Добро утро мајки Крадам некоја минута додека спијат двете моми. Средното го испратив во градинка со татко и, оннпродолжи на некој термин, јас раскренав хаосот кој го оставив во детска и кујна, кафето во рака и правев постела. Најмалото стана 06 за млекце, белким ќе тера уште саат. За чудо и најголемата спие, ама ако, истоштено и е телото, нека собиа енергија. Без тт веќе два дена. Не ја праќам градинка, нека одмори дома. Вчера оставивме едното во градинка а двете со татко им и баба им и јас се пуштив дуќани. Крштенка нели ќе се прави Недела ќе тргаме. Поспонтано здравје. Толку е спонтано што најмалово нема уште пашапорт. Татко и денес со обврски цел ден, па се надевам утре да довршиме таа работа. Сликање и во општина. Он се стокми со нов костум. Се превртев, едвај го најдов. Сакаше крем, па најдов една многу убава крем накај кафено нијанса. Ептен го бендисав така стегнат. Трењерки и рачни часовници за кумовите, па ќе треба да докупам уште нешто. Плус сакав од дм како пакетчиња да составам. За мене најдов се што не треба. Фустан не најдов Таман уште еднаш треба да испаднам, белким ќе најдам, ако не старо. Леле колку работа ме чека не сум свесна. Не само што ниту поклони ниту облека е готово, ами пакување. Убав и спокоен ден мајки
Добро утро. КаВе . Ме утешивте малку мајки уште еден месец и 2 години ќе прави малата па полесно ќе е Вчера апликацијата кај што си го запишувам циклусот ми вели утре е голем ден ти почнува овулацијата.Хм молчи таму да не чуе маж ми, мислиш не знам стомак ме боли повеќе отколку кога имам циклусАма кој размислува за бебеНормално само мм.Бебето не се планирало се случувало ми вели вчера Еми како не се случи 16 години така само туку кога го направивмеМажи само на деца мислат а за чување еве ја мама Јас не бегам во вецето оти одма иде малата. Кага спие само тогаш можам време за мене да си земам , избањам ,издепилирам и слично.Колку пати со пена на глава сум трчала оти плака или ми се присторило За паѓањето нема помало бебе од моето кое падна.Па немаше ни 1 час .Во породилната сала замотано со јорган во јули со 32 степени .Сестрите отидоа кај др жена и јас и мм сами тој требаше да ја префрли нешто или да ми ја даде ја дигна и му се слизна и испушти од раце среќа падна од некој 30-40см на јорганот и врз мене.Инаку за така убаво залепување на под си паѓаше често па ја спуштивме спалната на душекот само и не се повредуваше после оти си стекна искуство.И кога проодуваше си паѓаше неколку пати на главата ама и тоа помина.Сега кога трча на колена се спружва па одма почнува да плака Туку кога ми спомне некој бебе дека има одма ми текнува колку пати спиевме со бебе и јас ќе станам да ја видам , а таа со коса се роди , завртена на другата страна , а јас сонлива мислам помодера и ја земам во раце и се дерам како будала Па ќе ја разбудам па нишај.Ма така ми се случуваше до некој 8месец ама полека престанав да не ја дигам и будам. Колку значи глупости мислат тие мајките дури и премногу Ајде мајки да не ве замарам веќе ви посакувам убав ден
Решив да пишам, ама прво да ве исчитам, и што да видам...за бебиња муабетот. И кај нас некој таков период го фатил мм, ајде вика, време е, ни летаат годините. Второ да праиме. МАлиот година и пол, претходно, кога бев трудна викав да да две набрзина одеднаш да се изгледаат, ионака ја завлековме работата за деца, ама сега малку некако како да ја влечам работата Абе искрено, страв ме фаќа. Прво, моменталново дете мислам ќе си го оддалечам од мене, второ тие паники станувања неспиења а со едно поголемо кое ќе си го бара своето...Не знам. Битно бев на гинеколог да се проверам дали е се во ред па ако фати, тоа е, судбина ќе речам Инаку ново нема нмишто. Дечкото мој си оди во граднка, и мило ми е што обожава да оди таму, ако беше обратно не знам што ќе правев. Секојдневието исто. Од сабајле спремање за работа/градинка, па на работа се рабои турбо (среќа не работам со странки па можам да си дозволам кафе и цигаре кога ќе ми текне), си одам од работа, го земам мали, па ајде пресоблекување миење, јадење сокчиења вода. Времево не заебава што е вака шашаво не можеме да се наиграме надвор, мора дома игри да смисливам. Стандард низ дома секогаш работа чистерње перење пеглање...и така, можеби еден ден ќе излезам во кафана или диско сама, си правам филмови Имајте убав ден мамички
Здраво мајкички . Ние се прибравме. Поминавме многу убав одмор . Се шетавме и уживавме Луѓево околу мене се чудеа каде јас со дете од година ипол на таков авантуристички одмор . Сите се навикнати да одат до краците и толку . А ние стигнавме побрзо од некој кој беше тргнал со кола до краците Авион,брод ,еден остров ,друг ... Некако ми беше предизвик од старт.Само за момент ме замислуваше како ке се справиме со мм ако детево трча без контрола .Бидејки како мотор во газот да има Но испадна спротивно . И таму трчаше по цели денови но се околу мене . Не ми бегаше да не можам да го стигнам Играше на плажа сам што дома ретко се случува, 5 минути и толку .Пливаше,се шлапкаше.Па бевме на екскурзија и на друг остров. А бе срце ми се радуваше кога ке го видев како си ужива. Среќа Детево мое шеталче Ептен ни се погоди за шетање . До душа он кога беше бебе минатат година кај све не го однесовме ама одевме со кола. Имавме друштво, 2 другари на мм со децата.Погодено друштво ептен ! Црна сум кумур, а не легнав еднаш на лежалка . Не обожавам да се сунчам ама ичччч! Ама тоа е таква кожа имам мислам дека онакво за гњурење целосно да имам облечено пак ке поцрнам И еве не назад во реалноста. 2 дена ми требаше да се стабилизирам.Прв пат да осетам промена на клима и да ми е тешко да се стабилизирам. Денес прв ден на работа, не одам сега вака црна со ова тмурно време ама тоа е Во врска со темата за славење и гости. Правевме свадба со 300 луге. Крштевка со 30 најблиски. и роденден со 100 души. Роденденот колку и да сакав да го скратам не можев!Се беа блиски роднини и пријатели .Мојата страна на фамилија е огромна, а пак мм има многу другари. И кога ке собереше праиш мини свадба Но јас сум тип кој сакам многу да славам родендени.Јас до пред некоја година си ги славев родендените и мој и на мм со ручеци со искачања и забави. Сега веке друг е побитен и ми е најубава и најважна преокупација Само што оваа година планирам во игротека па ке видиме со бројот на гостите. @kikin јас и ти мислам дека заедно бевме трудни .. и јас на почеток викав дека одма сакам бебе.Па нејкев одма , сакав да ми израсне ,да разбира и слично .. И еве сега сум во фаза бејби бум .Сакам многуу многу ама и страв ми е. Еден ден викам ајде време е , друг ден да почекам,па како ова е мало,како на порагај ке го оставам 5 дена само. До таму стигнав до порагај па како ке го кревам кога ке бидам трудна а не смејам , и така по цели денови ... Денес си мислам, што ако треба подолг период како за првото ... Никако не сум . Наскоро ке почнеме па ке видам. Како господ сака така Би сакала едно девојченце со кадрава коса @danichap не дека нашиве доктори се попаметни , може и си го добила ова како совет но некаков контакт да направиш со некој наш педијатар . Да те разбере и да ти објасни што понатака еве во вакви ситуации? или не е баш паметно преку тел да се советуваш на невидено.... Со лесно нека поминува само Постов го пишувам од вчера и еве сега до завршувам Го допивам кафето и се вракам на работа Убав ден друштво
здраво,дечково го заспав пред саат време и све да фатам една книга да читама ама заглавувам на фемина Тапа време,дожд и тренерки комбинација! Денес имам повод да славам..тркнав до градинкава и синко го примиле! Од септември ранче на грб и со лесно.Чекаме ред од лани септември.... За ручек тава ориз на мени..за него уште посебно готвам,и не му давам пилешко,запршки и слично.Ама во градинка,го гледам менито,не ме бендисува нај ама тоа е.Дури и супер е за тие пари.
Хелооу Денес сум во подобро расположение ,ама многу ми е ладно,ми иде ќебе да си замотам @VedaG10 наздравје одмор,и мојава од бебе е шетана и многу сака да се вози и патува,еве и сега немавме проблем околу патувањето до Црна Гора,веќе е поголема и сама си седнува позади и си го врзува седиштето.А на кое место бевте,ако не е тајна? @irena.1 , како поминувате вие со оглед дека времево е лудница,се надевам ќе ви се разведри брзо. Поздрав жени јас на кратко само да ве ѕирнам
За бебе се збори, тема што ме мачи во последно време. Работевме на случај но не фати. После паузирав ради одморот, сакав да уживам во истиот. Па на одмор решив дека не сакам второ Многу сум променлива на оваа тема. Мм прво се нервираше а сега се смее. Вика сабајле се будиш сакаш, а веќе до вечер се предомислуваш не сакаш Сега сум во фаза "не сакам". Но не се ни пазам ако биде, судбина. Ако не, пак судбина. Но време си давам до крај на година негде. Ако не биде после веќе ќе почнам со контрацепција. Детево 4 години ќе полни, а јас да не кажам колку
Сите ти се чудат ?? Па мене тогаш сигурно ме прават ненормална што со 6 месечно бебе лани бев 4 часа во авион на занте а на годинка со бебево идевме 3000 км со кола Па преживеавме т.е напротив супер минавме бар се измашетавме.. Маж ми вели ова дете за 1 година откако се роди 10 држави помина и се пресели
Како ма не сакаш .Ај ма доста ,не сме стари ,јас не се откажувам ако треба и после две години нека биде
Е ајде де . Кога им кажував како ни е планот сите ми викаа дека сум улава Мене никогаш детето не ми било пречка ако сакам некаде да одам. Луге светот го патуваат со деца ,нема да седиме дома . @azelea Бевме Санторини-Иос- Миконос и назад па на Санторини . И во Санторини го оставив пола мое срце
Можам да замислам дека ви било преубаво, од искуство.. одмор, шетање .. пари не жалам.. тоа се квалитетно искористени денови па и за децава па и со децава
Здраво мајкички Си направив еден чај и си правам мала пауза на работа .Кашлам ,затната сум цела уште .Да ви кажам синко последниве две недели многу се смени ,од мирно насмеано дете ,само се лути за нешто ако не му дадеш нешто леле одма почнува да плаче да вришти ,кога сум јас до него само до мене лепенка е не сака кај никого да оди плаче или по мене или по маж ми јас незнам што бидна со детево дури и малце сум исплашена да ви кажам искрено .Многу ме уморува и неговото не спиење навечер ,по цела ноќ само се буди и сака да цица ,искрено сериозно размилувам да го одбијам од цицање .Може некој ќе ме осуди ама психички се изморив некако освен физички периодов од цицањето ама за 11 месечно бебе ние место да намалуваме ,он бара се повеќе и повеќе да цица .Порано без проблем на пладне заспиваше со маж ми ,со свекрва ми сега несака никако освен со цицање да заспие .Преку ден па седодека сме ние на работа па баба ми вика друго дете е со нејзе премирен е нема никаков проблем околу спиењето она со него . Тоа е мајки одвај чекам малку да затопли ,пошто измрзнавме деновиве ,заврши паузата одам да поработам уште еден саат и после право дома . Убав ден на сите
За скапо беше скапо , ама не поминавме над она што го имавме планирано за одморот. Не се луксузиравме ама не ни штедевме ако сакавме нешто да направиме. Повеке пари ни отидоа за превоз,бродови и рент а кар ... Ама уживањето е непроценливо. Имаше и нервози од време на време не може без тоа да се помине , дете сака по скали, мама сака кафе да пие без да трча по него , Тато пие пиво , дете на сонце седнат копка ли копка... мама дува од страна Ама се тоа се заборава после 5 минути ... Многу многууу убав одмор
Добср ден мајки..Децаа се заиграа па јас да ве прочитам..Утрово срцево ми застана од големата..Неколку дена бараше шпагети но не сакам ич да и ги давам бидејки и малиот сака а кога му давав често знаеше да се задави..Па утрово не попушташе и им сварив..Се најадоа и двајцата..Играа колку еден час и големата седна до мене и почна некако чудно да кашла и со носот да влече назад па да дува ја прашувам што ти е нема воздух и велам имаш ли мрсолчиња и само ми кима со главата неможе да одговори страв до коски ме фати и велам дувај ајде..Кутрата дувна и пола шпагета извади крвта ми се заледи..Во врска со годините на децата еве мојот за месец дена 2ке прави и пак не спие по цела вечер се врти кенка плаче никако ред да фати..И јас сакам трето уште имам желба ама мислам дека ке ја изгубам со малиот бидејки ми е мн лош..Тоа е од мене мајки имајте убав ден
Добар ден. Малата спие. Станавме сабајле накај седум и нема кај да се оди, надвор кочан, мислиш октомври е. Што се повампири вака времево? Никогаш не било вака овој период. Ќе се оправи ли воопшто? Секоја недела викаат уште неделава и ќе се стопли. А не се стоплува никако. Второ дете за мене е тешка тема и причина за внатрешна борба. Ова едново што го имам мислам дека ми зема сѐ што имав за давање. Цела љубов, цела грижа, цела посветеност и последните нерви. Не можам да се замислам да имам уште едно, од една страна чисто од себичност, ова малку да пркне сакам и јас пак да поработам на себе, пак да имам каква таква слобода, да почнам да спијам ноќе како човек. Не можам да замислам уште да ми се продолжува неспиењето, а тоа не ни запрело. Од друга страна не сакам и она да ја изгуби оваа мајка што ја има, да добие некоја нервозна што само ќе урла. Подобро добра мајка на едно дете, отколку лоша на две. Друг пат пак почнува да ме јаде грижа на совест, како едно да го оставам? Можеби ќе и биде убаво со уште едно. Можеби и нема. Мене не ми беше убаво. Па тој аргумент го тргам на страна. Животот не дава гаранции. Она што натежнува за едно дете се сепак финансиите. Никакви услови немаме за уште едно, немаме простор, немаме финансии, па кога ќе го додадам и немањето желба некако јасно ми е. А луѓево веќе почнаа, кога второ, ајде братче или сестриче да и купите, сите имаат мислење за второ дете, што е најчесто дека треба да се има, ама они нема да ми го чуваат, јас ќе го чувам, хранам, облекувам, јас треба да му обезбедам кров над глава... Затоа не знам зашто мислат дека треба да солат памет за такво нешто. Ако сакаат и пет деца нека имаат, мене не ме интересира нивното. За ручек за малата денес чорбичка со телешко и зеленчук, за нас не знам. Нешто набрзинка. Па попладне... Пак игротека некоја, само деца бара, кај се децата, па кај се децата. Може и до некој мол да се оди, почнавме редовно пред спиење да читаме па да и купам нова книга. Пријатен ден.
Здраво мајки. Станавме сабајле 7:00, ги пресоблеков децава, наместив кревети и се качи свекрва ми, ајде вика спреми едно ранче и го зема синко на целодневна кај една тетка (сестра на свекрва ми), блиску живее кај што работи, па да го позанимаваат таму. Прв пат сум вака сама цел ден со малава, дури и чудно ми е Се си средив, си се занимавав и гушкав со неа, си ја тинтрав денеска повеќе Па накај 17ч ќе си дојде синко и мислам да фатиме да прошетаме некаде, да купам подарок за едно девојче.. на роденден сме деновиве. Ептен ми е мака на тие родендени, никогаш не сакал торта да јаде.. а сега како за беља кога не смее, сака. На роденден кај малата на @Kitten кога ја исекоа тортата, му го одвлековме вниманието да си игра.... па после ги собраа парчињата торта и дојде: Абе каде е мојата торта?!?! Па излеговме да си одиме, и наљутен пред сите таму се развика на мене и мм: Вие не давате за јадење! Ке пукнев од мака... Јас времево мислам вакво катастрофа ке биде цело лето, незнам зашто така... Ама како затерало, ништо чудно. За на одмор немаме уплатено, ке чекам некој период кога ке се оправи колку толку и ке уплатам. Така правиме секоја година, недела пред да одиме на одмор си наоѓаме место, уплаќаме. И така, брзински еден пост од мене, да го искористам тивкиов период уште саат време
Добро сме. Вчера попладне и нокта врнеше. Срека имаме покриено дворче , па тука тепавме време. Денес сабајле бевме на плажа, сега пак врне. Топло е времето, но облачно. Поздрав , фала што не мислиш. @RainBow истата внатрешна борба во мене се водеше, срека кратко траеше. И јас се ставав на вага, пари, љубов, внимание... Ама малово инатче како што е сега своеглаво и си прави што наумило, така си се фати оно кога сакаше, најмалку кога очекувавме, срека моја. Не им ја поделив љубовта и вниманието, туку дупло давам и примам. Првиот период на адаптација е малку шарен, сега си тераме ко на лента, ние четворица сме тим и немаме проблем.
Не сме стари ама кога ќе има детњво 15 години ќе бидеме стари а тек за второво кога ќе ми текне пак бременост, постородилна депресија, пелени, шишиња, неспиени ноќи автоматски ми бега желбава..
Баш ми е мило за вас. Ама не сме сите исти, тоа е. Мене коса ми се крева, црева ми се превртуваат да помислам само. И да замислам да видам тест со две цртки не би била воопшто среќна. За себе сметам дека не ми доаѓа природно мајчинството. Ако оставам несвесно да правам ќе биде само викање, воспитување со казни на секој чекор, закани... Исто како мене што ми правеле. А не сакам. Се што правам е свесно, знам зашто и што стои позади секоја моја одлука и баш поради тоа сум често во борба со самата себе. Психички е исцрпувачки. И не можам да замислам со две да го правам тоа, па и нивните односи да ги регулирам, сето ова што го правам да биде пута два. Знам дека нема да се случи едноставно. Се познавам себеси и премногу добро, сосема сум свесна за своите недостатоци и не се кријам од себе, да се залажувам дека ќе успеам... За мене е доволно и едново, се осеќам целосно, комплетно ни е семејството вака, не чувствувам никаква потреба за проширување. Да чувствував можеби ќе најдев волја и сила и со второто да се трудам како и со првото. Ама тоа е тоа. Одговорот секогаш ми е нека дава таму кај што нема, за нас е доволно.