@muchacha_a јас го земав ацидосалус лани овој период баш пред и откако почна синко во градинка, многу ми го фалеа пред се како пробиотик а и при настинка за олеснување и јас го имам истото мислење не е ништо посебно барем кај дете немаше ефект, потоа и јас кога настинав на мене го испробав исто не осетив никакво подобрување. За дете земав млеч за имунитет и сум презадоволна, а за време на настинки спреј прополис и тоа му помага. Можеш дс го испробаш на природна база е може вас ќе ви се погоди, знам беше околу 800 900 денари од зегин го земав - ова за ацидосалус
Дете конечно заспа, се предаде кутриот цело утро нема застането. Ме потсеќа кога беше бебе, со рачињата кренати на горе Ај, ај почна да ме фаќа мерак за бебе а си бев зацртила некаде другата зима да си пробаме среќата Поарно ќе биде да си ќутам, да не ја разбере работата мм Другата недела синко тргнува во градинка, го подновив со нови алишта а и тие што ги има треба да ги перам, пеглам. Исто и патиките, чаршафче, перниче... Маж до касно на работа, имам црвен патлиџан кај и да е треба да го фрлам, за вечера ќе направам сос со мелено, таман ќе го искористам патлиџанот а и синко обожава шпагети. Готово, и вечера измислив @24.07 и јас заради истата причина избегнувам да оставам дете на друг (освен кај една комшика). На 2год. дете ќе го прашува ти се јаде ли? Ретки се денес децата што си јадаат со сласт. Моето има скоро 4 год. па ако не го седнам, нема да јаде. Се случува да го оставам и кај сестра ми освен пица, паста или паштета друго не му дава оти треба таа да му дава. Исто и свекрва ми, вика леле тоа дете јас не можам да го хранам, не сакаат да се замараат. Треба 1 саат на хранење да изгубат
Добар ден. Малата заспа врз мене и не сакам да ја ставам во креветче, нека си спие врз мама. Сабајлево во градинка плачеше. Ај нормално е, ќе разберам. Ама преска отидов до град и ја викнав прабаба и' да ја почува еден саат, дете кога виде дека заминувам почна да плаче и да ги тегне рачињата кон мене. Душа мала, срцето ме боле кога ја оставам а гледам дека плаче по мене. Јас денес бев пак на интервју, трето по ред. И на мене се чека одговор. На струка ќе е, како што сакав. Да дојде мм и ќе разговараме ама 100% сигурно дека ќе прифатам. Многу сакав да почнам со работа, ама сега кога ја носам малата во градинка и кога гледам како плаче по мене и ме бара, целата де вознемирувам и дури солзи ми надоаѓаат во очите. Сакам бргу да помине овој период на адаптација, да не гледам солзи во нејзините очи. Цел ден си ја гушкам и и' кажувам дека мама е тука и никогаш нема да ја оставе. Уф, многу ми е тешко. Се расплакав дури. Ама мора така да биде. Сакав да почнам да работам, да не седам веќе дома, ама сега кога сум на чекор до тоа се чувствувам не знам како, лошо ми е, имам трема, нешто во стомакот ми се случува. Ама пак ќе кажам, мора така да биде . Поздрав мајки
Здраво мајки Да честитам родендени со задоцнување. @Belabelinakinder среќен роденден на имењакот наш да е здрав и жив @karibian среќен роденден на Дамјана да е здрава и жива Имам многу за пишување ама некако ме мрзи Седам и одмарам додека синко спија, го чекам мм да си дојди па да прошетаме малку. Овде многу залади, извадивме зимските алишта на планините снег си врни. Дојдов само да честитам родендените. Имајте убав ден
Добар ден мајки. Денес последен ден од одмор. Од утре се враќам на работа. Затоа сега уживам максимално. Кај моите на ручек, на татко роденден. Што убаво ми дојде ем готов ручек, ем кој да позанимава дете. Ене ги сега со татко му спијат во спална, мајка и татко гледаат некоја серија, а јас конечно да украдам момент на раат да пишам. Одморот си заврши. Во глобала добро поминавме, со мали нервози, ама тоа дека јас будала. Дете до последниот ден стигна до фаза да не сака да излезе од вода. Плива, шлапа во вода и цело време се кикоти. Среќа мајкина Местото (Торони) незнам дали да го фалам или не. Уште и мене не ми е јасно. Од аспект на локација на апартманот, прирпдната сенка пред куќа одлично. Не ми се допадна што имаше многу улични кучиња, незнам од каде. Во грчка секогаш само мачки сум гледала, а ова ми беше ново. Не дека не сакам кучиња, ама улични, на плажа каде дете треба да игра(да не кажам колку песок се изнајаде) баш и не ми се допадна. А и незнам дали нас не спопадна или стално е така, ама обавезно имаше дел од денот со ветер и бранови. Како и да е за прв одмор со бебо супер поминавме. Бебе се изнаспа во количка во природна сенка, а јас замислете успеав и книга да прочитам Мундисал да не ме мислите успеав да купам. Ама друго ништо. Дири ни лидл немав среќа да го нападнам. Дента тргнавме рано за дома, а тој во никити од 11 отворал. Ај викам таман тој пред граница ќе го пљачкам, ама тој воопшто не работеше И така сега ќе напаѓам по Скопјево. Прееска веќе нападнав. Во котон си купив три за две (две кошули и пантолони за на работа, плус три ланчиња - ова дека немам дома бижутерија да отворам, ама кај едно, пауште едно, а третото за 1 денар). Селдно напаѓам за синко. Утре на работа, па за пауза ќе нападнам низ рамстор молот. Окаиди и онака меркав па синко ќе го подновам од таму. Да не заборавам да честитам родендени на малишаните на @Belabelinakinder, @karibian Честитки зет на @emkaemka @kukla21 со лесно нов почеток. @galapce ви ја посакувам целата среќа. Може сега не ве огреа сонце, ама се надевам во најскоро време ќе грее силно сонцето и за Алек. Среќен прв училишен ден и прв ден во градинка на сите кои почнаа овој прв септември. Инаку муабетот со почит кон мајки со деца ич да не почнам. Попрост народ не може да сме. До сега само еднаш имав позитивно искуство и тоа жената не само што ме пушти туку и ѓи искара сите пред неа да ме пуштат да пројдам со детето. Сите други ситуации да ги потепа човек. Особено во една локална пекара. Додека бев на трудничко, со дете едвај се доспремав да излезам низ врата. И нормално доручекот мој за на улица остануваше. Абе еднаш не ме пуштија преку ред, а по 10-15 пензионери гужва прават Ај да испијам кафе што ми го направил татко ми па да се дадеме на шетање со малиша. Имајте убав ден, па ќе се пријавам од утре од работно место.
Утепана сум денес Ама ако.. Деновиве и така врват битно е колку ќе успееме у нив У лидл има вреќички за спиење да ви кажам јас му земав на малиот ако стигнам ќе сликам 10 евра се Преска бев блиц сама со дете дал да пазарам или да го молам да седне у количка на крај се качи у неја и изгаси све што купив тост се сторија работите И така со брзина на светлината испазарував некако со него и назад Едвај чекам викенд да дојде да се видам со маж, дома е као демек ама исто ко да не е дома работи по 17 часа на ден. Овде пак затопли па вечерва донесов вентилаторот да врти Лека ноќ одам да си ги гушнам додека трае, нозеве и така ме болат од одење као коњ по цел ден
Баш пред некое време помислив на вас, па прочитав во др тема дека сте во Турција. не се разочарувај, мора да се најде донор, се ќе биде во ред. за најубавиот дечко на форумов. Не сум пишала одамна на темава, почна школо големиот, се спремам психички малово во градинка да го пратам. Зверка е пресмешна, уста не затвара неможеме на ред да дојдеме од неа да кажеме нешто , важно добри се Поздрав до сите
Добра вечер и од мене Деца заспани а јас незнам што од досада Јадев сладолед,каснав блачко а освен доручек денес ништо друго,се до сега Вчера се запнав со чистење па го светнав станов И прозори и врати избришав и се што беше за пеглање испеглав Башка ручек,трчај по деца цел ден Кога се разбудив денес не можев од кревет да станам Ми се воспалија мускулите,боли,ужас Едвај некако спремив доручек,едно дете, друго дете и кога почнав по скалите мислам се парализирав од болка Не знам како заминав во градинка Чисто стоеше дури не си дојде Могли,врати мрсни,на прозорите рачиња,куќа хаос Го прележав цел ден дека вистина не вреди да вложувам онолку труд за нешто што нема ни 24 часа да трае Одењето и враќањето од градинка ни е прошетка денес Сабајле мм ќе ме носел во њујоркер па си реков ќе чувам сили Нејсе и тој бара сега да оди таму секој трет ден умот во њујорокер му е Макар на раат ќе шопингуваме Од Могли секогаш брзаме да излеземе само и никогаш како треба да разгледа човек Таа среќна и задоволна во градинка Денес не сакаше да си дојде дома,и се закачи на воспитувачката и ми вели чус мама Таа кутра рече дома ќе си ја носела ако ми речеше уште еднаш ќе и ја оставев на една вечер,мајке ми Друго се исто мајки,уморна сум и не спиена Мали ќе вади забчиња па весело е,ете зошто не спиело дете Уште малку ќе му дадам млеко и ќе се паркирам кај нив Имајте добра и мирна ноќ
Добро утро. Ми се тргна ходникот од глава,сега на ред се другите соботи.Вчера да не му се моткаме на мајсторот пред очи излеговме до малскиот парк со комшивката и нејзиното детенце. Деца трцаат едно налевово друго надесно,малку поиграа со топка,а и ние си помуабетивме. Три дена по ред како заспивам пред дете,уморот си го прави своето.Перење теписи,ручек за мајстори па за синко,некоја машина за алишта да пуштам/спружам/соберам.Бришење на врати и каси.....Капак на се, ме боли главата исто три дена,треба да ми дојде за ден-два незнам како ке работам Да си пукнам .Но најлошо е што ни апче за болка не помага ни па витамини. Сите околу мене ми зборзваат како сум била ослабена.(забележав и јас ми пагаат пантоломите).Деновиве кога ке појдам кај мајка ке ве известам колку килца сум намалила ,се надева.сум на посакуваната бројка. Пред некој ден поминавме до кај кумовите и најстарата кума ми вели: Многу ми си ослабена и на лице ми си бледа. А пак мм вели да помини зимава и на пролет ке се поправи и да сака и да несака. Дали има некоја мајка како јас што има заборавено како изгледа фризер.Косава ја немам скратено 1 и пол .Морам да ја намалам до г*з ми е,од што ми е предолга неможам пуштена да ја носам.Во план сум до роденденот да ја пострижам ако ми остани време. Чекам синко да се раубуди,ке одиме да платиме сметки.... Одам кафе да пијам,бујрум
Добро утро. Јас будна бањата. И сеуште косата не ми е исушена да не му брчам на Шефот . А синко спие сеуште. Се токмам неколку дена да го водам во градинка но пусти маки а како ли ќе му бидр без мене а ова а она и се си одложувам. Ама тоа е дека немам работа и немам некоја друга обврска. А да имам сигурно нема да биде вака со одовлекување. Туку мм ми ја собрал мојата лична карта по грешка и сега сум брз документ. Па затоа под казна е мора да оди Њујоркер,Примарк,ХаЕм и од Лидл да ми земе некои бендисани работи ама ич не ми е гајле колку ќе се потроши! Барам убави тренерки за мене и синко шушкавни по можност и адидас да бидат. ама кај да ги најдам кај нас нема никакви аслни тренерки. Кафето конечно го пијам на раат ама овие рибите пљацкаат и на живци ми одат ќе треба водата да им ја менивам. А колку само гадно мириса од таа нивната храна. За гости закажани па не дојјдени ми се случи еднаш само и толку ги игнорирам вееќе и не се замарам а исто така и мразам кога некој ќе се најави уште од сабајле дека ќе дојде а не кажува кое време и така јас цел ден си тапкам во место а можам меѓувремено милион работи да завршам. И си се нерврам коа и кога ќе дојдат. Поздрав.
Добро утро мајки И јас на утрински рапорт со кафето до мене. Стандард, две во градинка, маж продолжи на работа, јас и најмалото дома. Куќата ја чуваме, да не ни прооди .Во 06 пиеше млекце и какаше, па ќе дочекам 09, евентуално малку порано, за наредна флаша, па да се фаќам за работа. Денес еден рид алишта ме чекаат за пеглање.Ако успеам за 3 часа ќе бидам среќна. А гледам кнап сум со време, на две на три, тоа за дома секако не пеглам, ќе кратам и од тие на мм . Најпипава работа ми е додека вратам се по плакари, посебно на децава работите. Кое на која е, па во точната фиока, делче од преградата, пипава работа и многу време ми одзема. Ручек ќе биде мусака. Имам компири имам мелено, јајце и кисело млекце за на крај....ќе биде превкусно. Плус, свекор и свекрва ќе бидат на ручек. Му рекла на мм они средново ќе го зедат од градинка. Кога ќе размислам додека се они тука ќе распределувам алишта во плакарите и ќе си ги раскренам на раат. Да искористам бејбиситинг. Убав ден мајки. ЈАс ќе зиркам на нет, да разбијам досада, барем гостите додека не дошле
Убав ден! Пишувам од најмирното место, раат без други довикувања од страна и прстиња да ми типкаат на моб, вц Во план да почнам со генералка, дали ќе се оствари ќе видиме. Вчера имавме убав ден, бевме кај моите, после го однесовме синко во центар за странски јазици, имаше презентации и запознавање. Мајки, иако моето дете има интелигенција, талентирано е, колку само се разликуваше од децата кои одат повеќе време во такви установи. Згора на се, има широк спектар на познавање на англиски зборови, се што слушна таму, веќе го знаеше, ама инат голем, уста не отвори. Концентрација никаква, ме гледа само мене во очи, не го почитува авторитетот на учителката и да не набројувам. Му викам на мм, во план ми беше да оди во дневен престој по 3-4 часа есенва, ама сега сум цврсто решена дека мора да оди. И покрај мојот труд, едно е како јас влијаам на него, друго ќе биде кога ќе излезе сам во непозната средина. И така, еве почна да тропа на врата, сака нешто господинот Ве гушкам!
Добро утро Од мене по еден коктел, има за сите. Се вработив .Денес прв ден, втора смена. Се осеќам како прваче Ја оставив малата во градинка и треба уште малку да ја земам. Измив садови, расчистив по дома, се истуширав, испеглав бел мантил за на работа, апнав малку, ставив на малата месо да се вари, се во рок од неполн час. Сум била брза и јас. Сега кафе пијам. Пак во градинка расплакана ја оставив,нормално е, се тешам ќе мине. После ќе си играме и дури вечер ќе се видеме. Ќе дојдат со тато по мене. Посакајте ми среќа мајки, се да минува во најдобар ред. Имајте убав ден
Добро утро и од мене Го успивам синко уствари се научивме на перница сам го пие млекото и така заспиваат двајцата што е доста олеснително бар нема нишкање. Дада во градинка, со плачење се разделивме ги гледа новите деца дека се со родители и јас да сум била внатре со неа вчера и ме барала а шро убаво си одеше вез проблем,ајде и оваа фаза ќе помине.А попладне кога сме дома се влече по земја, па во раци да ја носам, брмче демек плаче ,бучи цело попладне,татко и во раци да ја држе стоејќи не му дава да седне и уште многу глупости имам да пишувам... му велам на мм полесно ми беше кога не одеше вградинка бар послушна а вака додека да дојде мм од работа тие 3 часа маста ми ја вади. Имам трпение не ја карам,ајде со убаво ама кај нас не мине така кога ја плеснам и ја скарам веднаш друга песна пее. Не мајки ова не е жалење,,само го опишувам своето секојдневие,искрено уживам во заедничкото време,нема нервози ,туку смирено со децава...знам дека е фаза и ќе помине.... да јас ова го пишувам иако пред неколку месеци бев доста нервозна се жалев и тука но ете тоа е зад нас го пребродивме.И уште нешто мајки со две деца кои се со мала разлика,до годинка издржете после се полесни за чување а посебно кога малото ќе прооди. Се распишав одам да собира хаосот низ дома и даа сварам едно кафе , ручек макарони и пржена риба. @forumce со среќа работно место, јас досега над 30 места аплицирав и сите ме одбија ,ваљда нешто подобро ме чека
@forumce среќно на новото работно место, ти посакувам многу успех и најважно, задоволство во твојот работен ден. Денес од времиштево сум како млатната, втор ден добиено и почетна настинка некоја. Единственото нешто што ме интересира во моментов е да одам дома да се избањам и да си легнам. Како на филм да си го гледам денот, ептен сум за никаде. Само децата да ми се арни, јас ќе се средам со некое андолче и чајче.
@karibian срекен роденден на малата голема да расте. @emkaemka Честитки за зетот! @galapce од се срце посакувам што побрзо да ве огрее сонце,сето ова да остане зад вас.Гушки до Акекче. @forumce со срека работата Дете заспа,одам да правам ручек се читкаме....
Добар ден мајки Ние имавме една хорор епизода со мм, тешка операција ненадејна, болници, чуда... Не би да зборувам за тоа, битно добро се заврши. Дома сме заедно, јас се грижам сега и за бебе и за мм, раскостена сум. Небитно, само да се добри и двајцата. Од памет се извадив, изминативе 5 дена главата не знам кај ми е, ама полека се стабилизирам. Што не било, ќе биде и ова, трпение само. Оф колку можат вакви ненадејни работи да те извадат од колосек... Живот ми се скрати. За момент заборавив која сум, каде сум, што треба да правам... Сепак, сега стојам цврсто на земја, балансирам добро, гледам да се згрижени и фала богу се враќаме во нормала полека. Бебка е добра, ене ги спијат со татко и, а јас и правам ручек и пишувам. Да наранам бебе па да тркнам месо да купам за неа, немам веќе. Куќава ќе ми прооди, ваков хаос никогаш не бил, ама ми е гајле. После тоа што го помина мм ги ценам и уживам во моментите кога сме тројцата заедно, за друго не ми чуе (со извинение) во моментов. За неполн месец почнувам на работа, во меѓувреме имаме крштевка на кумашинчето и така. Напорен период, тежок, ме истреска убаво од земја, ама не се давам никако. Никој ништо не ни може Негативен пост од мене денес, морав да се олеснам некаде додека не сум се распаднала, ама собирам сила и стојам на нозе, тука сум само за нив двајца и засекогаш ќе бидам Арни сме, ќе бидеме и поарни со време и се ќе биде во ред. Ве поздравувам
Да има само убави вести на темава. Денес беше денот за прва вакцина во живот и прва кашичка во живот. Лесен датум за паметење на татко ми му е роденден. Хаха. Урлаше малиот, за БСЖ го држевме стиснати раце, нозе, глава да не мрда, тој пишти, а после некоја минутка и во бутче за Хеп.Б. Душиче. Следна за 2 месеца. Дома расплакан и изморен изеде 4 лажички кашичка и испи 160мл млеко..измрцварено курле. Заприметив буден ме зеза со јадење едвај 90-100мл, на спиење/полуспиење си јаде 130-160мл. И јас утепана од времево, среќа мм слободен, па ќе се мењаме, еден спие, друг рани и тинтра бебе.
Не се препорачува прв пат кашичка или воопшто каша со овошје или зеленчук кое не е воведено на ист ден да се даде со вакцина за ако има реакција да се знае од што е.