Добро утро и од мене! Викенд како викенд, повеќе умор од одмор. Се изнашетавме со децата, неуморни се и имаат енергија за една градинка. Мали е на антибиотик и инхалации со пулмикорт, спушти на плуќа и при фликсотидето што го прскаме, од вчера и големата почна да кашла. Аман веќе од тие кашлици и спрејови, ми се темнее кога ги гледам. Ќе помине и тоа чудо, само живци за да се издржи. Дома веќе официјално крајот не можам да го фатам. Една просторија се чисти, три се растураат. Не е тоа дека се аљкави децата или ние, едноставно 4-ца сме и тоа е тоа. Доручек, ручек, ужинки, соковници, блендери, месено, варено, пола ден во кујна. Дур средиме тоа, се извалкала една машина алишта. Сушара избегнувам летно време за да не се угушиме, па пеглам како луда на жешково. Најголема домаќинка у маало, даската и пеглата на тераса ми се. Сите баби за пример ме даваат, а да ми дојдат дома за глава ќе се фатат. Среќа имам невидена што маж ми не е некоја мрза, иначе мислам дека ќе се разведевме 100 пати до сега. Заедно работиме се', па некако стигаме да завршиме по нешто. Помош од никој немаме, ама затоа по родендени и славја фамилијарни први се бабите да дрекаат БАБИНООООО, ЕЛА ВАМУ БАБА ДА МИ ТЕ ГУШНЕЕЕЕ!!! А децава ги гледаат бледо, у стилу која си ма ти?! Нејсе, пораснаа веќе па полесно е сега. Почна нова работна недела, нови сили за да ја избуткаме на сите ви сакам! Имам една упорна мува во канцеларија, одам да ја решам. Убав ден женски!
Добро утро, да поздравам од офис.Нели понеделнички.. Што да ви кажам,ме откорна глава вчера.Па ништо не ниможам да пијам ради доењево,и сум се издозирала со 3 бедоксина,па спиев од 21-6 сабајле. Грев ми е за малото вчера,од што ме болеше главата неможев да го изнесам на лулашки и збесна дома. Па коа тресна,со главата и носто право во врата. Поплака,па пак сеа заигра а остана гребаница на челото и носето. Нешто зеза со јадење одсабајле ама валда фаза е....
Добар ден мајки Најпрво ви посакувам убава и лесна работна недела.Искрено малку ви подзавидувам кога ве читам дека работите во канцеларија.Многу би сакала многу да си најдам работа на струката.Но уште ми се мали децава и сега само што тргнаа во градинка и нонстоп болни.Немам баби жаби за чување и мм не е тука па затоа уште упорно не сум почнала да тражам работа. Но ќе биде еден ден нели. Инаку ние со малово од сабајле по болници сите вредности покачени загноено грло дете изгоре од тт,втора недела втор антибиотик.Да надомести од март нема пиено и сега си е домче заспа милото колку е тажно омалаксано.А големиот батко денес прв пат ќе спие во градинка.Како ќе помине ќе видеме.Ако има нешто ќе се јават. Ама од сабајле прво рика плаче не сака а потоа таму влегува и плаче ама вика тука да ме чекаш.И викал на учителката ајде звони на мама да дојде и таа демек ми звоне добро после ќе дојде и продолжувал да си игра. Упорност треба нели И тоа мајки.Јас цела сум затната нос тече еден затнат очи солзат уши затнати оф Убав ден на сите
Добро утро мајки Истегната на спална со кафе до мене од една страна а од другата малово. Детска радост. И дадов кесе, празни, шушка ли шушка. Се радува. Не како мајка и, само со полни. Деца се издигаа во 06. Како ги доврткавме до 07 не знам ни јас. На глава да може да му се качат на човека. Ги испративме, наранив и пресоблеков малово, и си прилегнав. Сега станав, пак млекце импамперс за него, за мене кафево, и никако да станам. Не ме држи снага. Цела сум укочена, се ме боли. А куќа проодена. Ама буквално. Машина за нас, море две се наши, машина за деца треба да се пушти, кујна да се среди, да поминам сомправосмукалка, да раскренам хаосот по земја, и плус да испазарувам. Сабајле кога спремав појадок и ужина за децава сфатив дека немаме леб(немајка), па ставив овошки, малку зеленчук и на мм му реков по една кифла да им купи. Вчера заврна. Толку од шетањетл наше(уствари мм планирав сам до го пратам со двете), па и втората половина од денот дома и поиспоцркавме. Деца здивеа. Едно време се зашантрав, ми се сврте памет. Шеќер дали ми падна. Маж вика оди напи се кола кола. Оди ама нозе не одат. Како зациментирани за подот. Не можам да станам. Знаете на филмовите пијаниците како ги носат флашите во едни хартиени кеси, па и мм, иновативен до бескрај, пукнал една мала флаша кока кола во опаковката од еден инхалатор и ми ја носи. Деца да не видат. На глава ќе ми се качат. Големата кола кола кола, а помалото очи ќе ми извади со тоа прстето покажувајќи накај флашата. Еден виц што прочитав, едвај чекаме да заспијат децата па да јадеме и пиеме се што е забрането. Така и нашава. Преку ден ниту за нас ниту за нив и мир да биде. Не ми спомнувајте работа. Трето породилно по ред... плус ова го продолжив. Три години ќе бидам со платени придонеси а без плата. Додека опркнат децата. Ај денов белким поубав ќе биде.
Здраво и од мене. Денес некако денот со испомешани чувства ми е, утре ќе одам да се договорам со газдата за враќање на работа, дали ќе биде како што сакам јас, гледам човекот се дава да се вратам, ама јас без некои услови нема шанси да се вратам таму. Сабајле кога ми одговори дека секако планира да ме врати бев среќна, дури пуштив музика и почнав да пеам и играм дека ќе имам друго секојдневие, нема да биде само со децата, но сега кога малото стана, кога го доев и ги погледнав тие плави очиња, толку тешко ми падна, почнав да си плачам, како ли ќе му биде нему кога мене ќе ме нема по 8 часа дома Знам дека ќе се навикнеме, но ете многу ми е тешко сега... Како вие мамички го издржавте тој период? @elcezelce нека е најсреќен роденденот на малото морнарче, да расне големо и да ги слуша на мама и тато
Здраво мајки. Непамтам од кога во лето немам вака добро настинато.Грло боли,главата тежи,два дена нос ми тече потрошив едно пакетче салфетки,а левото око солзи и отечено е ко некој бокс да ми удрил. Го префатив и синко,денеска е кемкав,кива и топол ми е.Никако не можам да мерам тт,не остава.Но сега кога ке го призаспивам ке мерам.И после ручек на доктор. Со мм односите подобри,конечно сношти си дојде порано од работа се видовме како луге и разговаравме долго и го решивме проблемот. @elcezelce Срекна крштевка и срекен роденден на мажето мало. @Ava.84 Срекен роденден на снашката здрава жива и повеке да слуша. @orhideea Веке ти одговориле мајка Медика 95 или Албимини,но првуте се подобри ние таму одиме.За сестрите и докторите не ми кажувај,не сакам ни на улица да ги сретнам..болницата ни е во пропаст... Како е синчето? Срекни родендени на сите мајки и дечиња.
Ај и јас да си пишам по нешто од кревет. Треба да се пегла ама не ми се станува. Дете заспа после интересен ден. МОрама да признаам ми се допаѓа опуштеноста околу детските игри тука. На игралиште има дрвени играчки ама се се “мајмунски”: со јажиња за качување, мостови, дрва, вештачки ритчиња. Долу нема меки подлоги туку ситни камчиња и песок од оној како на плажа. Децата од градинките на возраст колку мојот се секој ден во парк плус има и мајки со толкави деца. Сите се во песок, лапаат камчиња, трчаат лижат песок. ИМа и мрсулчиња па до газот на децата ама никому не му е гајле. Не се пречка за трчање боси по песок. Најинтересно е што има и пумпа за вода онаква како кај нас што се среќава во некој веќе заборавен селски двор и со пумпата се прават вирчиња во песокот во кој деца се слободно се шлапкаат. Потоа следува само пресоблекување и толку. Мислам дека за детски развој е супер овој сетинг. Сами истражуваат, претураат сфаќаат концепти.
Добар ден друшво. Денес е за нас голем ден денес е на малата роденденПолни де како што вика таа наместо 2.Па повелете торта. Требаше вчера да славеме ама ради коксакито одложивме за др викенд не сакам и внукот да закачи .Не за друго нема кој да го чува мора мајка му или татко му. Вчера да не кажувам колку работа завршив од каде сила најдов незнам.Спремав торта за нас тројцата за денес, брауни за градинка и поп кејк што ептен ме преморија и 16 ќесенца со бонбончиња балончиња и салфетка за во градинка. Покрај овие работи се знае доручок , сок , пеглање за мене за цела недела, две машини за малата и неколку пати пелени менење , ручек и Се убаво спремивме и утрото да ја однесеме во градинка не сакаше да влезе .Волку плачење не е имала на адаптацијата.Што и стана.Може оти со мм бевме.Кога излеговме од градинката уф рековме со мм уши ни зуеа.А воспитачките ни пееја Хепи брдеј Пишуваше на вратата среќњн роденден и нејзиното име. Воспитачката се израдува парти ќе имало Денес жешко е ептен сакав мусака да правам за ручек ама нема шанси мислам .Ќе треба ќофтиња да пржам. Па поздрав мајки да ве прочитам уште до дека не сум стигнала. П.С @24.07 фала сваќе и зетко да слуша
И јас некако се довлечкав до креветот. Преге зборував 1 саат на телефон за овој ај да не кажам што модем и интернет, веќе 2 месеци се вртиме у круг и никако да ни го инсталираат, колку само пари по интернет џапнав и колку само договори имав и ништо.. Шлагот денес ми беше кога требаше на дојде техничарот и не дојде онда се јавив и ги испратив у 3 лепе.. Аман ми здосади Па се јавив и као ќе дојдат следната недела од друго седиште па ќе видиме во се тоа време додека зборував маж заспал во кома а детето истурило на под се што имаше до него, вода, грицки.. И гази.. Нашол опавковката од навигацијата и таа ја распаковал и искинал и ја газел И така Ајде завршив и пак јово на ново по 5 ти пат мести дигај кревај смукај Па бањање па све пропатно по список И сега сум на нула Лежам и се као ладам од жегава бре еднаш да заврнше да оладеше некој ден по друго ќе беше Утре планирам да договарам комбе за да во сабота ми товараат стварите и документите пред се најбитно конечно да ги средиме тие документи оти вака не бива И количката плус па да шетнеме со нејзе до некаде ко за промена Тоа Лека ноќ
@Ava.84 срекен роденден на малата,голема да расте,секогаш насмеана и среќна! Да се пофалам вчера 3 машини сум испеглала! Синко ми расте со експресна брзина,го гледам почнува пелената да си ја тегне кај и да е,можда че почнам да го одвикнувам. Сабајле бевме крвна слика да му праиме,се спремам за утре вакцина. Страв мие малку,нели мајка сум,ама тоа што мене ми е страв неможе да оди на штета на детето. За одмор уплативме,ама неми е сеа паметот таму,нека порјде вакцинава...А и времево ко за јули/август ич не е,па којзнае како ке испадне покрај море....
Добар ден девојчиња! Среќен нека и' е роденденот на убавицата, голема да расте! <3 Денов некако тмурно и со одвај ми почна, многу касно заспиваат децата последнава недела. Како дозволивме вака да се изремети редот не знам, ама не ми се допаѓа. Почнуваме со тренинг од денес, мора да е во 9 во кревет за да не се заборавиме кои сме. Децата се деца, ама и ние си требаме да си посветиме малку внимание. Малиот ми е уште на антибиотик, матичниот денес му дал лекоклар. Уште не е исчистен од секретот и стварно ми е смачено. Кашлаат корнат и двајцата, големата е уште само на инхалации така и нека остане. Маж ми ништо поарен, и он на лекоклар заврши. Немам време прописно да се разболам од обврски на работа, дома и со нив тројца, затоа мене куршум не ме бие. Времево е за никаде, го гледам саатот како да ќе го мрднам со поглед за побрзо да си одам. Ич не го поднасам, башка ми скока и притисокот. Прееска почна да ми паѓа главата на состанок, брука бев. Ајде, од другата недела стојат подобри прогнози па ќе штнеме повеќе. Убав ден девојчиња!
Добар ден и од мене... Што денови ќе беа овие кој од кој побетер... Туку бев кај газдата се договорав нешто, што се договорив и јас не знам, изнервирана од други нешта, на оваа не ни обрнав внимание... Тоа е... Како и да е од први ќе почнам со работа, ќе видиме како ќе оди и дали воопшто ќе оди, некако пак како да ме мота, а две години си играше мајтап со мене, сега пак, е нече мочи... Да не ми се децата мислам дека ќе полудам, тие ми се единствената светла точка во животот... Доста се жалев денес, да искористам кога мали е со мајка ми и спие, јас да потсредам нешто, да ми дојде некој на гости, ќе има да побегне,нема да сака ни да влезе, а и да сака ќе нема каде да нагазне, насекаде е со играчки
Здраво. Синко спие,јас една машина спружив друга пери.Сабајле една испеглав од синко и некоја блуза од мм,а моите ке се исправат на мене. Ручекот за синко готов блитва со ориз,а за нас пире со колбаси ама тоа мм кога ке си дојде од работа. Ако си дојде порано договорени сме да шетниме тројцата. Синко топличок е а нема тт,сака да се капи по два пати на ден,дури рони крокодилски солзи.И на секое миење раце сака заби да се мие.Добро е што сака... Се бендери секаде скока како некој мајмун е.Влегува ,излегува од кревенче се јази по кревет,се бендери по маси и се седнува и гледа тв. Сега треба да се има јаки нерви.. Јас денеска подобра сум,сношти на сета мака правев торта,мм ми вика ти будала си наместо да легниш да одмориш ти се запна торта да правиш.Да па има и причина..Денеска правиме 9 години откако сме заедно со мм.Колку брзо лета времето,како вчера да беше кога го чекав сатот да дојде за да се видам со него и да се забавуваме до утринските сати. Толку мајки. Дојде комшивката да пијаме на рајат кафе додека синко спие. Имајте убав остаток од денот
Јас така на мм му викам облечи ја и ќе се исправи на тебе. @Ava.84 Најсреќен нека е сега можеш малку да здивнеш до 2 викаат најтешко демек, а после 3 се било идеално. Ова утешно нели. Само убави моменти и радост! @elzezelce Среќен роденден и крштевка. Само убавини! Денес не сум добро друштво па ќе ве поздравам оддалеку (од далеку). Еве и гледам уште не сте пиеле денес. Јас го пијам нормално ладно додека спие дете. Ноќеска само се спуштило од спална и оди се држи за мебелот. Не знам како успеало 14 месеци има како мало да е за вакви дешавки. А ја и мм кома кога го видовме не знаеш дали сонуваш или вистина е. Среќа не паднало. За малку ќе се пробиеше со нож, ќе се посипеше со врело кафе...За ножов ќе речете кај се нашол во близина на дете. Еднаш несвесно сум му дала нож. Изморена, ненаспиена заплакало за ножот и ја инстиктивно сум го дала. Кога го видов со нож во рака срцето в петици. Некако ич не ми работи мозокот ненаспиена. Пак топло гледам до петок 33 степени па сабота дожд. Ај ќе издржиме. Во рекава до нас само се дават луѓе. Синоќа преку 50 возила полиција, амбуланти и во реката две спасувачки екипи, како на филм. Ептен го/ ги ожалив давеникот ама што се пикаат таму кога лоша душа има реката. Спроти нас никнува зграда па од 7 сабајле се тресе се. Фала богу детево цврсто спие. Мислев на кратко да пишам ама уште спие дете па го продолжив постов. Вчера во парк едно помало девојче фрли песок на моево ама среќа 4 ги имам отворено видов дека е лошо, пргаво на време ја покрив со рацете. А моето што разбира се смее душичка. Ми падна жал кој ќе го штити во градинка. Мајката дојде се извини ја и реков нема проблем се насмеав иако се изнервирав нормално. Детево не моча преку ноќ. Моча од сабајле кога ќе стане па си викам и онака лето да купиме нокширче ништо не губиме да пробаме ќе заштедиме на памперс. После јадење јас и дете за бањање и пресоблекување а собата за чистење. Хранилка е спасот. Немаме моментално. Убав ден!
Да ве поздравам и јас, не сум ви пишала подолго време! Да имав барем нешто убаво да ви пишам, а јас заглавена во еден темен период од кој никако да излезам. Малку се свестувам дека моево е минливо, па сум толку паметна да се окуражам и си речам - зарем проблем е да гледаш две деца и средуваш еден дом, па сум и малку религиозна и си велам - Господ нека ми простува кога си допуштам да треснам некоја глупост и нека дава сили да минам низ ова одговорно и свесно, како што личи од една мајка. Дечките се добри! Беба заби ја мачат па лошо спие, отечени и побелени и се непцата, па цел ден цивка. Дадето и она е супер, се помири дека не можеме цело лето во парк да го минеме како претходните. Навечер шеткаме до рингишпил, па малку низ парк и се враќаме дома. Кратки прошетки! Повеќе си игра во маало а често ја носат и на село кај животинките. Се на се деновите и се исполнети. Често сме со гости деновиве, на повојница ни идат, па некако пак се вративме на тој стар ред да заспиват касно дечките. И за ова морам да се пишам! Би го решила кучето на комшиите, подосадно нема и цел ден лае. Не можам врата да оставам отворена оти ја буди беба. Небитно ама морав да споделам. Поздрав мамици!
Здраво мајки , @elcezelce Срекен роденден на лепотанот.Да расте голем . @Ava.84 Срекен роденден Што убаво вака родендени кога се слави.Едвај чекам на син ми да дојде ( малку и нејкам да дојде за да не ми расте толку брзо ) Секогаш сум си славела родендени и сум од тој тип на луге кои прават фешта Оваа година ке славиме во игротека со многууу деца, со многуу балони, итн Денов жени мнг тежок . Едвај чекам да си одам дома . Се препотив од сабајле 100 пати ! Што време ке беше ова ! Ние сме добри. Мама и тато на работа , синче со баба и дедо. Едвај не чека да си дојдеме дома . Душа мамина Па кога ке ме види вришти од срека . Расте , и се повеке разбира. Секогаш мислев дека додека се бебиња се најинтересни , ама како растат се повеке се интересни .Се изненадувам .Па и милост покажува, љубов.А бе срце да ти пукне од срека. За ново нема ништо ново . Попладне ке одиме на роденден , во двор кај едни пријатели . Се повеке сакам кука и двор. Може нема да се изреализира мојата желба за живеење во кука, ама викендицата мора! Да ја напраиме до наредно лето. Маж ми треба да го стегнам. Тоа мајки, одам да си ставам сок да се разладам се стопив Убав ден
Господ нека ги чува сите деца,мене многу ме е страв.За тоа како се нервирам со ножовите оставени на секој чош на маса на работна маса на мијалник од страна на свеки и свекор.Но што да правам само факам и на нервозата велам треба дете нешто да напрљви па да знајтр кај ср оњтаваат ножевите.Така пред некој ден во раце држеше нож и бега.Незнаев како да реагирам ако викнам ке се иплаши и не дај боже можи да падне со се него.Полека одев по него и му го зедов,душа ми дојде... Во паркови и мојов е жртвено јагне му ја полнат гавата со песок,му зема играчки од рака никако не реагира да си ги земи назад или па ке стои и ке го турни некое дете а овој мојот ми се жали. Синко се разбуди и ручекот не го изеде 5-6 лајчина касна и толку,му дадов супа не сакаше и на крај касна 3-4залачиња лепче со зденка.
Добар ден. Денес е волку жешко. Се враќам од работа. Сабајле ја однесов малата на градинка ама не сака да влезе во игралната.Поинтересно и е дома периодов. Вчера кога отидов да ја земам од градинка воспитувачките ставиле една чинија со бонбончиња, мече што спие и кога го стиснеш рчи и круна за славеничка. Многу ме изненадија со поклонот , а и малата пресреќна беше. Кога си дојде тате пеевме хепи брдеј и дувавме свеќа на тортата и по секое дување следеше од малата па па.Па може таа свеќа 100 пати ја запаливмеТортата многу ја бендиса со сласт ја изеде. Малата е во најтешкиот период мислам.Не се издржува за се цвиле.Ќе и падне нараквицата цвиле, сака да јаде па несака па пак сака и за се рика.Сака да се бања па не сака , па сака да излезе од када па не сака.Вчера така ми идеше да ја трснам.Ама се воздржав некако.Ако не и одам по газот плака и не се смирува.Ама толку се дере Така вчера ми текна дека од толку плакање ќе ми дојдат од социјалното на врата.Па така почнав да ја лажам ќе дојде лошата тетка и ќе ја зема од нас и после аш мама и тате. Ќе видеме дали ќе функционира. А никогаш не сум била за лажење и плашење ама не се издржува веќе.Да цуцаше цуцла ќе беше помалку плачка.Ама така е кога ја послушав мајка ми сега јас си ја трпам. Со татко и ќе одат за мк 2 недели сами.Јас да одморам.Мене ќе ми е пусто без нив, ама нека се порадуваат бабите , дедовците и тетката. Не сакам да одат ама мм па сака многу за мк, а јас се го сопирам не та не.Незнам како ќе и биде нејзе без мене ама во мк беше пресреќна во дворчето на баба и деде.Ги вадеше цвеќињата и со дедо и по сто пати горе доле по скалите. Туку пишав за сваќата излезе реферат @24.07 сваќе јас мислев за снајку правиш торта Срќна годишнина сваќе, да ви се множат годините на слога ,среќа и радост.Па една золва на ќерка ми @danichap ме изнасмеа со стратегиите за во веце Убав ден на сите
Мајки знам дека овде ке добијам најбрз одговор..Од синока керка поврака цел ден немаше ништо сега пак двапати преку 15мин побрати тоа што јаде го поврака право..Денес бевме на лекар кс добра беше..Има ли нешто против повракање да земам?