MajkI ako imate Iskustva pomagajte. Deneska koga se najade malata povrati obilno, I se zagusi luge dve tri minuti pomodre omlitave mi se skrati zivotot luge. Sega sme vo bolnica ja snimija Ima aspirirano mlekce I stavija Antibiptici
Душа. Во болница сте, под контрола. Тоа е добро. Мислам дека на @BirMelek имаше исто аспирирано, може ќе ти каже подобро. Нека помине побрзо само.
денес изгледа таков беше денов со лоши работи ние денес супер си поминавме со синко бевме во чаршија мама му купи пак патики претходните ни се многу големи па ајде нови па на кафе со пријателка беше убаво се додека не појдовме на гости. Кај јатрвата го ставив малиот во количката за да го испијам рат кафето и внуката вика дај нино јас ќе го возам и се убаво и во еден момент списка внуката назад зад куќата и јатрвата која е пред порајѓај скокна од тераса скоро едно метро и јас со трчајне кога ќе видам количката превртена леле нозе ми се пресекоја незнаев како трчам срќа беше врзан ја кренав количката и гледав да не има крв некаде среќа само на левата страна од челото беше црвен кутрото се преплаши повеќе што врискаше малата а има 5 години ми се скрати животот денес. Па се смири одма и викам немој си кажала на чичко ти тешко нас ќе биде е така од играчка се направи плачка и уште не ми е јасно како можеше да ја преврти количката а воопшто не е лесна ама тоа е ум за друг пат . Си дојдовме дома го нахранив пресоблеков и го заспав си беше весел поспа малку стана и пак си игравме ако му беше нешто ќе плачеше на мажот ми не му кажав ама сети дека не е нешто во ред ме праша што си таква како нешто да се случило Ништо викам и замина дури во 9и 30 се врати тогаш го спремав малиот за спиење па не го виде дека е црвено на лицето да си легнувам малиот утре рано ќе стане зошто рано легна само господ да ни ги чува и со лесно да поминува
https://forum.femina.mk/threads/Совети-искуства-од-мајки-за-бебиња-од-0-6-месеци.14795/page-776 Оф лелеее... Еве ги на странава има мислења од бирмелек за истото. Нека поминува мајче! Не се грижи ништо не е страшно. Што е со денов не знам, Спасовден. @Belabelinakinder и вие ли се чукнавте. Аман веќе, нека ги чува Господ, не знам друго што да речам.
Pa ona si e Inaku dobra ubavo si dise,place samo na snimkata gledaat kako zasencuvanje od mlekceto i 4-5dena ke Prima antibiotic.
и мојот ми се има загушено и помодрено и се олабави скроз. Но од плунка. не го однесов на лекар зашто не беше храна. арно си сторила но страшното поминало. не се грижи. антибиотикот ќе среди се.
@podravka добро е поминало, на сигурно сте што би се рекло. Колку што прочитав стравот е да не добие пневмонија, па веројатно затоа и антибиотикот. Прв пат читам сега за такво нешто дека постои, а моето колку се давеше и засркнуваше со млеко, првите 4 месеци... Среќа што не се десило вакво нешто. Ајдееее кафица за сите Очигледно многу не има што очајно ни треба, да се освестиме од вчерашното лудило. Дете станато од 6.40 нормално дека во 8 ќе му се спие и ќе кенка. Го однесов во градинка, го оставив пред врата и избегав. Викам ајде помирно ќе биде, другарчето што плаче цел ден го нема, ќе биде и мојов добар. Јас излегувам, другарчето на капија со мајка му и плус две братчиња и една сестричка Сите во градинка, во различни групи. Пуцвал косички, сите исти, лешник боја , а мајката бело проѕирна, мислам дека тате е нига и овде игра фудбал. Возам накај дома и си размислувам а вчера 4 деца да имав дома, сигурно ќе го запалевме станот... Маж кај и да е ќе го станувам, денес е слободен и баш ќе види слобода Генералка до 12.00 се да биде дома цакум пакум додека дојде дете. Ќе перам играчки, тие што свиреле до вчера, од поручек не гарантирам. Ич не ми е гајле. После имаме кафе договорено со пријатели, а вечер ако не истура, ко што сум малер Латиноооо Тоа е мами, Денов денешен нека биде најубав и за вчерашниот!
Здраво мајки. Сто пати почнав да пишувам вчера и завчера и никако да довршам. И само пиши-бриши правам. Ми беше расипана машината за перење неколку дена и алишта се изнасобраа еден тон. Додека се исправ и исушив...па и времево катастрофа. Среќа вчера се погоди па се исушија сите. Инаку се мислам дали да одиме сите на продолжен викенд следната недела во Крушево или да останам јас дома со децава. На два ума сум. Во сабота сме на роденден, а за недела нели моите се најавија дека ќе дојдат оти не можат за роденденот на син ми. Од една страна ми се одложува се и ми се оди, од друга си викам кога пак ќе можат...најверојатно никогаш. Па се најверојатно маж ми ќе оди сам, а заедно следна прилика. Овие два дена полни неизвесности за нас дома. Убав ден на сите.
@24.07 и јас го вакцинирав со ммр минатата недела и одма си го оденсов на игралиште. Ми рекоа дека најмали реакции всушност давала оваа вакцина. Во недела крена малку температура и носот му затече. Прво мислев е од вакцината ама испадна закачил некој вирус зашто и мене почна да ме боли грлото а брат ми викендот исто го болеше грлото. Сега за сега е добар. Еве веќе поминаа 10 дена од вакцина и ОК сме. Ние на оваа вакцина најдобро поминавме од аспект на плачки. До сега на сите се корнеше од плачење уште на крвната слика во Авицена. Сега ич таму не заплака, на вакцина проплака само кога го боцнаа и толку. Брзо се смири. Дали поголем е веќе или што беше работава не знам. Инаку кај нас ништо ново. Работа, дома, дете секое сабајле прашува и моли да не одам на работа, ап се објаснуваме дека кога ќе се разбуди од спиење јас ќе се вратам и така. Едвај чекам да заврши месецов па да ми се намалат малку обврските работни. Да дојд летна атмосфера.
Добар ден мами, никако да најдам време да пишам, не сме прибрани дома Мм ми вика имаш ли куќа? Од сабајле стануваме, цицаме, нешто на нога каснувам и низ врата. Дали парк, дали кафе со другарка, дали кај мајка... Се прибираме попладне секој ден, детево скитник го направив. Ама па дома не се седи, со свеки едни те исти муабети, сакам да одмарам мозок Денес се прибравме порано, еве си седам во двор и пијам нескафе додека бебе спие до мене. Ја чекам да стане па да цица, па после ќе одиме кај мм на работа, сакале да ја видат бебка, па ќе го соберам мм да испазариме и на ручек. Се нервирам што секој ден ручаме околу 18.00, повеќе би рекла вечераме, ама што да се прави кога мм нема работно време Свој бизнис така е за жал. Ве поздравувам сите, ако бебе почасти со уште малку сон да ја исчитам на раат темава би било супер Убав ден на сите
Убав ден жени. Да шкртнам нешто додека дете се има внесено убаво во играта (момент не подолг од 5 мин.)сепак е за пофалба. Само што помислив дека се ослободивме од вируси и др. болештини и еве ти одма растечен нос, цела ноќ не сме асално спиени, синко се будеше на 10 мин. насобраниот секрет му задаваше проблеми и само си плачеше. Јас, која сум голема спанка искрена да си бидам долг ми се гледа денот а богами и ноќта Како нема да се сите овие вируси кога и времето не е како што треба, еве овде еден ден дожд истура, друг ден ветер, па сонце и да не знаеш како да се облечеш. Друга работа, малиот и оваа година не ми го примија во градинка за од септември Значи не знам што да кажам, последна опција ми беше приватна и по се изгледа таму и ќе го пратам, сепак подобро со деца да се едуцира и забавува одколку дома со мене а и јас веќе не можам вака, сакам пак да работам. Друга работа, почнав диета за ДЕБЕЛЕЕЊЕ Не знам колку ќе има ефект ама ќе пробам да ги повратам 2-3те кг. што ги имам изгубено. Знам дека нема да биде лесно ама сакам на здрав начин да се поправам, само ние слабите знаеме колку е тешко Одам јас да апнам нешто ако сакам стварно да се дебелеам.
Ајде кој е за десерт банана Мали спие, јас ручек правев, плаќав сметки па сега малку да пружам нозе. Сабајле сум се расчистила, машини пуштав викам за викендов слободна да сум. Надвор многу убаво време ама мене се накај 6 саат ме фаќа мрза некоја а баш тогаш мм и малово сакаат да шетаат. Ама им викам одете малку сами јас да си имам време сама со себе не им е по кејф ама одат, што ќе прават. Тоа е мајки, денес ништо посебно.
конечно да седнам денес пак турбо ми се смачи од обврски денес бев да го земам изводот и венчаница па за синко не беше готов требало да се пушти битола молба дека таму е роден па немав матичен запишано ми рекоа вчера не мора ,па ајде пак назад дома по матичен број па најдов извод па однесов молбата додека најдов паркинг ми се стемни.Од тука во банка отваравме штедна книшка за синко и тоа ми се тргна па на мајстор да ја види колата и назад дома спремав ручеци за мене и синко. Вечерва излеговме со синко во чаршијата седнавме со едни пријатели се беше убаво си пиеше млеко кога рече плачам со солзи зајдуваше од плачење до сега вака никогаш не ми се десило да не можам да го смирам ,го зеде маже до кола се смири малку и на пола пат пак почна незнам што му беше .Си дојдовме се смири па појдовме во комши кај еден дедо на именден се беше океј ми заспа во раце и за 5 минути пак почна дали се исплаши многу вчера кога го падна душиче. Го преслеков и заспа јас слегов долу да средам се истуширав измив косата и сега уште малку ќе си легнам како не затера утре не знам што ќе се деси добра ноќ на сите
Добро утро. Никој не се понудил кафе да послужи, па еве петочки од мене Утрово синко се успа до 9, па и јас искористив со него. Не ми се мрдаше. Сега он се забавува во креветче, а јас си пијам кафе во спална и се мислам што ќе се прави денес. Туку кажувајте лек за ракава. Од велигден наваму, од незгодно спиење ме боли. Од рамо до глуждот кај дланка. Ми се плаче. Наутро е полошо, па во текот на денот се смирува. Се мислам дали да одам на масажа или на доктор. Секој ден се канам да одам до молот и никако да се организирам. И за денес ми беше план да отидам, арно ама тато си го зел транспортерот со него на работа и немам со што да го возам синко. Ќе остане за понеделник шетањето. Закажавме крштевка, па треба да се облече дете. Веќе отприлика го осмислив како ќе го дотерам, уште да изреализирам идеа. Туку да си прашам дали е во ред во црква да му облечам краток шорц??? Утре на мм роденден, а не сум му купила подарок. Идеите што ги имав немам пари сега да ги реализирам. Кумство и сега крштевкава, па викенд, па шопинг и ќе броиме пари до крајов на месецов. Жива среќа се вратив на платен список па плата ќе земам на 31. Ајде да одам да спремам доручек за синко. Имајте убав ден и претстоен викенд.
Здраво мајки , Како сте ? Ајде кој е за друштво за кафенце нека повели . Денес рано рано дојдов на работа. Обврски,обврски Ај барем порано ке завршам и ке си одам дома. Не знам дали спомнав но на свадба сме кај мој братучед на 10 Јуни. Едвај чекам Шијам фустан. Се надевам убав ке испадне ... Малото мое човече е добро, него го стокмив за свадба Не дека е мој , ама така убаво му стои комплетчето што му го купив Денес уште старки да земеме да биде комплет спремен. Ке иде по невеста и он Денес во план ми е да отидам до Сити Мол , да си испазарам нешто . Откако ослабев се ми е големо и ми пага . Голем успех е што успеав да ослабам и сум многу горда на себе . Уште 2 кг и ке стигнам до посакуваната цел. Ама тешко е у пм .Фармеркиве додека одам може скроз до доле да ми паднат ! Бев пред некој ден во Капитол , и таму па никогаш ништо не си наогам.Кога одам со намера да си купам нешто никогаш не купувам . Ама денес СМ има да го рашетам ,не си одам дома додека не најдам нешто интересно . Малото ке го однесам кај моите ке шетале таков им бил планот И после свадба одиме на одморррр Денес ке правам список што треба да носам, што за малото... да не трупам многу работи .Бидејки овој одмор ке биде авантуристички , ке шетаме, нема да лежиме само на плажа Нова авантура со мм и малото човече. Најдоброто друшто на цел свет Тоа е женски , ова го почнав да го пишувам во 8 , сега го завршувам Убавв денн @Ano ние правевме крштевка во јуни . И во кратко беше облечен мали .До душа јас со фармерки го однесов бидејки на 18 Јуни минатата година баш тој викенд залади . Ама од црква кумата го облече во кратко .
Добро утро се возам во јавен превоз.Бев на пулмолог и ми открија астма.Вредностите кога сум оптоварена на апаратот се на граница и доволно било да се потврди дијагнозата.Си викам на 30 години дијагнози еден куп си имам.Сега потпишав дека сакам антиалергиски навлаки кои ги покрива осигуранјето,оти е поврзана со тие вошки или како се викат на душекот како резултат на алергија. Ние бевме во Мк на гости и си реков моја нога не стапнува таму веќе.Јас немам таму што да барам оти мм многу е паметен.Он може да си го земе детето и да одат заедно.Тој си има родители и брат,јас немам никој долу.Ме изнервира што секаде шетав сама по роднините како да сме разведени.И ми вели ова не било одмор за нас туку да се видиме со роднини и пријатели. Направи уште една утка за да погоди на неговите без да ме допраша дали ми така одговара и си реков толку.Не планирам да одам на одмор каде што моите потреби и желби се на последно место. Знам дека ситуацијата е многу осетлива оти има смртен случај на ептен млада личност во фамилијата,ама не можам да одам на таков одмор-замор. Згора на тоа синко се разболе таму.Температура до 40 си заработи антибиотик.Афти и кандида на устата фатиНе јадеше дете 3 дена и едвај пиеше.Се стопи,плива во алиштенцата.Последниот вечер пред да полетаме само два саати спиеше.Плачеше жално од болка цела ноќ. Инаку сега одам на др термин.Треба часови да возам.Да положам конечно и да ми се тргне и тоа гајле. Гледам и за одмор каде да одеме и око ништо не ми фаќа.Имам време до Септември тогаш ми е следниот одмор. Ајде да одам да побрзам да го фатам следниот воз....
Добар ден жени Додека синко спие да ширтнам два три збора Денеска сами сме дома со синко, сите обврски порано завршени дури и ручекот направен. Поубаво е вака нќикој да не ми се плетка околу мене. Синко какаше 3 пати до пладне. Сигурно се 5 ките, става прсти во уста не еден или два туку четири. Се дави и се смее, мајмун само ме плаши. Сношти иста приказна како и предходните вечери... Само го покриваме со мм и за неполна минута клоца пелена. Бара само дрда, ох летово не почнато а ние само локале вода и голи спиеме. Како ќе се преживее... Вчера синко пола ден го помина со цимолење... Не сакаше да појадува( му направив само смути си го испи без проблем) не сакаше да го мијам газето,дури не ги сакаше ни" забранетите""предмети... Незнам што му беше....изгледа заби се Само што го заспав си дојде мм прв пат порано од работа ги оставив двајцата да одморат. Зедов нешто од синко перев на рака, ручек направив и му се придружи и јас. После ручек излеговме сами со синко, а мм остана дома го болеа нозете. И денеска ќе се шета ако не заеби времево...