Да шкртнам збор два и да одам на спиење Денов напорен некако ми се виде Сабајле го испративме маже и ние останавме сами Макар да не беше онолку жешко да прошетавме повеќе Освен во маркет со синко никаде не мрднавме Могли ми ја извади душата едвај чекам да порасне ова дете 1582 пати се качи на спрат,толку пати се качив за да ја слезам Скалите се стрмни и од едната страна нема ограда Слегува и сама ама многу се плашам да не тресне Одат двајцата вкупатило,се пикаат во туш кабината,зема Могли шампон и се трљаат И тој малиот ми го измајмунчи се фатил и тој за коса да се мие Незнам по колку пати во денот ги мијам Глупости слични на овие колку да сакаш Мир,само кога спијат Јас огладнев и си отворив едно пакетче смоки Ми се пие и ладно какао ама не си купив за кафе касно ми е Пијам две,едно во 8 и второ накај 15:00,покасно не Денес за малку и гости ќе ми дојдеа Среќа се јавија пред да тргнат и мм им кажа дека заминува на терен Уште тоа ми фалеше на жешково Да ве поздравам,најдов филмче Добра ноќ
Спиете ли?!?! Оти бе не можам да заспијам навечер? Вклучив перална, судоперка, пеглав малку... се ова дење тешко постигнувам! Дечкиве си бараат своето, па нашето е во втор план. Ги бањав и ги заспав. Поточно со големата се гушкавме пред спиење и кажав приказна, заспа со татко и. Малата ја заспав нишкајќи во раце, ете ја нанка до мене. Не ја ставам во креветче, нека ја до мене... Љубовки мои најголеми, бродолом направија од мојот живот а сепак се најубавото кое го имам! Поздрав и лека ноќ!
Добро утро мајки Јас денес повторно частам , имам нов телефон, конечно после неколку месеци Па така од вчера имам едно 100 слики направено, обожавам да сликам посебно принцовите мајкини Маж ми се се бунеше дека нема место од мене на неговиот телефон, па вчера беше среќен и тој Сега ќе се спремаме ќе одиме малку во паркот да се прошетаме со децата, да си поигра големиот малку, додека е уште рано, после ќе фати жешкото и се седи дома. @Chantal накрајот се одлучив да одам во понеделник, во право си, џабе само ќе одложувам, така барем ќе си знам и ако има нешто понавреме ќе се лечи
Каде сте мајки, сите ли шетате Кафето денес од мене еве и некое да се освежите. Јас сабајле со главоболка станав, па сега мм и малото излегоа да прошетаат а јас одмарам. За денес никаков план немам, ќе видиме времето какво ќе е па ќе се организира нешто. Поздрав од мене и имајте мирен ден.
Мајки незнаев каде да го поставам прашањето . Дали после бременост пообилно се потите? 1 година помина ( прославивме роденден ) . Предходно скоро ич не се потев освен при физичка активност и вежбање . Сега утоп станувам ,а и потта ми мириса поразлично. Дали има спас на ова Поздрав до сите
Јас мислев само јас. А навистина ли има некаква поврзаност со бременост, породување...? @Annath Можеби ти знаеш нешто околу ова?
Поради хормоните е така. Ќе се стабилизира со тек на време. И јас приметив дека повеќе потам особено после вторава бременост, ама тоа ми се случува повеќе летово, претходно не толку, и би рекла дека можеби и времето има влијание. Ова лето е тешко, топло и спарно. Потопли лета сме имале, ама и посуви, и не сум потела толку многу.
Добар ден . Ѕверов едвај го заспав,му се спие но не се предава.Немаме повеке висока тт,на гради чист,но плака на секое кашлање и 2-3 пати исфрла шлајм во текот на нокта.Сношти мислам беше нај напорната нок на секои 15 мин. се разбудуваше ми скапаа и раце и нозе од нишање.И сабајле пред 7 на нозе,дете свежо како да спиел цела нок.А нас со мм очи ни се затвораат.Станавме кафенце пиевме мм замина на работа а ние со синко бевме до маркет да изпазариме.... Овие три дена жив е само од сок.Не сака ништо Колку негови оброци имам фрлено,а богами и имам изедено. Се гади од се дури и од јогурт(како татко му цел на него),но каква фаца прави многу ми е смешен. За врескање сите деца врескаат кои помалку кои повеке.Но како што кажавте има голема разлика од едно дете ,две,па и три деца. Но никако не би дозволила да викнам полиција дека комшивчето вреска.....На мм тетка и викнале полиција комшите дека детето по цели денови врескало,не можеле да одмараат лугето... Одам да соберам алишта од жица...Имајте убав викенд
Здраво мајки Топло денес Поспавме со дечките до 9 Потоа надвор во двор си играа со едно детенце од комшиите.Па им направив пржени лепчиња и надвор ручкаа сите 3. Сега малово ми заспа.Големиот којти знае.Приквечер ќе одиме да купиме сандалки и за 2та.И мајка ми ќе дојде со нас. Друго си закажав и за депилација.Од пон и 2та во градинка и тамн да искористам додека се таму. Наредната недела сме на свадба.Не сум купила ништо. @Marmarin јас би го носела и бебуш.Што планирате да шетате во недела земте си го и него.количката и готово.Зошто да го мислиш.Јас моите секаде ги носев.Ти си знаеш најдобро. Се мислам што за ручек денес.Децава само маани наоѓаат.А јас по 1 јадам. Убав ден на сите...
I vie so virus bevte? Sto pie? Mojava ne krena tem.do sega ama mnogu kasla. Ima sansa odsega da krene temp.?
Секогаш почнуваме со амоксиклав,а завршуваме на многу појако. Се надевам дрка овој пат само на тој ке останиме. Мислам дека нема да крени тт ,но во секој надгледувај. Само со лесно нека помини.
Добар ден. Наминав само да ве поздравам додека малата спие. Не пишувам овие денови оти сум стотка нервозна, лута и разочарана и нејќам да ширам негативна енергија. Среќен роденден на сите дечиња, а тие што се болни побрзо да оздрават. Нема нешто полошо од болно дете.
Те читав за пасошот. Што сторивте? Бебе нана, јас и чувам стража почна да бара на кревет да лежи и така да се успива, ама кутрата "не знае", па се нервира, па рита со нозе, па ај пак нишкај во раце. Се ме боли! Тешка е веќе. Ја меревме на ортопед 9кг и кусур. Ќофте. Ко новороренче цица и кака. Лажица да не види, освен од к.млеко. Па и итра, оди излажи ја. Го сака чисто. Ако и го измешаш да и подвалиш и друго нешто, одма фестивали и викање, лутење. Вчера и дадов една кашичка со урда вечерта. Само цица и чат-пат апнува нешто, па викам со ова да ја залажам да не ми се буди навечер неколку ноќи на цице е закачена везден. План направив, бебе соработуваше и постави нов сопствен рекорд! Ја изеде кашичката - 160гр тегле на хип јухуууу Мисија успешна, бебе намирено, мајка наспана. Е сега мм што ми крена притисок уште сабајле, тоа е друга работа. Сакам да шетнам до некое дуќанче после ако не ме мрзи. Сакам да си купам нешто, ама се растурено, расфрлено и се откажувам за секунда. Изгледа и ништо не ми фали, па немам ни толкав интерес. Поздрав мајкички
Kukle i mojava ne saka na cice ne so niskanje nego sama na spalna da se prpela i da zaspie. Pa seta levo desno se vrti prevrtuva, pisti, ama stom se umori ja zemam i vednas zaspiva. Kako foka lici niz krevetot