И јас мислев така, викам леле ова мое дете колку напредно дури на англиски од цртаните научи. Ама после гледам околу нас многу деца тие работи го знаат на таа возраст.
Imam problem... bebe zaspiva vo 9 saat jas do 12-1 ne mozam da zaspijam... dali vi se slucuva i na vas?
Секоја ноќ,таман фатија деца ред со рано заспивање никогаш да легнам пред 12 Умор ли е,годи тишината,незнам што
А моево на 15+ што вика само тато, тато, тато? Бев загрижена малку ама сега сум малку повеќе. За броењево до 10 си мислев дека на 6-7 години ќе знае здравје. Ја па ептен неам контакт со бебиња/ деца.
Секое дете си е различно и не треба да се оптоваруваме со тоа да споредуваме со други деца. Кога сварно ќе има проблем тогаш треба да се загрижиме а не зошто на неполни 2год не знае англиски.
@didisi @Mari* А замислете јас до 3 се мачам да заспијам. Ех да можам до полноќ да се исклучам арно ќе е. Ама сама сум си крива, дење спијам до 10 ма и 11 ме наоѓа. За пеза сум! И затоа ноќе до 3 седам. Ама ете го септември, дадето ќе тргне во градинка па нема вака да биде.
син ми заспива 8 30-9 .. јас да можам со него ке заспивам секоја вечер. Ама имам приметено дека некогаш без врска ме фака 12 саат зошто е тишина, нема стани седни ... Јас со саати седам не мрдам си гледам нешто Умор+тишина =здрвена Марија
Добро утро. Додека пишам добар ден станало. Ама како што е редот,кафе да почастам. За спиењето. И пред да станам мајка функционирав со мн малку сон. Откако се роди синко ме истошти,и тие неколку сати што ги спиев ми ги зеде.Шетав како зомби. Сега има ред крај 22:30 максимум е заспан а јас пред 1 саат не сум никогаш легната. Цврсто спие па тогаш ми е моментот за чистење,миење,перење За зборувањето мн рано почна да пушта некое зборче,мама,баба,тата.Ама и рано се пушти да оди пред годината некаде па се сконцентрира на одењето и збор еден не изусти 3 месеци ни нов ни стар. Некаде околу 1,5 почна пак со мама,тато,баба и тие полесните.Па околу 2 години и други зборчиња,на 2,5 да меле ко празна воденица. Англиски не знае бидејќи ние не сме му зборуваме на англиски а сите цртани што ги гледа се синхронизирани на македонски. Сакав да го усоврши македонскиот па после англиски. Градинка не оди дома со мене седи.Збори буквално све,англиски цртани сега почнав да му пуштам и гледам почнува да брои наместо на македонски на англиски. Не го форсирам со ништо го оставам да биде дете не ми е мене редот на 2 години да го учам да брои незз до колку на македонски и англиски и азбуките да ги знае. Има време ќе се научи се со ред. Иначе нема одморско бебе,сим добила синојка во спиење денес сум како воз да ме удрил Засега толку од мене. Ве поздравувам и ви посакувам убав ден.
Добар ден мами, само да ве поздравам додека пијам кафе Породилно пуштиле, од работа пуштиле к-15 (што им текнало волку рано ), па ќе се пуштам и јас во шопинг денес Да стане бебе, да и направам ручек и ќе ја оставам кај свеки, а јас одам да прошетам. Претежно за бебе имам во план да купувам, ама и за мама ќе се најде нешто Полека полека да се подновам нешто за на работа. Закажав и на гинеколог за брисеви, каснам ама нема врска, да обавам и тоа додека сум слободна. Убав ден жени, среда среќен ден
Уште од вчера се канам да пишам и никако да почнам. Некако поубаво ми е кога ве читам а и, немам што да кажам, се едно та исто. За среќа малку се разлади времето, ако не друго добро се спие навечер па не се превртуваме и бегаме едни од други. Синко одсекогаш бил татина маза ама периодов не го остава да се издише на татко му. Почна и за спиење него да го бара, го гушка силно и ногата на стомак му ја става заби обавезно тој да му мие, синоќа кога се запна и да го бања Еве ги сега отидоа да се возат со велосипеди, мама ручек спрема овде е државен празник па може до вечер да направиме уште една прошетка. Мене лично не ми се допаѓа кога децата ги форсираат на сила. Делам исто мислење со @tincemajmunce во врска со тоа, децата треба да имаат детство а за азбуки, бројки, бои па и странски јазици на 2 год. ми е ту мач. Тоа повеќе ми личи на докажување меѓу родителите. Никогаш не сум форсирала, живеам во друга држава и дома зборуваме само мк. критики има ама сметам дека тоа дете треба прво да го научи мајчиниот јазик а за другиот лесно е, во градинка за два месеци ќе го зборува. МАЈКИ НА ДЕЦА ШТО НЕ ЗБОРУВААТ АНГЛИСКИ, НЕ ЗНААТ БУКВИ И БРОЈКИ НА 2 ГОД. НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ. НЕ СМЕ НИЕ ИСТИ ПА И ДЕЦАТА ДА НИ БИДАТ ИСТИ, ДА СЕ ЗДРАВИ И ЖИВИ НЕ СЕ ТИЕ РОБОТИ. Убав ден жени
3-4 ден по ред ме боли глава. Ќе полудам. Не знам више ни шо да пијам, само бруфени и парацетамоли осекам у стомак. Бебе спие, јас и правам ручек. А за нас ќе почека, после на втора дремка ако иам среќа. Го удри главчето прееска, плачеше и се држеше за чукнатото. Страв ми е да не де уплаши па да неќе да оди после. Страв ми е и од паѓање на глава, ама ми делува ок. Се закачаше, се играше.... Попладне ќе одиме на гости да се истрчаат малце во двор, ако не не зезне времево. И така, друго нема што да се каже.
Добар ден. Немам пишано од одморот, а богами не сум ве ни читала редовно, ама да заспие малата ќе ве читнам. Среќен роденден на сите роденденковци, живи и здрави да се . Нашиот е за точно еден месец. Малата е добра, еве ја си игра, ама како да и се приспива. На одморот супер поминавме, се бањаше, си играше во песокот, шетавме навечер и така. Малку беше напорна по патот, ама дека и долг беше па и кривини. На нас ни здосади не пак на неа. Маж ми денес на работа тргна, ама убаво го искористивме одморот. Имам уште една убава вест, ама ќе ви ја кажам утре, ако се биде како што треба. Ептен сум среќна и возбудена. Со нетрпение чекам утре да дојде. Посакајте ми среќа
Добар ден лепо друштво Ние арни Маж и бебе спијат па чекам да станат да одиме на некаде Искрено ваквите муабети од погоре ич не ми се допаѓаат. Па би било според мене џабе трошење време за било каков коментар Али натпревар меѓу мајки за деца ми е нешто многу ниско па гледам таквите да ги тргнам од колосек што е можно подалеку Извинете за искреноста. Така Ме тепа периодов некоја меланхолија, по цел ден сме турбо се додека не заспиеме сите комплет И така.. Работава турни да кинисам ко баш за август месец
Добар ден мајки дете се предаде па да украдам малку време за мене. Денес ми доаѓа да врискам и пак ми се чини дека нема да ми олесни. Бура од емоции доаѓа попладнево но мора да се седне на маса и да се отворат картите за работи кои јас и мм ги голтаме и преќутуваме за мир во куќа (читај заедница) Ме боли месеци уназад го дриблаат сите како да е последен, злоупотребувајќи ја неговата добрина и тоа што тој редовно попушта за буквално се, а после иако не признава тоа го јаде однатре и мене ми прави немир секогаш кога ќе помислам на тоа осеќам болка во градиве, притисокот како да ќе пукнам, а во грлото кнедла. Денес и него му прекипе, сам кажа дека ќе ги седне сите и некои работи ќе ги расчисти од мене побара само да бидам до него. Знам јас како ќе заврши работата еј абе овој се извика е супер сега јово наново и знам дека и нервозава сега и после се е попусто овде и со овие луѓе, само знам дека живеам и до последно да си одиме од овде и да не дозволам никогаш моите деца да имаат ваков живот, најголемиот раздор меѓу децата самите родители го прават. Морав некаде да се искажам се извинувам на негативноста во постот. Околу напредокот на детето не сум се фалела и препирала со други мајки, ги избегнувам искрено мајките кои ме викаат во парк или на кафе и притоа два сати ми прават резиме од зачнувањето до ден денес, како детето мое нигде нема друго. За секоја мајка нејзиното дете е најдобро и не е должна истото на никого да го докажува. Важно е да уживаме во секој момент да ги гушкаме најсилно и сакаме безрезервно, да му го покажеме вистинскиот пат и кога ќе се спремни да заминат да им ја пуштиме раката иако додека дишеме ќе сме тука за нив.
@Cka можеби треба да побараш професионално мислење за тоа дали треба повеќе да работиш со неа и како да ја усмериш за правилно да се развива и надоградува. Дали повеќе да работиш со неа, дали повеќе низ игра, дали полабаво... Јас би прашала. Мојата знае да брои до десет, букви не сме работеле, нити сум ја учела, зборува како навиено, прашува се и сешто, англиски го знае од оние песнички што ги слуша, воглавно и дека заспива со пеење и ги памти, исто забележува детали, знае повеќе од мене што е и кај е... Нормално дека секое дете посебно се развива, мислам немаше некоја лоша намера ска со прашањето, ама сметам дека најправилен одговор и насоки со професионално лице ќе се добијат. Не сум пишала одамна, си расте малата, дрдорче ми е, само си збориме, се договараме, па договори се распаѓаат и така. Битно јас делот да си го кажам. Не е напорно дете, најчесто ме разбира, ако сака нешто прво ме прашува парички дали имам и разбира кога ќе и речам не. Е сега ако и се спие е друга работа, ништо не важи тогаш. Па гледам за спиење да сме дома. Нека им се среќни родендените на малите, додека немав дете не знаев која радост е, ама сега се радувам и на другите детски родендени и знам колку е срцето полно. Убав ден мајки.
Јас стварно немав лоша намара ни желба да се натпреварувам. Извини @vitamina нема да пишувам веќе на темава. Реин, веќе разговарав со мојот психолог, според неа треба да видиме у градинка како ќе биде и дали ќе се двои од другите и ако е така, ќе видиме што понатаму за да не и спречам развој. Можда е и се во рамки на нормала, ама јас неам друго дете од 2 год околу мене, па да споредам. Поздрав од мене во темава.
Хелоуу Уште еден ден и ќе си дојдат Само си ги намалувам деновите. Да бев мк ќе имав уште 3 вака кога чекам еден Малата ептен тагува по мене , ама и јас по неа На татко и е целиот товар мене не сака да ме слуша и гледа , кога ќе ме види трае и го задржува дишењето за да не плакаПа таа успева да се воздржи ама јас не За развојот мислам дека не треба многу да се замарате сигурно ако има некои отстапки и самите ќе забележите.Мојата не знае да брои т.е со татко и броела ама со мене не сака.Не сум ја посебно учила само кога качуваме скали броеме.Па затоа решава сложувалки.Ги обожава,бидејќи тоа сум ја научила. За азбука немам намера да ја учам зошто е мала.Кога ќе и дојде време тогаш.Ако сега ја научам на азбуката на 6 години бинарни броеви ли да ја учам? Не и пуштам англиски цртани, само германски или мк. Ја учев цела година маче маче за од градинката да го научи како катце Дома само мк зборам со неа.Знам дека ќе научи германски повеќе од мк за жал.Ама тоа кој јазик во школото го учи тој ќе и е главен. Пробуваам боите да ги учиме ама кога споредам на англиски и германски баш се лесни овие нашите долги зборови па и тешки букви ж,ц,з Сега и купив една игричка поштар што носи писма по куќите, а куќите се во боја па ќе вежбаме бои.Играта е баш за 2+ и може дури 4 ца да играат.Па ќе играме кога ќе си дојде Се надевам дека ќе и биде интересна.Ако не и е ќе ја оставам за друго време. @emkaemka да пише како е лепотанот. @BirMelek ја нема одамна. Има и други што не заборавија. Туку не знам зошто @Monella ми се узвртила во глава како сваќа , а нејзиниот дечко е поголем ќе ја прелаже мојава А си имам 2 прекрасни сваќи да ми се живи и здрави , со синчиња на возраст на ќерка ми ,па мојата ќе ги лаже Ајде доста забегувам да одам да се оптегнам малку. Имајте убав ден
Може ти се кажува нешто Којзнае може вторите ќе ни бидат врсници па ќе си ги ветиме Важно ние се бендисуваме за сваќи Гушни момата од тета Монела кога ќе си дојде, браво за неа издржа јуначки без мама. Абе жена, се познава од мали нозе
Наминав само да почастам. Синко вчера наполни годинка. Бебето веќе не е бебе туку дечко Прославивме во неделата. Се радуваше многу на гостите особено на дечињата. Вчера се гушкавме по дома и си пеевме хепи брдеј. Повелете послужете се. Да ве исчитам па ќе дојдам да ве поздравам повторно. Имајте убав ден мајки.