Здраво. И јас синко си го носам секаде и во купатило. Си чепка во машината, жабата и пајката ги зема и ги пушта во када,зема четки, чешли и се чешла.Ако не го земам стои на вратата и плаче. Така се случи и сабајлево. Играа со мм, и ја слушна вратата кај што ја затворам и дојде и почна да плаче. Свеки ми вели не го учи со тебе ќе почне да кажува мама има*****. Многу ретко го оставам во хранилка, но и од таму ми станува,ќе треба да м у ја затегнат уште малку. За држењето во раце немав никако зборување и од двете страни . Единствено само за тоа што не се мешаа, инаку за се имаат да кажат по нешто. И оваа година одмор за нас нема, не дозволуваа финансиите. Срце бе боли за синко... Да ми е здрав и жив има години години пред нас ќе даде господ и ние ќе појдеме. Но ќе појдеме до Стење блиску ни е. Мм конечно му дадоа одмор,7работни дена јухху.. Можи ќе има работа приватно но поголем дел од денот ќе го поминуваме заедно. Ќе одморам и јас малку.,ќе имаме повеќе време за нас тројцата.Во план ни е да шетаме по планини во околината... Кичма ме боли дали од време дали од кревет незнам, но знам дека и лани ова време ме болеше исто. Доста е жалење, да одам да направам сок и да го заспијам синко. Убав ден.
здраво,малку си дојдов на себе па да пишам... Синко почна да пододува,сеуште не се пушта сам ,но предреќна сум и со овој прогрес.Ќе речам едно-овие на клиника стварно немаат асален кадар,за жалење сме цела држава.Среќа па по некој од приватниве доктори го бива. Терам боледување,и синко да се опраи ама и јас.Целосно истрауматизирана сум. Тапа времево,ја си сакам типично топло лето,по цел ден бос да шеташ низ дома а не вака со чорапи! Синко заспа ,ќе одам малку да разлистам списаниево,а маж ќе спрема ручек.Имајте добар викенд!
Оди во киндер парк ако си од скопје. Има мениа со пристапна цена. Најевтиното е 300 ден плус пијачките и е сосем доволно и солидно. Игротеката е супер и девојчињата ги пазат децата. Препорачувам
Sega pravevme krstevka tamu, pa ti kazuvam od prva raka. Go zemavme menito od 500 plus pienje. 19 porcii imase plativme 16000. Za igroteka ne plakjavme "meni" nemavme deca samo nasite pa maliot se iznaigra. Sum go frlila listot so ponudite, pa pojdete videte si
Супер тогаш...јас ќе имам околу 70 возрасни и 15 деца за децата не планирам да плаќам мени, нешто грицки слатка маса и доста им е. И така нема да седнат мирни. Месо исто не планирам да служам, ќе биде поручек така да.. Јас роденден за детето правам а не за да гоштевам луѓе. Ти благодарам уште еднаш.
Со толку луѓе и ова нема ефтино да ти дојде. 70х300 денари ете ги 21к. Плус пиење, слатка маса... пак до 40 ќе стасаш. Скрати на гостите ако можеш. Јас сум секогаш за потесен круг. Здраво женски
70 возрасни се навистина премногу, и мислам дека нема да ги собере во Киндер парк. Општо, игротеки и ресторан-игротеки собираат максимум до кај 50 возрасни и тоа не сите, ретки се. За толкава прослава е подобро ресторан со дворче со реквизити каде што ќе може децата да се истрчаат.
Мами здраво и од мене. Уште 5 дена до првиот роденден черками вирус фати...е ај сега... само плаче, ништо не јаде, ништо не ја интересира ниту играчка нити ништо еве си легнавме заедно сега, гладна, само на вода и млеко е втор ден веќе, устата црвена жар, јазичето внатре бело ко со жолто, матичната сир парацетамол да даваме... од ко е родена ова е втор пат кај што фака вирус.. душа од мама, сношти ич неспавме само плачеше ... во правосте нема ништо потешко од болно дете... Ве поздравувам и им посакувам на сите ангелчиња брзо опоравување
Не да се премногу...ама ете 15 деца значи 30 возрасни од старт... Тоа најблиски...домашни, и најблиски роднини. Плус некои пријатели што не се со деца а сме ептен блиски, старосвати кумови итн...и плус сака онаа и други да викала. Слатка маса нема да плаќам. Си имам се купено. Ни 2000 не ме кошта. Ама многу е. И искренл многууу се напнувам. Не знам кого да кратам. Коса ми се крева веќе.
Викни ги оние со кои што сте ВИЕ тројца како семејство најблиски, небитно со деца или без, небитно дали се роднини или пријатели. А туѓи желби да не исполнуваш. Ако свекрвата сака да вика гости на ваш трошок, ќе си кажеш дека немаш пари за фрлање, а ако веќе сака да ги покани, нека ги угости таа.
Секако дека таа ќе си ги угости своите, за тоа не попуштам...ќе видам ко све можам да скратам зошто стварно е претерано....
Добро утро. Отидоа татко и ќерка да перат кола, јас демек да средам по дома, ама решив да седнам и да пијам кафе Мора малку релакс. Малава нешто одбива да јаде и се нервирам, знам дека е фаза, ама од дете што стоеше до мене у кујна и викаше нам нам брзо, се најдов у ситуација да убедувам за јадење и многу е чудно. ******* Ова е од сабајле. Не стасав да пишам. Изеде месото денеска. 2 пати шетање по 2 саати без да преспие. Сега е кома. Маж ми на работа досеа. Мене ми се јаде супа. Си ставив купечка, секако спие дете нема да бара. У потрага сум по приватна градинка па ако има искуство некоја пишете во лп. На крајот од денот, само семејството е битно и само тоа си мислам секој ден.
Ja zaspav malata i legnav do nea, se budi po nekoe vreme odkako ke zaspie pa ako vednas ne ja prezaspijam treba da dremam do polnok. Bidnaa i mafini soleni denes, i setnavme,malku zacistiv i tolku od denot. I mojava nesaka da jade, pravam kasi i frlam. A so tolku ljubov i merak i spremam. Taa ne saka i nesaka, pouporna e od mene. Mirna nok majki!!!
Леле исто ме чека, како да докажеш аман Барем сложни сте со мт?? Мојов е бетер, за крштевка издејствував некако најтесен круг, ама за роденденот ќе биде густо, он и локација си има, па не 70 туку 100че ќе има кај нас Ќе си приумрам
Да се уфрлам во муабетот за крштевката. Јас на време прекратив. Само кај мене не беше свеки проблем, туку овој мојов. Пустиот е многу отворен тип, дружељубив, има преку 30 блиски другари и се дружи со сите активно (и јас се чудам како, ама од деца си се дружат). Се запна морал да ги вика, бла бла, ама му реков дека не правиме свадба, дека на крштевка се викаат само најблиските, односно фамилијата. И други луѓе во наше окружување му го кажаа истото и се вразуми некако, еве ќе правиме крштевка за некој ден и ќе имаме точно 30 гости. Од друштво наше ќе бидат само кумовите и кумашините, оти со другиве нема кратење, викнеш ли еден, мораш сите сосе девојки/жени/деца, така да ниеден Сепак си е интимен момент крштевка, не би сакала било кој да ми се мота ради реда.
Да да, со мм немам проблем. Среќа... Проблем биле од страна гостите...од пат ќе иделе. И викам не се секирај нема да се гладни. А само за нејзините се секира, туѓите нечинат... Втор роденден здравје, само деца, за возрасните пијачка и чао! Лоша сум
Да не ме сфати некој погрешно ама со слаткиве маси и разно разни пропратни реквизити само сополнителни трошоци се прават. Не се ни сеќавам порано за големиов кога почнавме родендени да славиме воопшто некој да имаше слатка маса, ова во последниве 2,3г излезе како мода. Добро вечер, деца гледаат цртан со татко им па вајда ќе и се приспие на малава, големиов кај и да е ќе заспие. Зверка заспа касно на пладне па сме спиеле заедно докај 6. Мрзлив ден денес, низ дома малку низ населба и толку. Утре може повеќе да се шетне преку ден. @Cka не знам за која населба бараш, ја фалат црвенкапа во аеродром и мислам дека е накај 9000 месечно. Повеќето се мислам над 10000
Не би да се мешам ама 70 стварно мн.јас толку на свадба викнав.и тоа лично јас правев списокот само тие што ги знам си живеаѓ со нив и тие исто ме поштуваат. За роденден кршетвки само родители браќа сестри и кумови.Блиски пријатели што си живееме.Никој друг. Ние по двор со малото.Големиот кај баба му е.Сега треба даго донесат.Па ќе одиме на торта кај золва ми. Денес денот ми е мутаv. Ова го почнав пред неколку саати.Сега го завршувам.Деца играа беснееја и си дојдовме.Уште не се заспали. Уморна сум.. Добра ноќ мајки...
Добра вечер мајки Се погоди муабетов со крштенкиве. Готово, решивме, сите три ќе ги крштеваме заедно. Денес добив потврден одговор за кумството на најголемата, уште за другите две да го направам муабетот. Точно немаме решено, ама наредниве неколку недели. Јас свадба со 20 луѓе правав, па не ме прашувајте колку луѓе ќе има на крштенкиве . Кога ве читам со бројкиве се замислувам дали јас воопшто познавам толку луѓе . Е ќе бидат три пара кумови, три фамилии, ама секако ми се од најтесна фамилија. Денов го избуткавме со 39 . Цел божји ден, и покрај туширање, облоги, чепчиња, не паѓаше. Сега дури 38.2. Се надевам на мирна вечер, иако повеќњ на надеж ќе остане, така ми стои работата. Ќе ставам аларм да ме буди на секој час, да мерам и проверувам. Оф колку сум уморна Почнувам да сонувам три мали момичиња, облечени во исти фустанчиња. Од другата недела се пуштам во шопинг на облека за нас и поклони за кумовите