Ајде и јас да напишам некој збор на темава одамна ме нема тука. Конечно дојде некако последен ден работен пред долгоочекувам одмор па привршувам и одам да се пакувам. Остануваме малку подолго на дестинацијата па имам баш за спремање а ограничени сме со багаж па трита планови и опции се во игра. Знам само дека многу убаво ќе ми дојде одмор зашто лани немав саглам одмор, имав напорна пролет и споени ми се веќе жичките. Моето дете не голем плачко ама не е ни спанко. Од бебе не спиеше многу се кратки дремки се презаспивање, ноќни будења и слично. Сеуште се буди ноќе на 2 и пол години па веќе се навикнав вака да функционирам. Се чудам како мајки со бебиња имаат време за чистење и слично. Јас да немав жена за чистење црви по дома ќе не појадеа зашто нема кога да фатам да зачистам. Од кога сум на работа па ич, освен нешто интервентно што мора да се сработи. Додуше и кога сум дома гледам повеќе него да му се посветам отколку на чистење. Побитно ми е квалитетно поминато време со него од чистење искрено кажано. Кога го гледам како се менува од ден во ден сакам секој слободен момент да го поминам со него. ми фали малку да сум сама, да излезам и слично ама си викам ајде ќе порасне уште малку па потоа. Темата второ дете ми е многу болна тема. Едвај го добив и ова првово, па второ ми е мисловна именка. Имавме кобајаги смрзнати ембриони ама каков баксуз сум јас не се одмрзнаа како што треба што ептен ретко се случува. Сега имаме смрзнати јајце клетки и само одлагам кога да одиме зашто додека ги имам бар имам некоја трошка надеж дека можеби ете и јас ќе бидам од среќните со повеќе од едно дете. Кога ќе ги искористиме тие толку е. Ако биде биде ако не ништо. Кога ве гледам како убаво и возбудено си зборувате за планирање бременост ми се рика од плачење. Потоа си викам имам едно нека е тоа живо и здраво нека си расте и нека ме радува, за бројка на деца како сака да биде нека биде. Од околина исто дерман немам. Кога ќе слушнат колку години има одма има прашање а што чекате, сега вие моментот, греота сам да расте и слично. Ептен сакам да си чувам интима за себе и сакам да бидам културна па одбегнувам одговори инаку во себе сите ги терам у пм. Малку негативно завршив, ама на сите што си планираат бременост побрзо да ви се случи, отидов ја на заслужен одмор.
Добро вечер Ви пишувам од раб. Малку релаксирано денес ми е па имам време. Моето девојче е во глобала мирна си спие се тоа ама многу ме нервира кога не сака да јаде па со прстињата од уста на очи и во нос оди јадењето. Не трпи лигавчиња па така и облеката ни е ко лигавче . Во тие моменти ми се спојуваат жичкитеи знам да и викнам а оно бе душиче ми се смее. Фаза ќе помине тоа е ќе издржиме. За 2 месеци славиме 1 роденден. Планирам до 30 луѓе максимум и дечиња. Во игротека планираме па здравје ќе видиме. Девојчево мое ми порасна. Колку брзо минува времето. Цела е циркузи. Сака само да оди па се држи со една рака за мебел... Не седи ни една минута на исто место. За 3 недели одиме на одмор па се спремаме и тоа е. Убава вечер имајте
@gjoker4e си имаме и ние вакви жути минути. Посебно откако малово направо година и неоој месец. Значи баш прееска абе кога отидеме некаде кога секој лу е непознат и не треба да прави проблеми тој ко за инат тогаш е 100 на саат, па се смирува па пак бубачки ова за низ дома зборувам.. некој саат е ок али коа ке настапат муите у главата ужас. Црка бега рика да не зборам дека веќе ола година битка водеме за памперс ставање нема шанси да даде барем еднаш.. секогаш е се со молење плачки бегање и ако го фатам да ставам не можам да го задражам толку е жилав што мојата сила не помага.. па се облачаме така стоечки.. како се намести така, бинго на лото работава.. па има моменти јаде и прејадува а има моменти момаков кога демек ќе јаде и не како другите деца да одбива туку овај зинува му ставам џвака и плука или брчи со устата и се валка околу него и не јаде.. еве деновиве ништо. Правам фрлам.. Уби боже.. Некни одевме на разговор за стан пред газдава коа му се споија жичкиве баш коа не требаше почна да вика да се дере почна да мава да гура столици во станот пред него леле срам.. ... Срам... Ќе го оставам да се лади не ставам памперс он како за беља или ќе се искака во 2 те минути до гола кожа или ќе се изнамоча цела река.. Е те това е!!! Мир мир а ми заѕвони тел нрлој важен повик админострација тој почнува да ме влече да ме куби да црка да вика.. Ауууу Сите сме вака тотално сите.. И ќе бројам демек и све ќе правам и на крај пак ми се спојуваат жичките. Тава е тај мајчински живот.. ама убав ..преубав.. најубав на свет!!!
Добра вечер мајки..Само да ве поздравам оред легнување..Ги скокнав страните друг ден ке ве исчитам сите..Уште синока дадата цимолеше во сон со потплачување дека стомакот ја боли..Од 1 кога почна до 7наутро дооолга нок а и оваа ке ее..Утрово и дадов пробиотик се смири колку 2часа цел ден плачеше дека ја боли си дојде мм од раб ја однесовме ни рекоа стомачен вирус ако некој го поминал кажувајте колку трае..Се вративме и дадоа сируп и пробиотик..И дадов пак пробиотик плснирав сируп пред да легне ама не..Поминаа два часа дете плаче без престан дека ја боли ме моли жално ми беше многу дај ми сируп може ке ми помине од него се сожалив и и дадов..Ама ништо не и помина и лд него пак си плачеше некои три часа..Не нон стоп ама одвреме навреме очите цели отечени црвени за само еден ден..Веке околу 18ч ги извадив во двор малку но пак исто ке дојде и ми плаче ме боли стомак срцево ми се кинеше..Малку подобра стана пред заспивсње и наполнив гума со топла вода и ја држеше рече дека малку и поминало..Ги налегнав околу21 малиот заспа одма таа испи млекото и почна со повракање млазови млазови..Се преплаши детево ајде мени постелнини наша нејзнина ја легнав и си заспа..Се надевам дека повракање после пиење млекце ке нема пак..Друго ново веке 3дена не цуца цуцла ја изгуби и и реков ја нема ја бараше ама не многу два три пати ја спомна и не ја бара се надевам дека нема да и текне пак си ја носам во џеб за секиј случај Во врска со неспиењето колку само постови имам пишано до кога ке трае неспиењето зошто така ама се откажав такво е детево и крај..По цели денови само гледа беља што да направи (тоа за малиот) кај да се качи На 12месеци скрши нога два пати глава на исто место капеше и пак ди е исто јас му велам дрво си е Нека е само жив и здрав нареден месец ке полни 2г а преку ден не спие веке месец дена заспиваат рано навечер ама тоја најмалку 5пати ке стане мислам станување а плус нишкање по цела вечер па мрдање квичење и триста чуда Ама ајде нека е жив и здрав се тешам за една година ке помине А многу сакам и трето си велам ај мош тоа ке ми се погоди мирно кога првите две беа лоши Се надевам желбата ке ми остане и после година две Се распишав јас имајте убава вечер мајки
@gjoker4e само да ти кажам дека е нормално тоа што го чувствуваш. Не си лоша мајка, туку си само преморена. Со мм бевме пред развод кога малата имаше 1год. Хронично ненаспани со месеци. Вадење заби, вируси, скокови и што ли уште не. Една мирна вечер имавме месечно. А двајцата сами, без минута помош. Ми текнува, по цели ноќи се возевме низ Ск, за да заспие во кола, затоа што вадеше заби со триста маки, а сабајле мм на работа, она ококорена, па ни јас не можев да поспијам. После мм се враќа од работа, ја превзема, јас одам на работа и се враќам во 20-21ч. и така секој ден. Помина и тоа. Сега е многу полесно, ама еве второ е на пат, па пак нѐ чека истото Само знај дека даваш максимум од себе и тука сите те разбираме
Добро утро. За мене веќе добар ден. Станата сум од 4, ама чекав барем да се раздени па да се симнам да почнам со обврските. Два дена сме без вода и хаос е се. Од сабајле три купатила исчистив, садови на рати мијам, носам во двор, уз пат скокам канали длабоки скоро метар и планини од земја. Тресам кал, менувам влечки и пак дома си внесуваме. Средив се што планирав и сега уште да се избањам и ќе си сварам едно раат кафе додека децата спијат. Со крвната слика е во ред, освен железото - 4.
Добро утро од мене мајки Јас да си почастам, вчера беше роденденот на мојата бумбарка. Една година ни летна Супер беше мирна си трчкаше по децата. Ние викендов турбо. Вчера роденденот денес блиска свадба, ама ке се издржи, само за убаво да е. Убав ден на сите
Добро утро накај добар ден. Што ќе се прави денес? Знам имам 2 перални за пеглање детска облека, нашата само што носиме по надвор пеглам.Да пазаруваме , исчистиме и нормално 2пати до игралиште , да ја заспијам малата па ручек или мм ќе прави риба на скара или ќе одиме до мензата т.е ресторанот што ни е во близина.Бевме до италјанскиот што ни е пред зграда пред 2 недели многу скапо и повеќе немам намера да одам.А јадев пица .Сакам на ќебапи до мк ресторант ама 1час ни е одалечен.Па на топлово и слабо со време сме денес.Ајде друг пат. За 2 недели ќе одиме на свадба за мк ама само викенд за жал.А толку планови си направив што ќе правам мислиш 3 недели ќе сме таму На заболекар , на фризер фарбање шишање фризура и шминка , малата крв да и испитаат ,на уво нос да ја однесам да ја види мојот др дали има 3ти крајник, тоа е за сабота кога е свадбата што треба плус цела свадба да одиме собрание и цркава.Најдобра другарка со меше ако и треба помош да и помогнемеНедела ќе одиме на честито кај сестра ми се пресели кај дечко и па нема смисла да не однесеме некој поклон.Понеделник се враќаме, а петок одиме.Имам уште од листата то ду,ама ќе останат на листата. Ова ме потсети еднаш и мене слична случка само за интервју за работа повикот мала плака се трска од земја Јас зедов нешто и бутнав в уста да јаде и се смири малку Па разбрав што ми зборат @gjoker4e ете гледаш не си само ти сите низ исто минеме на периоди.Сум пишувала колку сум ненаспана и колку живци и сила немам.Имаше еден пат кога преморена по 200 пати ноќе станувам и ја лулам и и реков ако не престанеш да плачеш ќе те треснам од земја.Мм толку се исплаши што другиот ден 5 пати ѕвонеше да праша дали е се во ред А нормално немав намера тоа да го направам само го кажав без размислување.Едноставно уморот те прави нервозна без живци и мислеш дека си најлоша мајка. Ќе помине период е Поздрав мајки за засукам ракавите работа ме чека.Убав викенд ЕДИТ. @Peperutka-bt среќен роденден на малата жива и здрава да расти
Добро утро, брзински да ве поздравам Времево сеуште катастрофа Вечер сама ке излезам со пријателки... па незнам искрено колку да се облечам Децава ми се будни, но стокмени, најадени, пресоблечени... си играат доле пред мене, јас кафе пијам Ке гледам да заспијат во исто време, за да можам да се избањам и исфенирам... ако е тоа можно Толку од постот, почна малава да вика... Секаде и здосадува за 10мин и само ја шетам те реласатор, те џампер, те на спална, те на земја со батко и и куп играчки... Мене тоа кенкање многу ме погодува некако и неможам да слушам ни малку да кенка и одма друг кеиф и правамА мм кога ке легне, зјапне во Тв, она кенка... не бе не ја приметува додека не му викнам јас И така.. имајте убав ден, еве една убава статија да ја прочитате http://kukuriku.com.mk/оваа-мајка-на-прв-поглед-изгледа-среќн/ @Peperutka-bt жива, здрава и најсреќна да е малата
@Peperutka-bt срекен роденден на малата,жива здрава голема да расте ! Добро утро мајки,сабота а мене ми е сабота уште пред една недела,нели терам боловање ама многу сум уморна.Мислев сабота да дојде,маж ќе биде викенд па да шетаме,ама ке мора до работа да претрча. Детево ви е права арамбаша ,ама ако само да е ок и здрав.Коа неможеше да оди само се јадосував кога пак ке оди,е сега нема да се жалам дека е темпераментен
@vitamina и мене секое ставање памперс ми е хорор па понекогаш чекам да заспие да му облечам во сон а понекогаш си велам па и зошто воопшто пробувам со сила може детето сака нокширче. Пак ја сум крива што со сила ставам памперс а тоа не сака. @mariz Втор пат го читам тоа за последен пат и се расплакав. @NarCis@ како некоја авантура ми беше кога го возевме низ ск со кола ја боса по влечки горе маица доле пижами, лице и коса како од лудница избегана а дете кога облечено кога соблечено си се смеев сама со себе во кола. И таман заспие ете ти некој семафор дете крева глава да види зошто сме застанале па продолжува да спие на зелено... Ви благодарам на сите за подршката. Во тие моменти мозокот поинаку размислува. Мора да најдеме некој лек за уморот. Најтешката задача е што ненаспани имаме мн обврски а кафето и не помага баш. Сакам помош од еден час на ден ама од некој што нема низ нос да ми го извади тоа. Нека се живи и здрави нели кога се болни се пропаѓа во вода не ми е битно тогаш дали сум јадена спиена дали е чисто дали машина е пуштена... Имајте убав ден и правите, раѓајте деца на време (јас ќе размислам) ама децата се богатство!!!
Добро утро или незнам како да кажам цела вечер немам спиено освен 2 часа синоќа дете ми се исфрли свеки ми се прави експерт за се па му дадела тутку се сеќавате нели за кој ви зборам алоо со кој ум а дете алергично на кииритки лешнак какао ореви цела нок плачеше и ја чешеше и давав сируупи што може да помогне абе така се изнервирав уште не ми се брцнала во гаќи и така де изнервирав не спана си дојдов кај мајка да пуштам мозок на релакс дете сега за сега е добро фала богу само што прокашлува и се разранило грлцето ваљда и тоа е време мутаво неможе човек да прошета дете и тоа е негативно кај мене имајте убав ден друшки
Овие имењациве изгледа исто кроени се Незнам како не му смета, он дури и комотно си спие додека бебево цела ноќ стенка или плаче. А ја иста ко тебе, неможам да ја слушам повеќе од минутка, одма правам нешто да се смири. Нешто од внатре ме тера, ме вознемирува и мене кога не е мирна. А во врска со статијава мора само да приметам дека во врска со гушкањето не се во право. Не би можела да се помирам да не си го гушкам детето без разлика на возраста. Сакам да се гушкаме до крај на живот! Тоа е нешто што ми фалело од дома, моите родители се поладни и сметале дека искажување емоции е погрешно Нема да ја направам таа грешка со моите деца. За дневните рутини денес нема да ве замарам. Сите знаете како е да имаш новороденче Денес сме точно еден месец стари
Тежок денов 40 степени и пот на сите страни.. Ние ќе се селиме денес.. Јас седам и блуам немо од кај да почнам да пакувам и чистам.. Е аман више!! Дете заспа па време е да се факам во акција!!!
Среќен еден месец И кај мене биле поладни... ама со сестра ми до ден денес знам да си се гушнам @gjoker4e ќути, подголтував... зашто одма ке ме примети малиов и ме прашува зашто плачеш? Па и он тажен после Многу е емотивен, не знаете како плаче на Snowflake snowflake little snowflake и twinkle twinkle little star, ако почнат одма ми носи даљинско те молам гаси ми вика. Еднаш не успеав на време да исклучам, леење солзи по дома беше, ја сакам мама и плаче @vitamina дај пушти од топлото навака, да не мора јакна вечер да носам
Добар ден мајки Брзински да ве поздравам додека не стасал ручекот и не станало средново од спиење. Турбо денов, само за убаво нека е. Утре сабајле тргаме, ние 5 плус свекор/свекрва. Туто комплето со комбе. Со добра мисла, на полноќ да стасаме. Ќе ви пишам од домата кај мајка. Убав ден на сите
Sreken pat Dani.. Edvaj cekam sliki od trite princezi. Malaba istera prva dremka po saat eve pak zaspa.Ova za toa nokeska sto se zurkase.
Среќен пат Дани, најубаво да си поминете а и верувам дека ќе си поминете.. па чекаме сликОа!!! @mariz пуштам 10 степени за тебе у замена барем за 30 овде е 40 степени.. гори тлото.. И мајче држи се.. не се замарај, знам тешко ова на дело е ама со тек на години човек впива и отрпнува од се.. се надевам малото е ок и ќе биде ок ..најсреќни!!!!!
Добар ден мајки. Синко заспа, јас еден брзински туш направив, машина пуштив и ручекот готов е. Сега седнав да одморам, дури ѕверчево спие. А мм работи во комшии и позаебавно нема од тоа комшијата, да ти ѕвони во 7сабајле за да појди порано да почни до работа. Ми идеше тел. да го акнам од ѕид. Толку од одморот од мм, му го скратија Од утре дежурен цел месец, по 12 часа на работа и после тоа на повик во текот на ноќта И капак на ова уште и за пиво фест на монтажа ќе биде и две дежурства таму ќе има. Ќе бидеме сами со синко, ќе биде напорно,но ќе помине и ова, но се плашам за здравјето на мм. Вечер сме на гости кај другар од мм се вселија во нова куќа и ќе одиме цело друштво.Се договоривме да не купуваме никој ништо, туку сите пари да му дадеме. Барем ќе си купат нешто поголемо што му треба. Туку незнам за дете дали да носиме... Само велам незнам и на крај секогаш секаде си го носиме, барем пред очи ќе ми биде. @Peperutka-bt среќен роденден на малата, да е здрава и жива. @danichap убаво да поминете по пат со момите, Имајте среќен пат. @vitamina мајка се измачи со тоа преселбите, јака ти душа. Имајте убав остаток од денот.