Леле водата во позадина аууу убавини значи ,да се избањаш и да се изнауживаш и за нас Здраво и од мене ,синко спие јас пијам чај на топлово ама луѓе ме фатило дали некоја настинка дали некој грип крш сум вчера вечерта со температури,трески секоја можна коска во телово ме болеше мислам дека одвај издржав ноќта ,па сега витамини ,бруфен чајче па се надевам ќе се оправам Си викам јас на боледување за детебо сум ,а плус и јас се разболев тоа е ќе помине . Незнам дали ви се пофалив (ако сум ви кажала веќе не ми замерувајте пошто малку сум заборавена ) закажавме крштевка и прв роденден и фотостудио ќе правиме фотосесија пред роденденот Сега треба да почнам да барам некое фустанче за мене во морнарски стил сакам се надевам ќе најдам нешто ,а и искрено се надевам дека ќе симнам некое килце за месец дена па фустанот поубаво ќе ми стои @mariz се ќе помине не се секирај јас Сара си ја сакам за снаа ја имаш најубавата кукла на форумов да знаеш Убав ден на сите
Добар ден и од мене. Деновите ни се како и секој ден работа дома и обратно. Туку дај кажете некој сируп или незнам што за апетит децата ич не јадат малата едвај 2-3 соленки и млеко само а па големиот само во градинка јаде дома ич многу се нервирам за тоа. За некоја недела одиме на море едвај чекам да се тргнам малку од тука и да се посветам на семејството да уживаме и шетаме. Денес на план ми е да направам еден шопинг ама планот дали ке успее зависи од мм т.е. дали ке се врати од работа во договореното време оти во друг град треба да одиме тука кај нас ништо избор нема. Во сабота ми е роденден може мм ке изненади со нешто останува да се надевам.
Добар ден мајки Малово деновиве почна многу рано да станува.И многу ми се спие.Големиов легне касно а маловп стане рано.И никако. Вчера бев до градинка.За малото ми се јавија.Земав документи.Сабајле го носев за брис и потврда од вакцини.Во понеделник се враќа матичната и да ми потпише таму еден лист и ќе го запишат малиот. Се плашам многу знам дека ќе се разболува но само тоа од лани да не се повторува. Може ќе се привикне полесно.Па баткото после од септември здравје.Значи лудница се стварно овие со тие врски аман веќе. Па може и некоја работа ќе си најдам ако е се ок со синко у градинка. Ново и ништо нема. Секој ден е тоа па тоа.Јадење чистење шетање со децата време да помине. Ќе си правам кафе. Не можам да функционирам вака кога не сум наспиена. Убав ден на сите....
Знам да испијам за да спијам... неможам да заспијам навечер, а претепана од умор сум, може психички умор е повеќе, но легнувам и не ми се мрднува со прсте, а во сон никако да паднам А и кога спијам, на штрек некој сум и само глупости сонувам. Нешто ме гуши, тахикардии ме маваат. Толку вријам што ми доаѓа да се качам на планина и да се изнавикам најгласно што можам. Преморена сум и само ми се плаче. Па мислам и децава ме осеќаат, па и тие напнати. Еве сега бев до надвор, прошетав малку, испив едно кафе во комшии, па сам ми побара малиов да си одиме.. се изморил Дојдов дома, легнав на спална со двајцата и одма заспаа. Па да земам да го исчистам нередот од сабајле низ дневна и кујна, па да наместам постелнина во собата на синко (ноќеска се измоча, многу често почна да моча во сон периодов, а ич не мочкаше со месеци). Фала што ме помисли, исто и јас сакам да пишам нареден пат дека сме подобри, дека е подобро и малиов и дека се што преживувам сега поминало @VedaG10 уште одамна се разочарав од форумов. Јас искрено кој и да познаам, ке му кажам, не сакам да сум сталкер и тастер. А за жал тука таквите ги има...
Добар ден и од мене. Значи времево катастрофа,секој ден променливо и сите сме ко успани на работа и со низок притисок,дури ни муабет не си правиме од што сме успани. Свеки ми е на гости па малата си седи со нејзе дома,и јаде по сто пати во ден.Се научила во последно време само" мамо да ти кажам нешто" и нон стоп збори,уста не и се затвора,или пее. @VedaG10 на здравје кафенце и уживај максимално @mariz претпоставувам како се чуствуваш,сето ова ти дојде премногу со испитувањата и плус дека си со две мали деца по дома,ама верувај ми ќе помине,колку пати сум имала вакви депресивни мoменти и за среќа брзо поминувало благодарение на тоа што имам маж што ме разбира и подржува,а верувам исто и ти,ќе се растераат облаците.А за тоа што сте одлучиле да отидете тројцата на викенд ич да немаш грижа на совест ,добро сте направиле и на тебе ти треба малку одишка,и јас го правам истото кога ја праќам ќерка ми кај баба на поседок за да наполнам батерии,впрочем на секое дете му треба позитивна мајка.И ослабната си да,те приметив на роденденот кога бевме,ама топ си . Поздрав мајки
Од роденденот уште две кила минус Абе во телото сум добра, сакам да сум слабичка Ама во лице испиена, како тажна и пропадната, шлапај шминка и пак на ништо не личам Ама мислам од умор сум ваква, ваљда нема ваква да останам... Инаку уплативме во Сандански, малку пак лошо се осеќам што без неа ке одиме, но ни треба премногу ова, фала ти што ме поддржуваш
И јас сум разочарана од форумов. Некои членови си прават што сакаат, а тоа се толерира. Не ми се допаѓа тоа. Веќе 8 години сум на форумов (со пауза од 2 и пол години) и можам да кажам дека многу активни членови веќе не пишуваат. Јасно е и зошто.
Добар ден. Малата заспа, јас читам по малку. Ми станува се попргава и потемпераментна, само ме убедува за нешто. Ако нешто не и одговара да слуша одма го менува муабетот. Дете, се пентари кај стигне, сака да рипа, да трча, да игра... Што е и нормално, нели. Само ја фаќам за секунда глава да не скрши. Нема ништо посебно, си врват така деновите, децата растат, ние си старееме... Јас имам препознаено некоја од вас, но не сум се претставила, ниту ќе се претставам. Ваш избор е да си ставате слики, по кои нели, некој може да ве препознае, а и мој избор е да сакам да си ја зачувам приватноста и да не се претставам. Исто како што можеби некој би ме препознал по пишувањето, но не би сакал да се каже поради својата сопствена приватност, тоа си е негов избор. @mariz нормално е така да се осеќаш по сѐ што помина, дај си малку време, не се оптеретувај психички, не е многу возможно знам, но колку може треба и психичкото здравје да си го пазиме. Имајте убав ден.
Во право си да, но бар на член од семејството/фамилијата ке се претставам. А не за да избегнам кривица па и нови профили ке правам и ке се правам дека сум нова. Па и ке лајнувам постови, слики на сите други можни деца, бебиња и членови, а внуците ке си ги скокам. Тоа е, како си сака така, може дека сум ептен емотивна периодов па и тоа безврска ме погодува. Знам дека ке помине, ама многу се плашам додека да помине да не остави некоја лоша трага на децава, стрес неубав... нека биде само пократок период!
На член од фамилија никогаш не би се претставила. Не по се што имам изнапишано. Инаку и тие што сум ги препознала мајки не се знаеме лично, па веројатно не сум почувствувала и потреба да се претставам. Но, тоа со сликите и профилите не е во ред. Пиши ми порака ако ги користи двата профили истовремено, тоа е против правилата на форумот. И се надевам дека што побрзо ќе се среди се, силни сме ние на крајот секогаш, а којзнае силата од кај ни иде.
Добар ден! Дете спие ја чекам да стане уште малку и да продолжи со лудориите. Прееска пред спиење од некаде огромна енергија и дојде па скокаше по спалната, се смееше на сет глас, дури почна да ика од што се смееше силно. Јас сум мртва уморна, незнам што ми е нон стоп ми се спие. Секоја вечер се порано си легнувам, едвај очи отворени држам. И што е најстрашно се повеќе ми се спие, дури и преку ден, мислам да легнам и да немам обврски два дена нема да станам. А малата фала богу не се буди веќе толку често преку ноќ, еве неколку ноќи по ред си сврзува до сабајле. Па и сабајлево некои киселини ме утепаа. Почнав да си правам филм да не сум бремена, ама најмалку што ми треба во моментов би било бременост, се тешам дека не е оти првата бременост немав никакви симптоми. Скоро проверував крв и беше ок, незнам од што може вака да ми се спие, никогаш во живот не ми било вака. Инаку веќе куферите се пола спакувани, пак некои обврски да се завршат, па и гости и денес и утре ми се најавија, плус комшивката пак ми ги довери цвеќињата додека се на одмор и така весело е. Не сум баш во тек со муабетот за препознавање на форумот, релативно сум неактивна иако пробувам да се активирам, не следам се од причина што немам искуства со форуми и неможам да стасам најверојатно. Ако сакам да се запознаам со некој или некој изрази желба да се запознае со мене и тоа се случи сметам дека е сепак приватно меѓу мене и таа членка, едноставно нема потреба да би било поинаку. Ако ставам слика ќе очекувам некој да ме препознае а дали ќе ми се претстави негова работа, мене нема да ми смени ништо тоа. Имам препознаено до сега две членки, не се активни на оваа тема, со двете се знам лично, а со едната баш од многу одамна и е популарен член на форумот. Ја открив по сликите и можам да кажам дека е таква како што се претставува, не измислува ништо, барем кога налетам на нејзин пост оти ретки се, а јас не сум и се претставила оти ми е глупаво еј те знам на фемина која си, сметам дека и нема да и смени ништо тој факт. Може некогаш ако се сретнеме и во некој неврзан муабет да и спомнам ама во тој случај и јас би и го кажала мојот ник инаку нема да е фер. Убав ден на сите!
На форумов не измислувам, ниту пак имам друг профил. Мразам оговарања по лп. Ме имаат оговарано и штета што не ги чувам пораките. А не сакам да обвинам некого без докази. Очигледно некои немаат друга работа, па прават дупли профили. Како не им е досадно. Имам препознаено некои членки, ама нема да им речам дека ги знам од фемина.
Абе и нормално е да не додадеме некој на фб и да се откриеме на сите што ке ги препознаеме тука. Но искрено на близок човек, кој ме знае и ми го знае цело семејство и фамилија би се претставила. Моментално од инат не се претставив на личноста, затоа што приметив дека прво она мене ме има препознаено.. а си ќути. Лајк на членка над моја слика со дете, лајк на членка под моја слика со дете, а на мојата не, упорно со месеци. Не само таму, туку секаде низ форумов. Не сум и згрешила ништо, ако сум и згрешила слободно нека ми пише и нека ми каже што. Имам препознаено уште мнооогу мајки, па и други членови (не само мајки) од тука, но не сум ги додала.. зашто не сум ни имала никаков муабет со истите. Инаку автоматски не сте веќе анонимни кога ке ставите и слики што сте си купиле и што сте купиле за децата, не само по личните слики во Скриено катче....
@mariz Немој мајка, немој со диазепами. Иако само ти си знаеш како се чувствуваш, ако сама не си дадеш кураж за напред, никој нема. Премногу ти се насобра, ама на крај пак само едно слушаш:,, Мамо!,, Знам, тешко е и јас потполно те разбирам, сама сум по цел ден(јас дури и кај моите одам ретко што од што се многу луѓе, што од други причини) и некогаш си велам, не се издржува веќе, камен да е ќе распука, ама па после пак се враќам и ми текнува дека ова дете, овој сопруг, немаат никој друг освен јас, а јас му требам здрава и секогаш позитивна. Така и ти, му требаш на твоите најмили, па мисли сако на убави нешта колку и да е невозможно. Ве гушкам, виртуелно, онака пријателски, иако од фб, исто како да се знаеме одамна. Ме нема и мене по форумов, не дека му фалам некому, ама едноставно некогаш се презаситувам, па затоа малку на пауза. Ве поздравувам сите!
Здраво мајки! И јас одамна не сум пишала,но и темава гледам не е многу активна како порано. Кај нас се по старо. Школото заврши, малку релаксирани до септември. Малото настина малку,грло црвено,мрсули,најверојатно и заби.Така може му дојде,но сепак,би рекла,зошто има родители кои деца со мрсули до колена,киваат,кашлаат ги мешаат со други,или па ги носат кај бебиња и бремени жени.Незнам,може сакаат да ги развеселат,но сепак.Јас пред се не би го носела затоа што му е мачно,а и зошто некое дете да го фати вирусот. Барем два дена малку дома. Од вчера цел ден плаче писка,само во мене е пикнат,само во раце бара.А мене стомак ми затежнува веќе. Ама тоа е.Мора да се живее. Денес и моите дојдоа на помош,мм цел ден не е тука,па да не седиме сами. Најмалото се надевам добро е,за две недели сум на контрола,па после на вториот скрининг. Пол уште не знам.Уште малку и истуркав пола бременост. Не ми се верува,иако искрено одвај чекам да дојде терминот. Јас сум од оние што не обожааваат бременост.Ќе го родам,чувам,ама ова трудночава аман. Малку шетавме викендов,па се надевам ќе најдеме време неколку дена за одмор на плажа,децава да се порадуваат.Не дека мене одмор ќе ми се види. Само да се оправи времево,не ми се оди надвор од државава во ваква состојба. И дома сакам да преместам,да купиме нешто нов мебел,да прилагодам како за три деца.Сепак зима ќе биде. Поздрав мајки,ќе одам да мавнам еден туш, да се освежам како претепана сум! Убав ден!
@tincemajmunce фала што помисли и на мене. И јас заборавам да пишам во темава, а и немам време да читам се по ред и не ми е убаво да напишам пост така. Не сум во тек со ништо. На работа до 17 секој ден, дури се вратам поминал денот. Па надвор ако е убаво времето, па бањање, вечера, спремање за другиот ден. Сабота и недела ми се премалку за викенд, еден ден генералка дома, другиот ден на ручек одиме и пак одново се. Па и вирус го имаше малиот фатено, температура и кашлаше страшно, денес е подобар за среќа. @mariz не можам да те одминам, знаеш колку ве мислам секој ден, како за свое дете сакам се да е во ред, и ти да одмориш малку. И другите сите ве поздравувам, имајте убав ден!
Добра вечер мајки Ги нема и @augustd, @НаталиЛили @kallias ... Јас допрев до компјутер. До кога ќе биде тишинава не знам, шкртам собрзина на светлината додека не се уклучила некоја сирена. Прв пат сама ги успивав сите три. Секогаш мм е тука, па се организираме една по дна да ги легнеме. Сабајле замина 05, па очекував да си додје до пладне, ама не. Испаднал проблем, морале да доработуваат рече кај 21.00. Жал ми падна. Премногу е жешко, а он со тие протокаловите работнички алишта, сонце го има печено цел ден...па викам ај ќе спремам богата вечера за кога ќе додје да апне барем. знам дека таму нема услови да си купи ништо. Кога прееска ми се јавува, не се готови плус во 23.оо ќе бетонирале, па 03-04 ќе стасал. Врвот на се, на некоја писта за авиони за итни слетувања, па не дај боже да има принудно слетување со полиции ќе треба да ги вадат од таму. Додека ги успав сите три, една по една ми се слоши. Стандард прво го легнав средното, и давам флаша и ја легнувам во кревет, среќа без успивања и думкања. Потоа со најголемата во постела, она сака некој да е до нејзе кога заспива, па после ја префрлам во нејзиниот кревет. а за оа време најмалово во неговата колевка од страна на спалнава, па нишкав со рака. Среќа, без големи драми, и двете заспаа. ПРетпоствувам ќе тераат до сабајле само средново не ми е сигурно. Синоќа пак се разбуди во 01 и вриштеше еден саат. Плус како со кофа вода да беше потопена. Претпоставувам се заби, тогаш има вакви фази. Имам некое претчуство нема да биде мирна ноќ, само да не ги разбуди и другите две. @mariz фалиш низ темите. Многу добро знам какос е чуствуваш, истиотпат го одиме и ние, скоро година веќе...од врата на врата, во потрага по некои одговори. Ќе биде се добро, силни се малите, поради нив мораме и ние. Пишуј ни почесто и негативни ликови на игнор, не заслужуваат да се нервираш.
Ај добра во вечер.. Стигнав и јас да пишам по нешто.. Детево мое се промени драстично од крајност на крајност.. Му велам на маж ми дека ќе морам сериозно да прикувам некоја играчка (а не дека ги нема) ама малку поразлична и да менувам тактики.. Преска му купив косилка за трева, па беше пресреќен до кога ќе ја игра сигурно до утре.. Па по пат накај дома вриштење.. и се до сега кога после 2 часа асално заспа.. Овде е прежешко, што од жешкото што од ситуацииве кво сме неарни до крајни фази.. живуркаме што се вели и туркаме караванот пополека со толку многу пот како никогаш до сега!! Кои малери ќе беа околу овие станови не знам веќе.. очајна сум.. поправо би се искачила на монтеверес отколку стан да најдам.. главава ми пука од улизуење и зборење на тел. Маж од јутра до сутра, т.е од нокеска, дури некогаш и не се враќа.. се надевам само дека еден ден се ова ќе се исплати.. Туку морево е блиску. Да се средиме ќе одиме често.. Ќе шетаме ќе уживаме малку.. Друго што да пишам .. ве поздравувам сите до една и ви посакувам убавини..
@emkaemka Се уште да не го пишуваш постот? Ова е позитивна смешка немој да ми се налутиш сакав да кажам само дека и ти фалиш а препознатлива си по долгите постови те читав на рати ама никогаш не пропуштив ни еден збор, читав се. Кај нас пресвртница, тежок период од нашиот живот за за дојде подобро. Ќе пишам кога ќе се средиме. Само да ве поздравам. @vitamina @mariz Ве запознав како најпозитивни ликови, посебно мариз какп најрелаксиран лик па сега ми е тешко кога ве читам вака. Астрологијата вика до крај на август најкасно се ќе се среди а веројатно до 27ми јули. Издржете. Мариз те немам прочитано што е проблемот но сега ќе те манијачам да знаеш. Добра ноќ позитивни мисли @vitamina во кој град си имам другарка во Италија може ќе помогне
Хелоу Уживам малку во мир и тишина деца спијат, кај и да е ќе им се придружам. Немам нешто посебно да кажам, сакав само @mariz да ја поздравам, девојче ти беше најпозитивна мајка тука, знам дека имавте тежок период се надевам дека оди на подобро и ти посакувам да се вратиш ти старата што побргу И не знам дали разбрав ама @Kitten е породена??? Ако убаво сум разбрала нека е живо здраво весело , не сум изгледа многу во тек со случувањава или времево пребргу лета