@zuto трај и мене мајка ми од кожа ме вади.Гледам да ја игнорирам веќе .Море ние сме будали на сите гледаме да угодиме направи си роденден кога сакаш кој дошол дошол кој не здравје.Па тетка па сват па оној па овој и ти се нервираш за џабе.Гушки и игнор мила А за седењето глупа навика не се одвикнува лесно, а ги искривува нозете.
Добар ден мајки. Две деца во градинка, најмалово не можам да го освестам спие ко топ, турлитавата се крчка... јас нозе во вис. @Ava.84 и ние бевме вчера во зоолошка. Ако сме биле во истата и си чула две деца што рикаат погласно од магарињата таму, моите беа . Бевме само со двете и со дуплата количка. Ај сенизлажавме да ја симнеме поголемата за да се радува. Леле кога зина и средното да вришти. Ај и нејзе, пак се излагавме, ја симнавме. Хорор. Едно трча лево, друго трча десно, количка натоварена ќе се преврти. Ние растрчани, деца рикаат ги имитираат мајмуните. Како ги седнавме пак не знам ни јас. Драми. Се исцедив како лимон. Исти драми кога менував пелена, кога пресоблекував натопени маички. Важно деца среќни. Плус видов и пингвини. @zuto леле за тоа дали на мајка ми седтра и одговара термин или не ама ич не би се замарала. @JoyJoy и јас си купив горен дел купаќи утринава, од лидл мој. За каде не знам ни јас, посебно што пред некој ден имав купено од њу јоркер два пара горни(попустот од едно евро да го фатам), и сега не знам колку пара имам а за со три деца пари да ми даваат не тргам на одмор. Муабетов за лидл. Мајка ми рече ќе ме нападат од дома камо трошаџика. Однесовме деца во градинка и го убедив мм да се прошетаме до таму. Кога видов едни дрвени, со кров, за да ги наполниш со песок и деца во нив да играат. Кога се потпалив дека само тоа уште ни фали. Па и мм се потпали дрвото било не знам како, па со заштита од сончеви зраци... уште место да најдеме. Викендов еднаш претрчавме и до брза помош, минус да не му пишат на средново. Како така само другите две да одат. Вади четворки и има страшен оток. Како големо зрно грав. Од него и увцето ја болеше, па после неколку часовно хистерично вриштење и очајно полноќно возење со кола на полноќ со татко и, отидовме до болница. Претпоставувате додек отидовме дете престана да плаче , ибупрофенот почнал да делува. И така. Весело ни е.
Работата е во тоа што тие само тогаш и идат, за родендени. Две деца = два пати годишно. Децава такаречено без роднини се растени. И ми е криво заради тоа, ама немам што да правам против тоа. Инаку секако го менувам планот и роденденот ќе си биде на денот како што си е, без нив. А они ќе дошле после 5 дена. Ок. Ама не се трескам да спремам нешто посебно. @danichap не се замарам дали сестра и не можела, туку што не' мафта сега може, сега не може. Да не бидам вулгарна, ама ебати бабата што чека друг да биде слободен за да отиде на роденден кај единствените внучиња.
Здраво мајкички , И јас се согласувам дека треба да почнеме некоја тема за да си муабетиме. @zuto за роденден се прават најголемите циркузи од страна на родителите од двете страни. А кај мене јас си направив циркуз сама, за кој многу ми е криво . Крштевка правевме на 6 месеци . Планот беше да се поканат само родителите мој и на мм и толку . Но баба ми, на мајка ми мајка беше болна и не можеше да дојде ( другата баба од татко ми живее со нив па она иде комплет со нив и ај викам и оваа баба да ја поканам). И јас сум многу глупа, ме понесува многу еуфорија понекогаш, и некако уз муабет ја поканив сестрата на мајка ми . Е сеа како без сестрите на татко ми ? Па он ке се осека глупаво... и ги поканив .ММ нејкеше неговите тетки што не испаднавме фер спрема другиве стари ама ок ај. И од 10 души според план си дојдоа 30 души. А на татко ми сестрите (вештерки) не ни заслужиле вода да им дадам а не да ги частам за крштевка !!! Крштевката помина многу убаво, весело ,културно. И на роденден дојдоа тие, бидејки правевме голем роденден ... Мутава сум што да правам Сега сплет на околности не зборам со тие тетки, и за 2 роденден не ни панирам да ги викам.Не еуфорија не знам што да ме фати ! Сфатив дека неблагодарни луге нема потреба да се на мои веселби. И ке си се гледам себе а не да правам кеиф на родители и блиски пријатели. Умре тоа време. Затоа правете си роденден кога вас како семејсто во одговара. А другите дали ги гледале 2 месечно или 2 годишно е нивни проблем . Они губат што не се дел од животот на децата . На сите не може да им се погоди ! Во последнава година некако многу сум променета, од кротка и мирна девојка која никогаш не се караше и расправаше станав многу бунтовна . Не се карам на оној лош начин него едноставно со муабет ставам крај на некои роднини и тоа е тоа ! Многу ама многууууу ме нервираат луге без осет и без култура ! И така мајки , си пишав што ме мачи последниот период но темата е многу по длабока да не ширам многу негативности Која и тема да ја почнеме за муабет јас сум IN
Добар ден. Малата надвор со татко и се занимаваат, јас сакав едно кафе да испијам, ама време за спиење иде, па ќе ми остане така. Може да дремнам малку со неа. Полжавчиња и се интересни периодов, па само ги бара надвор. Виде еден голем, тој излезен цел и мрдаше со рокчињата, кога се развика дете, видииии мамааа мрдааааа со ушитеее и мрда и она лево-десно, како полжавот. Сакаше во раце да го земе, едвај ја сопрев. Времево е ептен никакво, само облакај-расоблакај да прави човек. Де се стоплило, де едно ветерче никакво, па се смрачува за секунда како огромна олуја да ќе има. Март требаше ваков да биде, не мај. @zuto иста е со нозете, а ортопедот уште кога почна да седнува ни напомена да не седи така. Цело време и викам исправи нозете, и сама знае дека треба, ама пустото пак така си седнува. Најлесно и остана така од лазењето и право на газе. И ќе седи така додека не и стане неудобно веќе мислам. Нашава зоолошка ептен е тапа, нема ништо посебно. Требало слон да донесат летово, па не знам што беше следно и после тоа партнерка за морскиот лав. Запустена е некако многу. А сака малата да оди, мајмунчињата најмногу ги сака и интересно и е да гледа морскиот лав кога го хранат со рипчиња, кога има мало шоу. И во парк често одиме, си земаме кафе со татко и од количките, земаме за пикник нешто и на ќебенце седиме, па си играме со топка, или трча по шатките да ги рани. Некогаш така кога ќе ме обземат некои мисли за тоа колку не ме бива како мајка, или не ми доаѓа мајчинството природно, си викам ете детето секогаш е нашетано, најадено, наиграно, чисто, цело време сум со неа, давам од себе и што имам и што немам веќе, па гледам малку понекритично да се однесувам кон себеси. Вчера изгубив контрола, ја потегнав малку поостро за рачето, па цел ден си префрлав. И така, мајчински круг еден. Имајте сите убав ден, треба да ја приберам душата моја за спиење, инаку ако се затвори прозорецот ќе има доста плачки и опирање.
Добар ден! Неколку дена не ве читав редовно, утрово нешто на брзина, па така ако сум пропуштила нешто за честитање нека е со среќа, секогаш така правам после пауза и намерно не тагирам да не случајно испуштам некој. Истеравме преубав мини одмор, времето беше петка, на враќање не фатија огромни гужви па место 4 патувавме 6 часа. Ама со насмевки на лицата и исполнети души тоа не беше и некој проблем. Дури и детево беше за цело време мирно во автомобил. За неа што да кажам едноставно таму се прероди, ги запозна подобро роднините, се играше со нив, мене ретко и да ме бараше па јас скроз се опуштив, истражуваше и се и беше ново. Се брчкаше и таа малку во езеро, поточно шлапкаше и беше пресреќна. Навечер беше толку многу уморна, ама од возбуда не сакаше ни да спие, па имавме маки додека се намолиме. Шетавме по цел ден или бевме на плажа па така и ние бевме уморни, ама штом заспиеше сепак останувавме уште саат два барем, со добар муабет, пријатни луѓе и алкохол во умерени граници се разбира. Сега назад во реалноста, денес врне, дува, каква промена на времето неверојатно дури, уште да немав обврски се ќе беше супер. Машината врти од утрово, ручек пола направен, дома хаос е благ збор ми се чини, а во четврток ни доаѓа гостин на ноќевање па до тогаш ќе мора да средам да не се покае што дошол. За мешање во одлуки и организирање настани од типот родендени и слично од страна на други луѓе не дозволувам, имаше некои обиди на почетокот од свеки, дури и успеа во намерата но и ден денес тоа нема да и го простам иако сме во добри односи. Тоа ми беше и лекција да не попуштам премногу, сватив дека колку повеќе им дозволуваш толку повеќе се мешаат. На темата мајки морам да кажам дека јас сум таа што повеќе ја нервира мајка ми, секогаш таа ми е рамо за плачење, се јавувам и ако имам нешто веднаш и се отварам, така ме научила и секогаш е тука за мене, понекогаш си велам е зошто се јави и кажа се сега ќе се нервира а неможе да ти помогне, ама појако од мене е, едноставно таа веднаш ме приметува ако нешто не е во ред. Неверојатна жена и мајка, животот не бил најблаг спрема неа и ден денес и се воодушевувам и знам дека јас да сум на нејзино место не би се справила со животните предизвици така како што таа се справува. Никогаш не ми се мешала во ниедна животна одлука, ми давала добронамерни совети но одлуката била моја. Првите години кога отидов беше силна и ме испраќаше со насмевка, но последниот пат се расплака, срцево ме заболе, ми недостига премногу. Убав ден.
Dobar den mami Nie snosti pak bevme vo panika,malovo go skrshi gipsot i aj pak na bolnica za nov gips trista umoj me mavnaa vo glava, mislev deka pak ke treba da ja uspijaat za da i stavat nov gips, za sreka mirna beshe pa za 20 min se zavrshi rab. Imaite ubav den
Добар ден и од нас Маже на работа,Могли спие, мали гуга јас седнав едно кафе да испијм Сабајле ја пративме Могли во градинка дека нели подобра беше и се врати со зелени мрсули Одбива сируп,го плука Мали исто само без тт Три дена дете 40тт,денес фала му на бога нема Пие антибиотик, сируп за шлајмови,капки во носе и парацетамолче чепчиња Има болки при кашлање па нон стоп плаче Седиме вкупатило на пареа,чајчиња со шприц давам дека не сака да се напие Правам се што умеам само да е подобар,ко глувче ми се направи Утре имам термин кај матичниот па да видам што ќе ме огрее И јас полека но сигурно се настинувам,секое ковче ме боли Од сабајле се зафатив со чистење и сеа седнав Ми остана да пеглам уште ама то утре,мм е слободен па ќе чува деца дури испеглам Сега за роденденот од ќерка и јас влегов во конфликт со свеки,свекре и мм Лом ги направив заради тоа мешање Мое дете,мои правила Тие нивните си ги израстиле а за моите не дозволувам никој да ми се меша! За мајка што да кажам,се пронаоѓам во постовите на жуто...толку Сакав да пишам уште ама не оди Мали како се разболе само враце е,во спротивно плачки Дани и жалосна,се изнамачивте и вие Побрзо оздравување само Одо ја
Здраво мамички убави! и Магдето мое во болните ... и во разлошените... цел викенд со температура и плачки го поминавме! Денес на работа ко тепана да сум! Да ви кажам искрено, почнав многу да жалам што машко не сум се родила...како да кажам де, си го имаат раатот...лезетски, на тенане си тераат ама баш сите шо ги знам! Стварно бре, ич мува не ги лази! И дома, и на работа, секаде си се кул и релакс... Почнав со подготовки за славата, на 24 мај ни е куќна слава и плус ќе го осветуваме станот. Викендов и покрај болно дете успеав да направам 4 вида ситни колачи...останува чистење, прозори бришење, салати, меса, уфффф само што почнав а веќе нерва ме фаќа! @zalosna , со лесно нека поминува рачето, се надевам дека веќе сте подобри! Нека оздравуваат сите дечиња, гушки за сите храбри мамички!
Здраво мајки. Денов година ми се виде. Бебе стана во 5:30, свежа, насмеана, ама среќа заспа во 7, па поспавме до 8:30. Ја средив малава и се фатив за работа. Порано не ми сметаше никаков неред, ама откако се роди малава малце прашинка да видам ми смета, па секој ден чистам како луда. Во меѓувреме реков ајде кафе ќе пијам на тераса, бебе во количка, си сварив кафе, сокче и само што излеговме надвор почна да дува. Кафето на екс и пак внатре. Два дена не сме излезени да прошетаме саглам од ветрови. А малово ужива надвор, не можам да ви опишам колку е само среќна кога ја ставам во количка. Ама ќе надоместиме наредниве денови. Сега чекам мм да дојде и да пазариме нешто за дома и за малава. Колку ќе успееме не знам. На секое излегување заборавам нешто да купам, а ич не сакам да ја оставам малава без мене. Цело време како на трње сум. За мешање од старите не ми се зборува, зошто ќе се изнервирам. А не сум одамна. Моите, не дека се мои, ама никогаш во ништо не ми се мешале. Ќе ми дадат совет, ама одлуката секогаш е моја. За разлика од нив свеки и свекор се мешаат во сѐ. Абе нема работа која се однесува на мене, мм или малава, а да не се измешаат. И баш поради тоа најмногу се караме со мм. Се надевам ќе дојде ден кога нема да ме засега сѐ и сешто. Имајте убава вечер.
Кога отварам форум и сакам да пишам на темава, планирам мин пола час да одвојам, бидејки сакала или не секогаш реферат излегува. Викендот забавен беше, во саботата сабајле излеговме низ центар да прошетаме, таму зурка македонска, дечиња орце вијат, се изнаигравме јас и мали од страна. Каснавме од нога нешто ситно и рикверц. Попладнето мм на раб ние дома. Невреме страшно имаше па и двајцата поспани си гледавме тв и вртевме нови сликовници. Неделата дома чисти, пери, готви, средувај играчки, дете, облека за градинка, се до 2 по полноќ. Дете дремна околу 18ч па доцна заспа вечерта, 22 ипол не фати, автоматски наместо јас да завршам се до 00, до 2 останав. Затоа денес во 20ч мали се комираше. Јас одма кафето и фемина. Да одморам душа додека се печат брускетите па и да кснам нешто. После тоа ќе се фаќам за работа. Сабајле сме од 7 ипол станати, едвај го разбудив мали за во градинка. До 11 беше и супер поминал. Кога го земав се расплака ама брзо се смири. Воспитувачките рекоа добар бил, малку доручкувал, ужинката приметиле дека му е непозната овошката - диња Сега ако дадам диња, летоска дуњи да барам Не знам од каде ја измкнаа, ама немам видено во маркет деновиве, а и да сум нашла немало сигурно да купам. Ми рекоа давајте му од се да проба хаха. Викам ок, ќе купиме и тоа. Покрај кајсии, нектарини, јагоди, боровинки, малини во фрижидер и тоа ќе имаме, ноу проблем. Поголем проблем е рачето на син ми, што му скока кога нешто не е по негово. Сака да удри, а денес ме штипна. Од каде тоа да знам сакам. Таква нервоза, фрустрација кај толку мало дете, не ми е јасно. Пример редиме коцки и само бутка, фрла, прета со раце и нозе да ги расфрла и упорно му викам не и ги земам пак ги редам, а он на тоа аааааа вриска и ме удира по нога. Ама тоа само со мене го прави. Со деца кога си игра и кога ќе му земат нешто, се бори да го земе, им го тегне од раче, ама вакво однесување никогаш со никој друг, ниту со маж ми. Помагајте мајки со постари дечиња. Најдов една страна на фб, словенечка, за креативни идеји за игри, занимации, за сите возрасти на деца, па планирам утре да одам да се опремам со колажи, хамери, боички мрсни итн, ама си викам да не е мал??? Тиквиче е уште, не знам дали ќе го интересира, а у ствари како ќе знам ако не пробам. Ваши искуства? Две сликовници со животни на памет научивме кој како прави, почна да кажува имиња на другарчиња од градинка кои ги споменувам постојано да не ги заборави, и азбуката од charlie and the alphabet ја повторува кога ја пуштаме песничката на тел Со песните од чарли и бејби израсна. Детето тете не знае да каже, ама бејби изговара мислиш во Лондон роден. Заљубен е во пеперутката, барам на нет плишана играчка никаде ја нема да ја купам, би ја сошила кога би била повешта. Сте спомнале мајки, свекрви, планови поместување за родендени па да споделам и мое искуство Мали го крштевавме тука, кажавме на сите недела две унапред тогаш и тогаш е крштевката кој може изволте. Исто беше и за роденденот. Славиме такви поводи со најблиски. До пред да се роди мали, фешти по 3 дена со 100 души се правеа, и пресеков. У право е баба ми, за на софра секој ќе дојде, никој нема да рече не кого и да поканиш. За веридбата рековме ќе славиме во кафана, ама онака муабет си правевме со пријатели на мм, дека ќе се вериме, планираме во кафана, датум уште не сме одлучиле итн. Верувате дека следната недела му се јавил на мм едниот да го праша дали сме одредиле датум, да пишел слободен ден и цел ден да биде фешта, у превод доаѓам кај вас, па у кафана и ѓубре се правам до сабајле. Омг! Е тогаш се подосвестив, а за свадбата беше крајното од сите тие луѓе дотогаш присутни, денес едвај 10 има околу нас да се чуеме за здравје. Свеки ќе ја спомнев. Беше на б деј на мали, и уз пат купуваше за малото од ќерка и, ми кажуваше како кај нив во некои бутици багатела е гардеробата и е преквалитетна, овде прескапо било. Золва ми од нет почнала да нарачува и купува за бебе, слики праќа да се пофали. За мое дете, нивно внуче од раѓање до денес, три пара тренерки и пар чевли му имаат купено. Причина: кај нас е се премн скапо и турска роба е, квалитет 0, не знам што носи и што ви треба, се имате знам. Интернет нарачките беа научна фантастика од типот, леле што видов преубав комплет, ама не знам и не знам како да го нарачам, премн е комплицирано значи ужас. Значи не ме правите луда ви се молам, ми е муабетот. Секојдневните нејзини обиди да се слушаме се уште не ги разбирам. Не е тоа поради малиот, откако се веривме е таква. Кога не кревам, пишува. Сега секој ден кога оди мали во градинка околу 12 звони да праша како било. Ама секој ден? Епа се додека оди ли, до 5 год ќе прашува? И најмногу што ме нервира муабетот, он (за мали) е најдобар таму знам јас, он е најпаметен, он е најсупер. Не, не е, не му набивај комплекси. Он е обично дете како и сите други. Мајка ми не дека ми е мајка, реална сум најискрено, ми помага многу околу се. Зборам се грижи дома ништо да не ми фали, ако купи за себе ќе купи и за мене дали е тоа постелнина, јоргани, прибор за јадење, сервис, сеедно едно за мене едно за нејзе. Последно што ми прати беше сет мали тенџериња од братство за мали, фротирка дупла и јастучници. По некоја пара обавезно, да си имаш чувај ми вика. Купуваше и за брат ми се исто до скоро, кога и рекоа немој жено аман немаме каде веќе. Чува внуци без проблем, што и да побараш помош тука е, ама си има и маана како што мисли она дека треба да биде така е или никако. Пример во фиоката ми стојат лажици, вилушки па ножеви, она кога доаѓа распоредот е вилушки, лажици па ножеви Ако сме рекле она да чисти кујна а јас купатило, откако ќе заврши во кујна продолжува во купатило да види да не не сум исчистила се. Вака кога си навраќам филм мислам дека жената е опседната со чистење. Јас си ја знам, па кога оди се враќам на свое место. Ја разбирам бидејќи тоа го прави од навика, верувам дека е и неосетно, по автоматизам некои раб прави. Имала свекрва која чистела во дневна со метла и не да собере туку ѓубрето под комода шутни го. Семка падне ли на под, побутни ја, па трчала по нејзе средувала хаос цел живот. Една е мајка, за се ми е тука, иако сме далеку. Не знам што би без неа. Доволно е од мене. И кафе испив и вечерав и дете презаспав и уште пишувам И една чоколада изедов уз пат, ме тресе пмс, прв пат откако останав бремена. Што убаво си бев раат речиси две години. (Лееетнаааавтееее како сини гаааалаааабииии ) Одам да се бањам, па да средувам, па да спијам ако остане време. Убава ноќ мајки! @eli25 да пише како е бебуш. @vitamina до каде вози визз овој пат? @blessed.an како е малиот? @snegulkata ние некако се спасивме, вие како сте? @Seduction се заборавам да ти честитам! Со лесно мајче @BirMelek ми фали твој пост. До сите!
Навратив само да кажам со помин да е кај сите што се болни. Јас легнав да спијам со надеж дека нема филмот од синоќа да се случи. Да стане во 3 и да седи до 5 и 30. Преморена сум ама жив и здрав нека е само. Добра ноќ мајки .
Могли така ми беше некои 7-8 месеци секоја вечер Ќе станеше во 3 и до 6 си игравме Мислев дека ќе полудам тој период Деца заспаа а мене нешто ми се јаде Да видам ако најде маже некоја пекара кога ќе се враќа од работа па да ме усреќи Овде страшно невреме грми, дува,дождови....баш е езиво Како би запалила едно цигаре ама подобро не Ја памтите изјавата од пред многу години И да загинеш,колко моеш ќе се спасиш
Дунав викаш до Германија стигнал И јас би цигара. Често помислувам да запалам. Веќе 13 мес како не пушам.
Добар ден! Не сум пишала одамна. Се надевам следи период со помалку болни дечиња. Мене свеки ми е на гости. Па пишав пост што е повеќе за темата со свекрви и го избришав да не ме преместат Незнам како ќе се издржи 3 недели кога уште првите 3 дена ми се напорни. Инаку за исполнување желби на другите за прослави и родендени никогаш повеќе зошто свадба правев само по желба на други луѓе и на крај само нив не им беше погодено. Моите исто знаат да претераат ама си ги знам и можам све да им кажам па полесно е. Ми се спие бебе остана будно до скоро па одам јас. Утре планирам кујна да чистам дека нели помош имам Се надевам ок ќе биде да не ме читате кај свекрвите деновиве
Заборавив да ви кажам дека веќе неколку дена вежбам. Сум се запуштила ептен, растресена сум цела. Решена сум да симнам некое килце, плус да се стегнам малку. Ама навистина сум решена! Уште вториот ден добив, и не се откажав и покрај тоа што имав менструални болки и воспаление на мускулите. Си офкав и си вежбав колку можам. Еве почнав да се враќам во форма. Што се однесува до муабетот погоре што го почнав, сакам да кажам дека мене не ми се мешаат во ништо. Не ни имаат право. Работата е што јас сакам да дојдат и се обидувам да најдам најсоодветно решение, иако знам дека тоа со мајка е невозможна мисија. Ниту кога сакам јас да отидам кај нив, ниту кога тие доаѓаат (исклучиво за родендени и крштевки) не и е погодено. Стално нешто не штима... Сакам да дојдат оти не сакам децава да ги делам од роднините. Макар и само за родендени нека биде, ама нека дојдат. Какви се-такви се, роднини им се. И така малата заспа, големиот под казна е и ќути цело време, кај и да е ќе се предаде и тој. Мене не ми се спие, а и сакам да поуживам во тишина, па ќе земам да учам малку. Да си посветам внимание малку јас
леле душиче со помин да и е гледам читам и плачам како мое да е ај срце можам да замислам како ти е ние па се заглавивме во лифт и тоа во болница со бебушот се преплашив и мажот ми со сила го отвори па прескокнавме хорор Ме нема еден куп новости прво се изнаплачив за душичето со рачето премногу сум емотивна одма плачам зошто сум доживејала многу работи . Време најдов конечно да пишам во трка сум со време се да направам денес бев по салони за мебел барав столици па после по пазари па по банки сами со синко тато мора да работи овие 3 месеци ќе го гледаме само навечер ќе работи од 7 до 7 за џабе се нервирам ама тоа е кога се мора. Не се имам пофалено имаме и друго забче бевме на контрола се е во ред супер си е 8кг е крвна слика добра срце мајкино е најмногу се радува кога ќе го види мм . Купив еден куп работи за бебето на јатрвата ќе се пораѓа во понеделник со царски па во четврток му е именден на мм пак гости спремање ама ќе издржам ,си купив нова перална старата не чинеше па никој не ми рече со здравје да си ја користиш па сега кога ќе ми стигне масата ќе се поболи свекрвиштево мое злобно. Собрав доста пари од крштевката од моја страна сите ми дадоа за мене па ќе си купиме тоа што ни треба а другите на штедна книшка и ќе му правам полиса на синко . Синко ми е супер не можам да се пожалам сега за сега седи во дубак ,преска мм го пушти во двор леташе срцка мајкина колку се изнамачи борец на мама ете ме пак се расплачив ајде доста е да си легнам утре во 9 ќе ме разбуди
Добро утро. Кафенце од мене Синко спие, мм го испратив на работа а јас пијам кафе, но без цигара. Страв ми е да го оставам сам да не го најдам долу на под. Чекам да стане синко и пат по нога на вакцина. Двајца педијатри прашувам дали дете да вакцинирам по што имаме стрептокока во нос. И што можат да одговорат немало никаков проблем. Ваше мислење? Вчера во двор седиме и синко во уста пикна форма (имаме воз со отвори што се ставаат форми). Почна наеднаш да се дави сета се тресев, прво ми се блокира мозокот не ми текнуваше што да направам.....незнам што му текна да става во уста, кога беше помал не ставаше. И така само нека се здрави и живи, тие си растат, ние старееме.... Ние поради таа причина што родителите премногу се мешаат во се (особено свекор ми) немаме направено ни крштевка, ни венчавка. Тој сакаше да кани негови први братучеди. Ако се жени по втор пат нека кани кој сака.. Исто и за првиот роденден овој да биде оној, но мм му го кажа кај му е местото. Многу ми е криво што не е крстен но господ здравје за вториот роденден. И дома сакам дали во дворот или внатре не е важно. Толку ни дозволува џебот. Финансиската состојба не ни е стабилна и така ќе биде подолг период. За работа да барам сега за сега не можам синко не јаде со никој освен со мене. Нели дете не го прима во градинка ако не јаде и ако има бактерија. Знам дека мајка ми ќе го нарани но зафатена е со баба ми 6 месеци неподвижна е и се од неа се чека. Свеки не се труди да го занимава синко за да јаде, таа синко ќе го заспие. Но и летово ќе има работа во поле....
Добро утро мајки Две деца во градинка, третото спие, а јас веќе го испив и првото кафе. Вака до 101 и назад . Обично вторниците не ги оди големата во градинка, поради нејзините термини од 11, ама бидејќи е неиздржлива , денес ја однесе татко и. Наместо на раат да отспие за да биде фит после, она ќе се ококори од рано и ќе беснее. Па вака таму нека играе. После 3 саати ќе ја зедеме. Средното си легнува порано, кај 19.30 па сабајле од 06.30 пее. И тоа намали на една дремка од поодамна. Фамилија неспијачи од мали. Сестра и не преспива ама барем навечер 20.30 е кома. Не дај боже да задреме, макар и пола час, навечер ќе беснее до 23.00. Затоа а видам дека ја фаќа уморот, станувам и анимирам, испаѓаме на балкон, во двор... било што, само да и помине. Најмалово се буди кога еднаш кога ни еднаш за млекце, па гревота е да се жалам. Деновите се турбо но ноќите барем сврзувам сон овој период. Ќе видиме до кога, само да ги држи овој ред. Нас децата сеуште не ни се крстени. Требаше сега, во Мај, ама како не спотераа неарноќи, па одложив по не знам кој пат. Инаку свекор свекрва не ми се мешаат околу тоа. Мм е католик а децата ќе ги крстиме православни, но не се осмелил некој нешто да пререче. Сакавме Македонија да биде крштевката, ама немам сили да организирам летови, сместување, ресторани... Нека оздрават децата и само со мајка ми и неговите родители ќе правиме. Истиот состав бил и на сите досегашни родендени. Гравот се вари. Ќе биде тавче гравче. @zalosna помалиот ѓавол бил овој пат. Со помин. @Mari* се изнамачи и ти и децата . @zuto мило ми е што не дозволуваш да ти ги расипат плановите. А те сфаќам, баш мака да му падне на човек што за ваква работа решила бабава да се прилагоди на желбите на тетката а не на ќерката и славеникот. Да станувам коса да мијам и пеглам. На човек да личам кога ќе го земам детено од градинка и ќе одиме по термини. Убав ден на сите.
Добро утро. За мене не толку добро. Денеска мм ќе оди на пат 4-5 дена и јас и бебе сами. Од како се роди бебе не нема оставено на подолг период. Тешко ми е оти за се ми помага со бебе и стварно можам да се потпрам на него за се. А и бебе кога оди он насабајле на работа плаче , а незнаете колку е среќен кога ќе се врати. Мм само што им кажа на неговите дома свекрва одма се понуду ќе дошла овие денови за помош и реков ќе одам кај мајка ми , иако нема да одам ама некој само да ми ровари низ куќа , да ми води сметка колку сум потрошила и на што не фала. Ќе претарчам до кај мајка на по едно кафе , да го извадам на воздух малку бебе. Навечер ќе се слушам со мм на вибер. Инаку ништо ново нема тоа па тоа. Се спремаме за роденден , треба до џамбо да отидеме да земеме нешто. За слатка маса 8000 ми побараа омг кога ми кажаа ќе се онесвестев. Сама нешто ќе направам мајка ми и јатрва ми ќе ми помогнат. Тоа е мајки одам да успијам бебе и се фаќам за работа куќава бомба е малку.