Добро утро мајки. Да шкртнам неколку реда додека го пијам кафево. Маж замина во 05 на работа. Уствари се успа, минеше 05. Колегата првен звонеше на едниот тел. па на другиот па на звончето на врата. Мојов кога срипа, облече работничките алишта и со камиончето заминаа. Тука врне, дува, стемничено и никакво. Опцијата кенгур и дупла количка не идеше во клмбинација, па се јавив на мм да кажам дома дека ќе седат. Кога се јавува за 5 минути, да ги спремам, свекрва ми ќе ги однела. Не само тоа, зеде и ридот алишта за пеглање кој ме чекаше. Фала и. Еднаш во месец вака знае да направи, да ми олесни. Обично кога имаме тежок или стресен период, па да ми олесни. Викендите не чистам, не пеглам, море не се замарам за куќата. Пак шетавме со децата во забавен луна парк со триста чуда за возење и животни. Средново не му е заздравено целосно попареното на газето па нема пливање. Деновиве имам термин со големата па ќе прашам за некоја појака маст ако не помине Куќа прооде, ама ако, нека оди. Ги испратив 07.30, успав малото и наместо стандард да си ставам кафе, решив првен вредна малку. Призачистив, прираскренав, присобрав се што беше по земја... три часа летнаа а како ништо да не сум фатила. Чорба ќе биде за ручек. Извадив експресниот, да видам што месо и зелнчук имаме и ќе експериментирам нешто. Неделава ќе биде пеколна. Да можам да ја преспијам... Убав ден мајки
Здраво мајки. Само што доручкував. Па од мене нека иде едно нес за сите Завршена контрола на гинеко,таман веќе да не мислам . Проверивме и фоликули,ќе да сум во плодни денови Па вечер ке биде весело Времево што убаво е освежи .Вчера не се дише колку беше мачно . Сабајле кога станав ,прва помисла ми беше :што убаво им е на тие што немаат обврски и сега ке си спијат Врнеше ,ладничко а бе лепота . И само за момент ме освести едно ноџе право во фаца За темата со купачите,ќе си кажам за себе дека веке 2-3 години сум со едно делни купачи. Не дека се кријам и ми е срам . Него сум мнг по прибрана и се осекам мнг поубаво така .Јас и не се сунчам . Си седам под сенка . И пак сум ќумур @gjoker4e мене долниот дел до стомакот ми е свиснат и си го поткревам за да си ја видам раната Како од пластелин ми е . Таман си е раната мислам Убав ден мајки
@muchacha_a абе да така е, ама не сакам веќе тоа да ми е изговор. Помина една година а озбилно 5,6 души ми рекле опа има пак ново? -ради стомакот И мајка ми стално ме потсетува на тоа како од таква внимателна личност кога станува збор за јадење, се претворив во ваква -ради мајчинството. Колку убав режим си имав, доручек житарки, овошје, ручек без леб, вечера нешто лесно или ич. Навечер вртев на орбитрек 15 мин ,15 ама имав грижа на совест ако не го повртев. Благо си каснував оти неможам без него а грицки и газирано не. Воопшто сокови не. Е сега веќе два месеца го враќам тој режим до некаде ама нејќе Метаболизмот повеќе не е ист. Порано една недела рестрикција и одма намалував Денес времето не е баш за на плажа, додуша бевме ние ама не се бањавме. Бебе го успавме и тато донесе гиро и пивце. Пријатно на тераса си седиме. Полн погодок беше што му купивме уште една хранилка, овие од ikea ептен се лесни ( на изглед не ми се допаѓа) , а бебе задоволно си седеше, за јадење немавме мака , па и за играње. И во монтажното си заигруваше, онака ќе се препотувавме и двајцата ко шо сака да лази и пипне се, само ќе ни беше во рака и четири очи во него. Машала убаво спие, он ќе легне па и ние веднаш , дремките му се долги па ем ќе дремнеме ем и на раат кафе и се по ред. Поздрав мајки
Хелоу Обожаваж да ве читам па и да пишам некој збор... ново -старо нема ,се едно те исто. Ќере оваа недека не е во градинка па цела недела ќе се дружиме,(затворена е ) маже на работа ,за некој саат ќе си дојде. Ги успав и двајцата јас средив низ дома, испив едно кафе па успат аплицирав и за работа,праќам CV може ќе упали негде па некој баба ќе улетљ за помош док синкп пркне и не појде во градинка. Би сакала да почнам негде работно искуство немам, но имам мастер па би сакала по професија да се вработам,еве 4 години поминаа ,бременост,школо курсеви за јазик, деца малку да пркнат, па сега е време малку за мене да посветам,(на професионален план). Ручек денес леќа, се читкаме ако успеам бар пола саат да украдам сон.
Здраво од мене друшки! Сум пробала вчера да ви пишам , останало зачувано, сега избришав и наново пишам. Вчера ќе ве гњавев со муабет дека вратот ме боли, денес е веќе во фаза на заздравување.. се надевам! За сметка на тоа што имав ненормални болки ММ остана дома да се грижи за децава. Ете тоа е тоа, треба да се разболам за он да остане дома! Презафатен е, па сега тој ден знам дека ќе му искомплицира многу, ама тоа е! Успеав вчера да се видам со другарки, колку убаво ми дојде тоа ,,бегање од дома'' ... па и ќерето што убаво си поигра со дечките на моите друшки. Од викендов имам да споделам дека и свадба теравме. Едвај ме убиде ММ да одиме, ич не ми се одеше оти знаев дека беба ќа плаче. Кога си дојдовме беше вознемирена ептен а јас лута на свеќи оти не ни креваше кога се јавував да прашам како е. Помислив заспала, ама она плачела. Денес за чудо на векот беба се разбуди порано од вообичаено во 10:30 а јас веќе бев почнала да бришам кујна... ама ете беба се ококори! Баталив кујна па продолжив со каши и појадок за големата (јуфки потпечени појадуваше). За ручек грав... готов е! Сега беба тера прва дремка... едвај издржа до 13 па очекувам да стане кај и да е. Па пак каша.. Кујната остана неизбришена . Подраскренав низ дома, нвидум чисто ама не е...јас си знам! Дадето мрмка,брои денови за во градинка, сака да оди... Сега си дојде од кај една другаркичка со која си играт... моментално гледа цртан - Ариел... ѕиркам и јас , ми се враќат спомени од детството! Допивам кафе... ќе ми прави ли некој друштво?!?!
Zdravo, jas da ve pozdravam od terasa, na odmor I nie! Malata I mm spijat, a jas na terasa uzivam, sama, bez cimolenje, da si kazam prvo deka prviot den bese pekolen, vtoriot taka taka a tretiot e super, ova za devojceto moe pisuvam, prviot den samo placenje, trcanje ne znae kaj tera kako prv pat da e megju lugje, se ligavese za se I sesto, ama sega e podobro. Toa e dete, jas sum poveke kriva, se nerviram deka place koga ja resoblekuvam deka e ispotena, a ona normano saka na trambolina, e fala bogu deka saka da se zabavuva a ne jas da ja tormozam so obleci sobleci, ama nervoza level 100, dobiv porano 10 dena, pa taka od prv den na odmor sum so ciklus pa I toa si go pravi svoeto. Milion pati se kaam deka I vikav, ne sakam ama kako da uspeam vo toa ne znam. Drugo se e dobro, mestotot e ok, mada denes malku e oblacno I toa e. Iskreno rabotata I ne mi fali. Eve sega odam I kafe da si svaram pa da go ispijam na raat. Pozdrav lepotici.
Добар ден, понеделнички. Бебе спие, јас низ дома па седнав на цигара и викам да пишам. Не спиени недела кусур, ги вади и 1 и 2 горе, а изгледа и 2 доле. На саат време станува кенка.. Само да се смири до петок. Добра е, се поубаво оди, се пушти и надвор ама пазење мора скроз. Роденден уште торта да нарачам а не знам од каде. Многу бе некако 50е за торта. Друго се исто... Уште септември и ќе ја одбијам од цицање зошто и така цица за спиење само. Ако не стигнам да пишам, се читкаме после 12 септември, се надевам добро ќе поминеме на одмор
Добар ви ден мајки Еве кафе си направив ајде кој е за Бевме од сабајле до док.сега пак окцињата му се лепат па ај капки а и моето лево од сабота ме боли и црвено е и мало па вчера бев на брзата и ми препишаа капки.За малото ми е најврќе што веќе 2 недели дома ама уште нос му тече.А сакав да ја прими уште оваа последна вакцина па после да почне со градинка пак. Бевме со мм и децата до црква да дигнеме панагија и пазарувавме нешто за вечер.Ќе дојдат на вечера едни пријатели.Посно треба да е.Ќе направам тавче гравче и риба. Еве малово ми заспа на нога. Ново ништо. Се чека за работа што ќе биде. Искрено едвај чекам да пичнам негде нешто да работам.Да бидам од корист.И некако друго да ми биде секојдневието. Ај да носам мали во спална. Убав ден
Да ве поздравам и јас дури спие малата. Јас како што сум костур само за на плажа за во дводелен костим сум 2кг.ослабев со додека беше со вирус а и онака бев кожа и коски. Горе сите 4заби и се набобрени двојките малку ѕиркаат. Изгледа тие попрви ќе излезат. Овожавам дожд ама толку е тмурно од сега се чудам како ќе седиме дома зимава . Споро ми оди пишувањево ме замара .. . Ви посакувам убав ден.
Да ве поздравам и јас. Денес ден за лежење,читање книга,играње со деца.Среќа малиов поспа два и пол саата,па си читнав некое редче.Многу сакам да читам,мене секоја прочитана страна ми е како пола саат сон.Не можам како порано,но сепак гледам да имам книга дома.Бегање од реалноста ми е тоа. Се по старо дома,по малку се радувам на почетокот на школскава година,но и дупло повеќе обврски.А и гледам и на децава ко да им се здосади,вика големиов сакам да си играм со децата(од школо). Нему и роденден му се ближи,закажавме во игротека,кола за регистрација,сакам и средината на месецов крштевка.Пари еден куп.Кај ќе најдеме незнам.Но,ќе преживееме како и секогаш.На нешто ќе штедиш,на друго ќе трошиш и тоа е.Искрено јас сум од оние мајки кои не претеруваат со облека за деца.Имаме купови од повојници,родендени,за малото од големото,ретко купувам. Е сега ќе треба на големиов неколку комплети за на школо,зашто се му е веќе кусо.Не купувам ни многу играчки.А богами и со мм не одиме многу по кафиња,кафани и слично,инаку кај ни е крајот,ако давам по 500 секој ден за кафиња и сок за децава.Секако дека излегуваме ,но не секој ден. Викендов прошетавме,деца се изнаиграа и денес пак истото. Мм го мава некој филм за странство,му заминаа неколку пријатели,му велам ако мислиш дека ќе има подобра иднина за децава,оди па после ќе одиме сите,инаку не би се нафатила на ќоро со три деца.Три деца,тоа ме чека а уплав ме фаќа како што се ближи терминот. Убав ден мајки!
Да пишам и јас некое ретче, сега стандарт кога е темно и кога сите спијат а јас момент за себе си крадам. Почнува да се стемнува се порано, преска гледам 8 ипол а темно и се зачудив дека до 10 се гледаше брои брои денов ниакако да смрачи вака се повеќе ми одговара, денес топличко под сонце ама далеку од пеколно деновиве гледам пак сонце јас многу го сакам само да не пече со тој интезитет ко до вчера, обожавам есен кога има сонце а студи ладничко е Е таквата есен ја обожавам па и зима и пролет.. Овде тмурноста на облаците не е како во англија има некој друг шмек и трае многу ретко за среќа! Преска бевме у двор, сега му е фаза качи се на степеници симни се сам го прави и се држи за ограда па го оставив да игра јас седев до него и уживав Па ритуали па бањање па кревет Денес сами преседовме маж на терен и така Успеав плакари да средам Утре пак со друго ќе се занимавам ако не дојде маж ако дојде убаво Имам некои работи низ дома уште не средени не можев од топлото сега по друго е се дише. Се изнашљакав со креми и одмарам нозе Лека ношт.
Ке прашам овде иако незнам дали темава е соодветна.Останав бремена со 68 кг, се породив со 84 излегов од болница со 77-78 кг и сега после 8 месеци имам 64кг( а висока сум 180) Бебе цица цело време а јас јадам исто како порано дури и помалку,доручкувам и ручам околу 5 и толку.Сите мои блиски цело време ми набиваат психа дека сум мн слаба, јас мислам дека од доењето ослабев, и течности пијам слабо, дури не мочам од што нема што, некогаш по два пати во денот мочам.Требали да се грижам, имали некоја слично искуство.Пијам премама уште, синко е крупен машала ама повеќе сака да цица одколку да јаде, сега ке прави 8 ма има скоро 10кг.
Од 14:30 до 18:00 бев на чекор до нервен слом и толку се изнадрав на малата и искрено ич не ми е криво и не ми падна жал. Собирај, собирај и се разбира дека ќе пукнам еден ден. Денеска го претера. Па се избањавме заедно да смириме живци, па чекавме да ни се исушат косите и отидовме до маркет, па прошетавме по темното малку и дома на спиење. Среќа заспа брзо и експресно. Трет пат купувам грозје па која занимација и е чудо. Додека скине зрно по зрно јас средувам, онака површно за генералка уште не ми дошло на памет. И само ќе и текне нешто да оди да затвори во фрижидер односно во замрзнувач. Кога ќе отворам ептен смешно ми е. Јајца, грозје, јаболка се што ќе и текне во моментот. Денес животот за 100 години ми се скрати. Најлошото паѓање до сега и малку крива сум. Тргна да слегува од кревет главечки, ја до неа си викам ќе слезе штом се обидува, кога падна директно на глава се изгубив во моментот начисто. Па за 5- 10мин заспа уште повеќе се исплашив. Кај и текна така да се симне ќе се плашам да ја оставам сама на кревет. По ново само ме плаши. Ми фрла по некој предмет или писка за да ме исплаши и ја нормално се плашам и таа се гази од смеење. Беше шпагета, а откако пројаде е макарона. Омилено јадење и е макарони со болоњезе и телешка супа. Уште ме вади од такт со фрлањето храна, не знам кога ќе се научи. Ја уште не знам кога кој заб и избива, и дали имам млеко во градите. Еве 16 месеци едвај чекам дете во градинка да почне и јас да работам. Кога оди детево јас одам позади него а е 16+. По улица со едно 13+ се сретнавме тоа одеше а родителите од страна гледаа. Дали сум премногу грижлива? Очигледно сум дека само јас се влечам како куче. Ако падне ќе стане, ја сум премн заштитнички настроена. Во градинка нема да одат позади него цело време. Уште мн имав да кажам ама се знае штом најдам време мислите веќе далеку одлетале. Животот минува со брзина на светлината. Ден долг, ноќи кратки. Ден долг, година кратка. Ден долг, живот краток. На многу нови бебешки газиња мириса во темава. Среќа е полна куќа деца.
Исто сме и ние Единиците долу заедно излегоа и беше напорна 2 - 3 дена. Сега излегуваат единици и двојки горе, се гледат веќе а една двојка е излезена па греба веќе, и плус долните двојки излегуваат. Едвај чекамда излезат и малце да сме раат, особено навечер кога спие сме измачени, се буди со вресок, почеато од вообичаено, на два часа озбавезно е будна. Ќе мине, ама ќе паметам дека се изнамачи дете. И кај вас брзо да излезат Моментално дома сите спијат, јас дремам, уште не иде сонот. Ве поздравувам! Мирна ноќ на сите!
Добро утро Вчера не пиев кафеЧекав за престојот од 7 до 14 купив на брзина еден сендвич ама за кафе не ми текна.После отидов на раб , а на раб сум до 15 му кажав на шефот дека ќе одработам во сабота.Нема проблем речеПа сега ќе работам оваа сабота и другата ако ме пушти во понеделник слободна ради градинката на малата .Не работи. Ауу луѓе одмарам сега ова со градинката е хорор.Малата не сака да ја спремам да одиме таму не ме пушта се дере опасна е ,зш овака не знам , а со ќеф си одеше во претходната група Вчера и купивме количка играчка (сите моми принцези сакаат,мојава коли , дури и кога шетаме само ги гледа и вика ауто,а мотори) па заедно со сложувалката и ја ставив во ќесе и ја однесов во градинка.Ама таму не ги сакаше Денес имам термин на др. Па ќе одам со малата.Минатиот пат кога бев беше не распочожена па плакаше од др.Па жената ме праша зошто плаче да не е вакцинирана скоро и реков да ради реда.Она од се се плаше од се плака . @gjoker4e ти си иста како мм и тој го гуши детето, а мене ми вели јас не ја пазам.Јас мојата ја оставав да си оди зад неа дене денес одам кога се качува по скали иако може и без да се држи ама скали страв ми е за назад да не се обрне.Инаку секогаш кога е ризично со коли одма ја зимам во раце.А кога сме во природа ја оставам.Ако падне ќе ја истресам или ќе и кажам ајде сама се истреси ништо не е и пази нареден пат. @macalavica сите се различно.Јас се здебелив кога доев.Ама си јадев повеќе за млеко да имамОд кога престанав ослабнав.Внимавај на течностите можеш да дехидрираш. Уште ќе пишував ама стигнав на работа.Убав ден на сите .Довиџења што би рекла Мари
Добро утро мајки Деца испратени во градинка, најмалото подмирено, јас кафе испиено и се подвиткав со него во постела. Доза гушкаше. Ви кажав вчера дека присредив малку. ќе држи и за денес , па освен јадење и расчистување на кујна и раскревање на дневна немам намера ништо да правам. И те како ми треба позитивна енергија и време поминато со најмалово. Од сега психички се спремам за терминот кој не чека пладнево. Не знам дали на детево пак ќе му земаат крв или денес само мене и на татко и, ама знам дека ќе се усплаши до бескрај. Од сега срцево ми се стега. Во мисла ми е средново да не си макна кекс во мочката . Сабајле ја ставив во нокшир, се измочка и само што ја облеков слушнав дека најголемава е будна и со оставен нокшир среде соба отидов во детска нејзе да ја средувам. По некоја минута иде женскава со натопено ракавче и полна уста кекс кој го нашла на масичето а во дневна гледам во нокширот пливаат неколку кекси . Инаку, ги постриговме двете моми. Најголемата јас ја средив со ножиците а најмалото татко и со машинката. Сега малово свети во главата со келавицата а големава е како со шлемче на главата . Ме потсети на нашите слики кога бевме мали. Сигурно не лажеле дека на фризер не стрижеле. НЕма шанси некој пари да даде за таква фризура. Гарант дома не мајстореле. За килажа сте збореле. После три родени деца за три години јас сум прилично задоволно од телово. Многу мало меше имам, по потреба со корсет или боди ќе се стегнам и воопшто не се приметува. А 60кг на 172 ми е ок. За право цел живот бев многу слаба. Пред 7-8 години бев 45 кг а пред бременостите 55, но и вака се бендисувам. Колкови се раширени и имам добиено облини, но не сфаќам толку страшно. Нека опркнат децата ќе имам и време за вежбање и да се стегнам. Другиот муабет, за шетање со децата. Во природа и на затворено и јас ги оставам сами да роварат. И да паднат ќе станат. Не е страшно. Е на отворено и во близина на коли не оставам. Намам верба во дете. @macalavica нема правило. Некои качуваат кг кога дојат некои симнуваат. А кога не вечераш и внесуваш помалку храна па и течности нормално дека ќе слабееш, тоа диета е веќе. Дете се јавува, се буни, да го гушнам. Убав ден.
Ноќе е хорор, еве ноќеска на пола саат стануваше, неќе цице, неќе чај, само прета....спушти ја у креветче за пола саат пак заплакала... Сили немам веќе. Дење е весела... Си јаде си игра, ама ич неќам ноќе да дојде
Добар ден. Дете не разбуди во 8 со шамари и бакнежи потоа се гушкавме сите тројца.Затоа ги сакам празниците.... За нас јако турско кафе,а за синко доручек,но не сакаше да јаде 4-5 залачиња касна.По еден сат касна една крушка и заминаа со мм до маркет да испазарат.Оттуаму влегле во црква не можел мм да го изнеси,сакал да ги гледа и бакнува иконите. Јас за тоа време раскренав кај нас во соба и направив доматен сос,за со скарата ( ене го мм уште се чади).Седнав во двор запалив цигара и стигнаа.Мм му купил топка,незнам која по ред оваа му е.Поигравме сите заедно и дете одма заспазаспа без натегање. Јас му направив макарони ( тоа имав дома)со сос болонезе. И сега седнав второ кафе пијам со фемина,додека мм ја привршува скарата... Дете да се наспие и го факаме патот за во парк,ако времево не ни се расипе. @danichap ме насмеа со средната мома.Немај гајле нипто нема да и биде. И синко како момата твоја.... Вчера одиме во комшии на кафе и на улица имаме еден вир од што врнеше.Дете оди пред мене и клекна пред вирот,се стрчав го гледам во раката држи лажица голема и срка ого фатив за рака да стане а со другата рака шлака со вирот и потоа раката на коса (си ја залижа).
И јас да ве поздравам додека дете дремка. Сосема се поремети со спиење две вечери заспива во 11 се буди во 4 сабајле потоа спие од 9 до 10ипол и уште пола сат отспива околу 4. Јас ова темпо неможам да му го издржам мене ми се фаќа спиење од некои 4-5 часа и толку. Околу доењето и килажата јас многу се здебелив додека доев синко беше многу лаком цицач, а јас после секој подој се осеќав како жива ненајадена и многу нормално ќе си апнев а со тоа си отидов 10 кг во плус, и заедно со 10 плус од бременоста мечка. Тамам ги симнав тие 10 од доењето си останав бремена на сред процес на слабеење а бев решена сериозно да си се вратам на килажата пред бременоста. Висока сум и не ми се познаваат многу кг ама јас си се осеќам тешка и што е многу многу е. Да се породам здравје само и планирам да бидам повнимателна со јадењето и да се вратам во нормала, ако не ми се случи уште некоја бременост попатно @macalavica биди среќна што си од тие што симнуваат кг додека дојат, а богами и со последен оброк во 5 часот секоја ти чест за мене тоа е ригорозна диета @gjoker4e и јас сум истата премногу се потресувам по дете и мм само вика по мене, затоа ниедно излегуваење ми нема лезет дете се нешто ќе направи, а јас се стресирам мора да се опуштиме
Добра ви вечер пријателки Точам за сите по едно мартини и по една цигарка за уживателките Маж однесе дете во кратка прошетка (само побара, те фаќа за рака и те носи до врата и со прстињата проба да отвори) , желба исполнета, јас се зафатив со прередување плакар, чудо ѓубре исфрлив, арно не е тука мм да види Сега пауза со мартини и цигарка на балкон, ми годи ветрето, а би си сипала и уште едно мартини ама кој ќе чува дете така Денес бевме до еден рибник фамилијарно, супер поминавме ама диетата моја отиде во вода како и секоја друга де... Се спремаме за блиска свадба викендов, плус за одмор....турбо периодов - за убаво нека е. Па и постапалки треба да правам (или порачам - кажувајте од каде? ). Бебе оди само од соба во соба...кога сака....кога не сака те фаќа за раче да го водиш надвор се пушта кратко, не е стабилно... синче мамино, прооде, направи година ајас уште бебе та бебе... пресладок ми е, и најслатко се гали со мене настанување и по цел ден Немав многу што да кажам ама ете да ве поздравам... Бај