Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.885
    Допаѓања:
    77.395
    Пол:
    Женски
    Од тоа што се засркнал повратил... малава пу пу до сега до толку се зема задавено.. се засркнува ама брзо искашлува, а со синко еднаш тоа ми се случи, беше некои 10м и му купиле киндер јајце и му го дале. Како божем затворено, не мислеле дека ке касне... А он со се фолија од јајцето се изнагризал и одеднаш почна да се дави, јас од вц искачам и го гледам поцрвенет цел и ни да испушти, ни да земе воздух и како што викаш паника, го земав го тапкав, превртев малку надоле... и така во млазови едно 5,6 пати вааа вааа се што јадел денот мислам исповрати... :?: Мислам од страв, од некое неубаво чувство дека неможел да диши повратил, а од грозјето сигурно не било, било од тоа што јадел во моментот, да го искараш мт :D

    Ај добро утро патем.. мм заборавил да ме разбуди, а свекрва ми се смени втора смена да чува деца, јас имам нешто работа, па до лекар. Требаше рано да станам и он да ме земе со него да ме префрли, но ме заборави ]:) Ај ке му простам, роденден му е денеска :D Отидов да се спремам, убав ден :hug:
     
    На tina-63, Chantal, Верче4 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Добро утро мајки
    Деца во градинка, малото на кебенце на подот, маж типка на компјутер.
    @M&M најискрено некогаш и јас се чудам со кој памет:tmi:, третово не беше планирано, но си рековме што е тоа е. Друга опција не идеше во комбинација.
    Најискрено не е лесно но се фаќа ритам. Само детево да ми е здраво. Болници, испитувања, терапии...тоа е мачното.

    @forumce со лесно на малата убавица во градинка и успеси на новото работно место.
    @emkaemka се изнасмеав.
    @Vennera.aa :hug:
    @simona_baby една прегратка:hug: за мала виртуелна поддршка. И мојата го имаше сличниот проблем како мажето твое, исто, додека бев со бебе во меше. Знам колку е тешко.
    Се надевам ќе успеете да го запишете во градинка. Не се сите деца по исти калап, не важат исти “правила”. Фаза е, колку и да се чини далечно, ќе мине.

    Го убедив мм да не остави некаде со малото. После имал термин па ќе не собере. Почеток на школска година на 15 а на внуциве се им омалело:(. За внучка имам веќе некои работи. Ист број на обувки и облека носиме, па на непробано кога купув периодов многу работи за нејзе пренаменив. Мажето уште да го стокмиме.

    Убав ден на сите
     
    На tina-63, Chantal, Ano и 24 други им се допаѓа ова.
  3. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    @danichap јас сум сеуште рано за во темава,ќе почнам да пишувам за кратко,а до тогаш да знаеш темава ја отварам само ради тебе
    Голема инспирација си ми за се ,ЗА СЕ!!!
    Пофалби и за оброците на @emkaemka ,ќе давате рецепти
     
    На ZAHRA, danichap, Chantal и 15 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Прво кафенце на работа. Ептен убаво ми легна. Како што не сум спиена цела ноќ, таман да ме држи некое време. Па и појако го направив. Арно бебе не цица оти и така не е по спиењето, ќе се ококори уште толку 8-|

    Бебе вади заби. Сабајле почна да шкрипи значи има заби и горе, АМА не дава да ги напипам. Така да појма немам дали едното е излезено или двете. Битно си најдов изговор зошто имаше штрајк со глад (facepalm)

    Прва недела тераат со мајка ми. Бебе супер за сега се однесува, мајка ми ме нервира, јас неа (wtf) И на крај немаш појма кој е лут, кој е прав и крив. Се трудам да не ѝ ѕвонам на телефон нон стоп и да изигравам џандар, ама ако се јавам еднаш очекувам да ми се јави. Не одма, ама бар по некое време. Јок! Била зафатена. Па тука лекции еден куп да знае кој е мајка. Па и кога прашувам колку јадела и спиела било ту мач. А бе ајде?! И на крај „комплимент“ ваква каква што сум била ниту една жена нема да се нафатела да ми ја чува. Ејгиди! Ко на работа мене некој да ме прашува дали нешто ми се свиѓа што треба да се направи и извештај кога ми бараат да им кажам кој друг вака ќе ве трпи што ме контролирате?! Вчера, ручек и даде во 4ч. Ај што јас тогаш идам од работа со силикониве мои и едвај чекам да ме исцица, него дете доручкувано во 8 и малку к.млекце што каснало во меѓувреме. Е спиело многу ми вели?! И после она лута дека и кажувам дека е многу време поминато и дека ручек порано треба да и дава.

    А да! и системот на мајка ми потфрли :rofl: На секое идење ми солеше памет како одма треба да раскревам по бебе. Значи правиш ручек, блендираш и одма миеш. Е сега бебе дали соработува или не, тоа е друго прашање. Цела недела ме дочекува немиен блендер и растурена кујна! :rofl: Не било ко што замислила мајка. тик-так, времето и летало (waiting)

    Изнапишав едно чудо и само од мајка се жалам. Да и дадам неа да пишува, гарант дупло од ова ќе пише. Рака на срце, терсене женче сум и јас :nod:

    Заборавив и мобилен денес дома. Брзав сабајле да излезам на време и остана дома чудото. Не се насекирав за ништо, туку денес ќе се јават да го испорачаат спектакуларното мече, а никој нема да им крене. Остана пак мое дунде и бебе на @emkaemka без мече :shake: Одма се јавив кај мм да среди ситуација и да го земе телефонот при себе и да организира за мечето чим се јават. Ќе и речев на мајка ми, ама она нели зафатена, па нема да им крене :rofl:

    Ете така. Имајте убав ден, уште поубав викенд.
     
    На karibian, Lavica2016, ma4e1311 и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Ние со мајка ми се договоривме да не си се лутиме една на друга што и да си кажеме :) А со бледнееот иста приказна :)
     
    На danichap, Chantal, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Дур очи не си извадиме, арни сме :?:

    Еве денес. И имам кажено 100 пати. Бебе заспива максимум 2.5ч од утринското будење. Бебе стана сабајле 6.45 (како појдов на работа ми се буди порано од вообичаено :(). И ѕвонам во 9.20 она ја изнела да ја шета и зачудено ми кажува дека бебе и заспало. Како да се разберам, еве не знам?! Бебе програмирано, на време си заспало, ама бабава никако да разбере некои работи!

    Фатив пополнувам сега апликација за градинка. :)
     
    На karibian, Independiente, danichap и 22 други им се допаѓа ова.
  7. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    @emkaemka и син ми нон стоп го прават девојче. Има косичка виткана , ама не му е до половина. Ниту пак фатена во кики за да го мешаат. Од кај им заличува јас не знам. Башка облечен како машко, не е во фустан. И секогаш на тоа се вадат дека има женска лепота а тоа значело дека бил многу убав:lol: Не дека не е убавко дете. За мене најубав нели ... :inlove:
    Свекор ми стално ми се жали дека се нервирал кога го шетал и кога ќе го смешале :rofl: И им викал да му го јадете к***о :rofl::rofl::rofl::rofl: Но коса да се шиша не давам и точка !
    Имам едни комшики пред зграда , стрини типични. Секое поминување ми коментираат за косата на син ми . Како ке се потел, ке му одела во очи , сега по ново кога ке сме го бањале ке му студело на глава .... Јас ги научив па почнав малку мајтап да си играм со нив.Не можам секое поминување ист муабет . Ти има викаш добар ден у лет , а они почнуваат муабет .. :sweat: И одам накај влез и они по мене ....(facepalm) Драми ...

    Добро утро од мене
    Се распишував по сабајлечки .
    Ама уште вчера сакав да и пишам на Емка , ама многу ми се приспа и се откажав !:)

    Убав ден :f:
     
    На ma4e1311, danichap, tina-63 и 28 други им се допаѓа ова.
  8. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @mariz ма не да го скарав, пуздер го направив. И дете исповрати од цел ден што имаше јадено се запрепастив тепихот прекривачите едвај се дочистив, па и свекор после искоментира не паничете толку од прејадено поврати(facepalm) јас го оставив дете најдено и за вкревет стокмено а мм земал чипс да јадат и триста циркузи станаа. Цела вечер не сум спиена, се потресов и само слики ми се враќаа, и мислев на најлошото што може да стане од ништо од секунда. Господ нека ги чува сите деца. @danichap :*
    Од сабајле се зафатив тепихот го исправ, машина врти, паркетот го пребришав со средство, сега пијам кафе а синко реди коцки. За шетање е топло па ќе се извртиме по дома, јас имам алишта за да средам и да направам телешка чорба. Сега засега ве поздравувам па се читаме :hug::inlove:
     
    На danichap, Chantal, Seline и 21 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.355
    Пол:
    Женски
    Добар ден. Фала ви на сите за честитките, дупло да ви се врати :l:
    Првиот работен ден добро помина, не го ни осетив времето. Има работа, не дека нема, ама од следната недела на друго место ќе ме префрлат дека е пофреквентно, побргу да сум се научила.
    Малата вчера сама со татко и скоро цел ден. Ја успал, ја хранел, пресоблекувал, ја шетал пред да ме земат. Искрено се изненадив.
    Во врска со разлика во години на децата, свекор ми одредил дека 5 години биле супер, дека он и брат му толку се разлика, а и маж ми и девер ми. Уште од сега ни кажуваат второ дете малку понатака да сме имале, а никој не прашува дали сакаме второ дете. Сите знаат повеќе од нас за нашето дете, сите се попаметни и сите сакаат по нивно да биде. Не слушам никој повеќе. Јас слушав,слушав, правев како што ќе ми кажат, за на крај да ме заебават,е не бива веќе. :shake: Ај да не ја тупам веќе, оти колку повеќе мислам толку повеќе се нервирам. Маж ми вели од што имам вишок време мислам на глупости, ама колку ќе почнам на работа нема да се замарам со други. И тоа е. Поздрав и убав ден имајте
     
    На karibian, emkaemka, Chantal и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Ве читнав задниве две страници, сте свртеле интересни муабети баш што ги засегаат мајките на мали деца, во некои муабети се пронајдов :|

    Ме нема да пишам, а и ако решам да пишам две страници нема да ми се доволно. Случувања ем со едното ем со другото, мора да си признаам претешко ми е, понекогаш си викам сама си го барав :doh: Ај реков на кратко да си покукам за одморов, има кој тука да ме разбере.

    Веќе шести ден сме во Охридов, а мене ми се чини како шеесети. Најдов и преубав смештај со поглед на езеро, плажа на 20 метри од нас, време идеално, а јас капната. Дури се покајав што дојдовме.

    Стануваме во 8, кафе, доручек, средување деца, ако е убаво времето ќе излеземе после 10 на плажа, ако е облачно дури накај 12-13h. На плажа сѐ е совршено, едното ќе си игра, ќе се избања па ќе заспие на лежалка, другото ужива во количка, па и ние на раат да поседиме и да испиеме кафе на раат.
    Кога доаѓаме околу 4 што попрво, кој да средува пешкири и купаќи, кој да прави ручек, кој да бања и средува инаетливо дете, со кое се убедуваме по пола саат нешто да направи. Не со убаво, не со лошо, со подмитување па и закани...со ништо не поминува кај нејзе! Толку е сменета и бесна што вчера си го доби на сред ресторан! Многу се срамам кога е плесната надвор, ама пак се срамам и што ништо не нѐ слуша, се однесува размазено и распрдено. А кога ќе го "добие" пред луѓе не смее да плаче, ја гледам ќути и само гледа уплашено.

    Бебето си е приказна за себе, со свои потреби. Доењето во јавност ми е хаос, толку многу прета, ме бутка и плаче, целата е вознемирена од галамата претпоставувам. Задниве два дена тоа го прави и дома, стенка како да ѝ се кака, а и повторно не е какана цела недела. Денес и окцето и е воспалено, цело е улепено :(

    Капачето на нервозите е колата, вчера се расипа, запушени дизни и не вози повеќе од 50 на саат :| Па јавувај се по луѓе, барај мајстори оти шлепање не доаѓа во предвид, прескапо е зашто сме со странски таблици. Денес денот е пропаднат за плажа, маж ми кај мајсторот, а јас и деци мали дремеме во смештај. Сакам да ги симнам во дворчето, многу е убаво за седење, ама иронијата е што количката ми е на тераса, а за да помине низ вратата треба цела да ја разглобам, со се вадење тркала :D Така што наполнив леген со вода и оставив дете на тераса да бања барбики, а јас ќе бутам колачи и ќе се занимавам со бебе :wasntme:

    Светла точка во целово е дека најдовме "наш" човек кој ќе ја среди колата уште денеска, нема да ни пропадне шетањето.
    Ако се врати маж ми на време може ќе претрчаме на плажа да не останеме небањати :D
    Кога сме кај бањањето да ви раскажам интересна случка од вчера. Влеговме во купатило да бањаме бебе, со намера прв пат јас да го држам бебето. Седнав во кадата од туш кабината со нозете надвор на плочки, а маж ми ја сапуња. Во еден момент да ја свртам да ѝ ја измие косичката, бебка си најде цице и оп, на сред бањање таа си поцица :rofl:

    @forumce честито работа, баш ми е мило што си најде по струка, многу парички и работата да ти е како песна! ;)
    Баш денес ми пиша колешка од работа, немала со кој кафе да пие, сум ѝ фалела :D Ланската година само ние две дремевме во главната канцеларија, бидејќи само втора смена одевме. Оваа година имало промени, ќе работам двосменски....од март :) А до март ќе скапам од досада, не сум човек за да го држиш по дома :D

    Поздрав друшки и убав ден! :f:
     
    На karibian, emkaemka, VedaG10 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.885
    Допаѓања:
    77.395
    Пол:
    Женски
    @forumce истото ми го тупеа, од блиски до матичната, од неа дури совет добив 7год разлика да ми биле децата :D Зашто ако ми била помала без кеиф ке било второто :headbang: Дури трудна кога останав како на никој да не му беше драго...

    Не и оставив две деца на свекрва ми, реков ај ке го шетнам синко. Па си го земав, прво бевме на интернист за мене, умен златен таму, го испофалија :D Др е башка златна, ајде вика сега ке гледаме на мама грлото на едно мало телевизорче, па дома и раскажуваше на свекрва ми после како ме мачкала нешто докторката и ме гледале :D Од таму со автобус до битпазар, се прошетавме низ чаршија, па од таму отидовме на факултет, нешто и таму да завршам и после требаше со автобус пак накај дома, ама дете почна да се влече :lol: и ајт такси и дома, дојдовме и одма си заспа... :mm: @Kitten ја замислив ситуацијата со бебето во туш ахахахах Сигурно сте се изнасмеале :D

    Малава ѓаволче е, пишти вришти, се ака, гризе... 10 месеци и ни еден заб нема :?: Гелот за небца кога ке го види се тресе за него, зинува нааааа устата :o за да ја намачкам :lol: Доле има надуенко малку, ама и горе :worried: Отидов мевце да варам, да и направам ручек..
     
    На karibian, Chantal, emkaemka и 29 други им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.716
    Пол:
    Женски
    Леле темава сте ја погодиле баш периодов :)
    Од сите страни имам притисок, највеќе од мм.
    Му велам сакаш ќеиф да истераш една-две вечери после отако ќе бидне,ќе мине меракот :)
    Вика навистина време било за друго бебе. Он како што не изразува емоции и потреби, за ова навистина ме зачуди. Ќерка сака, дефинитивно.
    Јас сум за близнаци, ама ете толку многу периодов не сум сконцентрирана за бебе, сакам да се средам здравствено, да намалам неколку килограми, во потрага сум и по некоја работичка ако даде Бог.
    Мајка ми уште откако се роди првово, рече доста било едно, и сега кој и да ја праша она вели едно му е тамам, не им треба второ дете.
    Не се расправам, моја и на мм одлука е тоа, ама она што кажувате, никој во овие 4 год не го зел барем 1 час да поигра со него, да го прошета, да види дали е захтевен и дали ние сме задоволни со едно детенце. Сега само и викам имаме многу љубов во нас и сакаме и на друго дете да ја делиме:) така прекинува веднаш.

    Ах, добив повик за една работичка, сега треба да се јавам. Она што сакам да го работам, единствена желба, деца. Ќе ве известам што бидна.
    Сакав уште нешто да пишам, ама сега умот ми е во повикот!
     
    На orhideea, karibian, Chantal и 27 други им се допаѓа ова.
  13. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Женски здраво :)
    Ве читам ама не пишувам, си земав одмор и оддишка за сите пари.
    На одмор си поминавме преубаво, се вративме црни, поготово јас и мали. Мм изгоре последниот ден, покрај F50 нон стоп, па му се смеев.ППатот долг ептен ама имам дете златно да не го урочам. Тргнавме во 16ч стигнавме во хотел во 02 по полноќ. Дете бајче цело време. Купив нови играчки, ама него го интересираа само луѓето околу нас. Со сите се закача им се смее пољупци праќа. Во авион спиеше пола пат, саат ипол, следниот саат ипол се дружеше. Во бус одма се комираше и до хотел спиеше. Затоа сабајлето во 6.15 буден и спремен за бањо бањо :D А нас, не да ни се спие, ама ајдееее. Парталите и како што е редот, доручек, плажа, базен, ручек, базен, плажа, вечера па шетња низ центарот. Таков ни беше секој ден. Запознавме срби со детенце постаро од мали една годинка, па се изнаиграа деца. Луѓето млади фини пријатни, ептен дружба си истеравме. Брзо поминаа 7 дена о назад во реалноста.

    Еве ме веќе на работа, си дремам дежурна денес, а и вчера бев дури до 5... Маж исто на работа по цели денови, а дете се чува со баба која притоа ни дојде на помош завчера. Ќе поседи една недела, па ќе ни фали здравје до јануари.
    Од понеделник во градинка ќе почнеме, спремни со нови патики, уште папучки ни фалат викендов ќе бараме. Се друго одамна имам купено, тренерки, јакни, бодиња, да не морам сега да се замарам. Се е едно бројче поголемо, ама брзо ќе му бидат кнап, па вака до јануари макар да не мислам на гардероба и купување. Морам да штедам, оти си приуштивме и нова кола ама сум заборавила да се пофалам. :$

    Мајка еве втор ден чува дете. Од вечер седнуваме, јас кажувам она пишува и додава, заедно оброци составуваме. И кажав ред на мали, се држи до истиот и нема некој проблем. Ќе пише порака да каже што правеле, слика некоја ќе ми прати и тоа е тоа. @kukla21 на твое место и јас градинка би барала. Додека не сте се скарале повеќе.

    За второ дете уште никој не ни спомнува ништо, знаат дека се трудиме станбено прашање да решиме па после, па ќе видиме дали ќе биде така :$:P

    Дојде 4ч ајде да се собирам и да си одам дома. Дома дете се лепи за мене и до легнување сме неразделни.

    @forumce ти честитам од срце за новото раб место (fingers)

    Убав ден и викенд на сите :hug::f:
     
    На orhideea, karibian, 24.07 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Стигнав некој лајк да ставам, инаку од телефон се можно ми се клика, освен лајк. Ми се збуцкале прстиве. Уште само прстиве да беа добро ќе беше.:| Како ми треба една диета, ама како стареам волјата некако ми се намалува. Порано леле колку се напнував, диети, вежбање, сега... Ништо.
    Дури не си ни викам веќе ај од утре, од задутре, знам дека нема да биде, Ама што е тука е, му викам на мм заедно малку да се присобереме, он ми вика што се замараш, дебели и среќни.]:) Маж.

    Кој имаше спомнато погоре што му го грешат полот на детето, и на мојата исто, се машко ја прават ако ја облечам во неженски алишта, да речам нерозево де. И на лулашки слушам види го батково. :D И кога ќе ме прашаат како се вика и ќе им кажам женско име и ептен незгодно им е, мене па смешно.

    @Vennera.aa уффф, можам да замислам која паника е, ептен мразам кога повраќа, ми се чини како воздух дека не може да земе и да диши, страшно е.:sweat: И мојава често се закашлува или позадавува од јадење, ама веќе ја научив за тоа. Само повраќањето секој пат ми е трауматично.
    @forumce честитки за работното место, само парички да се множат.

    Вака кога ве читам со повеќе деца се препотувам читајќи ве. Јас веќе одамна убаво се изјаснив на темата, па можам само капа да ви симнам. И како расне малава така повеќе и сфаќам дека не би се навраќала пак на почеток.

    Имајте убаво попладне и вечер сите, ние веројатно ќе шетнеме до негде да поигра дете, па стандард, бањање, вечера и кревет.
    :hai:
     
    На orhideea, karibian, 24.07 и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишано ама искрено нема ни што , секој ден ист на претходниот.
    Бебе со мене дома , мм на работа , да зачистиш , да зготвиш , малку да се средиш , да излезеш и поминал денот. Му викам на мм сакам на работа , ова темпо ми е многу напорно , не за друго туку ништо не ми се случува.
    Во потрага сум по жена за чување на бебе , не ми се пушта зимово во градинка 300 вируси има а и малечко ми е уште :?:. Имам баба има 75 години како се запнала она зимово ќе го чувала , а стварно се држи и може ама незнам .
    Јас имам уште 2 испита оваа сесија да ги завршам , ама се плашам една професорка ме зајаде и незнам дали ќе ме пушти.
    Секако сега не барам на струката , еден пријател на мм ми понуди нешто друго да работам па ќе видиме инаку во план сум да прифатам , само да одлучиме за бебе шо како.

    Гледам тема за бебиња сте отвориле , мене па сите ајде второ а мене ни на крај памет не ми паѓа. Јас сакам на поголема разлика , барем 5 години ,ние сме на голема разлика и поубаво ми е.
    Среќа мм се сложува со мене :clap::lol:.
    Бебе стана сеа , ќе го чекаме мм да си дое па на роденден сме , бебе многу ќе се израдува .
    За бебе периодов како лепенка ми е иде по мене и само ми вика мама а јас се топам. Инаку и ма викаме за маче , и само одиме по нив.
    Додека пишував пост мм си дое . Убав ден .:hug:
     
    На orhideea, 24.07, Chantal и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден и од мене :)
    Ние денес поарни, скоро како ништо да не било, мм првпат после операцијата излезе да прошета. Бевме на кратко да купиме поклон за бебе на пријатели за роденден, па седнавме да каснеме и така. Си дојдовме дома, па шетнавме бебе низ двор да се порадува со кучето, се скина од смеење на глас, зајде :D па задоволна заспа. Се враќаме во нормала полека (fingers)
    За неред во кујна што спомнала @kukla21... што да кажам а да не заплачам :D Кај мене свеки најчесто ја чува малата кога треба, пошто живее на долниот спрат. Супер све, жената се наоѓа, замена имам во секое време, ама... Многу хаос прави, ќе земе едни јајца да испржи, абе три тави ќе испрља, 5 лажици и 7 вилушки, ќе залепи зејтин на цел шпорет и плочки... Многу шлака, леле не можам значи. Блендер залепен засушен цел, тањирчето со каша остатоци оставено засушено, лажичката на хранилка оставена со истечена каша... Си ја научив, си ја знам, жената не средува одма, ќе остави куп за миење и ќе ги измие кога ќе и се сака, некогаш и после 3 дена. Јас не оставам шолја за кафе немиена, садови не сакам во умивалник да гледам и мијам одма после употреба, или набрзо. Ако ништо друго, ги прибирам во машина, па ќе ја пуштам ко ке можам. Свеки лом прави, не можам значи. Ама се наоѓа, она ќе чува бебе кога ќе тргнам на работа, ама уште од сега се нервирам за нередот што ќе го прави. И мајка ќе ја чува, ќе се менуваат, па ај барем она ќе ми потсредува, исти сме во тој поглед. Тоа е, совршено нема, мора нешто и да истрпам, ама барем имам помош во секое време од свеки, иако рака на срце, ретко ја користам. Додека сум дома сакам што повеќе време со бебе да си поминам.
    За второ дете ве читам, коментари уште сега има, ајде додека сте у форма одма уште едно, бла бла... Јас им викам ко ќе биде, ако биде, вас први ќе ви кажам :D И виделе не виделе ќе се повлечат.
    Тоа е мајки, гости ми се најавени да дојдат да го видат мм, па да одам да потсредам нешто по дома.
    Убав викенд :)
     
    На orhideea, karibian, 24.07 и 21 други им се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    34.332
    Пол:
    Женски
    Во обиди за второ дете уште од почетокот на оваа година но ете не сака и не сака да се фати.
    А па маШ што се вртка дома да знаете :rofl:.
    Едвај ќе доседи по две недели накјвеќе месец дена и како да биде е ај сега видете.
    Искрено и ја не би уште едно но не се само јас прашувам тука.
    Така да има да раѓам и точка.
    Потајно сакам близнаци па дај боже да биде(fingers). Да не биде после оп на маШ му текнало и трето па вака две од еднаш нека се 8).
    :hai::hai::hai:.
     
    На orhideea, 24.07, Chantal и 18 други им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Цел ден се токмам да ви пишам и никако да стигнам!
    Денес сум втора смена, од сабајле носев бебе на ортопед па затоа сменив смените.
    Сега сум на работа, со кафица и фемина. Дојде време кога на работа одмарам а дома се уморувам. тоа е!
    Од сабајле големата ја испратив на градинка, многу се гушкаме пред да оди и пак ме стопи со муабет - касичката ја полнам за да и купам шминки на мама! :inlove:
    Е ај сега де, како да не се стопиш од среќа! Важно ми е дека си чува парички, интересна ми е кога се радува на метални ситнурии и ги пика во касичка... Не дека шминки ќе купиме, ама важно дете помисли што ми фали мене.

    Читав погоре @kukla21 и @Sexybaby86 за кашите кои бабите ги спремат... па да надополнам и јас! Каша нема шанси свеки да и спрема , гарант и солче ќе и додаде или медче во овошната. Ич не и верувам за тоа, се сеќавам дека и големата кога ми ја чуваше тешко прифаќаше дека пазам што ја хранам. Е подоцна си легна на брашното, ама имаше доста ситуации на докажување.
    Јас готова каша оставам кога се чуват. Денес оставив телешко, морков и ориз.

    За нередов во кујна иста сум ко свекрва и на Секси :$. Беба ми е стрвле големо, штом слушне блендер или ја седнам во хранилка знае дека лапкање следи па знае и да заплаче. Смешна е! Кога ќе види чиновчето се тегне... и блендерот останува за попосле кога ќе се има време ( најчесто кога ќе заспие)

    Сто пати ме прекинаа, праќам ајде... утре ќе се доискажам! 8)
     
    На orhideea, Sexybaby86, 24.07 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер мајки!
    Среќни родендени,бремености,нови работни места и се друго за славење,читнав набрзина,но не се.
    Петок денес. Не ми е јасно кога летна неделава.
    Почеток на учебна година,лудница,трчање ваму таму.Па,одма од втор ден домашни,песнички,оценки.Да,да оценки.Ама тоа е.Брзо влезе во шема големиот.Некако позаинтересиран од лани е.Иде дома и ми кажува одма што учеле,како поминал без да прашам.Лани го фрлаше ранецот,бараше игри или таблет.Нека тера вака.
    Инаку,ми падна во око додека набрзина читав,осуди за второ дете.Еве јас за второто се помачив дур забременив,тогаш сите аман пази се,убаво ова она,а сега со третово непланирано,луда сум,ненормална и ред други работи.Детето ми било мало,што ќе сум правела.
    ЈАс откако го направив тестот,никому освен на мм не кажав до три месеци.Ни на мои,ни на негови,знаев како ќе реагираат. И не се излажав.И мајка ми се чудеше,но не пререче ништо,онака на шала,демек тешко нас.Неговите откако разбраа,ни нешто ме прашаа,ни како сум,ни дали ми треба помош.Е ,тој период додека и јас не знаев што ме снајде ми беше најтежок.И одеднаш кога помина вториот скрининг сите се заинтересираа за полот на бебето. Едино тоа е битно нели. Знам неколку мајки со по три деца и само од нив слушнав убави зборови и поддршка.
    Некои луѓе што ме немаат видено и уште не знаат,ни па планирам да кажам.
    А знаете што? Денес бев на контрола,и знам само дека никогаш нема да се покајам за оваа одлука.
    Знам дека ќе биде најубаво,највесело.
    Ќе има и тешки денови,но ќе поминат.
    Па кога ќе пораснат,фамилии,внуци.Убавини.
    Убав викенд мајки!
     
    На 24.07, Chantal, emkaemka и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Ве читам и се чудам како бе да не се радуваат на внуче? Јас би им рекла немој после да сте го гушкале и разгалувале, нели викавте луда сум што ќе раѓам трето.
    Да можам, финансиски, 5 би имала ама без шала. Најбогати се децата кои имаат повеќе браќа о сестри, секогаш така сум викала.

    Ние се заспиваме, па да испијам едно кафе на раат со мајка.
    Машини за пружање, собирање, ама помош кога имам лесно ќе средиме се :)

    Добра ви ноќ :)
     
    На 24.07, Chantal, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.