Јас многу сакав и трето, ама реков здравје понатаму, ако даде Господ. Сега овие неколку години качувам една висока планина, па и да сакам, невозможно е. Не ни оди во прилог. Ама пред некое време Господ реши дека доста ни се две, па нека ни се живи и здрави овие. Иако ме фаќа носталгија за бременост и бебе, сепак се помирив со тоа дека ќе си ги имам само овие дечиња. Туку не знам што е работава, од човек што не пиел таблети скоро ич, почнав скоро секој ден да пијам апче за глава. Ни кафе не помага, ни ништо. Бев и на лекар, па утре една крвна слика ќе направам и ќе почнам да пијам Б6 и магнезиум, а ако има потреба ќе правам и други испитувања. Одвај функционирам.
Здраво мајки, веќе подолг период не сум пишала, а незнам колку пати имам започнато и недовршено. Пред 1 месец почнав со работа па синко го гледа мајка ми и супер се слагаат нема никаков проблем ни еднаш нема заплачено по мене иако цел ден заедно го минавме. Малку ми беше тешко сабајле кога го оставам но тоа е, се привикнуваме. Бевме 8 дена во Швајцарија со синко и мајка ми кај блиска братучедка и супер поминавме, иако бев со негативна мисла дека синко нема да седи мирен, баш напротив и во авион и таму се беше супер освен тоа што му изби алергија која почна се почесто да му се појавува. И конечно утврдивме дека е алергичен на млеко и се што содржи млеко. Полека ни се ближи и нас роденденот па од таму купивме некои работи за декорација и многу им се радувам За темата 2ро дете.. ете го во стомак претка Јас сум единица на мама и тато и тоа е нешто за кое цел живот ми е криво. Од секогаш сакав да имам брат или сестра. Најтешко ми беше кога се разделував со друштвото и сите дома си продолжуваа да си играт со брат или сестра, а јас седев со моите сама. Со мм си имаме кажано дека сакаме 3 деца и тоа мала разлика. Не баш толку мала како што испадна ова сега, ама ете Господ така не благословил. Кога дознав дека сум бремена бев во шок, незнам колку плачев од што бев збунета но тоа е, ќе биде тешко на почеток во секоја смисла на зборот ама пак многу ме радува помислата дека ќе растат заедно и ќе си играат Господ дава сила во такви ситуации го знам тоа Инаку овие денови сум во тотален шок, девер ми со кој не живееме заедно ни кажа дека ќе ја побара девојка му за жена оваа недела додека се на одмор и уште сум во неверување колку децки постапуваат бидејки ќе одела во странство кај нејзините и двајцата така одлучиле, а жити се 6 месеци се во врска и тој има 22 години а она 19 Му викам на мм дај му совет зашо да брзат млади се ама имаат некој чуден однос цело семејство и многу не се мешаат во одлуки. Мм го прашал дали е сигурен, да не брза а овој целиот е збунет го гледам ама ете решил. Ќе има коментари кога ќе ја запроси Во глобала тоа е, заборавив да кажам дека синко почна да лази и се исправа на се и сешто и се фаќа за проодувалката и со неа оди, многу е смешен и воопшто не се плаши. А забче уште немаме ама затоа лиги колку ти душа сака. Убав есенски ден мајки Частам топло кафе или чајче со овошна торта, повелете
И мене секој ден ме боли, чудна болка ептен... но приметив дека уствари ништо не гледам од подалеку. Супер вид имав и одеднаш сфатив дека е тоа... и тоа седев во дневна и гледам накај тв, матно се... кога доле два преводи дуплурано едно под др Се доближувам еден превод станува, сликата побистра. Гледам низ прозор, листовите од дрвава матни ми се гледаат. До толку што и лица од подалеку ми се матни, на комшија надвор викам добар ден, не ми е јасно кој точно комшија а тек во Ситимол кога шетав, се матни лица насекаде Се канам да отидам на очно, но денес.. утре.. покрај други обврски, заборавам. Види и тебе да не ти е од очите...
Не верувам, ме праша докторката како сум со видот. Немам проблем со тоа, супер гледам (се уште) Она вика има шанси од малку спиење да е...ми беше срам да и кажам дека скоро ич не спијам
Здраво. Времево нека се подобрува оти стварно не се издржува дома. Јас ќе полудам, (главоболка се уште трае ни апче помага ни ништо) па не дете. Само нешто ново измислувам да му биде интересно, но ништо не го интересира. Само залепено стои пред влезната врата чека некој да влезе или да излезе за да се мушни. Кога не врне одиме до маркет купуваме по нешто дали требало или не само време да отепав. Одиме во паркот но нема ни едно детенце, што да има кога не се влегува внатре од многу вода. Имам пишано но ќе пишам уште еднаш, Сакам бебе, ми фали бебешки мирис, малечките рачиња....Но и се плашам како секоја мајка.За љубовта спрема синко и вниманието околу него. Со две деца тешко ќе биде, не сум за жалење имам помош колку толку но секое дете бара мајка дали големо или мало. Од друга страна си велам како другите така и ние. Но во некоја подобра финансиска состојба, се надевам за брзо време. Синко седи на нокшир пола саат и дури сега се покажа. Одам да мијам газе.
И јас да пишам...од нашето тајно место вц Дечките заспаа ама реков да влезам да се одморам дека може и некое да се разбуди Маж испратив на работа,наредните 5 дена е трета Му ја мразам смената,секогаш проблеми со Могли Плачење и тажење по тато па се вознемирува и мали,па јас на праг да полудам Иначе денов помина како и секој ден Заврна па си останавме цело попладне дома На доктор поминав солидно,за почеток со таблети за болка па за 2-3 недели ако нема подобрување ќе морам на гимнастика Друго исто... Уште утре во гадинки и едвај чекам да дојде викенд и да поспиеме Ако се може де,мали ми е ранобудник па никогаш да спиеме до покасно Се преместив во меѓувреме вкујна,да ја средам на брзина дека мразам наутро да пијам кафе во хаос Одо ја,довиџења
15 месеци не можам да се помирам со тоа дека не можам да се наспијам како човек. Еве 2ипол саати будно таман заспа пак плаче јас го презаспивам. Откако е родено еден ден во мир немам поминато се нешто плаче а на педијатар секогаш се во ред е. Спие и само плаче и мрда. Не помагаат ни гелови, ни распоред, ни правилна исхрана, ни ништо. Една нервоза што ме фаќа ми иде од земја да го треснам. Нема да го треснам ама во секундата така ми иде. И автоматски не сакам веќе деца и со едно ќе полудам кај и да е. Има многу мирни бебиња ама ова не ме остави за здивнам, воздух да земам, во најскоро време градинка или жена да го чува. Се поболев. Можеби вие што сакате повеќе деца сте имале лесен пораѓај или мирни ви се децата. Јас ќе експлодирам кај и да е. Не ми бега дијазепам кога ќе престанам со доење. Се извинувам на негативниот пост. Се чувствувате ли и вие вака понекогаш? Не можам да се правам светица кога еве баш вака се чувствувам. Не можам да пишам будно беше 2-3 саати си поигравме и заспа. Будно беше 2-3 саати скинав живци и до сабајле уште сто пати ќе се разбуди.
Ќе помине Ист проблем имав со ќерка,со часови беше будна,само се будеше Такво си е детето,не е секогаш до нас...
Добро утро мајки Едно во градинка, друго до мене гуга а трето на лекар со татко и. Крв ќе и земаат, ќе ја боцкаат. @mariz на 08 ќе ги крштеваме сите три, има уште малку време. @gjoker4e неколку пати и јас сум го имала она чуство кога ти се иде од земја да го тратиш. Големава ако наумила нешто научи од количка да станува, буквално стои, и морам да ја симнам оти ќе се преврти цела количка. Е тогаш е олелето. Последно, наочари за сонце кога купував, истиот фестивал. Женската и се ококорија зврцките кога виде толку наочари, па стануваше се исправаше и морав да ја симнам. После па се тегнеше да оди са пробува и она(а цени огин) од самата помисла да им се доближи коса ми се крена, па кога се истегна на земја, па кога рикна, па од солидраност и другото кога си ја викна... аууу. Во дм ја однесов, од детските да проба, нејќе, како моите сака. И така. По 101 пат ќе броиме во себе до 100. Некогаш се смеам замисли да ставиле скриена камера и на јутуб. Дете рика истегнато на земја а мајкава пуста што и да направи пак ќе биде крива. Ако игнорира оти игнорира. Ако кара оти кара. Ако објаснува оти сега му објаснува. На крај оти испаднала, дома да си седи. Не и треба пазарување, шопинг, прошетки или не дај боже релаксација. Фустан уште немам најдено за крштевката. Се друго што не ми треба најдов, ама баш кога бараш нешто нема. Сакав лате да си направам, па немам млеко. Се јавив на мм да купи кога ќе завршат. План за денов уште се нема. Поздрав
Добро утро женски, јас еден солидарен поздрав до @gjoker4e да испратам. Факт е дека на сите ни е тешко ама навистина има бебиња и бебиња . Моето од вторите беше Толку ме измачи што не сакав ни да помислам на второ, и беше забранета тема. Маж ми потполно ме разбираше и само ми рече јас кога ќе бидам спремна-тогаш. Мислев дека "тогаш " нема никогаш да дојде ама се излажав. Во моментот кога без никакви колебања помислив на второ без да ми се превртува желудник и да ми излегуваат пред очи слики од бебе што вришти туку пеперутки во стомак знаев дека сум спремна. Завршија контроли, пап, 3 месеци фемибион и сега работиме на случајот па кога ќе биде тогаш. Ич не се замарам и не мислам плодни, неплодни, овулација дрн, дрн. Знам кога ќе дојде ќе биде очекувано и посакувано. Темава со првиот роденден и мене ми е напорна, дури понапорна од свадба. За свадба 200 луѓе, за роденден 80, за крштевка 50 Требаше и женска да му најдеме и да завршиме работа во едно Ама нели, нека е за убаво само. А дека организирањето е страшно напорно и тоа како е. Ама затоа расчистивме со ивкови слави и за следните родендени ги носевме бабите и дедовците во кафана на ручек, другари и другарки ни доаѓаа на пијачка-торта дома и толку. На тема убаво, убави вести се дека може на планина да одиме. Мали не е алергичен на бор а и лекариве рекоа добро ќе му дошло. Во секој случај пумпица и торба лекови ќе носам, се надевам само нема да ги употребиме. Да се фатам со работа, колешкава чудно ме гледа што сум се распишувала по сабајле Убав ден на сите.
Денеска сонце А нас дворот ни е цел раскопан, мајстори копаат, бараат пукната цевка под земја. Децава ќе мора на друго место да играат. Јас дома немам вода од вчера, среќа во дворот имам чешма што е на друга линија, па таму мијам садови и се друго. Правев крвна слика, чекам резултати. Најверојатно ми е тензиона главоболка, 90% од симптомите ми се тие. Викендов планираме Крушево да одиме. Убав сончев ден на сите, се надевам сонцево ќе потрае.
Здраво друштво . Ајде за по едно благо мокачино .. за сите има по едно , за некој и репете Денес денов прекрасен . Конечно сонце и нема дожд. Деновиве се осекав како да е крај на септември ... Дури на есен ми мирисаше @gjoker4e јас имав мирно бебе, но моја другарка имаше бебе кое не спиеше .Доволно и беше дремка од пола саат за после тоа да е будна долго време. По цели ноки играа, и другарка ми пцуеше Кога ке почнеше да ми кажува мене ми се креваше косата,и секогаш помислував дека никогаш нема да се решат за второ дете .. Девојчето сега и е 2 ипол години, а она е пред порагај со второ Има многу слични како тебе не се секирај. КЕ помине. Немаш помош околу бебче? @*Лорена* пиеш фемибион пред да останеш бремена ? јас знам тие се пијат за време на бременост .. И јас сум во некоја подготовка и се осекам како да ке останувам бремена прв пат Денес сме на роденден во игротека, утре на свадба ,недела ручек кај моите и одмор.И викендот ке летне .. Убав ден
Да. Па и на нив пишува од моментот на планирање бременост до второ тромесечие. За Фемобион 1 е ова. За првата не пиев ништо од напред ама после една неуспешна бременост ми рекоа да ги пијам уште пред бременост. Секако штета нема. Ајде дружи ме
Јас за првата не пиев ништо вакво. Се надевам дека вториов пат полесно ке останам бремена нема да треба долго време. И јас ке си купам убаво што пиша. Нема штета баш . Не сме почнале уште официјално ама кај и да е ке се фрлиме на работа .Ми фуфка ама сакам бебе Се надевам ке се дружиме
@gjoker4e Edno vristalce imam i jas.Retko usta zatvara. Navecer ja zaspivam, se budi po pola saat pak ja prezaspivam, posle cela nok se budi na pola saat do saat. Nikade asalno ne sum pojdena oti sekade vristi i od site. I od moite more i od domasnive. Eve ssega ja zaspav po 5 min vristese za sega vrace da mi spie. A za noke sedenje po 2-3 saati i mojata sedi, vrti ptevrtuva pa ja zemam do mene da ja pokrivam celo vreme. Za 2 ni na kraj pamet nema ni da pomislam za brzo. Mrazam koga prvoto kafe nema da mi se pogodi Ubav den majki..
Здраво убавици, јас на работа стандард за овој дел од денот и стандард за овој период од годината со еден тон обврски. Лепотичкава моја си игра со внукичката, умничка е, не е баш некое немирно дете, не е плачка, ја фаќа и тоа не дека не ама во глобала е добра. Туку да се пофалам некни конечно прочитав книга, ма преубава беше, за на плажа тешко дека ќе имам време да читам, затоа дома по полноќ јас читам книга, некако стручната литература не ми се намилува незззз зошто, а гледам свесна сум дека морам да и се посветам и на неа.... Друго гајле што ми беше големо ми се тргна од глава па малку полесно ми е, мислам колку може да е полесно, ама толку колку што се може. За одмор да резервираме уште абер немаме, а веќе и места нема..... ај ќе најдеме. Туку утре ќе одиме со мм да купуваме лустери, корнизи, и да фрлам едно око две на некој тепих.... со еден куп настани дома застанавме до никаде, па ај да продолжиме нема смисла, плакарот за во ходник абер нема, а мајсторот рече за две-три недели 5 поминаа 6тата почна и го нема, е тоа најмногу ме нервира!!! Сакавме и кујна од кај него да нарачуваме ама по ова се мислам..... не ми е за брзање ама не ми е ни за чекање дупло од договореното време.... Тоа е дечки имаме време до роденденот ама изгледа ќе треба и него полека да го планирам, што ќе биде, како, тема, каде со кој, од прилика да знам.... ПОзззз посао зове!!!
Значи опет тема за ново дете....Иста прича е и во мозокот мј, ама за секој случај ќе си земам и јас фембион, особено што во нив има преработен фолат (со оглед да мене фолната не ми се врзува па морам да порачувам чист фолат од некаде, зашто во нашата мила државичка нема таква работа)..... Инаку, се пие второ кафе на работа, и едвај чекам да заврши работниот ден...До вчера се мислев дали да палиме колата и надвор од Скопје, ама денес се решив дека ќе шетаме. ПА еве сонце излезе, ма да за попладне најавуваат дождови, ама ете со надеж дека од утре ќе е постабилно. Друго немам што да ви кажам. Се си е по старо, бебо мој (не е веќе бебе ама навика) во градинка стандард, не се жалам, не ми е напорен за гледање, ваљда ми се погодило првово дете и за спиење и за јадење и за играње.....да не го подречам. А да се редактриам....за свадба 300, роденден 80....сега крштевка планираме и само со најблиски ќе правиме зашто не ми се праат веќе матинеа од настани на кои најмногу се радуваат родителите и баби и дедовци (баби дедовци, сестри браќа и кумови)...Убав момент, да се обележи со една кафанка и тоа е тоа. ЧАо жени, мајки, кралици....убав викенд да имате
Добар ден. Ви пишувам од кај мајка. Мм и вујко ми работат нешто, синко спие а јас седам и пијам кафе на рајат. Имам мирно бебе, ја преспива ноќта откако си дојдовме од болница,станѕваше само за млеко и продолжуваше со спиење. Има и многу непроспиени ноќи, кога се буди на пола саат. Јас упорно нишам а тој ми се смее..., а мене очи ми капат за спиење. Имало и сеуште има денови кога ми иди да го акнам од земја или да го фатам автобусот за усфет. Неколку дена никако несака да заспие пред 22-часот. Јас го нишам, му пеам, тој станува скока, игри пее "на на" хит му е "dame tu cosita". Или пак бара да му пеам песни за вујко му, вујна му, чичко му... јас и мм само измислуваме глупости, некој да не слушне од страна ќе се згази од смеење. Имајте убав ден.
@gjoker4e ама ич не те осудувам. Нас моментално не "тресе" скокот 4+. Ма да сме веќе пред прагот на 5ти месец, ама порано е роден па скоковиве покасно ни доаѓаат. Значи ме мрдна деновиве. Ај што станува на секој саат навечер, дење неќе да цица, плаче пред секое заспивање, склет е сака гол да биде, по цел ден сака тв и тоа во раце да го држиш. Релаксатор неќе со очи да види. А сама сум и јас по цел ден со него. Ако дојдат баби дедовци да го видат, вриска писка неќе кај никој освен мама и тато, па за саат време си одат. Баш пред некој ден така плаче, јас со мајка ми на телефон и она ми вика изнеси го малку на тараса да не ќе се смири. Викам море ми иде да го изнесам и да го фрлам Не дека стварно нели, па и во секунда се осетив мн глупо што така реков. Си викам еееј, толку беше чекан и посакуван, луѓе уште водат битка за едно вакво среќиче јас види ме глупача што зборам Ама добро е ми олекна, не сум била единствена Ама кога ќе ме погледне со тие очињата цели на мене, срцево ми се топи. Душа е, се го интересира, сака да осознава нови работи, не е криво тоа мало душиче што мајка снемала нерви Љубов се најголема и иако се радувам на секое негово додадено грамче, на секој негов нов потег, сепак посакувам да си остане вечно вакво мало и убаво пиленце