Желудник ми се превртува кога бебето ми плаче и не би можела да ја оставам да плаче 10мин на пример. Со поголемово е веќе друго кога плаче или цмиздри за ништо. Е некогаш мора да ја оставам за да и направам млеко јер и другиов се дере "земи мами" па трпам
@RainBow не, не ја пофатиле. Логичен заклучок им било дека дете се тресе бидејќи му студи, односно не сме го облекле доволно. Изгорело дете додека се јавија. Они ја терале да трча, за да се загрее. Оти и студи де Прееска пишував од кола, после преглед на доктор(простете за грешките од аутокоректов). Дома стасавме со 41.4. Страшно. Немаат термометар Не пуштија од таму без брис, без крвна слика, без да измерат тт. Од око и дијагноза и терапија. Се прашувам кој крај да го фатам. Се на радиус до 1 час не примаат нови пациенти. Во поголемите градови да одиме би фатило и до 1.5 час со сообраќај. Зарем во вакви ситуации кога дете гори да возиме со саати за до доктор да стасаме(и пак со надеж да не игрее сонце, не шлакнати како овие). Кога ќе размислам ни во болница освен свеж воздух терапија на тежок бронхит кај 1 месечно бебе не добивме. И така. Цел ден тушираме со млака вода, ставаме облоги, сирупот за тт го плука а доволно битки водиме додека со шприц и го давам антибиотикот, па почнав со чепчиња против тт. Паѓа до кај 38 и после полека и пак се качува. Коски ми се тресат од ноќва која не очекува. Белким средново нема да се разбуди и да вришти. Секигаш ја легнувам во 19.30. Вечерва му го нарушив и редот на детево и ја легнав 21.00 Се со надеж да е капната уморна и да нема полноќни фестивали. Надеж, очај, иста ти е.
@danichap ако крева многу комбинирај ибупрофен со парацетамол на 4-6 саати, ако имаш. Овде во болниците практикуваат алкохол 50:50 со вода и масажи по тело, ама не знам малку скептична сум како се апсорбира алкохолот во телото. Исто на внуче со висока над 40 тт му ја намалуваа со влажна тетра пелена цело тело свиткано да се суши на телото, само тоа беше успешно при бактерија. Се надевам погоден е антибиотикот, да почне да делува и ќе се среди и температурата. Со помин да е што побрзо.
Лајкот е за поддршка. Јака ти душа, јас немам зборови, не знам што да кажам. Толку висока температура, а да не се испита... Дај боже да е погоден антибиотикот. Нека е помирна ноќта и нека поминува побрзо. Заспа и мојата, се изнатрча, изнашета, се најаде убаво и заспа. Денес го прекардашив на темава, па редно е да се одјавам. Имајте сите мирна ноќ.
@danichap 4 дена бевме со температура, чеп,сируп..помалку од 38 не паѓаше . Туширав со млака вода и најмногу од се ни помагаше памучни чорапки натопени со вински оцет . Многу ефект има пробај. Потопи ги , исцеди и обуј . Кога ќе се подзасушат пак. Со лесно да мине
@danichap Би се надоврзала истo , нешто што првпат го чув и јас , и осетив и кај мала стварно имаше ефект ,од народниве лекови некогаш и на нив ќе се ослониме Дани пробај ако сакаш намачкај и исто и ножињата со сенф , сигурно имаш дома , сенфот е мн ефикасен или компир натриј на чело мисл викаа , извини не сум сиг за него , знам само како кажале , компирот дека е добар при висока темп да а намали . и во оцетот нема промашај , Издржи се ќе помине , имаш сила ти , верувај во себе , со помин побрзо
Може да е од липите бидејќи сега се најизразени и нема кој не кива не кашла. Син ми почна така пред 1г со обструкции да не може до воздух да дојде, без дексаметазон и вентолин не се смируваше. Освен кожни правеше и инхалаторен азотен тест и рез му беше 3 пати над горна граница а кожните покажаа алергија на мувла. Со терапија тера без проблем цела година, иако се нервирам искрено што мора да е на терапија, летово ќе прави пауза па да видиме како ќе биде од септември. Иако не покажа алергија на полен сега периодов кога цветаат чипиве кива мн и му тече нисот. Моиве си имаат и фам предиспозиции, мм е со алергии. Не се секирај ќе се среди ама страшно е кога го гледаш како се гуши. Не знам колкаво е твоето ама прашај со што да инхалираш ако го фатат така напади друг пат да не мора во сред ноќ да трчаш по болници. @Kitten честито уште еднаш да е живо Здраво весело. Не се секирај за големата, нормално е да покажува љубомора некое време, ќе си легне на брашно. Малку е напорно ама ќе помине верувај. @danichap да оздравете побргу, аман тоа здравство ваше, бар да можеше некаде приватно да си отидеш да завршиш работа. 41 т уф само што прочитав се уплашив, еднаш син ми има качено 40.5 и бладаше детено. @mariz како сте вие?? Ние арни фала богу, да ја изгура уште вторава недела од ммр без симптоми па да не ја мислам. Бевме малку во парк на филхармонија, мн убава атмосфера имаше ама моиве не можат толку да издржаа, добро и до 10 што истеравме. А полно беше со фамилии и мали деца. Убаво вака на лето што има дешавки живнува градов, гледам и деновиве ќе има нон стоп нешто па пак ќе отидеме. Малово цело време повторуваше *ќе додеме утле пак* изгледа долго време од аеродром не сме ја мрднале се прерадува дете на паркон
Здраво мајки! Простете не ве исчитав сите, онака само згора-преку, ама морав да пишам иако очи се затвараат. Времена нула, не знам кога се стемнило кога се.разделило. На работа напорно мислиш крај на светот дошло. Дома бетер и така... Имав ужасен период со малава 3 недели беше болна. Почна со пролив, па блага тт, па подобра, па висока тт. Ама кога на крај се исипа од глава до пети беше капак. Паники од моја страна до небо. За жал не избегнавме инфузија и ја боцкаа. А јас морав да ја држам Плаче таа, а јас се чувствувам мизерно. По милионити пат ќе го повторам она што сите го велиме и го знаете - ништо потешко од болно дете! Сега е подобра, веќе се спремаме за море.Се надевам дека се ќе биде во ред, едвај се убедивме да одиме. Имам многу за кажување, ви ветувам ќе пишам наскоро, сега очи ми се затвараат. @danichap И јас ставав чепчиња, сирупот тешко одеше. Детево мое ич не соработува, ич. За течности да пие никако, бегаше од шише. Не плаши се од висината на тт, децата повеќе и побрзо креваат, но и полесно ја поднесуваат. Треба барем 24 ч. да поминат за да почне антибиотикот да делува. Дотогаш сано ладење во млака вода, масажа и антипиретик. Поздрав мајки! @tincemajmunce Постов најмногу го напишав атер тебе Гушка до твојот лепотан.
Точно еден саат како пробувам да одам во вц и не може и не може. Таман станам плаче дете а немам никој до мене за помош. И една нервоза што ме фаќа стомак ме заболе а кај и да е и глава ќе почне и затоа не сакам деца. Што кога ќе родам ќе се поболам па кој ќе ги чува. Како казнета се чувствувам ме уби стомак од болка.
Хелло мамички.. кафето денес од мене Ние сме на одмор, не ми фали ништо друго освен она наше дупло турско кафе. Не дека нема овде но јас сум се навикнала на вкусот на нашето Лежам на плажа и чекам да се разбудат мм и ќере, па да одиме на доручек. Оваа година уживаме со ќере, поголема е и повеќе разбира, се заигрува со дечиња. Смешни се, повекето зборат или руски или ангсиски па се разбираат со раце и мимики битно играат.. Одам да ги будам децава, жешко ќе фати дур станат.. Убав ден на сите...
Добро утро Фала мајки за сите совети. Стававме влажнини облоги од винскиот оцет а и од сецканите компири. По не знам кој пат, кога се чуствував беспомошна и очајна, со целосно врзани раце, наоѓам утеха помеѓу вас. На жалост нема мајка која во минатото, во моментов ули во некое идно време не минат низ ситуации како оваа, или можеби од сосема поинаков калибар, но резултира со бессони ноќи. Така растат децата. Така старееме ние. Дури во 01 падна на 38 и заспавме. 03 беше 38.7, 04 веќе 39.5 па пак на ново со сите ритуали. Презаспа во 06 кога стана и средното и толку беше од моето спиење. Сега големата со татко и спијат во детска, јас со другиве две во дневна. Како бомба да паднало е, немам сили ни да раскревам. Уште шмркам кафево. Среќа успеав да удрам еден туш во 06, кога беше само средното будно, па она се моташе околу додека јас со брзина на светлината завршив работа. Оти малку беа другиве нервози, мораше и да ми дојде, па и последниот атом енергија е доисцрпен со крварењето. Ако нема тт детево мижеби ќе свртиме еден круг, да прошетаме. Ако не ни тоа. Поздрав мајки
Добро утро мајки! Ве читам и се соживувам со вас.И нас не не одмина вирусот.Прво малото,температура,грло,и на крај осип.Но фала Богу за два дена се оправи.Си испи антибиотик.Вчера направивме и крвна слика,се е ок. Па,реков добро е помина,ете го големиот,температура,повраќање,црвено грло.И тој си доби антибиотик,па не памтам после колку време.Одамна не пиел.Цел ден вчера,моли се за течности,сируп,електролити,подај додај.Вечерта мислев ќе се онесвестам.Арно,дојдоа,еден ден свекрва ми,еден мајка ми.Сама не ќе издржев. Сега еве ги уште спијат.Убаво ми доаѓа утринскава тишина,Ноќта беше мирна,без температури и повраќање.Се надевам на подобар ден. Надвор е како зима.Што му стана на времево?Додуша мене ми одговара,не ми е жешко со стомаков,кој полека си расте,но мака ми е за децава.Затворени дома.Смислувам занимации,игри,но се им се здосадува,голем е денот. Испив кафето,изедов еден бурек(ова почна да бара повеќе јадење ),но морам да внимавам,со голема тежина почнав.Се надевам ќе ослабам после со трите. Некогаш се чудам,од кај ми иде толкава енергија,ама изгледа кога дава дедо Боже повеќе деца,дава и сила на мајката. Денес ми е во план ручек,пудинзи нешто ќе сварам,ќе потсредиме дома,мафини најдов едни лесни за правење,па ќе се занимаваме. Убав ден !
Супер сме, читајки за алергии се исплашив и јас нешто тука да не му смета но супер сме. Он минатата недела си подкашлуваше, суво чудно, нос не течеше и саботата во Козле ради борба за воздух си завршивме, а неделата на клиника во 3 ноќеска (Во Козле ми рекоа поради неговата ситуација да не го носам пак таму, да го носам на клиника). Толку ме извади од памет, станал и јас не го слушнав дека спијат со дада му во друга соба.. па дада му плачеше и јас отидов по неа.. кога го гледам него седнат на кревет, борба за воздух.. ни да земе воздух, ни да испушти.. цел хрчеше, како го кренав во раце од напор ме исповрати и будам мм, во кола и на клиника. Исто ми рекоа можно било да е алергија. Цела недела како глувче збореше, ларингит ваљда. Беше на инхалации со дексазон до четвртокот. Чудно што нит кашлаше, нит носе течеше, баш како асматичен човек беше, страшно. Толку ни е убав воздухот во Скопје... Еве го тука си е супер, па ке видиме таму кога ке се вратиме. Уште алергија ни фали... Имаше вирус некој и комшичево што се дружат, па дај боже вирусче некое да било. За другиот проблем веќе јавно не би, тераме со една добра докторка, а кој сака лп нека не праша како сме. Тука е супер, свежо сабајле и навечер, преку ден си грее сонце, базените си се 50 степени, уживанција Како влегов во тоа топлата вода, кога ми изреагираа јајниците, ми пуцкаше дури.. некои бодежи во стомак, од што така нз Инаку малиов од што му е интересно не помисли на дада му и вчера на вибер со свекрва ми и неа, леле кога ја виде кога фати да плачеее, сакам таму и јааааас, дома сакаааам. Ама заборави за брзо и еве не ја спомнал пак Утре се враќаме, ке шетаме и во Софија малку, па од пон пак турбо И да се пофалам дека се наспав, отечена станав од многу спиење Убав ден мајки, јас одам кафе да пијам Ја заборавив @danichap Дај боже брзо да оздрави малата, хаосот остај го... Мене дома веќе 24/7 ми е хаос, се потресував едно време и само чистев, а сега гледам само во кујна да ми е чисто, за да можам во секое време да направам нешто
Добро утро. Нема кафе.Ајде од мене нека е Колку сте изнапишале едвај ве исчитав. Кај нас иде зима изгледа 12 степени и денес и вчера.Дожд врне ,чекам и снег кај и да е како тргнало.Во монтки одат луѓето Нели лето демек нема болести , а и јас бев до вчера со растечен нос како чешма Малата почнав да ја оставам на спиење во градинка кога како еднаш спие еднаш си лежи само. Ќе се навикне и не ќе мора да ја нишам веќе можеби @RainBow се согласувам секогаш со твоите мислења па и сега.Не сум ја оставала малата никогаш да плака.Мајка ми цело време ми велеше не ја држи во раце не ја нишкај кога ја заспиваш ама никогаш не ја слушав оти ќе требаше да ја оставам да плака. Денес се уште на нејни 23 месеци ја нишам за спиење и ја носам во раце.Тоа си зборевме со мм нема уште долго да биде и таа веќе нема да сака , растат брзу сега е шансата за гушкање и држење во раце кога ќе порасне само чао ќе ни вика.Дури и мм еднаш ја зел во раци и му викам спуштија што ја држиш и тој ќе ја држам оти ќе порасне и нема да сака веќе. Си ја држеше 20мин од ќеф @danichap силна си ти мајче Мојата така фати еднаш 40,6 дури и 41 еднаш покажа топломерот, а јас мислев топломерот е расипан кај може толку висока тт да има.Дете 3 дена како во кома беше ми спиеше во раце и на пелена .Нон стоп мачкај ракија а зимо беше .После 2 часа од чепче спушташе на 39 , а јас и мм почнувавме да дишеме.Страшно и стресно за секоја мајка и татко. @Seline мајче не му се плаши мислам дека се одвоени малите од големите.Мојата сега ќе ја мени групата исто не е толку безбедно , но воспитачката кажа дека малите се на една страна кај што е безбедно и дека има 1 воспитачка само за нив Ајде мајки поз отидов
Поздрав мајки, ние стигнавне на море. Осекам за деца ке биде одмор, за мене замор,ама нека за нив дојдов. Да видиме мрсулите дали ке ги исчистиме тука. @danichap , @mariz храбри мајки, само да поминува со лесно. @gjoker4e пред да станам мајка да те прочитав ке си речев тресеш глупости жими мајка. Сега скроз те разбирам. Смирено само, јас во тоалет си го носам тоа е. Често сум сама со двајцата. Големиот си седи и гледа тв, ама малото мора да е до мене инаку вришти. Па се вртка низ тоалет, стиска на машината и така ке помине моментот. За муабетот не го учи во раце ке кажам никогаш не сум оставила дете да ми плаче за да не го учам. Двајцата така ги израсав и ете помина фазата, толку е кратко трае тешкото. Некаде прочитав дека до годината бебињата плачат од потреба не од аздис и тоа ми се врежа во глава и така функционирав, на секое заплакување ги држев, нишкав, во раце ми спиеја, па еве ништо не ми фали.
Ние во еден месец минавме 3 вируси од кои два со антибиотик. Прво бактерија на грло и висока темп која траеше 3 дена и 3 ноки па после инфекција на уво овде, без здраство. До толку беше имфекцијава што одма од старт му дадоа строга терапија од 10 дена. Беше ужасно.. Лани со бебе од 6 месеци кога бевме на море промена на клима итн не закачи ништо.. Подршка за сите мајки.. Јас секаде си го водам малово оти ми стана лепенче, постојано е во мене.. џаве и играчки и све пага во вода.. И во вц сме заедно нормално.. Не чекаат подобри времиња не губиме ние мајките надеж никогаш Поздрав и лесно опоравување на сите..
Pozdrav majki.... Ne pisuvam ama redovno ve citam. Ve citav uste nemazena vo borba so anks i tableti, mislev nikogas nema da bidam majka, ama eve angelcevo spie do mene. Inaku e pravo gavolce. Vo race e od budenje do zaspivanje. Site vikaat poloso bebe nemaat videno. Samo kaj mm stoi ama pak toj na rab.nema mnogu vreme da pomogni.Sreka pocna porano da zaspiva do kaj 21h.a ne po polnok kako prvite3-4 meseci. Mojava i vo race vristi pa ako ja podostavis horor e. Doma haos, vo wc zaedno, taka minuvaat denovite. Ama ne ja menuvam, zlatna mi e. @mariz @danichap brzo neka minuva, da ve citam samo pozitivni. Ubav den majki...da se popravi vremeto i na setanje.
Добро утро Седам со полуотворени очи. Синоќа касно легнав, а рано станав сабајлево. Земавме свидетелство. Уште не ми се верува дека синко заврши прво одделение. Денес ќе седиме дома. Времето е катастрофа. Ладно е и дува. Како есен да е. Вчера читав на интернет дека се спрема невреме. Синоќа многу дуваше. Изгледа и врнеше. Уште утре сум дома. Од понеделник сефте на работа. Среќа што ми е блиску, па нема да морам да се клацкам по автобуси. Децата со дедо им ќе седат. Малиот нема да оди во градинка до крај на месец. Уште е настинат. Јас сум немала проблем со одење во вц додека беа мали. Ги оставав во количка и си завршував работа. Само за туширање го чекав мм. Отиде скоро цел месец. Брзо ќе помине и летото и пак ќе треба да мрзнеме. Мразам студ. А и многу сум зимурлива. Оваа година одмор нема. Така излезе работата. Децава денес рано станаа, па ќе ги успивам после. Само кога спијат имам мир. Тогаш се опуштам. Имајте убав ден
Здраво, тато ни е на работа... Нана дома, конечно е на одмор. Ја оставивме денес да одмори, утре ќе се чуваме со тато а од понеделник ќе се чуваат со нана, за јас малце да дојдам на себе. Инаку малава е добра. Стандард дење со мене е хорор. Кога ќе си дојдат сите е ок. Спиеше неколку ноќи, цела ноќ. Ноќеска 3 пати стана, вриштеше, дал сонуваше, дал заби, дал од премор и преживуваше, зошто бевме на роденден, па гужви, сите ја рчкаат. Инаку за роденденот....леле бе жениии, нели е многу 40 000 за роденден? Јас стварно немам да издвојам толку. И нека сум лоша мајка, ама па шо мора да има 2-3 вида на месо...порција 750 денари...што е многу многу е. А имам и околу 15 дечиња. Па ќе мора игротека. Не знам што ќе се прави, во август мора да се реши тоа. На крај краева, игротека, кетеринг нешто малце и чао пријатно. Дете си расте, има свои потреби. Грев е да не го однесеш на одмор. И така....ќе издржам уште малце...еден месец па мини одмор до охрид(среќа не плаќам смештај) па уште месец и одмор на море... Само бројам денови....а повеќе умор ќе е знам....
Зависи кого прашуваш, мене да ме прашаш не да е многу, изгор е и нема шанси јас да дадам толку. Ние сега правевме крштевка и роденден и сумата со се трошоците во црква беше до 10 000, плус поклони за кумовите што купив. За 40 000 ке носам деца три недели на море да дишат и да јачаме здравје и ич око не ми трепнува за било кој. Децата ми се на прво место, а за роднини, тетки и стрини ми е гајле. Јас правев крштевка со 15 луге ( ние, баби и дедовци, брат, сестра и кумот) сите блиски и прекрасно си поминавме, и после една недела си дојдвме на одмор. Ако си имаш можности прави ја голема, ако не мој најискрен совет ти е скрати ги гостите и готово.