Добро вечер конечно и јас да седнам рат додека се пече лебчето од утре ќе почнувам со хроно исхрана вака не се може повеќе . Синко добар е само на вечер незнам што му станува се буди и одма се исправува на креветче и вика па го земам до мене заспива па пак назад и сабајле пак исто.Друго нема ништо стандарт секој ден во петок ќе одам на снимајне за рамово и ногата да видам што е работата.Саботата бевме на матура поканети а денес сами со синко на пазарење тато мораше да оди на работа ми се пие кафе кој е за нека иди
Пред спиење ве прочитав па ајде и да пишам. Мене уште сон не ми иде па дремам на фемина. Денот го избуткавме некако, малку бевме со гости па големата се изнаигра, па малку низ маало шетнавме и дома се прибравме касно. За тоа како готвам со дечките низ дома можам да кажам дека се снаоѓам некогаш полесно а некогаш посложено. Бирам лесни јадења за спремање оти немам баш време за плескање во кујна. Ама некогаш и обичното пржење јајца знае да биде комплицирано со бебе кое порано се разбудило. Воглавном готвам кога беба спие, дадата е голема и не смета во таа моја обврска освен кога јас сакам да ја вклучам во матење јајца , требање ориз и сл. За коса ич да не ви кажувам каква сум. Пола оќелавев дека дојам, сега гледам ми расте нова коса па како глуварче сум во главата, ич не си ја сакам. Иначе пеглана ми е добра ама кај време за пеглање да најдам. Добра ноќ мамици! Се читаме утре!
Добровечер мајки, да ја сефтосам и јас темава. Малата спие веќе 3 саати, мм гледаше тв и тој заспал во дневна, изнервиран од Бразил денес на светското , а јас на жештиниве зедов и да печам лиснато со сирење и спанаќ. Место да дремнам дури спијат сите, мене место не ме фаќа, а после уште рано ќе почнат ми се затвараат очите. Утре одиме на одмор. Се си велев не се товариме многу, не земам непотребни работи, и на крај пак ај уште ова, ај уште она. И се си мислам ќе заборавам нешто. Да си направам едно кафе најпаметно ми е. Треба да мијам садови, да потсредам малце оти кога ќе се вратиме нема да знам од кај да почнам. Ќе се изнаигра малата, изнакупивме играчки за на плажа, само времево да не се збудали гледам за среда дожд можно е да има. Доста е како за прв пост, па ќе ве дружам овде почесто.
Добро утро Оддамна не сум пишала утрински пост,со кафе повелете Од сабота навечер синко е со тт носе му течи ама не кашла Што да мислам незнам Денес е подобар ама ќе закажам термин кај матичен и ќе излажам дека 3 дена е со тт Ако не направам така нема да му земе крв Ќе му предложам и да не прати во болница на испитувања,да видиме што се случува со мали,константно е болен Терапии со месеци прима,многу се плашам за неговото здравје Ја однесов Могли во градинка сабајле,едвај Нормално мм ја носи па застана дете на скали и го бара него Тата ком,их најн мама (со татко и ќе одела не со мама ) Многу е приврзана за него Спие до него, си се хранат,дури некогаш и на работа ја зема со него Додека е на работа обавезно 2-3 пати се гледаат на камера Мали е син мајкин без мене ни секунда не останува Не седи со мм никако,со никој Во јануари треба да почне со градинка па мислам дека со него ќе оди потешко адаптирањето Ако оди како треба планирам да барам работа,на пола работно време Да го сменам секојдневието Друго се исто За перење еден тон алишта па ќе се насоберат денес и за пеглање За чистење такоџе Него едвај чекам да добијам Пијам контрацепциски ама за време на циклус правам пауза Мм мисли дека има направено нешто што не би требало (баш тогаш) Па ако сум толкав баксуз да бидне нешто ќе се обесам Имав желба за 3 ама полека почнав да ја губам Нервите ми се на резерва а за деца треба мноооогу нерви Ај сеа чао
Обавезно нешто се заборава Јас заборавив чешел па барав по маркетите и најдов еден за 2.5е не е лош ќе користи Плус мм ,,си заборавил,, ноктарица и шампон ноктарица купи, а шампон не, се бањаше со мојот Убав помин
Хелоууу...помина и нашата крштевка. Добро поминавме се до делот со бањањето. Плачеше...мада попот и фотографот викаа ова е бебе што не плаче. Предходно го гледаше и слушаше попот внимателно. Ама и се спиеше. После тоа си заспа и се беше во ред. Ама напорно, добро што решивме да правиме одвоено од роденденот. И искрено што помало бебе за крштевка тоа поубаво. Друго нема....
Добро утро мајки Бебе се успа, затера саат ипол веќе, па ај дур имам време да пишам некој збор. Кафе испив, издигана од пред 8 сум. Сега второ сакам да пијам, ама чекам прво бебе да нацицам Инаку почнавме со вкусови, педијатарот даде зелено светло, и еве денес трет ден како ќе јаде јаболче. Првиот ден едвај лижна, вчера смува 3-4 лажички, па се надевам денес уште повеќе. Ќе давав нов вкус денес, ама се успа бебе, касно ќе е после. И така, друго ништо ново. Се договарав со другарка за во парк денес, ама мм мојата кола ја земал, а во неа транспортерот Што му текнало не знам, може ќе ми ја измие А и онака е мутаво времево, ќе врне гарант, па ај во дворче ќе ја симнам бебка да ја ранам. Па после планирам до Сити мол да тркнам да шетнам малце, да се подновам нешто Купаќи сакам, иако веќе купив едни Сите стари ми се големи, послаба сум од пред бременоста сега, и газот ми го нема Се ми е големо, цела облека, ама се снаоѓам некако - или каиш ќе ставам, или измислувам чудесии, мада и каишите ми се големи сите. Ете, тоа морам да си купам. И сакам тексас кошулка да си земам, имав една и маста и ја извадив, обеле цела. Па и за бебка да земам некои работи сакам. Свеки ќе ја чува додека ме нема, се жалеше вчера дека ич не ја видела, па ајде, ете нека ја чува, а за мене прилика да прошетам малку. Би си ја земала бебка со мене, ама немам транспортер нели Ете тоа е женички, бебе почна да мрда, па отидов да спремам кашичката. Држете палци денес да е полакома Убав ден на сите
Добро утро женски! Се разбудив со ужасна главоболка. Се напив апче и пак сум заспала. И пак ме боли глава. И ми се спие. Изгледа притисокот ми паднал. А не можам да спијам од децава. Многу се гласни. Малиот е настинат и не го носам во градинка. Од вторникот почна да кашла. Во четвртокот го однесов на лекар и докторот му препиша антибиотик. Му го даде за секој случај, дека идеше викенд. Среќа што нема температура. Му дадов во петокот и саботата. Го исфрли шлајмот. Свекрвата ми го земаше поголемиот од раце, ама и го дотерав умот. Дури и се мешаше околу облекувањето и хранењето. Сега не смее да помисли да ми ги земе децата од раце. Се знае кој е мајка, а кој баба. Ако сака може да си поигра со нив, ама да се однесува како да им е мајка, не смее. Треба да одам на разговор за работа. Дај Боже да бидне работата. Дома не се седи. А и пари требаат. Плус тоа, блиску ќе ми биде. Нема да плаќам за превоз. Имајте убав ден
Добар ден мајки..Да напишам некој збор додека малиот е заигран (тоа ретко се случува)а дадата е долу кај баба и..Деновиве децава ништо не јадат само бараат вода и сокче им начравив цвекло и лимони па пијат многу..Кога ја читам @Mari* со керка и исти сме и ние само со синко се нешто да се бара беља да се направи секаде се качува се пентери..Не рипа на трамболината туку од надвор се држи за мрежата и оди по страните исто ко мајмун и го плеснувам по газе некогаш и по раце но ме нервира тоа што и тој возврака мава тепа..Пред некој ден отидовме да им купуваме сандали во количка вришти пушти го бега ке собори нешто по излог..Тој бега јас трчам по него керка по мене плаче го фати една продавачка вели чие е детето па другата до нејзе вели еве трчаат сигурно по него На едно место собори едни балетанки па кога не подбра продавачот си велам оди си дома дека некаде и котекот ке го изедеш..Па сега и преку ден не преспиваати двајцата главата незнам кај ми е..Попладне кога си иде мм од раб не се делатнод него ама тое многу малку тој додека се истушира јаде и 20ч доага а тие околу 21 21 30 заспиваат па спијат до 10 некогаш и повеке па затоа и не преспиваат преку ден..Туку мајки до која возрст ви цуцаа цуцла децата..Керка е 3г и 3м па сите околу мене ме напнуваат да сум ја одвикнала забите ке и се искривиле но таа не сака никако а и не сакав да ја форсирам мислам дека таа сама ке се одвикне бидејки само за спиње ја цуца или кога плаче и нешто не и е по кеф пред народ се страми и не ја цуца..Тоа е мајки имајте убав ден
Здравооо друштво подолг период ме немаше али ве читав јас кафе малата спие конечно можам да кажам дека сме подобро и со настинки и со вирус душата ми е мирна сега уште да се вратиме на она кога ми ручкаше се ќе биде уште подобро нека стане па ќе одиме да земеме поздрав од татоо душаа моја сеуште го тражи ајде уште малку и од тоа остана после ќе сме заедно утре сме на роденден цело време си збори нанана дека ќе пееме песничка тоа ајде кој е за кафе
Леле од кога не сум пишала во темава Ќе искористам сега дур спие бебе. Се некако не ми стига време, а не дека нешто посебно правам, ама ете, само читам нешто набрзина шо ме интересира и толку, а мм само ми вика цел ден си со телефонот, нема врска. А јас цело време само рецепти барам, само се мислам шо за доручек, ручек за бебе, па ова јадеше вчера, па барај по лупа шо можам сега да дадам, абе хаос сум цела, преокупирана сум само со то. Требаше саботата да излезиме, мм вети вечера, ама преместивме за сношти. И ко за баксуз не фати еден дожд, истури. Среќа се скривме под една тенда и си дремевме тука едно 40 мин. Се изнервирав в крај. Му викам или да си се вратиме дома или да тргниме некаде веќе. Ајде малку преврна и стигнавме мааалку водени. Па демек ај дома ќе си се стоплиме, аха да, кома двајцата, станати од 6. Бебулево мое утре ќе полни 8 месеци, значи вистина ми викаа дека лета времево, не осетив кога ми порасна. Секој ден е се поинтересен, само го снимам, го сликам, смешен е многу. Ко ќе сака да го кренам ми ги дава рачињата и ми вика опа. Или вика или јас така си замислувам дека вика. Како и да е, не можам да се изнаиграм со него, да го изнагушкам, се чудам како ќе почнам на работа, како ќе го оставам по 8 сати. А еве го јули Сте правеле муабет за коса. Јас се шишам 2-3 пати годишно. Толку и се фарбам. Сега последно се средит пред 2 недели, веќе не можев да се гледам. А боја не бирам, само седвам, му викам како сакаш прај ме. Многу му верувам на мојов фризер зошто таму работев години, знае шо сакам и секогаш ми е по кејф. Сега ја стемнав цела, доста ми беше од прамени и од омбре и сомбре. Туку ај доста е, еве бебе ваљда ќе се буди па да му дадам ручек, се надевам ќе го бендиса, обично зеленчук помалку сака. Поздрав мајки, имајте убав ден.
Здраво мајкички ве нема ,некако слабо време за темава имаме сите летово .Јас од денес на боледување па додека спие синко викам да ви пишам да ве поздравам .Бебе вчера цел ден плачеше ме викнаа од работа си дојдов порано и правец на лекар ,матичниот вика ништо не е најверојатно плачење од забите ,за да по два саати на бебе му отече куренцето па хитно отрчавме во систина ,од што не му било доволно отворено фатило инфекција па му го отворија му го исчистија ,јас од што неможев да догледам припаднав ми се слоши .Многу сум си лута на себеси ,а и на матичниве лекари на секоја месечна контрола ги прашував за курето и се ми викаа дека е добро да не пипкам ништо повеќе . Тоа е што е ,само со помин да е . Викендов истеравме две преубави и весели свадби.Тоа е ајде бар една недела ќе си поседам дома со синко ,ќе си се погушкаме Убав ден на сите
Добар ден .Има ли некој на темава Ме нема една недела немам ни што да пишам.Малата беше настината пак кашлица за вчера на контрола ни кажат црвено увце и да си добиеме антибиотик. Поарно можеби ќе се смири кутрата плака цело време и леже на земја.После 2пат антибиотик се врати детето во нејзиното лудило со скокање рипање и лудување. Нешто ја фатило некоја фаза ништо не слуша или до увцето е Скока на креветот и се растува од смеење.Се што не треба тоа прави.Татко и мисли дека од што ја гледа Маша е станата темпераментна, а шу убаво си слушаше Готвам обично кога спие уште од бебе.Па немам проблем околу тоа. Затоа па јас не спијам и останувам уморна. Пред роденденот нејзин ќе ја мениме групата бев на родителско онаа недела ама не сум многу воодушевена од новата воспитувачка и просториите.Се надевам грешам Новата група ќе и биде од 2 години па до 6 .Има големи деца и се плашам како ќе се вклопи А кое дете не сака поголеми децаА сега и зборам еве ти си голема веќе треба да мочкаш во нокшир и ќе те префрлиме во друга група со големите деца.Колку разбира не знам.Почнавме полека да трениране со нокширче ама нема многу желба изгледа ќе потрае процесот подолго Сама си соблекува боди и памперс легнува на земја прво постула нешто и зема вода и се брише Сама веќе неколку недели си ги облекува сандалките. Вратата ја отвара ама е многу плашливка па не излегува надвор до дека не излеземе и ние или не и речам оди иде мама. Тоа е мајки имајте убав ден
Добар ден од мене. Одморот заврши, си се вративме во нашата дома (така вели синко) Еве, додека чистам седнав да одморам и да ве поздравам. Одкако се вративме пералната не престанува да врти, се нешто има за перење. А и, кога не си бил дома неколку дена некако прљаво ми изгледа па се фатив и за крпата. Ѕверот спие. На морето почна да преспива пак, дали од жешкото или од водата се заморуваше па му доаѓаше дремка и заспиваше сам, ( што не беше случај прво) па нека си тера така подобро и за двајцата Пред заминување на втор одмор гледаме да ги завршиме сите важни прегледи на малиот. Вчера имаше две, другата недела има уште еден. Еден товар ми се симна, барем тироидната е во ред. Чекам и трето мислење од хирург за една мн.важна работа поврзана со синко, се надевам на позитивен одговор. Периодов бараме градинки на големо, нема место ни во една. Вчера бев во најблиската овде што ни е приватна, нормално. По се изгледа таму ќе го запишам синко, не може повеќе дома да го чувам со мене. За некој месец ќе полни 4год. а место немаше ни лани ни оваа година. Убаво се распишав Поздрав жени.
Ауууу некако сте ја запоставиле темава Не дека јас сум пододобра и пишувам редовно Ајде да почастам кафе има и жештоко послужетесе кој што сака. Ние болни труп.Прво јас,па синко па 2-3 дена беше подобар па пак жср црвено грло и со тт.Само незз од каде Ве читам секојдневно ама некако немам време да ви пишам. Да ви се пофалам станот ни е при крај од големото се заврши уште ламинатот,вратите и да го полниме внатре.И да одиме да ушиваме во него. Да се јават @kristina.k @BirMelek @orhideea @Sunshine_1979 @mariz ретко ни пишува. @Kitten ја нема да се пофали како се со новиот член. Засега толку од мене вика синко да сме играле
Здраво и од мене, периодов не сум во форма ама јбг има и такви периоди. Дома стандард шема, моето и плус две внуќиња хаос е, збеснува ги гледа што прават па и она повторува, мисли способна е, ама за некои работи само си мисли. Битно пресреќна е со нив. Сега гледам колку е убаво но и колку е напорно со повеќе деца дома. Неззз дали би успеала да се справам со три мои деца, скептик сум, за две ке смогнам сили а за трето и поим немам. Лека полека времето си минува, го чекориме 22месец, мислам 21 полн па заради тоа полека го газиме 22, ми порасна бебчето, ептен е маза, се гушка, се бацува, цуца права, срце да ти се наполни. Размислуваме каде на одмор, некако сме повеќе за втора половина на август, мада порано не ни можам да одам, некако се мислиме за Турција со авион да одиме, ама незззз како би било со збеснотијава.... од некои работи мн се плаши, панично се плаши, па ја фаќа момент на збеснување и трчање и исе во склоп на мало дете од близу 2години. Дајте некоја препорака, времето си оде, луѓето горе долу си резервираат додека одлучиме и место ќе нема за нас. Инаку знам дека три дена после одмор одам во Банско, на прав одмор, да се одморам, да здивнам од се па да се вратам дома, за мене тоа е одмор, хотел, алл ин, базен, спа, игротека се на едно место. Поззз лепотици посао зове!
Јас во тешки депресии сум мислам, ваков период не сум имала... пијам дијазепами дури Не би да се жалам, а и време немам.. сама сум со маливе по цели денови. Еве сега мафини печам, двајцата се будни.. малото во хранилка, а батково залепен за мене На форумов ретко да улетам, за совет и некогаш ке се излажам и слика некоја да ставам, мада и тоа ке престанам... зашто има личност која упорно ги скока моите слики и баш и тоа во периодов некако ме погодува, ај мене што не ме сака не ме сака, но децава па не заслужиле, си знае сама која е и нека знае дека тоа сум го приметила Имаме доста тежок период, па се надевам и за брзо ке помине, зашто јас се стопив буквално, ке ме снема. Од што сме нервозни дури и малава е нервозна, не сум видела толку мало бебе да удира нервозно по се што е пред неа и да се дере Ке пукнам што е се вака и незнам ни како да си помогнам. Знам дека е поради се што ни се случува, па само нека поминува брзо периодов! Само викам некој на гости, одам ги шетам на целодневна кај тетки, сестра ми... зашто за сама не сум баш. Викендов план имаме да одиме до некаде, сами јас, мм и само синко, а дада му ке ја чува баба. Малку и он да се изветрее, да му се посветиме и да подишиме некаде свеж воздух. Знам дека ке пукнам за малава што нема да ја земам, но ни треба малку да се олабавиме и баш него да му се посветиме. Па крај на Август ке одиме сите 4ца на море. И така доста е од мене, никој не би сакал ваква да ме чита Гушкајте си ги дечињата, нека се само здрави и живи
@mariz мила ќе се караме. Какви дијазепами,какви депресии Знаеш дека на крајот на секој тунел има светлина,и дека после дождот секогаш изгрева сонце. Така и вас ќе ве огрее за брзо Шетај,релаксирај се,кога ќе се приберат сите од раб остави им ги децата на саат-два посвети ги на тебе,на нешто што те релаксира. Тео и Сара саакаат расположена мајка. А за други ич уше нека не ти слуша. Злобни имало и ќе има,вие терајте си го патот како вас што ви одговара.Батали ги другите и немој да се секираш и за нив си имаш доволно други свои грижи. Се надевам со нареден попозитивен твој пост и дека невремето што тлее над вас веќе заминало далеку. Ве гушкаме hug:
Добар ден мајки . Ајде време е за кафе . Еве од мене за сите по едно морско . Само на кратко да ве поздравам . Да не ме мислите уживам и пливам Исто и дете Штом се вратам дома ке пишам повеке . Имајте убав ден @mariz те погодува некоја особа од тука ?? Не се замарај.Јас за повекето имам убаво мислење но некои толку лажат и измислуваат тоа е чудо . Згора на се отвараат други профили ,па се преставуваат различно .А се толкууу проѕирни .Како имаат време Уживај си со децата
Гутен морген мајне даме Пред малку станав. Редно беше да се наспијам како што треба. Им правам доручек на децата, па после ќе излегуваме. Одмор оваа година нема за мене. Најверојатно ќе почнам на работа. Здравје Боже, другата година ќе одиме. Главата пак ме боли. Се нервирам со притисокот. Врмево е катастрофа. Во неделата истури и сите алишта ми ги наврна дождот. Морав да ги оставам уште еден ден за да се исушат. Од играчките се ослободив. Ги оставив само оние со кои највеќе си играат, другото во кутија и во подрум. Па не се трпеше веќе. Само ги расфрлаат низ соба. Пак ме чека работа дома. Нема крај чистењево. Ретко имам слободно време за себе. Имајте убав ден