Здраво мајки Се стопли времето, плус празници и мм не работеше, па шетаме нон стоп. Деца не се баш фит но тоа е. Од дома седење нема поарно да биде. Средново имаше конкуктивитис на очите и одкако е без терапија пак почна да кашла. Што се нема да фати од градинката. Мм кога ја оставаше во градинка видел деца со зелени мрсули до уста и секрет на очињата. Од нив моеви, од него другата... Со ниет сум да се впуштам во дискусија со воспитачките . Најмалово уште не е фит. Бевме пак да ја чујат, не е оздравена. Ни рекоа инхалација со физиолошки и свеж воздух. Големава пичнуваат пак зелените мрсули... Крај се нема. Никако да излеземе од овој чаробен круг. Белким сонцето ќе донесе не само подобро расположење туку и здравје. Мајка ми ќе си оди уште малку. Нема веќе вечерен бејбиситинг, дома ќе седиме со мм . Спремам поклони за внуците па уз нив кѕпивме и трамболина и лизгалка за во двор, па деца се радости. Две од три спијат. Уште најголемава да заспие па ќе се почастиме пивце и начос со мм. @Mari* @zalosna како се денес малите? Убава вечер на сите.
Добро вечер. Малата спие оти денски скокна, ама со какво рикање заспа леле мајко комшиите ќе ни пратат социјално кај и да е Сабајле излегоа со тате на чао и се прибраа во 13 и 30 она обично спие тоа време и те да заспие те не фати 14и 30. Се договоривме со мм да одиме во една менза на ручек тука во близина и не и дадовме на малата да спие. Туку што да ви кажувам не спиено дете како седи во ресторант Прво едвај стигнавме , во количка , ја ставивме и жива се дере плака, па во автобусот гужва на врата стоев, та овој да излезе та оној, сите на средна врата сакат Три станици ама како 300 ми се видоа Излеговме ајде и тротинетот и го носевме.Татко и да ја влече , мама.Ајде стигнавме до трговскиот. Зедовме јадењето и седнавме на една маса со клупа.Леле луѓе не знае да седне 2 минути.Трча по клупата , а јас и татко и само ја караме дојди седни. Јадевме колку успевме .Ајде ќе си одиме татко и упорен во количката да седи цел трговски дете вика плака , а тој мене бегај да не те гледа демек јас ја провоцирам.Седнав на една клупа да се одалечат не бе се слуша сите се вртат мм со 1км/час се движи А јас трчам кога сум со дете.МажЈа зедов не можев веќе да слушам и ја мкнев на раце.Излеговме од трговскиот и ја соблеков на боди на куси и и дадов кредички да црта.Па така некако стигнавме до автобусот и до дома Ајде оди пак на ручек со вакво ќентре. Температурата ја држеше 1 ден, нос уште и тече безбојни.Кашла чат пат . Ќе мине . Сите дечиња побрзу да оздравеат посебно бебенцата Туку @24.07 сваќе многу често кога пишеш што прави зетко исто прави и ќерка.Вчера може 20 пати стана да се напие вода .А јадеше некој млечен намаз.Изгледа им се фази некои За утре планирав зоолошка ама оваа помалата, таа големата е многу голема кога ќе порасне тогаш.Ќе видиме здравје ако имам желба со вакво дете Туку да јадам и некој кекс да манеме со мм па нели сме луЏе Добра ноЧ и слатки соништа на сите
go uspav malovo ,a ja vo trenerka do nego lezam i nemam dusa! nemam sila da stanam da se tusiram....Denes tri pati go nosam nadvor po trevite i klupite da trca...Ko izbrkani od doma sme...I pak,nezapirliv e! A jas,isceden limon...pa i grlo me boli...A mislev i jas vikendaski vince i film so maze ....pa i edno sakanje da padne
Dobri sme mila,racheto za sreka ne poteche od gipsot,evegi pak besnejat, jas samo si vikam po niv ama koj me slusha strav mi e dane napravat i druga belja,uste to ni fali
Здраво мајки Немам пишано еден месец ни читано. Ама си најдов време и од вчера до сега исчитав околу 600 мислења, да не пропуштам нешто Ние уште сме МК од 14 април сме дојдени и искрено ми се здосади веќе. Планот беше да си одам околу 10 ти мај и на 1 јуни пак да си дојдев со мм ама ништо останав и ќе си седам до кај 20 јуни ќе полудам. Имам точно еден месец до свадбата а венчаница немам неможам да одберам, ништо не ми се допаѓа и незнам што ќе правам многу ми е тешко, ми се плачи, вака никогаш се немам осеќано Незнам ни каква венчаница сакам блазе си му на тие што се слаби се убаво им стои, јас во се си најдувам мани. Мислам во депресија запаѓам. Видов во Прилеп, Битола и Тетово и ништо ме нема бендисано кажувајте кај да одам кај да барам не ме бива да си ја организирам свадбата како што сакам, незнам зошто ова ми се случува. За се одма си наоѓав фустани ама сега се измачив. Бебе е добро само малку редот ни е испомешан, почна да станува по рано. Околу 7 на сабајле е буден а јас одвај очи отварам. Си наполни 9 месеци летна времето мајки, многу брзо ми порасти бебето. Кога го гледа татко му на камера многу се радува се смее и дури мониторот го фаќа со рачињата, си го сака татичко. Многу ми е досадно премногу... Нема да ве тагнувам сите поединечно многу имам пропуштено за честитање. Ви честитам на сите што сте бремени со лесно да ви биде, лесни чекорчиња на проодените дечиња, на болните побрзо оздравување, родендени, крштевки... Здрави и живи да се сите сонца Морам да кажам и дека ја запознав @kiki_riki пијавме кафе и ја видов нејзината кукла односно снајка Многу ми годеше муабетот со незе феминка си е феминка можеш се да си кажеш исто како на форум се чуствуваш слободно се надевам на повторна дружба додека сум тука Има уште некоја за кафе Толку од мене за сега, ветувам ќе бидам по активна имам за читање сите теми од бебе. Добра ноќ мајки
@orhideea .Исто и мене ми годеше муабетот...колку чудно е се гледаме прв пат, а како да се знаеме цел живот. Следна средба обавезно ќе има јас зетко да си го запознам
@24.07 и @VedaG10 фала мајки Точно мила имам синче 8+ месеци и сум 14та недела бремена Здравје да биде се како што треба до крај ќе биде весело хехе. Инаку не издржавме за лулашката па тато ја склопи во дневна и ја испробавме Бебе среќно, уживаше и делуваше како цел живот да се лулал Утре здравје ако е потопло автоматски ја местиме во двор, ама како што гледам пак исто ќе биде Добра ви ноќ на сите
@Seduction браво мајче на храброста. Со лесно да си ја износиш бременоста . И јас многууууу сакам Ама се си викам рано е уште. Ама здравје ,ке биде за брзо @orhideea виде ви Скопје за венчаница ? Мислам дека ретко каде има готови да купиш . Се е со шиење . Добро утро мајки Ние со синче кај моите уште рано рано . Го предадов на шетање со нив и јас малку одмор. Имајте убав ден
Добро утро мамички. Се разбудив утрово со толку голема желба да си легнам при мајка во прегратка и да ме гушка та се' да ми помине Разрошкав низ стари албуми, го преживеав наново секој миг уловен на фотографиите и сфатив дека имам оскудно малку слики со неа. Последните години со неа сум ги земала здраво за готово, ама па кој да знаел дека крајот се ближи Листав и сфатив колку малку од животот децата се при родителот. Ене ме бебе, па заодувам, па 2ри 3ти роденден и после сеќавањата ми се дружење во градинка, одење во школо, учење, тинејџерски љубови студии...Ко сон блиц сеќавања за времето со неа .... Туку, да ви посакам среќен ден на мајката Гушкај те ги дечињата и создавајте прекрасни спомени исткаени со љубов и среќа. Гушкајте ги мајките и потсетете ги колку сте им благодарни! Убав ден мајки!
Добар ден мајки Деновиве само шетаме и свртка немаме.Деца се изнатрчаа изнаиграа.Ама па малото цела ноќ се буди и станува и пие многу млеко.Забчињата уште не се пробиле.Страшно му е во устата.Подувано црвено... А малото е многу интересно.Повторува по мене што му кажам и правилно ги изговара. А големиов е исти чат пат слуша и е мирно и послушно дете. Со мм ок сме најдовме некое решение за проблемот со парите на тетка ми. Му се јавија пак да оди сега деновиве.Некако брзо мина времето.За 2 месеци ќе си дојде ако е се ок. И уште си чекаме да звонат од градинката. Деца кашлаат шмркаат и ние со нив.Утре ќе ги носам кај матичната. И тоа мајки. Убав ден. Деца само квичат и се закачаат едно со друго. Поздрав...
Здраво друшки... Јас најдов време да ви пишам малку ме немаше но од наредна недела повеќе ќе имам време да се дружам со вас. Од кога е дојден мм немам време ни да се истуширам аслно. Стално само сме излезени и одиме на некое патување два три дена се исклучуваме од се. Бевме во Банско во преубав хотел сместени т.е воGreen Wood Hotel & Spa мали се изнаужива но ко за баксуз се изнафрли целиот по тело и си крена тт до 40 па моравме за два дена назад да се враќаме во Мк. Помина и тоа од еднаш ни текнува одиме Црна Гора поточно во манастирот Острог неможам да ви опишам колку само е преубаво да останеш макар и една ноќ да преноќиш колку е чудесен манастирот. За толку голем пат вреди секој миг поминат таму останавме само една ноќ иако мм сакаше повеќе мали не ни дозволи. Максималко ја искористувам возачката и повеќе јас возам од што вози мм . Тојми вели дека сум му голема одмена сега и дека е полесно да одиме на подолги траси. Ве поздравувам и имајте убаво неделно попладне.
Здраво мајки. Се туфкавме цело сабајле и излеговме околу 12 , 2,3 круга низ парк и планот беше до молот купачи да си купам ама на маж ми му се спиело па се вративме назад... и еве го сега спрема лазањи ќе праел, а му реков викенди нејќам готвење уште садови ми фалат да раскревам по него Бебе спие јас имам еден куп алишта за раскревање Имајте убаво попладне
@eli25 молим те кога ке купиш да ми пишеш од каде и какви. Тежок проблем имам. Ослабев, ама градите ми се скроз сменети. Ке си пукнам, ни едни не ми стојат. Имам десет пара дома долните ми се супер, горниот дел катастрофа. Башка треба да купам да можам на плажа да дојам. Добар ден на сите. Ние класика шема стани доручек и надвор до еден. Деца се изнаиграа. Сега спијат. Ручек и пак надвор до стемнување. Ако не зезне дожд одиме во затворен простор или на гости. Викенд дојде и пројде кукава пак не средена остана.
Здраво друштво, одамна не сум пишала пост. Да ве поздравам сите, сите со болни дечиња побрзо да ви оздрават, кој има за честитање со среќа да му е. Ние сме во глобала добри, во период од месец дена втор пат ми се размрсолавува, едвај чекам да и пројде. Настрна тоа луѓе се лигави, плаче и најлошо од се почнув да ми се треска од земја, период ли е, тантруми ли се, давајте совет што да се направи, многу ме исцрпува. Дома во припреми за нашиот спрат па и таму трчање, пеглај, пери, пружај, чисти, именден спремав, на работа турбо, и да ослабена сум, не кој знае колку ама околу 2кг, ама па немам енергија. Плус детулево неќе да јади. За денес и спремив риба со компир, морков, лукче и кромидче, магдонос и путер, не планирам да и блендирам денес па ќе видиме како ќе поминеме, се надевам на успех... Рден тон работи ми се случија, татко ми во болница па трчај и таму, од се друго на работа имам најава за покачување се надевам ќе бидне да мрднам од таа недоволна плата. Така друштво, тоа е еве го и дождот, цуца спие, јас до неа лежам па може и јас со неа да дремнам. Пооздрав.
Здраво и од мене. Денот ни започна во 8 синко не разбуди инаку ќе си спиевме уште со мм. Кој ни е крив што водиме љубов во ниедно време од ноќта, но вреди...... Тука јас му се чудам на мм работи бувта по цел ден од утро до мрак и има сила за онаа работа....Мажи тоа му е во крвта. Станавме еден со дете еден кафе вари, го испивме кафенцето и мм замина да работи. Спремив доручек за ѕверов мој(домат со јајце) не сакаше плука, но го заложил со цртани и маф направи. Во меѓу време мм си дојде изнервиран и ми вели дорани го Матеј и ќе излеземе да шетниме не работам денеска Не планирано,... на брзина се спремивме и заминавме право во парк. Дете како пуштено од синџири трча со рацете горе и пеј. Потоа седнавме на едно пивце но дете не седна ни на столче ни па во количка. И таквиот под нас кај мајка на ручек.. Синко заспа, јас до него легнав мм почна скара да прави(не сакал манџи, па се нафати да прави скара) Еве сега се разбуди да одам да му дадам да руча,... , малку касно ручекот но нема гајле повеќе ќе јаде. Имајте убав остаток од денот
Здраво мајки, во последно време некако слабо сте расположени за муабети. Темава не е баш најактивна, дошла дури до страна 2. Дајте некоја тема за муабет да развртиме, не бива кафе на суво да се пие Што да ви кажам, секој ден исто, само мајка ми знае да ми го смени секојдневието со нејзините фрустрации. Стварно не знам што и е на женава, ама ако не расипе нешто не е жива. Заради нејзе секојпат одложувам и родендени и се, и сега пак ми го одложи веќе еднаш одложеното. Причина: сестра и не можела ниеден друг ден освен недела (тоа е 5 дена после роденденот на син ми). И така јас како и обично си се пожалив пак за истото, еве кафето денеска од мене, а тема за муабет од вас
Добар ден. Море жени кај сте Отварам да пивнам кафенце и да читнам, абре никој ништо да пише Кафето од мене нека е Абе ајде дојдете на чешмата да си поправиме лаф муабет, маките да си ги кажеме , мужи , свекрви да изоговараме Вчера малата се будеше на секој час и кашлаше , па ќе си презаспие.Толку ми се спие ја однесов на градинка.Средував едни документи и ќе одам сега на др имам термин. Вчера да ви кажам шетавме во зоолошка 4-5саати успеавме мал дел да видиме за другиот дел друг пат.Многи топло, не удри дамла.Малата само на слоновите се радуваше другите животни сеедно и беше Нареден пат ќе одиме на излет таму. Ќе си земеме од ќебенцата за излет ручек се и таму ќе дремнеме малку и ќе продолжиме.Многу гужва беше дечиња еден куп.Тоа моето пак си плакаше сака во раце па ја носев пак.Кога и е време за спиење веќе ништо не сака само да спие , земи да ја заспиваш не сака станува Туку вашите мали седат ли во форма W или М во нозите? Ако сте ги одвикнале кажувајте одма чаре.Јас по 200 пати во денот и викам исправи нозете одма ги исправа ама пак си седнува во М @Seduction имај лесна бременост Жуто ме превари додека пишував Убав ден на сите
Ај и јас да си пишам неколку збора. Викендов ништо ново. Одмаравме јас и дете сами кај баба и дедо, тато беше на пат. И се ќе беше супер да не почнеа мрсули и блага температура во Саботата вечер. Ноќта се намачивме и искрено страв ме фати што и како ќе се снајдам сама зашто многу кашлаше и дури завиваше. Среќа се потсмири откако му прснав Аква Марис во нос па малку преспавме. Во Недела најдов лекар и дијагноза ништо нема. Вирус е ии реакција од ММР вакцината. Да чистиме нос и да следиме ситуација. Се вративме домче и инхалаторот го ставивме во функција иако кога чистев го ставив во плакар кобајаги пројде зимата. Се инахалиравме со Синомарин и одма му беше подобро. Сабајлево е пак весело човече ама со благо повишена темпреатура и растечен нос. @eli25 и @irena.1 јас купаќи со убав горен дел купив во Ползела со Сити Мол лани. Некоја хрватска фирма беше ама само тој убаво ми стоеше во градите.
@Ava.84 јас само мајка си ја оговарам овде. Еве си се пожалив уште пред да речеш. Седат моиве така, син ми многу повеќе од ќерка ми. Устата пена ми фати, ама среќа што сум нон стоп со нив па одма реагирам и не се заседуваат долго така. Ама буквално за помалку од минута се забораваат и пак истото.