Да чкртнам и јас нешто. Си дојдовме вчера конечно дома. Само што влеговме еден застојан мирис кога ме удри одма земав да разотворам се Па ајде алишта вади, пуштај машини. Пуштив 3 од вчера и бидејќи тука врне ги ставив сега во сушара и така малку си олеснив. Треба уште една со бели ама немам прашок а со течен ми е чудно па неа вечер кога ќе дојде мм. Дома за чистење на секој чекор па земав вчера смукав и веце чистев. Мм вика викни жена ама некако не ми се даваат пари за 1500 ќе си купам нешто и така сама си средив, уште прашина да избришам. Сте збореле за градинки. Јас сум апсолутно ЗА но после 2-3 години. Овој совет го добив и од педијатар. Инаку не сметам дека децата што се дома се нешто помалку напредни од тие во градинка туку напротив, кога е дома повеќе можеш да работиш со него и да му створиш убави навики. Не знам дали ви се пожалив ама ме фаќа кичма и имам болки во препони навечер што ќе се прави до 9 месец не знам. Се распишав јас.
Јас сум за градинка. Не сметам дека на дете ми е место со баба. Да требала баба да чува деца, ќе можела да раѓа. Децата што ги познавам што се цело време со баба, сите се ко "старо мало". Тепаат старски муабети, користат фрази несвојствени за деца, гледаат турски серии.. Сум за да се чува бебе дома дур не стекне имунитет некое разумно време (2-3 години) и после градинка. Бебе се позахтевно секој ден. Богами и потешко. Раце, грб, се ме боли. Тешко се заигрува, освен кога треба да чепка некој патент, копче. Со саати може да ги чепка Џабе играчки и се
здраво мајки,одамна не сум пишала бидејки ѕверчево мое не се допазува.Во фаза е на качување кај стигне.Па уште на ноЗе се исправа на дпална коа ке се качи и скока!! и ссе смее на цел глас,многу е сладок ама душа ми се тресе да не падне на ивицата од спалната. Друго се трудам да ги правам менијата од градинка што се даваат..Полека да го навикнам за од септември.Се осекам ваш возбудено а и ке се откачам од обврска со женава за чување.Не е ич едноставно нит жена туѓа дома да ти се мота...
Добра вечер да чкртнам нешто пред да заспијам и јас. Викендот бевме на море, што на море што на шетање али колку ми олесна на душава психички не ате појма. Квалитетно поминато време со маж и со дете, се бањавме, игравме во песок, се шетавме, се возевме.. Убавини.. Па и викендов заврши кој едвај го чекам со сите сили.. На ред е секојдневие, со малото сме во фаза на зборови, слогови па се смееме и зборуваме.. Се препородив овде сама, на тишина, со нив .. убаво е!! Освен превисоките температури потењето и климата што ни ги разби органите в кола не ги сакам.. Се надевам сите добри и среќни.. добра ноќ и убав ден!
Здраво мајки , Сабајле бевме на педијатар. Син ми кашла некои два-три дена .Ама вчера почна ептен некако да се засркнува. Го прегледаа , малку црвено грло. Носот му тече... Настинка.И јас и мм сме со затнат нос и црвено грло .Така да ова некоја настинка не има фатено сите на куп. Нека е со помин само . Мислев летово ке одмориме малку од трчање по лекари ама не било така. многу ми е топло, нозеве ми горат од доле. Не знам што ми е денес .Сега си стаив кафе да пивнам и да почнам со работа. Кога од сабајле ке ми почне денот во брзање многу ми е хаотично . За коса по кука не ми зборите Само собирам . Многу ми пага. Колку и да чистам пак ке се собере во некое коше и шизам од нервоза. Нема чаре тоа е ! Многу се нервирам што во нашиве јавни инситуции ( со исклучоци)има вработено ке се изразам некултурно , бидејки не можам да кажам гласно СЕЉАЧИШТА !!! таква ми е работата работам со секакви луге , ама ова неписмениве , што се набилдале и мислат дека господ го фатиле за м.... НЕ ГИ МОЖАМ ! Таман мислев на раат ке испијам кафе и ете ги на врата !!! пффффф Тоа женски , идам да се фатам за работа да заборавам ликовиве ... Го пишувам постот од 10 никако да го завршам ... Ручек време ке фати Убав ден
Добар ден мајки..Не сум пишала одамна а и не ве читав редовно да се средиме малку се надевам ке имам пак време..Децава играат па јас да шкртнам нешто..Минувавме низ тежок период со керка ми..Помина веке две недели упорно се жалеше на стомак по цели вечери плачеше се виеше како црв на моменти не можеше ниту да оди..Ја гледаа и на ехо и кс правевме неколку пати и двајца хирурзи ја гледаа да не е слепо црево но тврдат дека не ее толку мало дете да отвараме безпотребно не ми рекоа...И инфузии примаше периодот ни беше хаотичен па и малиот затнат кашла..Денес сакав да закажам некаде приватно да ја видат но не се е пожалила денес вели не ме боли а и ја истрауматизиравме веке премногу но кога се мора тоа е..За 14дена ослабена 1.700кг ниту јаде ниту пак сака нешто да пиее се стопи детево жолта неможам да ја препознаам..Се надевам само дека е било нешто минливо и ке остане позади нас а ако пск продолжи ке ја носам на приватно..По цели вечери само лоши мисли ми се вртат низ глава неможам да спијам но тоа е мајка..Друго немаа се тоа во круг секој ден по болници и така. Имајте убаво попладне
Здраво мамички. Гледам сте ме спомнале, тука сум, ретко ве читам, скоро ич не пишувам. И јас поминав лош период со моето дете од лекари што поим немаат во животот, но остана зад нас. Не сакам ни да се присетам на тоа утро, на тој час кога не можевме да ја разбудиме, а која сѐ разбуди не беше за ништо свесна. Со брза помош ја дигнавме од дома, шеќерот ѝ паднал 2. Претходно лечевме уво со антибиотици, ајде алмацин, цафаклор, пак алмацин и детево доби бактерија во мокрачата. Цели две недели ја носам кај матичната пошто се жали на мокрењето, она немала ништо. Обичната мокрача била ок. Препиша бактрим од ракав и блокмакс и бидна случката. Ама јас не чекав ни секунда. Си отидов во Систина, комплетни испитувања, испадна ешерихија коли во мокрача, стрептокока на брис од вулва, осетлива е на ибупрофен и не смее да го пие. Лечиме еден проблем со антибиотик, а ствараме многу повеќе проблеми. Сега да ја видам матичната, би ја задавила со голи раце. Нејзиното ништо нема моето дете можело многу да го кошта. Таман што фрливме памперс, го вративме. Се плаши да мочка. Така да, би и препорачала на @blessed.an веднаш да реагира, ако има средства да го однеси детето на испитувања приватно, две недели се многу, а детското здравје верувајте е многу нежно. На другите убав ден и ви благодарам што помисливте на нас. Ве гушкаме.
Здраво. Ѕверчево мое спие,па како што е ред да пишам. Денеска имавме термин кај ортопед, но док. ни се јави да ни откажи. Имал многу работа две операции тешки, па ќе чекаме повик од докторот. Бевме спремни облечени стоковни,синко радосен дека ќе оди чао. И да не плаче свеки го зеде да го прошета . Два часа цели... Милина рајат кафе испив со комшивката, ручеците ги направив порано. За нас зеленчук со јајца(до пола е направен, уште јајца ќе скршам кога ќе јадиме) , за синко зеленчук со риба рерна. И на крај направив еден туш седнав во двор запалив цигара и стигнаа. Колку е убаво вака да ти зема дете да ти чува два часа. Убаво е да се случува почесто. Мм од денеска турбо на работа до 7 и потоа на монтажа за пиво фест до четврток тешко дека ќе се видиме. И онака деновиве не се гледаме заминува 6:30се враќа во 21сатот.Поигрува со синко пола сат, вечера и се комираме сите. За време на пиво фест ни се најавија гости од друг град. Ќе биде напорно за мене, но за убо да е сакам вакви луѓе што се најавува пред да дојдат. Да си планирам. Да одам да пуштам една машина алишта, дури преку глава ми се дојдени алиштава, но тоа е да си жена. Побрзо оздравување на болните дечиња. И @danichap да пиши како се принцезите, дали бидна крштевката.
Леле се наежив Значи докториве наши се што да кажам...така кога бев зимото дете цела недела шлајмови и вика ништо не е ама ај еве антибиотик. И земав сама инхалации, сокови цедени и си се среди и без антибиотик.
@augustd докториве се недај боже..Синока втор пат ја носам бевме дента и вечертс од болки неможе да заспие ја носам пск и док ме гледа вели пак вие и му кажувам од болки неможе да заспие полноќ ми вели ке ми го дадеш ли јас да го пораснам што мислиш ти така се растат деца.. Незнаев што да кажам нр вратија со болки дома Имам закажано утре овде во Филип фтори да видам што ке кажат ако не одам у Систина и јас
@duffi не долу на хирургија не знам како се викаше @duffi дали ке не примат сега на педијатрија бидејки уште ни раб матичната евгенија и е ама колку пати ја носам ништо не превзема
izvini sto ke ti se ubacam,no malku poagresivno nastapi pred doktorive.i nosi ja veke na privatno bidejki dolg period se maci deteto.Sekako,majka si ti i najdobro znaes. Pred 3nedeli na sin mu na drzavno mu dadoa dijagnoza izmesten kolk.Koa go odnesovme privatno se iznasmea doktorot.Sakam da kazam ne sekoj dok na drzavno go biva i dur ne najdes mir nosi ja i na dr mesto
Да се надоврзам на муабетот. Две недели малата воспалено уво имала а педијатарот ја пипна за стомак вика стомачен вирус. Четири пати бев на педијатар и викам не можам да издржам само плаче нервозно е ми удира шамари и мене и тоа самото ми вика такво си е детето ајде па како ќе остарете вие ако не, прво ви е затоа така реагирате... жено да не е воспалено увото или нешто посериозно, го пипна за уво вика не е ама ако сакате да сте мирни проверете и тоа. Воспалено 7 дена антибиотик. Тоа па друга приказна го прекинавме 5тиот ден на своја рака. Да ти се плукнам педијатрите 4-5 сменив сите го видат и супер си е детето не сфаќам што им е работа нив од гледање и јас знам да кажам.
Носи ја слободно ќе објасниш како е ситуацијата. Само Џорлев беше на одмор, не знам дали се вратил. Ама барај упат за понатамошни испитувања. Биди упорна. Нека мине!
Добро вечер Ме нема, ама тука сим ве читам . Сега дојдов од работа, бебе и тато спијат, а јас ставив макарони да ми се варат па додека чекам да пишам. Поминавме прв роденден на синко. Дома со најблиските, па сега спремаме крштевка на крај на месец. Иначе друго нема ништо. Работа, дома малце шетање и така. Закажавме одмор, ама оваа година тука ќе истераме во Преспа. Едвај чекам да ви кажам право малце да се опуштам и да се тргнам од секојдневиево. Синко е добар се по интересен станува. По цели денови да го водиш за рака и да оди, кичма ми знае. Ама ќе се издржи. Имаме две нови запчиња, вкупно 4 . Готови се макарониве ајде кој е за доцна вечера. Поздеав мајки
Здраво мајки Денес денот ми е ептен убав, резервиравме прв роденден Кога порасна синко мој, лани ова време со големо меше а сега е голем дечко веќе Старосватицата моја, која патем ми е како сестра, му спремила пакетче ralph lauren од Америка. Го чекаме да стигне , ќе ја потепав кога видов колку му накупила. Цениве се упола од нас, ама сепак .... Торта отприлика имаме, сега правам покани, барам фото студија и на мисла сум за слатка маса, зошто немаме многу дечиња па ќе биде за нас Ама пусти мерак, па се претерува знам @kukla21 абе има баби и баби Има и модерни не се сите "класични" Ако го чува мајка ми , знам дека нема од него да слушам такви муабети пример. Еве и сега жената, уметничка душа е, му пушта класична музика, сликарка е , му дава да црта , така да од неа не би очекувала да го учи детето на бабски муабети зошто и она не е таква, не се зазборува со комшики, а исто и мајка ми. И мене планот ми е да оди во градинка, до 3 најверојатно ќе биде дома, само здравје, ама искрено би сакала да оди во приватна градинка. Сите ми викаат дека е исто, но мислам дека не е . Сепак има време, нека се живи и здрави само, тоа е најбитно @augustd @blessed.an , оф мајки, ме растаживте со помин да е Ептен ми е страв од нашиве педијатри колку се неуки а ептен лежерни дека ништо не им е и дека само се притресуваме .Интуицијата најдобро кажува . Добра ноќ
Немам број за боровинки. Сезоната им е во Август на тие планинските. Можете и сами да одите да берете на на Попова Шапка и делот накај Јелак. Инаку во Тетово на пазар ги има во Август. Инаку ние сме си ОК се прилагодѕваме тука и додека се прилагодием и истражиме се ќе треба да се вратиме дома. Ама битно ни станува интересно. Дете не сака баш овдешниот зеленчук да го јаде ако не е манџа па пасирано, а дома таман почна да јаде и печен зеленчук и сецкан на коцки. Ај месец дена ќе помине па се враќаме на старо. Инаку од кога сме тука кажува за мочкање па тоа ни е голем успех сега за сега. Мене ми годи успорен темпо и посветување на дете и читање белетристика наместо стручна литература. Гледам се зборува за градинки и баби. До сега го чуваа двете баби на смени и супер им беше. Читаа, играа, редеа коцки, пред него не гледаа телевизија исто како и ние. Ама се гледа дека веќе не му се доста баби и дека му треба социјализација со врсници. Од Септември ќе тргне во градинка па се надевам убаво ќе му биде.