Јас роденденски дома. Да ве поздравам додека бебе спие. Мојата мала среќа, надеж, верба, мојата љубов денес 1 годинка ♡♡♡ Спремни сме за забава вечер, деенес сум пресреќна исто како @orhideea . Мислам малите ни се во ист ден, а @eli25 утре )) Среќни родендени на бебушките, големи да растат. Частам , торта вечер Имајте убав ден
@TutiFuti утре е роденденот. Терминот ми беше на 8 август и болките ме фатија од сабајлето ама синко на свет дојде по полноќ во 03:24 на 9 Август @Igle Среќен роденден на твојот лепотан, да е здрав и жив и многу среќен Ние и @eli25 сме утре Знам како ти е. Неизмерна среќа
Добар ден жени! Синко спие, јас не знам за што попрво да се фатам. На крај за ништо, ќе си седам изгледа Вчера се вративме од МК, заврши одморот, се вративме во реалноста а богами и пеколот. Овде не да е жешко, не се дише. Ниту можеш да јадеш, ниту да спиеш. За готвење пак, да не зборам. Оваа година дека рано се вративме бевме сигурни дека ќе избегнеме гужва, пак чекавме 3 часа кај Хрватите и за прв пат ни направија еден добар претрес Дете само жално гледаше, не беше свесно што се случува. Смешно ми падна за царинарот, не најде ништо и пак му вели на мм ќе почастиш нешто Овој мојот му вели десетче доволно е? Оној- секако! Кога тргнавме со мм, му велам па што не ни рече одма барем немаше да се потиш да растовараш цела кола, колку се безобразни, замисли на 10 коли во денот по десетче Денеска цел ден не можам да средам алишта, колку перални вртат не знам ни јас. @Igle да е здрав и жив јунакот! Одсега почесто ќе пишувам. Поздрав мајки
Зарем година мина @Igle @eli25 @orhideea па и @Ano? Лета времето! Лета! Нека се живи и здрави дечките. Се мажиња Ние дома средуваме. Наполнивме подрумот со масички кои нема да се користат. Ми останува да подсуредам (еден тон ствари имаме) во детската затоа што мебел ќе доаѓа во сабота. Мора да се прибрат стварите на дунде. Нема веќе место. Само инпут и слаб аутпут има Бебе тера втора дремка, па ќе шетаме. Што е луѓе со комарциве?? Партали сум! Ова не е нормално! Не памтам скопје вакво да било со конарциве.
Eј да комарциве. Шо ставате? Малата ( па и јас) со отоци од убоди сме. Вака никогаш не било. Мачкам аутан и камагел ама ко џабе да е. Дете од чешање не може да спие и крв тече
Јас шприцам мапез на количка, на ножиња, а бе секаде. Она не е касана, јас партали Мачкам синопен јас за мене. Мм вика камагел него му е подобро. Страшно ова со комарциве. Општинариве ужас годинава!
Si dojdovme od kontrola....malata podobra e.. domasmiot pritvor ukinat od utre barem ke setnime nadvor Sreken rodenden nna maliot @Igle Odam kafe da pijam malava dodeka dremnuva.
@LaDyDoLl среќен роденден, порасна дечкото, да е здрав и жив! @danichap ве гушкам! Да ве поздравам мамички и јас. Еднаш месечно испаѓа дека идам на темава. Честитки кај сите што сум пропуштила да честитам, убави работи да споделуваме само. Кај нас ново, конечно ги тргнавме пелените, барем преку ден, за 2-3 дена се научи да кажува, ама и голем е веќе. Сега уште за преку ноќ. Овие дена си доаѓам од работа и излегуваме надвор и дури се стемни сме таму. Ноќе пијам магнезиум за болка и грчеви во мускулите, ама си велам па зимата ќе е дома да искористиме дури е топло времето. Кога сум кај времето како издржувате кај вас што е толку топло, јака ви душа навистина.. Јас со мигрената имам проблем малку да е потопло, страшни главоболки имам. Редно е да попуштат температурите таму, не е нормална толкава жештина. Ова лето најлудо испадна до сега. И така, ништо не кажав ама сакав да се запишам да не ме заборавате. Постот е пишан од синоќа доцна ама не се испратил, па ќе искористам само да дополнам и честитам роденден на синчето на @Igle да е здрав и жив, голем да расте!
Синко си игра со песок во двор,а јас пијам кафе.. Сите чекавме со душа да дојди лето,но сега чекаме да дојди зима. Никако не ни се погодува... Во соба темпер.е 27.7 жешко е многу. Синко спие по боди и пак се поти и ние имаме ситни брунчиња од топлово.Едни исчезнува други се појавува. Вчера бевме на контрола дете добро чат-пат кашла и ни го укина ацц.Од контрола заминавме низ чаршија... Дете радосно дека трца низ плочник, му застанува на други деца/бебиња пред нив Мене страм ме фака... За комарциве фала богу синко цело лето само еднаш е каснат,а јас партал сум,многу ме чешаат и отекувам.Еден комшија се зафркава дека сум нова дојдена во населнава затоа мене ме касале. @danichap @Igle срекен роденден на синчето,здрав жив и голем да расти
@*Лорена* со лесно бременоста. @Marmarin честитки за внучето да е живо и здраво @LaDyDoLl @Igle среќен роденден на батковците да растат само со љубов и среќа Како минува брзо времето. Лета... И ние уште малку прв роденден. Планирам и јас торта од Канела. @eli25 сподели искуство да знам што да правам. Јас од црвената канела сакам. Бебушка моја секој ден игра во базент. Живи радости е. Ама за спиење ич не и е погодено топлово време. Само кенка. На повидок две долни запчиња. Така мислам. Зар одеднаш и двете. Се оцртале на непцето. Само да пробијат. Друго се исто. Работа дома. И подготовки за роденденот во тек. Тоа за сега.
здраво,еве грабам момент да ви пишам...Укочена во врат,ко робот се движам и синко го успивам цицајки.Напорно ми е зашто позата му е да лежи на едната моја рака и нешто притиска,па ме боли корне ама мора да издржам и да го успијам.друга поза не му се свига. Последниве денови мн мо смени ама на неубаво.Се размаза,распекмезил со бабиве што му идат по ќејф па ја после дома коага нешто не му дозволувам вришти о драматизира.Но јас пробувам со збороби да му објаснам зошто ме му дозволувам тоа и тоа на пример.Ако продолжи да плаче,игнорирам(секако го зиркам да не ескалира или да не се задави,падне)...Валда добро постапувам???Мајка-еден куп сомнежи.А едно е сигурно-го сакам бесконечно многу. @Marmarin честито внуче тета! Да не ги измешам др членко-срекен роденден на сите што слават! И лесна бременост на @*Лорена*
На 1ви септември сме а требаше да бидеме на 31ви август заедно со @Belabelinakinder . Посакувам пак да се дружиме во труднички сите
Добра вечер мајки Ми недостасува темава многу ама секој ден копија на предходниот ни стана Се криеме од жешкото,не излегуваме скоро па никако Неколку пати на брзина до маркет и во главно само за вода одиме Нити готвам за нас нити сме нешто гладни Пекол е Могли уште утре во градинка и до 4 ти септември се на распуст Расте со брзина на светлината секој ден се повеќе се разбираме За многу работи и не треба повеќе да се молиме Си бара сама да јаде кога е гладна,после јадење си го носи тањирчето вкујна,мие рачиња и заби. Се ова сама Ми помага и околу фрлање памперси,таа е задолжена за тоа Почна и песнички да ни пее Ова добрата страна лудориите и се сеуште јака страна Качување на високо,скокање,го малтретира брат и,ма сите не малтретира Лом е Некогаш смешно некогаш тажно и нервозно Битно расте и секој ден е се полесно Мали,тој кој мува на кака за мене залепен Буквално неможам да дишам на моменти Заедно спиеме,заедно се капиме,заедно готвиме,заедно во вц одиме......И се така заедно Мм не смее да ми се доближе,одма летаат шамари А и не е добар последниве десетина дена се јавува тт по ден два е подобар и се така во круг Само да се живи и здрави Друго што да ви кажам,чекам да поминат жештиниве и да се наспијам како човек Деца се будат по милион пати Могли станува и оди да спие вдневна,и никако без тато Го буди и него и се паркираат на софата тој таман ќе ја заспие и ќе ја врати вспална таа се буди и му вели ааааа најн најн најн и пак назад @orhideea памтам ова време додека беше во болница пишевме Нека му е најсреќен роденденот @LaDyDoLl и @Igle среќни родендените на синчињата @danichap еве и јас да те гушнам дека гледам сите гушки праќаат Се надевам добри сте сите @Marmarin Честито внука @*Лорена* со лесно Се надевам не заборавив некој да тагнам Имајте убава велер
Седнав и јас нозе да испружам. Не дека имам нешто да кажам ново и поинакво ама да се искажам де.. Не сум ви кажала дека многу жени од овде сакам да ги читам, ми даваат некој мир душевен, соочуствувам, се изживувам и пред се воочувам дека не сум сама не има куп со слични па и исти ситуации. Не дека и порано не читав, ама кога читав ве имаше во голем број и многу по активни. Изгледа жештиниве сите не удрија по глава. Секој ден е преслик на претходниот но единствено кога станувам на сабајле ми е подобро кога сум поодморена па "на раат" си го пијам тоа едно кафе што можам само да испијам и уживам во него. Ноките и утрата ми се најарни и најподносливи Се после тоа ми е борба, борба да го упазам од сите опасности пто ги ствара околу него. На пример мојот е исти ко на @Mari* керката а беше мирен. Ама беше.. Сега се пентери на секаде, паѓа, и се смее тоа му е интересно а јас се тресам во гаки да не не дај боже се случи најлошото и тука многу потфрлам и се плашам многу е бесен, многу.. ништо не му е интересно освен когс прави тоа што не треба како на пример денес, се качи 382627 на тросет и оди по него трча што во секој момент може да клизне и да се разбие, истура вода по плочки па со рачињата ја брише или најлошо паѓа оти заборавил дека има вода, оди во купатило и отвара чешми па се прави лом, сандалите и тоалетната ги бута во вц школката и се смее и најлошото кога е без памперс у секундата моча и .... не е за зборување натаму. Сите овие ситуации се секој ден во делче од секундата буквално Еднаш му падна врата врз него мили боже не се разби го одмина после падна шкафот со кондури врз него и трето тоа ормарчето во спална.. Од ништо нема страв, се смее и ретко плаче на вакви ситуации нитсо зборење нит со ништо не се разбира, оди оди и пак оди во глупости Тоа накратко ама широко испадна. Се прашувам само едно дали сите деца во оваа фаза се такви по цел ден. На крајот од денот сум преуморна ко да сум правела кров или трчала на маратон И што е најтрагично се мислам дека потфрлам пред глупостите и бељите оти не можам се да спречам не сум ама ич совршена. Кај нас денес залади, колку толку полесно се дише. Отворив се и седам во темница сама со себе, и си мислам колку ли брзо поминува неделата а пак за викендите да не зборувам. Временцето според прогноза дава да за на море Се надевам ќе одиме во сабота а може и ќе најдеме нешто за преспивање ако не сум уморна да барам Лека ношт.
Да ве поздравам и јас. @danichap пиши како сте, се надевам се е добро. И јас како @vitamina сакам да читам некој членови и буквално се пронаоѓам. Туку затопли ептен и денеска дома преседовме. Дете збесна на крај кога нема да излезе надвор станува нервозен а и јас со него бидејќи се мислам за немајка што не сум го прошетала ама па неможам постојано, почнува да ме заболува стомак а и плус жешко е. Како доаѓа време за другото бебе ме фаќа малку паника како ќе биде со двајцата дома.
Добро утро. Кафе пак ли јас да ставам?Ме измачивте жени Мајка ми има роденден па и пишав и ми го дигна притисокот на 300Мм ми кажа малата се жалела дека ја боле дунде и и кажав и одма му се јавила да му каже ракија на пелената да ставаАјде не се нервирај Значи тоа старите мозокот веќе не им е како што треба.Само за совет се Вчера си поплакав по малата и си ветив не ја праќам веќе никаде без мене @danichap што и да е побрзу да мине и да ни се вратиш со насмевка како секогаш што си позитивна и расположена @Igle , @orhideea , @eli25 среќен роденден на дечковците ,живи и здрави да ви се и да ве прават горди Убав ден на сите .Поздрав
Добро утро мајки Многу причини за радост и частење денес. Читам многу бебенца се родиле пред точно една година. @Igle среќен роденден на лепотанот, здрав, среќен и секогаш насмеан. @eli25 @Orchidea честити родендени на вашите најмили.Цел живот среќа да ги прати. За сите што ме спомнаа и виртуелно ми испратиа поддршка и прегратки. Инаку арни. стандард, испратив деца го градинка, сменив пелени и дадов млекце на најмалово и со кафето во раце крадам малку време за себе. Читате сите кои живееме на страна испоцркавме од жештина. Убав ден на сите.
Денес јас честам повелете мајки послужите се, за сите има Една година неизмерна среќа, радост, полно срце. Но и многу повеќе грижи, стравови и немир. Се за тие две очи плави за мојот свет Да ми е жив и здрав и многу среќен мама се ќе прави за него без да се жали Вчера направив мало тортиче, денес ќе го украсам со шлаг па ќе го ставам синко да се шлака и ќе сликаме со мм. Ама тоа кога ќе си дојди мм од работа. По полноќ си го изгушкав синко и солзи дури ми дојдоа еве и сега, емотивна сум. Сабајле и мм го изгушка го бацува а бебе се чуди Имајте убав ден мајки отидов да го разбудам спанко мој па да шетаме @eli25 среќен роденден и на твојот дечко да е здрав и жив и многу среќен