Се вратив пак имам многу работ за кажување но од каде да почнам.. Еден малер што не имаше спотерано уф демек на одмор тргнавме колата ни цркна на среде пат. Ајде демек ќе ја направат де турбина де еегер де ова де она на крај испадна цела ремнонт. А само колку бев убедена дека еднаш нешто ќе помине без проблем. Но не! Колку многу се истрошувме не ми се ни помислува скапавме дома чекајќи повици од мајстори да кажат до каде се и што и на крај пак ништо. Ос понеделник јас ќе ратувам со мајсторите за колата. А како можеше да си земеме нова количка едно поновко пежовче ммм... Но нема и нема... Мали закачи стомачен вирус изгледа и јас почнувам со вирусот или па можда е прашање бебе бр2. Ќе видиме што ќе испадне. Го испратив маже за странција и срце ми се кине од што мора така да биде.
Јас демек ќе спиев, надвор врне убавини.. денов општо убавини ни беше.. малку покасно ама сите на купче па шетавме па се каравме па беснеевме па бевме под црните облаци и така На крај реков ќе спијам заедно со нив ама не сон не ме фаќа па зедов тел сега пак ќе пробам да спијам Конечно сите 3 јца на кревет а надвор идили Нека трае Дете е во фаза на плишани играчки мечиња друго не го интересира ама овие мн ги сака подобро нешто отколку ништо се прерадував и јас гледајки го дека мкне бар една играчка со себе Се осекам баш освежено и убаво денов.. Лека ноќ
Здраво мајки Се осеќа размрдување на темата Кој на одмор, кој прибран од одмор има за читкање Ние голтаме кафе со маж ми, бебе стана во 6, па беа до кам со маж ми, таму на сет глас викал мама. Бил атракција Дојде го земав и заспа. Ќе тера саат, два за тоа време да испеглам нешто па ќе одиме по точаче Мислам оти нема да сака да се вози Вчера као се запишав на вежбање, на фит аеробик Без друштво, едната од населба што ми е со две дечиња неможела, сестра ми сакала теретана, друга исто блиску што ми е ја чека операција па чека може ќе се приклучи.... Мајка ми вчера ми вика ај јас ќе ти правам друштво Битно се запишав па како ќе биде-ќе видиме Се вративме од одмор и тие што "неможеа" да дојдат на роденден кога да дошле А торта немам Сега за сега успешно одложувам Не се знаат едни со други за да ги уклопам во едно. И кога ќе помислам чисти, спремај, ми се темни. Некако сакам овие уште неколку дена од одмор да си ги поминеме заедно сами, дома, дури и никаде не ми се оди Имајте убав неделен ден
Добро утро! За мене е работно утро, овој период на работа сме турбо и работиме непрестајно па малку ми "паѓа газот" ама се тера некако. На маж ми орден решив да му дадам, ова што сам маж го прави со две деца нон стоп, сам самцат ги рани, ги облака, пере пустиот, усисава, јас ако им направам некој ручек на два дена арно е. Таков е периодот, што да правиме. Денес сум дежурна, од 7 сум на работа најмалку до 7 вечер. Кога ќе се приберам не знам за што ќе ме бива богами, ама ќе се изгушкаме сите 4-ца секако. Бебе број три дефинитивно падна на дневен распоред, сега или никогаш беше решението. Дај да го склепаме дур сме на овој памет, да не се пишманиме покасно. Ако сака Бог, ќе биде. Дај Боже да биде. Тек тогаш ќе ни требаат една кутија ордени да си ги даваме еден да друг за "достигнувањата во областа на преживување на дневна база", ама само си замислувам како сме стари и збрчкани со мм, и ни доаѓаат трите деца со своите фамилии на неделен ручек и одвај не собира на маса да седнеме од што сме голема фамилија. Душата со убавини ми се полни на самата помисла и ми иде да си летнам нагоре. Убав ден девојчиња, уживајте во убавото време!
Добро утроо Кога спијат, зашто толку спијат, кога не спијат зашто не спијат... бебе спиење едно што удри од 8 до 9 сабајле Станав рано да ја проверам дека чудно ми беше што толку многу спие И и бутнав во сон едно шише млеко Станав рано, направив палента за синко и бебка, ги најадов и сега се мислам јас и мм што да јадеме. Малава ама е станата опасна одеднаш Станува секаде и сама се враќа на газот, се пентари.. а башка многу е бестрашна, гајле нема Цедам сок сега, а она во хранилка, обично не ја врзувам само послужавникот е пред неа, кога се вртам, качена цела во послужавник Секунди беа во прашање да падне од таму Од пон сама пак со нив, она збесната, синко збеснат и навиен, леле колку зборува жени... на плажа само он се слушаше, незнам зашто толку гласно зборува Он гласно зборува, малава па некоја фаза има на пискање, па еден глас што вади тенок, и после мм кога ке дојде од раб се чуди зашто сум побудалена Инаку незнам дали сум настината, дали е овулација некоја опасна, само се надевам дека не е бебе во прашање, цела матка како ми се стега, ама па цел долен дел на стомак, јајници ме бодат, некој зголемен исцедок, може и да сум настинала... @elena.mak што убаво, браво за храброста и живците, дај боже да ти се исполни желбата сакав 3то, ама моментално ич не сакам Убав ден мајки, слушам мм се расправа со синко, отидов
Добро утро мајки, јас да ве поздравам. Станавме наспани, малово во 8 се разбуди, цел воден, пак му пушти пелената. Значи аман, секое сабајле станува воден, а сака на меше да спие. Сега го заспав, си направив ладно нес и си легнав до него. Еве частам. А колку имам за пакување лелеее. Ни куферот не ми е изваден. Маж сабајлево дојде од работа и уште спие. И таму сега не можам ништо да фатам, па при толку работа останав без работа. Барем една машина од бебе пуштив, после за нас. Уф, едвај чекам да одиме, цела недела сами, ни на телефон не се јавувам, да не ме замара никој. А да ви кажам колку сме изгубени двајцата. Таман најдов апартман да го резервирам ми текна на ги проверам пасошите. Кога од мм важел до 3.09. Ми идеше да го истепам. А само шо стигна пасошот од бебе. А планиравме да застаниме Космос. Е сега ќе мора да ме носи специјално. И така од Црна Гора, Хрватска, Турција, Грција, на крај ќе завршиме Албанија. То е ум за друг пат. Ама важно да одиме некаде бебе да се шлапка во море. Ако сака Друго шо да кажам, многу ми го имаат разгалено. Се да е по негово, ако не вришти на цел глас. Тој писнал тие крени го. Цел ден слушам седи до него да не падни ќе се удри ќе се преврти. Аман, па дете како ќе научи да лази ако не проба. Тој се посегнува по топка, таа му ја дава да не се мачел. Нема разбирање. А многу сака да игра со топки, 10 има. Ги фрла и вика го го. Демек гол. И то ај го испив кафето, ќе го будам маж да почнам со работа зошто вечер паника ќе ме фати. А и за пазарење имаме. Поздрав до сите убав ден.
Нас како не затера со паѓање наполнивме една година и имаме една џумка вчера во паркот дома одеше се сопна и падна со главата во цевка метална а дома се удри во масата ама немаше ништо. Јас си реков е сега нема да сака да оди се исплаши ама не гајле немаше шиба низ дневна. Денес недела не знам што да се прави каде да се оди
Мајки едно прашање... да не знаете некој да е во Фурка на одмор? Или можеби некој од вас да е таму или да оди во скоро... си заборавив нешто таму, па некој да ми го донесе... И пишав и на газдарицата ако има некој од Скопје кај неа, дали би се нафатил да ги земе работите, но незнам така дали некој би прифатил... Да си ја пробам среќата тука
Добро утро мајки Испратив маж по ливадите со двете, да бутка количка(ако доседат), јас на раат кафе да испијам. План за денот сеуште се нема. Газево на детево никако целосно да заздрави, планевите за на базент ни се пореметени, пак некој парк ќе биде изгледа. Само нема далеку, забавен, немам сили. Колку ради реда некаде во околната шума, со точаците. Сабајле средното за прв пат какаше во нокшир(простете за мубетов, ама мајчини е некако најсоодветна тема за ваква радост) Цела недела кажува кака и за мичкање и а какање, ама седнува и само мочка. Какаше пдкако ќе ја ставев пелената или седнуваше со се алишта. Денеска оп, стварно кака. Па ај аплаузи, драми. Уште огномет фалеше. Пихологот со кој се консултирав рече така требало . Врвот беше сестра и. Од пѕста љубомора дека се исповозбудивме и даваме аплауз ми го истури јогуртчето бо грб. Јас плескам плескам со раце за браво, коганаеднаш нешто влажно позади. Трппа вратата, стасаа. А уште имав да кажам Убав ден
И ние денес низ дома, ќе рече човек денес помалку обврски, а еве сега седнувам да одморам. Кога си дома, се’ нешто се наоѓа да се сработи. Го начекав мм дома, па тоа што не можев сама да го сработам, му го тупнав него. Не е додуша некој загрижен за обврските дома, ама ако му кажам нешто да сработи, сработено е. Ја кидна сега на утакмица, вечер треба да одиме кај пријатели со поклон за бебе, ако стасал ќе сме оделе. Аман човече, фудбалот му е најважен од се’. @eli25 иако роденден славеше синко почеток на август, верувај, сеуште се влечат како полжави, и уште два - три пара во најава имам. За тие што имаше торта, пробаа, за останатите, ако се поважни, купувам некое готово благце, ако не, поминуваме со кафе и она што моментално имам дома. Ја претеруваат луѓево, се знае кога се поканети, и ај од оправдани причини не можат тогаш, ок ако во текот на неколку дена ако не дојдат, ама па кога нагласуваат дека со поклон доаѓаат по некој месец,се нервирам јас. @elena.mak Од се срце нека се оствари желбата. Секоја чест! Господ става рака на упорните и храбрите како вас. Денес и синко за прв пат, изрази желба и посака да сме му ,, купеле,, братче. Уште сега има и име смислено. Мм уште пред некоја вечер пак, шепотејќи спомна дека сака бебе, сакал ќерка он Јас категорично одбивам, причините не ги пишувам, затоа што сама знам дека се банални кога станува збор за дете, и се срамам од тоа. Дете да се разбуди и уште тревата во дворот да ја искосеме и двор да метиме имаме за денес Си реков нема да пишувам многу а дојде цел реферат. Убаво неделно попладне.
Ги испратив мажите да се прошетаат. Надвор облачно, ќе заврне кај и да е. Дете си зеде капа за сонце и велосипедот, така си има замислено нешто, дали дека гледаше формула 1 со татко му денес па тие имаа капи не знам Мене цел ден ми се јаде нешто благо. Му спомнав на мм па посака и тој, не ми требаше многу засукав ракави и правам леден колач па таман со вечерата ќе имаме и десерт. Утре по не знам колку време ќе одам на работа, онака за неколку дена ме замоли шефот кај што работев пред да се роди синко, прифатив малку да сменам монотонија а и полека да се навикнувам, синко уште една недела тргнува во градинка па сакам и нешто да почнам да работам. Одам јас да наложам колачот а, се вратија и спортистите. Малиот со полна рака трева, вели земи да ставиш во манџата
Добро вечер мајкииии Имам зет, имам зет, на сестра и светка прстен на рака танананана ^^прогнози на мајка се точни Одма нафрливме кога, како, што и добивме едно ќе видиме Прстенот убав, така големичок и приметен, бело злато со лила камен (немам појма што драгост е ). Сестра среќна најбитно Ние си дојдовме прееска. Враќање назад мина уште подобро од идењето натака. Во Гевгелија каснавме јагнешко кај Џоко, ама нешто не ме баш бендиса, како да не им се погодило и јадевме шопска од 450денари нит голема, нит вкусна беше, презреан патлиџан, едвај краставче, да бркаш пиперче, кромид иструпано, куп сирење, китка магданос и една маслинка Тука баеги потопло, Гевгелија пак пекол, уште на МК граница се залепивме за асфалт Ходникот ми е катанга! Влага светко и прашува што сме растуриле волку Те го најомразениот дел, да средиш и пикнеш се од каде што си извадил Втора машина врти, прва суши.. Најбитно си се испобањав во мојто вц, едвај чекав, па и дома водата најубава ми е за бањање и бебе радости во коритото, шлапа ли шлапа. И глуп дел и дома и мојве се понашаат како 777дена да не сме се виделе, не 7, аман од лигавешки Тоа мајки немзм што да пишам ништо посебно, дома сме и се враќаме на стар режим, кај и да е ќе заспивам бебе, па и јас ќе се комирам со него, да се изнаспијам Убава вечер, гушкајте се
Знам дека може, ама најмногу заради патот се премисливме, ко за прв одмор со бебе некако далеку ни изгледаше. Здравје друга година ќе е поголем подруго е.
I mojata denes padna.Jas vo wc ona po mene.Abe da enmzoes raat da mockas.Doaga sva srecna mam amm,go pomina pragot vikam super.Koga naednas so glava tresna na plocki.Od pamet me izvadi so paganjevo.I se na glava.Gospod neka gi cuva.Sama se isprava na se so ke najde Nemozam edna sekunda da ja ostavam.Ko so mi izgleda brzo ke proodi.Koga ha vodime da odi,za edno race ja drzime abe trca dete.Smesna e ,deka mala ko guge hahah
Седнав па се присекам на стари моменти и убави Па поведена од тоа имам уште повеќе воља за нешто повеќе Деновиве ќе се активирам сигурно социјализирање малку не е на одмет на никого Убав викенд за нас ич не сакам што помина ич не сакам понеделник и пак исти стресови и се од почеток се така до петок па петок е поолабавен дека сабота иде па 2 та дена проагаат безосетно Прошетавме наполнивме батерии дете легна уште рано преуморен дека денес не спиеше а јас чмаам и се мислам што продуктивно да направам со себе си Вчера ми беше баш идила со темни облаци и врнежи нокта па бевме прошетавме се освеживме Веќе залади драстично се осеќа Може ќе има топли денови ама сепак далеку од тоа што беше и ако убаво е вака мала промена Мене у септември ми се оди на море на одмор или на викенд некој кога сонцето пече баш за мерак онака а водата топла Си го осекам детето како периодот многу впива и учи брзо како за миг се преокрена и почна да разбира многу работи па ми е интересно и чудно што можеме "муабет" да направиме Друго паметно немам да кажам Убава нок на сите
Здраво друштво Малово заспа а големиот се затна и само квичи и се нешто го мачи.Деновиве јадеше по 3-4-5 сладоледи нема разбирање.Утре требаше во градинка да го носам ама изгледа нема.Вака беше и во јули на почетокот и сега еве пак. Оф само ќе речам. Малото ми е многу интересно.Почна да зборува и се што ќе кажеме повторува.Па и само се гушка и гали и колку е само жалостивен.Ако му се скараш за нешто прво ќе те гледа некое време и после ги става рачињата на очите и плаче.Ама еден глас силен што има ко викне оди сопри го. И неколку дена и двајцата ми плачат во сонот и рипат мават и се будат.Нешто ги мачи. Со мм пред 3 дена се спречкавме зошто сум му звонела кога тој беше излезен со еден пријател газда човекот во странство и големиот беше со мм и после 4.5 часа јас звонам каде сте што се и се расправавме после дома Па се налутивме и муабет не си праевме И друго ништо нема.Освен чистење перење секој ден и ручеци.... Добра ноќ И лесна работна недела
Седам на под со телефон во рака и топло нескафе до мене. Деновиве измрзнавме. Ми треба време за себе инаку одма би си легнала. А бидејќи ми треба време и за мене и мм ќе го чекам, ќе поседиме па ќе си легнеме. И така дете заспало 4-5 часа пред нас па кој ни е крив кога ќе се разбуди не може да спие сто саати. Два пати бев во вц со дете во скут. Епа што да правам... Мајка ми неколку пати имаше песок, камен во бубрег па си велам може од што трпела за во вц... па почна стомак да ме боли во последно време па кога нема како така. Со малава бевме на еден фестивал на отворено на делот латино музика. Леле како игра. Цела на мајка. Копија на тато е само играњето на мене и е. Едни ја снимаа дури и наместо на пејачот нејзе аплауз и дадоа. Криво ми е што не можев да ја снимам ама немам џебови за тел и во гужвата само ја гледам да не ми избега. Ама како игра уау! ( и ја малку да се пофалам а ми текна на една жена внучето штом видело лап топ одма се пружало ќе било мн паметно, научник ) Најгрозно до сега. Стави во уста стапче за уши од пред зграда. Па зедов одма и ја плакнев устата, забите. Леле. Леле. Леле. Ова дека синоќа пишав и поминала оралната фаза! Догодина ќе полни две 2 години. Зарем за 4-5 години во школо ќе појде? Ама лета времето а и моиве мисли кога немам попаметна работа. И вечерва не средувам ништо. И зошто по улица мислат дека ако малава писка по кучето мора и да го пипне? Еден ни рече извинете ама болно или не знам што. Не ни помислив да го погали. Од утре ќе им викам алергична е на кучиња. Сабајле ги храневме лебедите. Се прерадува. Добра ноќ ќе биде подобро
Мене ме дрма септемвриска депресија, плажите се речиси празни, само ние тука овдешните, градот исто така. Како се да се стиши наеднаш. Цел викенд сме излезени до минута го искористивме ама се осеќа дека не е тоа што беше. На мм му заврши договорот за работа планира да одмори недела две и да бара нешто друго. Тука ништо не ти вреди ни да си магистер, ниту да си работлив. Ќе си поп ако татко ти е владика, штета жал ми е колку се мачи за ништо пари, сака да се проба и нешто приватно ама сега не ни е период за ризик, со дете мало и уште едно на пат, ме фаќа паника кога ќе се задлабочам во овие мисли. Сега засега е тоа, се надевам на подобро, покрив над глава имаме, основното е подмирено, на никого не должиме, ќе дојдат поубави времиња само да сме здрави и живи. Си плаќам придонеси па кога ќе почнам на породилно ете уште една плата, а после тоа здравје да барам работа настрана финансискиот дел, ми треба малку социјализација, да се промешам со луѓе. Во последно ми се чини освен на мм нема на кој друг да се потпрам, со неговите сме ептен службено и така планирам и да остане барем мојот однос кон нив, и со моите се испозамерив мразам кога ме сметаат за дете и носат одлуки во мое име. Мм и синко заспаа мене милион мисли во глава, да ги забркам ако можам и да им се придружам секако ноќите ми се кратки. Добра ноќ мајки и со лесно учебната година на тие деца што почнуваат утре
Леле стапче за уши Кај успеа да го најде Мојава на одмор од уста 2,3 пати камења и извадив. Седиме надвор, она во количка.. гледам ќути и нешто чудна во устата... ја грабнав ми текна одма, отварам устата капаче од сок тука цело испружено, па кај го лапнала, успеала и уста со се капаче да затвори На плажа синко среќа што ми кажа, тогаш не ја видов... Мама мама лапна бебе нешто, ја фатив и отварам уста и и извадив од оние алги ли се што ли се, боцкави едни топчиња Ај неа што и е орална фаза... а синко денес ама ме потресе. Доаѓа поцрвенет цел (најверојатно од страв, дека низ нос можеше да диши), и ме мава и не збори и успеа устата да ја отвори малку и гледам нешто жолто штрчи, леле жени лапнал од оние дрвени овошја за играње, лимон! Незнам како го пикнал, ама јас едвај му го извлеков од уста Тешко мене ако не се заоди во градинка, кој попрво да гледам, едно око лево, друго десно