Добар ден Синко спие а Могли вградинка Јас со второ кафе врака никако да се освестам Синко почна многу често да се буди во текот на ноќта Мм неможе да го смири,дури не го земам јас не заспива Ќе си умрам... Деновиве сум многу напната,децава ме исцрпуваат максимално,башка готвење,по цел ден средување,ноќите без спиење... Избегавам и да пазариме дури Могли е невозможна Додека сме вмаркет толку многу ми се креваат нервите неможам да ви опишам Зима од рафтови,вика,урла,ужас! Многу сака јогурти па се послужува од фрижидер,седнува на под,го отвара јогуртот и јаде со прсти. ..на сред маркет Зборувам,објаснувам,се нервирам а не разбира Некогаш ми е многу непријатно од нејзините постапки,некој ќе помисли дека не и зборуваме Додека пак со луѓе е многу културна Им вели здраво,чао,благодарам,повелете Кога ќе заврши со јадење си го зема тањирчето и го носи вкујна,си ги мие рачињата и забчињата сама Искрено се надевам дека е период и ќе помине брзо Мали добар е,малку настинат Се дури сум му пред очи е мирно бебе Кога ме нема цела зграда ечи од него Ќе пишев уште ама одам кај комшиката на кофи
Добро утро Бебе најадено и си заспа, а и мм со неа Денес дома е, фудбал ќе гледал, а сабајлево демек ќе ја шетавме бебка, ама се комираа и двајцата. Секако веќе жешко фати, така да ништо од шетањето. Попладне може да си поседиме во дворче да се порадува бебка на кучето. Обожава кучиња значи, како се кикоти на глас, а па кучево се фолира намерно со играчките што ги има кога му се смее малава, абе циркузи се Ми изеде беба 120 гр кашичка денес, втор пат цел оброк, мама е пресреќна Душа моја, си лапка, како си чека со отворена уста, пресмешна е Заборавив да кажам, одмор резервиран за крај на август, едвај чекам Многу се радувам дека првпат со бебе ќе одиме, само се плашам што се ќе треба да носиме и како ќе се однесеме, ама ај, има време да се организирам. @sunshine2015 јас користам Нук средство за бебешки флеки, од ДМ го купувам и многу сум задоволна, вади се. Единствено флеките од каки морам одма да ги истретирам инаку не ги вади скроз, ама флеки од храна без проблем вади. Со распрскувач е, само прснувам пред перење и директ во машина, нема потреба да отстои. Ве поздравувам мами, убав петок и убав викенд на сите
Здраво друштво , Денес одиме викенд за Охрид. Имаме роденден на многу блиски пријатели. Многу сакам да си патувам вака со кола Охрид ,Охрид кој ти го дава Не знам како е за бањање во езеро но сигурно ке се брцка во базенче во дворче кај пријателите. Во друштвово кај нас сите имаат машки деца , машкуданци на куп Тргаме за пола саат , таман ке му е време за спиење на синче . А мама и тато ке си возат ке си уживаат За средување околу домот , средувам колку можам . Другото го оставам за нареден пат .Ради кичмата не смејам да се форсирам имам проблем. Штом се фатам да чистам после некое време ке се укочам и сум згрбавена како стара баба недела дена .Имам и жена која доага и чисти .Преку ден и свекрва ми знае да фати да среди нешто и ми завршува пола од работите. Најчесто кога син ми ке заспие досредувам и легнувам со него .Дали гледам серија или спијам зависи од денот. @JoyJoy давај контакт за да си нарачаме од боровинките Сабајле немаше во Тинех. Вика маже ,време е да тргнеме Убав Викенд
Здраво! Да пишам и јас пред викенд. Почнав сабајле, ама све се избришало. Овие две ноќи око не сме склопиле, вчера грчеви денес тт од вакцина. Се надевам толку беше од температурата но уште две ноќи аларм ке местам за секој случај. Обично едвај чекам викенд да се изнашетаме тројцата, ама сега ми се седи дома, уморна сум. А обврски куп. Утре да го сликаме синко па понеделник одиме да предадеме за пасош. Долга процедурата преку конзулати, а имам пријателка од болница што се запознавме италијански пасош за еден ден извадиле во конзулат. Ние чекај државјанство 2-3 месеци па сега да предадеме за пасош и ќе биде за 6 недели. А се радувам ќе одиме во поголем град во конзулат па и поголем шопинг не ни бега Па на сиот умор добив и како се фалев дека после пораѓај не ни осеќам колку безболна менструација имам, еве едвај седам исправено. А и времето катастрофа тука еден ден топло два поладно и врне. Толку ми текнува сега. Поздрав и убав викенд.
Ако сте од околината на Капиштец и Козле во пиљарата имате на семафорите во Козле и во зградата карши беверли 90ден канче беа. Денес петок фала богу викенд доаѓа се преморив неделава, маже има слободен викенд па може ќе прошетаме ќе одмориме малку. Синко сабајле уште во 5ипол стана, мене ми се плачеше а он луѓе свеж наспан, а одвај го заспав во 12 јас незнам од кај ја црпи детево таа енергија со толку малку сон.Тоа е доста се жалев одам да поработам уште малку па 15:00правец накај дома. @kikin земи од тоа средството за чистење и види смени таблетите ако користиш од кам не чинат во последно време нешто. Убав ден
Добар ден мајки ,јас си ја клацкам беба да заспие цел ден на теанспотер спие ,мн е напната секако вчера урлавме со свеки се напраивме партал, т.е она урлаше пред беба, цел ден си чистам ручек све шо треба жената сакала генералки секој ден да сум била цел ден на нозе, а таа да седи со малата да ужива ,lol, по цел ден се усмрди од лежење уште ми вика ништо не правиш таа како ќе кажела така мора демек нејзина куќа нејзини правила како да не за беба да сум праела како она ќе каже ,ми пукна филм и култура и све баталив и кажав се што ми лежи на душа , уште ми вика дека сум луда,ненормална а таа секој ден за нешо урла ко тарзан .. еве ја сеа кај ќерка и отишла ние си уживаме со беба одвај заспива нешто денес само тоа ме изнасекира , Валда ќе помине.
Пак јас Бебе стана на пола саат (таман колку да проба нов вкус ), па пак заспа и еве ја уште спие. Ако, нека спие дете, мама заврши работа, и садови, и машини и се. Мм скара ќе земел после, ручек не правам, само една салата, па слободна сум @СноуБол90 јака ти душа со таква свекрва Извини што ќе кажам, ама мт треба да си превземе нешто, како тоа си и дошла во куќа и ќе работиш она што ќе каже? Такви заостанати сфаќања не ми се јасни кај стариве значи. Не коментирам повеќе, не ти ја знам ситуацијата, ама мој совет е не се замерувај со свеки, ќе ти затреба за дете, едно друго. Држи дистанца секогаш, ама имај ја на располагање за кога ќе притреба. Таквите проблеми што си ги пишала мт треба да ги реши со неа, според мене. Ај отидов, промрда црвчето
Здраво. Сега седнувам да пишам, ме нема неколку дена... Одам на заболекар скоро секој ден кога со синко кога сама.Почнав да поправам зш клетката не ми бегаше. Ги запоставив забите откако синко се роди. Денеска турбо, го оставив синко дома со свеки јас на заболекар.Пред да одам ставив гравче да се вари, (свеки го сварила) Оттаму си купив едни хеланки за по паркови. Си дојдов дома синко доручкуваше дури во 11, ме чекал мене не сакал со баба му да јаде. Па метевме и бришевме прашина со синко низ цела куќа. Него го заспав, а јас влегов еден туш ставив на мене. Пеколот дојде и кај нас. Без клима, но со вентилатор.Леле жени како пеглате на ова време? Вчера пеглав две машини, жива вода се направив, како некој со кофа вода да ми истурил на мене. Ќе гледам да намалам со пеглање барем еднаш неделно да пеглам. Синко навечер не спие само се превртува, дури во утринските часови саглам заспива и тоа најмногу сат до два . Преку ден сме дома или во двор се шлапа во базенот и не сакам да излезе од него. Приквечер излегуваме надвор од населба, скоро секогаш сами. Кај 19сатот ни се придружува и мм од работа, одиме на кафе или на една пијачка со мезе. Се враќаме дома кај 21 најдоцна 21:30 . Синко заспива мм вечера, понекогаш и јас за друштво да му правам. Имајте убав остаток од денот.
Седнав да ве поздравам на кратко. Мм и синко спијат, јас ги дополнувам куферите и вечер околу 8,9 часот здравје тргнуваме. Не знам дали само јас сум таков паничар пред тргнување? Еве, почнаа цревата да ми кркорат, немам апетит и веќе тешко ми е, а што нема да ми е во прашање се околу 20 часа пат ( без гужви). Се мразам и што сум таква сакам се да оставам средено, два дена се здробив од чистење Еден месец не е малку, не сакам мравки да ме пречекаат Се надевам во Мк свекрвата средила, да не мора и таму за крпа одма да се фаќам Одам јас да дособерам уште нешто. Поздрав мајки
Поздрав од плажа Јас само сакам да им кажам на сите кои сами чуваат дете дека капа им симнувам. Како постигнувате? Јас поголемиот ден сум сама со малово и луѓе се осеќам преморено. Не знам дали од тоа што сум трудна па немам енергија или нешто е до мене Се мислам да ги сменам витаминиве што ги пијам да не не ми делуваат....препорачајте некој ако знаете.
Добар ден. Се враќам од шопинг бев сандали за свадбата да купам.Уште ташна остана.Мм нема намера на шопинг да оди изгледа, а кај ќе оди кога јас сум на раб тој сам со малата.Од кога почна да ја чува почесто малата се ми симнува капа како издржувам цел ден.Епа затоа си најдов работа и си одмарам малку Сабајлево времето 17 степени цел ден мрачно за сега да пекне сонце.Кај нас е светло до 22часот.Ама малата мора до 21 да е легната.Почнува да несака лулање во раце па ја оставам на кревет и легнувам до неа .Јас пред неа заспивам Јас перам со персил сензитив за бели и малата, а за шарени што има купено мм.Персилот е 5ка на 60С се излегува ако не излезе на 60 перам на 90 С или ги ставам алиштата за по дома. Друго немам што да кажам тоа па тоа @Bebulleee бели да ги реде и без болки @Monella среќен пат и убав престој во мк Поздрав мајки и убав викенд
Nekoj den e super. Mirni, lesno zaspivanje, jadenje, mozam i da potfatam nesto. Nekoj den mi ide da se napijam nesto za smiruvanje. 1.5 godina se razlika
Па ништо страшно Две мали деца ти скокаат по глава цел ден Не се сеќаваш дали си доручкувала,шољата кафе кај си ја оставила Во секое време смрди на каки а ти незнаеш во чив памперс да ровариш Кашички на сите страни ова не сакало да јаде,другото сака од тоа што не смее,хаос! А тек ако сакаш да појдиш вц е тоа е шоу тајм (кај нас е така) деца радосни синкир вциркус ќе одат Едно ти седи вкус друго го превртува купатилото наопачки Заспивањето е нај нервозно Едно од едната страна те фатило за коса другото од другата и уште метла да полеташ И таман ќе заспијат (мислиш дека заспале) и ќе се опуштиш ете се уклучила некоја сирена И така неколку пати до сабајле и пак од почеток Ама пак ќе речам,ништо страшно
Лелееее Ај кај мене поголема разлика ќе се па нема да имаат барем двајцата памперси Како што порано си викав леле колку слободно време сум имала без дете, сега ќе викам леле колку слободно време сум имала со едно дете
Daj be ne zafrkavaj edno bilo tesko za cuvanje kako ne. Pa uste pomos. Kakva pomos, svekrva. Da ti remeti red okolu deteto. Ne fala. Najlesno e da se cuva edno, e koga ke bidat poveke drugo e.
@СноуБол90 свекрва ти изгледа мисли дека си и родила дете за нејзе. За она да го чува а ти роб да изиграваш низ кука. Ако се карате барем немој пред бебето ,го вознемирувате. Извини што се умешав ама морав да искометирам . Јас се изнервирав читајки а не па да живеам со таква жена.Јака ти душа. @Bebulleee го обожавам тоа твое бебе. Нека му се редат како бисерчиња @mal.ecka нека се редат како бисерчиња и кај твоето беблаче .За радување е работата . Уживај си