Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки!
    Ми ја погодивте болната тема.Јас врти сучи десет години ќе си окапам дома.Пред првото дете си имав убава работа,но таман кога требаше да се вратам,се затвори фирмата.До второто имав само една кратка работа,и таман сега си мислев оваа есен,ќе најдам нешто таман пркна малиов,ќе стигне третото.Ама,нека се здрави и живи.Се надевам другата есен или пролет конечно ќе излезам од дома.Тешко е дома.Кој сака нека рече лесно е.Не е.Цел ден се врти во круг,ручеци,преслекување,машини,буквално слугинска работа.Мислам дека кога си на работа,барем дур не си тука ќе е средено,ако се деца во градинка,или со баба дома ако е некоја совесна ќе поднаправи некое јадење,ќе потсреди.Башка работата,никој не зборува за осаменоста. Да,ќе излезеш со мајки по паркови,кафиња,но еве конкретно јас немам многу време за тоа.А ,од работа бар на пауза ќе испиеш кафе негде со колеги/колешки.Плус парички,плус дотерана,нашминкана.Вака секој ден си викам тоа ќе купам,а после тие пари ги претворам во нешто за децава.
    Од друга страна па си велам,кој ќе се грижи подобро од мене дур попркнат,барем нахранети,средени се навреме.А и воспитувањето.Многу другарки ми велат мирни се твоиве немаш гајле.А јас си знам колку нерви и колку зборење за тоа сум потрошила.Мене ме слушаат.
    Баби и дедовци ми ги разбеснуваат искрено и тие денови крај не можам да им најдам. Затоа одбрав сама да ги раснам и воспитувам.Кога велам не и толку,а не ако баба ако дедо.
    Се си има предности и мани.
    Што му требаше на времево пак да се вжешти.Не можам веќе,не се издржува,искрено едвај чекам зима.
    Дури не ми се верува,јас која обожавав жешко,но овој пат тежини си имам :).
    Убав ден!
     
    На Kaetana, Coco31, ma4e1311 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    @danichap Кога се роди син ми јас бев подолго време дома . Не 9 месеци како и другите. Имав можност да си поседам дома па зошто да не . Убаво ми беше се додека не помина година. Почна да ме фака нервоза, секојдневието исто .Секое сабајле знаев што следи , монотонија ме утепа. Тогаш решив да тргнам на работа. И се препородив! Се си има своја убавина, дај боже сите да си поседат повеке со децата .. Но ние мајките забораваме дека сме и жени, дека сме и посебни личности и дека треба да си имаме и свој живот покрај оној мајчинскиот! Колку повеке седев дома толку повеке станував посесивна околу син ми . Нормално дека мајка најубаво си го гледа детето , но треба да им дадеме шанса и на бабите /дедовците. Ручек , некогаш спремам од вечер. Некогаш свекрва ми спрема и за нас .. Некогаш купувам готово .. Се снаогаме . Истото важи и за чистење кука, некогаш навечер чистам, некогаш кога шетаат син ми и мм . Имам жена која ми доага 3 пати месечно и ми помага многуу ! За боледување не можам да кажам работам во приватна фирма така да никогаш сум немала проблем околу тоа . Од март планирам да го пуштам во градинка син ми па ке видиме. Здравје ..
    @Ano Свекрва ми го чува син ми . Јас кога решив она да го чува реков не се нервирам за ситници. А знам дека ке има многу мали работи кои ке ми сметаат. Сабајле само додека се спремам за работа знае да се качи порано и додека доручкува да седи до него . И тогаш знам да ѕирнам, да видам како им оди . Она само го брише со салфетка, само го пази да не се накапал:?: А со мене он од глава до пети е направен лом :)И затоа до ден денеска, кога се чуваат они ретко кога гледам како јадат, како шетаат,како играат итн. Доагам од работа , прашувам дали ручал ,дали спиел и толку . Не навлегувам многу во дискусија . Иако јас бескрајно сум и благодарна на свекрва ми зошто го гледа како капка вода . Никогаш за ништо не ми префрлила ниту се бунела. Изгледа и она ја има истата тактика :):)
    Мора да се има некоја толеранција за да се има мир во кука :)
    И цел муабет се сведува дека без помош е претешко !

    Добро утро и од мене :)
    Работно и гладно . Не знам што ке е ова ама многу имам апетит периодов :)
    А демек на режим сум ! Секое кг на вага + од памет ме вади ! пошто со маки ги симнав 15 кг. Реков од денес стабилизација,па ке видиме !
    Син ми е добар. Вчера заспа многу рано , па цела вечер со страв бев да не се разбуди во ниедно време .Ама ок поминавме , а јас гроги ! |-)
    Немој да се карате во темава . Оваа е единствена која е опуштена и без многу паметување. Во која и да влезам теман ,чудни ликови,чудни сфакања,паметувања.... страшно !
    Тоа мајки , реферат пишав !

    Имајте убав ден :f:
     
    Последна измена: 30 август 2018
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 27 други им се допаѓа ова.
  3. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Добро утро и од нас.
    Сега едвај чекам да ми го поправат лап топот да можам раат да се искажам.
    Доручкувавме со малата, го испив кафето, ве исчитав, ми заспа малата па си ја чувам во преградка.
    Почна и мене да ме фаќа криза за на работа, ама двете колешки ми се дома со бебенцата новиот состав не ми се допаѓа:$
    Многу убави времиња беа кога бевме заедно 3 години истите колешки.Сега се дружиме по паркови со деца:inlove:
    Убаво времето денес ќе го искористиме за прошетка.:hai:
     
    На Coco31, only44you, snegulkata и 17 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А бе јас и ти сигурно немаме иста мајка?! Вика толку јаде, по малку. Место за 10 мин да се најаде и да има трпение бебе, оно јаде 1ч и јадењето завршува со плачки :(
     
    На snegulkata, gjoker4e, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Е баш како што опишуваш. Неколку пати и превземав да го доранам, а сега веќе не и ни давам. Јас го ранам.
    А да не кажувам дека јас го ранам, она кога ќе се доближи пружа рачиња и ќе ми рече, ете не сака веќе:@. Колку пати само ја испокарав и си реков друг пат на одмор со нив не. Овој пат повеќе заради нив, дека одамна бе биле ѓи организиравме, ама во иднина сами ќе ги праќам.
    А после одморов, лекција за ранење и ќе се надевам ќе ме послуша. Ај за другите работи не ми е битно толку, ама за јадењето мора ред. Го учев да јаде без цртани, да јаде побрзо и без пренемагање, не сакам се да пропадне во вода. Плус децава се многу интелегентни. Знаат каде има слаби точки и искористуваат. Јас не попуштам, не смее ни она.

    @VedaG10 се обидувам и јас да имам трпение, ама на одморов дека цело време заедно ми излегоа сите работи што ме нервираат. Мора и јас да си се пожалам малку:lol:. Друг избор и немам. Уствари ќе барам жена, ама до тогаш ќе мора да си трпам.
     
    На Kaetana, orhideea, karibian и 14 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ја и ти исти, од исти родители :rofl:
     
    На gjoker4e, Ano и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Искрено , јас не би можела на одмор со баба :) Цело време нервозна ке бидам ...
     
    На supergirlmb, gjoker4e, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    За викањето. ЈАс повишувам тон само на НАЈН(по нашки не):rofl:. Тоа беше првиот збор кој го научија мислам:tmi:. Да знаат дека не само што е забрането дека можеби е и опасно и сл. За друго се трудам божем да бројам во себе, живциве додека држат барем.
    Баш вчера си мислев кога ќе додје ден да се наспијам до 09, онака мераклиски:( Маж ми вика ај барем за тоа лесо, мајка ти кога ќе дојде на гости:tmi:.

    Ми фали да се спремам и јас со децата сабајле и да заминам на работа, да се социјализирам и освен цел божји ден околу куќата и домаќинството и пелени да менувам, деца да анимирам и да смислувам оброци да имам друг вид на стрес. Од професионален карактер.
    После ќе си речам дека во моментов сум им попотребна на децата на овој начин, дека е период и дека тоа е дел од мајчинството...сопствените потреби и желби на пауза...

    Свесна сум дека не е лесно пола ден на работа и после дома што попрво, но со дете дома имам чуство дека е понесредено одколку кај мајка која е на работа. ОД друга страна времето помнато со детето на спроти финансиската придобивка кога и мајката работи.
    Никаде не е лесно, знам. Секоја планина со својата тежина.



    Како ви е вас мајки што сте дома подолго?
    И оние другите, кои после седењето дома со бебенцето започнаа со работа, да споделат искуство за организирањето околу градинки, кога детенцето е неарно, и сите други куќни обврски.

    Изолацијата ми се чини е најстрашниот дел.:(

    Добар ден
    Ве читам кога можам а послабо пишувам.
    Дани јас сум мајка на две мали принцези од кои едната е 3 години другата 2 години.Јас 2 ипол години бев дома со децата. На работа не одев и да ти кажам дека уште малку ако останев да седам дома ќе полудев.
    Секој ден се иста шема пак иста, да немаш со кој муабет да си направиш. Значи од кога почнав да одам на работа ми е подобро,се социјализираш. Значи домашните обврски пак јас си ги извршувам. Ама мислам дека психички ми е подобро не го слушам секојдневното плачење на поголемата момичка.
     
    На ma4e1311, VedaG10, elcezelce и 14 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.212
    Допаѓања:
    124.922
    Здраво мами:)
    Ние од одмор маж не растовари кај мама. Она на одмор ми рече дојди се ќе ти исперам и испеглам (fingers) Не требаше два пати да рече да размислувам ;) Па куфер и три торби си доби наградно :rofl: И еве си седиме кај неа, во куќа е, па мераци за тераси огромни двор, дечиња околу, јас буквално легачам :angel: Навечер со ќебе се покривам, милина :)

    Сабајле ме почасти со пилешка чорба. Лукче,магдонос и лимон, топол багет со семиња, сега донесе сладолед и само мисли што следно да зготви8-| ,
    @Ano мојава мајка сто пати се повратува да го "дојаде". Јас за ова се лутам и викам колку сака толку, немора по еден исти терк да се храни.
    Ами не оти им мислат лошо. Секоја баба своја приказна.

    Детуле мое вчера се пушти као да пушти ноџе, ама се исплаши. Денес цело сабајле мама вика, нагласува м, па прво м'мка, мммммм... па маммамам , многу е душа:)

    @emkaemka на плажата кај што бевме сместени од 11 служеа кафе |( Чекавме ко гратис да даваат :D Потоа правевме дома, па и таму се пиеше обавезно.

    Имајте убав ден :f:
     
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 26 други им се допаѓа ова.
  10. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки
    Ми се приспа читајќи ама исчитав се!
    Стварно свака им част и на свекрвите а и на мајките ваши кои ви помагаат околу домот и децата.
    Абе мојата мајка ни еднаш не е рекла да ви донесам нешто ручек или да ти испеглам или исперам или деца погледам....неее ни сега ни кога ми беа децата бебиња мали....
    Нит золва ми....
    Само свекор ми ми помага колку што може човекот толку.Па стар е ама стварно ми помага.
    Јас откако се омажив и родив 1 дете седам дома.Тоа се 4 години еве до септември.
    Изгубив контакт со сите.
    Тамн решив ќе тражам работа пак трудна и се роди 2 то.Пак дома.
    Пак се сама правев помош од никој нема за ништо.Едното со мене другото со свекор ми.
    Сега единствена помош гледам во градинката.
    Од понеделник го носам големиот а малото чекам да се опорави за последната вакцина.
    Детево ми е цели 2 месеци со растечен нос нон стоп.
    Чекам и за работа да ми се јават од една фирма.
    Се молам да ме примат.
    Јас искрено се плашам да тргнам на работа.Како се би се одвивало тоа незнам.Да станам да спремам деца и да излеземе сите.По 1 ќе правам јадење.И секако малото кога ќе биде болно да го оставам на свекор ми и од вечер да им правам јадење и се друго што треба.
    Сега деца заспаа мм кај камионот со некој мајстор нешто поправаат.Големиот се утепа од плачење ни зборови ни ништо не го смирува.Ни минута не го остава човекот на раат ни до вц.
    Исчистив се.
    И ручек да правам нешто.
    Викав да дремнам ама нема време.Се зачитав по фемина.
    Нема крај на муабети.
    Убав ден мајки.....
     
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сум пишувала, ама едно време бев во филм дека сум посвоена. Немам ни една фотографија од бебе. Прва снимка ми е од прв роденден:rofl:

    Ова ми е памет за друг пат. Не дека не се наоѓаат, ама на одморов повеќе ми креваа притисок.

    Абе ако не сака да јаде не форсирам. Ама понекогаш му треба инспирација и малку да се заигра. И појако темпо на почеток. Еве денес цел ден јас го ранев и за 10-15 минути готов со празни чинии беше. Знам и јас може малку претерувам, барем има кој да го чува и кога ќе ја искарам после ми е криво, ама сакам да сфати дека мора малку построго. Не сакам дете пекмез. Има време за мазење и галење, а има и време за ред. Може сурово звучам, ама сметам дека за некои работи треба малку ред да се направи. Уплав имам од внук ми што на 5 години уште го ранат и трчаат по него.

    Денес се гледа дека имам време на претек штом втор пат пишувам. Вечера со дете успешно изведена. Не остави да се насладуваме на морско. Го прибравме и ене го кома спие, а јас уживам на балкон.

    Имајте убава ноќ.
     
    На ma4e1311, Vennera.aa, VedaG10 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.684
    Пол:
    Женски
    @danichap потполно те разбирам иако сум во спротивна ситуација, знам дека вие што сте дома толку време ве фаќа монотонија и лудило нормално е тоа. Но јас пак толку сакам да ја ставам работава на пауза едно поооодолго време, неможам да опишам колку бргу ми летаат деновиве, колку немам време доволно за деца ни да ги изиграм ни да ги исгушкам колку што сакам (за куќа не ни зборам, време само за садови раскревање едвај, другото е хаос невиден) а многу често од што сум психички исцрпена и тие неколку саати што сум со нив сум како одсутна и не ми иде ни играњето ни муабетење ни ништо (за ова имам страшна грижа на совест). Можеби некој успеваат и со исто полно работно време подобро да се изорганизораат но искрено не знам како успеваат. Одмор броени денови во годината па нормално сакаш негде да мрднеш и пак и тоа доаѓа како на трчање.
    Не ми беше поентата да кажам "блазе си ви на вас што сте дома" туку некако ми даде повод да си се изжалам, така ми дојде :(
    Ако има некој што ужива во пакување и распакување нека се јави :), некогаш не ми се оди некаде поради ова :)
     
    На Kaetana, orhideea, Chantal и 18 други им се допаѓа ова.
  13. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Ете го моето време за пишување на форумот... два по полноќ |(.

    Денес имав втора рунда чистење, на ред беа купатило, под кревет, зад кревет... плакарите кога ќе се смени сезоната ќе ги средам.
    ММ чува деца јас чистам. Ќе се покае човекот дома што остана :P... максимално го користам ... без децата се нема видено овие два дена ;).
    Поточно бебо му р проврзок овое денови.
    Големата цел ден трча надвор со децата, прескокна ручек ама кога се врати цела испрљана и гладна се виде дека е пресреќна. Ме потсети на мене, кога бев дете за добра игра знаев и гладна да бидам. Сега гладна не седам ни минут:tmi:
    Ќерето после касниот ручек пак надвор појде, пак играње, па потоа туширање и си заспа...
    За беба што да ви пишам... толку мака виде со забите... ова ни е најтешкиот период од кога е родена. Се буди често, со рацете во уста... забите никако да пробојат а местото е отечено, па се гледат веке забките ... ги чекаме да грепкат... Се плашам дека веќе грицкањето при доење ќе биде опасно за моите дојки :o

    Ајде да спијам... добра ви ноќ
     
    На Kaetana, Coco31, ma4e1311 и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки.Ние сме добри и си го фативме редот. Додека живеевме во Македонија дефинитивно беше полесно од таа гледна точка за децата.Пак дома си е дома имаш свои луѓе и јас и сопругот работевме и се снаоѓавме со децата за носење вградинка чување и тн.Ама сега живееме во Дојчланд две години, сопругот работи, јас одам на курс за германски до 12- 00 децата до 13 -00 часот се на училиште, а најмалото до 14 00 вградинка.Секој ден имаме активности со децава и само по патиштава сум однеси донеси.Нормално сами сме помош од никого.Курсот ми завршува во Октомври и се пуштам во потрага на барање работа само предпладне додека сите се на училиште или вградинка. Не е исто да одиш на работа или да седиш дома.Секогаш викам дека е добро секој човек да има едно излегување, еден разговор со трето лице, барем на момент да отргниш мисли од ручеци, чистење...Ама се е отом потом.
    Се додека се мали децата многу им сме потребни, ама како што гледам со тек на време се осамостојуваат,се помалку им требаме, и имаме време за себе.Ех на моменти (не секогаш)колку ми фали баба сервис. Тоа е мајки само Здравје, а другите работи ќе се средат.Ве поздравувам и ви посакувам убав ден.
     
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.857
    Допаѓања:
    142.531
    Совршено би било да имаме работа од дома, со секој ден состанок некаде на ручек од 2 саати, деца у градинка до 4, а плата најмалку 700 евра :) Маж плус :)

    Ама нема совршено.

    Јас имав прилично бурен период последниве 3 години, сега ќе одмарам малце, ми треба да сум малку опуштена, без трчање и брзање. Ќе се посветам сега на рутина, работа, дете и маж. По некое време размислувам, да почнам да земам часови за кола, да учам турски, и здравје сакам да научам нешто од ИТ сфера. Ама есенва ќе пробам да ја уживам, омилено годишно време ми е.

    Си замислувам на утро, мириса на кифлички со мармаллад, чајче, ние тријца во дебели чорапи и седиме на тросед... такви работи ме прават среќна.
     
    На Kaetana, ma4e1311, tina-63 и 27 други им се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    8.403
    Здраво, ве читам од време на време кога сум слободна.Денес прва смена на работа.Од 5 и пол станата за да се спремаме и си одам во 5 поручек.Дете цели 9 саати ми е во градинка,секогаш кога сум на работа.Кога сум дома оди по 7 саати за да си поигра одспие и си го земам.

    Инаку од кога почнав на работа сепак ми е подобро.Од социјален и финансиски аспект.Некогаш е напорно цел ден во движење и заспивам во 8 или 9 најкасно.Повеќе не можам да издржам и да сакам.Е сега чистотата ја одржувам на основно ниво,ама најмногу ми е криво за детето што е едно од дечињата кои најмногу седи во градинка.Немам време да го видам кога си дојдам.Додека го подмириш,преоблечеш поминало времето и дошло за спиење.

    Друго што ми е исто криво е што почнав да не готвам како порано.Јадеме честопати суво или незраво.Секогаш кога сум прва или трета гледам со нешто брзинско да поминеме.

    Инаку тоа е пост започнат од вчера и недовршен.

    Денеска сум слободна, ама чекаат 2 перални алишта да соберам-ништо не пеглам освен тоа што е неопходно,малку подрасчистам,ручек имам и плус еден термин за мене и на крај да го соберам детето од градинка:worried:.
    Ќе правам зелка манџа,за некое чудо дете ја сака,мм не многу-ама двајца против еден не оди и тоа ќе биде ручекот.
    Инаку синко почна да не носи пелени преку ден,само за спиење ставам.Многу пие течност и му е честопати мокра.Добро излезе не беше многу тешко одвикнувањето.Малку се стегаше на почетокот и многу се нервирав дека знам го боли.Ама сега сам си кажува.Понекогаш греши,ама не е страшно.Две недели нема поминато и уште сме на почеток.Воспитачките исто во градинка вежбаат и се надевам после одморот кој е наредниот Вторник целосно ќе ги одвикнеме(fingers).

    Туку претходниот викенд летавме до Полска на 3 дена и дете е целиот под импресии:inlove:.Цело време раскажува за Авионот и како летал кај сонцето и облаците.Ич не се исплаши на полетувањето и слетувањето.Сега раскажувам дека ќе летаме до морето и уште сега многу се радува оти ќе се бањаме.

    Тоа мајки убав ден јас да потерам работа.
     
    На Kaetana, Coco31, tina-63 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    :coffee::coffee::coffee:повелете кафенце.Каснам ама шефот денес доаѓа покасно и не ми е гајле:lol:Утре пак сум на работа исто и другата сабота.Во понеделник ќе се чуваме со малата оти нема градинка:)
    Вчера пред да ја носам во градинка ги виде боите за цртање со прсти и ми вика пиш.Од каде знае до сега не сме цртале сметав дека е многу мала.Сигурно од градинката.Па и ветив дека ќе и купам на малата масичка ,што претходно ја купивме, столче Ветив и од работа тркнав и и купив столче за 2 евра и масата толку и ја зедовме:lol: А хранилката што ни фаќа прашина над 100 евра (facepalm) од кумовите до душа ни беа парите ама скапа и не ја искористивме.
    Па кога си дојдовме цртавме со малата таа со прстињата јас на едно торбоче (од градинка ми го дадоа таму ќе и стоеле пижамите па да си го познава):inlove:Малата нацрта дури 2 цртежи ама колку беше пажлива секое прсте сама си го бришеше , и накрај убаво се избриша и кажа толку.А јас мислев се ќе биде хаос:l:
    Сабајлето па ја однесовме торбичката во градинката, по патот за раче си одевме и си пеевме песна што мама си ја измислува па се смеевме и двете.Па до градинка и таму не плакаше за кога ја дадов на воспитачката да рикне(lalala)
    Во врска со темата на Дани. Работам скоро 3 месеца.Инаку не работев скоро 3 години , оти добив отказ пред да знам дека сум трудна па не ме фаќаа никој права.Па останав дома.Во споредба работа или дете да чуваш мислам дека нема споредба.Јас последните месеци останав без живци што неможев да најдам работа , јас нервозна и малата само плакаше,па и плус злобни луѓе уште ли не работиш|( Мислам на мајката треба да и се плаќа исто како да работи со пензиско со се ама колку саати е прашање:^) Кога тргнав на работа да одам се одморив.Сега и мм повеќе е ангажиран. Како се одвива мојот ден .Станувам во 6 и 30 се спремам јас , па ја будам малата и ја спремам и идеално е ако излеземе во 7 и 30.Ама излаваме 10 мин покасно. Малата има појадок во градинка.Па не спремам.Ја оставам накај 5 за 8 во градинката и трчам бус да фатам во 7и59.На работа стигам накај 9 и нешто.После работа пак трчам бус да фанам ја земам накај 16и30.Успат купувам некоја кифла за малата оти одма траже ам.По патот накај дома ручка.Кога доаѓаме миеме раце .Пак нешто за јадење бара.Па и пуштам Пепа прасе и ручек спремам тоа е веќе накај 17 и нешто.Мм доаѓа накај 10 за 18 па почекува се бања и ручаме.После накај 19 одиме или до лидл/едека или игралиште или дома некој активности.Се бањаме и спиеме накај 21часот.

    Многу гужва денес во метрото како сардини сме.Помош воздух дајте:worried:

    @blessed.an има оризово млеко во Германија не носи за џабе.Има од пиле млеко:)

    Убав ден стигнав едвај :whew:
     
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Помина година како ништо денес ни е роденденот на синко мажето ми порасна да ве почестам 20180830_233735.jpg со мафини утре со торта турбо ми беше цела недела со подготовките синко вирусот го фати битно помина денес од 7 стана како да знае дека му е роденденот и сега спие јас да се истуширам па во 1 сум на фризер и од 5 сме во кафана па утре ќе ви пишам како сме помнале
     
    На Kaetana, Coco31, orhideea и 24 други им се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Добро работно утро :coffee:
    Јас на работа ,дете дома се чуваат со баба ми денес,од понеделник пробуваме пак со градинка држете среќа (fingers)(fingers)(fingers) ќе ни треба почнав со некоја шема за имунитет по препорака од Сајковски па ќе видиме овој пат се надевам дека нема да биде како минатиот пат . Одморот заврши ,ама од кога почнав на работа и се вратив на рутината веќе се чуствувам како да не сум била на одмор ,па сакам пак :D ама нема на жалост ,следен одмор дури зимоска тек тогаш имам пак одмор од работа .Дете расте со брзина на светлината мислам дека ова ми е најнапорниот период сега додека да прооди кичмава ми отпадна веќе да ви кажам искрено ,ама ајде тоа е нека е жив и здрав се се заборава. Ноќе пак почнаа плачките на пола саат, двојка горе расте една ама никако да пробие. За муабетот за викање по децата ,јас сум да си имаат ред и да не се разгалуваат и тоа најмногу ме лјути кај бабите ,свекрва ми се научила само во раце одма го зима и се по кејф му оди и стално се карам за тоа ,и кога се лигави многу ако претерува знам малку да подвикнам ма да во принцип не сум таква особа обично се полека се смирено работам со детето ,а и со сите околу мене .Ма да со годините како минуваат приметувам дека некако сум послаба со нервите ,си викам се дека помладите мајки (20-25 год) имаат повеќе нерви од нас постарите ( недека сум стара де 30год ама така иде зборот ).
    @Belabelinakinder жив ,здрав,најсреќен да е лепотанот :^:
    Убав ден на сите :sun:
     
    На Kaetana, Coco31, Monella и 19 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.981
    Допаѓања:
    112.664
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки :sun:

    Денес пред пладне на плажа, ем бебе поспа, ем и ние со него, па додека појдеме во Лидл за кифли, крофни и што ти не, 11ч не фати :smirk:

    Моментално пијам ладно нес и думкам бебе на нозе :l: а мм пие кафе од 5евра :^) забегале скрос Грциве, ама и он забегал, обично топло дупло фрапе, ништо посебно :coffee:

    Инаку овде доста бучно, мали дечиња кои пискаат, улица и не така далеку, звучник над нас, ама бебе спие, гајле нема, ништо не го буди, ажа не дај боже ние да прозбориме, макар и шепнеме, одма ќе се озари :smirk:
    А пак дома, ако крцне вратата пд дневна, а он спие со затворена врата во детска ќе ја слушне и разбуди :^)
    Е ај, до што е :?:

    Вчера ја прочитав @Ano за Мундисалот, па нели и бебе мое се мора да има, влегов во аптека и зедов, па не знам што ме натера малку подоцна да го пробам :whew: уствари вриштеше бебе и кенкаше, па ај до заби е нели, зедов, намачкав, леле кога го сети, кога рече вришти, пишти, ајде тоа ами не бевме ни близу дома, думкај, гали, смирувај, јок. Ставав во количка тој засилува тоналитетот :sweat:

    Мм пошол со точаче, па не може да го носи, плус и влечки скина и нога повреди (facepalm) ајде викам вози се ти до соба, ќе стигнам јас некако.
    Па зедов бебе во една рака, буткам количка со друга и така едно 500м :sweat: душа ми излезе :(
    А он цел се озари, па гледа, се тегне, плеска со рачиња, пошто нели се е браво периодов, абе да си пукнеш :D

    Инаку спиеме заедно на спална, која и не е така широка, бебе во среде, па цела вечер де шутни мене, де мм, лом сме, па и се бута да легне на мм јастукот, па ќе се сврти наопаку, па со нозе шутира во фаца, па ќе почне да лази и за малку што не падне :sweat:
    Живи ненаспани и утепани сме :doh:

    Башка ноќва топло, отворени сите џамови ама џабе ни ветре, ни бутур, па уклучив клима, викам ако се укочиме ќе знаеме од што е, како залади, така се изнаспавме, па и успавме |-)

    Добив и јас понуда со мама и тате на море, ама мајка уште не се доискажа јас реков НЕ :rofl:

    Пред некоја година бевме сите на 2дена, едно ноќевање во Охрид, плус и сестра се тупна.
    ХОРОР!!!!
    Сите спиевме во едно сопче, уствари приколка, моите и сестра на спална, обратно од како што се спие, за да ги збере, јас на спрат, мм под мене, око не склопив цела вечер :headbang:
    Мм, татко и мајка хрчат, па повремено и во хор :drunk:

    Денски, кој ова, кој она, кој кого да надвика и погласен да е, кој политика расправа, кој некакво незадоволство, абе се уморив повеќе него ли одморив..
    Јас и мм славевме кога си идеа, бидејќи ние останавме :angel:

    А нели на викенд ќе идевме во Охрид, ама може и не, мм прееска пак бурмашина, па бурмашина :envy:

    На крај викам зеди ја, и ја зеде и врати, утре ќе одлучел (facepalm)
    Јас се потегнав за едни сунѓери за бебе на под, ама некако многу тесни, ќе треба 3-4да зедам, а ×30е, па поарно теписон ќе му купам :D

    Е сега ми текна, да не заборавам магнетче за на фрижидер да земам (fingers)

    Денес петок и освен што се најавива крај на неделава, а со тоа и крај на одморот, друго значење и нема :smirk:

    Стана бебе, идење да гњуриме (poolparty)
     
    На Kaetana, Coco31, Monella и 23 други им се допаѓа ова.