Да не си сама, и мојот од 6 ококорени очи. Ровари низ куќа, сите кутии со играчки ги истури на сред соба и само ги разнесува насекаде. Еве го цица спремен за во градинка, а му се спие му се плаче. Ако заспие во 8.20 ќе го будам има фора пола час да одмори, ама тешко тоа кај него. Знам дека до 12 едвај ќе издржи и ќе им квичи во градинка ама што да му правам, со сила не можам да го заспијам. Стана цел затнат, едвај дишеше, јас не знам до кога ќе траат мрсуливе и кашлицата, до кога да викам ништо нема штом нема температура... Одам мм да го будам па да ставам и јас кафето, толку од моето поспивање, поарно да си го фаќам денов порано. Убав ден на сите и изволте кафица
Добро утро И јас имам едно кое станува од 06.00, средното. Како ами инаку ние другите на раат ќе поспиеме. Па поради нејзе и најголемата, која е спанка, ќе се разбуди, и рано ги спремаме за градинка. Ги испратив со татко им, сега доза галење со најмалото. Ми спие на гради . Арно он е тука па да ми помага сабајле. Сама не знам како ќе изведам сите три истовремено да ги спремам и едно в о кенгур другите две во дупла да ги носам. Ај, да не мислам на такви сценарија уште сега. Го чекам да се врати, да испиеме едно кафе, па да се спремаме. Има некој термин, па со најмалово ќе не остави да ровариме малку, а потоа сакаме да одиме да гледаме комбе. Мрсуливе уште ни се верен пријател, поточно кашлицата. Страшно На средното му го дадов антибиотикот за увото, на најголемата и прснав со тоа спрејот кој има и кортизон(препораката на педијатарот беше да прскаме до преглед кај пулмолог, а преглед за 4 месеци ), најмалово како бог да чува уште инхалирам . Стаса маж. Убав ден на сите
Добро утро на сите, одамна не сум пишала. Сега ве читав, и нас Спасовден ни беше "стресовден". Големава и татко и правеа салта со точак на патека кај Вардар. Ноџето и беше тапан отечено, па трчавме на снимање, мислам ми се скрати животот. Фала богу добра е, ништо скршено. Малава дали некој скок ја фати или од мојот стрес ја префати се корнеше од плачење цела недела. Спиење само во раце. На мм му кажувам, не ми верува, оти обично е мирно и насмеано бебенце. Викам сега ќе видиш, овие 4 дена. Ама, марфи златен 4 дена дете анѓелче, на крај јас испаднав таа што преувеличува. Вчера со големата си бевме излезени сами, се изнауживавме, се потсетив како беше пред бебе, не дека се жалам сега ама веќе е голема девојка што се разбира, на улица сама игра со деца и не сака со неа да седам Иако последно време е лепенка за мене, ако јас не сум присутна ме бара, без мене никаде не сака да оди. Моите сакаат во Охрид да ја носат една недела, не сака, а лани беше, сега бара со нејзе да одам. Ќе видиме како ќе биде. Убав ден мамички
Добро утро! Преубав викенд поминавме, после она разочарување по доктори ми дојде како вистинска релаксација на мозокот. Сабота шетнавме рано по продавници, па од сред ден дома со попладневна дремка, одморивме оти искрено беше премногу топло за било каде. Не бевме на план никаде да одиме ама околу 16 ми тропна комшивката со која убаво ни оди муабетот и со сопругот не поканија да одиме со нив секако и деца со нас на една забава. Луѓево се германци и сопрузите работат во иста бранша а и некако ист темперамент сме, искрено ми годи што сакаат да се дружиме оти во зградава има и други фамилии со деца па ете со нас им оди муабетот. Ем блиску ем можност за деца да се истрчаат се дотеравме и во 19 отидовме, всушност забавата беше од една позната винарија и имаше бенд кој пееше песни од времето на Елвис Присли, дури и така беа облечени. Дегустација на вино и играње оти децата први пред бината, моето два часа играше без престан и беше пресреќна, може немам кажано ама многу сака музика дури и фаќа ритам без проблем. Вчера пола ден на базент, пола дома исто така релаксирано, попладнето само се расипа времето и не спречи да излеземе. Ама ако дома се гушкавме сите тројца. Туку да си кажам мака со детево, еве три месеци како не цица и пак секоја ноќ се буди. Значи макар на секунда се буди и ја преместувам до нас и продолжува да спие. Тоа е во ред и го прифатив ама има ноќи како оваа кога се буди пример во 5 и не сака веќе да спие, сака да си и игра и има борби додека презаспие сигурно цел час. Многу сум ненаспиена и незнам каде грешам. Дали рано и ја давам вечерата 19.30- 20.00 најкасно а заспива во 21 незнам. Се прашувам ќе дојде ли време кога ќе ја преспива цела ноќ или тешко. Тоа мајки, сега за сега е статус кво во врска со важните одлуки за кои зборував минатиот пат па ќе видиме. Убав ден.
Добро утро Си играме со мали во детска,почна по малку да седи па нај интересно му е тука Се заигрува по 10-15 минути И тој уште кашла капвалот помогна доста ама присутна е кашлицата Многу течности,многу свеж воздух и разновидна храна Требало веќе се да јаде и по 3 пати на ден Нормално дека често е настинат, немал имунитет А како ќе има кога го хранам со компир и морков само Е ова ми рече педијатар Која немајка сум а Ќерка во градинка Едвај ја разбудив сабајле,незнам колку пати се разбуди во текот на ноќта Беше многу топло па никој не спиевме како треба Мм 3 дена слободен Термини колку да сакаш имаме Башка мораме и Минхен во среда несакам со деца на долги патишта Многу ми е напорно,ама кога мора.... Од сабајле пишувам и веќе заборавив што да кажам Синко заспа па дури спие да подсредам хаосот Имајте убав ден
Здраво мајки. Конечно надокнадив за неспиењето. Истерав вчера гости, средив се и ги пратив децата горе со татко им. Легнав и одморив малку на раат. Ноќеска исто не беше лошо, убаво отспав. Маж ми закажа операција во среда и таму ми е паметот, како ќе биде се. Кај да оставам деца за да отидам до таму, се мислам. Не дека многу ќе биде, би требало третиот ден да го пуштат ако се е во ред, ама пак, не можам да не отидам. Па најверојатно сите топтан ќе одиме. Сега чекам кафе од маж ми, па ќе одам децата да ги прошетам малку. П.С. Постирав слики во соодветната тема, само не се по редослед. Се надевам ќе се снајдете и ќе помогне некому.
@danichap шала на страна, 4 мес многу е тоа , премногу Неможе некако во Мкд да дојдете ? Некоја терапија да прими детето Сфаќам дека и тука сепретерува ама и ова неми личи на нормално, имаше мислам и спуштено на гради... ние за тоа во болница лежевме со јака терапија... ми се скрати животот таа недела , можам да замислам тебе како ти е кога ја слушаш како буфта Ние сме супер , главна атракција на плажа е малово Ве поздравуваме
Здраво мајкички Ве читам редовно иако не ви пишувам секој ден ама неможам да постигнам, деновиве ми летаат мислам. На одмор убаво поминавме бебе беше најумно на цел свет ептен се радуваше на плажа мил најмил е Ама се што е убаво кратко трае како викаат се вративме денес пак почна во градинка, цело време плачел Не сакал ни да јаде дури ахх многу ми е тешко со оваа градинка. Уште неделава среќа мајка ми зема одмор па ќе го зима после 2-3 саати, а од понеделник како ќе седи подолго стварно незнам На работа турбо периодов ептен ми е ама па времето побрзо минува кога имам работа и брзам накај дома да си го гушнам синко Вечер сме на мекици се роди една мала принцеза Толку одам мајки убав ден
Добар ден друштво Некако логирањево во последно време периодов не ми оди од рака. Едно се одвикнав, друго куп патешествија, трето капната како никогаш до сега. Едно нешто што навратив е да кажам дека сме ок, и покрај се што поминавме, и дека се враќаме во некоја си нормала и нова етапа од животот. Да ги кажам искрено сеуште сум во заблуда и сон дека успеав да се снајдам со станови, шалтери и документи во рок од само 2 3 недели и тоа од доле, и кога никој не веруваше во нашите патешествија и нашиот нов пат што првично јас го започнав а маж ми го продолжи па дури ни ние во неверување ви кажувам дека за некој ден ќе се селиме во нов стан, нова држава и нов град. Во државава веќе и сме. На 99 % ние го имавме оној 1 посто надеж и доолги борби за да се оствари. Ме радува до небо фактот што сум пак онаму каде што израснав каде што ги поминав тинејџерските години и онаму на сонцето морето и морскиот брег. Конечно се отарасив од маглите и дождот Едно нешто знам, е дека оној кој ризикува и се бори па било и до последна капка пот успева!!! Ви благодарам за секоја помисла и порака Ќе ве дружам почесто, да се средам, поверувам и навикнам .. Капакот беше викендот кога со дете завршивме без документи овде на брза помош!! Воспаление на уво, презадоволна сум од здраството и начинот на кој ни помогнаа.. беше тешко.. помина ..одмина да не зборувам и да не се навраќам.. Убав ден жени Во радост пишувам и споделувам. Во голема радост, да чува господ од лошо!!!
Како сте девојчиња? Одамна ме нема да пишам. Ме фаќа мрза. Денес сум како утепана. Синоќа легнав во 3, а станав во 7. Очи ми се затвараат. Само што се вративме со децата. Им пуштив цртани на тв, а јас дремам на форумов и слушам музика. Го допивам и кафето што си го направив сабајле. За празнициве не бевме никаде. Маж беше на работа. А и не ми се одеше никаде. Празникот се поклопи со годишнината од смртта на мајка ми. Кога ли поминаа толку години. Работа еден куп. Алишта за средување. Не знам што да им правам. Немам веќе место во плакарот. Едвај чекам да завршо школскава година. Да одмориме со синко. Сте пишале за настинки. Освен течење на нос, кашлање и црвено грло, друг проблем не сме имале. Мака мачиме со давање сирупи на помалото. Бега како од ѓавол. Поздрав женски
ајде да кажеме за децата си се деца амапак родителите до толку пак не совесни тоа е нешто страшно имаше едно дете ме маваше со топки го потскарав тоа пак продолжи пред очите на родителите толку невоспитано дете разлигавено не сум видела а мајката и таткото гледат си вечераат ни да го потскараат ни ништо ладнокривни си седат и гледат поради вакви родители децата се невоспитани и лоши
Добар ден. Јас да се пријавам најадена, напиена и лежам со сите четири во вис. Е сега не сум спиена, ама тоа веќе не го ни ставам во негативна колона, не ни си мислам леле колку не сум спиена, туку си прифаќам дека е таква ситуацијата и тоа е тоа. Малата шета со татко и, конечно почна со него да седи и по неколку саати без да ме бара, имало надеж мајки! Читав еден текст за грешките и проблемите со современото родителство и не можам да не се согласам. Накратко, текстот посочува пет поголеми грешки и проблеми. Првата е дека ни е страв да ги слушаме нашите деца и нивните потреби и дека се плашиме од манипулирање. Дека денешните експерти се скоро секогаш на страна на родителите делејќи им совети како, не му дозволувај да си го истера своето, не му допуштај ништо, потоа ќе те манипулира. Ова е мислам најзборено нешто и нешто што најчесто го слушам. Толку сме се исплашиле да завршиме изманипулирани од децата што често забораваме дека иако се деца имаат свои потреби, па и неретко ги понижуваме. Тоа неслушање додека се мали доведува до некажување на проблемите и недоверба кога се поголеми. Па се чудиме зашто родителите последни дознаваат за своите деца. Втората е дека очекувањата ни се преголеми. Очекуваме да бидат мини возрасни, двегодишни да седат мирно на ручек во ресторан, очекуваме тригодишни без проблем да делат, очекуваме... Кога очекуваме повеќе од она што нивниот психолошки развој може да ни го даде добиваме само стрес и разочарување. Ништо друго. Трет проблем е дека денес немаме село позади нас, не е како порано со баби, тетки, стрини, братучеди, сите на куп, да слушнеме мудри совети, да ни зготват ручек, туку родителскиот пат го одиме сами полни со самообвинување, несигурност и анксиозност. Четвртото е што секогаш бараме брзо поправање на она што го гледаме како проблем. Па имаме совети како, научете го бебето да ја преспива ноќта за само седум дена! Веројатно брзото темпо на живот си го прави своето, трпението е кратко и сакаме деца како од филм послушни во само пет чекори. И петтата грешка е што сѐ уште се ставаат сопствените потреби пред детето. Да, има многу такви родители. Родителството секако не треба да е само жртвување, но факт е дека животот не може, а и не треба да продолжи исто. Не можеш да седиш во кафана, детето да плаче. Мора прилагодување. А и зошто би се решиле да имате деца ако сакате по старо да си терате, нели? Интересен е текстот. Прочитајте го ако имате време. Толку од мене, ќе си направам едно кафе, ќе се вратат кај и да е, па ќе излеземе заедно.
Здраво друштво ме немаше некое време време за кафенце малата денеска некако неможам да и погодам покачила тт заби со сигурност не се заби а знае чат пат да кашла онака суво леле недајбоже нешто да не фати болница само што види двор пишти а камоли кај доктор ни тт не дава да ја измерам толку што ми е наплашено а како што сум паничарка повеќе страв имам јас него оно па и сами ау неможам да замислам да фати нешто ама тоа ти е живот . Позз до сите
Добро вечер Бебе заспано, мм исто така . Јас со лежам на спална и си читам фемина. Денеска сум слободна па и бебе ме почасти со спиење до 10. Неможам да кажам дека не сум наспана. Вечерва бевме малце на гости до кај тетка ми. Бебе се изнаигра со братучет ми. Се смее, се кикоти душа мајкина . Леле не ми се верува дека за некој ден ке полни 11 месеци. Полека почнуваме да се спремаме за крштевка и роденден. А во едно и ние ќе се венчаме во црква. Колку брзо минува времево. За час растат. Добра ноќ мајки
Добар ден Мали заспа па набрзина сварив тродупло турско повелете Мм кива, му солзат очите не му е добро умира човекот Колку се слаби маживе значи За чистење имам многу а колку е топло да знаете Вчера имавме гости па излеговме на сладолед одма после тоа и кој неред ми остана тоа е страшно Расположена и не сум за чистење ама изгледа ќе морам малку да средам дури Могли не е дојдена од градинка Кога е таа дома ништо не се работи,растураме Покасно ќе излезиме и малку да пазариме Добив купони со 30 посто попуст за во еден бутик па да не им помине трајноста Исто и од мали кога се роди добив некои ваучери од болницата се заборавам да ги искористам Со малата се пораѓав во друга република,не беа така солидарни како овие дугиве Женска глава,само на шопинг ми е умот @danichap храбра си мајче Сама со 3 Психички се спремам за трето ама стравот дали психички ќе издржам ми е голема блокада,а многу сакам 3 дечиња читајќи те тебе само ќе се осудам Ти си ми мотивација само нем на 4то да појдиш мајке ти Толку од мене,да се фатам за работа
Здравејте!!! Решив денес ќе пишам оти бајаги време не сум споделила ништо со вас. Не дека имам многу да кажам, оти деновите слични едни на други. Беба нане до кај 12 сигурно а потоа преку ден има неколку кратки дремки од 45мин. Туку пак ми е со мрсули, подкашлува, а само што го завршивме антибиотикот. Немаме примено ни една вакцина, се нешто не ми е как што треба. Дадето во градинка како и вообичаено. Кога си доаѓа само јаде и одма сака надвор, ич не и се седи дома. А кога е дома се чуди што да растури. Јас пак попустлива станав ептен, дозволувам да ,,истражува низ дома' ' само да и е интересно и исполнето времето. Шеткаме секој ден, некогаш до парк а почесто низ маало. Се помалку успевам дома да завршувам обврските оти беба има кратки дремки па не ми стигнива време. Често сме со гости на повојница што идат, а за среќа и ММ деновиве е почесто дома па некако поисполнети ми се деновите. Тоа мамици... убав ви ден!
Добро утро! Деца однесени, нокти налакирани. Да доручкувам, па да се фатам за работа. Досадно ми е без работа. Се пријавувам секојдневно на огласи, па се надевам на одговор од некаде. Тешко се издржува со една плата. Маж ми планира да почне сопствен бизнис. Дај Боже да му тргне работата. Надвор топло. Ич не ми се излегува, а децава цело време сакаат да се надвор. Грб ме боли. Плачам за масажа. Поздрав женски
@vitamina Bravo za hrabrosta ! So malo dete,sama i vo druga drzava uspea da se izboris za podobar zivot na vas i vaseto najmilo.Koga citam vaka se sramam od mojot strav,karakter i 0 samodoverba. Ti si primer deka koj rizikuva -dobiva !! Od srce vi posakuvam samo ubavini vo novoto poglavje od zivotot.I pusuvaj pocesto Dobar den i do drugite majki, Periodov haos,raspolozenie tapa Ve citam redovno. Malata moja vo eden moment e najumno dete a vo drug vekje pravi zbrki Vo eden moment brojam do 10 i poleka i objasnuvam a vekje vo drugiot i vikam i ke ja plesnam po gaze(totalna sprotivnost od tekstot na Rainbow). Tezok period mi e ,sami doma i popustam so nervite. Kaj mm na rabota i tamu losho ,se vrakja i on nervozen i ete kavgi plus . Pozdrav ,imajte ubav den
Добар ден. Еве ме и мене да се пријавам. Продолжен викенд истеран убаво. И ние и дете изнашетани. Сега останува да спремам за крштевка за недела. Незнам како ќе постигнам За синко успеав да одберам гардероба. Уште кондурчиња останаа, ако најдам. Ако не има едни тегет тие ќе ги носи. Мм исто се стокми. Уште јас останав, а јас идеа немам. И за кумовите не сум купила уште. За децата купив патики, а за кумата се мислам од рубин од филигранот да одберам нешто. За кумот мм нека мисли После тоа останува психички да се спремам за тргнување на работа. Имам уште две недели дома со синко. Вака личи дека ќе тера со баба и дедо, ама ќе видиме кога ќе ме нема по 8 саати како ќе биде. Ова од вчера напишано . Денес истерана прошетка, кафе со пријателка испиено и сега уживам на балкон додека синко спие. Закажав депилација и шишање, малку да се разубавиме . Сакам пак да се шатирам, ама ќе мора уште малку да почекам, да заврши доенечки стаж, па сега пстанува само фЛизура да направам. А утре и до молот ќе одам. Синко ќе се чува со баба и дедо, а мама ќе шета Друго што да кажам освен чувајте се мајки, со лесно нека поминува на сите болни дечиња. Имајте убав ден