Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Mariangel

    Mariangel Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    47.004
    Пол:
    Женски
    Луѓенца здраво! Одамна ме нема, како расте детето растат и обврските, а и некако сакав да се оддалечам од форумот.. Еден период бев зависник а сега можам и со недели да заборавам да се најавам.. :tmi:
    Шефот веќе е големо детенце, разгалено и непослушно верувам како и 90% од децата..
    Ама си имам макааа. Многу лесно и често повраќа. Завчера два пати во ист ден. Не е болен, ова е веќе подолг период така. Започна минатата зима, на секои 4 недели примаше инекции во двете нозе против вирус кој е смртоносен за деца со срцев проблем и други сериозни болести.. е бидејќи многу го болеше а мораше бавно да ги пуштаат инекциите, му се створи некоја фобија и на секој нареден термин на доктор уште во чекална се истураше од повраќање.. од секогаш е гадлив ама ова веќе ме нервира и загрижува и сакам да престане. Ако веќе е најаден и касне нешто ситно било што во уста, се што изел ќе поврати. Или ако многу измеша, бута и благо и солено одеднаш и после се ќе исповрати..Како навика му стана, не е секој ден ама е многу често.. не знам што да правам, особено зошто пред нас е операција и лежење во болница.. зарем на секое појавување на доктор на врата тој ќе повраќа? :( Ако имате некој совет кажувајте.. :)

    Имајте убава ноќ мамички :*
     
    На Kaetana, eli25, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.754
    Допаѓања:
    38.633
    Пол:
    Женски
    @Mariangel Мојов од кога се роди повраќаше обилно во млазеви, беше лакомо бебе, цицаше многу повеќе од доволно. До 3 год така правеше, изеди еден оброк и на последната лажичка, поврати се. После пак јадење, ако не му дадев плачеше, беше гладен.
    Исто е многу гадлив, ако беше најаден убаво а некој му понуди јадење или види самиот, пак повраќаше. Ако се напиеше поголема количина вода, сташно беше. Не да се нервирав, мислев од кожа ќе си излезам. Ламинатот секој ден се бришеше, мислиш ќе се расипе од повраќаници :)
    Сегде го носев, и Систина и Плодност, и одговорот беше ист, вакво напредно дете е само лакомо, ама јас си знаев дека не е од лакомост.
    Моево се плашеше да ждригне, и кога требаше да подждригне он повраќаше. Некогаш и два-три пати во ден.
    Ама тоа до 3 години, сега еве го е супер, си јаде се без проблем и најважно е што фобијата што ја имаше дека ќе поврати, исчезна.
    Ако сте го носеле на лекар и е се во ред, тогаш само трпение.

    Рано утро денес будна. Грло ме боли, и се ме боли. Мислам нема денес работа за мене.
    Убав ден на сите.
     
    На Kaetana, eli25, Ano и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Добар ден, бебе спие мама пие кафенце на тераса па да пишам збор два.
    Колку брзо расте, не ми се верува дека детево ми прооде.
    Уште не е нај стабилна ама се пушта сама. Надвор оди за едно раче. Ама сака да оди брзо па е смешки губи рамнотежа.
    Нарачавме и постапалки да се частиме.
    Во количка едвај седнува, со плачки па мора нешто да се лажеме. Сака лулашки, лизгалки, оди обратно на нив нагоре се качува.
    Следен месец ќе прави годинка, а ко вчера да се роди.
    Сега се повеќе се гушка, мази, бацува.
    Е сега тежок период е дур не застане асално на нозе ама и тоа ќе биде.
    Едвај чекам да видам што ќе прави на море. Во охрид убаво си играше на плажа.
    Едвај чекам да видам какво детенце ќе биде. Кога ќе почне да збори, пее...
    И така, горе доле секој ден ни е ист....
     
    На Kaetana, Ano, karibian и 21 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    22.765
    Пол:
    Женски
    Јас да шкртнам,понеделнички дур не фатила гужвата во офис..
    По темиве прочитав кај година ипол фаќале тантруми,епа ние еве ги почнавме.Абе за се плаче се тегне,па ако не му е по ќејф во знам на револт се врти околу сам себе(а јас го карамсталнио нели,за да не му се сврти па да падне).И сега као еве ти не ми даваш па еве контра твоето че одам.Ракава и понатаму ме боли,укочена од пормаја.кај и да е ке отпадне Ч)
    Како и да е,навистина многу брзо растат малечкиве..:l:
     
    На Kaetana, Ano, kikica14 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Ви пишувам од планина.Дојдовме уште вчера.Во куќата на кумашинците заедно со нив.Имаат мало бебе.А неговите стари родители по 80 и кусур год.тука живеат.
    Мм направи месо под вршник.А за денес ќе готви зајак со зеленчук и месо и тоа во фурна надвор.
    Деца синоќа едвај заспаа во 12.Знаат дека не се дома и дека промениле место.
    Ама битно ноќта спиееја.
    Сега мм и другитр отидоа до една нива тука да соберат тревата за стоката.
    А најсмешно беше вчера кога дојдовме,само што излегов од колата со децата не подбраа 2 овци,а тие ги чувала бабичката од малечки ги хранела до млекце од шише.И сакаат да се галат.А јас се исплашив и почнав да трчам натаму наваму :rofl::rofl::rofl::rofl: ама срце ми застана.Од каде да знам јас дека сакале да се галат или пак нешто иѓ фали па трчаат накај нас :D
    И сега кога ми текне сама си се смеам.
    Деца беснеат не до толку помирни се :nod:
    Спие ми се.
    Убав ден на сите :sun:
     
    На Kaetana, eli25, Ano и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :)
    Ај и јас да се пријавам додека спие бебе, стандардно ко и сите :D
    Имам жена за чистење денес, односно највеќе за прозорците ми е, не можам сама да ги бришам, огромна куќарина бре :( Па и имаме како стакленик во дневна, цела е со огромни прозорци, и убаво е за око, светло и пространо, надвор гледаш дворче средено, зеленило и се тоа... ама ај оди избриши ги :sweat: Стално му викам на мм, се зафркнавме, ама па погледот и светлината дневна се стварно бесценети. Бебе ужива да ги гледа цвеќињата од горе, во џампер ја ставам и може да гледа со саати (не ја оставам де, ама во состојба е :D).
    Сега кафе пијам, второ за денес, ама пружив машина една, друга во сушара ставив па здиплив после, и доста е за денес. После само ручек за бебе и слободна сум.
    Ноќеска се наспавме богами, бебка спиеше од 9 до 7 сабајлево :). Се врати на старо, фала богу. Како затера да се буди еден период, реков од што ја фалевме дека си спие, ја урочивме. Ама добро е, да не зборам многу. Преку ден не спие којзнае колку, ама навечер е битно, така да среќна сум.
    Ми се ближи времето за тргање на работа, не знам како ќе одам :( Уште од сега ми тежи во градиве тоа, не сакам да се вратам таму со тие нелуѓе, ама немам избор. Ќе почнам деновиве да барам друга работа, здравје ако најдам нешто одма си одам од тоа проклето место. Зависат од мене за многу клучни работи и го знаат тоа, специфична работа работам која бара заглавување често и е напорна. Кога побарав преместување во друг сектор, макар и за помала плата, не можеле да ми излезат во пресрет, потребна сум им била кај што сум. Се понудив да најдат друг, ќе го обучам, не можело сега нови да вработуваат. Ако очекуваат да заглавувам како порано, се лажат. Со дете не ни помислувам да останувам после 4, а на почеток и порано ќе си одам (нели законски може за мајки еден час порано). Ај доста зборам, не ми се мисли, само се нервирам уште нетргната.
    Ве поздравувам мајки, убав ден на сите, среќни родендени на сите дечиња кои прославија периодов (многу ве има, да не набројувам). До следно читање :hai:
     
    На Kaetana, eli25, Ano и 25 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    221.803
    Пол:
    Женски
    Мојот е година ипол и затера од пред некој месец со тантруми.
    Црка вика се дере и се напиња кога не е по негово плаче скуби и се тепа јас се исплашив прв пат
    Среќа за брзо се смирува ..
    Ама осичка е да е жив и здрав.
     
    На Kaetana, eli25, Mari* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки ние сабајлечки по дома, плажата денес за после спиење ја оставивме. Второ кафе веќе испиено, а синко се заигра од 9 сабајле до сега, како што не сме прибрани по дома беше зажелен па сите играчки нови му се видоа. Колку работи си завршив по дома, ама ова знам дека за скоро нема да се повтори. Сега ќе спие дете јас да спремам ручек, летна манџа набрзина денес на репертоар топло ми е за спремање нешто друго. Повеќе ми беше да ве поздравам отколку што има нешто ново, освен што почнав да го осеќам бебе во стомак па полека станувам свесна дека за брзо ќе биде се повесело, од една страна неможам да дочекам, а од друга ме фаќа страв и паничам што и како ќе биде. Се распишав јас на крај, гушки:hug:
     
    На Kaetana, eli25, Ano и 21 други им се допаѓа ова.
  9. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.

    Прво да честитам роденден на малиот на @TheSecret жив и здрав да е и само радости да ви носи.

    Значи скоро сите се пријавуваме додека малите ѕверчиња ни спијат.

    Еве го и мојот спие скоро 2 часа.Дали се уморува или пак од што е топло спие по 2-3 часа денски и навечер си легнува најдоцна 9:30.Ама ноке не прашувајте како си поминуваме...Се разбудува 5-6 пати си седнува на кревет,потоа си легнува.Кога ке се разбудам него го нема на перница,секогаш го најдувам долу кај нозете наши.Бара вода 2 пати,и почнува да си блада во сон.

    Добро е што уште работи машината ја откостив од перење вчера и денеска.И времево се покажа убаво за брзо да се сушат алиштата.Минатата недела и го пратив на мајка тепихот од соба за кога ке појдам да го исперам,но нејзе кожа не ја траело ми го испрала.

    Со дете како се научивме цела недела си излегуваме во град.Си викам самата додека седам овде во малскиот парк ке прошетаме до град ке видиме некој познат.Ретко мм не дружи дека работи скоро по цели денови,но кога иди и тој полабаво ми е тој вика и трца по дете,а јас уживам во прошетките.....


    Кога сме кај мм сношти "положивме" поминавме одлично усно и писмено.Ај доста е со пишување оти почнав да трескам глупости.
     
    На Kaetana, Надежна, eli25 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се пријавам додека спие дете.

    Исправ алишта, подисчистив што вика Дани, во меѓувреме го презаспивав па остана време и да пишам.

    Навистина е се полесно. Еднаш пишав мислам. Прво раце болат, па кичма, па откако ќе прооди глава боли само. :rofl:

    Прееска више не можев и му се развикав дека фрла јадење на земја. Па за инает пак фрли и ја уште посилно викнав. Кога почна да плаче, вришти, кашла, останува без здив леле си викам што направив паника ме фати па ајде смирувај го едвај се смири.

    Па се запна за телефонот. Не беше по технологијата ама две веќе недела дена по телефонот плаче. Па го ставив во една фиока. Па се држи за фиока плаче, вришти. Толку бев изморена во моментот што седнав и се фатив за глава демек да се смирам и да соберам сили да го смирувам. Ама додека собрав дете наеднаш престана да плаче и си седна да игра со играчките. Глумица а? 8-|

    Цел ден се заигрува со нешто. Сликовница, облека, фрижидер, закачалки, патики... Надвор во количка. Не ми се верува дека веќе не го држам во раце. Па дури и досадно ми е сега јас треба да барам занимација. Средувам, чистам, готвам, перам па и кафе некако натенан пијам.

    Убав ден! :hug:

    Се ќе помине. И доброто и лошото. И летото и зимата. И нови ќе дојдат. А дали ние низ нив поминуваме како што еден ден би сакале да се присетиме дека сме поминале?
     
    На Kaetana, Надежна, eli25 и 24 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.159
    Допаѓања:
    221.803
    Пол:
    Женски
    Да си пишам јас вака оптегната на кревет меѓу маж и дете кои спијат уживам де да се каже
    Надвор грмеше пола час непрестано тоа само овде го има го небото да се спушти накај земја е до толку буботеше пола час без престан и заврна па престана а и преска заврна богами колку толку полесно се дише подруго е не е веќе 50 степени ама само накај 37 чат пат боље ишта него ништа

    Ние стандарт по дома викенд замина па ќе чекаме нов и така се турка ден за ден малото почна и врати да отвора и на сите можни столови да се качува е сега е заебано веќе уште повеќе ама да е жив здрав тоа е на крај на денот толку многу сум претепана ко на нива да сум работела цел ден нозеве не си ги осекам
    Преска му дадов грицки да руча тој ги фрли и ги згази толку беше од грцките башка што ништо в уста не става по цел ден освен навечер и насабајле ако се излаже да поткасне нешто

    Кај да е заминуваме и малку на планина да се надишиме воздух у зеленила. Алпската идила ми е фаворит сакам да ги гледам алпите снегот таа магија од круг врз планините горе
    Кажаа и таму било топло
    Над 2000 м надморска височина и таму претопло
    Што лето ќе беше

    Кај да е доаѓа септември искрено мечтаам за некоја организација и исполнетост во деновите ама ќе си почекаме и за тоа

    Ништо битно не кажав лека ноќ
     
    На Kaetana, Надежна, eli25 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.415
    Допаѓања:
    37.609
    Пол:
    Женски
    Прееска дека му свикав за фрлањето храна доле... вечерва застана и секоја една трошка по ред ги фрли доле и гледа во мене. Смешно ми падна, се насмеав. Може грешам ќе си помисли смешно е да се фрла доле ама не можев веќе. Збори, збори, збори потивко па накачувај тон полека се додека не спискав и се откажувам кога мисли нека престане да фрла храна, моите живци толку, стара инсталација.

    Витамина и јас навечер кога се жалам велам како нива да сум копала. :whew: :D

    Битно полесно е. 8)

    Ништо посебно нема за кажување. Да го средам нередот по стоти пат денес и да пронајдам време за себе.

    Добра ноќ :l:

    Еден ден и ќе се наспиете и детето во количка ќе седи и ќе јаде убаво ќе пие ќе се заигрува само и така. (poolparty)
     
    На Kaetana, eli25, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
  13. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    28.589
    Време е за спиење ама кој да спие. Ова лето спијам до многу касно па и касно легнувам. Сега навечер не можам да заспијам! Подсредив нешто, ама кога тропам повеќе низ дома ја будам беба. Ќе пеглав, ама шушти пеглага па двапати ја буди... и баталив.

    Денот си помина убаво, ручек, раскревање низ дома, каши на бебо, пазарење во маркет и едно гости до кај една друшка. Со големата ќерка бев, беба со татко и се чуваше. За среќа ММ е дома деновиве , јас сум далеку порелаксирена кога он е до мене.
    Дадето пред спиење молеше да нанка со мене... се плашам дека ќе има плачење сабајле кога ќе сфати дека ја заспав и ,,избегав''

    Одам да нанам... мирна ноќ на сите
     
    На Kaetana, elcezelce, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.865
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Денес кафето од мене :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:. Не пишувам секој ден бидејки немам што. Одморот помина ,супер поминавме ,бебе пресреќен шлапкаше во водата и не сакаше да испаѓа. Потоа другата недела сите тројца домче заедно цело време , да ви кажам мм додека беше дома и физички и психички се одморив. Денеска мм на работа почнува па се мислам како ќе се разберам со малиов , многу е збеснат од одмор , буквално 10 секунди нема оставање сам. А треба да учам недлава и полагам.Среќа мајка ми е дома неделава па ќеиде да помага ,со чување на бебо. Морам да кажам неќна бевме на гости кај свекор и свекрва и свекрва толку ме наполни со негативна енергија ,дури невозможно. Инаку друга случка сесреќаваме со една пријателка и има внука еден месец поголема од бебе односно15 месеци и кај мене бебе вика мама баба и не , а се разбира што му зборуваш и сеа она ми вика зборува ли ,што кажува ии викам мама баба и бебе и она леле ами кај мене внукава и тете и дојди и ајде и сите на име не знае не кажува ,зошто бебе кај тебе толку малку зборови , а да напоменам она нема деца уште за внукаванејзина ми кажува и само и реков секое дете различно ама од такт ме извади.:^) Мајки бебе наполни пелена одам да сменам а вие имајте убав ден.:hug:
     
    На Kaetana, Надежна, eli25 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро и од мене со ладен нес на биро, мраз од дома си донесов за да имам цел ден да пијам. Изволте кој е за. :) Многу е жешко, не го трпам па да пукнам. Ај тука и клима има, ама во кола на враќање умирам. Сите сме преморени веќе од топлото, а не ни имаше некое лето годинава. Налет нека иде, не ни се погаѓа и нас.
    кога сме кај бесни деца, се пријавувам и јас! Моиве се тајфа и стварно сме "ние против вие" дома. Се што ќе наумат прават, не можеш да ги скараш. одма кројат нов план и ме смотаа, готово. Не знам што е полошо, дали да се тепаат по цели денови или ова што го прават моиве. Замислете, во градинка големата го препознава плачот на малиот ако закенка што е ретко, и и' вели на учителката само да одам да го смирам брат ми и се враќам. :rofl: Он е во јасли, она е во втора група. Оддалечени се со метри и простории, ама неа ништо не и' промакнува ако е поврзано со брат и'. Оди, ќе се погушкаат, ќе си поиграат некоја минута и се враќа назад. :inlove: За нас се тешки за издржување заради обврските кои ни ја цицаат силата во текот на денот, ама сепак треба да сум благодарна на Бога за поврзаноста што ја имаат бидејќи "брат брата не рани, ама тешко кој го нема".
    Одмор нема ни годинава, финансиски вложуваме на друг план. Тоа е сега најважно, има дана за мегдана. Не ни бегаат плажите. :) Важно ми е да се средиме таму каде не сме средени.
    Поздрав мајки и убав ден! :)
     
    На Kaetana, eli25, elcezelce и 22 други им се допаѓа ова.
  16. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво .
    Навратив да почастам кафенце по сабајле:coffee: .Па да се факам со работа.
    Денес кога дојдов на работа уште во 8 30 гужва еден куп.Сега се расчисти малку .
    Денот по утрото се познава значи ке биде лудница :bug:
    Син ми секое сабајле ме остава во мисла.Не доручкува веке како порано. Доручекот секогаш убаво го јадел , башка тогаш јадеше само овошје. Сега овошје само лубеница јаде и толку . Кога ке пипне се гади од текстурата на овошјето . Може е некоја фаза....Што би рекла другарка ми :штом јаде манџи нема гајле :D
    Вчера бевме на гости кај една другарка , си играше со нејзините деца. Прв пат така да седнам а он да се заигра со играчки и со деца . Секогаш он трча другите деца си играат :rofl:

    Тоа е мајки , јас немам што многу да кажам. Ве читкам секој ден важно ..

    Одам да работам
    имајте убав ден .. :f:
     
    На Kaetana, eli25, elcezelce и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Неможам да си дојдам до себе
    Викендот со гости ни помина
    Напорно до небо и назад.Кога има некој плус дома Могли не спие ни преку ден,ни преку ноќ
    24 часа беше будна,ми ја извади маста тие 3 дена
    Од неделата па до денес дури се вратиме во нормала

    Ни се расипа и колата :doh: баш кога планиравме да одиме неколку дена на езеро се расипа
    Не знаеме кога ќе биде готова :(
    Само да не помине одморот на мм дури се стокмиме

    Овде залади,уствари зазими,ладно е многу ама сепак подобро него ли пекол
    Се спие подобро навечер

    Друго исто
    Куќа уште да заплаче ама немам воља за чистење,ќе почека
    Морам само да перам и пеглам,тоа е не избегливо

    Толку од мене,едвај гледам во телефонот
    Едното ми лежи на гради,другото ми седи на глава :inlove:
    Едно заспано,другото малу морген :D

    @Mariangel исто повраќа кога ќе се прејаде или кога е со поизразени тантруми
    Кога има напади на бес или е уморна за спиење и не заспива исто повраќа
    Во тие моменти и ја пуштам омилената песничка да се смири и успева тоа

    @TheSecret големи да растете
     
    На Kaetana, Надежна, ines.h и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас на работа, стандард за овој период од денот и неделата. Во саботата малата ми беше со температура, и како и до сега кенкава е, качува само една вечер и толку, и дадовме сируп, се испоти и еве ја сега ок си е, додуша малку носето и тече ама не страшно.
    Се што видов за на одмор е букирано и нормално е да е така, ако е обратно би се запрашала што е проблемот.
    Во петок сум на депилација и едвај чекам да фрлам и панталони и бакрачи, сакам на плажа!!!! Добро се слагам и со планина хахахах. Туку од сабајле па јас се настинав...кивам, носот ми тече, ќе се средам знам колку што може побрзо.

    Тоа е мајки, почнав со подготовките ситно ама битно почнав роденденот да го спртемам и така.

    Одам јас лепотички!
     
    На Kaetana, eli25, elcezelce и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.452
    Да прашам нешто...

    https://kumanovskimuabeti.mk/na-tri...azbuka-a-koga-i-izmerile-iq-ostanale-vo-shok/

    Го читам ова и си викам, нели е ова нормално? Или не е?
    Мојата на 2 години (сега уште нема 2 и пол) ги знае пола и повеќе букви, бројки, знае да брои до 10, зборува цели реченици, знае бои, се сеќава на ситници, забележува детали повеќе од нас, секогаш знае кај сум и го изгубила шишето или патиките, и читам по 5 книги на ден најмалку по нејзино барање... Нешто вау е ова или е нормално? Сите деца на 2 год ова го прават? Претерале малку во статијава или треба да се посветам повеќе на детево мое оти има капацитет? Не ми е јасно и сум тотал изгубена.
     
    На Kaetana, Надежна, ma4e1311 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.482
    Пол:
    Женски
    И мојата е тука некаде во возраст, има 2ипол годинки. Буквите слабо ги знае, брои до 10. На англиски ги знае скоро сите бои, и броење исто до 10. Зборува цели реченици.
     
    На Kaetana, gjoker4e и Cka им се допаѓа ова.