Добро вечер Постот цел ден го пишувам затоа е толку долг Кај нас ништо ново. Малата пак и се растече носот па цела вечер и цел ден кашла.Утре ќе ја носам на др да ја слушне. Јас вчера заглавив на прва помош болка со бубрегот. Чекав од 15:30 до 00:00 . На крајот трчав во 00 по автобусот бидејќи беше последен па ќе требаше да си одам пешки или да чекам до 4:00.Катастрофа.Човек без кола е како без нозе тука.Со мало дете исто.На крај констатираа инфекција на уринарни патишта и добив антибиотик.Полесно отолку камења или песок Малата многу е смешна ги учи децата од градинка по име и само кажува некое. Пее песни омилена и е арам сам сам.Па врти со рачињата Минатата недела на игралиштето се изнаигра со едно детенце машко.Ќефови беше.А колку смешни беа на крајот си инамаваа рачињаОд почеток не сакаше да си игра со неговите играчи оти јас не и давам да фаќа туѓи ствари.Ама на крај се опушти и се изнаатрчаа. Од тогаш секојден одам во исто време на игралиштето за да може малата да си игра со него ама за жал ги нема Може ќе ги начекаме пак @eli25 среќен роденден се најдобро @Ano честито крштевка , вечно име на малото со задоцнување @Mari-Ja честито работно место , чекаме частовка и од прва плата Касно е веќе одам да спијам ама колку кој знаеДобра ноќ на сите
@zalosna Дали ќе можеш да ми пишеш порака? Сакам да те прашам што е потребно за спојување семејство во Базел? Маж ми има бугарски пасош.
Добро утро мајки..Бидејки нема никој да почасти кафе денес кафето од мене нека е Има за сите повелете додека децава спијат Деновите отсликанинеден на друг се вртиме во круг секој ден..Станување доручкување па цел ден надвор па ручање по некоја дремка по некоја плачка туширање уште малку играње и кревет..Секој ден исти пак исти..Мм денес пак замина за Скопје на терен..Сабота здравје ке си дојде.. Туку имам едно прашње до мајките во Германија Татко ми има бг пасош ке оди сега кај брат ми дали јас можам преку него да добијам некакви документи или не бидејки сум веке мажена и имам деца Ако некоја знае нека ми пише лп Имајте убав ден мајки
Здраво и од мене . Ке се послужам со кафето што сте го понудиле ,бидејки немам сила да станам да си направам . Се префорсирав вчера на свадба , играв како јас да се мажев Од штиклите нозете ме убија ама издржав мушки до крај Многу убавко ми беше , цела моја фамилија беа . Сите весељаци , лепота . Син ми беше само на почеток додека одевме кај невестата и после го однесов дома . Само ке го малтретирав да го носев со нас , мал е уште . Денес одмор дома, срека можам да си дозволам да си земам слободен ден кога имам потреба . Ке одам денес да испазарам за одмор некои работи кои ми требаат , да видам што ке се пакува како ке се пакува ..Да го искористам денот . За ручек ке јадеме пита, свекрва ми вчера измесила. А бе прсти да излижеш. Ве читам, зар сите мајки сте надвор од МК? Нема некоја од Скопје? или што живее тука ? Убав ден
Има бе, ама изгледа не сме толку желни за дружба Требаше од сабајле да одам да завршам една работа, ама син ми стана малку подоцна, па додека ги средам и наранам децава фатија жештините. Да сум сама одма ќе отидам, ама не ми се влечат децава по жешково. Еве средив по дома и сега во двор прскаме со пиштоли на вода. Маж ми вчера ме израдува дека наместо 10 дена ќе останел плус уште една недела, па можно е и ние да одиме следната недела кај него. Кај можеме да издржиме толку долго да не сме заедно, а да имаме шанса да бидеме?
Еве ме и мене од Македонија. Мислам дека повеќето си живееме во Македонија само слабо пишување, на „гастарбајтерките“ оваа тема им лежи повеќе изгледа. Јас немам нешто многу да пишувам. Деновиве стандардно минуваат, се одвикнуваме од пелени и тоа ептен тешко оди ама имаме мал напредок па не се предаваме. Едвај чекам Јули зашто тогаш одиме на подолг пат па ќе се одморам од напорната работа и ќе се посветам малку повеќе на себе, маж и на дете.
Добар ден Бебе спие, мама на фемина . Викендов и мене ми се фати слободен. Не шетавме многу ама си седевме домче сите заедно. Убаво ни беше . Се спремаме за свадба, во сабота сме. Ние се спремивме уште на бебуш да му купам некоја кошулка. Уствари дедо му изрази желба да ми купи па да видиме. Еден трошок помалце ако купи . Наредна недела пак сме на свадба Па на синко роденден, па крштевка... трошоци колку сакаш. Зборите за дружење. Ајде да направиме една фемимска собиранка. Јас сум за. Од Скопје сум, ако има некоја накај Ѓорче, Геге може да се дружиме и така тука немам нешто мн комшики со деца. Убав ден мами
Здраво мајки.Ние пак кај мајками.Предходната недела бевме цела и сега овие два дена пак.Малата заспа со 300 плачки ама некако убаво спие овде дека е поладничко без да се буди во меѓувреме. Иначе и јас приметувам ние од македонија слабо активни во темава,дурисе прашува едно време дали не има воопшто,претежно читам германија,словенија. Ех колку сакам и јас да сум таму,но на таа тема на мм не му се збори.Одма ќе се закараме.Многу сакам странство да заминеме,но тој не сака,не сака ни од градчево мало да се преселиме.Ако иде секоја ден патува до Ск на работа,не му се звори ни за таму да се преселиме.Таа тема ни е вечито за карање,но се надевам во иднина ќе свати дека греши и ќе дојди на моето Ново старо ништо,уживам со малата,секоја ден е се поинтересна.Ми расти девојчето.Многу сака деца,овде кај мајками има многу деца и само игра претка и вика по сите.Кај мм едно дете нема по улица да заигра. Одам мајки,дојде мајками од работа.Одам кај комшиката да испијан кафе.
Тревата е секогаш позелена кај другите. Ако си имате убав живот и сте релативно средени (скроз никогаш не може да бидете средени) може и маж ти да е во право. Од она што сум го видела и што го читам тука по форумов не е баш сјајно надвор од МК (особено не за странци сега во моментов со пораст на десничарите).
Добар ден! Дете спие, јас се избањав и седам така кулирам. Ручекот уште сабајле го направив, за денеска грашок е на мени и за нас и за малата пробирачка. Како јадеше се во последно време почна да пробира и не јаде се што ќе и направам. Абе уста не отвара и готово. За викендов средно жалосно да не речам никако, оти каде и да тргневме таа не сака да седи во количка. Тоа е исто нова фаза, таа и порано едвај седеше ама пак се наоѓаше начин да ја смирам и да и најдам занимации. Па тоа тегнење, плачење на сет глас и се извртува иако врзана целата дури може да се повреди. Бевме во сабота во поголем трговски со намера да разгледувам и пазарувам и цел ден ако треба да сме таму, со јадење спремно со се, со надеж дека ќе спие во количка како и до сега. За два часа си собравме парталите и назад. Ај што не седеше мирна, па и кога ќе ја извадевме од количка, трча, бега меѓу рафтови, се крие, сопругот нема шанси да ја стаса, човекот беше жива вода што од топло, што од трчање по малата го ожалив. Едно време пробуваше и надвор да ја шета, ја носеше и на фонтана и на други занимации ама детево како моторче во газот да има, сите деца одат нашево трча како да е на маратон. Вчера исто не снајде на шеталиштето кај што живееме, сакавме да седнеме некаде на сладолед или на пијачка, немаше шанси од нејзините итроштини. Реков не ја носам веќе никаде освен во двор во песокот или на базен само таму е ок. Одиме наскоро во другото дома и остануваме на подолго да наполниме батерии. Се надевам и на еден краток одмор на море па од септември здравје враќање во реалноста ќе правиме. Убав ден на сите.
Добар ден. Подобро ќе беше да не му кажам на ѕверот дека ќе одиме на роденден, ме дојаде, на секои 5мин. ме прашува кога Знам дека ќе му биде забавно, ако не друго барем ќе се истрча во игротеката а, богами и јас со него Овде има некој вирус безвезе, сите деца го поминаа. Прво тт потоа црвени точки (налик на варичела) по телото. Педијатарот рече дека името е ,,петта болест,, и е преносливо, среќа поминува самото од себе без никакви лекови и за брзо време. Друго, во петок одиме 3 дена на море, да видиме како ќе реагира малиот. Проблемот е за спиењето, кај и да е за спиење сака само дома Минатиот викенд бевме на планина кај пријатели, малку фалеше да си тргнеме на полноќ бидејќи не се залажуваше никако, тоа дека мм одма се возбудува ама јас не попуштив Ако оди се според планот и да нема плачки потоа може ќе одиме и на повеќе денови. Одам да го спремам за роденден малиот, не знае веќе што да измисли само да се тргне на роденден
Добар ден и од нас синоќа си дојдовме дома и одма со средување дури 3 машини сум пуштила па сменував постелнина и си легнав а и мажето ме освежи затоа до 11 спиевме со синко тој се разбуди накај 8 го зедов во спална и пак заспа . Чудо од дете имам кога се буди уште не расонет се исправува на креветче. Денес турбо со обврски отидов да ја обновам возачката па пола град го свртев да најдам сјај за шишињата и не најдов ужас па пазарев за дома за нас и за синко кога не сум дома ептен мм штеди . Утре ќе одам да се сликам па после ручек ќе одиме на мал шопинг за синко немаме бодиња на кратки и летни пижамки ги гледав на тритекс сакам целосни да земам па после ќе одиме во игротека на роденден кај внука и така а и за фарбање сум само се мислам кога да одам и дали да се фарбам ова плавава боја беља работа е . Главата ме боли и левата нога стомакот исто така сега после 30ка полека се ќе боли а и ќе боли кога работам како коњ се да направам како утре да нема никако умот да ми дојди ,излегов да фрлам ѓубре се фатив за цвеќината да ги вадам и трева корнев и рузмаринот го шишав се за 10 мин па кога ќе стане синко ќе продолжам убав ден на сите
Добро вечер мајки. Ме нема, па ќе се изгубам. Деновиве турбо ми летаат. А уште два дена дома со синко и почнувам на работа И утре скоро цел ден нема да де дружиме. Ќе имам жена за чистење, па синко на поседок кај мајка ќе оди. Фала на сите за честитките. Читам редовно, ама некако не се наоѓаше време за пишување. Еве и сега во кревет се спремам за спиење па викам да ве поздравам. Накратко деновиве подновивме балкон со цвеќиња. Не можевме да се одлучиме па секоја саксија различно цвеќе битно убаво ми е. Креветчето ни доби боцки, па се мачиме да легнеме. Ама не се предавам. Го оставам кратко на спална, па го враќам во креветче. И така во круг. Ај отидов да поспијам малку утре ме чека долг ден. Чудни сме ние жените. Плаќаме жена за чистење и барабар со нив се фаќаме. Имајте убава вечер. @eli25 со задоцнување среќен роденден. Верувам најубав ти бил.
Здраво мајки. Тука сум, ве читам но немам време од скитање да пишам. Има некој за кафе ако има нека повели,за мене трето од сабајле. Синко спие,треба дрвата да ни стигнат и ќе го разбудат. Но барем едно гајле помалку ќе имаме. Да не му ја мислиме за в зимо. Ние сме добри, викендов малку излезени на гости но и со гости дури од странција. Малку ми дојде напорно тој ден. Мм наработа цел ден, само си дојде на 2чааа да се види со гостите и пак замина. Трцај до маркет, трчај сецкај реди одредевери, салати, мести маси, трчај по дете, ручекот беше од свеки . Тоа е помош и тоа голема. Малку напорно ми беше но сето помина во најдобар ред. И нас секој ден ни е копија на предходниот.Наутро некој сат дома до појадок, некој сат надвор додека не фати жешкото.Потоа дома играме, синко го заспивам и се пуштам во работна акцијата. Која трае од сат и половина максимум три часа, зависно од спиењето на синко. Но еднаш секако го призаспивам.. Некогаш не знам што прво да фатам додека синко спие . Откако ќе се разбуди ручаме се спремаме и низ врата или во град или скитаме низ населба. Ги мериме улиците се додека не дојде време за вечера, туширање(строго преку два дена) и во кревет. Денеска го капев надвор, не ни сети нешто беше заигран со животните. Сега па не сака да излегува ни од корито ни од базент, подобро нека седи и нека шлапа отколу со плачки да го купиме. @eli25 Среќен роденден со задоцнување и од мене. Сите желби да ти станат реалност.
Здраво мајки Кој не сака дружба?!! Сакам и тоа како! И децата сакаат ама слабо нешто.Нема човек со кого два збора да си каже.Па затоа секој ден гледам нешто интересно или некоја занимација да им најдам. И денес и овие неколку дена зад нас им полнам базенто на тераса им ставам и лизгалката и се бањаат.Посчле спијат јадат.И пак по надвор сме дур се стемни. Јас да ви кажам ич не спијам.По цели ноќи се вртам превртувам и очи налегам ама сон не доаѓа.Ни преку ден.Ми се чудат тие што знаат.Еве и ручек направив и исчистив и си наместив слики во новата рамка. Вчера средував плакар во спалната и си ги наредив и закачив сите алишта. Од сабајле бевме до градот средував некои документи.Децата во паркот со дедо им. Еве станаа. Убав ден мајки...
Хелоу девојки Не сум пишала одамна, ништо посебно ново. Распуст почна малово пресреќно што и е брат и дома, се заигруваат доста па кога ќе му здосади ја откачува и се обесува на компјутер. Ама му оставам обврска бар по 10тина страни книгички да чита, уште да му ги набавам лектирите сега чита нешто што најдовме по дома интересно за негова возраст. Читајќи наназад баш на ова помислив а ти си напишала веќе, дијаспора јунајтед Нормално е кога си некаде подалеку да си бараш некој *свој*. Заспа зверка конечно да пуштам една машина и вајда ќе спијам, жешко некако
Добро утро мамички? Како сте? Одамна немам пишано ,еве да ставам по едно кофи .Ви честитам родендени,крштевки се што сте славеле,за убаво нека е само Ништо посебно не се случува,освен што бевме една недела на одмор во Црна Гора,да ви кажам преубаво си поминавме,се плашев околку патот што како ,дали ќе издржиме ,ама се беше супер и малава пријатно ме изненади.Времето беше топ и се бањавме,на плажа имаше народ ама не како во сезона џган туку баш пријатно ,релаксирачки да си одмориш, шетавме многу и Будва,Котор,штета што немавме уште време да си поседиме,ама здравје следен пат. Инаку околу дружба гледам сте коментирале,јас секој ден се дружам со мајки низ маало,имам тука во близина пријателки што од градинка на детево,некои комшики,во глобала има многу деца и покрај нив и ние се дружиме,секој ден сме надвор излезени ,они си играат ние се муабетиме .Обично и тука тој дел кај Капитол и Бисер знаеме да шетаме,така да може и некоја Аеродромка од форумов ќе не препознае,па ако е за дружба бујрум. Моево девојче цело време ми бара братче или сестриче,па така кое бебе и да го видиме она не се одлепува од него,ги гушка,гали ама мама уште не се дава. Поздрав и убав ден