама сега после доручекот супер ќе ми дојдат мммм... а плус и синко заспа и таман на раат. Фала ти кафето погодено, а палачинките @zalosna се наежив цела, многу ми е страв од стиснување прстиња бидејки ми се има случено како мала од врата и душа ме боли кога слушам вакво нешто, можам да замислам колку било болно. Душа златна, нека и мине побрзо и да не се повтори никогаш повеќе. Син ми почнав по малку да го ставам во дубак и го гледам овие денови отвара фиоки во кујна. Толку ми е страв да не си стисне прсче ама од сега уште толку ќе отворам очи. Треба да купам нешто што ќе спречи отварање на фиоките дефинитивно Иначе почна да се влече по подот, дава знаци дека сака да лази но уште незнае убаво со свиткани колена ,се влече како фока Баба му ( мајка ми ) вчера беше во Скопје па му купила нокширче и лулашка за на двор. Нокширчето сабајле сакавме да го испробаме, го наседнав синко но се пресекна и го одложи какањето, нејќеше да седи баш, се бунеше, но мајка ми решила да го учи. Лулашката немаме среќа да ја поставиме, денес пак врне дожд, а изгледа и наредна недела исто ќе биде времето па ќе си почекаме за неа. Гушки за сите настинати бебчиња и дечиња, брзо и со лесно нека мине кај сите
Значи од овдешниве доктори да полудиш Рече нема ништо детето Дете болно,тт 40 ќе ми се удавеше од шлајмови морав итна да викам Се преплашив мајки Добивме антибиотик и сируп уште еден Бронхитис има Се надевам ќе помине брзо, полудев од грижи Од сабајле не е застанат со плачење Така ни помина денов...
Штом ви дале таму антибиотик добро е, ќе се среди не се секирај, давај парацетамол и туширај со топличка вода. Ете дафи ти пишала за бел слез, може малку да го подраскашла повеќе ама би требало да му го разводни секретот да искашлува. Ајде оздравувајте брзо @zalosna срце мало се преплашило, да помине брзо и кај вас, можам да замислам како ти било во тој момент Зверлево заспало накај 5 пробувам да ја разбудам не мрда. Вечер ќе биде весело, море ќе му ја оставам на татко и ионака 3 дена не се виделе
Леле срце ме боли вака кога ве читам, @Mari* толку мало бебе, каков страв е тоа, души само да се оправите, па доста е веќе. @zalosna сирото душиче, леле која траума, не можам ни да замислам. нека минува побрзо и полесно и да не ви се случуваат веќе такви работи. И јас сум тапа, толку сум уморна, ми се собира некако неспиење и паѓам и психички. Само ноќе да спиеше никогаш за ништо не би се пожалила, ама веќе две години неспиење ноќе си го земаат данокот. Прееска стоев до една мајка и сакав да и се свртам и да и речам, леле колку ми се спие, едвај стојам и едвај гледам, да и се пожалам онака од срце, ама се запрев зашто ќе си рече оваа ненормална. Малата си расте, некогаш навистина ми ги тренира нервите. Ама не и попуштам никогаш. Цела е на мене, едно тврдоглаво и упорно дете, бара секаков начин да дојде до тоа што го сака. Мило ми е што е таква, но е навистина напорно секојдневното справување со едно такво карактерче. Имајте убава и мирна ноќ мајки. Мојата секако нема да биде таква, ама тоа е, среќа е здрава, тоа е најважно.
Побрзо да поминува кај сите. Сочуствувам и држете се. Мора да сме на нозе и да пратиме. Јер мајки. Ве од срце.
Здраво мајки Колку сум уморна само.Денот преголем.Како станат децава по цел ден надвор де дома де по пат у трева....јадење спремај моли ги да јадат не сакат и само фрлам.Денес некои мајстори плочки лепат па уште има работа.Денес и гости имавмр драга личност што скоро ја запознав и нејзината ќеркичка.Си играа моиве со неа а таа многу зборува а малечка е 18мес. Па ги избањав и големиот за секунда заспа.А малово сега му правев инхалација уште е будно.И 2та кашлаат и носовите им течат.Уф... Побрзо оздравување на сите дечиња И на жалосна побрзо и со лесно уф како ме секнува во стомак кога гледам и читам како на малечките им се случуваат вакви работи. Поздрав мајки...
@Mari* пробајте со бел слез како што ви спомнале погоре Дафи и М&М, синко кога имаше шлајмови само чајче од бел слез ни помогна да ги исфрли преку каката. Нема штета од него, освен што да, не е баш пријатен за пиење, но јас му ставав и малку од неговото чајче за сепак да може да го пие. Брзо нека мине мајка.
Душа мила. Свари камилица и над тенџере преку колено легни го, инхалирај, ќе помогне. Мачкај гради пред спиење со масло од мајчина душица или мустела со ментол, еутерично масло од бор во лажица маслиново капни неколку капки и стави во коритцето кога го бањаш, се тоа помага полесно да дише. Оперил капки 50:50 растворени со физиолошки ако имаш капнувај му во носе пред спиење. Кромид. Xипертоник бејби исто може во Müller има. Тоа е се што ми текнува што правевме ние само за да може да диши. Нека помине што побрзо @zalosna срце ме стегна кога те прочитав... На врата од кола прсти имам фатено и речиси се онесвестив од болка, а ова не можам ни да замислам колку боли. Душиче мило, среќа па само со тоа поминало, не дај Боже што се можело да се случи. Кукличе, ќе и помине брзо. Козјо млеко, урда, сирење да јаде за побрзо да зараснат ковчињата. Ако можеш да најдеш во некој маркет добро ќе е да дадеш. Имам читано дека многу помага за скршеници. Ние денес да искористиме дождливо време, во мол се пикнавме. Папучките кожни што ги земавме пред скоро за во градинка се раширија ептен, од 22 бр 24 станаа. Едвај оди дете во нив, а не е баш топло за бос да шета дома, па ајде нови купивме. Испазаривме за дома, што вика @Seline пари најмногу за тоа одат. Сметки и храна. Ич не штедиме кога станува збор за храна, а и бога ми како батко Ѓорѓија и јас и мм се сакаме од се да има, па полна количка буткавме до кола, а тргнав со списоче за 5-6 намирници. Дома додека се прибравме помина дождот и сонце дури излезе, па ајде пак надвор, пред зграда кафе пиевме и трчкавме со мали. Не знам дали сум споделила дека е малото лудо по кучиња, па еден комшиски ретривер го излижа од глава до пети. Јас гледам и коса ми се крева, мм се држи за глава, а малиот се смее на цел глас. Куче среќно мафта со опашката, дете уште повеќе вриска и се вртка околу него . Со поголем стан и куче оди рече мм, па здравје ќе видиме. Ептен сакаме малиот со куче да расте ама е мн голема обврска. После кафето стандард, дете бањај, вечера спремај, заби миење, сликовница и кревет. Не можам да најдам сликовници мали со кратка приказна. Сега баш по нет ќе побарам каде има. Во две книжари бев денес не најдов. Мали сака читање, листање, кажува нешто по свое и ретко повторува што ќе му кажам. Му треба време да ги свари информациите па тек тогаш и најинтересно е тоа што ако му се допаѓа нештото ќе го направи, ако не џабе ми е и на глава да застанам. Тоа е од нас. Ми се приспа и мене па одам да легнам до мушкарците мои. Добра ви ноќ
Добар ден мајки, денес кафето на најјако. Долга ноќ имав, можда 3 сати ми се фати сон, со прекини нормално. И ко за инает маж трета смена. Бебе од никаде сношти со тт, некоја безвезе ни 37 ни 38, нешто измеѓу, доволно да не заспијам и да го проверувам на 5 мин. Нозе камен ладни, главчето гори. И пролив имаше вчера, и ми поврати, ваљда запче ќе вади. Е ако се сите вака, Господ да ни е на помош. Да си се пофалам вчера си купив костум за на плажа. Ни за одмор уште немаме планирано ама важно да го имам, го намислив и то е. Да не е само то и долен веш си купив, сакал мм нешто секси. Абе ненаситен, шо да му прам. Намислил сега да купел место за куќа. Па да имало и дел да посади нешто. А мене шо не ми се мрда од центар то е друго. Ама ко ќе размислам, поубо таму отколку вака во заедница. После и за колата да ја смениме ме пукна. Е и кола и куќа не оди, не сме милионери. Ние и куќата дали ќе успееме да ја напрајме. Туку да си се надеваме само. Одам машина да пуштам, да завршам некоја работа за после да шетаме. Ручек од вчера имаме, а на бебе планирав спанаќ да му воведам, ама ќе одложам за утре-задутре, ќе го следам денес со тт. Поздрав женски, убав ден на сите.
Кратко да ве поздравам . Шетавме од сабајле,купувавме поклони. Вечер сме на роденден Малово заспа и седнавме со мм да пиеме кафе .Чекаме другари да ни дојдат па наспан да го пуштам да се истрча со децата пред ручек . Гасам моб ,малку да помуабетам со мм Убав ден мајки
Добар ден. Запишете не во здрави,а посебно мене во вечито ненаспани. Синко цела ноќ ме пукна со таа негова дрда(вода) Гладен беше, а вечераше кај 6 и во 9едно шише јогурт го испи . На пола саат бараше дрда и во 2:30 пливаше во мочки,го пресеков му дадов јогурт. Тој заспа, а ја не можев мозоков ми залета на 100места. Станав за во вц ме сети и ја пушти гајдата се вратив заспа и полека излегов од соба на прсти. Дувнав едно цигарче се вратив во кревет пак се вртев на секое. Дојде 4:30часот а јас не бев заспана. Денот ни започна во 7,со утринско кафе испиено со мм.Тој замина да работи, а јас низ дома со синко. Бевме со свеки на кафе во комшии и на идење не можевме да си отвориме дома. Добро е што мм работеше во близина па си дојде ни отвори на среќа. Инаку ќе требаше да кршиме бравата.... Дојде од комшивката внучето и синко се разбуди. Кога и го слушна гласот, почна да плаче и да вика дада, дада. Еден сат спиеше и сега цел ден ќе квичи, ај барем вечер нека спие.. Еве сега и двајцата ручаат и ќе одиме до малскиот парк, ако времево не ни се расипи облачно е и запурно не се диши..... Неделава помина со гости и ние одевме на гости, кога со мм кога сами со синко... Тоа е се мајки во кратки црти, имајте убав викенд. @zalosna Душа мила, какви болки има видено.... нека поминува со лесно. Господ нека ги чува сите дечиња. @Seduction Честитки за бременоста. Побрзо оздравување на сите болни дечиња
Еве сме и ние... и ние болни! Беба ми е многу болна, со инфекција на очите и слепени и се од секрет. Кашла дури и капилари испукани има по лице, па и тт има. Две вечери во раце ми ги преспива, нема шанси во креветче да ја легнам! Ни дадоа антибиотик , капки за очи, инхалации па ете од синоќа е далеку подобра. Дури и спиеше добро синоќа па и јас уапеав да одморам инаку со две ноќи неспиени како дрогирена бев. Нема полошо од тоа дете да ти е болно. Дадата беше далеку поотпорна на вируси, настинки, бактерии ама ова бебе ми е изгледа со послаб имунитет. Едвај 4 месеци а веќе двапати е болна па и вакцина немаме примено. Не сум спокојна ич, туку ајде се гледа дека е веќе подобра, антибиотикот заврши работа. @Mari-Ja подобри сте? Штом со кутрето играте надвор сигурно страшното поминало. @Mari* и вие се изнамачивте, бајаги заглави бебо. Може не сум во право ама колкави се шансите да си носите од овде некои лекови? Вентолин , пулмикорт - ова е основно за бронхит. Се прави ли проблем на граница за лекови? Дури и антибиотик нерастворен да си имате. Кога ве читам колку ве измачуват со нелечење се нервирам дури . @zalosna искрено душа ме заболе кога го видов детето. Сепак, сте имале среќа оти можело и пострашно да биде. Брзо нека се опорави. Одам да пеглам... поздрав