Добар ден мамици! Топол, сончев ден... баш вистинско лето. Спие големата, спие малата... јас во тишината која е реткост кај нас успевам да пијам кафе, утринско кафе кое скоро секој ден го прескокнувам давајќи предност на другите обврски околу децата и домот. Малата синоќа ми кашлаше, дал е можно до толку да е нежна. Топло беше вчера и секако ја раскомотив по боди преку ден, ноќе спиеше на кратки и друга логика немам за топлото време. Ама ете ја затнано носе и кашла... аман веќе! Уште една причина да не спијам навечер. Летото со врви а ММ и големата сакаат на море. Мене со беба не ми се оди, па се убедуваме деновиве и бараме паметно решение. Јас би они двајцата сами да одат , нек уживаат... догодина заедно! И така ќе е изгледа. Се мислам што за ручек, некако летно време и не ми се готви, а ми се јаде . Поздрав... убав ден!
Добар ден! Чисто да ве поздравам, не дека имам нешто посебно да кажам. Си поминуваат деновите, малку по гости, малку дома, цело време со луѓе дури на моменти и напорно ми е од што се имам одвикнато од ваквиот начин на живот. Дете како дете си расте и секој ден се повеќе зборува, единствено што многу ме бара, кај и да излезам едвај на 2 саати максимум со живи маки ја оставам а здравје ќе треба и на подолго да се учи незнам како ќе биде. Сега кога заспива со нас седи и баба и оти сакам да ја научам да заспива и со друг за да и биде после полесно за во градинка или ако има потреба некаде да излезам да не ме бара. Се надевам дека ќе успееме. @VedaG10 и јас многу сакам боровинки, омилени ми се, едвај чекам да почне да ги има по планините и да си купам тазе набрани веќе кога сум тука, инаку и од маркет си купувам секогаш, во немачка секое доба ги има. Денес топло ќе полниме базенот со вода и на тераса или во двор ќе правиме водени лудории. Убав ден!
@snegulkata летна манџа со убаво сиренце е најлесен и најубав ручек за лето се излигавив на самата помисла @Seline не знам зошто кај нас не може да се купат боровинки .Знам дека секаде ги има во секоја доба ..Може дека се скапи па не идат на овој пазар
Одма да кажеш од каде зеде и дали се ко тие "по светов" имало кај нас ама со тревки, гранки и сл.. не ко што наоѓам во странство
Здраво здраво, толку сум претепана што едвај наоѓам време да пишам. Дете не спие и не спие...се бркавме синоќа до 24....ќе задреме, ќе заплаче, стани ја се смее и трча. Цела ноќ кенкаше. Еве сабајлево на тоа неспиење се успа брзо и за 10 мин стана спремна за игра. Нон стоп бара да оди, да стои или у раце. А јас сила немам. Кај и да појдеме плаче. Не можам ништо да направам. А не ми беше детето вакво. Викам ова некој ме колне за вака да биде. Кај со кичмата проблем, сега и стапалото, едвај газам. Ја оставам да гледа цртани за малце да здивнам, ама и тоа не пали. До неа да сум. Какви не играчки купив, дома се по нејзин терк и џабе е се .... Не можам ни туш да удрам. Еве ја до мене на кревет, се превртува, оди со главата надоле. Знае и да скока од кревет. 2 проодувалки, дубак, оградица, играчки во сите соби. Ништо не пали. Еве почна да рика ко магарица, ништо не и е, од креет на земја ја стаив да игра. Не знам што да правам веќе. Башка се стресува кога ќе се разбуди, искрено ми е страв дека нешто не е како што треба. Со шише си игра покрај толку играчки....
Од Тинех ги земав . Во кутивче спакувани,како што се секаде .Без гранки Вкусни се многу . После ке одам да земам уште едно кутивче ке видам дали се погодиле така или сите се вкусни ..
@snegulkata претпоставувам е понапорно со две деца ама не му крати море на бебето. Благодет е . Баш ако кашла, затнато. Ќе се надише чист воздух, морска вода. Рај за имунитетот. Поздрав мајки. Ве пратам сите.
Исто и ММ ми вика, ќе и прија климата, солта, промената на место... а јас па мислам одма на повраќање од новата клима, лошо спиење од промена на место, напорно патување со две деца, тешка организација со ќерето и бебка... Дали ќе е одмор или напор! Не знам, ќе видам шо ќе праам! @VedaG10 еј стварно, ај утре летна манџа! Денеска ориз со телешко, и пинџур има... Меѓувремено бебка спие прва дремка ( се надевам дека ќе одмори час и половони), Дадето на гости кај моите... Јас една купа алишта за пеглање ама не ми се мрдааа, лежам! Клима вклучувате ли тие што сте со бебиња дома? Ете ја нашата работи, во ходник е а ние во дневна па беба не е директно под клима. Мислам дека на топлото си треба клима, не ќе да ги вариме бебите нели? Ај одам барем пола да испеглам...
Оди си на море и уживај. На бебето ќе му годи,штом имаш помош од мт,нема да е тешко.Зошто на лошо мислиш? и тебе ќе ти годи.Ќе си станувате порано,на плажа,шлапкање,па на спиење,некое лесно ручече,па пак плажа,секако смештај барајте одма на плажа.Вечерта туширање,ако можеш шетај со бебе ако не дадичката со татко и или обратно. Не си крати ббегање од секојдневието.
Нормално дека на жешково ќе има клима пуштено, само не преладно и не во собата вокоја седат децата. Поголема штета е на жешко ако седат. Пред некој ден баш глредав слика, пола прикажана температура на воздух 33 степени, куќата врие на 40, асфалт на 45, коли на 45... а другата половина, воздух 33 степени, под дрво сенка, треба доле, куќата 33 степени... Викам ние изумревме на пеколов у асфалтов... само на планина сега. Доктор ми има кано, се што е температура над температурата на телото на човекот, е штетно по здравјето. Дани да пише како по пат со 3 деца поминале.
Мене душата ми се кине за децата на семафорите Вчера си поплакав во кола, бебе на слична возраст ко моето, заспано, испотено , го м'кне во раце во 14 часот Сакав да и свикам, сакав да и дадам пари да му купи шеширче , сакав да и речам вода да му даде Денес ако е уште таму ќе и се истурам на неа од бес Да ти се плукнам во државата.... неможам да се помирам , дете недолжно , да трпи вакви нечовечки. услови Со што заслужило? Има ли правда? Не Ние арни, малото се поинтересно Едвај чекам дома да стигнам и да си играме, да се лутиме, да се гушкаме, да одиме на лулашки Имајте убав ден
Sto e drzavata kriva? Taa ako ja viknes da raboti nema da raboti, a gi ragjaat za da zarabotuvaat so niv, ne deka ne znae kako se praat deca. Sto moze tuka drzavata? Se kotat samo za da prosat. A toa nevino kje trpi. Domovite se polni so takvi kako niv.
Па крива е оти им дозволува да просат по улици, исто како што им дозволуваат со запрежни коли да се движат по булевари и оние што "мијат" шофершајбни на секоја раскрсница. А дека се мрзи невидени и се чекаат на готово, нема збор. Пола Аеродром врие од нив, испоседнале на клупи и цел ден пиво пијат, па уште ги редат шишињата и лименките, ко да се трофеи. Како се населија преку мостот во Гази Баба, чиниш во Шутка живееш. Ѓубре насекаде само од нив.
Добар ден мајки Ај лелел колку е жешко.Врие. Нема клима.Има вентилатор.Ама од барабите мои не можам ни да го пуштам оти бркаат внатре. Седам со малото и слушаме песнички.Големиот спие. Денес ни едно во градинка. Зелени мрсоли течат.Правеме инхалации. Ама џабе кога другите ги носат децата такви рашмркани. И незнам утре дали големиот да го носам.И таму е хаос.26 деца.И од селата ги носат биле на одмор вработените.Некој ден има 10ина дева друг 20. Лудница. Тоа е.Мораме да се привикнуваме. Денес исчистив дневната.И завесите исправ џамови избришав и размештај направив.И јас ко мари само нешто си наоѓам занимација низ дома и си правам. Малото наредната недела именден има.Ќе спремам нешто.Мм не е тука.Ама ќе дојдат некои гости. Од неделата наваму сум страшно преморена.Деца не спијат поради затнати носови.Па рикат па успивај кое попрво да гушнеш и тоа вика мама и тоа вика мама. Добро барем лето е.Кратка ноќ. И како раснат повеќе разбират. Ама големиов ме ваде од такт. Едно станување прво плаче одма за некоја играчка ако му земал братчето.После плаче да не го соблачам и плаче не дава да го облечам.Па не сака надвор да излезе.А малото сака.Или не сака да оде пешки се со колата да одеме.или кога им давам да јадат рика не сакам на таа маса па не тој стол не таа чинија и се налутува и фрла јадењето и не сака да јаде.и го шлапнувам веќе не гледам дека.немам живци.Немам сила ни воља ни ништо. Со недели ништо не јаде.Не ми е јасно од што живее. Се мислам што да правам ручек мислам вечера. И грлото ме боле.И бубрезите половината.Синоќа како сум легнала на спалната кома се додека малото не заплача. Тешко е да си мајка. Време за себе многу тешко! Снегулката,зошто да не одиш на одмор? Плус имаш поголема дада што не е толку страшно. Моиве во парк трчаат едно на лево едно десно.И сама со нив незнам по кое да трчам. Убав ден на сите.
Се поретко ве има периодов. Лето.. убаво си е бе сонцево само да не е драстично ко што е и без 40 степени. Многу сакам нели . Ние се препородивме откако се преселивме. Станот е супер, од ново поново. Се гледа дека вилава е реновирана од неодамна комплет со се се. Си имам и завеси бе, баш си сакав.. лека полека си го претворив во наше семејно катче, уште дел од равотиве што се ми доле што си ги донесов да ми се пратат и одлично ќе е. Сепак малку поголемо од тоа што беше али ние навикнати укуткани со сите врати отворени па шубе ни беше цели месеци дур дојдовме овде. Мир си е мир што нема цена и е одлично. Деновиве се отслик на секојдневие, некогаш ми е толку монотоно и депресивно се околу мене, откако станувам нема седнувачка, плус со дете во фаза кога е опасно само по себе, па нон стоп сум со 10 очи и турбо се додека нели таа секунда не се фати и нешто се случи.. али да не коментирам фала бога жив и здрав е да го чува господ не можеме од се да ги заштитиме биквално.. Друго, толку многу сакам да одам на море што едвај чекам да дојде некоја прилика да отидеме и да се релаксираме сите 3јца. Ни фали забава у квалитетно поминато време што у послениве месеци сме го немале.. И тоа ќе биде а што не било и не поминало .. Живи и здрави да сме само.. Некогаш атмосверава ми годи а некогаш и не со оглед на тоа што поминуваме 2 дена во неделата коплет сами па тогаш ми е најтешко али тоа е .. сјајно нема. За подобро ќе се бориме.. Лека ноќ и убав утрешен ден на сите.
@snegulkata дека е напорно со 2 деца напорно е, ама освен што им треба на децата свеж воздух и море, и тебе добро ќе ти дојде промена верувај. Ние одмор не пропуштаме, се додека сме и финансиски во можност така ќе биде, дал охрид дал море важно да се мрдне негде. Ми се крева коса на глава од помисла на пакување спремање, ама кога ќе стасаме одма е друга песна. И децава се порасположени кога ќе им смениме средина. Само веќе решивме да не тепаме многу долг пат, барем дур не потпорасне малово, некаде да е поблиску не повеќе од 4-5 саати возење. Децава се преиграа надвор заспаа бајчиња, посебно големион што е жив ненаспан. Малово преку ден спие до 3.5 саати надокнадува ама големово нема шанси колку и да е уморен да реши да прилегне да одмори
Добро утро мајки Ајде на кафе Седам сама и пијам кафе. Ги однесов дечките во градинка до 10ипол ќе седат. Прво се успавме оти ноќта едно 100 пати станав. Па големиот едвај го разбудив. Па зборев ајде кај децата му закачив ранчето и со песни отидовме.Блиско ни е на 10 мин. Вчера се си средив исчистив. Разместив тросед масичка.Додека ни донесат седмосед после пак ќе има чистење разместување. Убав ден мајки...
Ај да уграбам време да пишам. Беба спие, мада кај и да е ќе стане. Се разбуди цицна, доручкуваше и пак побара да спие. Епа кога неќе да спие пи цел ден, така е. Спиеше цела ноќ, не ни закенка, ама затоа следнава знам душа ќе ми извади. Така ние, 1 ноќ спиеме 6 дежураме дење, ноќе. После сме на контрола, да видам мајкина колку се збуцкала...а збуцкана е бајаги. Само на јадење мисли. Едвај чекам да помине месецов, август знам ќе летне, охрид, спремање за одмор, за роденден.... Септември турбо.... И искрено се надевам дека желбата конечно во септември ќе ми се исполни, како подарок за прв роденден на ќере.... Аман веќе редно е. Него како да направам да ми ги сврзе овие саат ипол два.. Ќе стане у 6-7 и до макс 9 бара да спие. Сакам да сврзе бар до 9?