Има пак пиење кафе на лежалка со малку поголемо дете. Пак има пазење на дете ама може да се испие кафе набрзинка. Зборувам за дете од две години и неколку месеци. Годинава прв пат се заигруваше со песок и вода покрај лежалка па пиевме барем кафе на раат. Инаку е пак повесело и поинаку одморски од пред дете. Дефинитивно со мали деца нема баш одмор одмор. Битно е весело. Јас немам нешто многу што да пишувам на темава. Сите денови исти. Работа дома, игралиште. Викендов сме на свадба еден ден па на роденден другиот ден и ќе виде забавно се да се постигне и потоа да се оди во Понеделник на работа.
Добар ден. Кој е за кафе нека повели, второ на ред. Го пијам во тишина без трчање по дете и викање да не чепка кај што не треба. Во домот секогаш жената си наоѓа нешто за работа, но јас денеска си дадов одмор на душава. Само ручек направив и една машина за алишта пуштив. Не се чувствувам добро, вчера ми дојде и се ме боли од мускули до глава. Еве како два дена трчаме со синко, тој седи во количка и се смее а јас туркам количката и трчам. И од тоа мускулите ме болат. Значи каков народ сме ние... луѓево сите ме гледаат како нешто лошо да правам. Кафе испив и си легнав до синко да одморам малку додека спие. Убав ден.
Добар ден и од мене полека завршувам на работа па да ви пишам. Деновиве турбо како ни тргна со шетање време нема за ништо освен за шетање Вечерва сме на дипломска ,среќа ни е блиску во комшии па се надевам со попладневната дремка на бебе ќе одморам и јас малку ,се надевам ќе имам среќа Овие два дена во градинка подобро ,плаче многу кога го оставаме ама рекоа после тоа добар е .Се изнервирав прееска ми се јавија од градинка ми рекоа дека јули и август месец поради немање персонал и малку деца да бирам помеѓу две градинки во која сакам да престојува тие два месеци ,ја прашувам учителката во која градинка ќе бидат они ми вика незнаеме немаме распоред ,и како да го пратам сега кај други нови учителки јас бебе од 10 месеци што не ги познава значи стварно се некоректни .Незнам на крај што ќе излезе со оваа градинка више аман . @eli25 Јас освен фрапето би сакала и книга да си читам на лежалка ,ама нема поминаа тие години сега ќе си се шлапкаме во плиткото и ќе правиме замоци од песок Моево исто како твоето пискање по вода ептен живи радостии беше . Убав ден на сите
@eli25 и ние бевме една недела сега ама јаас го бањав малото бидреќи исто како твоето душа дава за во вода и сам без да застане си влегува во вода жив радосен. Атракција број еден и ние бевме Души се, јас за таа негова радоат и среќа веќе гледам за следно одење крај јуни, па августкрај/почеток септември не ни бега секако беше план ама мора да се вмеетне измеѓу уште едно бањање хаха
Свекрва ми ги зела алиштата за пеглање. Уби ме туџа срамоча (Или не). Вчера пуштив три машини, сабајле две. Се исушија до вечерва, ги сибрав, здиплив, и ги ставив во ходник за вечерва да пеглам кога ќе заспијат деца. Успавме две од три и му реков на мм да донесе корпата да пеглам. Наместо корпа еве го со пивото, вика мајка му ги видела и ги зела кога заминуваа, да не сум се мачела. Да сме си поседеле на раат со него. Ич не и се налутив
@danichap респект за сите свекрва што пеглаат доброволно и за сите сопрузи што наместо пегла носат пиво тоа е реткост Алал да ти е што покрај три деца успеваш да пеглаш, за нас јас не пеглам памучна облека, освен кошули, некој фустан или поделикатни панталони. За малата убаво ги пружам додека се топли и скоро и да не треба пеглање, освен нешто ако е изгужвано па пред излегување да фатам. Животот е краток за да се губи време во пеглање
Добровечер мајки. Време за пишување ич. На работа работно дома исто. Деновиве со тт сме бебе се смени скроз. Се надевам брзо ќе помине ова и ќе се вратиме во нормала. На сите што се впуштија во нови животни предизвици им посакувам среќа и им симнувам капа за храброста. Ако излезе некоја прилика сакам и јас да ја имам таа храброст. Друго ништо ново се тоа па тоа работа дома . Секој ден брзо поминува бебе расте брзо се учи нови работи. Сака да оди стои сама и се потпира. Тоа и е сега најинтересно. Душа моја е . Ме исполнува. Животот со неа е вистинска среќа и љубов што не се опишува со зборови.
Добро утро Денов ни започна пред 6,испи едно шише јогурт и не сакаше да спие. На мм му ѕвонеше алармот и овој малиов раце крева и пее.Зедов да го нишам на нозе 40мин нозе ми се здрави ја, но вредеше заспа. Јас не можев да заспијам, станав кафе си направив и седнав да пишам овде. Денеска со ѕверот сами мм на работа до доцна, ќе испланирам некако да шетниме до паркот кај папките. Да се вратиме да заспие и па правам ручек, но немам појма шо ќе биди. А и фрижидерот празен како да се селиме. Утре ќе мора да излеземе да испазариме со мм. Синко од бебе обожаваше да се капи, да се шлапа во вода плачеше кога ќе го вадиме од корито. Да го оставев цел ден ќе си шлапа во него. Но одеднаш почна да плаче не сака вода по телото не сака ни да седне во коритото.Пишти како да го колиш Првин си помислив не сака откако го истриживме се има заплашено, но и пред тоа кажуваше отпор. Не сака со тушот, не сака во купатило, но и в соба не сака. @danichap, @mari*Мислам вие имавме ваков проблем па споделете... колку време траеше оваа фаза,. Незнам на колку време да го капам, дали преку еден ден или два зш ужасно плаче, а да оди не капак не сакам.Многу се поти и се валка како прасе. Свеќата нека се јави на репорт @Аva-84 како е снашката?
Добро утро ранобудни мајки Средново вика пд 06. Taтко и ја дружи во соба а јас мрзеливо се превртувам во постела. А кига ќе ми текне што работа ме чека кога ќе станам. Ама не. Јас фатив телефонот и пишувам на фемина. Празник е денес, па ќе се шета. Паркот ќе го ровариме во долж и ширина. Домаќинкава и ручек нема да прави. Има клупи на отворено, може да се порача по нешто. Минатиот викенд капнавме. Појадок, ручек, спремање, раскревање, играње... и сето тоа до 12.00. Е нече мочи и сега. Не си ја мачам душата. Ќе апнеме нешто таму и готово. Со кои сожалувачки погледи не гледаат луѓево оти имаме три мали деца тоа чудо. Па дури и ни прозборуваат да не прашаат што како. Атракција им бевме минатиот викенд. Па жени, од глава до петици ме меркаат, па си шепнуваат нешто, па мм го загледуваат, па претпоставувам си кројат некои теории.... Како да е крај света некој три мали деца под три години да има, или они како да ми ги гледаат. Тику да одговорам на @24.07 Фазата кај нас траеше може месец. Не знам од каде дојде, ама после месец како дојде така ојде. Многу упорност и челични нерви. Првата недела само еднаш, со крајни сили и рикање ко да ја колат ја истширавме. Во када не беше изводливо. Тегнеше, клоцаше, маваше ко да ја колат. Рбет ќе искршеше. Втората недела ја бришев со навлажнети крпи. Тоа бањање “на сила” ми беше и мене трауматично, не па нејзе. Ама воопшто не претпоставував дека до толку ќе изреагира, а и “смрдено” веќе беше детето, морав. После интензивно слушавме песни со бањање на јутуб. Па прибирав када и кукла среде дневна да ја бања. И тоа не помогна. Јас и татко и(леле ко бог да чува, ама очај), на купаќи и под туш, бебето нејзино го бањавме, а она не гледаше. Па кажувавме колку е тоа супее, колку е бебето среќно, колку му е убабо бањато и чисто... После јас влевав во туш кабината, местев едно мало пластично столче, на него бебешка кадичка и кукличка и со телефонката ги бањав бебето, а она да гледа демек. За чудо влезе во туш кабината и заедно го бањавме куклето. Па уз бањањето по малку успевав да ја поминам со телефонката. Една недела плус така мина. Кукли бањавме. После сама трчаше во туш кабината со куклето и кадичката за куклето и сама ја бањаше куклата. Јас надвор чекав. Се на се фати еден месец, додека се опушти. Една вечер кога реков ајде да се бањаш, отрча во бањата, ги зеде шатчињата со кои играше во кадата, го стави бебето и кадичката во кадата и почна да се соблекува за бањање, не туширање. Од тогаш има никој месец поминато. Исто како да не било, се заборави. Не и е омилено миењето коса, ама нема големи проблеми. Се на се околу месец. Едит: Случна фаза имавме и со миењето заби. На случен начин и нејзе ја надминавме. Песни, на куклите заби миевме, нас да не гледа кога ги миеме... Да станувам да мијам па да сушам коса, па после туш, па ранци малку по малку да спремам. Знаета како. Се на рати. Убав ден мајки
Добаро утро. Кафе на репертоар повелете. Денес имам 3 термина глава ми пука едниот во 9 а јас на феминаТоа за атр на сваќата @24.07 Фала сваќе што ме мислиш.Сваќе добра е малата фала Богу , ама пак си кашла денес сме на пулмолог за астма ќе ја испитуваат и ако не верувам дека ќе можат, под 3 години не можело функција да бели дробови да се испита. Сваќе и снајка ти е ко зетко.Штом види кадата ја полниме крај.Плака дури се дави.Татко и пред 2 дена кога виде ми вели јака ти душа како издржуваш со нејзе Ама сваќе ја ставам во када и ако и ги ставам играчките во вода уште толку плака.Па и дадам сапун нејзин да се мачка и се занесува во сапунот и заборава дека плака.Имавме ваква фаза ни помина за 2 месеци и оваа ќе поминеПред оваа фаза така ја враќав дома ајде ќе одеме да се бањаме и трчеше дете ама сега Ќе мине сваќе. Одам ќе каснам на термин .Поздрав и убав ден на сите.
Здраво...пак се мачиме ние. Сега вади горе кецови. И пак тт. Еве ја на гради ми спие. Крвнички гризе се што и дојде и нагоре го тегне. Дури и со прстињата си го чепка непцето. Јас на задња цртка батерија сум. Лепенка е за мене. Кај никој не сака. Гледам само за неа да зготвам, друго не ме занима. Претепана сум, кичмава мислиш некој до нож ме боде. Топло, а клима немаме сеуште. И така си седиме залрпени една за друга. Друго ништо ново. Уствари има бе... Во неделата дедо и, и даде да си игра со шише од прашок, прашок еј!! И така. Џабе урлам ја по нив, памет не доаѓа.
Добро утро мајки. Имам еден куп работи што сакам да ги кажам, да ми олесни малку...ама немам толку време и сила. Накратко само. Маж ми вчера се оперираше, а јас останав дома оти немаше деца кој да ми гледа, а не ми се носеа оти не знаев ни кога ќе почне ни колку ќе трае. Башка едното болно... Трудев да бидам колку можам поопуштена за децава да не сетат напнатост. Ама золва ми ме уништи. Од кај ми беше мака што не сум таму уште вина ми наби поради тоа. Се изнаплакав. Од друга страна разбрав дека мајка ми добила отказ од работа. И додека зетот е сам на операција, а ќерката е под стрес поради самата операција и поради тоа што не може да отиде во болница, бабата си постира слики на фејсбук како ужива во природа на викендица. Не се ни јавила да каже дека не оди на работа веќе. И така јас вчера со јаки главоболки земав деца со мене, се натоварив и со децата право во болница. Менував два автобуси, деца беснеат, склет им е, жешко им е...важно отидовме да си го видиме тате. Патешествие кое траеше повеќе од три саати. За денеска ќе видиме, немам никаков план. Големиов е за никаде, засипнат гласот, полн шлајм. Како ќе одам не знам. Убав ден на сите. Едит: веќе станало добар ден додека напишам
Добар ден Деца спијат веќе еден час Од сабајле незнам како ама успеав се да исчистам Испеглав и подготвив што ми е потребно за ручек Уште чисти постелнини да навлечам и милина да шеткаш низ дома Да ме почастат со уште еден час спиење да си го испијам кафево на раат би било супер,прво ми е денес Беа добри да ги пофалам Могли го занимаваше мали па јас успеав се да сработам Си пушташе музика од мечето и играше,мали паѓаше од смеење Па му покажуваше кај му е носето,устето,ушите,кога ќе дојдеше до забите беше најсмешно Тој немал заби се изначуди дете И стално ми виси на шоља Интересно и е да си го брише газето и да пушта вода Последните 3 дена ги поминавме во шетање Слободните денови на мм ги искористивме максимално Денес тој на работа а ние дома,пак и празник е некој и ништо не работи Ќе шетниме низ село покасно,сега е премногу жешко @24.07 и кај нас траеше 2-3 недели некапењето Значи кој напорен период беше тоа мислиш на колење носиме дете Помина само од себе преку ноќ...како што дојде Пробај за еден месец искапи го (се шалам нормално) @Nikita7 не си немајка него храбра мајка Ти посакувам што побрзо да се гушкате со прцлето Исто и на @vitamina да и посакам среќно во новиот дом Само ризикот носи успех во животот @Kaetana нестрпливо го очекувам твојот пост @zuto побрзо оздравување на мт Толку од мене, станаа сонцињата
Дали видовте за исчезнатото девојче што се бара на фб? Знам не е за тука мислењето ако може нека се отвори друга тема а тука ќе видат повеќето од вас. Ќе пробам да постирам слика. Да се редактирам. Леле сега видов го нашле ама штом прочитав одма објавив срце ме стегна. Може да се избрише постов.
Сигурно он нема да ти замери и да не отидеш, а деца и така не пуштаат на посети ко што знам. За други што и како мислат ич да не ти е гајле. Да ти ги почуваше децата золва ти да можеш да отидеш наместо мака да ти прави. Ви посакувам побргу да закрепне, се надевам не е некоја голема сериозна операција. Иналу и мене роднини знаат некогаш да ми прокоментираат зошто некаде не сум била, дал за арно или лошо, во стилот *демек само ти имаш деца* ама одоколу кажано. Сепак јас си знам колку, како и кога можам да се изорганизорам. Зверка уште фластер за татко и, денес демек јас и она требаше да одиме на гости, маживе да ги оставиме дома па кога запна или ќе седела дома со татко и или он ќе дошол со нас. Дури почна едно време како извадена од памет да вриска, да плаче хистерично и да бега од мене, а јас само ја молев да дојде кај мене да пробам со прикаски некако да ја убедам. И на крај решивме сите да одиме, па големиот драмеше дека не сакал он и си остана со другари и комшии надвор. Драми по дома за ништо. За време на цело драмење ми вика *не те сакам тебе само тато го сакам * , преска пред спиење изгледа жал ја фати па ме гушка ми вика *ногу те сакам и тебе ногу и тато ногу го сакам * . Во некоја лигава фаза е само нешто кенка се лигави . Важно денес успешно облековме фустанче па дури и венче си стави на глава и викаше дека била како пЛинцеза Битно интересно ни е
@gjoker4e како што прочитав во една група на фб девојчето е најдено од Куманово биле Добра вечер мајки..Деца заспаа па да напишам некој збор..Супер сме по цел ден надвор играат трчат ги избањав и заспаа..Мм е на терен од работа во Скопје од Понеделникот во Сабота попладне ке си дојде..Не сме навикнати некако ми е чудно а и керка ми денес ме праша кајме тато Тоа е мајки легнувам и јас додека спијат Имајте убава вечер
@M&M маж ми не само што не ми замери, туку тој беше што не ми дозволи да одам. Јас му реков дека и со деца ќе одам ако треба, ама не се согласи никако. Тоа уствари и беше замерката на сестра му, како така сме се договарале, тоа не било нормално (јас и на пораѓај сама бев со второто оти немаше првото кој да го чува). Ова нас ни е голем проблем, ама ретко кој го разбира. Инаку она е единствен родина на место и од двете страни (моја и на маж ми), многу е одговорна, само не живее тука. На другата страна на земјава е. Затоа и толку паника крена. Дури и слободен ден земала таму од работа, планирала да не спие цела ноќ. Како и да е, утре треба да го пуштат маж ми дома, се надевам се ќе биде во ред. Само дома сме за никаде, некој вирус закачивме, еве и јас изгледа го префатив од син ми. Грлово ме искина, цела ноќ голтам жилети.
Vo sitni saati se niskame, koksaki virus welcome... Vo gradinka ima nekolku decinja veke zaboleno, valjda i nie go terame istiot. Vcera popladne go primetiv imase sitni bruncinja po telo, ekstremiteti, ama fala Bogu nema temperatura. Citam za virusov, ic ne mi e poznat, bitno koza mi se ezi od sliki sto vidov vo kakov oblik moze da se pojavi i sto se moze da se sluci od virusov... Greota decava niz sto minuvaat. Da se pofalam uste nepocnata, od ponedelnik pocnuvam na rabota, tek ke castam ne znam samo malovo koj ke go cuva doma so koksaki... A uste postrasno e sto mislam deka i jas prefakam, racete mnogu me cesaat... Drugo nisto posebno nema , zatoa i ne pisuvam... Otkako me viknaa ns rab, samo planovi i rasporedi pravam, stvarno ne znam kako ke izlezeme na kraj, ama se tesam ne sme edini. Ajde da pospijam uste nekoj h. Imajte ubav den majki!
Добро утро. Ми се спие, ми се плаче. Треба да однесам дете во школо. Се мислам дали помалиот да го носам во градинка. Работа ме чека дома. Вечер сме на роденден. Ич не ми се оди, ама блиска личност ни е славеникот. Ручек не правам денес. Има од вчера. Времето топло уште од сабајле. Кој знае попладне колку ќе пече сонце. Друго немам што да кажам. Убав ден
Добар ден мајки Деновите ми се гледат ко година.Малото станува рано после одма и големиот. Сега добро утро Првото го пишав пред 2 3 дена ама немам време ич. Деца беснеат до бескрај.Малово полошо станува почнува да се лути и повеќе да разбира а и кажува некои зборови па мн ми е интересен.Ама големиот секоја секунда го закачка,бутка и удира.Шетаме натаму наваму од сабајле после малото спие приквечер пак шетаме малку и време да мине онака ништо не може да ги задржи ни во двор ни никаде. Ај колку ми се спие.. Вчера и секој друг ден само коментират од тие што не познаваат комшиите секој ден оти не гледат. Како можеш сама со двете на долга релација да ги шеташ пешки да трчаат па и без точак или количка??!! Па баш затоа ги шетам така за да се уморат и лесно да заспијат. Друг коментар ее види ја секој ден децата во кола и само шетаат а маж и нека работи тамо!! Или стварно како излегуваш на крај сама со двете деца?! Ете излегувам кога да кога не,јас сигурно ги знам како дишаат а не вие што давате мислења без врска. Мои се сигурно јас можам да се справам со нив а не вие!! Воопшто не се замарам. Свекор ми овие неколку дена а и наредните ќе внимава на мајстори и куќата на тие роднините во швајцарија што се.Ќе одат на бања а имат мајстори во дворот.И тука е блиску до нас. Ново ништо.Секој ден гледам да помине некако. Убав ден...