Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Хелоуу

    Чекам мм да излезе од вц па да одам да ја сушам косата. Ги оставив да се успиваат со бебе, а јас отидов да се бањам.

    Денеска прошетавме малце низ маало. Бебе е незапирливо. Сака да оди, а незнае :D. На моменти ри ги бутка рацете да го пуштиш сам да оди. Абе смешки е ама морам да признаам и дека е доста напорно.

    Иначе мене еве скоро две недели на моменти ми тече нос, ме чешаат очите, кивам. Сама со дадов дијагноза :) дека ми е алергија на липи. Исто и сестра ми е алергична па ми ги кажа апчињата и почнав и јас да ги пијам. Кажете ако има некој искуство со ова што ви помага.

    И така, утре на работа сум втора смена .

    :hai::*
     
    На Skorpija25, *Ench@nted*, kristii и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене! Да пишам некој збор па на спиење или ќе станам да го дружам мм кога ке си дојде од работа.
    Во саботата гости едно девојченце со мајка и - колешка на мм. Се изнаигра со синко на почетокот мислеше бебето е кукла. Ми понудија да ја чувам таман прилика за некој денар плус, но не прифатив сеуште се учам да го ускладам времето со синко.
    Вчера супер ден бевме на едно приватно езерце со едни пријатели, мм ловеше риба а јас и бебе уживавме со пријателката. После кај нив спремавме ручек и вечерта шетање со бебе. Многу е станат лош несака да се вози во транспортер само во раце некогаш и во кенгурот не му е погодено. Дали можам да ја пуштам во употреба обичната количка само спуштен наслон (5месеци сме, на неа пишува од 6м)?
    Ноќеска бебе спиеше многу лошо само се будеше па ненаспани цел ден. Он цел ден плачлив дека ненаспан. Инаку почнавме денес со пробување вкусови и машала синко тегле цело да му дадев ќе го изручкаше. Само да продолжи така. Кратко шетавме како што кажав не е по шетањето периодов и назад дома бањање, млеко и заспа уште во 19:30 се надевам нема да се буди за сметка на тоа. Јас конечно уживам и прочитав све што испуштив деновиве.
    Добра ноќ
     
    На Skorpija25, *Ench@nted*, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  3. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Ич немам време да пишам.
    Деновите минуваат турбо.Стануват деца и право у двор.Па овие 2 дена малото тотално ми се промени.Од мирно и послушно детенце,стана лутко и плачко за се.Па од нервоза и апе каде и по кој стигне.Батко му само го закачка и не му дава ништо,играчката од рака му ја граба.
    Во саботата големиот ми качи тт 38 па му давав сируп и неделата пак му дадов парацетамол и добро е сега нема знаци на настинка или нешто слично.
    Битно 4те катници кај малото што растеа истовремено,конечно пробија.Сега изгледа 3ките се на ред.
    Јас деновиве се занимавам со дворот.Купувам цвеќиња саксии садам пресадувам и каменчиња бели ставам си уредувам.Тоа ме исполнува.Кај нас над куќите во една нива има истурено цел куп мали и големи плочки од мермер,па со децата од таму си собираме и си донасаме.Убаво е кога си најдам некој занимација оти времево ми е толку досадно од секојдневните обврски.
    Бев и до градинката.Разговарав со директорката.Приоритет имале децата чии родители биле вработени.А јас не сум.И викам па јас одбив неколку работни места оти немаше кој да ми ги чува.А и да тргнат прво треба да се привикнат,а тоа може да трае и 1 месец.Да,ме разбира но такви биле правилата и законите.
    За големиот сега нема никакви шанси а за малото ќе виде и ќе ми се јави.
    Тоа е мајки.
    Тешко претешко.Ми фали мм.
    Вчера си го поминав денот во плачење.Се ми се насобра.
    Малово заспа.
    Се гушкаме со големиов.
    Добра ноќ....
     
    На Skorpija25, kristii, Mari* и 23 други им се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Рецепт може?
     
    На Mari-Ja, Sexybaby86 и Kaetana им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Драги мајки... како сте.. ве читам така кампањски, ама гледам ве нема нешто деновиве да пишете, барем во намален број сте. Мислам, не сум репер да зборувам, ме нема веќе подолг период, ама како што ви пишав и претходно, се борам со некои работи во секојдневието, а згора на тоа и со некои мои лични демони.

    Да ве апдејтувам ете така, во кратки црти.

    Живот тече така како во бродолом. Можеби имав пишувано пред нова година дека се радував многу затоа што ќе немаме веќе курс, затоа што ќе имам слободно време да готвам, да се посветам на себеси, на фамилијата, на вежбање, на еден поздрав живот... шетање и сл. Дека чекаме напредок на работа после 2 години... ама се така тргна во некој чудно глупав правец, или јас дозволив така да се случи, не знам.

    Накратко, си дадов отказ, деновиве по интервјуа одев, моментално сум дома на кратко боледување, емотивно паднав, милион пати се преиспитувам што бараме тука, билион пати пробувам да сфатам дали ова овде може да ми е дом или не. Завлегов во интроспекции за да видам како сум, дали сум добра. Дали сум среќна. Па животот ме донесе некако до некои заборавени соништа... кои никогаш не умреле туку тлееле потиснати од други секојдневни глуповштини.
    Знам дека сум во некое затишје пред бура. Ама се надевам дека таа бура ќе донесе поројни дождови, кои ќе ми ја измијат душата. И ќе дишам.

    Уште оваа недела и другата сум на работа. После патувам 2 недели за МК, на одмор. И кога ќе се вратам од 1 јули почнувам на ново место. Повеќе пари, помалку саати. Се надевам на раат на душава. Здравје после и маж ми ќе смени, и за него да се најде нешто ново... криво ми е што нема да работиме заедно, затоа што од млади заедно работиме и ни е супер, секогаш сме си биле поддршка на работа. Ама што е тоа е.

    Важно е да се оди напред со исправена глава. Па макар и се тркалала. Ма и со песна нека е. Тралала :)
     
    На azelea, Skorpija25, gjoker4e и 32 други им се допаѓа ова.
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :)
    Јас на работа ,бебе дома со баба му се чуваат . Нека е жив и здрав 300 на саат е ,јас сега на 10 месеци одвај го додржувам,а кој знае како ли ќе биде кога ќе прооди си мислам ај се тешам дека трчајки по него па може и ќе симнам некое кило :lol: Деновиве времето го користиме само за шетање ,викендов имав именден и вооедно куќна слава на моите па таму бевме ама од толку многу дожд и гремење снема струја па гостите ги истеравме без струја ама тоа е виша сила се дешава . Сега се спремам имам две свадби наредниот викенд па неможам да најдам шминка и фризура идеална . Тоа е мајки убав ден на сите мора да одам посао ме зове :sun:
     
    На Skorpija25, gjoker4e, muchacha_a и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.146
    Допаѓања:
    40.510
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.

    Ние прибрани од утринска прошетка, синко игра, а јас го допивам кафето. Утрово само станав, спремив јадење за бебе, го спремив него и себе и на улица. Надвор јадеше, надвор дремна. Фати многу жештина и си побегнавме дома.
    Викендов истеравме крштевка. Многу убаво поминавме. Синко умен ептен. Заплака само кога го ставија во коритото на бањање и одма се смири после тоа. После тоа на ручекот одмор и се веселеше цело време. Ќе биде боем некој:lol:.

    Туку утрово додека седевме во локално паркче до градинка, извадија една група дечиња да играат во двор. Прво што не ми се допадна е што учителката ги веднаш ги подели децата на машки и женски. Зошто ваква поделба на дечиња од 3-4-5 годинки? Второ наместо да вика девојчиња им се обраќа со женски и покрај тоа што другата негувателка ја поправи на неколку пати. И за крај што ме фрапираше играа, сакате ли војна ( сакате ли војна, неее, ќе пукаме, пукајте....). Мислам концептот на играта е интересен за да се истрчаат деца, ама не мора со пукање. И ние сме ја играле, додуша поголемки, без делот со пукање. Незнам можеби јас претерувам...:worried:

    Туку после тоа што видов и уште не ми се верува. Пред Бисер на пешачкиот кон капитол беа застанати џандари зошто тука многу често не го чекаат семафорот и претрчуваат. Дали ќе ќазнуваа или предупредува незнам, ама и не е битно. Она што се запрепастив што една девојка/жена се пушти и помина на црвено. И едниов џандар ја застанува. И замислете девојкава почнува да трча и се расправа :x. Јас да бев на местото на џандарите и да не бев ставен да казнувам ќе и се пуштев. И побегна. Безобразна. Многу ми е жал што за жал толку ни е културата. Ако верувате, кога шетам вака изминатиов период се запрепастив. Прво 80% од луѓето не чекаат зелено за пешаци. На пешачки 50% не застануваат и покрај тоа што гледаат количка:worried:, а тие што застануваат се претежно помлади.

    Мајки јас ги одбројувам последните денови до тргање на работа. Нареден летврток треба да се појавам. Почна да ме фаќа трема како ќе издржам без синко. Некако сум сигурна дека тој полесно ќе се снајде без мене. Ми се оди на работа, ама како немаше некој транзиционен период пола ден да одам:rofl:

    Изгледа ептен се распишав. Имајте убав ден мајки.:f::sun::f:(tumbleweed)
     
    На azelea, Skorpija25, Paka и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @supergirlmb повели линк:
    https://www.coolinarika.com/recept/jednostavno-testo-za-pizzu/
    Многу лесно и брзо, а и превкусно е. Јас место голема пица почесто мини пици правам од тестово, некако така повеќе ги бендисувам, а и за гости ми е позгодно. Сите ги навлеков на рецептов :D
     
    На gjoker4e, zalosna и supergirlmb им се допаѓа ова.
  9. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Да со има јас да ставам на маса таа не заслужува детево мое не е од на улица од син и е и мене ме боли за детево мое , што ако е со инвитро родено и ова е дете од син му е таа сакаше да части за внуката ако сакаше некој ќе и одеше кај нејзе таа не седи со мене па јас крофни да ставам по маси сигурно и за син ми јатрвами ставаше едно играче не му имат купено само за нова година еден дедо мраз што мирисаше на кинеско а јас купувај на секое за другата внука е нема повеќе сега знам како треба

    Честито нека му е името и вечно на јуначето
     
    Последна измена од модератор: 5 јуни 2018
    На Skorpija25, gjoker4e, kristii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    Навистина послаба активност од сите и јас спаѓам тука, ама празниците кои поминаа максимално ги искористивме и не се свртевме дома, па само на телефон ве читкав, а да пишам од телефон немам живци оти нокти пуштив па тешко ми е:D

    Шемата ни беше повеќе на базен и по продавници или во парковите на играње, не дека некаде специјално отидовме, ама сепак убаво си поминавме. Дете пресреќно оти тато цело време е дома, сега веќе се досадуваме пак по стара шема.

    Многу е топло и преку цел ден не излегуваме, не можам да трпам многу топло, а и каде би оделе на овие температури. излгуваме после 18 часот и убаво се изморува до кај 20 па вечераме, се бања и во девет во кревет.

    Сега спие, јас ручек ставив за неа, за нас ќе биде нешто лесно, вчера изигравав кувар на топлото па ќе се онесвестев во кујна.

    На мисла сум дали да одам порано во Мк, па сопругот сам да дојде , за да може повеќе да поседам со дете таму, ама нешто ептен неодлучна сум овојпат. Некако не ми се двои малата од него толку време, многу се сакаат и се чуваат убаво. А и тој жална фаца направи на мојата идеја и јас каква што сум грев ми падна така да го оставиме. Иако рече одете:angel:

    Да одам да направам едно кафе и да поуживам уште малку во тишината.

    Убав ден.
     
    На Skorpija25, gjoker4e, muchacha_a и 20 други им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    34.307
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам како се чувствуваш бидејќи јас имав сличен проблем само што не се замарав кога се роди внуче од золвата бидејќи моја свеки синко еднаш го почува на 20минутки во 2 години се за него нема време а за на золва ми се потресуваше што и како. Но знаеш што не се замарај стави ако ти е мило а ако не и немораш. Само едно знај господ е праведен и само тој знае да врати можеби ќе се забави но сигурно ќе врати на сите што прават лошо.
    Јас само така си велам Господ ќе враќа на грешните.
    Почнав да не се замарам со небитни работи само многу е лошо тоа што мајките си имаат омилени дечиња и тоа е тоа.


    Се молам и јас да не правам ваква поделба кога ќе имам уште едно две деца.
    Колку е речено де .......

    Се молиме со синко за сирупи за јадење за едно за друго.
    Овој пат го фативме рокот на квотата во аптекиве(fingers)
    Си се разбиле мали на први месецов(facepalm).
    Спушти на гради и сега е со вентолини инхалации ситупи два цефаклор и плус ни даде салбутамол сируп едниот два пати едниот трипати на ден плус за алергии цетиризин. И така ми се плаче ми се корне но тоа е што е.
    Нежна мајкина душа е од петокот само носе течеше а до вчера и спушти колку лоша настинка има тоа е чудо.
    Друго времево ужас и јас не знам што со него но и тоа со нас изгледа.:D

    За сите кои што ми пишавте дека бебац сака да биде швапско бебе сигурно така треба да биде дај боже самп да поминат овие неколку недели месеци ситно броиме конечно се ќе е средено сами ние тројца далеку од сите.
    Знам дека претешко ќе биде но нека биде за доброто на нашиот дечко!
    :hai::hai::hai::hai::hai:
     
    На Skorpija25, gjoker4e, Nine25 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    22.716
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,како сте?
    Јас на работа,се печат бидејќи климата расипана па дур се набави нова ехееее,биќе некад :(
    Карамелата моја си расте,и си кажува секој ден по некој нов збор. Сега му е хит кучето Дона и правело ав-ав..Иначе,кучето дона е на комшиите и само преку ограда го дледа ама жива радост е хехехе
    Се мислам да му зголемам оброк месце наместо 50,да давам 100гр месо..Шо знам,валда не е многу?? 16м е...
    Ми се оди на моренце,ама има време,тек крај на лето...
     
    На gjoker4e, kristii, karibian и 11 други им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    5.424
    majka moeto e 5 godini mesar ziv sekoj den e na meso + denovi jajce znaci pilesko, bitter, svinsko,riba, misirka... ama veruvaj poveke od 100 gr nemoze da izede tuka ti vlegov mandza salata... Ne brzaj 50 gr +- ti se mislam dovolno
     
    На gjoker4e, Skorpija989, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ставам таа се породи понеделникот а јас трбаше да ставам во четрвтокот а не ме ни праша дали треба помош да ми направи нешто битно слатки за сната направи да се прчи таму а јас ќе се мачам до 3 сат на полноќ да правам. Прво исчитајте се па ќе видите дали имаат заслужено или јас сум грешка и тоа не ми ни кажа дека ќе оди на болница дека ќе се пораѓа јатрвами а јас кога се пораѓав се мислеше дали да иди затоа здравје кога ќе се одлучам за второ последна ќе дознае за се
     
    На Skorpija25, gjoker4e, karibian и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Значи коса ми се крева од вакви поделби, во 90% од семејствата има фаворити и секогаш помалку важни. Потполно те разбирам само кој не осетил на своја кожа нема да ти верува, мал милион примери имам од секојдневието да земам да пишувам роман ќе излезе. Стави ги на игнор и нека им служи на чест.
     
    На Skorpija25, gjoker4e, kristii и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Кога имавме проблеми со синко немаше ни 6 недели мм му кажа само на брат му и ни рекоа дека можеби ќе се оперира тој ни еднаш не дојде да го види , па на комшите да разберам дека детето не му е добро ќе појдам не па прво внуче од брат
     
    На Skorpija25, gjoker4e, karibian и 3 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.051
    Допаѓања:
    154.416
    Пол:
    Женски
    Честито нека му е крштевка на дечкото, жив здрав весел :)
    Семафорите пред капитол ги ставија да се направи демек ред, се сеќаваш кој хаос беше кога се отвори трговскиот. Ама за некои луѓе џабе. Признавам дека ми се случило да поминам на црвено ама ако до недоглед гледам дека нема кола, и тоа само ако не сум со децава, со нив колку и да нема коли чекам. Не сакам да се научат дека може да се проаѓа на црвено.
    Ти ќе да си од на капитол страната, кај нашава ретко ги изнесуваат децава во двор, барем така беше пред некое време.
    Сакам да ја носам малава на вакцина др недела, морам прво кр слика да и правам, ми се стега срце од што има уплав сирота од боцкање ама морам, премногу касниме со вакциниве башка се надевам од октомври некаде да ја пуштам полека у градинка а сакам да ми е извакцинирана ако оди. Ај ќе стегнам заби некако
     
    На gjoker4e, 24.07, karibian и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.146
    Допаѓања:
    40.510
    Пол:
    Женски
    Благодарам за честитките.

    @M&M не од кај Бисер сум, ама баш кај што нема градинка. Плус си го шетам цело маало иако сега на топлово, најубаво и најблиску ми е паркчето кај градинката кај бато (Љубен Лапе сега) има неколку клупи под убави сенки што си ги користам максимално периодов. За жал уште некој ден:(
    Како се претрчува кај капитол, јас и кога возам ептен внимавам зошто се занесуваат луѓево. А најмногу се нервирам кога ги гледам со мали деца за раце и ги влечат на црвено да поминат:@. Јас дури и на споредните семафори чекам зелено. Ептен во екстремни случаи поминувам и тоа само сама ако сум.
    Инаку и ние застанавме ептен со вакциниве. Прво не смееше заради операцијата, па сега смее, ама додека се решивме матичната ни препорача да чекаме септември, зошто ако почнеме сега, па за 45 дена втора доза ќе е во најжешкото. И остана да не вакцинираме, па ќе дојде после годинка да примаме, а ништо немаме примено освен тие во болница.
    Повторно се распишав.

    Имајте убава и мирна ноќ мајки.
     
    На gjoker4e, Klarisaa, 24.07 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добра вечер женски

    Само навечер ме има :)
    Од сабајле како се будат до ова време турбо се и двајцата
    Само од менење памперси,хранење и пресоблакање да се умори човек
    Ретко кога и спијат во исто време :doh:

    Могли завчера имаше тт :envy: носе растечено ужас
    Мали добар е, подкашлува по малце ама ништо страшно

    Во 9 почнав со пишење :|
    Од тогаш до сега мали два пати го презаспивам :worried:
    Еве не на тераса ми спие враце :inlove: внатре пекол е
    Могли еднаш се разбуди на кратко и продолжи
    Мм се врати преморен и тој заспа
    Му откажаа денес кочниците на колата па цел ден по мајстори е
    Среќа па има видено на време :|

    Јас останав да го завршам постов,планирав повеќе да пишам ама уморот ме совладува
    Од 5 сум станата, одам да спијам

    Имајте мирна ноќ (fingers)
     
    На Skorpija25, gjoker4e, mal.ecka и 24 други им се допаѓа ова.
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Денес по втор пат да ве поздравам, ве читам пред легнување па да ви пишам. Јас сум многу тажна, а маж ми ми се смее, денес за прв пат го ишишавме синко не сакав ама моравме жива вода му беше косата нон стоп на топлово. Незнаете колку ми е чуден сега вака шишан да ви кажам искрено прееска дури и некоја солза си пуштив :( некако поубав ми беше со косичка од раѓање косата му беше заштитен знак ама ај ќе порасне коса расте така ме теши мажот ми.
    @Ano среќна крштевка на баткото да е жив и здрав.
    Добра ноќ|-)
     
    На orhideea, Skorpija25, gjoker4e и 17 други им се допаѓа ова.