Samo taka kazav,inaCe cel den sme vo dvor Da se naspie, ke ja probam da jadi i startovame i nie so kolickata.Inaku sme vo race niz dvor, i mene se me boli. Poveke si informirana, smeam da se mackam nekoj mast, cela desna raka mi se zdrvuva?
Мачкам јас од оние за мускули, црвена маст. Ама џабе е се. Ме болат горе рамената од кревање дете, половината од неправилно спиење.
Добро утро Читам со вц и се смеам. Само јас изгледа не знам да седам во вц. Понекогаш ќе земам телефон и си викам ќе поседам, ама за една минута станувам. Инаку јас мир еве на работа најдов. Ми најдоа привремено биро (дека моето го окупирале додек не бев на работа) ми уштекаа компјутер, ама не сум во моја канцеларија, а овде никој не ме гледа, па користам да си приодморам. Ова колку ме држи газот, зошто не сум човек што знае да седи без да работи. Ама еве утрово јадев диња, па малку се заборавив со доручекот. И сега од глад додека чекам да ми донесат јадење викам да поднапишам некој збор. Инаку да си се пожалам колку сум ненаспана. Таман во петокот отспа синко цела ноќ, од саботата на пола саат се буди со вриштење. Го мачи другата двојка. Многу жално плаче, срце ми се кине. И така капната сум за сон. Незнам дали ми е ладно од времево или од што не сум наспана. Свадба правев со 150 гости, крштевка со 15 (само нашите, браќа/сестри, кумови и старосватови). Арно ама за роденден избројавме 60 возрасни + 30 деца. Сите одбрани од нас. И не жалам. Ова се најблиските и луѓето што навистина ни се најдоа кога ни беше најтешко. Плус по се што поминавме сакам да го прославам роденденот убаво. Ама пак се водам по она колку ми е чергата. Па ќе се бара нешто посоодветно. Е сега дека среде август, постои веројатност дел од гостите да се по одмори, ама ќе видиме. Во меѓувреме завршив и со јадење, па се враќам на работни задачи. Имајте убав ден иако малку дождлив.
Мм и синко нанат ќе му се придружам и јас само чекам да дојде ефтини струја една машина за алишта да пуштам. Имам пишано и предходно од тоа што се мешаа стариве немаме кршевка направено. Господ здравје за вториот роденден и тогаш ако се мешаат не правиме па синко кога ќе се порасне ќе си се крсти. За паѓање сите деца паѓаат така растат. Синко прв пат ми падна на 10-11месеци, првин се отпреврти од дубак а по некој ден падна и од кревет. Сеуште паѓа по неколку пати во денот и тоа како на клипчињата што ги гледаме на јутуб. Но добро е што не паѓа лошо, не плаче одма станува се чисти на него и продолжува. Денеска вредни со синко бевме изметивме секаде, џогиравме и прашина избришавме, а од мм ручекот беше човтиња со сос. Одам да му се придружам на душите мои. Убав ден
Сликата со вц-то ме потсети на золва ми. Таа до лани беше ваква, не смееше во вц да влезе, двајцата одма ќе се залепеа на врата и вриштеа, се маваа од земја буквално. Јас не ни имам можност да се "одмарам" во вц, со уште 3 дома. И ко ќе се капам брзам зошто се некој тогаш треба да влезе. Од малово уште немам таква мака, ама мало е, ќе видиме допрва.
Добар ден од плажа. Уживанција, башка деца умни и кооперативни има време човек и да се избања и кафе на лежалка да испие. Туку кажете начин да го убедам големото во вода да влезе. Има некој страв, и лани имаше првите денови, ама бргу се престраши, но сега мислам тешко ке биде. За пагање, пагале и моите и кога беа бебиња и сега, со големиот два пати на хириргија имам трчано со крв на главата, тоа е, баба ми викаше деца кога пагаат господ перничиња им става. Само ке кажам нешто, немојте да се напредите. Во релаксатор, количка, транспортер, седиште бебе мора правилно да е врзено. Ако не го врзуваш, поарно не го користи. Прво одење на ортопед тоа не подбра, не беше правилно врзано во транспортер. Вика опасно по живот. Ама мало бебе е не мрда, абе вика ти ке се сопнеш ке го истресеш, во право беше за секој збор. Тоа си го меморирав и и без попуштање @Kitten имав и јас ситуации од татко ми као абе не го врзувај јас ке го носам или возам полека, не и не, бебе мора да е врзано. Убав ден на сите.
Додека малиот одмара да ве поздравам Попладневната дремка сам си ја крсти одмор, тоа дека нема намера да спие само да му одморат нозете Еве го Чекам да стане, ќе го оставам кај комшиката да одам да го запишам во градинка. Сепак се решивме за приватната. Крштевка правев со најблиските, родендени исто. Не сум тип што се дружи многу а и во туѓина јбг. @EuHenIa копнеам јас и за еден ден подалеку од сама во соба со грицки пред тв или во вц Да не ме сфатите погрешно, знам дека цел ден ќе мислам дали јадело, дали ме барало ама како би еден ден некаде изолирана во некоја планина на свеж воздух, па не ми треба ни интернет ни тел. Кој е за нека доаѓа, успат нека земе по една цигара. Да ни врви муабетот Убав ден жени, вц-то не ни бега.
Здраво и од мене. Ве читкам редовно ама никако да пишам. Бебе заспано, јас мислев да зачистувам нешто ама на дожд само сакам да спијам па си се повлеков во спална. На работа одам веќе еден месец, добро е, се враќам и 1 час порано дома па засега не сум ни исцрпена нешто ама бебе секој ден има се поголеми барања. Нека е жив и здрав пресладок е како се смее, како се лути или како затвора усте кога одбива храна! ♡ А и кога го караме се смее така слатко што не можеш да одолееш, измамува наамевки... Викендов бебе беше прв пат болно ептен со тт40, пролив итн... не знам како ама денес е веќе супер, така и нека остане Ве поздравувам
јас така на неколку пати му туткав на синко шише со цуцла од сабајле наместо на малава, и тоа онака до уста ајде мама пиј а он ме гледа збунето ми вика *мамо ма што ти е* @EuHenIa сите мечтаемњ за таков ден нема што грижа на совест да те јаде, нормално чувство а од друга страна пак на некој саат кога ми ги нема ми е чудно. Едвај заспа зверкава, логореа ја фаќа пред спиење, како може толку да му се бамбори на детево не знам. @Kitten леле јас се следив кога прочитав за транспортерот, којзнае како и било на мајка ти. Ама жилави се, што вика мм да не беа толку жилави децава немаше 7 билиони луѓе да се на планетава Идам да мавнам еден чипс и си ленувам
Ме изнасмеавте со вц-во. Ај што јас бегам таму да одморам, ама гледам и мм почна да бега почесто! Грев ќе ми пише Господ ако кажам дека не ми помага со детево, ама па не ми е доволно бе. Го разбирам и него, оди на работа, заглавува многу често и преморен се враќа. Ама па и јас сум изморена исто колку него . Одвај чекам да се врати да го поигра за да можам да фатам низ дома. А он кога ќе се врати, се тушира, па сакал да се бричи, па смути сакал да си напраи, па во вц да иде, па кога и да треба да го земе вика чек една цигара да испушам на тераса и ќе го земам. Па цигарана ја тегне 15 мин Кога ќе се свртам дошло време за цицање, па ај да го бањаме и летнал денот. И све за утре оставам, а утре иста песна. А за викенд ми се шета не ми се седи дома да чистам, ама морам оти станов ќе ни прооди. А едно е 5 месечно. Кај ми е крајот кога ќе потпорасне и почне и оно да праи хаос низ дома А па 2 или 3 деца, немам коментар Капа доле жени мајки на повеќе деца
Здраво женски, за денес еден набрзински пост деновиве се нема време ни за телефон ни за компјутер. Ние сме добри, завршивме со инхалации, уште испитувања правиме ама епизодата не ни се повторила. Сакав да кажам огромно благодарам на сите за советите и смирувачките пораки. @TheSecret @karibian @Chantal @LiliBoz @danichap @kikin @RainBow @Chantal извинете ако некого промашив, ви благодарам на сите. Деновиве не можам да престанам да ве мислам вас мајките во странство. @danichap @Mari* @vitamina ...како ли ви е на вас кога за крвна слика се борите и терапија не можете да добиете..страшно. Алал да ви е навистина, јас кој знае колку пати до сега ќе се вратев. На сите болни дечиња побрзо здздравување. Честитки за крштевки, родендени, принови, нови работни места... Ќе ве исчитам сите кога ќе најдам време. Одам да се спремам имаме термин во 11. Убав ден женски.
Добро утро женски Само мене ли ми влијае многу времево или незнам,притисокот ми паѓа,многу ми се спие,за викенд не можев од кревет да се мрднам еден ручек што направив и се преморив,незнам ама многу лошо се чувствувам .За беља вчера пак и паднав заедно со малата,арно не се испокршив,на враќање од градинка да ја поткренам на еден ивичњак дека улицата ја прават и многу прашина ,камења и како лошо згазнав ногата ми се преврте и паднавме двете.Среќа нејзе ништо не и беше,ама јас почнав да офкам од болки а она кутрата станува и се тресе и ми вика "мамо ништо не ми е дај ми раче да те кренам" ,па полека за рака стигнавме до дома добро што близу до зграда бевме ама одам и си плачам,а таа душа мамина ми вика " Мамо не плачи ,ќе ти ја бакнам ногата и ќе ти помине". Во вц се изолирав сама кога беше бебе и кога мм се враќаше од работа па ќе му ја тутнев него,а сега сама време за мене најубаво ми е кога ќе излезат со татко и надвор,па јас си варам кафе и сама на раат си го пијам со добра книга или евентуално си гледам нешто на тв,ама и кога е дома знае да се заигра сама па тогаш и јас користам време да здивнам,ама кога се две е малку потешко. @Kitten се заледив кога те прочитав со паѓањево,добро е што ништо страшно не се случило
Добро утро. Ги испратив татко и ќерка малку да прошетаат. Времево е за полудување, гледам надвор со јакни се наоблекле. И дома ладно, се мислам малку да пуштам клима, ама јули бре дојде... Толку чекав лето, да се стопли, ама ништо од тоа. И мене @azelea ептен ми влијае времето и на расположение и на сè. А ич не сакам. И мило ми е што лесно сте поминале со падот. Мм еднаш на мраз се лизна со малата, бебе беше, среќа се подзадржа некако и не се повредија, ама јас воздух немав. И малата ми има паднато кога беше бебе, цел ден после сликата од неа долу ми се појавуваше пред очи. Брррр. Сега цела е модрици по ноџињата, трча, паѓа, си станува и продолжува. И јас не седам во вц веќе, еве излегуваат, па имам време за себе. Ама кога беше бебе да, ќе му ја тупнев и да ме нема во вц. Мислев никогаш нема да се откачи од мене, ама еве, си оди без проблем со татко и, седи во игротека без да ме бара да влезам и јас, се заигрува сама... Во тие некои тешки моменти ни се чини дека никогаш нема да поминат. А кога ќе поминат се прашуваме кога толку брзо летнало времето. Ќе си ставам сега едно кафе, ќе си пуштам серија, времево само за лежење е. Убав ден мајки. Oмилената моја поза.
Здраво и од мене, Ме нема долго на темава ама ве пратам се да знаете Ние добри сме, малото си расте, и другото мало во меше расте, јас и мм се радуваме на секој заеднички момент и така Планираме да се селиме во куќа па сега гледаме плацеви, ама јас веќе битно во глава си имам план каква ќе биде спалната па каква кујната, па какво вецето..смешки. Ве гушкам сите и не се секирајте за времево, од недела пак ќе биде топло.
Здраво мајки. Синко сам побара да спие во 12часот,а обично кај 1заспива од времево, еве го сеуште спие. И мене ми влијае времево ништо не ми се фаќа, имам мрза еден тон, главата ме боли, но вечер се ќе исчезне. Со мм ќе се опуштиме со пивце и нешто за мезе. Еве го ѕверот се разбуди, т.е го разбудија свекор ми што има еден глас до Скопје ќе го слушнат. Ни чувство да се имало ни ништо. За инает синко ќе го пратам да го разбуди кога ќе спие да види како е. Одам мајки,синко бара да ручка .
Здраво! Ова лето вака ли ќе е?!?! Ак е лето нек е пекол жешко како шо си личи, а не од сабајле долги ракави облеков на децата. Дадата не оди во градинка, ни учителките се таму, нити пак нивната група е комплетна. Ете ја дома си игра во детска. Ептен знае да се заигра сама, ја нема по 2 часа да излезе од соба, затоа собата и е хаос, ама барем е среќна и исполнета. Сабајлето се гушкавме јас, дадето и бебо... се излежуваме на спална. Дадето во 11 стана, исто и бебо. Спанки мои! Во купатило не сум се криела, ама причина за одење до продавница често си наоѓам. Се разбира до онаа поодалечената продавница , да ме нема пола саат! А колку ми треба винце , похована даска, малце музика... ех, нема ли да пораснааат, се ќе си дојде на место. А тогаш ќе си раскажуваме спомени од ова време, и тоа сега што ни е напорно тогаш ќе ни фали. Кога големата ќерка наполни 2 годинки мислам си ги подредивме работиве како сакаме. Имав време и за детето, и за себе,и за мм, и дома средено , се имаше и време за шеткање... Таман навикнавме на тој ред во животот се роди малата ќерка... и ете не сега пак заглавени од обврски и грижи, пак се нема време за себе па и за другите членови од фамилијат , пак сум запустена и несредена, пак е дома расфрлено. Приоритет ми е ручек да спремам и машини да вклучам. Се друго ќе чека за кога ќе се има време.
И пак ќе дојде тоа време кога ќе наполни малото 2-3 годинки, повторно ќе уживате Јас така си се тешам: "само нека поминат 2 години, и пак ќе биде лесно".
Добро утро мами, Се надевам сите сте добри. Немам воопшто време to keep up и само темите со слики од децата ги отварам да исплакнам очи Ние се преселивме се снајдовме. Станот ни е супер, релативно блиску до работа, за 5 минути со кола стигам. Работното време вечност од 8:30 до 18:00 но со саат ипол пауза. Бебо мој е супер со татко му се другари ептен. си спие навечер, со будење за цицање ама не е страшно. Планирам за 2 месеци кога ќе направи година да го одбијам. Толку од мене за сега, да се нашминкам и одам на работа. Поздрав.
И јас вака се тешев,таман малото прооде,си реков уште малку до 2 години да направи и лесно ќе биде.И оп,ете ти бременост . Сега пак си се тешам, со тие “уште две години само“.Си велам издржи,можеш,а третото не е ни родено,а малото нема ни 2. .Да ве насмеам онака утрински. Инаку,добро утро и убав ден!