Зверка спие скоро 3 саати, сакав да ја разбудам ама така слатко спијат со татко и жал ме фати. Кај и да е ќе станат. Малку зачистив исправ сите плишани играчки, врти уште една машина со други глупости. Работа има уште 3 дена да не престанам ама енергијава бргу ми се троши, а и топлово почнува да ми делува. Дома уште е ок, не дошол момент да кажеме време е за клима ама ако продолжи вака бргу ќе ја активираме. А што го мразам тоа вештачко ладно. Осеќам ќе има плачки после, ептен ми е кенкава и лигава во последно време посебно после спиење, се подреков кога помислив не се многу изразени тантрумите кај неа. Знае по саат време да ренза кога не е расположена, ќе си купам тапи за уши да можам да ја игнорирам Вечер гледам пак 11 ќе не фати, ајде налет, уште 1 недела па распуст, ќе може и големиов да не го мислам од сабајле. А тој па што е еден спанко, 7 му е успех ама пак, полесно се излага од дома. Не ми се верува дека пола година отиде, јуни бе
Здравеј и од мене , одамнане сум пишала , воа па едно редовна шо бев битно ве читам стандарт Многу личности фалат тука , да се вратат сите не сме блиски ама ќе издвојам и @joy1 време е да ни се врате и да не а лутите .. денес празник било , сум се расчистила , па двор средував жаба моја се корне , се ведне збира ,мора да средам откако прооде само на врата е малце ми олесна веќе сама оди нссекаде , ако а фати мрза лазе .. не ми се верува кога летнаа 13м , се е подруго сега ама ми недостигаат првите месеци уживајте во нив , колку и да изгледаат мачни..лета времето.. Друго што да кажам , досаден човек сум само дома и шеткање со мала , маж ко да немам се на работа се зближувам , запознавам со комшикиве па конечно да се смене начинов на живот, мала само трчка по дечиња каде има таму и она , дружељубиви сме си ние Се разбуди главната одма у поход ,да а додржам уште сат време дома и на прошетка , ако не ни заврне у меѓувреме , ако има некоа тиквешанка и виде две што бркат животни секакви ние сме тоа Поздрав мамии
И јас не сум редовна со пишување ама редовно ве читам, да се надоврзам на членки кои фалат да пишуваат @AngelOfArh odamna ja nemam прочитано . Викендов ни помина со вируси прво го фати синко уште од четвртокот со растечено носе вода, па петокот носето магично запре ама цел ден температура ни со сируп под 38 не спушти, за вчера да заврши со пролив и повраќање. Денес е добар синко ама па мм го префати па тој поголемо дете од мали само офка, само стенка. Утре сум на скрининг од денес 13та недела се надевам се ќе е во ред мешко како да почна да се познава се заобли, ама само јас си приметувам дека сум покрупна. Се надевам на дадичка за синко и тој вика дада кога го прашуваме што сака мама да му роди. Толку од мене вика маже топломер бара оф маки
Добро вечер Еве ме и мене. Бебе и тато се чуваат во соба, а мама малце ужива во дневна . Бебе е добро полека полека се спремаме за крштевка, имаме уште месец ипол. Сакам да се распрашам за слатка маса. Јас купив фустан, остана уште мм и бебе да ги средам. За бебе рано ми е ќе чекам до последно за да не му омалат. А за мм ќе одиме деновиве. Од четврток како ќе почнеме со роденден на малиот од братучет ми секоја недела имаме свадби, крштевки, родендени... пари ни требаат еден куп . Вчера искочивме со мм и еден неков другар со девојката на отварање на еден базент. Убаво си поминавме, одамна немавме искочено. Денеска не шетавме, таман да искочиме фати невреме. Здравје утре ако е убаво. Тоа е мајки еве мм вика неможел више а мене кој ме прашува. Добра ноќ
Добар ден Чекам гости на ручек,дур дојдат да шкртнам нешто Со мали цел ден се држиме несмеам да го пуштам од раце Што му е незнам Могли со мм на работа Денес недела па досадно му било таму Јас пак чистење,готвење,со мали и летна денов... Попладне почнав да пишам Ги испратив гостите па до скоро средував хаосот што ми го оставија Деца искапив и заспаа, спијат на рати од топлово Ги отворив сите прозори ама слабо стоиме со свеж воздух Мали никако да се одлепи од мене,ме гушнал и спие Могли добро поминала денес со татко и ама ми звучи како да ќе настинува Јас да се истуширам и се селам вспална,многу се уморив денес Гуд најт лејдис
Конечно да дочитам тука сум ако никој не ме побара не знам од каде да почнам ајде од тоа дека синко многу лошо се изгреба сам на спиење и се уште не е заздравено ме фаќа страв дека ќе му остане лузна друго се породи јатрвата па детето мое се запостави го оставив да го чуваат имав еден куп обврски да завршам ме немаше 5сати се враќам памперсот полн не преслечен Во средата пред св кирил појдов да ја посетам јатрвата дете заспа не го земав па свекрвиште вика да направам крофни за утре да ставиш на маса а на мм му е име зошто викам дека се породи па што ако се породи и викам и заминав. Таа не живее со мене па јас крофни да ставам мене детето ми беше болно па деверми ни еднаш не дојде да го види а знаеше па јас сега ќе честам . Госпоѓата се налути и вечерта пак го оставив малиот заминавме со мм да пазариме за името се враќам дете не нахрането ни преслечено се пренервирав дури плачев од нервоза кога го заспивав .Сега ни муабет не и правам глава нека крши. Сега сме кај мајка ми на поседок синко спие секој ден станува во 8 па сега заспа и тоа мами ама некој ден кога ќе ми пукне филмот ќе ја отерам упм. За одмор ова година тешко дека ќе одиме имаме премногу трошкови крштевката,внуката се роди па крштевка ќе прават во август па кума ќе бидам септември ,роденденот на синко па парно ќе ставаме нз кој крај да го фатиме мм се отепува од работа за се да ни одоволи срце е најмногу си го сакаме никогаш не вели не за ништо затоа и јас не трошам многу ајде доста е и синко се разбуди убав ден
Боже боже, па нек си напраи свекрва ти крофни, што имаш ти да правиш? Синки твое е детето! Бог да чува. Ич не и го ни оставај веќе на чување чим нема време да го гледа. Се тепаат внуци ќе чуваат. Ама внуче не е само за гледање и играње. Ама ај. Едит: изгледа погрешно сфатив. Препрочитав и ваљда свекрва ти сакала да ти направи крофни и да ти даде за да поставиш на маса кај вас дома? Ако е така ај, си можела помеко да изреагираш, ама ај поминало..не се замарај. Чувај си дете и кулирај
Голема работа ако почасти. Снаа ми и даде на внучка да части во школо за моево дунде. Частела и она на работа. Се лутите за ситници. За непресоблечено и ненахрането дете, нема оправдување. Поздрав мамички
Препрочитав и се корегирав да речеме Прво ја сфатив дека свекрва и ја терала она да праи крофни за да постават на маса, па си реков кај за име се спремаат уште па и крофни да меси ама после видов дека свеки сакала да и направи и да и даде. Тоа е веќе друго, можела и да не изреагира така. Ама поминало, тоа е
И јас отпрвин не сфатив што и како е, ама кога не се користи интерпункција, тешко се разбираат постовите. Ама друг ми беше муабетот - нема да ми се срони бисерот ако на именден на масата ставам чинија крофни од свекрвата за раѓање на другото внуче, па за убаво е, не за лошо. За глупости се замерувате. За непреслечено не замерувам ако било час-два на чување, оти не секој може да осети дали бебе е покакано или не, оти бебето може и да не изреагира ако не му смета. Ама да не го нахраниш детето, е тоа е веќе претерано.
Da vo pravo si, za nenahraneto i nepresobleceno da i toa kako ke se lutam, ama za ova drugovo pa jas sama od kejf ke napravam i ke pocastam
Здраво мами! И јас ретко седнувам да чкртнам.Бројам денови до петок.Конечно одмор од книги,домашни,земи врати дете,слечи преслечи,алишта купови. Сега на распуст подруго е. Бебе заспа,ја седнав да земам здив,лапнав еден кроасан(почна да се зголемува апетитот),досега пазев. Па,ќе правам ручек за нас,похован стек и пиперки со јајца.За бебе некоја манџичка..А,ми се јадат и палачинки.Може ќе завртам некоја,. Деновиве завршивме со доење.Искрено,душата ме боли кога го гледам,плаче некогаш,се пика во мене,се гали,дека заспиваа со татко му,сега и по него плаче.Но,пренапорно ми беше,а кај да е ќе нарасне и стомак,па уште потешко.Мислам дека доволно дадов се од себе.Година и пол е. На преглед не сум била од скринингот и приската.Бев за брисеви само па докторката рече ај со резултатот ко ќе дојдиш ќе те видам.Тоа дури наредна недела е.Едвај чекам,се надевам се е во ред. Имав страшни главоболки деновиве,дали од прекинување на доењето,од хормони не знам,но и многу сум нервозна.Мм се си крка,ама што да му правам,тој бараше три деца. И тоа е тоа,ај да станам да работам. Убав ден!
Здраво друштво ние кај мајка на село чекам да дојде другарка на кафе дете ќе ја носам на контрола ама на приватно кај матична веќе не се вреќам се утепа од кашлање ништо не смирува ниту инхалации ниту чајче а и несака да јаде само правам и фрлам ке си пукнам веќе цела недела не сум јадела пиела како човек така е кога се разболат али мора да де држиме сепак сум жена и така тоа е од мене позз до сите
Здраво. Да ве ѕирнам на кратко додека синко спие. Викендов мм слободен, во саботата излезени од утро до мрак а вчера дома си седевме. Игравме сите заедно... ,ние со мм замуабетени, надворешната врата била отворена си излегол синко надвор. Во двор имавме едно вирче од што врнеше, синко си легнал на стомак и мрда со раце. Се направи утопи. А само што го искапивме и тоа со мака. Зедов да го пресметувам дете ми смрди на железо на нешто неубаво, а на мм му мириса убо на млекото за тело... Сношти наместив чиста постелнина и за во рок од 10минури синко го испорати јогуртот цел. Пие јогурт и се тркала или пак скока на кревет. Лом од постелнина перници, фротирки и на креветот една огромна флека.. Дека е здрави и жив друго ништо не е важно... Со мм ќе го туширавме синко не сакаше, а дете смрди корени.и го поминав со влажни марамчиња, но пак мене ми смрдеше. Мм ми вели што нос ќе сум имала.. Убав ден
Здраво жени Си седиме во дворче со бебка, она нана, а јас си се восхитувам на дворчето Не дека е мое, ама како си го средив Цело е зелено, тревичка, дрвца, цвеќиња... Утринското кафе особено ми е мерак да го пијам во двор. Се молам сега само да не ми заврне, ќе треба да ја внесам бебка и ќе ми се разбуди, а дома имам жена, викнав за чистење зошто не можам сама, мораше една генералка. Денес мама одмара со 4 во вис. Дома ми чистат, свеки ручек ќе прави и така Се наканувам да разгледам нешто за одмор, ама абер немаме со мм, ништо ниту сме виделе ниту сме се договориле, организацијата е препуштена на мене годинава. Знае мм дека со бебе ќе имам посебни преференци, па реши да не се меша Термин отприлика имаме, ама смештај и најбитно локација не Ќе биде, ај. Битно бебе пасош има Периодов гости еден куп дома, ко да се договарале сите да дојдат во исто време, искрено ми се смачи од садови и спремање. Не дека спремам којзнае што, ама пак мора да извадиш нешто нели. Едни мини пици што се прават за пола саат ми се хит, сите гости со нив ги истерав Е така, тоа е женички, не пишувам којзнае колку, ама ве читам Убав ден на сите
Добра вечер мајки. Ние истеравме еден викенд на гости кај пријатели во едно планинско место. Супер поминавме, ни годеше свежиот воздух, пешачењето покрај езерцето, искачувањето по карпите. Имав потреба од такво место, сега се осеќам ослободена од негативната енергија, со некоја болка плус во мускулите од пешачењето Синко се жали на болка во патиките Да, на сите ги болат нозете, него патиките Денес излеговме надвор да си поиграме, времето не почести повторно со дожд а и, другарчето го немаше, имало тт па влеговме брзо внатре. Еве сега нешто топло ми стои дете, мерев тт 37,5. Некој вирус ли е што е? Се жали и на главоболка Чекам маж да дојде од работа, да спремам дете за спиење ( се надевам на мирна вечер) да ја изгледам последната епизода од емисијата што ја следев. Денес добив, се осеќам како испукана патарда Мирна ноќ на сите дечиња и мајки!
Ajde sto.ne.cuvaat deca pa.I maani naogaat... premorena sum veke.. veke tri meseci samo vo dvor se dvizam. Decata.mi.nemaat ni 2 godini razlika I neznam.na.kade da.fatam.. mi treba moment samotija,namomenti pomisluvam deka ne sum dobra majka bidejji neznam da si gi kontroliram.nervite. nekoi lyge placat za dete a jas se zalam, ama stvarno nemoam veke da slusam.placenje.. taman se smirija grcevite sega se borime.so zeskovo, nikako ne moze da si go.fati sonot.. znaci.mir da se.nemalo..
Здраво мајкички .. Дете само што заспа , па пред да си уклучам серија да ве читнам . Ние сме добри , цело попладне шетавме. Малово да се истрча. Пред да се разболе се жалев мнг трчал ,темпераментен,оваков,онаков.Е кога имаше температура само се молев да поминува побрзо и да трчаме заедно.Бидејки болно дете е позаморно и мачно од се! Во недела свадба .Ке се веселиме На 15 одиме на одмор Едвај ,ЕДВАЈ чекам . Синко ке лета прв пат со авион,прв пат со брод . Утре ми е во план да отидам да испазарам некои работи кои ми се потребни за одмор.Ке отидам и до Јамбо да видам да земам некои тракатанци Ми се јаде домашна пита со праз. Ја мислам 3 дена Камо да знаев да си замесам .. Ке мора или мајка или свекрвица да месат Одам женски да се релаксирам малку пред да ми дојде дремка . Убава вечер
Добро вечер мајки, да ве поздравам пред легнување, се надевам на мирна ноќ, не ко вчера. Се разбуди бебе со пиштење во 12, едвај после пола сат се смири, се расони и си седевме до 2. За чудо не сакаше да го нишкам туку легнат меѓу нас, се вртеше те кај мене, те кај мм и така некако заспа. И сабајле стандард пред 7 беше разбуден, едвај ги отворив очиве. Саботата бевме на свадба, работата беше таква шо моравме да носиме бебе, абе цела недела се мислев како ќе поминиме. Многу се плашев да не плаче, да не се вознемири од многу луѓе зошто прв пат го носиме на свадба. За чудо, толку беше мирно, расположено, пееше, играше, мислиш секој ден оди по такви работи. Не осетивме дека носиме бебе, сонце мое. Цела недела растурени дома, мислиш станот го реновираме, а само плакарче на тераса правевме. Толку глупости да чува некој уште немам видено. Абе буквално од пред 60 години. Ама кажав јас, враќање истите работи не, тука ќе се редат работи за користење и тегли. Кај ги однесоа не знам, а и не ме интересира. При толкава тераса пак да немам место не можит. Е така. Друго шо да кажам, секој ден исто, дење е жешко за шетање, навечер дур го искапиме, дур го средиме дошло време за спиење, ама барем навечер имаме време за нас, не мора да сме излезени. И онака периодов се собраа еден куп трошоци, а се најавени уште 2 свадби, 5-6 родендени, визита за мм, па и сестра ми во август треба да се породи. Само за убо да се троши, то е најважно. Ај доста е веќе 1 сат го пишам постов. Одам да се спремам и легнувам. Добра ноќ