Да таму имаш убави сенки, јас цело породилно го окапав по клупине, посебно дека големиот уште беше во градинка, ќе го земевме околу 12 и надвор до бескрај Готово породилното при крај ? бар летово домче да го истераше
ЛЕле како јас да се читам за шишањево . И син ми има виткана подолга косичка .Цел е бушав и го обожавам така .Баш како што кажа заштитен знак му е косата Не ми доага памет да го шишам иако стариве почнаа да зборат од страна . Се мислам дека ако го ишишам ке ми биде како голем дечко. Он си има стилче посебно Само шишки му кратам со страв и секогаш кукам дека сум му ги зезнала Секогаш сум сакал син со виткана бушава коса и таков си родив .
Здраво мамички. Не знам колку време не сум пишала. Бебе спие, ја место да одморам седам и зјапам. Бебе е на антибиотик оф саботата. Качи 39,4 и јасно ми беше колку е саат. Право на клиника. Крвна слика шо ќе видам. Ме чуди само ништо нема ни мрсули, ни на гради, ништо, само тт. Уште во неделата веќе беше подобра со пониска тт, а од понеделник нема ич. И уште ноќта убаво си нанаеше...не знам то чудо ќе беше. Се успа сама на кревет, па во 12:00 прокенка цицна и продолжи во креветче до 7 па цицна и до 9:30. Ноќта во спиење и дадов сируп. Ич не го сака, а толку е благ и убав. Електролити си пие, д3, пробиотик без проблем ама ова е борба. На доктор ме искараа до боди на прерамки и одозгора шоихозни на прерамки без ногавици, премногу била облечена, а таму другите деца, во плишани шпихизни, со термо чорапи капи на глава, моево нај голо беше.... Сега малце забушава со јадење, ама се надевам ќе се оправи и со тоа. Резервиравме за одмор, уште капар да уплатиме и чао.... 12 дена усвет да фатам и никому очи да видам. Толку многу ми треба одмор од домашниве тоа е чудо. Сакам само сами да сме си ние тројца. За една недела правиме крштевка, па сега му ја мозгам што и како ќе биде. Уште за кумот не сум купила дар, а и неам памет што. После да резервираме кафанчето. И така драги мои....бебе спие а ја си ја гледам... Многу ми е убава....абе ко неарна уште се чудам дете родив. Ќе се освестам ај за второто хахахах.
Хаха и ти како мене јас си викам ова мое е јас сакам усвет да фатам и да не се вратам само маже мој не сака не сакал затворен живот убаво да си поминете на одмор и за крштевката
Фала тиии...мада иам време до одмор... Абе каков затворен живот, па со старциве ли е отворен??? Ќе си иам друштво јас, ама да не слушам секој ден, а спиеше, а јадеше? А сереше? А се смее? А плаче??... Отидивме да ужинкаме
Колку добро те разбирам... Мојава има 3 ипол години и ниеднаш не е шишана. Има виткани локни но има и прави прамени. Пола на мене пола на татко и Косата и е до задник Но веќе почна да и се заплеткува па денес имаме термин на фризер само малку врвови планирам да и скратам. Ако ја утнат на фризер тешко нив Иначе сме многу возбудени со мм, дека ова прв доживљај ќе ни виде, па затао двајцата ќе одиме на фризир сигурно луди ќе не направат ама па гајле ми е
Здраво мамици! Слабо ви пишам, ретко ве читам. Моментално беба спие во лулка па јас седнав да одморам оти од сабајле сме турбо. Перидов беба ми е вознемирена, кенкава, нејќе баш да лежи и малце почесто се буди навечер. Причина - заби! Два наеднаш... жалното ми бебе чиниш друго е, а не моето кротко и спнако бебуле. Се надевам дека кога ќе излезат забките ќе си се врати она спокојно бебече мое ( игнорирам дека овие ќе излезат па други ќе почнат да излагат) . Вчера со ММ зборевме дека тешко го тераме овој период, имавме надеж дека барем финансиски ке ни се исплати тоа што сме по цели денови разделени... ама и од парите ништо ќе биде. Ќерето големо од лигаво полигаво станува. Аман веќе... се почесто ни приредува сцени кои ме вадат од такт, па толку нервозна сум станата... сама не се трпам. Дојам, инаку би пиела нешто за смирување! ММ запнал август да одиме на одмор, а мене ич не ми се оди... Со две деца од кое едното големо и ќе сака на плажа по цел ден а другото бебе ќе мора повеќе во соба да биде... Па деновиве тоа ни е тема на разговор со ММ. За кратење коса, мојата е 4 години и ниту еднаш не и е скратена косата ( освен шишките ама веќе и нив не ги сечеме) . Долга и е до газе ( кога е мокра и под газе и е), кадрава, руса... На мојата зеленоока ќерка и е преубава косата и не ми се сечи ич. Летно време ја носи собрана во опавче, кога не е жешко ја носи пуштена. Преубава и е и затоа го одлагам одењето на фризер. Ај да фатам нешто низ дома, па ќе дојде торнадото од градинка и пак ќе е лудница. Поздрав!
Здраво мајки Времево ужас. Ми влијае на расположение. Напната сум, нервозна и што уште не. Бебушк со тт. Таман ни помина тт и настинката минатата недела од вчера пак исто. Бевме на педијатар крвна слика ок. Чепчиња, пробиотик и многу течности. Да не знае човек како да си го облече детето. До толку променливо и тешко време. Се спремаме полека за одмор.од 15 јули одиме. Почна да патка бебушка ама со кичмава моја сум крш. Се мислам да земам каиш иако сум против многу. . @Ano среќна крштевка на малото јуначе Убав ден мајки
Ич да не се устручаваш и ни заедно двајцата бевме со маж ми на фризер го однесовме во мали ѕвезди во Тафталиџе ептен беа супер вработените
Јас секој месец и ја кратам косата по сантим-два Кога ја бањам и иде скоро до половина Кога и е сува и иде до раменици Многу е тешко за одржавање дека е многу локнеста и тешко се чешла ама пак уникатана е со косата Овде ретко (досега немаме сретнато) кое дете од 2 годинки има толку бујна и долга коса Мм често знае да "реши" да ја носи на шишање ама не смее да се осмели дека ќе го пукам Кога веќе пишав и да ве поздравам Се "ладиме" на тераса,сонцето замина на другата страна па се трудиме да преживееме некако Многу топло у п.м. Има и по некое темно облаче па во надеж дека дождот ќе не израдува Деца напорни...де од топло де настинки Могли денес не посети градинка Ја будев сабајле и само се подразбуди, зашмрка со носето и продолжи со спиење Се разбуди во 8 ама не ми се исплаќаше за два часа да се малтретирам Мали цела ноќ се будеше и во 6 буден А во 12 скоро заспав,100 пати се разбудив до 6 Ќе си умрам Друго ништо ново,денес некако и не ми се излегува да шеткаме ама изгледа ќе морам Могли до касно ми спиеше и ако не се измори до 11 ќе стои будна Толку од мене мајки,да ја активирам смукалката дека цел ден стои на среед соба Довиџења
Здраво мајки. Бебе заспа,јас седнав сите ве исчитав и како што е на ред да пишам Мм уште не е дојден од работа овие денови се немаме асолно видено. Работи по цел ден и пак пари не стигаат.секој месеци се задолжуваме во банка. Скоро пред две год.(точно пред 6дена пред да се породам) направи сообраќајка. И оттогаш неможеме да оставиме на страна некој денар да се најде за добро или за лошо како сто велат стари... Денеска со синко на гости кај мајка, но наместо да одморам јас се уморив. Но жал за мајка ми беше малку барем да ја заменам. Отепавме пола ден чаршија, појдовме кај неа зедов синко го заспав. Додека спиеше му правев ручек за него.Мајка ми излезе да испазари, јас седев со баба ми стигнав и ручек направив.Си правев муабет со баба ми но на моменти се исклучува. Тоа не е живот... Зошто господ ги казнува луѓето да се мачат... Кога сме кај културата кај нас луѓето муслам е на нула. Денеска со бус одевме, на постојка луѓе имаше што чекаат ниту еден не се понуди да ми помогне да ја качам количката. На слетување исто не ми дадоа предност да слезам прва, сите се туркаа кој прв да слези. Си идевме накај дома со бусот и имаше една мајка со дете постаро од синко околу месец.Живеат на другата улица, до сега се немавме сретнато. И двете си помогнавме да слезиме раце се јадат што ќе пушиме по една рака. Но така еден човек ме изненади што направи еден гест пред некој ден. Постојат и луѓе. Си береше човекот цреши и на синко му даде една рака. Ми беше шубе да му дадам да јаде дека не беа миени, но оттогаш се разлапа и бара да јаде... @Belabelinakinder родителите на татко ми прв пат ме виделе на 11 месеци,и тоа сум била многу болна ни прашале за мене ни па дошле да ме видат. Што душа имаат таквите луѓе. За купување на облека или играчки можам да кажам повеќе му купува комшивката на синко отколку свеки и свекор. @Ano Среќна крштевка и вековито името да му е на јунакот. Имам уште за шкртање но доста е мн се распишав.. имајте убава и мирна ноќ со вашите сакани.
Добро утро мајки. Ме неме нема...па оп, еве ме. Мене ми се приспа а 09 било . Момите се издигаа од 06. . Ај божем ќе ги залажеме да полежат за да поспиеме уште малку. Не бре, кога опештерија еден грчман, уште ми зујат ушите . Видовме немаме избор, се издигавме и ние. Зедовме да ги облекуваме и спремаме, спремив појадок и ужинка за во градинка и готови бевме во 06.30. А градинка отвара во 07.30 Леле кога уклучија тоа сирените. Ауууу Ред солзи ред мрсули. Де едната па другата. Од солидарност и најмалото во спална се јави, и оно една рудна да исплаче. Се повлеков кај најмалото да го ранам и спремам а мм остана со двеве. Му реков како ќе му даде господ така. Сам на себе е препуштен. Едвај едвај ги довртка до 07.15 и заминаа. Момите пресреќни. сто пати чао ми кажаа па бакнежи праќаа, само да заминат. Решив и богат појадок да му спремам на мм. Се пожали дека никогаш не сум појадувала, ќе сум се разболела. Многу сум му била убава и бил изненаден со мојата линија (си се исфалив ), ама здравјето било поважно. А нема врска, сабајле едноставно немам обичај да јадам, или барем не многу. Не држам диети. Па ај, мераклиски се најадовме, кафе испивме и го испратив на работа. За шишањесте правеле муабет. Мм и двете со машинка ги истриже на годинка . Душички, какви беа. Пред некој месец на поголемата во сон и ги истрижав и шишките. Не ми дава ниту да ја чешлам ниту репче да и врзам...ништо. Со @Mari* си имаме женска верзија на Могли. А многу се валка, ај зимоска на 2 пати неделно ја миевме косата, ама сега мора секој ден. Секој ден е во земја и во песок и мора и нејзе. а миењето е хорор, плачки и драми, па сушењето пак со плачки . Во искушение сум додека спие пак да ја стрижам, ама сега подрастична промена. Инаку има рамна коса со прекршени врвови и локнички. Средната има локни позади на главчето, многу повеќе од сестра и. Ама многу и е кратко косичето па ќе видиме. НА кого не знам, ајс сум со права а и татко и, уствари он ќелав е . А бавно им растат косите . Најмалово има некој црвен гланц. Плаво/црвена нијанса. Сите три се различни, ич не си личат. Инаку секојдневието кај нас исто. Двете се во градинка до пладне, потоа дома не можеш да ги доврткаш. На тераса имаме ставено таква куќичка ли како се вика за играње со песок, па таму тепаме време. Во градината се лизгаат, скакаат на трамболина или трчаат по тревата и вадат цвеќиња. Најмалото го оставам во количка а јас трчам по нив. На моменти заборавам дека бебе сум симнала доле. Средново вадеше двојка неделава, не пукна со вриштење. ОД вчера мислам и увото дека ја болеше, па мм денес, поучен од мене, во граднка им обајснуваше за македонскиот феномен промаа. Најмалово има некој скок изгледа, и они само надвор кога шетаме е мир. А дома влеземе пушта сирената. Големата е багабонтка права. Со сестра и само се бркаат, се буткаат, плачат па се смируваат. Како ќе ги допазам и јас не знам. Едвај чекам викенд, да шетнеме во природа. @Ano среќна крштевка на малиот. Убав ден мајки. ЈАс станувам второто кафе да го правам.
нешто слабо активност на фемина... Ми се апдејтира компјутерот па малку да се подружам на телефонов... Ме боли грло,меланхолична и нерасположена сум...Имам фрки околу детево со чување.Кај плаќам жена,кај извољева.Сакав бар до септември да истуркам со чување дома,вака многу неспремна сум... Секое лето,а дојде јуни ,јас автоматски станував среќна безгрижна иако се случувало и цело лето сома да го поминам.Сега не е така,мајка станав,еден куп грижи. Се надевам фаза е,па да заврши....
Хелло Ние вчера се шишавме. Ќере, како за прв пат беше многу умна и озбилна. Не мрдна, не зуцна, само седеше и одговараше на прашања со ДА и НЕ. И правев шали но никако не можев да ја насмеам. Не се плашеше. Но кој знае како го доживеа тоа искуство Фризерот ми вика мајката по возбудена од детето Долго немам пишано... Некоја мрза ме фатила А ве читам... Дете порасна, уживам во секој момент со нејзе. Веќе сме другарќи Кога сме сами е многу умна, кога е со деца е прaва вештерка посебно со помали од нејзе... Возбудени сме многу.. Се спремаме за одмор. Прво кај свеќи, потоа на море На нејзино барање и купив 2 пара купачи и долни и горни, со пеперутки. Сакала да биде како мајка и На одмор ќе славиме и годишнина од брак па се мислам како да го изненадам мм Едвај чекам да поминат уште неколку дена, баш ми треба одмор
Добро утро мајки и од мене. Нема ни 1 часот, а денов ми се чини година Издигана од 7, да потсредам по дома додека мм и бебе спиеја. Сега таман седнав, еве бебе се разбуди. А сакав да испијам едно кафе на раат. Ај после, при другата дремка на бебе Вчера со маж бевме излезени, бебе со баба и се успиваа и мирна била, испила и млеко што оставив и си заспала одма, ама се разбудила за какање и ај јово на ново после Почна да се буди и навечер да кака, претходно ноќе не какаше, спиеше по 8 часа во континуитет. Си мислам да не јаде премногу, ама па не можам да му кратам на дете. Сега сме на контрола за некој ден, ќе видам што ќе каже др. А полни пелени како луда, после секое цицање обавезно, место да проретчи мојава зачести, сонце мајкино Ќе ја носам денес во парк, тука по улици топло е, не се шета. Оф, се осеќам како воз да ме згазил, доцна се прибравме синоќа, а рано станата и тоа е. Отидов мајки да нацицам бебе па да фаќаме накај парк. Убав ден на сите
Добар ден од нас од убавиот охрид денес покасно станавме во 10 скоро инаку секој ден во 8 синко спие веќе 1 сат јас средував по дома овдека сум повеќе изморена него одморена поголема куќа повеќе луѓе мајка ми на работа па јас сама . Вчера синко го изнашетав низ населба уживаше нема видено ваква убавина од зеленило денес може ќе слезиме до на езеро .Во недела ќе си одиме ќе дојди мм во сабота вечер ми недостига мм а и ми се здосадува овде потешко ми е дома ни е се па можам раат се да направам овдека само во количка седи. Во вторникот излеговме во град бев до на забар не сум била од лани во август па за среќа нема многу расипани па утре пак ќе одиме а и вај кики го посетивме малку се подновивме со синко уште за тато да купиме нешто . Овдека има кај да шеташ само што немаме седиште а и возачката ми истекла еден месец и така си возев ајде кој е за кафе на чист и свеж воздух
Добар ден. Поминал мај,дошол јуни...море и цело лето ќе помине јас додека ви пишам. Се надевам не сте ме заборавиле.Редовно ве читам,ама никако да пишам. Синко од бесен побесен,мсјстори имаме во станот што го купивме све јово на ново средуваме,па цело време сум во трчање и гужва. Се надевам дека за 2 недели све ќе биде средено и наместено и ќе ви пишувам почесто од новото катче. Што да ви кажам веќе 2 недели сум труп болна,кашлам што да ви кажувам.И антибиотик испив и ништо. Гледам од вчера и синко се затна во носот,кашла и се дави во шлајм. Па се инхалираме и двајцата. Наздравје одмори тие што веќе беа,убав помин на тие што допрва ќе одат. Ние годинава во трошоци до глава ако го видиме барем Охрид добро ќе биде. Среќни крштевки,имендени и родендени. Позз лавици.
Толку се радувавме на сонцето, тоа само болест да ти било Дете трет ден со тт. Преку ден добар е нема ништо, игра весел, трча. Штом се стемни почнува да гори. Синоќа откако вечеравме излеговме во двор на ладовина, се играше дете кога одеднаш ми вели сакам да седнам уморен сум! Вакво нешто прв пат слушнав од него, чудно ми стана па го пипнав на главата топол беше, си велам еве зошто си уморен. За 15 мин. крена тт 38,7 со сируп и ладни облоги успеавме да ја симнеме до 37. Во 04 утрово пак крена ама пак ја намаливме. Да кажам стварно има ефект ладењето со алкохол и вода. Тоа ми го покажа докторка кога беше бебе син ми, успеа од +40 да ја симне тт. Мм исто ги има изгледано сите видеа на нет за тоа како се симнува темп. упатен е многу, не спие по цела ноќ, паничар е голем ама морам да признаам и голема поддршка. Денес е добар, се е нормално. Се надевам толку беше, др. сиптоми освен тт и нема. Уште точно еден месец доаѓаме за МК. Не сум била една година но не се осеќам нешто возбудено како порано, по се изгледа не ми фалат свекорот и свекрвата
Дочекав од труднички муабети,да се приклучам во мајчински муабети. Бебе денес полни 7 дена толку малечко и кревко,едвај чекам малку да потпркне.Иста татко и,а тој жив затрескан за неа.Денес на педијатар сите мајките си ги облекуваат,кај нас обратно таткото си ги засука ракавите Ех му велам што ти е животот,од една точка во мониторот цело бебе имаме сега.А цела недела се мислев што да правиме со таа точка,сега сфаќам дека сме го направиле најдоброто.