Добар ден. Нашиов не е баш многу добар, ама ќе избегнам да се жалам, зашто ќе помине. А штом е минливо и не е толку лошо. Се нишавме долго ноќеска, имаше мака малата, а мене низ глава само како мантра, и ова ќе помине и ова ќе помине... И ете, помина. Прееска кај мајка ми седиме, јас кафе варам и ја слушам мајка ми облекува една кукла и и збори на ќерка ми: Ауууу се здебелила, па не ја собира во фустанчево, диета и треба, аааа види дури газов и ѕирка од под фустанот... И покрај сите мани ми е мајка и ја сакам, ама вака кога ќе слушнам се ми е јасно зашто сум си ваква со сите мои бубачки. На две години дете му збори за дебелина, па диета требала да држи... А јас и пред ќерка ми не зборувам такви работи, а не пак на неа. И се чуди уште зашто и реков веќе да не ја слушнам такво нешто да и збори. За редици тоа е, таква ни е културата, нервозата си го прави своето, никој нема трпение, никој никаде не е љубезен, секоја минутка ни е страшно важна, чиниш милиони правиме, па ептен ќе не кошта. Нема врска веќе дете, бебе, ништо не се важи, ма дали плачело, никој не те гледа. Уште ќе те погледнат со осуда дека си лоша мајка што ти плаче детето. Љубезност, што беше тоа? Ехххх... Нека им е со среќа на сите школарци новава учебна година, на малечките што тргнале прв пат во градинка без многу солзи да поминуваат...
Ви кажав дека ручек за малата беше спремен? Епа малата на несакање ми го истури и завршивме со к. Млеко и лепче како најбрза опција.
Здраво! Да се пријавам од мк. Дојдов и одма по институции, бебе со мене секаде, си игра со сите додека не свати дека не ме гледа па плачки. Едвај до вц одев, ама навикна па шета со дедо му веќе. Закажав крштевка уште торта да нарачам и се е спремно, па да помине тоa и ке се текне до Грција ако не послужи времето. Денес едвај заспа бебе па еве го на рака ми спие. Сакам да си ја прередам собава како купив креветче нa среде соба стои. Поздрав сега и убав ден.
@galapce лепотанче. Со среќа прв училишен ден на сите првачиња и сите ученичиња. Со среќа прв работен ден и на сите што денес се вративте на работа. Мене прв ден од одмор денес.
Честитки на дечињата што славеа роденден, здрави, живи и весели да бидат! Денес за многумина бил прв ден (на работа, на училиште) со среќа, со убаво да ви врви годината. И јас поминав супер, брзо ми помина денот. Малиот пола дена беше со татко му пола кај комшиката, поминале супер, не ме ни спомнал ептен му одговара друптвото со нејзиното дете. Честитки зет на @emkaemka да се вечни младите! Обожавам да те читам жено, слободно напиши и роман јас ќе го прочитам Секогаш те читам до крај, некогаш знаеш и да ме насмееш и одма те замислувам во тоа издание. Кога си во креветче или кога смачкавте цел леб за доручек Обожавателка сум ти Освен што ја испофалив Емка друго паметно и немам да кажам. Ај да подсредам за утре, да издувам една таман и маж ќе се прибери па ќе глумам уморна
Добра вечер мајки Чмаам во темно, чекам сите да заспијат па да почне партито . Купив чај за спиење и за нерви од дм. За спиење уствари не ни треба, како трупчиња сме навечер. Ама за нервиве да ни бидат подначкани. Вечер ќе биде дегустацијата, па ќе видам дали сите ми се на број пред спиење. Порано се чудев(море и завидував) на маж како ќе стави глава на перница и заспива. Е сега и јас станав како него. Ама меретно не било за да завиди човек, не било од убавини. Ден турбо. Оставив деца во градинка и јас и малото во бољи живот. Маж забра гајле трговските не отварале во 08.30, што ќе правам. Фала ти викам, ама ич не ме мисли. Остај ме само, после јас си знам. Картичката си ја заборавив, а од другите две не ги знам пиновите(кога ќе размислам што ги шетам за џабе да ги извадам) па трошев од парите за црни денови, кога нешто стварно многу многу убаво ќе бендисам по дуќаните. Во една преграда од новчаникот си имам секогаш едно париче . Јас, мајка, внука ми и братучедка ми носиме ист број отприлика, па ако начекам попусти или не можам да пробам купувам па често пренаменувам. Внучка ми е најдотерана а внукот како маже е. Аиии малово, сирена како да има лапнато. Вришти вришти... само за во раце сака. А навечер е најстрашно. Средново го легнуваме прво па едниот со големата едниот со него. Ама толку страшно вришти што цела куќа ечи и ќњ ги разбуди другите. Па се од почеток. За чудо без толкуууу голњми драми заспа вечерва. Какана, пиена, шетана... што би рекла намирена со се, белким тоа. Дремам во темноцо и чекам маж да дојде да ја пренесеме со се креветче. И големава е заспана веќе, сигурно. Покрај @tincemajmunce и @galapce ми е сфаќа, за средната мома. Да си кажам, да не ги бендисате малите шмеќери. Јас си бев прва Мило ми е што пиша. Иде маж. Биче весеље, чајот е готов
@danichap сподели со дргугачките шо име има чајот Еве ме и мене,и мали спие врз мене Хорор луѓе,хорор... Како се вративме од краткото одморче дете не смеам да спуштам од раце цела вечер врз мене спие,си го носам вц,каде јас таму и тој Ќе си умрам од грижи,зошто?На што да го препишам ова?Две недели сме вака,две недели немам спиено Преку ден спие во релаксатор а навечер не дај боже да не е кај мене Има среќа што ја има сестра му и се плашам таа да не се разбуди,би го оставила во креветче плачејќи да заспие До толку дојде Маж испратив на работа и се токмам денес порано да си легнам Могли од утре во градинка,заврши распустот А ми се гледа некое филмче Добра ви ноќ мајки
@danichap сваќе потурни го со чаша виинце одма ќе има ефект Не сум пишала од којзнае кога. Синко истера 2 одмор со баба и дедо фатил таму стомачен вирус па ми се врати како глувче исушено. Ама надокнадуваме имавме страшна фаза со нејадење ама помина,фала богу. Еве го спие,маж ми гледа нешто на тел,а јас на тераса со нес и цигарче.Дува ветер,лисјата ми прават некој звук кој ме опушта. Ма што ве лажам од ко се преселив и не сум заедница сум многу опуштена Полека полека се средивме и се е на свое место. Да се пофалам чекаме принова каде и да е синко ќе биде поголемиот братучед. Одам јас,ме вика мм да сме се виделе Среќни родендени на тие што не сум честитала. Среќно и со лесно на тие што тргнаа денес на раб,школо и градинка. И на @emkaemka честито зетот.
Одам вика, маж ми ме вика да сме се виделе. Ја когс ќе се вратиш кажи поопширно Ние комплет двамата не спиеме. Утре чекаме битна вест и којзнае дали ке заспијам. Денес и вчера потфрлија со јаденињата овде. Или веке ни недостига домот незнам. Ве отепав со сликите ама млра да докажам. Дел од вечерата.
Добра утро мајки Добра е, Галапче ја затворила темава синоќа. Да не испадне работата јас си пишувам јас си читам . Стандард, двете моми во градинка, маж продолжи на работа а јас со малото дома. Божем намирено со се, со надеж да биде мирно, а јас да чистам. Вчера понеделнички наместо да засукам ракавите јас скитав, па денеска домаќинка. Ама заклучив дека во понеделник кога си прв пред врата и чекаш да отворат дуќаните(ок, вака кога ќе се прочитам не е баш за фалење работава) има највеќе попусти. Најголема радост сабајле ми е да ги дотерувам. Не дека се по фустаните и сукњите, џинс маички и јакнички... ама нели, мајка, нејзините најубави и’ се. Уште да стојат мирни, да успеам да ги сликам. Маж вика каквo сликање, во хаосов кој владее сабајле арно панталони си им облекла. Големата е до 12.00 во градинка, сеуште не е променет терминот. Ми фали време да минам со децава сами по само. На мм му викам за греови средното, со малото сум сабајле, со големава од 12.00 а оно кога ќе дојде во 15.00 дели вниманието со другите две Надвор магла, сакав да пуштам неколку машини ама бремево катастрофа, кузнее кога ќе се исушат. И за ручек не знам што да биде. Некоја манџичка, чорба ми сака душава. Да допијам кафето и да фаќам правосмукалката Убав ден на сите
Предходниот понеделник први во њујоркер бевме со мм Кошули по едно евро имаше,панталони по 4-5 евра и џемпери по 3 Мм рече знаете вие жените шо правите Кога се вративме за втора тура ништо немаше
И јас вчера дремев пред Њу Јоркер Попустите во ХМ поминаа пред некоја недела, сега другиве на ред. Јас маички еден куп си изнакупив од таму, смешни цени. Сега чекам во лидл, другиот понеделник, чизми за на дожд што светаткаат кога чекорат. Не знам кој број носи Могли, нема за најмалите, види си. За чајот, не се лажи Мари, не помага. Што вика @tincemajmunce чаша винце поарно ќе беше. Сега стварно ќњ одам да чистам
25-26 носиме ама веќе купивме едни од алди и едни зимски од дајтман Почнав да купувам машки модели за да може и синко да ги носи Него еве и јас од преге се токмам да чистам Ајде и по некое кафе да ве почастам Однесов дете вградинка,први бевме таму Се изгушка со омилената воспитувачка со солзи дури колку беше радосна Јас да заспијам дете и се фаќам за чистење Вчера го искористив мм,тргнас ме гарнитура и под неа над неа се чистеше Ае сеа и јас одам
Добро утро девојки КафеМммм .Имам нова поговорка .Среќа е да одиш прв на работа, да не ги слушаш плачките на малатаЈа однесов денес на градинка и за несреќа падна пред влезот и веќе повреденото раче си го доповреди.Па кога почна да плака и сега јас не знам за мене ли плака за рачето ли плака.Ја оставив не сакаше да се смири и јас летнав да ме нема(ова постовите само со жалење од плачките на малата ми се) Па сега каснам и не знам со ова џемперов дали го заметив влезот пред градинката ни сум се видела ни пак ми е гајле Вчера ја носев на доктор без термин за да ја вакцинирам ММР ревакцина оти терминот и беше во четврток 11и15 па нема кој да ја носи , ама колку беше гужва со болни дечиња само го одложив терминот и избегав Па после како сме си се дружеле со малата.Игравме на незините песнички , а таа ги гледа децата и игра и отвара уста како да сака да пее Не сака да спие денски веќе зш не знам.Па по ручекот го зедовме точакот и кацигата и тргнавме на шетање.Сама ме однесе до далечнито игралиште.Таму едно дете и фрли песок во очите .Јас ја зедов и отидовме на пружината да скокаме.Мене нози ме заболеа , а таа мака нема па па ми вика Па отидовме и до езерцето таму ги гледавме шатките и лебедите Па во шумата трчаше и ме буташе и јас да трчам на крај кај нашето игралиште завршивме и не сакаше да си оди.Некако успеав да ја излажам.За дома од премора да несака ниту да јаде ниту да спиеПа јас полека смирено ја нишкав и заспа за 3 мин.Па имав време малку со мм да се видиме Туку што ми остави впечаток малата.Мали а се приметуваат.Има клупи на раскрсницата накај градинката и има веќе некое време бездомник што е нон стоп е таму.Во четвртокот врнеше па веројатно се засолнил на суво некаде и го немаше човекот Малата гледа и вели аш.Кој аш бе маме? Ја прашав вика чичо И кажав дека ќе дојде пак @emkaemka честито зет да се вечни младите,побрзу едно другарче на синко твој @galapce мене многу ме интересираше за малиот како е.Ви праќам гушки и се да мине како лош сон и секогаш здрави и насмеани да си бидете.Да се пофалиш со убава вест @tincemajmunce со лесно нека ти е бременоста Абе ич не ми одат попусти никако нешто да бендисам што егеец ќе бев Море и во Лидл веќе не сум прва ,а чим не си прв нема броеви како сите деца да се 86/92 За чај за спиење ако барате маточина со нане , мајка ми на секое јавување ме замара за чајот ама нема кој да ми купи Убав ден на сите посебно за галапче.
Добро утро. Пишав па избришав. Постов почнат од 8 саат сега еве наоѓам време да го допишам. Испратив маж на раб,среќни и весели од синојка Кафе,млеко,боење со водени боици,кревети,јадење Сега седнувам да ве поздравам,чекам другарка ми да ми ѕвони.Ќе одиме до кам и до парк со децава. @Ava.84 радо би бременост,ама кај мене тоа малку потешкко оди. Чекаме принова од девер ми,кај и да е треба да се роди бебнцето. @galapce мило ми е што пиша,ви ја праќам сета среќа денес а и понатаму сите резултати да ви бидат добри. А како поминавме со мм синојка Одам се читкаме покасно.