Се успиваме па отварам да ве читнам. Баш нема никој за кафе деновиве, кај нас не е продужен викенд јас стандард си ги чекам вашите секојдневни постови I miss u На пладне спиеше мали едвај еден час, во кола враќајќи се накај дома заспа, па го чекавме да поспие. Следна дремка во 19 часот ептен не можеше да издржи и до 20 ч комиран. Тек сега легнуваме со 300 маки песни нишкања,да го оставев до 12 комотно ќе седеше. Денес покрај шетањето, исправ се можно, утре едно чистење да удриме со мм и раат некој ден ќе сум. Ништо ново кај нас, освен што е многу топло и размислуваме на опција преносна клима да купиме, друго нема. 28 степени денес. По шорц и маица беше мали цел ден и пак беше препотен. А тек дома... Одам под туш па да кснам нешто, сум ослабела ептен, морам некое килце да вратам. Убава вечер и добра ви ноќ.
Добро вечер. Опасна Мари се стресовме сите и која попрва да пише Јас денес почнав да трчам ќе видиме до кога ќе терам.Многу убаво било.Малку нози ме болат ама па како се развреднив денес како 20 да имам Цел стан цацко пацко уште ламинат да избришам. Нормално мм усиса друго се јас со малата.Одморив 20мин и отидовме на ручек здрав божемски Пак компир и тоа помфрит.Некој навики потешко се менат За спремање на малата 4 роби облекивме и соблековме на крај во панталони сакаше и така излеговме Во ресторантот седеше 5 залака мирна и после стана и шеткаше.Не ми текна дека може на некој да му смета.Не одеше накај луѓе и не галамеше само така навака натака.Јас и мм 200 пати викнавме дојди седи ако ја седнеш ќе плака што е полошо од колку кога е мирна. Ова ми текна од др тема што дискутираа женцкитеА мене деца ич не ми сметаат ако не рикат ,интересни и мили ми се дури ги закачувам. Море како станав асоцијална луѓе чудо. Бегам а видам на игралиште луѓе бегам ко да ќе не јадат што ќе ми прават не знамА толку бев друштвена леле муабет со секој правев сега не ме интересира ништо Болест ли е ова или панаѓур Туку 15 год од матура имам оваа година во јуни , а за жал нема да одам.На сите одев до сега ама имаме свадба во јули па ќе одиме тогаш, а може и плус во август ке видиме А се договаравме со мм да одиме ама испадна свадбата.За убаво да е само Ќерка е хумор повтара по мене и татко и скратено ама се труди дете.А кога ќе погоди некое зборче радости сум цела.Проблем ни е О и Р нормално .Ама јас и велам а,е, о, и, у и така вежбаме па има подобрување . На денот на таткото снимавме клип со тате акам те Одам да рчам до дека не станала , а утре во 7 треба да одам да трчам пакДобра ви ноќ
@Mari* снашката коктел да не сака? Еве и јас после долго време си посветив еден час на мене Мм го однесе синко на една забава овде во маало, ја организираат секоја година во црквата близу до нас, има музика, храна, пијалок и сречки за децата. Сигурна сум дека ќе дојдат со полна торба маж не знае да каже не. Да ви кажам искрено, ми годеше бањата и тоа едно кафе што го испив на раат, денес синко баш ме измори, трчеше без престан а времето жешко се потев на сенката а не пак на сонцето Жени, не се погодува и на нас Туку, сакам да одам на концерт. Утре вечер во нашиот град ќе пее Лаура Паузини, не знам само како ќе се организираме и дали ќе ми се оствари желбата. Одам да ѕвонам на мм, не му текнува да донесе дете, ја претера стварно овој пат. Сакав да се релаксирам ама не до толку Добра ноќ дами!
Лаура????? Може да одиме заедно? Мојата омилена пејачка, сите можни песни и ги знам, баш би сакала да одам на нејзин концерт. Кај нас само Ерос доаѓа, до сега она не била. Јас не би пропуштила, а ти ако одиш најубаво да си поминеш!
мајки само што го заспавм mалото инаку бевме предходно во игротека моето дете е мало година ипол сака да се закачка со други деца да ги гризнува гребе но јас го карам колку можам гледам да не дојде до тоа но тоа пак е такво си викам мало е не разбира некои мајки се лутат зошто моето дете така постапило со нивното а некои пак има поголеми дечиња околу 4 некои 5 и повеке кога го удираат моето некако се ладнокрвни ни да го потскараат како треба ни ништо некои седат на маса и посматраат многу сум револтирана од вакви личности ајде некои ваши искуства да ми кажетее поззз
На таа возраст нормално е така да прави и мојата беше таква. А мислам на секој му се има случено во игротека такво понашање од мајки и мене ми се сличи додека бевме во игротека две поголеми деца ја нападнаа дури на земја ја бутнаа мајките мртви ладни си седеа јас броев до 10 да не ги отерам у ПМ а недај боже и коси да летаа. Ама тоа е шо да правиш не сме сите исти.
Мојот протокол за во игротека или лулашки оди вака: Телефон никогаш не уклучувам, очи вперени во малата и најчесто ја следам каде оди. Се пентари и ако има дупки ми е страв да не падне. Доколку има поголеми деца обично мајките не се до нив, па гледам да не ја турнат или удрат. Ако ја удрат намерно им викам дека е мала и не треба така, деца не се удираат. Мојата не се тепа и не гризе, ама сепак е дете и е непредвидливо, па кога има помали знае да ги бутне за да се качи на лизгалка пример, па и викам дека треба да си чека ред и не треба така. За играчки, ако сака да земе туѓа прво оди до детето, ја учам дека не се зема ништо туѓо без прашање, да праша, ако и даде добро, ако не, знае и да плаче, ама моја работа е нели јас да ја смирам. Кога носиме ние играчки не сака да и ги земаат, ептен ако и се погоди некое детенце, па заедно да си играат. И тогаш доаѓаат деца и џап од рака директ земање и пак плачки. Ако нема мајка да реагира ја земам јас играчката и им викам дека така без прашање и дозвола не се зема. Генерално кога нема мајка до детето реагирам ако нешто се однесува на моето дете. За грешење не знам, искуството до сега вака ме натерало да реагирам. Комплицирано е малку со моето, твоето дете, ама сепак треба да се држи на око и ако е поголемо, особено ако знае да удира. Секакви возрасти има, има и штотуку проодени дечиња и треба да се има одговорност за своето.
Добро утро...мене не ми е ни утро, ни ден, ни ноќ. Од вчера од 6 сум станата и не сум заспана ич. Неколку дена син ми не е добар, родендени уште тераме (еве денеска четврти пат како ќе чекам гости) и јас или дежурам трета смена со синко или работам по дома. Видов-не видов, решив ич да не легнувам ноќеска. Туку ве читам за одвикнување од пелени. @RainBow ќе постирам во соодветната тема слики од еден водич за родители за одвикнување од пелени. Го имам скоро цела година од една сликовница на ќерка ми што ја добив од Австралија и дури пред некој ден го прочитав. Имаше еден од шесте чекори кои беа наведени многу интересен. Го пробавме и јас и другарка ми на малите и успешен е сега засега @Mari* и јас никогаш не разбрав што му беа кљакушки на синко. На крај на радосницата кај двете деца имам пишувано листа со најсмешни зборчиња или фрази. Кљакушките беа нешто кај играчките и останаа мистерија и за нас и за радосницата. Убав ден, одам да спремам за гостите.
Добро утро Конечно денес цел ден сами. Бебе спие, маж исто, јас уживам со кафе на тераса. Да ни е вака секој ден, ехх... Ручек ќе правам само за нас, печено месо со разни зеленчуци. Па и на бебе треба да му воведувам ручек ама од утре, да фатиме ред. Сонував дека му пораснало запче, а другото малку се гледало. Па се мислам дали имаат некое значење вакви сонови или да не се притресувам многу. А, ми дојде, после неколку дена каснење, мм ме зезаше не се замарај ако не сега, за 9 месеци ќе ти дојде, ама го зафркнав јас. Не сум спремна за уште едно сега, посебно не во вакви услови. А и мало ми е ова, ко шо вика другарка ми, уште имам траума од првиот пат. Еве маж стана, па да напрајме план за денес. Ќе шетаме то сигурно, уште да договориме каде и со кој. Вечер сме на матура и така денот исполнет. Поздрав мајки, убав ден да си имате.
@Monella ее и ја би сакала на концерт И на ерос рамаѕоти ми е кејф некад у животов да отидам. се прибравме од кај свеки истеран ручек,сеа малку одмор...Маж веќе фати позиција у спална,а ја со малово ќе се играм па кафе ќе пијам на тераса... Како тресна сабајле малово на паркет...уфф Ама ок е сега
@zuto moze da mi ja pises postapkata,ili da sliknes kaj e pishano...sakam da pocnam da ha odviknam od peleni a ona sega pocna i da ne kazuva deka mocks
Здраво мајки,ние денеска неделно дома сме цела ден.Времето баш убаво за шетање ама не излеговме.На мм му е име,направив една торта која многу вкусна испадна Моментално во двор со малата малце воздух да ја фати,демек ќе спиеше ама ништо од дремката.Taa почнува со лудориите одвај се раниме срга ново и е да брмчи со устата и да плука.Ако ја ранам во релаксатор се ниша.А во хранилка се спушта на долу.И одвај да се нараниме.Вчера бевмр на гости пак прчлава моја од 8 месеци знаела што е срам.Кога појдовме не мрдинаше од мене и татко е,не сакаше никој да ја земе ама после кога се опушти Ги чекам моиве да дојдат ми се пие кафе,од 3 часот идат и уште не се дојдени и јас си останав без кафе И тоа е,недела како недела од никогаш не сум ги сакала неделите досадни ми се,али сега некако со малава сеедно ми е кој ден е сите ми се исти
Здраво мајки Спијат и двајцата. Од сабајле бевме малку кај мајка ми.Ние со малото си дојдовме а големиот остана.Го успав и еден туш и јадев на мира.И ете го стана за саат и 10 мин.Потоа се спремавме и отидовме кај баба ми на гости има слава таму селото.И моите со големото дојдоа па беснееа од таму кај тетка ми и братучедите мои.И таму исто.Трчат беснеат. Големиот денес не ни спиеше.А многу ме нервира така само кисне и плаче и се луте за се.И си дојдовме и одма заспаа. Колку сум изморена само. И јас ги мразам неделите.Од секогаш сум ги мразела.Уште од мала чекаа само да дојде сабота и недела и мене и брат ми не тераа на поле рано рано да одеме.И од тогаш ги мразам.Иако сега секој ден ми е ист. И тоа е жени. Денес не готвев ништо само сабајле на свекор ми.Сега не сакал.И се нешто набрзина правам некако не се ни јаде на топлово. Ми недостига мм. Добра и убава ноќ....
@zuto и мене ми треба помош , постираше? Уствари ќе проверам сама Ме нема одамна, одмор теравме дууури цела недела Супер поминавме и време и се ни се погоди. Деца пресреќни, на моменти напорни ама тоа е неизбежно, во секој случај преубаво ми дојде. Не сум ги изнагушкала и изгњавила волку одамна. Почнале многу убаво да си играат ептен ми се интересни, ама затоа и како се расправаат на моменти, малово знае у прав ѓавол да се претвори. А и големиов кога му е досадно многу ја рчка а тоа па се пали, урла, мава, ржи... . Важно гледам дека се зближени многу и ептен ми е мило, дури и големиов не мрчи многу дека немал друптво, некако му е добра замена за поигрување и сестра му Се надевам сите сте арни, оздравени, прошетани викендов и одморени, поздрав и добра ноќ
И јас не ја сакам недела. Како дете морав цел ден да учам, во недела не се излегуваше и играше цел ден на улица, туку се седеше дома и се спремавме за неделата која не очекуваше. Домашни пишував додека мајка ми чистеше, по ручек читање лектира и испрашување од страна на мајка што и како сум учела. Бањање, вечера и кревет... Така изгледаа моите недели. Се радував кога имавме фам собири, ручеци, празник, тогаш беше недела најубав ден. Денес, станати од 6,заспани во 8,второ станување во 10 ипол и што попрво. Ручек за нас и дете, доручкувавме, се спремивме на брзина и надвор. Пак пикник теравме. До 15 и дома на одмарање,играње,вечера,бањање и кревет. Стандард шема. Утре во градинка со тато ќе одат, мама ќе поспие па ќе излегувам имам работа по сабајле,па планирам да чистам дома да средам се на раат. Мали до 15ч ќе биде утре во градинка, мм цел ден на работа, а и јас се надевам наскоро ќе почнам да работам. Некако ептен ми прифали гужва, луѓе, комуникација, обврска поинаква од секојдневните, нови луѓе, нови пријателства и едноставно нов распоред на обичниот ден. Малку страв ме фаќа како ќе успевам да зготвам, исчистам, средам се, ама од др страна си викам како сите така и ние. Еден ден ќе прескокаме преку играчки ама готвено дома ќе јадеме, друг ден ќе нарачаме храна и ќе средуваме куќа и така некако додека не фатиме некој ред. Убава ноќ мајки!
добро вечер мами Деца одмна заспиени, ќере цел ден не спиеше а и викендов има тт сега попладнево на секој 4 саата качува утре ќе ја носам на лекар очекувам антибиотик да добие,како што ве читам повеќето и јас живеам во странство ама имав среќа со матичната за децава, одбрав по случаен избор најблиску ми беше ама секогаш кога ќере има тт обавезно и зима крв испита црп и дава антибиотик ако има потреба,инахалции со султанол, кортико чепче и со физиолошко, и секогаш дава добра дијагноза досега не ми утнала,што вели јас подобро плус два дена би инхалирала отколку да се врати или појак антибиотик да спречи отколку да се мачи дете . добра ноќ се изнашетавме викендов искористивме сонце иако ќере имаше тт сепак на шетавме на свеж воздух. Синко 10 месеца од денес маже големко и дебелко сега сме во фаза на проодување уфф баш е напорен период. добра ноќ
Добра вечер и од мене. Се повлеков во постела со телефонот во раце и шкртнувам неколку реда со полузатворени очи. Убав ден, топол, му се радувам на сонцето. Прв пат испаднавме со сите три, до еден парк каде најчесто одиме. За да тргнеме во 12.00 подготовките почнаа од 06.00. На рати туширање и коса миење/сушење, спремање на ранец за големите, ранец за малото, спремање на облека за сите, измеѓу помеѓу појадок, ручек, раскревање, менување пелени, занимации, пазење очи да не си извадат. Па пред тргање уште една рунда со пелени и чиста облека Во моментот кога ќе го фати човек очајот и ќе помисли дека нема сили и едвај чка да фати врата, нешто ќе замириса. Ај во ходник пелена да смениме. Другите две веќе нетрпеливи, едно вришти, друго плаче, третово, со гомната се смее. И не, марфи не застана тука. Најголемата се натопи со вода, па нејзе ја пресоблекувавме, а другиве две уште една рунда солзи/мрсули/плачки. Стасавме капнати Не знам колку стотици пати зедов дете во раце и спуштив во количка и колку ги шлепав натаму наваму. Грбов ми зина . Капак на се и имам, тече ко чешма 4 саати роваревме; одевме во природа. Измеѓу нормални драми и солзи за неккја глупост, по некоја истопена блуза, какана пелена . Дома бањање, вечера и во кревет. Се надевам на мирна ноќ. Кај нас никогаш не се знае. Добра ноќ на сите.
Samo da ve pozdravam, jas nekako za forumov vreme I nemam, postojano okolu kerkami a sega I okolu tatko mi. Sinokja cela vecer si ja preplakav, sabajle so oci bumbari, duri mislam I detevo me primeti, ama barem si ja potsmiriv nervozata, po cuca denes ne viknav nitu ednas duri ni na rucekot, nit na vecerata. Dusa I taa mi ja osekja nervozata pa zaradi toa I ona taka reagira. Novitet e toa sto se pocnav malku po malku da namaluvam so blendiranje, so riba, kompir I morkov kombinacija mi uspeva, zlatna mesavina mi uspeva, ovosje za uzina mi uspeva, krastavicki, patlidzan, zelka salata pali, amaza meso nekako se mislam, spodelete nekoe iskustvo za mesoto I ostanatite ruceci. Zemav I kniga da citam, Poslednata prolet vo Pariz, odamna ja mislev I sega e momentot koga mi treba izduven ventil I energija plus. Ajde dobra nokj, ako stignam utre od rabota vi pisam. Pozdrav, za srekja cuca rano mi zaspiva, pa mozam da citnam nekoj saat.
Добро вечер и од мене Бебе комечно заспа. Недела за мене ништо посебно. Бев прва смена на работа. Дојдов малце одморив и отидовме на роденден кај внука од девер ми. Душа на нина многу си ја сакам, многу е мила. За поклонот живи радости. Само оди и вика нина нина нина нина а јас се топам. Со бебе добро поминавме цело време си играше со играчки или ги гледаше другите деца. Сега се истегнав на кревет, да го префрлам во креветче и јас ќе спијам неможам више. Добра и мирна ноќ на сите
Добро утро. . Дете наместо да си спие тоа уште во 6 очи опукалени. Не е само денеска наназад неколку дена. Незнам синко од каде ја црпи онаа енергија, кога ноќе не спие, а преку ден активен не седнува ич Сега водата не ја сака да ја пие ноќе сака само јогурт. И така памперсите ќе си ги носиме цело лето,. Значи од 4 месеци не пие ноќе ништо и сега пак почна, знам не требаше да давам но што да правам кога сам си бара. Сакам кога мм е дома, се е полесно се е убаво, но треба од нешто да се живее.. Ќе има ли уште еден ваков продолжен викенд? Во петокот после доручекот од синко излеговме на 2 часа ама се сторија 12.Сето тоа не планирано а си поминавме убаво со личности кој ни се драги и ги немавме видено одамна. . Во саботата мм реши тој да го стрижи синко, по што минатиот пат не му се допадна од фризер. Имавме борби, плачење со солзи, солзи големи и викање на цел глас дури и поврати од толку рикање. Направивме пауза го пресоблеков и зачистив од големо влакната , а мм го изнесе надвор да се смири малку. Тој се засили да плаче цела населба ја крена на нозе На мм му реков влезете внатре да не го слушаат кај што плачи. Не беше ваков незнам што му стана Се смири... пак седнавме да го дострижи мм, имавме плачки но не беа страшни. Зедовме да го капиме пак плачки дете не сака никако да го накисниш со вода. После тоа заминаа во парк, јас зедов да исчистам од влакната и се капев пошто бев и јас целата со влакна... Вчера бевме кај мајка (баба ми) на ручек и тетка ми дојде поседивме, рајат кафе а синко од соба во собата трчаше. Од таму појдовме до кај другар од мм. Синко мирен си беше редење магнети на фрижидер. Синко призаспа, веќе спие 40 мин. јас да станам кафе да си сварам.... Се читаме. Убав ден.