Ова е тоа на раѓање што се прима, ние не примивме, зошто предвреме родено. Баш прашав дали може, и сестрите и докторки на вакцина и матична рекоа може слободно, нема од овие реакција, нели бебе почнувало со млеко по раѓање, баш со тие зборови. Ме замисливте сеа.
Добар ден. Седам и црева ми кркорат, деца спијат, мм ке одел со пријател да регистрира кола после раб, а мене сама не ми се јаде, ке го чекам синко да стане и да јадам со него, касно заспа денеска и жал ми е да го будам, па вечер ке се журкаме. Станавме во 7:00 сабајле, збеснаа за рок од 1ч и земав ги спремив и во 9 излеговме на улици, љуљашки.. како божем да се изморат, па да спијат... Многу ме нервираат некои луѓе периодов, со реченици.. сама сум си го барала, што сум мислела како ке биде со две деца мали, ти реков да почекаш итн... Дури и од матичната тоа го слушнав дека имам проблем чатпат со стомакот, па ми залепи слаби ми биле мускулите, што сум очекувала после две деца... искрено арно не сум слушнала некој да ми каже. Прв пат сабајле од една женичка во маркет слушнав: леле браво што убаво вака си родила две на мала разлика, златни биле.. Па ми дојде конечно една насмевка на лице. Да знаат нит што поминуваме, да ме прашаат како сме не прашале, битно да ми кажат дека тешко ми било дека мала разлика биле, хах. Утре на мм роденден му е, поима немам што да му купам, па ке купам торта една, свекички, капи и свирчиња, па после работа ке го изненадиме со пеење happy birthday Бебе само капа ке има и со свирчето ке си игра, јас и синко ке пееме @forumce со лесно на работа, многу успеси и многу пари Ај одам да се растропам низ кујна, да раскревам, па ваљда некое дете ке стане од спиење Ми удри лајк и ме потсети, сакав и тебе да те тагнам.. @Mari* многу ми е интересно што ја викаш малата Могли хахахаха Ама стварно како Могли во женска верзија е
Добар ден и од мене, кај мене нема ништо посебно освен одење по дете и прашување дали ти се мочка, дали ти се кака.. Ден 4ти за мочкање почна да кажува мама моч и тоа на секој 10мин, валда му е интересен отпосле ритуалот, мене уште од сега ми е преку глава а назад ми е зимата. Излегуваме на кратко приквечер и тоа со памперс уште не се охрабрувам за без. Со мм денес се искарав за глупости ама не попуштам, најмногу ме лути кога нешто што го мачи ми го тупи по вибер како да не ќе се видиме дома да се разбереме. @mariz и моите ќе се мала разлика 2г и 4-5месеци и уште од сега стравувам, мама пак теши така било поубаво зошто ние сме 4 и 8 год разлика, па само што ќе кренела мајка уши од пелени и бебе ајде се јово наново и така до три пати. Нека се здрави и живи секако додека потпораснат е тешко па колку и да се разлика
Хелоу мамаситас Синко е доле баба му го рани вечера, а јас си лежам и јадам сладолед. Денес денов пренапорен ми дојде многу се преморив на работа да ви кажам искрено така да сигурно кај 9 со синко и јас ќе заспијам одма. Синко нешто од вчера почна да ми поткашлува, три дена во градинка и одма кашлица. Денес случајно видов една слика од една градинка како дечињата спијат, дали знаете дека спијат така голи непокриени и после се чудиме како настинуваат. Се надевам дека кашлицава ќе помине брзо само. За муабетов за разлика во години помеѓу дечињата јас сметам дека една година е мала разлика, а три години е идеална разлика за дечиња @forumce со среќа на новата работа Синко дојде одам толку беше од одмарањето
Остај непокриени, и прозор ке отворат да ги дувне промаја малку. Ова другарка порано во автобус се возела и муабетот го заслушала на најверојатно две вработени во градинка: еднава рекла... леле сега после нова година колку многу деца ке има, сите ке дојдат, тешко нас и другата и рекла.. ај бе ке се испотат и прозор ке им отвориме Да не зборам па за стрептококата... таа мислам неможе да се искорени од градинка скроз. Бев сведок на ранење со иста лажица, цуцла една си вртат во јасли.. Мојов од Октомври најверојатно ке почне пак, повеќе од 4 дена нема издржано, 2-4дена и болен.
Добра вечер мајки Деца испозаспаа во 20.30, си пуштивме филм со мм, ама и ин заспа Да отспие една рунда барем, па ќе го прибирам за во кревет. Кога добив позитивен тест за третото првен кажав на мајка ми. Првиот коментар беше дека сум без контрола. На мм му реков немам сили за коментари од тој стил и од неговите родители. На само он им ја кажа веста. Не ни прашав за реакција. Знам дека мајка не ми мисли лошо, ама некогаш јазикот побрз од паметот. Потоа и јас икс пати чув дека знаела колку ќе ми биде тешко, дека затоа така рекла, дека не мили лошо... Останати не мора да кажат. Кога шетаме не гледаат со сожалувачки поглед, ко божем они ми гледаат или ранат деца. Уствари може и тоа мислат. Сека само деца правиме и државата не рани. Премногу осуди. Инаку првата и втората се 1.5 год. разлика, втората и третата 1год. За 2.5 години три пораѓаи. Арно и волку се држам. За четврто нема да ми текне Градинката ок за сега, барем од аспект на адаптација. Големата почна во нова од пред некој ден, исто, без проблем. Денес дремнала малку на земја, во градината. Од песокта ја разбудил мм и ја зел. Но тек допрва вирусите и бактериите ќе почнат. Лани аир не видовме. Стана човеков. Тонот од тв беше прегласен, мисли не приметив дека спиеше Добра ноќ
хаха можам да ја замислам сликата. Вака кај нас да си најде дете некој заспано во двор во градинка ударна вест ќе биде . Срцка се уморила. Дани искрено кога те читам се задишувам како јас да сум се уморила, сигурно многу од нас си помислиле читајќи те со кој памет на толку мала разлика 3 роди ама што викаш божем други ти ги ранат и чуваат. Во секој случај алал вера на енергија и издржливост, мислам дека бар уште 1г и ќе ви биде многу полесно, ќе си бидат банда за дружење женските и никогаш нема да им биде досадно. Ја ги урочив вчера кога реков важно се арни, еве го зверче па нешто ми е килава со температура. Демек ќе тргавме у градинка она дома ми се разболе. Само лесно да пројде овој пат, аман веќе Да поспијам малку додека спие и е поарна па ќе дежурам после
Добра вечер мамички Да пишам и јас пред да потонам во длабок сок Вчера не успеав да пишам, па пишете ми минус Денес денов обичен, ништо посебно не се деси освен што скрстив 4ри корпи алишта и тоа за некој половина час Станавме сабајле, минаа сите ритуали, во спална, бебе на кревет, дадов играчки и тон глупости (токен, новчаничиња, ташна, лабело..) зборев и пеев повремено и како струја крстам алишта и одма сортирам во плакар Толку време имав, па не успеав да сменам постелнина и кремите од одмор да ги поспремам, ајде можеби утре Ручекот ми беше хаварија Мајка ми дала едни стари кокошки кои се преработени, односно од фарма па носеле што носеле јајца и под ножот, па за некоја смешна сума ги продаваат (2 за 50ден или една беше за 50че не знам). Па купиле пакет од 20тина моиве Прва постапка се одмрзна, не беше асално исчистена, ајде ја средив, пикнав да се вари, зовре една вода, фрлив, ајде во втора, се вареше 1.5ч, си реков да ја раскомадам и ќе се довари во манџичка. Ставив на послужавник пробав со вилушка нејќе да се откине парче, со ножици јок, гледам саат, ништо за ручек не ќе ја биде. И собрав водата и направив ориз. Ставив нова вода и викам дури спие бебе нека се вари па супа ќе правам. Се вареше некои 4ри часа, ГУМА, ни можеш да одделиш мевце ни ништо Баталив реков кучиња ќе мезат Седнав да јадам, ставив од оризот, еден залак, втор.. кога ме фати нагон за повраќање, кога ми се згади, ми текна на жилавана кокошка баталив, каснав салата и лепче. И оризот отиде кај кутките Мм не остана гладен, видов дека не ја бива па му испржив свинско мевце Прееска и се жалам на мајка, она па ми се фали како се изнајале Нас ич не мора да не викаат на таков ручек Леле баба ми Правела сестра ми торта и мајка зела од тортата и се симнала долу да и однесе и да и каже за прстенот. Женава лежела, кога и кажала мајка ми рипнала, во еден здив голтнала тортата и почнала да се крсти и да вика ,,фала ти Господе, сега можам да умрам и да не ми е криво,, Јас на кој и да кажам добивам фидбек ,,редно беше,, Туку прееска на шетање влеговме во продавница да си купиме сладолед и продавачката бебе ми го нарече магаре, па кај еднаш рече, па 3пати повтори Сакав да и спискам дека он е принц од кај па магаре, ама ја знам каква е удрена, па си преќутев Леле а и кажувам на мајка дека ми го увредиле бебе, а она па ми вика ,,е ако подобро така него ли да го урочат,, Аман бе мамо, аман више Ај па свеки прееска Месото го мрзнеме долу кај неа, има онаков за длабоко како комода. Идам завчера да си зедам и секако со бебе во рака, а тој имаше цуце и си играше со него, па му падна и како падна пропадна. Барај, барај по тоа ќесите, не и не успеав да го најдам, па баталив, ионака нови купив. Иде прееска свеки цела задишана со цуцлата во рака. ,,Леле Емка цуцлава на бебе е?! Па знаеш ли каде сум ја нашла, па кој ја ставил таму..,, Абе цела паники и објаснувам јас што како па и олесна на жена. Што па она си помисли Инаку цуцето отишло во ќесето со кременадли А и да се ,,пожалам,,. Бебе упорно ми го прават девојче, нема некаде да отидеме, а да не ме прашаат за пол, а првото секогаш им е дека е женско, па кога ќе кажам добивам речиси секогаш одговор дека има женска лепота, а не ретко ги лажам дека е женско Не ми личи на девојче, што знам, ниту коса има нешто голема, не го облакам во карнери.. еве на знам Аииии бебе колку се радува на кучиња, како заразно се смее, душа на мама На моите кучето го обожава, уште не сме влегле од капија он одма рипа од количката и се врти накај боксот. А тие па, кучето Мина го крстиле, Мина бе Јас ја викам Мина балерина На домашниве кучиња исто се радувам многу, ама машкото покажува љубомора и само го лае, па бебе се плаши и не ги дружам Додека на папагалот упорно и упорно му бута прсти, леле колку ми е страв да не го касне На рибите им лупа по стакло Мачка немаме. А да и на зајчињата што си ги јаде им се радува до подмочување Инаку дома ми е чисто Вчера дојде женчето рано, рано, па како она дојде ние низ врата. Ми текна дека многу тука Њујоркер го спомнаа, видов колку е саат, ааа викам и јас прва ќе сум и во продавница и на каса, само нели во МК. Никат не влагам таму и сега знам и зашто. Едвај еден чекор пуштив, кога ме удри една ареа, абе да повратиш сместа па одма свртив количка и да ме нема. И да, не ќе бев прва ни внатре, ни на каса, косовари вриеше Имав време и ги обиколив сите продавници, ѕирнав и по попустите, односно по останатиот партал и не си бендисав ништо уствари верувам дека не ми беше денот освен ми фати око еден џемпер во Манго, ама така ми беше склетно па ако го натнев ќе експлодирав, а чудни ракави имаше да се купеше без проба Сега ми текна @elcezelce која е таа книга, дај кажи, може е некоја по мене пишана, некој ми ја предвидил иднината А среќно ли завршува @forumce новчаник полн пари Викаш бел мантил?! Докторка, фармацефт?? На сестрите им качиле цели 5% ама не рече униформа Доста пишав, го слушам мм лупа, па да идам да проверам до каде е со раскомадање на зајко Плус и да си каснам нешто, не ме држи ручекот Убава вечер, слатки соништа
Добро вечер За второ дете не сум помислила а се си мислам дека нема ни да помислам Тоа ми е теоријата праксата ќе видиме како ќе е. Под прашањето " зошто " имам многу " затоа што " кој што ќе си ги оставам за себе.. Искрено мене ме радува секоја бременост на било која личност Дали е блиска далечна или од форум и не, не ми е битно која е по ред ако било кој си одлучи како му одговара на нему која сум јас да се истезавам со беспотребни коментари .. Секој со своето на крај од денот Кај нас се по старо, сеоојдневни обврски и исчекување на викенд Желби еден куп ама само желби за сега Едно нешто што си го сакам и ценам ми е мирот дома со детето и маж ми тоа максимално ме исполнува Добра ноќ
Здраво друштво . И јас да пишам кратко пред да заспијам . Син ми заспан,јас серија си гледам . Уживам во овој период од денот .Единственото време за себе, а понекогаш споделено со мм За второ дете едвај чекам Периодот кога бев бремена ми беше преубав . И секогаш им 'љубоморам' на жени со мешиња. Јас сум спремна , кога ќе даде дедо боже тогаш. Многу сакам близначиња .МНОГУ Ама за тоа малку потешко иако имам 2 пара близнаци во фамилија први братучеди . За разлика секогаш сум сакала 3 или 4 години. Како што си мислев ништо од моето шетање во Солун . Пак презакажано за некој ден во текот на наредната недела . Ќе си пукнам Во понеделник ќе го носам син ми да го вакцинирам . Над глава ми стои таа обврска како чвор ! Ме наболува грло . Многу сум осетлива значи!малку ќе залади време и одма настинка . Имунитет 0. Денес синче шеташе со мм јас средував низ дома. Биле во дежа ву се возел на тракатанците. Па играле гол(во на син ми јазикот -фудбал) позади зграда . И тоа мајки ,немам нешто посебно да си кажам .Секојдневие .. Убав сон на сите дечиња
Со последни сили пишувам. Волку умор никогаш во живот не сум сетила. Барем ја спијам сета вечер. Кога ми текна како кога беше бебе-бебе не спиев воопшто. Неколку пати доаѓам до заклучок дека доволен ќе ни е тој. Незнам и годините си ги имаме, кога второ, кога нерви за него Маж ми уште во болница ми рече. Сега некогаш кога ќе спомнам, ми вика немаш нерви ти за уште едно. А тој е потрпелив. Му се нема развикано на бебе и кога е најневозможен а јас пак знам да повишам глас Некако нејќам дружби со пријатели со деца . Сите неискрени, све нивното не правело така а и не ми се објаснува што како за моето. Најубаво ми е сами. Другарка ми вчера дојде со двете деца. Кашлаа апла. Демек трчале и викале затоа. Попладне ,во лифт, нивниот матичен ми е комшија, ми вика беа на лекар сабајле, избегнувај ги малку,длабоко кашлале Е ми падна криво. Многу. Друг па, шо сме купиле точаче, дури на 3години ќе возел. А он му има купено цела "вселена" на синот.Ами не требало така Од искуство ни кажувал. "Шо сте го научиле во раце, ние нашето не"-трета случка за трет ден. Не викнаа во кафана да частат за кола, им кажавме нашето не седи по кафичи,кафани дајте дома ќе почастите кафе. Ама не.Бебе ми поплака, се испожали и одма разгалено било во раце, не требало ! Се покајав што појдов. Ме замараат вакви родители. Малото место палента,јадеше јуфка со урда за вечера, му донесе баба му, сега и тарана ќе му прави. Изеде полна чинија и само вика -ам Сега ми е страв да не го боли мешето Утре на работа, викенд во Охрид, така испланиравме па здравје. Имајте убава ,мирна вечера едит- @forumce ,се израдував Многу успеси,честитки!!!
Добро вечер и од мене. Јас во вц стандард маж на работа синко спие.Тешки се овие тантруми стварно тешки.Додуша незнам дали се тантруми зошто се постојани а не два три во денот,помешани со инаетлив карактер е еднакво на хаотични денови.Па и сама се справувам со нив,со дете во стомак.Уште кога не наидувам на разбирање од околината ми доаѓа да пукнам.На пр моите си увртеле во глава детето било за на бајачи,и им реков јас не го носам а вие повелете носете го кај сакате.Па тоа некоја агресија во него пропратена со мавање штипење гризање ама знам се ќе помине.Многу знаат да кажат вие така сте го воспитале сте му допуштиле па ќотек требало ма нека си бркаат работа не се замарам.Сите што се прават паметни ќе ги видам какви ќе бидат за нивното дете. Инаку за муабетот со мала разлика две три деца го делам мислењето нит ми ги чуваат нит ранат.Ние најискрено се решивме за второ зошто осеќав како првото ми е многу осамено и не сакав да е таква разлика како мене и сестра ми цели седум години.И кога ќе ми речат е како ќе издржиш така убаво Господ ќе ни помогне.Свекрва ми се убив слушајќи ја како ми вика ќе ве видам како ќе издржите сами бла бла...Место да дојде да си го види внучето.Ама ете како така сама скроз си го исчував ќе го исчувам и второто.Само они нека ми се живи и здрави а бракот да ми остане нормален.Кога ќе помине бурниов период знам ќе ни е уште поубаво.И така муабетов ми е повеќе за во снаите и свекрвите хахаха ама нема везе ја да си се искажам.Инаку овој малиша во мешето е побесно него првото што значи кога ќе се роди ќе е умно(така си давам кураж) Имајте убава ноќ гушкајте се и галете се
Добро вечер. Еве и јас да се пријавам и одам во кревет. Морам да кажам браво за мм. Денес прв пат цел ден се чуваа со синко сами. Јас имав ептен трема како ќе поминат, ама поминале и подобро од што можев да замислам. Толку го имаше уморено што попладнето спиеше од пред 4 до 6:40. Мислев вечерва ќе е журка, ама за среќа ене го спие веќе цел саат. Добро прошле и со јадење. Се изручал од доручекот и ручекот и млеко пиел и лубеница јадел. утре ќе сум пораат дека пак ќе се чуваат сами. Инаки синко од пред некој ден конечно научи да вика и тато. Уствари тата вика, ама така мило го кажува, да се стопи човек. А и кажува како прави кучето и како прави мачето. И каде е коњчето. Веќе е станат закачко. Ако едниот го држи, другиот му вика ќе те фатам, тој целиот се кикоти и се пика како да се крие. Се распишав пак, ајде да одам да видам ручекот за синко за утре до каде е и да фаќам кревет. Имајте убава ноќ. Едит: @forumce честитки. Само успеси.
Уф седнувам да се соземам, дете ми скрати живот за 20години, несакаше да вечера ајде една банана касна со молење, зедов грозје за мене ајде неколку зрна му ги расеков на 4ри извадив семки јаде и тоа. Влегов еден туш да се освежам синко со мм, отвориле чипс, патос од тие пченкарните, јас од нив се закашлувам. Не поминаа две минути слушам мм вика по мене излегов гола само бањарка на мене, дете кашла, па занеме пребледе, свртев на колено тапкам по грб и почна да повраќа во млазови, може преку 10 пати поврати едно по друго, додека почна боја да му се враќа и глас. Па кога се созедов видов дека тука се свекор и свекрва јас гола така тасма. Умрев го зедов со мене во када го искапив го средив еве го до мене го гушкам. Со мм се допарчосав од грозјето повратил ма немој а сто пати сум му рекла не јади чипс пред дете бара и тој а нема потреба од тоа, не дека неможе од се да се деси, ама се упрпа и тој па зеде да се правда, сега сум сигурна дека уште еднаш нема да му текне да јадат чипс добра ноќ, се одјавувам јас имајте мирна вечер
Добровечер друшки Сабајле ги разбудив и двајцата и ги спремав за во градинка.Малото во точакот буткам а батко му за раче. И кога стигнавме кога викнаа да рикат оди па ги смири.Оставив прво малото па носам големиот,сега има нова друга група.Кога се фати дете со раце и нозе за мене и се гушка цврсто урла вика ука ауу оооф нее мама аааа ииии.....леле си викам што му бидна сега до сега вака не правел.Зборам ама не ме слуша.Вика се дере на цел глас. И воспитувачката и новата и старата му зборуваат не бре не слуша само урла мислиш ќе го колеш. И некако го зема таа новата млада нашминкана учителка,мислиш ќе оди на диско,и го внесе внатре.Јас стојам надвор.Прво почна да мава со се и да се тепа со децата.Дури едно почна да плаче.Тоа траеше 20 30 мин.и се смири. Постојав надвор уште малку. Излезе госпоѓицата и кажа дека е ок.Ако има нешто ќе ми се јави. Си отидов си средив по дома завршив обврски. Во 12ч отидов да ги земам заедно со мм.Малото си играше. Кога не виде тогаш почна да плаче. А големиот ручкаше. И цел ден не сакаше да спие.Па шетнавме малку до браната кај нас до водопадот.Се истрчаа убаво. Едвај го додржав до 8ипол. Цел божји ден зборев зборев и зборев.Се надевам утре нема да се повтори истото од сабајле. И малото заспа. Со мм гледаме филм.И си направив топло млеко со мед и путер. Моите се разлика 21 месец.И јас си слушав секакви коментари и се уште слушам ама не ги регистрирам. Леле како се гушкаа и бакнуваа прееска кога се видоа братчињата.Во коса го бацува големиот па и малово со устата цимоли и на рачето по батко му.Душички.Не можат едно без друго. @emkaemka се изнасмејав хахахх Ви посакувам добра и мирна ноќ...
леле жено урлам. Сигурно 3 пати повторила да не го урочи, во право е мајка ти Па ти одговарај си зависно од расположението, тој ќе си одлучи што ќе биде кога ќе порасне
Добра вечер. Мм и синко спијат,а јас уживам во самотијава во овие касни сати. Патам цел живот од несоница. Од секогаш функционирам касно легни-рано стани Да пишам нешто немам којзне што,сакав само да ве поздравам.Додека грицкам сончоглед. За број на на деца и разлика во години.Според мене кој како сака и кому како му одговара. Мене искрено ми е криво порано што не почнавме со обиди за второ. Еве една година не сака,да се фати,ко ќе биде биде ама ќе треба да се расправам со бебе и со прваче.Бидејќи додека бидне додека се роди синко школо ќе треба,да тргне А сакав 3 деца,ама како што ми тргнало по неколку години да ми требаат за едно,ќе ми замине возот изгледа. Ајде да не тупам мн мн со глупости. Ве поздравувам,ви посакувам убава и мирна ноќ. И пишете некој предлог,што утре за ручек?? @forumce честито работата,нека ти носи многу пари и среќа.
@forumce Честитки! @danichap се изнасмеав за тоа дека рекла мајка ти без контрола си. Прво викаат ајде второ, кого второ што чекате, после викаат тешко вас, како така... Па на 2-3 години го учат да им каже на мама и тато да му купат братче или сестриче. Секој ден замислувам како ќе беше да имам 2 или 3 деца во моментов на приме. Невозможно ми е да замислам. Господ дава сила колку што ни е потребно така да и 10 да имаме ќе можеме. Спроти нашата зграда има мајка со 3 деца. Помало од 6 месеци, две, три години. Отприлика ова според децата ама мн мали се. Мајката шатирана, коса средена, облека топ. Деца средени. Си викам да не има свекрва ама нема. Маж и на работа. Ги шпионирам. Ама најмалото во транспортер ни мрда ни глас му се слуша. Ја со моево ни 1 секунда мир сум немала отсекогаш плачело и сите сме го смирувале, безуспешно. Пишав глупости ама што друго колку е саат време за спиење. Би сакала да има сега брат сестра за дружба ама кој да го направи, кој да го роди, кој да го изгледа. Не сме способни. Уште ова. Во зградава една мајка има 4 деца. Три се 8 9 10 години а најмалото 14 месеци. Трите женски а најмалово машко. И секогаш тие го шетаат сами два пати дневно, го паткаа, хранат. И секогаш си помислувам Дани никогаш не вели никогаш. Добра ноќ мн имам за кажување ама за преку ден е тоа кога мозокот нормално функционира.
Да беше законски да ги кревам на клоци луѓето што ми мрчат за тоа дека ич не ми требало второ дете толку блиску до првото, имаше до небо да ги кренам. Тек па да знаат дека трето планираме, има во несвест да попаѓаат. Си шетаат они за раче фатени, јас позади нив, луѓево ме гледаат со екстремно сожалување и осудување, у стилу оваа нозе не затворила две години. Море... Мои деца, мој проблем. Ни баби, ни жаби, ни бутур. Како знаеме така ги растеме. Фала и Слава на Бога за градинката што ни е таква каква што е, па имаме одмена во работни денови. Мајка ми и свеки едно 2048593045839 пати искоментирале дека доста ни се две. Барем да им се жалевме, да баравме и чекавме нешто од нив па да имаа право на глас. Не ги вртам бре, дури можам да кажам дека сум дрска на такви констатации. Тетка ми само ми е поддршка секогаш, суровата вистина и сурова љубов и помош имам само од неа. Што и да побарам нема проблем, затоа барам само кога ептен морам. Не сме ни почнале да го правиме третово асално дека ме изненади циклусот малку порано, ама важно веќе мм смисли како ќе сме им кажеле на сите. Цела фото сесија, сто етапи, облеки, абе се'. Викам ти без памет си скроз, како тинејџер некој. Сите овие 15 години знаев дека е блесав дечар, ама дека е до волку, изненадена сум богами. Почна мајка да спрема за роденденот на синко, уште патики да му најдеме на Гуливер наш. Другото скоро се' е подмирено, одвај чекам да дуваме свеќички.